Не ми е јасно како си била зрела за брак, а не си зрела да преземеш обврска за своите постапки. Нели најлесно е да се обвинува друг за твојата несреќа? Тој е крив за се и толку, така е најлесно, оти нели, ако се разведеш ти можеби ќе бидеш лошата,па потешко е да се снаоѓаш сама, вака ем се жалиш, ем некој друг да ти поведува сметка за трошоци,ем тука цела гарда жени малтретираш со некој си проблем, сите околу тебе,па добиваш и внимание. Детето ако дојде плус внимание, зошто нели дете е помалку сериозна и полесна работа од еден развод. Па уште вика - заради него... а не вика заради себе сама. Срам да ти е. Абе ајде...на форумов се изначитав секакви форми на живот веќе.
Еден совет од мене,се надевам ќе ти помогне.А ти да почнеш да се однесуваш "фино"со вампирката,барем пред него.Знам дека нема да ти е лесно,ама прави се дека сакаш да сте во добри односи.Воопшто не му се жали на маж ти за неа.Ќе видиш дека таа нема да издржи и ќе почне да те малтретира и пред него,и тогаш тој самиот ќе увиди.Вака кога ти и теташ контра,таа се жали кај него,тој се сожалува бидејќи сепак му е мајка и. секогаш ти си виновна.Верувам дека на овој начин ке ви се подобри ситуацијата сепак ти мора да си полукава од неа.Поздрав
Сум била фина и пред него некој период ама не вреди,таа живее само да го раздели синот од било која жена да ја земе,таква е родена и таква ке умре,зошто ме тера да и зборувам со сила кога несакам и просто неможам.Зошто вариш кафе на таа плоча,зошто вариш друго да јадеш па мешање во штипки,зошто сум го пуштила телевизорот гласно,во чистење ама буквално во се можно,а таа само лежи и ништо не прави освен што не преслушкува и претура по кантите да види кој што изел.Со кого тој ке векува со неа или мене треба да гради иднина.Јас веќе незнам човек што треба да направи за да тој свати дека има свој живот а не мајкаму таа да го интересира.Како не се запраша јас како се чуствувам и да го заболи душата за мене,без оглед што сум во негова куќа не е човечки со сила да ме тера да и зборувам,ме замал за себе а не за неа.
A вие навистина ли мислите дека маж од 50 - сетина години и жена навлезена во 70-сетите години од староста,дека со "сериозен" муабет,ќе разберат и ќе се потрудат во името на доброто и мирот да се сменат ..Cтефанели извини,лаички да се изразам ама си била запознаена со проблемите што и ги приготвувала свекрва ти на предходната и и успеала зацртаната цел,се развеле,значи маж ти наместо да си го спаси бракот(знаејќи ја мајка му) си ја одбрал мајка му,зошто си мислиш дека за тебе би направил некакви си отстапки??? знам дека се вика (народно кажано ) од грешките се учи,па втора шанса ќе се поправат,ама некои не мислат дека тоа се баш баш тие грешки,впрочем така им одговара.
stefaneli покрај моите проблеми читам и за твоите,навистина лоша ситуација ама лошо е што тој не покажува желба да се оддели од мајка му,па и не е нешто страшно ако таа живее под вас на катот а вие кај што сте и така нема ништо да и фали ама она добро го познава син и е и го лови на емоции,сепак маж ти еден брак окончал ради вакви мешаници и барем требал да научи како да постапува 2от пат,најважно е да размислиш и дефинитивно решиш што сакаш и да поразговараш отворено со него ама сериозен разговор и по тоа ќе знаете и 2та на што сте,кај тебе од стрес многу проблеми си имаш направено,а и тоа со бепчето страшно колку мачење со сите прегледи за инф ,сепак смирен разговор и ич не се потресувај ти правиш и даваш максимум од себе е сега ако некој е слеп со сила неможеш да го натераш да прогледа.
Vichy,ти која си во состојба да се осудиш себеси следните 30-40 па и 50 години ,да ги поминеш во духовна и емоционална мизерија(среќа нема да биде и материјална),само за да не зборуваат комшиите дека си се развела и за да продолжиш да уживаш во удобствата што ги нуди паричникот на свекорот и свекрвата,ти најде да препорачуваш сериозен и смирен разговор со сопругот?Зошто својот совет не го примениш на себе?. Знам дека е невозможно да му се даде совет на човек кој не го бара тоа,ама веројатно ти е јасно-удобноста која друг ја овозможува ,доаѓа со одредена цена,ако си спремна да ја платиш -уживај и лицемерно е да се жалиш оти изборот е твој,а ако не си спремна-повторно знаеш што треба да направиш,нели? За XstrongerX,верувај многу од проблемите магично ке изчезнат,кога ке почнете да живеете како свои луге,самостојно,од сопствени приходи,во свој или изнајмен стан,подалеку од препредни манипулатори,на кои ни под разно нема да им дозволите да се мешаат.Се дури даваат,плаќаат автоматски добиваат карта да ставаат сол во скоро секоја манџа,е сега некои родители таа карта обилно ја користат,некои не..
Dentina а ти и сите други кои коментирате ко да немате проблеми во бракот па си земате слобода да коментирате се и сешто,и на крајот на краиштата која си ти да ми судиш дали имам право да и пишам мое мислење или не,ако не ти се допаѓа што мислам/пишувам не читај...боже колку исфрустрирани персони на форумов а советот што сум го дала од кај па ти знаеш дали не го применувам во мојот случај,ама не мора да се коментира што и да е важно да има што да се чита,инаку независно од моите проблеми во бракот со кои се соочува секој што е во брак зошто да не се лажеме нема брак без проблеми но важно е како се соочуваме ги решаваме тие проблеми,јас сакав да и понудам совет од аспект што би правела јас на нејзино место дека би гледала сериозно да поразговарам дека неа и било загрозено не само нејзиното здравје туку и на бебето,претпоставувам од стрес,ако грешно претпоставувам дека од стрес и се случил непријатниот настан се извинувам за грешната проценка.
девојки некое време ме немасе на оваа тема а тоа е така затоа сто малку поЧнаа да се подсредуваат работите.со свеки се подобри комуникацијата и објаснив се во лице и побарав малце повеке да внимава на нејзините постапки,но ете го тука свекорми тој надополнува за сите добро е сто оди на работа и еден дел од денот сум слободна кога ке дојде уморен јаде малце седи и си легнува а јас доколку е располозен седам со нив а ако не си одам во соба како да работам несто само да не ги слусам неговите дофрлања,т тоа нему воопсто не му се допага но јас не попустам. кога несто командаат доколку се во право ги слусам доколку не не велам нисто и си терам по мое но смислувам прицина зосто не сум направила како тие сакале. мм сеусте на моменти знае да ме изнервира и само му указувам на проблемот и потоа молЧам и му велам терај си по свое секогас така правис а тоа мн.го нервира и затоа ке се науЧи помалце да греси. доколку сакам да одиме некаде а тој не доагја без приЧина следниот пат кога тие ке реЧат да одиме некаде јас не одам и си стојам на своето. а на свеки и кажав дека ако ми прават проблеми со мм да не живеам добро нема ни тие да живеат добро со мене и и реков да му кажи на свекорми истото важи и за него но тој сеусте не се откажува од тоа да дофрла и да ја сили работата од страна. но се надевам и нему ке му дојде умот. извинете за предолгиов пост. поздрав и ви посакувам брзо да си ги ресите васите проблеми сто побрзо.
Аух,ова болеше.. :geek: Повлекувам се напишано досега..-супер си,и маж ти исто така,а особено се прекрасни и препаметни и неговите родители,олицетворение на мудроста,и ова се само минорни проблеми што во секое семејство ги има,( и јас ги имам исто така морам да ти признаам),брзо ке ги надминете и се разбира-keep up the good job!
Можеби сум малку оф топик ама сакам да изнесам мислења на две идни свекрви, мои познанички. Во двете семејства на момчињата немааат многу приходи, не се вработени (младиве), значи имаат иста финансиска состојба. И едните и другите се заедно повеќе години, сите имаат завршено факултет, и сите се скоро пред 30-ката. Едната идна свекрва вели: прво вработете се, после да се земете. Другата: ако синот ја сака нека си ја земе, среќата се отвара откако ќе се земат, ќе се вработат. Ова се основните мислења на идните свекрви, другите детали околу тоа ќе ги пишам ако има потреба... Очекувам ваши мислења.
ок, ај смирени страсти и тон, сите го користиме форумов да си кажеме се што си мислиме,секој има право да не критикува но и никој не смее да не осудува за тоа. Иако можеби некогаш коментарите дадени не ни се допаѓаат, па навлегуваме во меѓусебно надмудрување и докажување. Еве сега еден пример за тоа , ако со времето тие глупостите со свекрвата се занемаруваат и ниц ги потиснуваат вистински проблеми. Бев излезена навечер, имав работа. Ми се јавуе свеки на моб, нешто да ме праша, и ја и кажувам дека сум излезена надвор, а иначе беше 9 навечер. После тоа кога дојдов дома, свеки на мм му се јавуе ...значи околу 10 и му кажува дека се слушнала со мене, а ја сум била надвор...демек кај била?! И мм одговара, дека сум имала работа.Ја се поднасмеав, не искоментирав ништо ни на мм ниту па се нервирав, зошто со текот на времето многу посериозни проблеми и работи доаѓаат и сигурно дека за тоа ни5 пари не давам. А свесна сум , да бев сега тазе у брак сигурно дека ќе збеснев...е тоа е тоа. Ја
После моите проблеми и проблемите на другиве феминки заклучив дека скоро сите имаме исти проблеми. Многу пати на мн феминки им велите седни разговарај со мти покажи каде ти е местото но што за тоа кога не помага ни разговор ни покажување каде ти е местото. Еве мојов м со свеки е како газ и гашти како мама свири така синот игра. Да јас немам придонеси во семејството ама тоа не значи дека треба да немам денар в џеб. Па и тој да не е на работа а јас да сум зар треба да го оставам без денар или кога свекорот беше без работа 4 месеци што тој беше без пари ... хах .ЛЕСНО Е ОД СТРАНА ДА СЕ ДАВА СОВЕТИ АМА КОГА СИ ВО ТАА СИТУАЦИЈА НЕКАКО НЕ СЕ СПРАВУВАШ СО ТОА ИЛИ ПАК ШТО И ДА НАПРАВИШ НЕ ВРЕДИ ЧОВЕК ШТО 30 ИЛИ 50 ГОД СИ БИЛ СЕ ТАКОВ СИГУРНО НЕМА СОПРУГАТА ИЛИ СНААТА ДА ГО ПРОМЕНИ
Не сум во брак ,можеби не сум најкомпетентна ,но ќе си кажам мислење.Било кој пар што планира брак треба да е на јасно со се,секако и за финансиите тоа важи.Aма,тој пуст менталитет свекрвата да е главна и се таа да скројува што како,незнам до каде ќе стасаат и младите и старите богами. Најубаво е младите да си се вработени да,но во животот има се ,некогаш може и двајцата да останат без работа и што има чудно,лошо е ако дозволат од страна некој да ги команда ,посебно ако е свекрвата. За свекрвите за кои пишуваш,од една реченица не може да се заклучи што мислат,ама едно е добро,ако има против тоа што се невработени да се изјасни пред бракот и младите да си бараат чаре,наместо да преќути свекрвата и во бракот да им префрлува секој божји ден,посебно ако живеат во заедница. Многу има за кажување на оваа тема,но нашиот менталитет што не чини,не чини.
Во случајот мора да се согласам со првава свекрва. Не е во ред да се стапи во брак без барем едниот да е вработен. Каков ќе биде тој брак без никакви приходи? И треба ли и дете да донесат уште во оваа состојба? Не џабе рекле старите, кога сиромаштијата чука на врата, љубовта бега низ прозорец! Ќе живеат чекајќи мама и тато да фрлат некој денар, а од тука ќе започнат сите кавги. Моите дадоа волку, твоите онолку, а тоа ќе повлече други кавги... Стриктно сум против за стапување во брак на невработени партнери, освен се разбира доколку е неодложно поради бременост..
Никој не е во право, и не знам што има да се праша свекрвата кога да се земат. Бракот е заедница на маж и жена, сите други се надворешни и треба да се сметаат како надворешни лица, како страно тело во организам. АКо најдам маж што ја праша мамичка кога да се жени, мислам дека ако се ожени, нема да биде тоа со мене.
^Токму така, што има било кој да прашува кога си заработуваат за себе и не им треба помош од никого. Ама кога треба да чекаат од мама и тато да им даваат пари за да функционира тој брак и те како треба да прашаат и двајцата..
Тогаш не треба да праша дали да се жени, туку дали мајка му се согласува да одгледува уште едно дете, евентуално и трето, со нејзини пари.
Епа не по врат, по шија исто му се фаќа. А според мене не е фер да се бара тоа од родителите ако како во случајот не се имотни да им се донесе уште една/две усти за ранење.. Еден брак за да биде успешен треба да почне на стабилни нозе, и така е тешко да го делиш животот со некого, па ако се вмешаат проблеми со финансии уште во почетокот.. леле мајко, не секој брак ќе го поднесе тоа.. Еве во мојот пример, ние бевме и двајцата вработени, се земавме и одма си изнајмивме стан под кирија, можевме тоа да си го дозволиме и несакавме да живееме со старите. И супер функционираме, родителите на маж ми ме прифатија како ќерка, свекрва ми не се меша воопшто во нашиот живот, ама и нема прилика затоа што не живееме заедно и не зависиме никако од нив. И не е таква жената на моја среќа, има и такви што и вака би пробале да се мешаат. Плус на тоа ни маж ми не е мамин син, па можам да кажам дека со свекрва ми имаме идеален однос, на сите им посакувам свекрва како мојата. Не дека во овие 5 години никогаш ме нема изнервирано, па мајка ми што е моја ме има 100 пати повеќе од неа, ама па моја си е, не и замерувам
Ова не можам а да не го искоментирам, мислам конкретно на подвлечениот дел. Не знам зошто многу парови се плашат од заедничкото живеење, според мене баш моментот на делење живот е она што треба да ја стави круната на една врска помеѓу двајца партнери кои се спремни за таков чекор. Јас и мојот вереник уживаме во најголемиот дел од времето што го минуваме заедно, а верувајте дека е многу . И двајцата работиме од дома, претходно заедно студиравме и иако многумина сметаа дека нашата врска во одреден период ќе пукне зошто поминуваме многу време заедно, напротив зад нас имаме веќе 4 години врска, од кои последните 3 години живееме заедно. Значи не е малку за да речеме дека сме сеуште во онаа првинична еуфорична романтична љубов, напротив самата конекција меѓу нас е претерано цврста, дури и сме на некој начин зависни еден од друг. Ама убаво ни е, а уствари ние кога ја почнавме врската се договоривме да оставиме нештата спонтано да течат и да уживаме се додека ни е убаво заедно. Всушност делењето живот со некој е вистински тест за тоа колку еден човек се познава себеси и колку е спремен за компромиси. Јас ко што реков веќе 3 години живеам во заедница, со неговите родители и искрено не сум се нашла ниту во 1% од ситуациите и проблемите со кои се соочуваат некои снаи. Кај нас уште во самиот старт се знаеше дека ќе комуницираме искрено и отворено, без занемарување на ситници, игнорирање, трпење и сл. На почетокот често ми беше непријатно, но јас никогаш и не сум се плашела да се спротиставам и соочам со некој без разлика на околности. И така би, имало непријатни ситуации, сме се конфронтирале но се се решавало со култивиран разговор. Петко никогаш не бил во улога на расипан телефон, се што имам да им кажам им кажувам директно а и тие исто така. Кај нас имало неколку ситуации кога Петко се однесувал ко мамин син (што и го сфаќам до негде син единец-мил на мајка) но она била присутна и во сите ситауации добивале по некоја комична зајадлива забелешка, со тоа јасно им давам до знаење дека не ми смета нивната блискост но сепак дека не е у реду. Е сега, нашиве биле поише смешни од типот на „Дали и што јадел?“ со одговор „Оооо мил он на мама, не се секирај и да не јадел ќе преживее има он залихи...“ али како и да е, ситауации за кои нормален маж/дечко не би требало да си гуга секој ден со мамичка. Од друга страна па и он самиот ја кара за таквите испади, последниот пат ќе ја убиеше кога сфати дека насабајле пред да иде на работа не покривала т.е. влегувала во соба додека спиеме. Јас па и двајцата и сфаќам, непријатно ми е што влегувала ама па од друга страна гледам колку си го сака синот. Плус, за жал со три кучиња кои често дефилираат низ куќа ноќно време неможеш во никој случај да спиеш гол, а невозможно е да не затече во незгодна секс ситуација зошто кај нас строго се почитува правилото за чукање на врата без разлика кое доба од денот е. И не само за испади туку и во било кои други ситуации каде што не им било место на „старите“ едноставно Петко бил тој кој им ставал до знење дека тоа се наши работи и нема потреба да се мешаат. И нема тука љутиш, млади сме и сакаме да сме сами или барем да се чуствуваме така во некои ситуации. За финансиите никогаш и немавме проблеми, мајка ми го финансираше моето студирање и ми даваше џепарац, значи онолку колку што ќе ми даваше и да живеев во матичната дома, кога дипломирав малку ми скрати а еве сега веќе полека почнуваме да се финансираме сами. Неговите обезбедуваат храна и покриваат домашни трошоци но тоа е само повремено за многу кратко време би требало да се преселиме и да се осамостоиме целосно. Значи не можам да речам дека уживам во животов во заедница, напротив едвај чекам работите да дојдат на свое место и да се преселиме, но пак не можам да речам дека ми е тешко и напорно во никој случај. Така да немањето сопствени средства и живеењето во зедница не мора да значи дека е пекол и невозможна мисија, реков и пак ќе речам се е до човекот.
Го цитирав само првиот одговор на прашањето за да дополнам. Од една страна во право е првата и реално кажува, меѓутоа деталот за кој претходно напоменав е тоа дека не сака снаа без приходи, да троши а да не придонесува. И тоа пред девојката кажувала, одоколу де. Додека пак за втората, тоа што ќе трошеле за пат вака барем нека јадат и пијат (конкретно само за парите за пат, не да не излегуваат). Заборавив да напоменам дека и едните и другите не живеат баш во близина. Секакви има...