Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Имаме стан :) но јас не сакав да живеам во стан :D (знам за ќотек сум, ама порано мислев така, сега не). И така решивме да седиме овде, а станот да си го издаваме на студенти. И сега во станот се студентите, а јас овде со голема доза на каење.
    Ама си мислев свекорот и свекрвата ќе си бидат такви ко што беа, дека нема да се променат, ама се заебав. И тоа многу се заебав. Ама тоа е. Сега само се чека да се стопли малку времето и постариве да ги сместиме на приземје. И да, секако, КЛУЧ на врата. Или пак здравје, наредната година без студенти, а ние таму во станчето :)
     
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Блонд уште поубаво штом си имате стан,јас да сум нема ни два пати да размислувам одма ќе се иселам,ќе им објаснам на студентите еден месец унапред да си бараат место за живеење ,а да си го средите станот после тоа и да си живеете на мира,да знаеш после тоа што го проживеав тука,да имав каде да одам одма би отишла,не сакам под кирија затоа што не ми е состобата сега таква да можам да се селам,инаку да имам барем една соба наша далеку од нив одма ќе одам,само една нека е ама наше мало местенце каде нема никој да ми наредува и да ме провоцира,поздрав
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Охх, па за уште поголема беља, станот е целосно опремен, единствено што му недостига е шпорет за готвење и аспиратор. Друго се е ново. Треба можеби полека да ја разгледам темава со мажулето, да видам негова реакција.
    Од друга страна пак, мајка ми ми вели подобро овде отколку во стан. Ја знае состојбата овде, се и кажувам. Сепак ме убедува да си останам овде во куќата. Најверојатно причината за тоа е помошта од свекрвата што би ја добивала ( во овој случај е помошта vs штетата ). Сепак морам да си го седнам мажулето и да поработиме на таа тема активно.
     
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Се си мислам дека ке ти биде уште потешко кога ќе се роди бебчето,зошто сега се мешаат за се,а после уште повеќе,нели они се постари ,они се знаат,инаку на секого му треба помош ,ама поарно сам кога си работиш отколку друг кога ти се меша,инаку имам еден пример со мене и еден братучет,јас израснав без баба и дедо,до 5 години бев во градинка и јас и брат ми,братучет ми го гледаше баба му,ама тие живееја со баба му и дедо му,не издржаа така 5 години,нон стоп се мешаа во воспитување,готвење старите во се,на крај си отидоа од таму оти веќе беше дошло до крајна граница се,на братучет ми татко му отиде домазет да речам во кука оставена на жена му од мајка и татко и,но тие не живеат таму ,сега кога треб братучет ми да се жени мајка му вели сега јас ќе ја учам снаата да готви,да чисти и ред други работи,и во даден момент и велам зарем заборави низ се што мина па сега истото сакаш на друг да го правиш,а братучет ми од искуство од мене пошто се гледаше и слушаше кога некои зборуваа за мене,вели додека не останам сам не се одавам на тој чекор,знаејки како беа моите,како си ти и јас низ тоа да минувам
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.133
    Допаѓања:
    258.926
    Пол:
    Женски
    Читајќи ве се мислев дали да ја напишам и мојава приказна и на крај решив да ја споделам. Во брак сум скоро две години, пред да се земеме ги знаев условите за живот кај мојот дечко и јасно и гласно се разбравме дека нема услови за да живееме во делот од куќата што го имаат неговите од едноставна причина што е многу мал. Се договоривме со парите од свадбата и останатите претходно заштедени да направиме поткровје и да живееме сами. Во 5те месеци додека се градеше живеевме со неговата баба која беше сама. Јас сум прилично приспособлива личност и знаев дека сместувањето е привремено па ниту еднаш не кажав збор. По 5 месеци сето тоа заврши се преселивме во нашиот дом, свекрва ми секојдневно готвеше ние буквално кога се враќавме од работа со го земавме тенчерето и си ручавме. Она од време на време знаеше да се качи на кафе и по некој општ муабет каков што сме си имале од секогаш но никогаш некои интимни и лични споделувања. Јас така сум се поставила со почит кон неа каква што очекувам и од сопругот кон моите родители, а и нејзина а и на свекорот кон мене. Уште додека бевме дечко и девојка жената никогаш не пропуштила да ми честита роденден или да ме повика на слава како гостинка. Имаше еднаш обид од страна на дечко ми да глумам и домаќинка на една нивна прослава но јас му кажав дека ќе бидам домаќинка кога ќе му бидам жена-тука тој муабет заврши. За да не биде приказнава идеална јас пред една година ја изгубив работата а еден месец после тоа свекрва ми доживеа тежок мозочен удар и одвај остана жива но со тешки последици. Кога излезе од болница буквално беше прикована за кревет со изгубена моторика на екстремитетите и изгубена способност за говор. ШОК! Помош имавме од роднините недела две но оваа болест доаѓа за секунда а за опоравок требаат по се изгледа и години. Животот ми се сврте за 180степени, останавме сами со сопругот како изгубени германци со тешко болен човек, и знаете што се снајдовме...правам секој ден ручек никој не приговара каков е, а со тек на време стана одличен...заедно се грижевме за мајка му од на почетокот да и давам за јадење до сите хигиенски потреби околу неа! Никогаш не сум мислела дека го можам тоа но ете маката кога ќе тропне на врата не те прашува дали можеш или не. Фала му на Бога свекрва ми е многу подобра интензивно вежба веќе 9-10 месеци и се надевам до годишнината од немилиот настан ќе биде целосно способна да се грижи сама за себе а во меѓувреме ќе гледаме да и помогнеме. Во целава приказна неможам да ги вметнам емоциите кои ги доживеавме во изминативе месеци, имаше кавги, солзи, чуство дека ако го правам ова и ова уште еден ден ќе умрам, но со взаемна поддршка од сопругот мислам дека излеговме посилни од сето ова. Свекрва ми беше и е жена која ја заслужи целава нега, неможе сеуште да ми се заблагодари но понекогаш кога ќе не види со маж ми како налутени се сминуваме кај нејзе знае да ми ја земе раката да ми ја бакне и да ја допре до нејзиниот образ...има и добри свекрви мојата е таква и ја заслужува секоја наша помош.
    Инаку имам и јас мажени пријателки кои живеат или не со свекрвите и кога ќе почнат да ми објаснуваат дека се во состојба да се скараат за кило шеќер со нив не ми останува ништо отколку само да им ја сослушам "маката" и да сочуствувам со нив.
     
    На DELFIN-15, SexiLy, macence85 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Божица :x :(
    Се надевам сега сите оние кои мрчат за нивните свекрви заради де факто - тривијалности, ќе те прочитаат убаво и ќе извлечат некаков заклучок.

    Блонд, ааа па душо па ти си си тогаш виновна. Без љутиш ;) Мислам ок, форум е, испразни си ја душава тука ама мислам дека од твоја страна крајно не е фер тоа што им префрлаш на твоите свекор и свекрва за многу работи. Така да наскоро размисли си за таа можност за селењето кога веќе имате стан :)

    Исто во око ми падна, не се сеќавам веќе која феминка погоре си ја нарече свекрвата дебил, или можеби лошо прочитав :o
    Навистина девојки, не ве разбирам. Да почнам да ви кажувам какви психички тортури преживеа мајка ми од најлош степен со нејзината свекрва би се чуделе, ама ЕДНАШ ја немам чуено да се изрази волку лошо за неа. Можеби самата во себеси ја пцуела, но не дозволила јас како внука или татко ми како нејзин син да чујат билошто лошо за неа. И никогаш не и забрани да доаѓа. Баба ми си доаѓаше и татко ми кога не беше дома, мајка ми и отвараше врата но не и правеше муабет. Едноставно реши да пресече со нејзе секаков вербален контакт. Ама рече дека никогаш не може да и ја затвори вратата пред нос затоа што тоа е мајка на нејзиниот сопруг и заради тоа автоматски добива минимална почит од нејзина страна. Викам јас одамна - мајка ми е цар :bow:
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Јас ја нареков свекрва ми дебил....затоа што за ситуацијата која проба да ја предизвика, заслужуваше и шамар, ама јас ја нареков тука дебил, не пред син и, туку тука, на анонимен форум, каде бар јас пишувам онака како чуствувам во себе....оние кои се цензурираат или филуваат да изгледаат перфектни....нивен избор, а се повеќе форумот се полни со такви....

    A за мајкати секоја чест, браво за ситуациите во кои жените можат да ќутат, има такви ситуации, и мајка ми има страшни работи преживеано од свекрва и, ама јас немам таква намера...
    Но, она што сакав да потенцирам,е еден интересен еден факт....сите од нас кажуваме дека нашите мајки имале лоши свекрви, преживеале ова илии она, вака или така....едно знам, секоја паричка има две страни...сигурно да ги ислушаме бабите, ќе се изненадиме од нивните приказна....така свекрва ми, тешка омраза има кон нејзиниот починат свекор, и го оставиле сам и да умре, го примале дома само еднаш неделно, и којзнае неговата приказна за мојата свекрва какви би била, ама мажот ми знаете секогаш што кажува...леле дедо ми колку им правел проблеми, водел гости до доцна, пушел дома ....итн...а тоа го знае од мајка му...така и сите ние, ги знаеме работите како што нашите мајки сакале да ни ги прикажат....и не ме убедувајте дека сами сте виделе...жената секогаш има начин да ја прикаже ситуацијата онака како што сака.............

    И со должна почит кон сите, ама во оваа тема ќе дискутирам само со оне што веќе имаат свекрви, затоа што како што кажаа повеќето, сите сме мислеле вака пред да се омажиме....јас не мислев, горе доле си знаев, си знаев и дека и јас не сум цвеќе за мирисање, ама на мојата свекрва и преќутев повеќе отколку што некогаш сум помислила дека можам.....пријатно се изненадив од себе, затоа што пред брак некој да ми кажеше дека нема да и залепам шамар, затоа што се осмелува да ми се јави и да ми каже дека нема да одам на одмор, а маж ми ми уплатил, и да ми кажат дека ќе биле страшно лути ако ние заминевме за нова година за Италија, е тоа богами не би верувала....
    А кога и шетал газот низ Европа, и кога можеби се нервирале нејзините свекор и свекрва на кои на гробот не им стапнала тоа ок е.....епа мили, затоа не се скока, затоа што кога некоја кажува дека и префрлиле за болјерот, за ручекот, на мене за патувањата, за вас работата е...еј па и оваа, шо изведува сега, за ова ќе прави проблем....кога слушаш не изгледа страшно, и мене не ми изгледаше, ама кога го живееш, е страшно, и тоа колкууууу........... ;)
     
    На Anyshka, nela.oh, stilas7 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Божица, искрено кога го читав твојот пост се расплакав, БРАВО секоја чест многу добра личност си, прекрасна сопруга, прекрасен човек. Секоја почит, ретки се луѓето како тебе :bow: :'(

    Сакам да се надовразам на постот на Енца69, вистина е дека има подбицнување, префрлања и за патување и за работа, за ручеци и све и свашта. Ако почнат да се кажуваат сите работи и лошотилоци кои мене ми ги имаат направени и преречено до сега требаше или да бидам 2 м под земја или одамна да се разведам. Ама јас си реков посилна сум од нив (тука се мисли на свекрава ми и золва ми), попаметна и нема да дозволам да ме скршат. Значи имало и ситуации кога ми ја затворала вратата пред нос за да не им влезам во соба за да си прават муабет и тоа општи муабети рекла-казала, да си влегуваат внатре кога јас ќе се симнам во двор, кога ќе сакам некаде да одам зашто имам работа баш во тој момент и они треба да излезат, да си варат кафе, чај само за себе, да си купуваат доручек без да ме погледнат дали и јас сакам (а јас трудна), сум заспала отвориле прозор промаја да ме шиба, галама и пуштање музика во ниедно време а треба да станам за да одам на работа, забелешки во смисла колку си здебелена(после породување) син ќе те остави, во најголемата вруќина треба да одам на лекар а таа ми вика не троши пари за такси фати си автобус, да го молиш да ти го причуваат детето за да се избањаш, не ти стои убаво облеката срамота е да носиш хеланки???...мешање за поклони , за одење на прослави за годишнини...и многу многу други глупости, солзи, солзи ,цели реки... ;(
    Среќа моја што кога се ова му го укажав на маж ми ги седна и ги построи, да речеме ги превоспита, нормално се со фино, полека..без да некој се навреди. Сепак тие му се фамилија..
    И сега имаме препирки ама сега не се замарам како порано...Кога убаво размислив сфатив дека не се вредни за моите солзи, дека јас не сум се омажила за да ги трпам и слушам, да им изигравам слугинка итн. Си ги извршувам обврските онолку колку што можам и сакам, можам цел ден да се скапам од работа, а можам и цел ден да се излежавам и да си играм со детето. Мислам дека може да се најде заеднички јазик само треба многу волја, трпеливост и најважно подршка од сопругот. Морам да кажам и дека свекор ми е мед и млеко, до сега никогаш не сме се скарале за ништо, ниту сме се навредиле, имам преееголема почит кон него, никогаш не ми рекол не ама за ништо. Сепак не е се така црно, треба време да се навникнеме на карактерите и би требало по некоја логика работите сами да си се средуваат. :)
    Исто така сакам да и кажам на Блонд дека е во многу поволна состојба со тоа што си има сопствени примања, само треба цврсто да заземеш став и да им кажеш дека се што трошиш си плаќаш. И мој совет е АКО МОЖЕШ да ги игнорирач забелешките што те нервираат и да си тераш по свое, да не го напушташ сегашниот дом, со оглед на тоа дека чекате бебенце, секоја помош па и најмала на пр. бањање, причувување за да прилегнеш, да се истушираш ќе ти биде и те како добредојдена. Плус породилното кога ќе ти истече, ќе мораш да се вратиш на работа и мислам дека е подобро бебенцето да ти го чуваат дома отколку да го носиш во градинка, барем да причекаш да потпорасне две годинки па потоа да го пуштиш секако ако размислувате да оди во градинка. Поздрав до сите храбри снаи.
     
    На evangelina.ina и Annath им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    ^^Мајка ми не преќутела Енца, не е тип на жена која трпи и трае. Прозборела, пресекла, со две кратки и јасни реченици. Ја решила ситуацијата. Толку.
    Уметност е да се знае кога треба да се каже нешто а кога не, и таа тоа го знае.
    А нема да објаснувам до детали за тоа како и зошто, затоа што премногу ќе ја отворам сопствената интима и тоа за работи кои лично за мене се не баш најпријатни за прераскажување, затоа што гледав како мајка ми скришно плачеше заради свекрвата и не сакаше на никого да каже што и правела. И јас доаѓав и и ја гмечев раката за да и докажам дека ја сакам и дека сум со неа.
    Е во тоа е силата на жената. Да знае кога да стисне заби а кога да прозбори.

    Толку од мене на темава, дискутирајте си и понатаму за вашите свекрви ;)

    Само едно ќе кажам, дека ветрот дува од сите страни, не само од едната. Јас барем кога не се согласувам со некого, тргнувам многу пати најпрвин од себеси, се преиспитувам себеси и се обидувам да сознаам каде грешам во постапките а потоа ја обвинувам другата страна.

    Со среќа девојки и ви посакувам поубави односи со свекрвите и секако помалку нервози ;)
     
    На lolyta777, LivingGlam и Annath им се допаѓа ова.
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Има една реченица: кога јас бев снаа, свекрвата не чинеше, сега кога јас сум свекрва снаата не чини... :lol:
    И јас живеам со баба и дедо на посебни спратови. Мајка ми во толку години брак дали 5 пати и се има налутено на баба ми и секогаш вика, зошто да се карам со неа кога знам дека децата секогаш ми ги прибира, не треба да висам по телефони да се секирам, не му ја мислам дали сте најадени или облечени, кога ќе дојдам од работа си имам готов ручек и измиени садови...Да тука исто зависат и карактерите, а баба ми мислам дека е најдобрата свекрва и сите и се чудат на мајка ми како никогаш не се скарале.
    Јас со мојата идна свекрва имам најкоректен однос, здраво, како си, пријатно...Несакам многу интимност, а и дечко ми уопште не се замара со неговите, ниту па прифаќа нешто што ќе му кажат.
     
    На girl1985 и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Енца ти си ја знаеш најдобро ситуацијата, ама не е во ред да реагираш како да мора да си поддржана од сите жени во твојата одлука. Според она што го прочтав, не си ти таа што ја решила ситуацијата со свекрва ти - туку сопргот, и и покрај твојот удел таму тоа многу зависи од неговиот карактер и типот на човек. Во твојот случај, имаш одличен сопруг, не зошто си го ИСТРЕНИРАЛА туку зошто човекот си е таков што ти угодува и рационално трезвено размислува. Сепак, морам да ти забележам дека си арогантна на темава овде во форумов.
    Немам свекрва сеуште па ако не ти чини мислењево ради тоа, длабоко се извинувам, ќе го пастнам кога и ако се омажам.
    Поздрав.
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    ситиот никогаш не му верува на гладниот така и во овој случај...

    се надевам дафни дека исто вака ќе размислуваш кога ќе имаш свекрва и кога ќе ти гази по живци и да ќутиш и само убави работи да збориш за неа на форумов
     
    На Anyshka, lolyta777 и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Ако вака си ме разбрала, сигурно некаде во начинот на изјаснување грешам....затоа што нема никаква одлука која јас сум ја донела, а сакам другите да ме подржат, барем јас неможам да ја најдам во мојот пост, не наведувам ситуација во која ми треба подршка, туку го наведувам начинот, помалку или повеќе дрзок или праведен, на кој јас сум нашла начин да се справам во овие односи а да не бидам многу повредена, од една страна да се заштитам, да не бидам жртва и да цвичам секаде за тоа, а од друга страна односите сепак да останат коректни, да се држи баланс, за да еден ден немора да се доведам во ситуација целосно да ја прекинам комуникацијата со нив, затоа што имаат едно дете и не би било фер тоа.......
    Заклучокот ти е на место, за тоа дека не јас, туку сопругот ја решил ситуацијата, тоа и јас самата го кажувам под точка 1 :lol: ...дека самата можеш и да пукнеш обидувајќи се, ако сопругот не е тука за тебе,ништо нема да постигнеш.... а човекот е таков добри 60% поради мене, и поради тоа што знае дека се трудев да изградам сосема коректни односи, а и поради тоа што објективно ја просудува ситуацијата, секако со поголема наклонетост кон мене...
    и премногу сериозно ме сфативте за тоа дека нема да коментирам со тие што немате свекрви...тоа го напишав од една причина, поради тоа што до пред 7 месеци, и јас го велев истото, иако и ја знаев женава каква е, какво боцкало е, меѓутоа цел живот велев, ќе бидам другарка со свекрва ми, ќе бидам блиска, сакам да ми помага, да ме подучува....верувај дека тоа го велев, и секогаш работите ми изгледаа сосема поинаку од страна....сосема е поинаку кога си директен учесник, и дури сега го сфатив тоа....само од оваа причина го пишав тоа...како совет до вас...а не како некоја закана...
    и уште ова....не приметив дека сум арогантна на темава, имам напишано 3-4 подолги постови, кои се повеќе совети, за некој што ќе сака да ги примени, заклучоци донесени до сега, па само изложени, ако му покористат на некој добро, ако не здравје...нит солев на некој памет, нит осудив некој, нит барав да се согласите со мене, ни пак доминирам на темава, затоа што немам ни желба, а ни богзнае какво искуство за тоа...напротив, сите останати колку можам да приметам, скокаат со осуди и совети, без да се стават вистински на нечие место....
    Значи јас не поставив ситуација за решавање, не барав подршка....само најдобронамерни совети....ако звучело така јас се извинувам на сите :)
     
    На lolyta777, missperfect, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Жоел -читај ме пред да ме искоментираш. Не реков ништо убаво за нејзината свекрва, ни па знам дали ќе зборам за мојата, затоа потоа. Само не ми се допаѓа усмерената арогантност кон мислење на друга форумџика што не размислува како неа.
    И фала на убавите желби, ќе те обавестам дали ме живцира или не кога ќе ја имам.
    Ајде се најубаво. :D
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Енца ти симнувам капа на цивилизираноста и култивираноста што ја имаш . Извинувањето е прифатено и ти упатувам едно тебе...
    Ретки се тие што знаат да комуницираат на форумов, а ти си една од нив! :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    А Дафне само не те разбирам за ова, кон која форумџика јас сум арогантна?????????само не ми се допадна реакцијата дека јас сум ја кажала свекрва ми дебил, и тоа беше многу страшно претставено од Пирамитка...и притоа јас само и дообјаснив дека во тој момент и за таа ситуација сакав и да и влепам шамар, а пишувајќи овде за ситуацијата спонтано ја нареков дебил, така чуствував, неможев да кажам и мама ми рече вака и вака...кога ситацијата не е за така...така да кажев ќе беше лицемерно и глупо, демек свекрвичката моја вака и вака сакаше да предизвика проблем...тоа е веќе лицемерие...и јас затоа и вратив на Пирамитка, не гледам никаде арогантност, и незнам дали таа ме доживеала така....тука немжеме да го изнесеме целиот живот, онака како е, од она што можеме да напишеме во еден пост може и често да бидеме погрешно сфатени, па затоа и дообјаснив....чекај имаш време, ќе ти се смени мислењето, јас на 23 години има најголема желба да живеам во заедница со свекрва и се заедно да си правиме....ама не е така...верувај :lol: ;) :*
    п.с. сега го прочитав последниот твој пост...и само ќе допишам, да секогаш сакам јасни и чисти односи, не секогаш можам да го постигнам тоа иако сакам, ама еве и тука сакам да дообјаснам за да ме сфатите поубаво, ако не сум можела се убаво да прикажам во еден пост....голем поздрав до тебе, имај убав ден, па ќе ме бараш за совети кога ќе имаш свекрва :rofl:
     
    На Vivaforever му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Енца мислам дека си во право за многу работи и некои од твоите совети планирам да ги применам во мојот живот. Искрено се надевам дека оваа тема ќе остане место каде ќе може да си се пожалиме и советуваме ние кои имаме свекрви (мислам ако прочитам уште еднаш “ мојата идна свекрва е совршена и ја сакам како мајка, ама баба ми какви ужасни работи и правесе на мајка ми“ ќе се откажам од темава)
     
    На pufi-cufi, lolyta777 и enca.69 им се допаѓа ова.
  18. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Абе луѓе. не зборувам дека треба да си ги сакате свекрвите, не знам ни јас дали ќе ја поднесувам мојата, иако во моментов не ме засега тоа.
    Коментарот беше усмерен за комуникацијата на форумов. И пошто не се сфаќаме баш- се повлекувам. Не ми се исправаат криви дрини.
    Имајте убав ден
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Значи мојот случај беше кога му бараа на маж ми жена зошто јас не чинам,и тоа мојата золва и свекрва,значи јас се научив на маж ми од роднините,и потоа се уверив дека е така зошто и тие самите ми признаа,не знаате кој шок беше да го слушнат тоа мојте,такви моменти никогаш нема да ги заборавам,а цел стан каде што сега живееме го уредивме јас и маж ми ,сите си беа на одмор цело лето,и на крајта ништо не сме сработиле и муабети ќе си слушаш,јас прво се налутив и бев решена да си одам мислам да се оставам со маж ми,толку бев решена,што моите од дома ме спречија,немав никакви намери да останам повеќе тука,но кога и они разбраа што и како е работата од други ја добив нивната подршка,но не вреди да си растураш животот за некој,решив да продолжам,им простив иако ми беше тешко,иако во очи ми признаа за се,пребродив се,и секогаш сум со паролата не сум јас таа што треба да судам ,тоа го прави друг,еден збор што ќе кажам нема устата да ми падне,така продолжив им ппростив,иако на неколку наврати кога мајка ми и татко ми доаѓаа на гости они не доаѓаа да се поздрават се криеја во собата ,се криви,али чим они не се чуствуват они виновни јас не ги осудувам,иако сум плачела и ми е било мака зошто така прават,зошто јас така никогаш не сум била воспитувана,иако некогаш ќе се налутевме со брат ми после 5 до 10 минути се одлутевме,и мислев дека секаде е така поздрав на сите,никогаш не сум се обраќала со погрдни зборови ни на свекорт ни на свекрвата ни на золвата,ниту пак имам намера тоа да го правам,зато што нема да ми наликува на годините и на воспитувањето
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.338
    Допаѓања:
    114.044
    Пол:
    Женски
    Енца :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: Токму за тоа пишував порано.
     
    На Vivaforever му/ѝ се допаѓа ова.