Сакав само тоа болдираното да го прокоменирам од моја гледна точка како машко. Сум ве прочитал за се и сешто за секаков тип на проблеми ,мн од нив основнаи и реални мн пак само измислени (проблеми ) што се наметнале НЕнамерно ... Секојдневно-то седење кај дечкото (не сум против но сепак почитувам одење во кино,седнување на кафе или ручек .... да не биде само дома како многу врски што функционираат) ,одење на заеднички прослави (домашни ,слави, свадби сл) си ствара некоја блискост што и не е толку добро покажано (бидеќи сите сакаат да се покажат во најдобро светло па си прават лице до немај каде (признале или не тоа е тоа ) или ете едноставно за некој рабти имаат различни ставови и мислења (а се чувствуаат непријатно да сменат нешто пред идната свекрва или снаа ) ) Треба да се разграничат малце работите уште во врската,сите ние си имаме некој мани но кога си со некој постојано заедно или се прилагодуваш на него или пак неможеш да го замислиш (мора 1 да доминира ) 3то нема (да не бидам контрадикторен но некогаш ради почит нели се прават работи без наша желба е тоа а она што подоцна прави проблеми во комуникацијата свекрва-снаа ... Кога ке се постигне она кој/а кога да се покори ке биде се супер ) Правењет на лице со формални работи од подароци за родендени 8ми март и сл ми е глумење на лудило и прикажување на лажна почит (или незнаење да се искаже тоа ) и (блискост) што во многу случаи се покажала како лоша (реално колу имате пишувано дека подарокот не ви е погоден или вие не сте и погодиле порадок ,па не ве поздравила и сл работи ).Не дека има некое целосно правило како треба но ете јас лично не би сакал таква врска каде со моите би имале блискост до тој степен ,сметам дека лошо ке се одрази понатака во нивната комуникација (свекрва-снаа ) .Нека се одвива се во некој фази каде ке се има кодекс .... за доброто на сите
Некој викаат свекрвата е лоша а некој е топ. Li0ness одлично си напишала и примерот ти е добар за да донесе памет на нас наивните девојки.Се сложувам со тоа дека не може да ти биде другарка затоа што навистина не може .Но сепак почитта кон идната свекрва е ок, со тоа добиваме можеби еден плус кај неаа и кај саканиот.Али што и се крие во мозок не се знае .Сепак на дистанца некоја е најубаво но од друга страна треба да бидеме тука за нив, да помогнеме за се што треба и да ја задоволиме на секој можен начин (пример: накит, облека а некогаш и ручек во ресторан,уплата во некоја бања;бонбоњера.) тоа може многу да и значи и само така верувам дека нема да видиме лошо од тие свекрви а и они нема да видат лошо од нас.Ако нешто не ни одговара тоа ке и го кажеме на културен начин топло и внимателно за да не се навреди.Нели викаат старите се како деца и лесно се навредуваат .Утре тука ке бидат за нашите деца и која нема да сака да почува внуче од својот син. .
Дволичен ми ги прочита мислите имав на ум да дадам идеја и машките да се изјаснат за ваквата комуникација свекрва-снаа и како сето тоа изгледа од нивна страна
Кога моите другарки почнувале да се доверуваат на девојките на другарите на дечкото (да не речам снаите од машкото друштво ), секогаш сум викала баталете тоа, еден ден ке раскине таа со дечкото или ти со твојот и тоа е тоа. Сигурно нема другарки да си останете (или една во три милиона може тоа). Сега кога сме малку постари и позрели, истиот принцип го пренесувам на свекрвите. Батали тоа, какво другарство. Јас ни со мајка ми не сум другарка, а не па со свекрвата, колку сака нека си е срцка жената. Ај донекаде разбирам кога некоја девојка е другарка со мајката, што и да се деси, мајка ти е таа, сигурно нема еден ден да ти плесне во лице. Ама свекрва? Абе ајде... Јас сум тип што мислам дека со никој не можам да се скарам, дека со секој наоѓам муабет, ама никогаш не сум чувствувала за потребно да пијам кафе со идната свекрва (ај кога ќе биде баш свекрва, би ја дружела, ама нема шанси да ја осеќам блиска како другарка). Не викам да ги избегавате, ама си имате другарки, таа е мајка на вашиот дечко/маж, и еден ден може да се разведете со две деца и таа пак ќе биде негова мајка, ама ваша свекрва/другарка нема шанси.
Јас можам да кажам дека со мојата свекрва имам навистина добар и солиден однос.Навистина немам поплаки од жената,стварно е срцка,доверлива,современа и никогаш ми се нема извикано или навредено.Мислам секако свекрва ми е не другарка за другарски муабет си ги имам другарките и за трчарење што не би можела да замислам да го правам со неа.Ама рака на срце жената ја почитувам ептен,стварно е многу грижлива и добра,ми помага кога може и со деца и со се што и да ми затреба.За совети знам многу често да ја прашам секако совети од типот како да го зготвам ова или нешто околку децата.Можам да кажам слободно дека јас навистина сум среќна што имам толку добра свекрва и што функционираме така прекрасно.
Оффф... знаеш јас колку викав така? Дај боже да грешам, дај боже стварно да се со свекрва и како другарки, ама да не се залетува многу. Се што треба е да побарате низ темава да видите како сум се жестела, јас за свекрва ми, рака сум ствала во оган Ништо нема од тоа девојки, бидете си на дистанца така ќе се сакате повеќе
Се согласувам со тебе, секогаш треба да има дистанца зошто се знае дека меѓу мене и синот секако синот ќе си го одбере, тоа е нормално. Не реков дека треба да сме другарки но секако треба се има нормален однос, а не очи да сакаш да и ископаш ко што читам од многу девојки тука.
а зошто да ја сакам(т.е. да не посакувам очи да и ископам)?секако пробав како што сум воспитана со почит,толеранција и си зема за слобода се да ми организира,прави како она што смета дека треба,додуша не и е лош вкусот со некои исклучоци тоа што уште живее во времето кога она имала 30,а сега има 70инешто ,потоа почна да се меша и кој мебел да купиме и кај да и стои,а нејзините крнтии од мебел на молбата на син и или да ги испразни или да ги тргне не ги чепка и дури му изреагира купи си синко со женати и одете си(не пред мене но толку викаше во дневната соба што и да сакаш не можеш да не ја чуеш од спалната),потоа јас кога и пререков дека се меша во се и сешто и мене ми рече купи си по пола со син ми и одете си(а кај моите светица изиграваше како дале стан за другиот син и овој да не е покус му го даваат станот,како не бе )потоа кога доктор не посоветува дека за бебенце ни треба инвф,и тоа и засмета со изговор таквите деца биле со дефекти и она си знаела длабоко во душата дека многу добра правела по луѓето господ ќе и подарел 2внучиња(сигурно истото и го трескала на другата снаа која ете ја 11години во брак абер нема од внуче,муабетам со неа што е нејзиниот проблем а лесен е и се надевам ќе и се реши ако се накани да се лекува,ама не свеки ја превоспитала да чека од господ да и падне дете ).таква лицемерка немам потреба да ја ценам,ја изиграла мојата доверба на секој можен начин,ме навредила и понижила и се уште го прави тоа но само 3дена уште а јас си знам следниот пат кога ќе дојде да и покажам кај и е местото како гостинка во куќава како и што е секој останат што ни доаѓа на гости.
Е арно рекла, ај што седите во нејзино, па уште кај тебе и кираџии си ставила да се осигураш дека нема да одите кај тебе да седите, уште да се мешаш како да биде уредено. Не е тоа твое, немаш право ни чаша да поместиш без дозвола од сопственикот. Арно ти рекла „преуредувајте си во ваше“, ама кој да ја послуша, од инает таму се живее. Епа сега и инает терањето си има цена. Ако ви дале некаде да живеете, не значи дека тоа престанува да биде НИВНО и станува империја на снашката.
Од една страна те разбирам за тоа што се нервираш за бебчето и останувањето бремена, а за другото мислам дека не си сосема во право. Штом си прифатила да живееш во заедница се знае дека мора да ги прифатиш навиките на луѓето што си живеат таму. Не може да очекуваш да се сместиш во нечиј дом и да ги построиш сите по твое се да прават. Ако сакаш ти и маж ти да сте газди во куќа иселете се од таму, идете некаде под кирија и никој ништо нема да ви зборува. Само ќе знаеш дека ручек нема да те чека кога ќе се вратиш од работа, нема да делиш или да не плаќаш сметки и храна, нема да ти исчисти никој ако не фатиш сама (не ме сфаќај погрешно, не знам како ти е моментално не сум те читала претходно, ама знам дека има многу вакви случаи)
се тоа убаво теси,ама ете јас живеам тука постојано,а они доаѓаат максимум по месец дена еве овој пат 3месеци испадна престојот и според мене нема логика да ми фаќаат место плакари полни со врска немам со што,некој си стари алишта што не ни знам дали би се носеле во иднина од било кој,ај искрено ми е гајле за плакарите,не сакам да влегувам во непотребни расправии со неа за плакари,ми пречи што многу е непедантна во кујна,расфрла ѓубре насекаде,сее влакна во чиниите,зошто има болна преокупација да ја чешла косата,има мало чешелче во џеб и извади исчешлај се ,еве откако е дојдена не си ја препознавам кујната,само нека оди да заличи на место што е пристојно за јадење,зема храна во не дупли,преголеми количини,фрламе,пика кај стигне по секоја фиока,а убаво ги поделив фиоките кој за што служи,само се бара празно место да се напика нешто,како не беше така кога дојдоа? ама ете јас разбирам дека е нивна империја и гледам да ја одржувам најдобро што знам и можам,ама она не може да испоштува да држи ред во кујната што душава ми знае колку дена ја преуредував бидејќи тоа што мама ми го остави во наследство(свеки моја мама )ни од далеку не личеше на кујна.инаку кираџии ставив зошто ми требаат тие пари да допринесувам во оваа заедница бидејќи останав без работа кога они ни дојдоа,а не дека не сакам таму да живееме,баш напротив јас сакам сопругот не сака едноставно навикнат е тука и блиску му е до работа од тука(иако главно му пречи терминот домазет и муабетите од околината ете како ја пречекаа снашката им избега,они се угледни луѓе на кои поважно им е што ќе речат комшиите отколку добросостојбата на младите).инаку мене ми е криво што кога дојдоа кај моите за договарање за свадба/идно живеалиште тогаш се окапаа фалење како се толку имотни што за едниот син стан обезбедиле и еве и другиот да не е покус и за него овој стан го планирале,инаку мене не ми е дојдено ни до имотот,ниту ништо од нив,си имаат се труделе да заработат со мерак да си трошат,уживаат како сакат,но ми пречи што мислат и се однесуваат дека ако материјално имаат вредат повеќе од сите и најдобро они знаат и се мешаат и кај што е потребно и кај што не е потребно(инаку не сакам да се фалам моите имаат материјални добра но никогаш не не воспитувале тоа да ни е најважното нешто со кое ќе се гордееме,бидејќи пари се трошат сега имаш утре може ништо да немаш,моите на друг начин го спроведувале воспитувањето кај мене,не сум идеална,ама барем не се плашам да искажам мислењ и да се тресам на тоа што ќе речат моите,ја имам слободата да имам личен став колку и да е погрешен за разлика од сопругот )
Ама НИВНО е. Не значи дека ако они повремено доаѓаат дека е помалку нивно и дека треба да не си го препознаат местото кога ќе дојдат. Како што не значи дека е помалку твоја куќата кај шо си стаила кираџии зашо идеш еднаш месечно. Не е ред, никаде, па ни тука. Вие самите сте си се нафатиле на живот во такви услови. Сакате живот во ваш стил? Епа тоа ќе ве кошта од ВАШ џеб. Сосема фер. Безобразно е, но им се може. Вие мислите ќе се ќуфнете во фотеља со туѓа пот створена и ај, командата магично преоѓа во ваши раце. Не е тоа така едноставно. Секого го боли за своето. А тоа што се фалеле, такви се постарите, си ја фалат куќата од која синот им зема невеста. Сите така велат, ако на тие срдечности веруваме... ехее...
chache87 никогаш не планирав да живеам во заедница,затоа како што пишав претходно криво ми е кога дојдоа за невеста да ме земаат од кај моите моите кога чепнаа тема за живеалиште и најдобронамерно се понудија куќата за мене што ја планираа како наследство да ни ја дадат,овие одбија со муабет имаме ние за едниот син стан обезбедивме и другиов нема покус да е има и за него,и претежно сами живееме,но неговите родители доаѓаат на гости и тогаш мајка му главно претерува,чепка по сите фиоки,плакари да види што кај ни стои,чепка по документи,резултати од анализи здравствени,документи,се,ја растура цела кујна,ја окупира дневната соба гледајќи ги сите серии и репризите попладне,едно добро е што навистина се труди околу храната,ама каква е кујната и тоа што го остава наоколу ми ја прави храната одбивна(дури подослабев некое килце ),таква е тежок карактер ко што пиша некоја форумка контрол фрик,мора се она да провери,прочепка,направи за да е како што треба според неа
Сакаш да кажеш дека живеете одвоено и ви доѓаат само на гости? И кога доаѓаат прави вакви работи???? Е тоа е веќе сериозно Јас би ти рекла да зборуваш со маж ти тој да и каже што смее а што не смее да прави таа кога доаѓа на гости, ако сте веќе сами треба да имате приватност. Ако те поддржува тој и и се споротистави таа може да го послуша него, тебе никогаш нема да те послуша само ќе терате инат. Ти кажувам од искуство, јас са поделикатни работи и кога не се согласувам со неа секогаш го праќам мм, нему и да му се налути ќе му се смири и ќе заборави, мене не би ми заборавила. Тоа е природата на нештата и многу сум внимателна за тие работи, затоа и си се сакаме
Vichy те читам некое време веќе и не можам да разберам, зошто ништо не менуваш? Очигледно е дека не си среќна. Животот така ќе помине, а ти ќе си останеш огорчена. Ако нешто не можеш да измениш, која е поентата упорно да се трудиш? Колку и да сакаме, некои работи не зависат само од нас.
Колку пати сме и` рекле да ги преземе работите во свои раце? Што добиваме како одговор? „Ја не дојдов за совет, дојдов маката да си ја кажам, не е којзнае што.“ а се наоѓаше и по некој “досетлив“ коментар за нас што советуваме. И навистина не знам како веќе да и` кажеме дека местото не и` е во таа куќа и крајно време е едни со други РААТ да се остават.
Секако на самите нас ни останнува одлуката за сопствениот живот и како ќе го проживееме, ама кога толку многу луѓе ти пишуваат дека нешто не е во ред, значи навистина не е во ред. На форумов барем никој не се труди да те зезне, да ти мачка очи дека утре ќе биде подобро. Џабе ти се и 300 куќи да имаш, кога од маж ти не го добиваш тоа што ти треба. Тргни ги на страна другите, остави го само маж ти, дали е истиот? Дали си ти истата, ги имаш ли истите чувства, прврзаноста? Дали те исполнува? На возрасни луѓе карактерот нема да им го смениш, навиките, сфаќањата... Сфатив дека животот е навистина краток и времето буквало лета, не вреди да се троши залудно. И наместо да ги напаѓаш форумџиките кои што одвојуваат време да ти помогнат, треба да им кажеш „благодарам“.
Аман vichy си слушнала за клуч? Собери ги сите поважни документи, стави во фиока и клуч. Така нема да ви претура резултати и здравствени документи. За бебенце ич да не ја слушате. Ако треба ин витро одете додека е на време, не чекајте. После можат да се јават поголеми проблеми. А неа за оваа работа ич да не ја рецкате. Мој совет. А се прави ли нормален муабет со женава? Ако можеш седни објасни и дека така како што си ја организирала кујната е подобро за двете, се ви е на дофат, средено, организирано, секое на своето место што се вели. Или речи и дека додека е тука не мора да се мачи да готви, дека ти ќе го правиш тоа, она да се осеќа исто како гостинка (ама ова да не ти го сфати погрешно), да не мора ништо да работи. И така си дома, не одиш на работа (ако добро разбрав). Не и оди контра, пробај вака на мирен начин.
Работата е што ќе ја сфати погрешно, затоа што таа убаво и` рекла, ако сака да се живее по нејзин терк нека биде надвор од нејзина куќа. Многу јасно дека во свое не се чувствува и не сака да се чувствува како гостинка. Е тоа оди во комплет и со тие некои нејзини манири кои навистина не се на место, но, секогаш постои опција кирија кога веќе и двајцата имаат приходи.