па прашај го тогаш за што те земал како жена? само за проширување на потомство или?Aко нема воопшто време за тебе,кога гледаш дека нема разбирачка меѓу вас,нема никаква заинтересираност за тебе,и без ималку страм си го прави она што си го наумил да си го прави,излези од таму,што аир од таков.Tоа е навистина понижување за една жена,при жена која му се нуди,ја одбива за да се задоволува на порничи,многу настран овој.
Едно е мамина маза како мама свири тако синот игра,друго тотално ме запостави. Синока бевме кај моите и мајка ми му рекла како претходно кога бев сум се пожалила и му рекла дека кога требало да се вракам сум рекла „Нозите ми се вракат назад некам да одам„. А мм ладен како туш и одговорил „Па треба да не свати изморени сме од работа а таа цел ден дома седи и со детето се заниамва„ . Како да детето не е работа плус ако е мн плачливо како моево само во раци е мирен јас не сум изморена само он. Тоа не е изговор за со жената да немаш секс и да не и обратиш внимание а да имаш време за фб и порничи.Или да гледаш пазарни реклами.Мајка ми му рекла дека треба и мене да ме разберат дека сум п-реморена и јас од детето дека по 2 саати спијам секоја вечер а преку ден дур детето спие јас чистам спремам ручек . Менен сето тоа не ми е тешко само ми е многу криво што мене не ме свакаат дека сум изморена и дека не сум спиена и ми треба внимание само тие се изморени. Еве деновиве сум болна имам грип и велам на свеки да го причува детето дур е дом да се одморам (се чуствувам изнемоштена,немам време да јадам ...) а таа ми вели си го роди гледај си го . Ок нема проблем ама бар фати го да седнам да јадам ... Кога ке паднам од изнемоштеност и од слабокрвност со се дете тогаш ке ме веруваат.
цццццц...што се шета по светов..... седни, поразговарај отворено со него, види кој му е проблемот, пробај да сфатиш ако реално постои некој проблем. Ова е срамота што ти го прави, каков маж е тој, сигурно е некое детиште разгалено или психопат, а ти не си го сфатила тоа додека си била во врска со него, ЧУДНО!!!
Утрово не е на добро. Свекрва ми е налутена оти маж и не се согласи да одат со пријателката на купување до соседниот град. Јас и маж ми треба да одиме по потреба, тој на консултации за дипломската а јас сум на забар. Не одиме да се прошетаме, незнам зошто е гневна. Настојува да го знае секој наш чекор, одлука, согласување или несогласување. Сака да знае апсолутно се што се случува во нашиот брачен живот, и по можност да носи одлуки во наше име прибидејќи ние сме за неа веројатно деца со пречки во развојот. Од каде таква храброст ?! Хм, храброст не би рекла тоа е дрскост од најбезобразна категорија. Инсистира активно да работиме на случајот проширување на семејство, од нејзино искуство, таа сакала да шета со маж и 3 години, па следните 4 после тоа неможела да забремени, а потоа се покаја што не имале деца порано. Еднаш маж ми имаше здравствен проблем со тестисите. Го натера свекор ми да се дотераат и двајцата се појавија на преглед. Мислам дека маж ми ќе ја убиеше. Постојано го прави тоа, облечи се слечи се, ти е ладно, гладна си, треба да се истушираш, исуши ја косата, легни да спиеш. А мислам, ама мислам дека не ми верува дека патам од несоница заради лекарствата. Секогаш има доза сомнеж кога зборува за тоа. Ќе почнам ноќе да парадирам низ дома за да утврди дека ја зборувам вистината. Ало ако дремнувам ( за цела среќа ) во периодот од 12-2 не значи дека "спијам до 2". Не бре, очајувам. Нека престане со индиректните навреди по тоа прашање. Во четвртокот бев да испитам целосен хормонален статус а пред тоа во средата бев исто на забар. На двете места поминав со пари од моите, среќа што бев на посета па срам не срам земав од татко ми. Денар немав во мене луѓе. Арамија да ме сретнеше ќе ме пријавеше во црвен крст. Срамота ! Одам на лекар во четвртокот и ме виде кај што заминувам. Со скромни 500 денари во џеб, кусур од на забар, се туфкав дали ќе ми стигнат. Така ме зјапаше извесен период, дури не и текна да спомни, ако требало пари, ќе сум однесела кога ќе имам Ало, лабараторија е, не е маалското продавниче па на вересија да земам. Резил. Како и да е, ми стигнаа. Утрово, маж ми мораше да замине порано, околу 7 а јас требаше да сум на забар тек во 11:30/ 12:00. Заклучок - немаше потреба да дремам толку рано таму само затоа што свекрва ми така прави. Му досадуваше на маж ми со прашања, односно сугестии дека мора да заминеме заедно. Тој без многу да и образложува и да избегне конфликт и кажа кратко дека така сме се договориле и дека ќе одам кога ќе се разбудам. Будна бев многу пред тоа. Во 2 по полноќ се напив Апаурин и сепак неможев да заспијам, па го слушнав целиот разговор. Продолжи, а зошто таа не заслужувала ништо да знае ?? Тука колуминација се доживеа кога маж ми се качи од мене да бара пари за пат до таму, оти се скарал со неа, а свекор ми му рекол ако сме биле зрели за сами да одлучуваме за себе, крајно време било да станеме независни ( во смисла, престани да ги земаш твоите пари од кај мене ! ) Ова е, срамота, голема голема срамота, на уште поголемо 60 и кусур годишно дете кое вришти за внимание. Можеби и не е најдобро време, но мислам дека кај да е од инает и јас ќе почнам да се однесувам детинесто и ќе станам партнер егзикутор на домашен буџет па да видиме до кај ќе тера. Барем да си искористам основно тоа што ми следи. Не ми е гајле, ќе одам долу и фино лепо ќе ја замолам да ми најброи пари за на забар, па и за превоз. Немам, ми ги собра ! Згрешила ако мисли дека конечно најде начин да манипулира со мене.
Xstronger,ако е време да бидете незаивсни, како што кажал свекорот, тогаш така е и нека биде. Одете под кирија и тоа е тоа. Според она што го прочитав, вие се уште сте двајца, така да тој период за под кирија нема да ви биде проблем . Се се трпи, ама тоа безобразлукот со парите, со мешањето , со глупавите одлуки НЕ.
^^Мешање во финансии нема да има кога секој ќе си знае што е негово. Моментално сте во кризен период, колку што прочитав не работите или едниот само работи, па нормално пари не стигаат. Тука се парите од свадбата и можат да се најдат во криза но прашање е сега чии се? Ако сте се согласиле со сопругот да им ги дадете за не знам какви потреби нивни, тогаш да прашам, зошто? Им требаат нив повеќе во моментот отколку вас? Ако е така во ред, ако не, зошто сте им ги дале? Ви рекоа дека тие ќе ве помагаат за возврат одреден период? Претпоставувам, ама од помошта ништо. Покажете малку заби и барајте барем дел од тие пари колку да ви се најдат некое време, ама не се ослонувајте само на тоа. Тие пари не се ништо, ќе заминат додека трепнеш. Работете на осамостојување финансиско, знам дека е тешко во денешно време со работа, ама тоа е единствен начин. Дотогаш, таа ќе е убедена дека има право да брбори колку и за што сака, а ти можеш да ја ставиш на mute или секој збор да го ставаш на душа. Ти одбери.
Не дека нема родители (од двете страни) кои не би се мешале во секој случај, сепак, тука мислам дека проблемот е што вие навистина сте им како две мали деца дома- двајцата не работите, а сте се земале, чекате пари од родителите буквално за сѐ, а сакате да ве третираат како самостојни луѓе. Е арно, ама не сте. Читав дека свекрвата ви ги троши парите што ви ги даваат, и НИКАКО не ја оправдувам, ама пак таа можеби гледа поинаку-ако веќе ве хранат, ви плаќаат сметки и сл. можеби смета дека и тие пари се заеднички, исто како ти што сметаш дека нивните пари се и твои, па треба да ти ги платат сметките и да ти купат јадење... Не навлегувам зошто и како сте брзале да се земете, ама едно се знае-свој човек си кога ќе си заработиш свои пари. Вака кај вас е каша-попара, нивните пари сакате да се и ваши, вашите пари не сакате да се и нивни, тие мислат дека штом даваат може и да си земат... Од свој аспект-секој е во право. Еве и син ми (кој е уште мал, да си напоменам ) на пример си има свои пари кои си ги собра за роденденот и си нагласува дека тие се негови, нели, а моите на пример се заеднички . И тоа е нормално во ОВАА ситуација. Ама, ако во иднина си се ожени и сака да биде Маж (или, како што имаше финта порано, со 2 а, за поголем маж т.е. мааж ) и ако јас ги плаќам сметките, купувам јадење, давам пари за сѐ што треба, не знам дали баш ќе му речам „е ако синко“ ако ми рече „а, не, тие пари се МОИ“, посебно во ситуација ако јас растегнувам од први до први и дојде криза за пари (и тоа затоа што место за 2-ца, плаќам и купувам за 4-ца) и да ми се сили... Па... поарно да не проба Не може заедница сте кога ви одговора (да ви плаќаат), ама не сте заедница кога не ви одговара (т.е. кога се трошат ваши пари). И затоа свекорот ви рекол-ако сте зрели и самостојни, бујрум, осамосталете се. И во право е.
^ И сама сум била во ситуација да со сопругот како заедница нели, да останеме со ситна пара во џеб. Непредвидено, се случува, остануваш без работа, денес си утре не си. Помалку вредам како човек тогаш и дозволено е некој да ме потценува нарекувајќи ме мало дете кое сака да си игра семејство? Ќе се средат тие, ќе си најдат работа, ќе се осамостојат, впрочем како и сите, ама нечие однесување додека си бил на дно не се заборава и ќе се врати на своја глава. Треба да сме луѓе и кога имаме и кога немаме, посебно кога живееме под еден кров. Денеска снаата е без работа, ќе и наредувам што да прави со шпоретот, со тенџерето, каде да ги троши парите што да купи што да носи и сл. бидејќи е мало неспособно дериште, а утре кога ќе се вработи ќе ја почитувам како човек и ќе може сама за се да одлучува. Ако пак остане без работа пак ќе смениме однесување и така до недоглед. Во ред ли е тоа?
ОВА НЕ Е некој пробблем со снааа и свекрва но интересно е да се прочита Каква е вашата свекрва: Сезнајка, сојузничка или вечна жртва? http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... ecna-zrtva
Точно е дека никој не треба да биде потценуван само заради моменталната финансиска ситуација. Не сме пасивни мрзи кои се со намера да живеат од туѓиот труд. До неодамна (летоска) јас бев вработена, па од платата одвојував навистина мал дел од со кој учествувавме во сметките. Колку што можев, платата ми беше минимална, но почесто купував храна и по нешто за дома. Моите потреби ретко беа ставени во прв план. Мажот ми се уби од работа, немаше дипломирано па работеше хонорарно и повремено, различни работи, а поголем дел од времето се занимава со земјоделие. Ако некој има земја тогаш треба да претпостави како е хектар и пол да одгледуваш сам ( прскање, берење, режење...) изгледа бесконечно. За да се заштедат пари на работници моите му помагаа. Свекрва ми најголем дел од времето се жалеше на се и сешто само за да паузира од работа, свекор ми во 8 часа пушеше по 2 кутии цигари па тоа нека е проценка за неговата заангажираност. Како новопечена снаа можам да се пофалам дека добро сработив годинава, а на маж ми тони му минуваа низ рацете секој ден. Утовар растовар сам. Ако земјата ние ја работиме сами, тогаш е правило барем да се косултираат со нас пред да го продадат плодот, а не тоа да го направат без наше знаење. И покрај тоа што е целосно во нивна сопственост, а ние сме единствени наследници мислам дека е правилно заработувачката да е во наши раце. Зошто зарем ние не знаеме каде се уплатните центри ? Е сега е еднакво. Свекрва ми доби отказно решение и е на пат да стане технолошки вишок. Во следните година, или повеќе дена сама ќе си плаќа доприноси за да стигне до тој статус па да има некој надоместок. Свекор ми е пензионер. Неговата пензија редовно се троши на шопинг, фризери и Биоклиника. Значи моментален приход во куќава ни се парите од земјоделието ( на кои лице не им сме виделе ) и беа парите од свадбата. Најголем револт ми се јавува кога знам дека сите пари за свадбата се потрошени залудно, а уште кога ќе ми текне на сите навреди кои ги примив чувствувајќи се потчинето а не знаев дека станува збор за мои пари, ми иде да вриснам. Зошто и како, нема да се објаснувам понатаму. Прочитајте ми ги искуствата на финансиски план за свадбата, се срамам да се самоцитирам, трогателно е. Уште еднаш да потенцирам, паразити не сме па активно се заинтересиравме за неповратните кредити за самовработување. Планираме да го активираме бизнисот на мајка ми со венчаниците. На ваквиот предлог свекрва ми се израдува, ќе имала приход плус. Ха, се прашувам моите не заслужуваат дел ако се земе во предвид дека го превземаме нивниот бизнис со нивни артикли и целосна опрема ?? Не ги ни спомна, поточно немале право. Таман ќе одела почесто на посета кај пријателките во странство, таман ќе оди на некоја венчавка Америка. Само да спомнам дека мајка ми од сожалување и неизмерна човечност бизнисот ни го понуди не барајќи никаков надоместок за тоа иако се три члено семејство со месечни примања од 400 евра. Само татко ми е вработен. Мајка ми паузираше подолго заради лоша здравствена состојба. Изнаоѓаме идеи, размислуваме. Станот во кој сакавме да се преселиме е на моите. Пред околу месец ставија кираџии. Заклучивме дека е празен и преголема квадратура па ќе е тешко за затоплување. Моите предложија да изнајмиме мал опремен стан а киријата за него да ја плаќаме со парите кои моите ги заработуваат од станот кои тие го издаваат. Тоа е како помош, од нив како за почеток. Парите нема да ги бараат назад, подарок се. Затоа што се луѓе, и се жртвуваат за децата, за разлика од некој... Се надевам наредната недела ќе пишам повторно во темата, овој пат со добри вести. Маж ми одбранува дипломска во Петок, ако не се одложи повторно. Јас одам на разговор за кредитот следната недела. Посакајте ни среќа !
XstrongerX со овој пост кажуваш дека сте рамноправни членови на заедницата. Рамноправни членови чии глас рамноправно треба да се почитува во донесување на одлуки. Правопропорционално: кој учествува во заработувањето на парите, треба да учествува и во нивната распределба. Кој што сака нека ми каже по мене молчењето не е секогаш злато. Треба да кренете некоја револуција ама одма. Трпение не е спасение. Извини ама и вие имате кривица што сте доведени во оваа ситуација, ти затоа што премолчуваш, а маж ти затоа што им ги дал парите на рака, затоа што дозволил производот да се продаде без негово присуство, крив е.
X stronger а како реагира маж ти на ваквата ситуација ?Му пречи ли,зошто не се буни,зошто кога само тој ја обработува земјата не бара тие пари да се само негови па тој да учествува со колку пари дака во домашниот буџет? И колку год имате ако не е тајна
Ваков случај е и братучетка ми. Маж и сам ја обработува земјата и на крај парите од родот и субвенциите одат кај свекрвата. Арно ама братучетка ми нормално се буни ама маж и глас не испушта или и да каже нешто тогаш за тогаш е пак почнува со иста песна . Трошење на нивните пари а нивните пензии парите од овци и јагнинја или млеко ги нема ама баш никаде а замислете чуват 190 овци колку пари се тоа . Ехеее
не е се во парите,за сите овие проблеми вклучено и моите е понастрана од заедница,осамостојување со време ако веќе сте во брак или договарање пред брак каде и како ќе се живее зошто чиста сметка долга љубов.инаку еве кај мене не се проблем пари,од пиле млеко имаме се даваат свекор и свеки ама фала им грам слобода немам,дури и како ќе забременувам природно или со чудава на медицинава одредуваат они,буквално се,меѓутоа ние јас и сопругот седиме во нивни стан и тоа е тоа,секој на своја страна и пат под нога а почит,помош меѓусебна мора ама подалеку од очи повеќе че расте се тоа .
Vichy, во чив стан живеете, тоа нема врска! Мислиш дека ако живеевте во твој стан,или во стан купен само од маж ти, неговите или пак маж ти понаку ќе се однесуваа и проблемите ќе ги нема?! Грешка си. Знаеш, ти имам пишувано,многу е битно со маж ти сериозно да разговарате, ама со него, а не со неговите Мама и Тато, преку него.
fighter барем во мој стан нема да смее да ми чепне брава а не да ми менува,и барем ќе си бидам моја на моето а не по вакви сцени се мислам премислувам јас полудував буквално пакување се што ми е при рака и дома кај моите(што не го личи знам )уште не сум населена кај него комплетно се остана ај ќе бараме стан,па ај ќе купиме она ова и така се влече уште,што дополнително ми пречи и ме вади од колосек колку бев педантна и организирана личност сега сум хаоооос тотален не ми се верува дека можело вака да ми биде,ама во бракот човек открива и за себе и за другиот многу нешта што не ги знаел од порано,браков чуда прави ,а да те прашам искрено ти мислиш дека ваков маж со културен муабет ќе успееш да го натераш да му се отворат очињата и да прогледа?од маж на кој тате на телефон му вели синче на тате како си ми и мама пред спиење доаѓа во спална да не баци нас децата за добра ноќ,од маж на кој цело обрзование и работа му е потпомагана од мама и тато,од маж што не знае да рече готово се оженив и прво сме јас и сопругата во донесување одлуки за нашиот личен живот,од маж што кога почнуваат посериозните кризи во бракот ги вика мама и тато на припомош бидејќи не знае како да се справи со жениното незадоволство...епа мило што си влегувало во брак кога си неспособно да го одржиш....
^ А ти со таков маж уште па и дете сакаш да имаш... Не знам што се`уште бараш таму, искрено. Не си за таа куќа...очигледно.
Тогаш не си знаела, сега знаеш. Гледај си го куртулот со време. После со дете е мнооогу потешко, потрауматично, со повеќе последици.
ќе одиме офф топик ама и лионес пиша ме фати паника за дете што е можно побрзо откако ми се поремети редовноста во иклусите,инаку знам дека под дејство на страв размислувам ама вака ми оди математиката со 30год.да почнам нов живот отприлика во најбрз случај еве за 1год.да се среди озбилна љубовна врска па отприлика 2до 3преку сила години да се доразвие до брак и пак сите глупости по болници некако ми доаѓа 34-35да имам поголеми шанси за забременување иако сега ова ми е некоја обопштена математика бидејќи пред се не занеме утре што не чека,додуша јас знам одложена инсеминација ме чека