Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Што трудење да се објаснува и разјаснува, јас не знам? Ова и за Виши и за сите кои пробале да и дадат совет. Не знам зошто не си ги превземеш работите во свои раце Виши. Наместо да седиш и да чекаш постови да реплицираш, најди си хоби, работи на себа, работа ако немаш почни да листаш да бараш, барем пополнувај си го времето корисно наместо во докажување. Среди си го бракот ако сакаш и гледаш иднина за вас и тоа е тоа.
    Време на претек и само филмови се прават у стил шта би кад би. Е баш тоа што не било , а можело да биде,се може да сруши.
    Памет во глава.
     
    На lovely-girl и SimonaTino им се допаѓа ова.
  2. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    Епа од кај излегуваат овие ненормалниве свекрви што ги читаме по темава, па од вакви снаи се разбира! Денес лоша снаа, утре уште полоша свекрва.. Штета нема свекрви на форумов да си напишат за проблемите со снаите на темава, кој знае што не ќе прочитаме. :fubar: Него друго ми беше муабетот..
    Многу снаи уште на почетокот на нож ги дочекуваат свекрвиве, им ги мерат сите зборови и постапки,
    и така се развиваат едни нездрави односи меѓу нив кои ќе носат само фрустрации и на двете страни.

    Јас мојата свекрва не ја познавав пред да решиме со сопругот да стапиме во брак, бидејќи имавме експресно кратка врска :) Меѓутоа во нашиот однос влегов со отворено срце и огромна почит кон неа. Прво и најосновно, таа е мајка на мојот сопруг! Таа го родила, го израснала, го воспитала и го направила да биде она што е тој денес - љубовта на мојот живот! Нејзе и заблагодарувам што создала ваква личност која ме сака и почитува, се грижи за моите чуства и не ме повредува, ми помага во домашните обврски и грижата за децата, е не го научила да готви, само за ова и замерувам :D И кога ќе видам колку го сака моето дете и тоа неа, срцето ми се топи. Господ да ми ја поживее!
     
    На lovely-girl, SimonaTino, Angel4eeee и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Vichy, читав што си напишала тука во темата и знам дека сум помала од тебе, сепак не можам да не го наишам моето мислење бидејќи се работи за дете.
    Морам да кажам дека според ова што го читам добивам впечаток дека ќе бидеш лоша мајка. Ако родиш дете нема да ти се решат проблемите, само ќе се влошат и патем зад тебе ќе остане истрауматизирано дете.
    Моментално треба да ти биде приоритет да се средиш психички а не да раѓаш деца. Мене ми изгледа незрело како покрај вакви сериозни проблеми ти си тераш на шала, ајде да се насмееме и раскажуваш за нешто ужасно. Нема смеење со такви работи а особено не со деца.
    Зошто не сакаш да се соочиш? Зошто избираш да жртвуваш толку многу од тебе, здравје, живци идна фамилија??
    Го пишувам ова од аспект на дете кое гледало како не функционираат работи во моето семејство.

    Патем сите овие работи што ги читам за свекрвите ме тера кон еден заклучок, тоа се жени кои се несполнети прости и кои немаат никакви други аспирации во животот освен менаџирање со живоотот на блиските. Ако размислам поубаво има смисла, така сме воспитани ние девојките, дека животот треба да ни биде сведен околу мајчинството, но ете коа ќе пораснат децата и кога ќе треба да си отидат нашиот идентитет си оди со нив, па така настануваат epic battles од снаа и свекрва.
    Во нас е моќта каде ќе го бараме идентитетот и сосема е океј да биде нешто плус од мајчинство како хоби, работа, партнерот пријателки итн. Мислам дека ова размислување е застапено кај многу жени и дека треба да се промени.
     
    На dushiche, baby-star, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  4. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    значи не ја можам...за жалење е,колку е психички пореметена...има плакар во дневна соба и го прередува и и сметаат моите зимски панталони кои btw она ми ги подари еднаш ги облеков и сфатив дека нит ми прилегаат плус се еден број поголеми ама според неа мора да пливам во нив а не да ме стегале :o и си најде изговор да ми се залепи во спална кајшто главно се врткам и да ми прередува по плакар кај ќе ги става,ај што буричка онака и текна и да правосмука,благодарам што помага ама не сум инвалид да не можам и сама,меѓутоа мора да се пикне да гледA што правиме во спланата преку вечер кога па и она нема право на пристап :tmi: инаку божји казни е заедница со ваква свекрва,навистина не можам да преречам за грижата околу храна што она се нафаќа да ја има,што мерак и е да ти купи/подари главно глупости по нејзин ќеиф ама она мисли дека ете баш ти треба да ги носиш итн.ама за сметка на тоа си зема слобода да се меша во сечија приватност,напаст тешка,мене едно не ми е јасно дали е свесна што прави или си мисли така треба да се меша кај што она мисли дека треба...еве јас тргнувам од себе куќата што моите ми ја дадоа ја изнајмувам на студенти и нормално еднаш месечно одам по кирија таму,ама ете дека е мое не си допуштам да им претурам по плакари кои нели се мои и да им прередувам кои алишта кај ќе им стојат демек да не ги оптоваруваат полиците итн.значи не знам како културно да и објаснам до каде и е границата т.е. до каде може да ми се меша во личен простор а од каде веќе нема право?или мислите невозможна мисија ми е тоа?совет,решение?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.792
    Пол:
    Женски
    Ејј споредба направи со кираџиите твои. :D Само со разликата што кираџиите твои тебе ти плаќаат кирија и сметки, плус ти го одржуваат станот, а тука ем ништо не плаќаш, ем ништо не помагаш, цел ден ги олајаваш на форум, ем поклони добиваш, ем маана на поклоните им наоѓаш.. Епа се` си доаѓа со цена, тоа сака да ти го порача свекрвата. Им ги сакаш парите и имотот на свекорот и свекрвата, поради кои упорно седиш, па уште сакаш катастрофален брак како твојот да се трудиш да го зацементираш со дете за да ги уживаш тие привилегии, епа ќе си трпиш. Туку ај ти што ќе трпиш, твоја одлука си е, ама утре невино суштество да трпи е навистина жалосно.
     
    На nena2010 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.999
    Пол:
    Женски
    Каков совет бре Виши, ти никаков совет не прифаќаш, велиш дека не сме биле во твоја кожа не знаеме. Ај вака да ти кажам што е реален проблем. Реален проблем е да ти ветат дека до Март ќе ви го отстапат спратот за да си живеете сами пошто нели сами е најубаво, а да дојде ете уште еден Март а од тоа САМИ ни С да нема. Реален проблем е да ти дадат една соба и да очекуваат во таа една соба да јадеш, спиеш, носиш гости, собираш прљав веш, кондури, цела своја имовина во два плакара од дома што си ги домкнала од детска соба, а врз нив сите твои поклони од свадба спакувани да си ги користиш еден ден кога ќе си останете САМИ. Реален проблем е да немаш право на глас, да се раководиш според тоа како ќе кажат ни повеќе ни помалку Чичо и Нина, затоа што нема здрава машка рака во твоето семејство па они како ќе кажат ќе живеат девет генерации во куќата. Реален проблем е да сакаш да направиш нешто а да не ти дозволуваат, тоа е реален проблем. Реален проблем е да се осеќаш ко во Велики брат да се наоѓаш, секој те надгледува, со мал прст да мрднеш ќе биде евидентирано, на едно влегување во кујна да ти се нацрта иако внатре за тебе нема место а камоли за две жени, да добиваш коментари како ти е рано за бебе, да ти коментира кога да го направиш бебето, пошто е нели плукни залепи, да коментира на секој твој потрошен денар. Реален проблем е мајка му да те жали како сирота ти син и дома не се прибира а тебе внимание ти треба а нему ништо од тоа не му го кажува, нејќе да се меша де. Е ова е реален проблем, и тоа на една единствена жена, и се случува цела година, не три месеци во годината.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.792
    Пол:
    Женски
    Ангел, и двајцата работите. Зошто чекате на нивниот спрат од куќа? Што не си одите некаде под кирија или пак ако веќе некој од вас исполнува услови, дигнете еден кредит откако ќе се опоравите? Ни лук јал, ни лук мирисал. А и мт ќе се смени, па после таква самосталност, ќе видиме баш дали нема да има здрава машка рака куќата. ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Само заради овие работи јас во никој случај не прифаќав да се омажам и да живеам со стари (без разлика дали мои или негови) под ист покрив. Точно е дека си скративме многу задоволства ама нема поубаво од тоа што си живееме сами со маж ми. Вака и свекрва ми ме сака и јас неа, се гледаме еднаш- два пати неделно, ако и побарам нешто секогаш ни помага супер ми е :) Жената на братот на маж ми живее во таа куќа и нормално само се кара и со мажот и се замерува со сите, нема мир и секој секому смета. Од една страна си помислувам колку и е нејзе полесно, секогаш има ручек кога ќе си дојде дома, со бебето немаше воопшто проблем сите и го чуваа, не плаќа сметки ништо, само за јадење од време на време дава пари... Можев и јас тоа да го направам, да си ги чувам за себе парите што ги даваме за кредит на стан, но НИКОГАШ не би се сменила. Затоа и си се сакаме и си се почитуваме со сите... :)
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    теси без навреда ама јас не сум цел ден на форум,иако интересен факт за тебе на се што пишувам а и другиве форумки нема а да не искоментираш,па види сега кој е на форум нон-стоп(иако не ме занима твоја работа но пред да осудиш погледни си малку во огледалцето по дома),инаку дели невино суштество ќе трпи не трпи не е твоја работа и не ме интересираше мисење за тоа,побарав совет како на културен начин да и објаснам до кај може/смее и неможе/несмее да се меша,но ок од твојот одговор сфаќам кон што целиш и благодарам за твоето мислење,но еве за тебе баш лично прашање што мислиш ти и да купиме заеднички стан со син и или под кирија или еве во куќата да заминеме некако мислиш кога ќе доаѓа на гости нема истото да го прави?(јас не верувам дека сфаќа што е приватност ако е син и во прашање она има право во се да се меша и одлучува независно што тоа ја засега сопругата на мажот)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.792
    Пол:
    Женски
    УУУуууу ама ме построи. Вака и по дома ли ги строиш? :D Како прво, ти да збориш за мое седење на форум е смешно :rofl:, мое мислење барем нема на секоја страна. :rofl: Ако не бараш совет, не не` замарај со твоите секојдневни згоди и незгоди. Не можат луѓе со реални проблеми да дојдат на ред од тебе. На многу од нас им се смачија овие извештаи секојдневни. Многу се опседнувате со свекрвите ваши, а сепак кај нив да живеете ви е најубаво. Епа сега, договори се сама со себе што ќе правиш. А второто мислење не беше за тебе туку за Ангел. Така што, не го мешај во твојата ситуација. И лани ми се ссна не само на мене, туку на многу други форумџики кои најдобронамерно сакаа да те освестат да гледаш реално на ситуацијата, користејќи се со ниски удари, па си рековме, „ај греота девојче се излажало па се разочарало“. Ама ти си била жена на 30 години. Со ваков антагонизам кон сите, не овие, ниту еден свекор и свекрва нема да ти чинат. Најдобронамерно ова.
     
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Исто...исто...исто
    Фала му на Бога и кај мене е вака
    Што ќе посееш тоа ќе жнееш
     
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ауууу...многу луд народ се собрал...
    Да умре ...ццц...ццц...и во дом ти смета? Сташно
    А ние во заедница? Да ги убиеме а? Дај некој предлог
    Хахаха,Бог да чува и да брани
     
    На Anyshka и miss.ella им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    Виши, ти си мазохист. Уживаш да те малтретира свекрвата. Затоа имаш кираџии, не одиш во твојата куѓа. Сакаш да си со неа.
    Како што маж ти те исфрли од дома, а тисакаш дете да му родиш.
    Мислам дека уживаш во сето ова.
     
    На tessie и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Абе Виши, не знам зошто уште пишуваш во оваа тема. Побара совет еднаш-го доби. Доби реални мислења за како феминките би ја решиле/подобриле твојава ситуација (велам ситуација зошто не е проблем). Побара совет за истата тема по втор пат-и пак го доби. После тоа, зар не мислиш дека кажано е се? Девојките ти кажаа како тие гледаат на ситуацијата, ти кажаа како би постапиле тие и тоа е тоа. Ти имаш право да не прифатиш, ама немаш право да ја труеш темава.
    Оди во темата испукај се, напиши си што ти лежи на душа, таму никој нема да ти реплицира-и волкот сит и овците на број. Вака не знам стварно зошто мислиш дека ако 100 пати го поставиш истото прашање, можеби одговорот ќе се смени. Ако не ти одговараат советите, тоа е, продолжуваш понатака како знаеш и умееш сама.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Ајде да разјасниме едно-киријата СЕКОГАШ се плаќа... дали со пари, дали со нерви, дали со приватност, дали со здравје, дали со кредит-секој сам си бира.
    Откако тоа ќе се разјасни, секој нека си одлучи без што може (без пари, без нерви, без приватност, без здравје итн итн), нека си избере и нека си живее со сопствената одлука без да обвинува други заради тоа.

    Благодарам на вниманието :bow:
     
    На Ariana.djm, NoellePage, Dentina и 13 други им се допаѓа ова.
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Најголем дел од проблемите снаа- свекрва доаѓаат со самиот негативен однос кој најчесто снаате го имаат спрема свекрвите.Самото тоа што е СВЕКРВА како да ги вади од такт.Иначе,мислам дека свекрвите не се толкави монструми ако им се погоди снајката и ги почитува.Мене ме учеле да ја сакам свекрвата-ако ја сакам ќе ме сака,што мислам дека е и точно во најголемиот број случаеви.Сепак тука е засегнат и мажот и он ќе се чувствува подобро.ќе гледа поинаку на тебе ако ја почитуваш мајка му иначе како очекувате да се однесува?Ова кога живеете во заедница е особено важно,што е тоа е.И денешниве снаи претеруваат.Имам еден пример мајката на мажот злато.Мирна,не нападлива,ги завршува обвските особено околу детете,го чува а снајката и се обрака со тетке,ја праќа книги за на факултет да и купува.Само сакав да дадам пример,некои ќе начекаат па уште и го злоупотребуваат тоа,епа крајот им се наоѓа.Ако чини зошто чини-ако не чини зошто не чини.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.568
    Допаѓања:
    174.899
    Пак снајка да се покаже!
    Што да се покаже,на кого,пред кого-пред старите?
    Абе она си се покажала и се покажува пред сопругот...
    Па ајде вака да гледаме на доаѓањето на снаата во куќата на свекор и свекрва-гости кога ви доаѓаат дома-домаќините ги пречекуваат,така?Домаќините се тие (старите)кои треба да ја прифатат снаата(не им е лесно ниту на старите-нов човек во куќа влегува,ниту пак на снаата-целиот живот и се менува)но тоа е знак на добредојде на новиот член на семејството.Нека прави ручек,нека чисти старата,нека и даде период на адаптација на снаата -да се навикне кое каде,како...секоја куќа си има свои правила,начин на функционирање.
    Еве на пример ,јас како девојка,она саботно-неделно „генерално бањање“ го имав во раните пладневни часови(долга коса имам,не ја сушам со фен).Кога се омажив,старата беснееше кога ќе ме видеше дека влегувам за бањање.Ми вели-и што сега,ќе се бањаш и цел ден коса ќе сушиш?Е добро де,што смета_ја прашувам.Изнаоѓаше 300 глупави причини да ме одврати од бањање,луѓеееее...де оди чисти,де оди ова,она...а после ја гледам седнала,избањата со витлери на глава и се смее,у стилот „те поебав снао,нема веќе топла вода,хахаха“.
    Прв ден после свадба,што се вели уште незнам кое, каде,како,ми се јавува на телефон и ми вели,земи со правосмукалката помини по куќата.
    Завршив јас тоа(одвај ја најдов правосмукалката кај стои) доаѓа она попладнето и ви вели,а изџогира?
    Јас ваква цела :sweat: .Велам не,дај да видам кое каде,како,средствата,ова,она....леле кога изврте со очите,ме преплаши-мислев дека добива некој срцев удар....
    Знаете,кога од старт не сте спремни на вакви непријатни ситуации,многу бргу ќе ви ја скршат кичмата,ќе ве стават во машина дека вие мора се да работите по куќа,а они се „командоси“
    Ама издржа стетоскоп.Повторно застанав на нозе,ја исправив кичмата.
    Сега не ебавам никој-добар ден,добро вечер...толку ....
    Е сега,добра сум била,вредна,се најнај,ама залудно,ја нема веќе старата стетоскоп.
    Па и никот ми е таков ,гледате,се да слушам,послушна,ха...
    Може да ми ургирате за промена на никот?
     
    На Anyshka, Glasna, forumka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    За разлика од други снаи на темава, мене жената никогаш не ми сметала, си живееше сама додека да заврши во дом. Оти одговорноста за нејзе падна на мене од тогаш, законски сум и старател фактички. И покрај тоа што она има ќерки. Па сега ти сметај што човек била да снаа и тера финансиска и секаква одговорност кога не може оваа сама да се гледа. Луда сум, да, да се нафаам на такво нешто, и не е ни за фала на син и кој го има изритано од домана 17 години. И види па чудо, не мрие од тоа што јас и посакувам да си умре за доброто на сите и колку пати да го речам, ни горе не ја сакаат очигледно.
    Предлог за вашите свекрви во заедница? Па сакајте си ги, чувајте си ги, што да ви кажам, не грешете душа како мене, посакајте им долг и најважно здрав живот, и да не ви се погоди да чувате зелка од човек дома или да праќате во дом.
     
    На tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.999
    Пол:
    Женски
    На темава ако не друго може да се прочитаат мислењата наназад. Не дека ја бранам сега Виши ама девојката ептен со широко срце ја имаше прифатено свекрвата, мила, фина, добра... Додуша тоа било дур не и е пред очи ама што е тука е. Јас мојата свекрва ја прифатив, додуша и уште сум на исто мислење и исто се однесувам, буквално како што се однесувам кон мајка ми. Првите денови дома се трудев и ручек да направам, и салати, па чистење, па се развредни снајка да брише прозори, прашувам а не добивам никаков одговор, ме гледа наопачки жената. Добивав одговор одмарај ти, има кога да работиш, сега остај на мене. Потоа муабетот пред тетка една беше дека и е незгодно, ќерка и не се фаќа за правосмукалка па јас да земам да чистам, да метам.
    Стетоскоп јас еве година ипол ќе фати уште малку како сум во заедница, ти се верува дека сеуште не знам некои работи кај стојат, се осеќам како на гости цело време. Првите денови запнав да чистам, да средувам, цело време бев нешто растрчкана правев нешто. Запролети сакав да избришам прозори добив коментар од типот остај ти, бриши си кај тебе, овде јас ќе избришам. Кога во една куќа има кај тебе кај мене, нема тука напредија, би рекла баба ми. Сите овде знаете колку широкоградо настапив кон заедничкиот живот, добив буквално по нос, од 5ти ко да ме удри саксија со цвеќе. Кога ти сакаш а некој нејќе да те прифати нема тука ништо повеќе од твоите напори за соживот. Сега се однесувам така како што налага ситуацијата, свекрва ми има захтевна работа и понекогаш ја разбирам тешко и е, нејќе многу да збори, јас ја замарам со прашања и муабет, ама ај кажете ми како да се однесува тазе снајка која дошла во куќа и никој не ја рецка, што да помисли. Затоа идилата во мојата глава замина, сега едвај го чекам денот кога заедницата наша ќе се сведе на двајца, дај боже тројца де :D
    Не е секогаш до снаата, не е секогаш до свекрвата, до двете е, до целото семејство и како ја прифатило е, ако едната зачкрипи џабе е се, ако едната влезе со негативен став како што рече феминката што ја цитирав прво, отишол соживотот, отишла заедницата. Да се разбереме јас сеуште не се жалам, не велам дека е неподносливо, не ми прави сопки никој, не ме закача, не ми се меша во соживотот со мм. Додуша соживотот со мажите е до самите мажи, не е до свекрвите, да се разбереме, ако мажот ти е асален човек, не подлегнува под влијание нема зима за тебе ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ангел очигледно вие сте си правиле муабетот дека кај и да е ти и маж ти ќе си се тргнете на свое. Значи од старт се знае дека оваа заедница како заедница нема да продолжи на неограничено, и многу е нормално свекрва ти да се однесува кон тебе како кон гостинка. Си има свое да му ја мисли за прозори и врати, и ти ќе си имаш свое да му ја мислиш, тоа ти вика едноставно. Оти макар на подолго, ама исто како да си и на гости оти тоа е тоа, нема долгорочен план да останете перманентни па да изнаоѓате начини на соживот. Затоа она, најверојатно и несвесно си „брани нејзиното„, не да се навикнува на ново па после вие излезете од дома па она ни по старо ни по ново. Кон син и подруго ќе и е однесувањето, оти секогаш и бил дома, ама разбирливо е тоа од твоја страна што нејзиното однесување те прави да се осеќаш доведена и неприфатена.
    Како што кажа и самата, најважниот однос си е меѓу тебе и маж ти, а додека се трпите и со повуци потегни со останата фамилија и нема расправии, не ви се меша никој во што е само ваша приватна работа, ич да не те прифаќа ни она ни никој друг по дома, свиркај си, маж ти те прифатил, другите нема кај да бегаат, ќе се навикнат ;)
     
    На tessie и AngelOfArh им се допаѓа ова.