Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    5,564
    Likes Received:
    174,868
    Качи си шпоретот горе кај тебе и свиркај си....
    Ќе им дадеш прст-раката до рамо ќе сакаат да ти откорнат.
     
  2. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Joined:
    Jun 13, 2013
    Messages:
    75
    Likes Received:
    110
    Мене воопшто не ми личи така работава , дека ке и јадат од рака. свекрва и никогаш нема да и јаде од рака па ако треба со глава во ѕид ќе удира. Таа и мажот и не се малолетни деца па да бараат пари од свекрва и и таа да одлучува и за пари од свадба, конкретно за шпорет или било која друга работа што се однесува на нив како млади. Не знам само како издржува да биде под нивна команда, кога ни нејзините сопствени родители сигурно не би и направиле такво нешто, тргнувам од себе. Најубаво е да си живеат сами, инаку нема да има крај на недорабирањата.
     
  3. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2013
    Messages:
    194
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    АКО се немало пари за свадба зошто воопшто се правела? Мислам дека и една друга феминка го спомна овој проблем т.с слично нешто. Се немало пари ама се правела свадба и сега до гуша задужени од кредити. Ние со јатрвата ми , деверот и свекорот се сложувавме супер се додека не испадна делаба на имот. Како велат секогаш ти е малку човечко око ненаситно. Т.С деверот се побуни па де имале 2 деца малку им било 1 спрат ним еден нас ...
     
  4. Gita

    Gita Истакнат член

    Joined:
    Feb 10, 2011
    Messages:
    16
    Likes Received:
    4
    Е, луѓе како што заедницата може да ви го уништи животот ни господ не може да ве спаси после. А мажите, ретко кој може да застане на страната на сопствената фамилија, треба да е така воспитан или да е многу јак карактер. Го пишувам ова од искуство. Иако сум веќе 8 години во брак со двајца синови, сеуште не можам да сврзам крај со крај, а имам само свекрва. Сопругот стоел зад мене во многу ситуации, но што од тоа? После пак по старо и така со години, никогаш не рекол ајде да се одвоиме, ќе се мачиме ама мирот барем ќе го имаме. И така до ден денес, само што денес веќе јас не можам да трпам, љубовта е цела изгубена од ред причини што се случувале т.е. што не излудувала и двајцата, децата ми се нервозни и веќе мислам на најлошото т.е. развод. Се само децата да ми живеат посмирен живот од овој сега.

    Значи мој совет:БЕГАЈТЕ ОД ЗАЕДНИЦА ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДУРИ И ПО ЦЕНА НА ГЛАД.
     
    Anyshka and bibiiii like this.
  5. stefaneli

    stefaneli Истакнат член

    Joined:
    May 23, 2011
    Messages:
    54
    Likes Received:
    17
    Така е gita се согласувам со тебе,по секоја цена да се бега од заедница,и јас истото му го велам на мојот сопруг да се оделиме имаме услови цел спрат нов ама сопругот не сака да се дели од мајкаму.Инаку животот е пекол во заедница со некоја стара од 72 год што претура по ѓубрето да провери што сме фрлиле што сме јаделе.Сака да е центар на внимание и таа се знае и умее а толку лоша злобна жена не сум сретнала досега во животот,поентата ми е како некој маж да се освести дека треба да се одели од мајкаму и да си го гледа своето семејство,да си живееме нормален живот без кавги,сплетки нервози.Се мислам на кој и каков начин да го убедам,многу е тврдоглав како твд орев,позз :wasntme:
     
    Anyshka likes this.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    5,564
    Likes Received:
    174,868
    Болдираново-како сте се сложувале супер,кога еве се делите?
    Од благи колачи никој не бега.
    Зарем толку „слога“ сте имале кога за мебел се карате?
    Е.бате таквата слога-за кревети,шпорет,телевизор.....очи да си вадите.
     
    MacenceEna likes this.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    5,564
    Likes Received:
    174,868
    Тоа за претурање по ѓубре-додека е жива ќе претура по ѓубрето,ќе меша во корпа со валкани гаќи(за да има што да збори по народот)помири се со тоа,додека си во заедница,така ќе е ,нема одвика.
    Како ќе се освести мт?
    Па треба повеќе време да минува со мајка му,кога е во „право светло“,кога не глуми добра жена.
    И мм,не веруваше додека јас зборував,ама еден период повеќе време минуваше дома и увиде со какви маки сум била.
    терај го повеќе време да минува со мајка му,праќај го да пазари со неа,терај го да „ја дружи“-да ја прошета по гости,по чаршија,да гледа Тв со неа,а ти наоѓај нешто причина да не одиш со нив.Ќе му здодее,и неа ќе и здодее да глуми...
    Остави сам да увиди каква е...со зборување нема да постигнеш ништо,уште повеќе инает ќе ти тера.
    со таквите само со итрина.
     
  8. dvm

    dvm Нов член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    15
    Likes Received:
    0
    Жени случајно ја сретнав темава па се регистрирав да побарам совет.
    Во брак сум веке 2 години и 5 месеци но откако се омажив бел ден не видов. ММ кога и да има проблем застанува на страна на неговите со објаснување дека не сакал да ги нервира неговите и да не очекувам дека ке се расправа со нив . Инаку мм е 32 години. Откако сум влезена во кукава сум невработена т.с работев 3 месеци па останав бремена па во 6 месец се погрешив морав да одмарам па пофторно останав бремена и пред 4 месеци се породив . Сите пари (платата на мм , свекорот и таткото на свекорот одат кај свеки) јас денар не видувам.Многупати сум била навредена од страна на неговите и кога ке му кажам на мм тој само се смрштува се изнервирува и молчи. И ако се порават работите тоа е само ден два и потоа пак иста песна. Свеки и свекорот постојано ми префрлуваат по нешто ме навредуваат на почеток молчев и си собирав во себе ама веќе си се одговарам и нормално станав лошата снаа.Пред 1 недела бев кај моите заедно со синот и си поседовме 3 дена. Пред да тргнам свекорот ми се обрати „Кај го носиш детето сега да го разболиш?„ (демек кај моите ке се разболи а овде и тој и свеки имаа бронхит во моментот тие немаШе да го разболат). Му одгорив „Аман како се кај моите кога се оди детео се разболува„.И тргнав се вратив после 3 дена. Уште на врата детето се расплака и свеки му вели „Што си грездав во гласот?„ (демек детето се разболело).И велам „како веднаш се разболе бреее„. По некое време почна да му пее и му вели вакви песни таа баба незнае да ти пее. И велам свеки и мајка ми пее несекирај се таа деца и деца изгледа (пошто работи како бебиситерка). Таа премолче бидејки беше месачката овде (жена која прави баклава,арванија и вади пченица за умрените)
    инаку почина таткото на свекорот и парастас од 9 дена му правеа. На денот кога почина мајка ми и татко ми отидоа да запалат свека (зошто кај нас мртовците дома ги чуват па на гробишта) и свеки доага и ми вели мајка ти да не дојде овде од мртовец овде не се иде (инаку дедото живееше одделно) . И велам како вие идите од мртовец а моите небива?Вели ние сме семејство . Велам па и тие мене ми се семејство.По некое време иде мајка ми и понеа ете кај идат и др жени свеки ги пратила таму било ладно . Е како мајка ми од мртовец небива да иде кај бебе а тие нејзините пријателки бива хх.
    . Синока бебушко се расплака и неможевме да го смириме (инаку плаче пред да заспие секогаш) и свеки вели „Откако те донесе од кај таа баба уста не затвараш којзнае каква магија ти направиле„ . И велам “Ако ти правиш магии и тие ке прават„ (која баба прави магии на внукот). И велам „Колку беше мирен таму глас не испушти само кога му се спиеше заплакуваше„. Свеки вели „Па таму е мирен овде душа вади„. Свекорот пак „Еве однеси го кај гупците (за мајка ми и татко ми) нека го гледат овде ние незнаеме„
    инаку ние сме чисти христијани а свекорот не направи гупци-роми
    .Вечерта на мм му кажувам за случката а тој молчи и изнервиран .Неможам никако да го свртам на моја страна што ида направат неговите во право се јас сум кривата. :@ Незнам веке што да правам. А мм сака да сме во заедница нека да се делиме од нив.
    Инаку од како се породив не сме имале секс ме запостави целосно спиеме одвоено а претходно не легнуваше дур не легнам јас , наутро без да ме бакне не тргнуваше на работа
     
  9. Sexycatt

    Sexycatt Активен член

    Joined:
    Jan 24, 2014
    Messages:
    29
    Likes Received:
    8
    dvm da te prasam kolku godini imas?
     
  10. dvm

    dvm Нов член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    15
    Likes Received:
    0
    За години млада сум имам само 20 години
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,475
    Likes Received:
    48,840
    Gender:
    Female
    Елеонора веке извесен период по темиве се потсмеваше и делеше совети на моменти се фалеше колку тебе ти е прекрасно во бракот и никој не ти се меша се додека не дојде тоа тоа да бараш помош и донации на форум за да создадете ваше живеалиште. Можеби моите граници за соживот и цветање ружи во брак се изместени но твоите фалби после последното ни малку не ми делуваат на мед и млеко брак. Ако толку било убаво и толку сте се слагале немало да дојдете до ова дереџе.

    Искоментира како повекето тука што коментираат се немажени па според твојата логика немаат основ за кометирање. Еве јас се пронајдов во немажените кои имаат напишано по некој збор во темава. Не сум живеела со моја свекрва но пола живот живеев со баба ми и дедо ми во заедница. Дедо ми ок човек беше ама ра разлика од него бабетината беше десна рака на сатаната. Тоа што она му го правеше на ова семејство особено на мајка ми ми е доволно искуство за да имам престава што значи да се живее со свекрва која е терсене и која на секој начин покушава да загорчи нечив живот. Доволно искуство ми е да знам како да се поставам утре ако недај боже нагазам на таква и доволен тренинг на нерви за да не избувнам на секоја ситница.Така да ако некој е немажен или не живее со сврква не значи дека е од Марс паднат и не значи дека не знае со што се соочуваат останите кои тука споделиле мака.

    Ти на таа фалба и на тој сеир после последното напишано си најнемеродавна да ги судиш другите и да им се потсмеваш на проблемите кои ги имаат.Ти си била таа која замижувала пред некои работи и нејкела да ги види и се убедувала дека дома мед и млеко и тече за на крај да сигне до таму каде што е сега. Не за друго ако толку добро сте се слагале ,сте се почитувале и сте живееле во хармонија ке изнајдевте заеднички јазик за да напраите делба на имот без никој од вас да има потреба да бара донации од форуми.
     
    XstrongerX and MacenceEna like this.
  12. mona22

    mona22 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    686
    Likes Received:
    1,860
    Фала богу јас уште малку ке живеам со свекор и свекрва моите родители ке ни го дадат станот сега кај што живеат а тие ке почнат со правење на новата куќа. Многу сум среќна што ова конечно ни се реши да живееме сами со мм и бебето. Инаку немам некои кавги со неа но единствена маана и е тоа што на синот нема направено ниту една соба уствари и они немаа куќа туку под кирија живеат 30 години замислете :!:
     
  13. Sexycatt

    Sexycatt Активен член

    Joined:
    Jan 24, 2014
    Messages:
    29
    Likes Received:
    8
    dvm Па да ти кажам знам како е да се живее во заедница, јас живеев половина година. Ма да јас немав такви проблеми. Сега сме си одделени и си живееме самички и баш е убаво. Би ти советувала да бидеш упорна за да се одделите и не им попуштај на старите.
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    1,714
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Затоа што е тип како мене, донекаде. Се чувствува потчинет на нивните постојани закани - кога ќе дојде ред само да побарате нешто од нас ? Се извинувам, што би можела да земам од вас, сопствените пари ?? Парите се потрошени и тоа е факт. Уште поголем факт е дека ја оставам да се изживува додека сум тука, нека се празни, единствено ме нервира празнењето на семејната каса. Сакам да си заминам од тука, и маж ми сака, ама изгледа само на сакање останува. Секој ден само сака, посебно во моментот кога ќе се скара за нешто со нив.
    Незнам кој ме прочита некој пост погоре дека имав пишано за нејзините мазохистички желби животот да го поминеме во пензионерски денови со соодветни активности.
    Се жали и негодува на нашите желби да заминеме од тука а исто се жали како мажот и на времето ја вратил тука од странство. Живееле сами и биле среќни, ама старите ги барале назад за да ги догледаат. Сега истото ми го прави мене, нас. Зошто е убедена дека ќе ја капам кога ќе остари ? Дај боже, мислам дека ќе е моќна да се грижи за себе, со нејзини скоро 65 години изгледа за најмногу 48 се уште се шатира и оди на козметичар, редовно разгледува каталози од Биоклиника.

    Навистина нема потреба од нови тенџериња, маж ми го загубил едното најмалото како студент, и се расипал комплетот па сега мора да купи нови. Дома има 5948059850 чаршафи и секое одење купува нов. Имаме неколку комплети со 24 каратна позлата кои никогаш нема да ги употребам. Имам милион критики упатени кон нерационалното трошење пари. Неправило планирање. Се прашувам како низ сиве години свекор ми уво го боли за се? Не прашува каде се трошат парите и зошто ?

    Вујко му од странство ни испратил 500 долари, 500 за нас и 500 за братучед му на маж ми. Ги зеде тие 500 и и ги подари на внука и за новата куќа, без да ме праша дали мене тоа ми е во ред. Плус на малата и зема летни и зимски алишта, од јакна до чизмиња а и за другите две деца нешто ситно и чоколада. Мислам искрено дека е премногу. Јас најмногу би однесла 50 евра како подарок. Со нашата ситуација, дури и многу се ! Брат и ( татко му на братучед му на маж ми ) тие 500 евра му ги даде на син му, иако се во многу лоша состојба не ги задржа за себе. Буквално позајмија 300 денари да платат интернет за да ја видат новородената внука. Тие се во таква состојба па денар не земаа, тогаш со кој изговор ги зема свекрва ми ?? Сега треба да оди на честитање кај некоја стара мома пријателка па бара некој мој дупли поклон од свадбата да и подарела, да не купувала напразно. Имам 2 дупли тави и баш ми се погодени што се исти. Ќе ми требаат. Ги добив на подарок од газдата на татко ми, доста познат грчки бренд. Една од нив планирала да однеси. Одбив нормално, ама се плашам дека без мое знаење ќе ја завитка и ќе ја однесе. Исто како што планираше минатиот пат, а не дозволив па за мој инает и ги даде тие 500 долари.
    Навистина, многу многу сакам да си одам од тука. Се чувствувам како кираџија. Се надевам ќе си одиме, стан имаме, без мебел ама пак се останато е ок. Купатилото е готово, паркетот е наместен и станов е нов и бојадисан. Моите се согласија да помогнат. Уште вампиркава да донира барем маса како за почеток и онака има многу што не ги користи. Не би го направила тоа. Знам. За инает наш. Знам дека долго време ќе се инаети откако ќе си заминеме. Ама од големо значење ми е што нејзиното лигавење не допира до маж ми. Мислам дека тој најмногу се плаши од финансискиот дефицит. И мене ме плаши нулата ама мора да се почне од некаде нели ?
    Мојата тврдоглавост оди до крајност, во цел на сопственото добро ќе го ризикувам општото. Работите тргнаа на добро, маж ми дипломира следната недела :) Веднаш ќе побара работа, се надевам и јас ќе најдам, само здравствено да се подобрам па да можам да поднесам. И ќе заминеме од тука. Најголем мотив ќе му е што тука никогаш нема да се вработи. Единствената прилика му е надвор од тука. Дотогаш нема што освен тивко да се борам за своите права. Ќе поднесам и ќе истрпам, на најфин начин ќе и го речам без да знае. Не се карам, казна за човек е најголемиот страв да му стане реалност. Е па ние ќе си одиме !
     
    nena2010 likes this.
  15. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2013
    Messages:
    194
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    Мислам не е соодветна тема овде да се коментира за проблемот со деверот и јатрвата.Коментирам и јас за свекрвите нормално како и секоја од вас. Како што реков овде сите што коментираат не се мажени или немаат свекрва. Но јас би била предрекна да ја имав барем така мислам и да не ја сакав со срце со уста ке правев да изгледа дека ја сакам барем дете ке има кој да ми чуваше и да ми помагаше.
     
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    сериозна си за ова погоре :?: мислиш дадилка и куќна помошничка,а не свекрва :D
     
    tessie and XstrongerX like this.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    1,714
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Луѓето кои планираат семејство треба да си го планираат и времето, да ја знаат обврската која доаѓа со новиот член во семејството. Најлесен дел од тоа да станеш родител е зачнувањето. Просто се чудам како се шират нозе и се прават деца на големо без да се имаат средства за грижа на истите а уште повеќе не одобрувам кога сопствената одговорност кон децата им ја наметнуваат на другите.
    Убаво би било да излезат во пресрет постарите но само кога тоа е неопходно и повремено. Братучеда му на маж ми нејзините 3 деца речиси и да не ги видела. Со мамо им се обраќаат на баба им. Цел ден го поминуваа со неа. Сега се преселени и од училиште одат право кај неа. Плачат кога баба им ја нема или кога оди некаде.
    Благодетно е многубројното семејство само ако успевате да се снаоѓате со толку обврски. Сами ги направивте, сами пораснете ги.
    Свекрвите не се бебиситерки. Имаат живот !
     
    Nati.P, MacenceEna, Antula and 6 others like this.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    Одговорот на твоето страдање е дека треба да се потрудиш да бидете многу поинтимни и поблиски...колку сте подалечни толку ќе се врти повеќе кон неговите,затоа dmv почни да се имулкуваш,тој ти е сопруг,ти го сакаш и имате детенце....значи почни ти,потруди се и со разговор,натерај го да излезете,а старите негови ни под разно не ги ставај,што и зборат,прават или ти велат не се замарај ниту него не му се жали....Се ќе се среди само треба малку да му покажеш дека те запоставил,и дека ти недостасува.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    ^^ XstrongerX навистина е трагично и тажно што вакво нешто и` се случува баш на карактерна личност како тебе, но штом имало излез (постои стан, место, засолниште), кај волку си трпела, ќе потрпиш и до неговото целосно опремување. Тогаш, таму ти и мт ќе бидете тие што ќе ги носите одлуките и тоа ќе треба сите да го имаат до знаење. :)
     
    XstrongerX likes this.
  20. dvm

    dvm Нов член

    Joined:
    Feb 7, 2014
    Messages:
    15
    Likes Received:
    0
    Откако сум породена одбива да имаме секс со изговор изморен сум. Доага од работа ако се доближам до него или побарам нешто ми вели изморен сум а по 5 мин се вкл на компјутер и гледа порничи па се самозадоволува како да не постојам . Што се однесува до тоа да излеземе и на тоа изговор има мм ми вели нема пари ...