Е тоа де Имелда, тоа викам и јас. Иначе планот беше прво да се отселат они, па после ништо од тоа не бидна се помирија дека ќе останат со нас, ама сега ние самите си се помиривме и решивме сами да се повлечеме. Иначе во моментот со прозорите немаше ништо од селење, тогаш они требаше да се селат не ние, па после пу пу не важи ќе си живееме заедно во соживот. Јас бев најмногу за тоа да живеам заедно со свекрва затоа што навистина ја ценам жената, прво и основно создала човек од маж ми, доволно ми е тоа, а потоа сметам дека е навистина жена која прошла низ сито и решето и успеала да ја зачува фамилијата каква што е, заслужува почит од мене во најмала рака. Тоа што отом потом работите се создале како што се не е крива и она, сепак не е семоќна. Ама дека не можеме не можеме заедно, и сама знае, ама не може ништо повеќе, навистина се труди ја гледам. Она има само една мана според мене која незавидно дали ќе бев јас, некоја друга или ниедна друга она ќе си ја имаше, конторл фрик е, сака се да помине низ нејзини раце, не дозволува друг да пипне и мора после се низ нејзини раце да пројде, затоа што така едноставно се осеќа сигурна.
мене ме интересира зошто само снаа и свекрва се дочекуваат на нож, зошто снаа и свекор не е така? Јас сум 1година тука и свекорот ми е душа човек на мравка не гази се што ќе посакаме јас и маж ми тој само ќе рече ако правете како што ви одговара јас колку можам ќе ви помогнам. Да не се разбереме погрешно јас не дојдов во куќава и да се правам дека сум најпаметна и дека мене се нешто не ми одговара, влегов со чисто срце ги почитувам ги викам мама и тато, правам ручек секогаш им симнувам и на нив доле, дворот го чистам, спратот си го одржувам е доле кај неа не чистам бидејќи самата ми напомена демек да не сум се мачела она кога може ќе си чисти, па добро нека биде така. До сега ни а не сум и пререкла ниту сум го повишила тонот а имало многу ситуации кога ми идело на цел глас да и се развикам но од пуста почит сум преќутувала или пак сум и укажувала од околу дека не е во ред тоа што го зборува. И сега пак јас сум лоша? Она ако си има некои нервози поради ќерка и не сме и ние криви па на нас да ни се истресуваш, маж ми се чуди каде е цела недела ја нема да се качи кај нас а порано нонстоп се качуваше, и мене ме прашува да не има некој проблем ете јас да не сум и згрешила нешто а и јас се чудам ниту а не сум и рекла. Сношти се качи имавме гости па се качи поради гостите а не поради мене, и направив кафе и ставив сок ја пречекав како што треба а што добив од тоа? Само едно циничко однесување, кога кажав дека свеќите од свадбата ќе ги носиме на младенци да ги запалиме во црква она ми вика па нели домаќини сте вие нели гости ќе имате за младенци или со гостите ќе идете да ги палите свеќите и ми се смее во фаца пред гостите. Сватив што сака да ми укаже како што прави последниов месец ама џабе и е ја искулирав и и реков дека свеќите ќе ги носиме наутро а гостите сигурно нема да ми дојдам уште во 8 наутро и ќе имаме време како прави домаќини да ги угостиме и нив. И после пак не вределе снаите? Нема врска секој си е различен карактер, и јас утре ќе бидам свекрва па со мојата снаа цинично нема да се однесувам кога ќе знам дека дошла од друга куќа одделена од своите најблиски ќе се трудам колку можам престојот во мојата куќа да и го направам попријатен а не да ја нервирам. Извинете на долгиот пост
Веќе долго време ве читам и прочитав различни мислења и ставови. Еве јас ке ви раскажам малку за мене. Не сум мажена, но живеав со родителите на дечко ми две ипол години и тоа во стан. Никогаш не сум имала никакви проблеми со нив. Тие се добри луѓе, никогаш не се мешале во наши работи и секогаш сме правеле тоа што сме сакале. Дечко ми работи но тие сами ја плаќаа киријата за станот и за јадење и не сакале да зимат пари од него. Се почитуваме меѓусебно и ако има било каков проблем го решаваме со разговор на мирен начин. Често сум размислувала за тоа што ми викале другарките дека демек сега сме само дечко и девојка затоа така добро се однесуваат со мене а кога ќе сме се земале подруго ке било. Епа јас не мислам така. Доволно долго живеевме заедно да си ги покажеме вистинските лица. Колку долго човек ке може да прави лице на некој што не го сака? Може со недели па и со месеци, но со години не верувам. Нивната спална беше до мојата се слушаа нивните разговори но јас ништо не слушнав да се каже против било кој. А тоа за викањето мама и тато на свекор и свекрва кај мене нема да го има. Јас мислам дека со тоа не се искажува никаква почит и тоа останало од времето на турците. Мамо ке викам на мајка ми што ме родила и доила а тато на татко ми што ме направил. За мене тоа е лице правење демек ај ке викам мамо на свекрва ми па повеке ке ме сака, па после може и коси да корнеме, битно народот да не слуша колку ние се почитуваме. За тоа сме разговарале и тие немат никаков проблем со тоа да не им викам мама и тато. Многу од моите другарки што се мажени викат мама и тато на свекор и свекрва но сите се со лоши односи со нив што дури се вреѓат со најлоши зборови. Јас не би можела да ја вреѓам мајката на мојот дечко колку и да е лоша. Па тој не паднал од небо, таа го родила. Може да се држам по настрана и да се трудам да не комуницирам со неа.Голема среќа што дечко ми има добри родители иако не живееме веќе година време заедно не би сакала да сум во лоши односи со нив.
Е тоа е проблемот. Од сите страни и во двете екстремности. Големите очекувања. Не може да си добиеме првичен заклучок за свекрвата дека ни` мисли како мајка, затоа што не постои таа жена која ќе не` сака како нашата мајка. Природно и општествено и секако невозможно. Од друга страна пак, само затоа што е свекрва, ретко значи дека по закон на нештата мора да биде монструм и страшна форма на човештвото. Туку, дека вистината е најчесто некаде измеѓу. Дека и таа е човек со своја судбина, со свои доблести и маани. Со свои слабости, па и негативни чувства. И најчесто свекрвите се од овој тип. Со своја фина, но и со своја помалку фина страна, како што ја има и секој од нас. Некогаш ќе се погоди баш нејзината улога на свекрва да ja разбуди добрата страна, некогаш онаа што ја чува црвениот со рокчиња и чаталче. И јас кога бевме на почетокот со маж ми, се воодушевив од гостопримството на свекрва ми, од нејзините муабети, од нејзиниот однос кон мене. Ама, како се вели, за гости секој може да направи лице. Дури и за гости дојдени на поседок нели? Јас сум била дел од заедница пред да станам нечија снаа, затоа и веројатно уште тогаш тоа ми беше многу јасно. И знаете што впечаток добив и до кој заклучок дојдов? Дека ја бива за чекање гости и дека е срдечен домаќин кој за добробитта на гостинот е подготвен на многу. Го сфаќам повеќе како одлика на нашата традиција отколку ли како човекова особина. Колку и да била фина и колку и да ми се покажувала со модерни сфаќања, со блискост кон мене, не ми паѓало на крај на памет да се опуштам со неа и да и` се доверувам или да не очекувам лошо од неа. Па мајка ќе ти згреши, лом ќе се направите, ќе те касне за срце и/или ти нејзе, нема да зборите, а не па свекрва која реално не ти е НИШТО. И заклучокот беше точен. Јас сум добра кон неа, благодарна и за доброто како и за помалку доброто кое пак, ме направило емотивно посилна во однос на нејзе и за кое ама баш никогаш не ми било криво затоа што така и и` пристапив од самиот почеток - очекував и добро и лошо. Сме поминале и добро и зло, никогаш не сум се расплакала пред неа. Ма колку и да ми било тешко. Никогаш не сум и` се поверила или пожалила од нешто. Затоа што не можам да очекувам дека лавот кога ќе огладне нема да ме изеде мене, само затоа што јас не јадам лавови. Иако, таа знаеше да ми покаже блискост. Токму поради мојот однос кон неа. А тој, ветуваше дека таа блискост нема да ја злоупотребам, затоа што и не верувам целосно во неа, туку сметам дека најчесто е онаа периодична слабост која сите ние ја доживуваме понекогаш, кога ете, на човека му треба човек и му треба човек во близина, а тој човек може во моментот да се погоди да биде дури и снаата. А јас бев снаа која ни доброто ни лошото не и` го земаше здраво за готово. Едноставно не ја мислев, колку и да изгледаше невозможно тоа во заедница. На отворени напади, соодветно си се бранев, на начин за кој ќе одлучев дека е најефективен и нема мене да ме направи виновна во очите на другите, а ќе ја погоди толку колку што таа сакала јас да бидам погодена. И крај на приказната. Таа е мајка на некој кој нам ни` е близок, но тоа не ја прави некоја која нам ни` е (треба да ни` биде) блиска. Сепак, таа е само туѓа мајка како што и ние за нив сме нечие туѓо дете, без разлика што сме блиски со нивното чедо.
Јас сум во одлични односи со родителите на дечко ми и мислам дека нема да имаме никаков проблем со нив.Таа не ми е ниту мајка , ниту свекрва туку ми е другарка.Секој проблем го кажуваме , заедно кафе пиеме и јас сум ЗА да живееме ние заедно немам ништо против.Жената е ТОП.
Причачемо мила, исто и јас викав и битка отворив кон дел од феминките, сега повлекувам секој збор. Ама не ти викам ништо, здравје ќе видиш. Оф постов ко јас да сум го пишувала пред 2 години
Ангел кога би имало снаа во нашата куќа ист би бил односот Веројатно свекрвата ти е од типот на жени- јас можам се сама . Мајка ми е таква , значи и мене не ми дава да фаќам нешто да чистам , да готвам ќе рече ај ти кај тебе остави ова на мене . Ако фатам нешто веднаш ми стои на глава и проверува дали правам како што она прави . Единствено кога не е дома можам на раат да зачистам и да зготвам А кога би имало снаа дома исто би било , не се замарај јас ќе исчистам остави ајде , кај вас фати . Не е дека се лоши луѓе мајка ми од старт си кажува дека живот во заедница не сака ниту ќе има оти колку и да се трудат и двете крајниот резултат ќе биде сличен на твојот . Си воспоставила ред и ритам на живеење , сами се бореле за свој дом со татко ми и лично сметам дека на стари години не е фер да и се нарушува . Фини сите ама сепак нешто шкрипи , шкрипи оти секој сака свој дом и свои правила и е сосем нормално, ќе биде арно некое време ама животот е еден за да цел живот бидеш гостин во својот дом . Чинам рече и двајцата работите , сосема е возможно да се отселите и не е фер да се лутиш оти не се иселиле ,крај краева не ви се должни ништо , финансиски независни сте може ќе биде тешко ама ќе се снајдете .
Абе луѓе мои драги. Времињата се менуваат и навистина е неприродна средината во која толку генерации делат ист покрив, па не за секое семејство, за секој член ако треба да има по еден спрат. Been there, done that, кога немало друга возможна опција и навистина не е едноставно. Некогаш тоа функционирало, како - самите си знаеле, но денес, мнооогу тешко. Штета што немаме ниту навика, ниту услови многу рано да стануваме самостални и нормално, тој што зависи од некој друг, а е доволно возрасен за да биде независен, не е природно да се чувствува добро во таква ситуација. Ама пак, ако не сака или пак ете не може да се помачи за таа самосталност... па се` си доаѓа со цена. „Зошто да трошам за кирија при куќа толкава на моите?“ Ова кај нас само го има. На запад се` младо е под кирија што се вели додека не се оспособи за повеќе (да си има свое) иако родителите им имаат куќи. Но, како што рече лајонес, се` си доаѓа со цена само различно ја плаќаме.
Едно е што ти мислиш дека нема да имате проблеми, друга е приказната кога би живееле под ист покрив. Малку ми е чудно да прочитам, 20- годишна девојка да вели дека нема ништо против да живее со свекрвата... Ме интересира, која ти е целта тебе во животот?
јави се откако ке и влезеш дома како званична снаа.многу како тебе тврделе па после фрлаат со дрва и каменја.прво скокни па после речи оп.
На запад е друго да , овде ретко кој седи со своите родители од кога ќе наполни 18г. или па да се омажи/ожени Свекрвами и свекорот си имаат куќа , голема за цело семејство. Ама да одам да живеам со нив не ми паѓа на крај памет .Тие пари што месечно ги даваме за кирија (700 евра ) не се малце ама барем си имам свој мир здравје кога ке почнам да работам ке подигнеме станбен кредит . Првите месеци додека бевме во потрага по стан за нас двајца после и за бебе , живеевме заедно . Јас учена од дома , да помагам безразлика каде сум , така и секојдневно и се нудев на свекрвата за помош. Женава си свати озбилно и секој ден ми задаваше се потешки задачи , денес ке го чистиме спратов *100 квадрати* денес ке пегламе итн ... не ми беше тешко и сл. ама јас си имав мака со притисокот не бев баш баш способна за толку работа , од кога бев дојдена таму куќата светна ... па нормално Бремена 9ти месец секој момент да се породам .... Незнам се си мислам женава си имаше на ум , како може да седи кога може да сработи нешто . Пример да го исчисти тоалетот и сл. Не ми било ништо тешко , ама па и криво ми беше . што гледаше дека не ми е баш арно и пак не ме оставаше без работа. Јас си трпев и броев денови до заминувањето . Сега имаме Ок однос , знамеме да се срчкаме за некои работи , пример околу детето , јас не давам благи она и нуди шлаг на малата и така .... Така да за свој мир секој на своја страна , па макар и под кирија .
Абе срцка,рано е да кажиш дека ќе бидите ок(доколку сте снаа и свекрва) Не зборувај од напред бидејќи и јас го имав твојот став,но излезе скрос спротивното Не е исто како во брак,верувај ми
И мисирот си мислел дека ќе оди на свадба.... и бил...ама печен пред кумот. Сфаќате што сакам да кажам?
првиот момент кога нема да имате исто мислење за нешто што неа и значи ќе ти плесне се што си и кажала во доверба,од искуство пишувам,внимавај што зборуваш,идна свекрва никогаш не може да ти биде пријателка така да си знаеш.
Што ви е луѓе, како може така да зборувате, од кај знаете каква е жената??? Сфаќате ли дека и вашиот маж може за вашата мајка вака да зборува, какво би било чувството? Па не се чудовишта штом станат свекрви, бог да чува! Ако до толку не ги сакате соберете си ги парталите и мажот и идете под кирија...
Не се чудовишта, ама не е свекрвата најдобра другарка, блиска пријателка и сл. Свекрва е (или ќе биде, сеедно). Тоа секогаш треба да се има на ум. Многу, многу интимизирање-не. Во такви ситуации се знае кој ќе го извлече подебелиот крај. Пристојност -да, културен однос- да, „леле ова времево...“-муабети- да Исповедување, интимизирање-НИКАКО! Најдобрата на свет да е-запамтете си-не ви е другарка, бе жени (девојки), туку мајка на дечкото (или мажот). Иако, некогаш, тие поитрите, ќе ви се однесуваат како другарки и тоа блиски другарки, ама најчесто за да видат со кого си имаат работа, да дознаат што можат од вас и за вас, ама ако е нешто што нема да ѝ се допадне...хмммм... ќе дознаете еден ден, ама не на убав начин. Оние пристојните, културните, ќе бидат со вас добри, ама со дистанца. И таа дистанца е добра, затоа што ќе ја намали прилично можноста за конфликти сега, ама и во иднина. И запамтете-колку и да е фина и добра, ако треба да бира меѓу вас и синот, нормално е кого ќе избере. Еве еден пример од мои блиски луѓе- свадба прават за синот, невестата трудна, роднини собрани кај зетов, ќе одиме по невеста... И зетов седнал пуши, молчи... Мајка му му вика онака мајчински „Слушај, ако се двоумиш, кажувај на време, дури не сме отишле“. Јас на тоа дофрлам „Е сега касно му е да се мисли“ , ама женава сериозна му вика „Не е касно, зошто, после полошо е да се премислува“ Сфаќате што сакам да кажам? Значи, тоа што невестата чека во венчаница трудна да се мажи не се зема како нешто ептен важно, поважно е како му е на синот (што, од една страна, е за очекување, ама од друга, на денот на свадба...). Си имате другарки (се надевам) и тие ви се за дружење и за блискост. Мајката на дечкото или на мажот не може да ви биде другарка. Точка
Li0ness тоа е тоа. Примерот е интересен, и крајно реален... Едно е почитта и добрата комуникација и добар однос со свекрвата/ идната свекрва, меѓутоа таа е СВЕКРВА. Ниту е чудовиште, ниту мајка, ниту другарка- што подобар однос со неа, толку подобро за вас, ќе ги избегнете главоболките... Но, сепак, малку ми е чудно како лесно доаѓате до тој толку близок однос? Разбирам да испиете кафе, можеби навистина имате заеднички теми на муабет, сепак сме луѓе, но да не заборавиме дека одредени релации, во овој случај снаа- свекрва, колку ние и да сакаме да бидат совршени, во некој момент можат да бидат многу назгодни, како во гореспоменатиот случај...