vichy, темава има 600 и кусур страни, разлистај малку, види какви чудовишта свекрви има па размисли дали вреди да се жалиш што жената те погалила...
Не не од вакви како тебе да ти пукне чирот. Жената сака муабет да направи еј обичен муабет!!! Ама ти да си ми мене има одма да леташ од таму, не син не не син јас има лично како свекрва да те избркам. Ти не си видела мака, не знаеш што се проблеми. Јака му душа на маж ти што те трпи.
Не бе на некои снаи никако не им се погодува, ниту да ги тепаш ниту да ги галиш. Оди па погоди им! Нареден пат наместо да те гали треба да ти удри една со сета сила
ама што има воопшто да ме доприа бре,мајка родена мене не ме чепка а не оваа гадосија од жена ако може воопшто жена да се пише монструм што секаде се пика и кај што треба и кај што не треба,ама ве разбирам сите како што вие не ме разбирате мене и мене на почеток ми делуваше фина,добричка и се така додека не се дочепка да ми брца во резултатите од анализи на крв и да ми ги толкува и распрашува потоа,а да не коментирам дека не смее син и инсеминации да прави богохулие е тоа природно дете господ ќе ни дал лудача бре,него пишете си слободно ко што јас имам право мојата мака/мислење да ги споделам и сите си имате такво право .
Vishy,претеруваш,жената те гали и се грижи за тебе а ти лудача ја нарекуваш Јас си имав една потенцијална свекрва сто ме галеше но син и не ме галеше колку неа Подитно да се смени тоа турско ропство свекрви снаи,какви се тие мажи што се женат бе .Зборувам за случаи каде повеќето снаи се малтретирани псохички и физички.Нели е божјиот закон мажот ги остава родителите свои и се прилепува кон својата жена?Tие стануваат едно тело!
Fighter,цинизмот е отровен ,да,а блатантите навреди во пост веднаш под твојот, се во ред претпоставувам..Секој си комуницира соодветно на своето ниво...
со овој бес душо дете нит се рага нит се прави.џабе ке ти се инсеминациите ако ти душата најпрво не си ја смириш.под стрес и огорченост цвеке не можеш да засадиш а не дете да створиш.
Снаата си седи дома, ја ранат, ја појат, ја дотеруваат, ја галат и пак не чинат. Јадна женичка... откако се измачила со маж и` во туѓина за да спечали за син и` да има, заслужува ваква старост. Ама тоа е, не е се` во парите. Дете свое како што може да те зезне во старост, никој не може. И мислам дека малку е нејзиното мешање. Ако мојот син утре не биде доволно способен да стегне заби, да заработи сопствен кров над глава каде што ќе живее со сопственото семејство, и те како ќе му се мешам во превоспитувањето на жена му, особено ако седи дома и староста мора да ја поминам со некоја неблагодарна која згора и ме лае и за добро и за лошо. Ако јас не треба да се мешам во неговиот избор, нека си ја трпи сам таква каква што е. Никој не ме прашал дали јас можам да ја трпам, нели? Да, тие се виновни според мене, пред да се сфатиме погрешно. Виновни се свекорот и свекрвата. Наместо да се мачат финансиски да го обезбедат детето, требало да му обрнат повеќе внимание, да го одвлечат од одлуки за кои цел живот ќе трпи последици.
Vichy како така гадосија од жена? А кога те допира маж ти не ти се гади? Прашувам, дека тој е нејзино дете Па и да погледнала во резултатите не е крај на свет. За инсеминациите, има и за тоа решение. Не мора да и цртате дека сте биле на инсеминација или дека се спремате за истата, едноставно кажете и природно се фати и готово. И мене ми изгледа дека тебе никако не ти се угодува, нит со добро нит со лошо. А така нема долго да оди. Не со неа, туку со маж ти.
камо среќа мојата да ме гали нема ни а да речам. сите сме различни карактери може некогаш ни јас не сум и добра како што она знае некогаш да ми бркне во живец али среќа голема што имам големо трпение па се правам исто ко да не било од едно уво влева од друго излева. И да, можеби живеам во нејзиниот дом но кога веќе решила да ни го отстапи спратот тогаш не треба ни да се меша како што не се мешаат моите родители кои ни го средија спратот ни купија кола и пак си стојат настрана за ништо не се мешаат. Јас сум трудна и хормоните ми работат но никогаш не би се осмелила на трудна жена да и речам дека многу јаде и е предебела (патем што не е вистина за мојата висина сум таман, е стомак имам па 7месец сум жено уште еден човек носам во мене сигурно нема манекенка да бидам) и секоја вечер да ми кажува дека и било премногу топло кога ќе се качи кај нас на спрат, па мене не ми е топло несакам дасе разболам, и патем не ми ја плаќаш ти струјата. Но како и да е она нека си прави зборим ти ќерко сети се снао мене ми е сеедно ниту ме повредува тоа ниту пак се нервирам во такви моменти се правам како да не сум слушнала. А во принцип не е некоја лоша жена освен тие некои мали испади што ги има бог да чува од бетер, ама се зависи и од снаите како ќе се поставиш така ќе се однесуваат кон тебе
Можеби токму тука е проблемот - ако во твојата фамилија немало блискост, чудно ти е што некои други луѓе се осеќаат послободни со своето семејство. Тоа не зборува лошо за нив, напротив.
Vichy, ти си една длабоко несреќна жена и тоа го шириш околу себе... Ама не си несреќна заради мажот, свекрвата, свекорот, тие чувства кон нив се последица на таа беда што ја носиш во себе. Толку отров излезе од тебе овде сега, страшно... Освести се на време заради себе, не заради нив. Ти нив сите ги мразиш затоа што не ти ја дале играчката што си ја сакала, мислам, навистина ги мразиш . Не е ова нервоза, не е лутина, во тебе гори омраза кон нив, ама и кон маж ти. Што мајка дремеш уште таму, освен за бесплатната храна и облека? Јас да слушнам, да прочитам снаа што ја хранам и облекувам вака да истури отров кон мене затоа што сум ја погалила... верувај, за уши ќе ја истерам низ врата, а синот-сака нека оди по неа, кај сака нека оди, ама не би го трпела ова.
Тessie,секој збор ти е на место,за восхит си жено навистина.А и многу други девојки и жени ги искажаа своите мислења на темава,а во конретниов случај скоро едногласни се сите,ама тоа е,некогаш му доаѓа како истурање бисери во калта,ако на другата страна нема некој кој да се сепне и да размисли. Темата ја читам и кога ке наидам на нечие мислење кое ме згрозува,секогаш се запрашувам себеси-а дали некогаш јас слично сум постапила?И за жал,одговорот понекогаш е да-и јас од мува сум правела слон,и јас за ситници и минливи работи бескрајно сум се нервирала,и јас сум повредила некој кој во моментот или претходно сакал да ми помогне,и јас сум била неправедна,ама не и проста и зла.Ама за туѓото однесување,без проблем осудуваме,а за сопственото лесно наоѓаме оправдување. Затоа тука има репери каква не сакам да бидам,и гледам своите стари или туѓите грешки ,да не ги повторувам без потреба.
Добро бре жени. Јас реков свекрва ми да умре, која е патем само жив организам, биолошки, а човекот е одамна излезен од неа, и види, ми се скараа само две феминки оти сум рекла да умре веќе еднаш, и еден совет како подобро да ја раководам ситуацијата која ми ствара проблем, без разлика што јас ќе речам или помислам и каква безобразна или нехумана ме прави мене тоа. И да, и мајка да ми беше, поарно мртва отколку ваква. Кој видел - знае. Ама нема врска, доволно сум способна сама да го решам тој проблем(нема да ја задавам не викајте полиција), не дојдев ниту за совет со мојот испад, туку да дадам поента, има народ таму негде надвор со проблеми, кои и да дојдат до темава ќе се изгубат оти, чекајте УЗБУНА, тара тара тараааааа Вичи станала на лева нога!
Јас се си мислам дека Виши има фрустрации уште од детството или пак можеби поради тоа што во нејзиното семејство немало никаква блискост,ни галење,овде во новото семејство каде го има сето тоа,нејзе толку тешко и паѓа тоа што дополнително ја фрустрира и ја наведува на омраза.
imelda поентата на мојот пост беше да ти покажам дека е подобро што некој друг ги прави тиа работи наместо тебе зошто знам колку е да не речам гнасно е сега ке те кошта е ке кошта ама подобро е така ти ке си скратиш од тебе ако треба ама поарно да е во дом старечки А и друга алтернатива е да најдеш некој друг дом со поприступачна цена мислам дека грешка ме свати али нема врска за тебе
сте слушнале за личен простор кој не би било пожелно да му се нарушува на било кој доколку не даде дозвола за тоа?а кај моите си има блискост кога е моментота за тоа а не лигавење зошто жената е тотално забегана и се мисли дека е млада мајка на мали дечиња,ама буквално мајка која сега мене и син и на токлу години ќе не превоспитува т.е.со нејзиното однесување само ни го уништува и така бракот на стаклени нозе ама ете нека и е по нејзин ќеиф нели мама најдобро знае,а тоа што ја мразам криво ми е што е така ама толку ме има извреѓано во повеќе наврати,изиграно мојата најискрена доверба во неа,па на крајот на краиштата нит ми е мајка нит на ноктот на мајка ми може да се фати со нејзиното наметливо промислено понашање,не сум јас идеална и не се мавам во гради дека сум но си сакам приватност а не портир на врата и контролор низ куќа ама моментално ми е вака,кога ќе биде подобро се надевам нема да ме читате повеќе
А бе Виши, не сакаш да сфатиш и не сакаш... Мислам, што викаат, мене ни од џеб ни во џеб, за тебе се работи... Како сакаш прави, ама еве и ти и го нарушуваш нејзиниот животен простор, па те трпи. Не знам како не сфаќаш колку ниско си падната како човек-а бе лебот и го јадеш (за тоа арна ти е) и ја мразиш во исто време од дното на душата... Па оди си бе, жено веќе еднаш од кај нив, остај ги на раат да си живеат како им чини.
значи во старт на бракот да речеа моментално ќе живеете тука па после што сакате правите бидејќи ние кога сакаме ќе си доаѓаме и ќе ве вадиме од колосек(тебе снао повеќе зошто син ни сакал нејќел ќе му поднамалиме месечен џепарлак па ќе ќути и трпи)друго се ќе беше,ама они уште кај моите на барање за невеста кога беа си искоментираа еден стан дадовме за брат му и жена му и другиов за децава бидејќи моите рекоа ако немаат каде ние имаме куќа за ќерката што ја планираме па ако сакаат таму нека средуваат,ама мм далеку му било од работа,плус ете неговите можеле да ни ислезат во пресрет,иако фала им и за ова да не беа такви какви што се ќе се мачев со години во нефункционален брак вака подобро е со време што се појасни работите,инаку баш јас си купувам од мои пари храна е баш да не биде тој селски муабет лебот ни го јадеш.