И една работа да не заборавиме, има семеjствс каде што нема натеганjе околу финансиите,зошто има и свекрви кои знаат да бидат расипани и подли.
не барам совет,само да се изнапишам да ми помине...не можам да ја поднесам,буквално неможам,кај ми се напика во кујна и чепка во се и сешто+везе нема што кај ми стои и мажот и(свекор ми)го малтретира да купи и ми дуплираат количини од се(ај ми е гајле за тоа,нивни пари кај сакаат нека ги трошат)но после се расипува и фрламе и она мене ми дрнда мора да се јаде,а убаво знае од здравствени причини препорачано ми е да намалувам,а не да бутам од нејзините манџурии со сто глупости а главно во кујна и спална се вртам,зошто уште се преуредува оваа нивна селска палата, во која година и пол човек нема влезено освен кутрата ми мајка,да ги чисти нивните сра.. откако ме вселија,зошто не се зема жена за чистење,краделе бре ,а мами не можела да среди имала обврски со син и од странство,да да држи нозе у вис и да купува на нарачки(тешка сељанка,видела пари и ајдеее,море ич не би ми било гајле и не ми е само сакам да е понастрана од мене,премногу ли барам во животов )и кога седам во кујна се зајадува со мене за претходното раб.место на кое они ме напикаа кај нивен блиски пријател а таму типов си лечеше комплекси они што му ги набивале на времето врз мене,и пукна тиквата на крајот,па пукна,дури како истрпив толку си се чудам самата себе си на мозоков мој,а во спална жената седи само кога на мажот му треба занимална,зошто кутриот на средовечни години ќе доучува тоа на млади што не доучил,бидејќи без обрзовање лета и она работа што одвај ја држи(работата што ја има ама не било тоа што сакал да работи па затоа одолговлекуваше брак,одолговлекува деца правење,божем сака,ама ај не сега утре,да кога сите внуци ќе чекаат)+мама и тато се лутат кога жената се вртка во спална многу се деконцентрира синчето нивно па не учи... ваков брак да ми кажел некој дека ме чека,епа ич не би се мажела.и ептен подршка и искрен восхит на сите оние кој од х причини живеете во заедница со родители на маж со кои па и не се разбирате баш,браво за истрајноста
да ја пофалив кога си беше на подалеку и не ми се мешаше у штипки,ама ваква на никој не би посакала, додуша некој снашки со манири ко нејзините па може и многу да се усреќат со неа,така да паричето 2страно е,муабетот ми беше мене не ми одговара некој да ми се меша во кујна,што јас лично ја уредив и пола/пола со син и ја плативме,бидејќи она ни остави шупа како подарок за срекен брак . сепак мене ми беше да си истресам моите тежини(некој ќе разбере,некој со поголеми тежини ќе се изнасмее,тоа е никој не знае што бракот може да му приреди)
Читнете го ова, и уживајте Слушам синчето ти се оженило и ќерката се омажила!!! Каква е снајката, ајде да слушнам… Ма ќути драга. Господ да не дава такво нешто никому…Вакво нешто не сум видела. Не му дава на синот да дише. Наутро на госпоѓата и носи појадок во кревет, како да е некаква кралица. Таа зборува, тој во очи ја гледа, како да е магепсан. А не смее нигде да мрдне без неа, ни пак смее да праша. А да купи нешто што нему му се допаѓа без да ја праша, не може ни да сонува. Вчера го затекнав како усисува. Кај мене не знаеше како изгледа правосмукалката. Најмногу ме погоди тоа што снаата срам нема. Пред мене се лигават, му седнува во скут, па морам да гледам на страна. Што не сум доживеала во животот, ама да доживеам синчето да ми стане папучар, е тоа не можам… - Што ќе правиш драга моја, знаеш дека добрите мажи секогаш налетуваат на ороспии кои ги вртат на малото прсте. Туку ајде кажи нешто и за зетчето? Соговорничката се разведрила, се насмевнала и гордо почнала да раскажува: Е драга моја, ова е веќе нешто друго, Господ ме благослови со супер зет. Да знаеш колку е внимателен, како ја чува, да ти е мерак да седиш и да ја гледаш таа љубов. Тој драга наутро со појадок во кревет ја буди, и вели да полежи да се одмори. Да видиш кога таа нешто зборува, па тој само во очи ја гледа и се смее, како златници од уста да и паѓаат. И колку ја цени, никаде без неа не оди, или ако излезе и кажува каде и до кога, едноставно се гледа дека човекот ја цени, тоа е. Не би се осмелил сам да купи нешто…Се нејзе ја прашува, “душичке што ќе кажеш за ова“, „ајде ти избери“… За него не е проблем да и помага низ дома. Без да му каже, ќе земе ќе избрише прашина, ќе усиса, ќе измие садови. Кога ќе заврши ќе дојде и ќе ја бакне, ќе ја земе во скут, а таа цела пресреќна, се бакнуваат, абе ми иде да заплачам од среќа кога ги гледам…
20 дена само ви траеше ,,љубовта,,?? еве пример дека ништо не е вечно! eeee wtff, стално е така, а од кој причини ни самите родители незнат!!
ех само 20дена спокој..... да го пишав тоа,но тогаш она си бркаше работи во нејзината куќа километри подалеку од кај што живеам со син и,а сега кога ми загадува се во кујна кадешто главно си седам-ко дневна соба ми е,бидејќи ете се повторувам остатокот се реновира/преуредува,а во спалната син и наместо да учи дреме или гледа тв,немам каде на раат да седам,освен во вц,сега таму ми се главното седиште . не барам совет,мака ми е и сакам да си ја истурам еве овде на форумот,мислам дека за тоа постои.
Обидот да го наметне посакуваниот стил на живот врз другите ме нервира, сите ги нервира. Би сакала целиот ден јас и маж ми да го поминеме во нејзино друштво. Јас да работам низ куќата и да и комплиментирам за завршената работа, исто и да ја сослушам додека се фали како денес ги измила чиниите. Да гледаме турски серии и да не третира како деца. Земала репер модел од нејзината братучеда, успешна бизнис жена која е глава на семејството затоа што мажот и е ментално болен ( и со тоа неспособен да се грижи за себеси ). Постојано зборува како децата со снаите само нејзиниот збор го слушале и таа куќа функционира затоа што тие имаат почит и разбирање. Како ние божем да немаме ! Во овој живот, таа никогаш нема да биде таква. Воошто не е како неа, ниту пак ние сме ниту пак околности не се тие ! Ниту пак свекор ми не е мртов. Се однесува како да има пролонгирана менупауза, хормонално расположение постојано владее. Дискриминира и навредува ! Да јадеме храна според нејзин вкус и количина. Решив да се ставам на диета и си терам по менито за денот. По некоја случајност ручекот се поклопува со предвиденото за тој ден. Вели дека таа неможела без леб и упорно ми го става во чинијата заедно со колбасите. Малку од малку во една година и повеќе како сум тука треба да прифати дека и без диета јас месо во глобала презирам а не сум некој лебар. Сум ризикувала да паднам по скали ако не пијам шоља какао со 5 лажици шеќер. Јас мислам дека таквата комбинација е дрвофикс хоум мејд И сето масло кое го користи, а јас морам да кажам дека ми пречи во секој аспект освен во оној што во моментот кога ќе вкусам ми се затвора апетиот, го трпам и комплиментирам за да не ја навредам. Сепак таа готви го глобала. За време на оброците постојано зјапа по туѓите чинии и усти. Коментира за брзината со која мажот ми ја конзумира храната. Вистината е дека еднакво брзо јадат и таа и тој со разлика што таа седнува прва а станува 15 минути после сите. За воља на вистината така е, и никому не му пречи освен неа. Посакува сите да јадеме бавно за таа да не чувстува грижа на совест за накачените килограми. Колбас и пол и полна чинија ориз е доволно за маж ми ако се има во предвид дека е висок 1.90 речиси и цепеше дрва цел ден. Дури и за време на постовите рече Господ да проштевал, постот бил невозможен затоа што немало избор на храна. Ми наметнуваше да јадам храна која не е посна. Се прашувам како ли остатокот од светот пости ?? Вистината е дека таа неможе да издржи па убедена е дека храната и на останатите ни е слабост. Вистина е дека не поднесува диета, и никој не ја тера да држи, а уште повистина е дека е изнервирана кога некој успева во нешто во кое таа неможе. Мојот коментар дека секое тело различно ја прифаќа храната со разлика во количинските потреби го прогласи за невалиден. Рече дека и таа би била на диета ако лежела по цели денови како НЕКОЈ ! Не е точно дека ЈАС лежам, знаејќи дека злобниот коментар е насочен кон мене. Не лежам само чистам во нејзино отсуство. И на моја територија каде и растурам и живеам. Од неодамна се изолиравме комплетно на погорниот кат, затоа што и двајцата не пушиме па цигарите ни сметаат. Немаше доволно место за сите во дневната ниту пак сме фанатици на Ананди. Но, ваквата промена најмногу се должи на колуминацијата која ја доживеа нервниот систем на маж ми кога пред некоја вечер му забрани да јаде од НАШАТА бомбониера. Или кога парче по парче 2 часа на кришки цедеше портокал во стариот соковник колку да ни докаже дека нема потреба од нашиот. Да го чуваме за нов, веројатно на правнуците наши ќе им послужи Како и се останато кое е демоде, искористено... Сака мажот и да ја шета, а свекор ми нема желба за тоа па мене ми се нафрлува. Ме буди рано наутро да одиме на пазар иако веќе поминала од таму со колата и можела да земе тоа што и треба. Многу често се случува да има некоја работа а да инсистира да одам со неа иако знае дека имам планови или обврски. Ние, поточно јас сум требала да се советувам со неа во врска со поклопувањето на моите со нејзите планови за заедно да се претворат не во наши ами во нејзини. Постојано наоѓа изговори како имала премногу работа низ дома и затоа нема пријатели. Незнам од кога работа е избирање канал на телевизија. Не сум пензионерка ниту љубител на книги за ракотворби. Не ми е мајка, паметем и мајка ми не се однесува со мене како дете. Постојано прашува дали ни е ладно, поточно тврди дека ни е. Ни едно излегување не поминува без коментарот дека ми е ладно. Вчера температурата во просторијата беше 28 степени а нејзе ја тресело па не покри со ќебиња. Го затвори прозорецот, единствениот извор на кислород. Маж ми се соблече по маица а таа почна да плачи. Планираме да се преселиме од тука, само што во овој момент неможеме да си го дозволиме тоа. А и вели дека ќе ја запали куќата ако некогаш ја напуштиме. Дека гајлето и е одбрано со тоа што пред 12 години си купила гробно место. Зарем мајка ми затоа што има 2 ќерки и староста ќе ја дочека сама од сега да се дотера и умре ?? Јасно нема да ја напуштиме, само ќе живееме сопствен живот.
ух ми олесна... инаку те разбирам,слично кај нас,а најмногу ме боли кога во безвезно пререкување една кон друга ќе ми пререче заради тебе син ми не учи,се карате го деконцентрираш,не сум јас цвеќе за мирисање,но ако мажот е вечити студент зошто се женел воопшто се прашувама самата себе си?јас милам дека во животот треба да се имаат приоритети,и донекаде се знае што кога се прави,а не не се прави,а потоа се обвинуваат други+се гледа да се вложат максимални напори да им откажат и последните сили на нервниот систем,разбирам грижа и секакви ти глупости,ама неможам бре луѓе секој оброк да го зачинувам со тоа колку ако излезам сама надвор да испазарам ќе ме удри кола/ќе ме ограбат по пат или кога ќе речам имам договорено за излегување следат лавина прашања со кого/и на крај она нема пријатели денес секој лошо ти мисли ,неможам да ја поднесам,едноставно неможам.
Prvo da se izvinam za font ama nemam mak.podrska na telefon. I sakam da si pisuvam tuka da si ja olesnam dusickata ama samo ve citam smetajki deka nemam pravo,zenata uste ne mi e svekrva ama ke bide zdravje za brzo..Jas prespivam kaj deckoto na po 4-5 dena koga sme slobodni i dvajcata.Zasto dalecinata si go pravi svoeto.Sakam da kazam edna od mnogute,ajde naj taze muabet vcera se pogodi beme na ista svadba i jas kako sto sakam da si se veselam si igrav normalno svadba e za toa.negovite ic ne stanaa samo gledaa.Ajde bese pomina toa sabajle stanavme i majka mu mi ja pobara slikata nasa da ja vidi. I sledi komentarot: aaaa curious-doll fustanot...epten ti e knap drug pat da se podrazmislis dali da go nosis...treba da se otkazes i od jadenje i od se. Pa alo..svesna sum da sum bucka malce ama komentarot i nacinot na koj sto bese kazano me sramni so zemja skroz..sto sum jas ekstremno debela??? Se trudam da ja ignoriram nekogas ama pre napadna e so komentari...
За тоа муабетите што ги „вртат“ на секое излегување во право си, ама тоа мене ми делува, како они да не сакаат ти да излегуваш воопшто од дома, ко да се сомневаат во нешто, пошто си имаат „бубачки “ во главата. Најдобро ти е, кога мт учи, зами си и ти некоја книга, седни сии читај....ужувај, а свекрва ти нека се докажува по дома, и онака како што велиш неи пречи да се плетка во кујна,па пушти ја..и биди раат.
se izvinuvam na latinicata, od tablet sum da,da imam tablet ama nemam krevetce za bebeto.. svekrva mi mu kazala na maz mi,--ti kupi go krevetot,a nie ke kazeme deka brat ti (deckoto zivee od platata na jatrva mi u inozemstvo) go zemal... e ajde sega ne se nerviraj..ona misli deka jas ke krijam deka maz mi sam si go kupil krevetot zabebeto...za site da se voodusevuvaat na velikodusnosta na nejziniot omilen sin.... i posle majka mi vika--ne se nerviraj
Па убаво ти вика мајка ти,што се нервираш.Кој ќе праша за креветчето -кој го купил?,фино лепо ќе си викаш-тато(мт) и го купи на малата/то уште пред да се роди. Ако свеки мрчи поради твојата искреност-културно и смирено ќе и речеш само:Молам,па зарем не е вистина тоа дека татко му го купи креветчето,а не чичко?Да не сум грешка можеби? А потоа,налево круг и излези си од собата,да и помине нервата...да не те зајаде ...
Убаво ти викаат џабе се нервираш. Ако праша некој, ко што ти вика стетоскоп, право ќе си кажеш, па ќе и речеш детски е да лажеме. Но знаеш што никој нема да праша кој го купи, затоа што на луѓето, комшиите и разноразен народ го заболе креветчето кој го купил, мислам молим те гајле им е на луѓето кој што и од каде, така да и направиш муабет на свекрвата. Речи и драга свекрво не си прави филмови и сценарија како ќе кажеме зошто луѓето околу нас си имаат свои проблеми и со нас ќе се занимаваат само ако може нешто да ни се ситат. А не е до свекрвати, сите постари луѓе се такви повеќе се секираат што ќе каже "народот" него што ќе мислат дома за неа.
Проблемот ви е што ни самите не можете да си го дефинирате проблемот па барате дежурни виновници, а како свекрИва дежурен кривец никад нема да најдете.
Мислев дека никогаш нема да ја отворам темава, а уште помалку да коментирам. Но.... не планирам да се жалам, зошто мојава приказна е како и се друго што во овие 600 страни е веќе напишано. Само ќе кажам дека не може две различни генерации да живеат на едно место, па колку и да се обидуваат. Жално е што дојдовме во ситуација да мора да биде така, бидејќи моментално не можеме да си приуштиме друг избор