Знаете дека потекнувам од нефункционално семејство, ама физичкиот напад никогаш не бил во игра кај нас. Не дека психичкото малтретирање е нешто помалку болно од физичкото, ама да бидеме искрени, да дошло до тепање сигурна сум дека нема да сум оставела на судбината, иако дете во таа фамилија сигурно ќе сум направела нешто за да се смени ситуацијата. Денес на сета таа кампања против семејно насилство, на сета таа свест кај луѓето не дозволувам да бидам физички малтретирана. Мислам дека еден шамар е вреден колку една планина кај млад брачен пар, треба убаво да размислите пред да одлучите што и како понатаму. Стефанели изборот е твој, или ќе бидеш умна и ќе јас вртиш оваа ситуација во твоја корист, или ќе останеш поситна од маково зрно и ќе направиш поголема штета од досегашната. Можеш сега мажот да го направиш според твој калап, но немој никогаш да му го набиваш тоа на нос и кога треба и кога не треба. Јасно е дека ќе се вратиш, но немој да го злоупотребиш тоа сега, немој по секоја цена да спомнуваш како те удрил, биди мудра и мери ја ситуацијата пред да пресечеш. Очигледно е дека маж ти сфатил дека погрешил, иначе не би ја испраќал мајка му толку далеку, а кога ќе се врати ако не те затекне дома ќе биде нејзин ќеф, ќе го смета тоа за своја победа, затоа многу мудро мисли сега за да не се вратиш уште поназад со оваа ситуација. Имаш два излеза од ова, или со паметни потези ќе му дадеш до знаење дека не си заборавила дека те удрил и дека си тука само заради вашата љубов и неговиот избор да ја тргне мајка му на страна еден период, или ќе направиш да се покае што те побарал повторно и што ја испратил мајка му за да се обиде да го спаси бракот така што секојдневно ќе му повторуваш дека ете ти си тука бидејќи си многу добра, дека те удрил и слично. Меч со две острици, јас би го избрала првиот излез
Извини Ангел, ама тука свекрвата не е ич крива, барем според мене (можеби сум грешка ). Сепак, не е свекрвата таа која ја удрила стефанели, туку нејзиниот маж, оној кој требало да биде потпора нејзина во добро и во зло. Не му е првпат како ја бранел мајка му. Јас искрено не би ја советувала да ја искористи ситуацијата за да манипулира со него како со кукла, затоа што ќе стане исто толку нечовечна како и тој. Можеби сум будала, но сум за тоа колку што се може во секоја ситуација да ја задржиме човечноста затоа што во спротивно, со кој образ утре ќе се буниме за туѓата нечовечност? За многу работи знаеме да удриме по свекрвите, а притоа да ги мазиме мажите кои се во дел од ситуациите и самите виновници. И добиваме, не мамина маза, дупла маза, ем од мама, ем од невестата мазена.
проблемот е меѓу тебе и сопругот,независно за што сте се скарале т.е.во случајов проблемот бил свекрвата,утре друг проблем ќе има,лоша е неговата реакција,сепак заменете се,замисли си ти на негово место да беше дали и ти не би постапила како него т.е.прашањето ми е што ти направи за да он изреагира со физичко насилство и дали ко ти што се постави кон него во таа ситуација ако тебе некој би ти се поставил дали и ти би изреагирала како него?не оправдувам физичко насилство,но некогаш ние жените претеруваме ама буквално претеруваме.ќе му се вратиш,ќе оправите работа,но дали ќе бидеш спремна да ја толерираш и понатаму свекрвата кога ќе се врати од црна гора?читав какви ви се односите со неа и дека со првата сопруга разведен е твојот сопруг заради однесувањето на мајка му и знам дека не ти е лесно воопшто,но проблемот е меѓу тебе и сопругот,јас и минатиот пат ти пишав не гледам ништо лошо таа да замине на долниот кат,а вие да продолжите да живеете горе,но мора да имаш подршка од сопругот,а не да одите во екстремни ситуации кој кулминират со физичко насилство.значи проблемот е меѓу вас двајца и ви посакувам да го решите во ваша корист т.е.да ја тргнете свеки од вашиот живот и да си посветите време на вас 2ца,да видите како можете да го разубавите вашиот заеднички живот.инаку многу те разбирам како ти е,ама мора да знаеш што сакаш во животот и плус да не се откажуваш во остварувањето на посакуваното.
Tesi ne si me sfatila, bas toa mi bese muabetot, da ne go zeme ova vo nejzina korist i da pocne da.go ucenuva soprugot so ovaa situacija. Svekrvata ocigledno e lev tip, ama pa problemot e niven, toj se resil da ja udri, toj ja krenal rakata, ne svekrvata, ne nekoj drug, problemov e za vo Semejno nasilstvo ama ajde. Sakav da recam svekrvata vecno nema da ostane, koga ke se vrati da ne ja napravi polosa rabotata feminkata, toa ja sovetuvav. Dela ke se vrati jasno ni e na site. Se poveke i poveke semejni prikazni zalicuvaat na eftini filmski scenarija, ama sto da pravime?,makata na sesto ke te natera, ponekogas se prasuvas morase.li tebe da ti se desi seto toa, ama najcezto sami sme krivi, si ziveeme vo nekakva utopija i ne sakame da ja prifatime realnosta. Malku zabegav, izvinete za latinicata i greskite, od tel sum.
Сериозно вака размислуваш? Што таа направила да ја удри? Браво бе. Нема оправдување за шамари и тепања. Готово. Кој еднаш удрил пак ќе удри. Врати се на таков како да си му рекла Вреќата за бокс се врати, повели. Размисли малку.
Ептен убаво размислуваш Виши Spoiler изгледа се тепате со маж ти дома постојано ... кај и е тешко на Стефанели по сето тоа што го проживеала, уште и пишуваш дека сигурно претерала со нешто! Нема оправдување, убаво напиша Теси погоре, штом еднаш кренал рака, пак ќе крене. Стафанели, убаво е да сакаш некако, ама за возврат треба да бидеш сакан со иста мера. Маж ти можеби се кае сега, ама кога ќе му помине што ќе биде? Мајка му ќе се врати, па после пак истата песна, да? Ти пишуваше дека твоите ќе ги разочараш ако се разведеш, ама зар сега не им се кине срцето да те гледаат таква? Самата најубаво си знаеш секако, само пред да одлучиш што следно, размисли што сакаш ти, а не што очекуваат другите од тебе.
Oддамна ме немало на темата,што не значи дека сме ок Конечно ги фатив со золва ми како трачараат за мене.Телефонски.Варев кафе во кујна,а вратата од дневна отворена.Маж ми викна по мене му звонел телефонот да се јавам,и јас излегов -она си мислеше дека сум на телефон,али јас се вратив да го доварам кафето,кога има што да слушнам! Влегува маж ми во дневна,и она му вика-Па каде е Е? И он и вика па еве ја вари кафе.Она се пресече и затвори телефон,дотрча да се увери дека сум тука. И се смее ко ненормална -ееее шо правиш тука ли си,на што и одговорив-За твоја несреќа тука сум,а сега слободно дооговарај се со ќерка ти.Женава се сплетка,почна да се губи и јас само се свртев и и реков-Слушнав се. Она се изгуби и ќе се онесвестеше ,поготов што маж ми и свекор ми исто влегоа во соба.И го лупнав кафето пред нос-и и реков барем кога сум тука стрпи се,па после ќе надокнадите со ќерка ти,не ти личи возрасна си-засрами се! И си излегов. Маж ми по мене што се десило,му раскажав па он и влезе,ама она само изгубено седела и ќутела. Потоа си заминавме накај Ск.и веќе не ме занима. Вака ми е помирна душата.Оддамна се осеќаше нетрпение меѓу нас,ама си правевме лице. Сега знам дека ова не е по моја вина,и дека да зборуваме повеќе и да глумиме лудило.
Браво за тебе поубаво не си можела да и го треснеш.Ти честитам на храброста и искреноста.Убаво си ја засрамила.
Луѓе скршена сум од болка. Имам и претходно пишувано за мене и моите проблеми и караниците и ударите на маж ми, проблемите со свекрва ми, а сега уште еден проблем ми надвисна на глава. Моето дете има само 22 месеца , мало и темпераментно, некни го удри едно помало дете со рачето но не силно, тоа дете ниту заплака, но свекор ми кој во тој момент беше до него му удри толку силен шамар што моето зајде од плачење, образот му беше жежок , целиот црвен бидејки со цела рака го удри, машка сила, и дури утредента му беше црвено. бевме на една веселба , имаше и други луѓе, изреагирав и му реков налутена зошто го удри толку силно, не одговори ништо, па дури и золва ми го подржа , требало да го удри. Па не му ги извади очите на другото дете, па да заслужи таков шамар. И викам еве и да го удрел ама по газот или рачето, ама таков шамар ни јас немам добиено во животот. Утредента отидпв кај моите и два дена седев таму, му реков на сопругот дека ќе го оставам ако уште еднаш се осмели татко му да го удри моето дете. Свекорот наместо да се каел се ооправдувал зошто го удрил. Никогаш нема да му прозборам миту да имам доверба во него. При крај ми се сите нерви, бракот ми го растурија и свекрва ми па сега и уште еден насилник да трпам не само јас ама и син ми да трпи плус , не можам да помислам. Се вратив и му реков на маж ми и свекрва ми дека ќе го пријавам во полиција ако уште еднаш го удри син ми . Рекоа немало да се повтори, вака , така но јас немам доверба , се скрши се во мене, ми го извади срцето со голи раце и ми го здроби таму пред сите луѓе тој насилник. Не знам што друго да правам, ве молам советувајте ме.
A зошто повторно си се вратила назад,ако поминуваш низ таа голгота ,а сега и си свесна дека се пренесува на детето???
не знам ни јас зошто, морав да се вратам на работа, бремена сум уште три недели ќе земам породилно, после тоа и планирам да одам кај моите и да видат дека сум сериозна во намерите дека ќе си одам. Сега седам и се тресам, свекрвата го чува син ми а не можам да поднесам , знам дека и стариот ќе дојде после, се тресам,ќе се онесвестам. па дурио свекрва ми го брани сабајле , вика па тој му е дедо. И реков дека нема право повеѓе од мене, јас ссум му мајка и никогаш не сум го удрила, па не некој друг. уште повеќе се нервирам што се бранат. затоа барам помош, не знам што да правам.а знам и не сакам да бидам тука.и бебето во стомак ми е вознемирено. знаат и свесни и признаваат дека сум добра мајка и се грижам најдобро што можам за син ми и пак ме негираат, си зимаат за право пред мене да одлучуваат за нивните постапки во однос на мене и син ми.
Како прво ЈАС не би им го оставила детето па што сака нека биде , нема да го видат ако уште еднаш го допрат со рака. Свекрвами исто ја има удрено малата по газе кога беше мала , тоа и беше прв и последен пат . Сега на секое гледање мажми ја подсетува дека не смее да крева раце над малата . Тоа уште ми е како траума останато , ние до сега не сме ја удриле малата а и не планираме . Строго сум против тепање, покажуваење сила врз деца , па макар е и обично удирање по газе или раче . Свекор ти реагирал бурно , иако не ни треба во такви моменти да се меша , се знае ако треба а реагира некој тоа се Мајакта и Таткото ,а не дедо или баба ... Треба да им дадеш на знаење дека за твое дете одлучуваш само ТИ . И твоето мислење е последно. Ние така функционираме , јас и мм одлулучуваме за наше дете , баба и дедо се тука да ама ако треба да се одлучи за нешто прво нас не прашуваат . И сега ако не ти е убаво детето да ти седи кај свекрвати , земи си го кај тебе . Јас сум исто бремена во последните недели , напорно е со притисоков низок и ред други проблеми , ама детево е до мене. Јај си ја чувам сама , мм на работа .Баба и дедо за викнед само ги гледа и така ...
Вашиот свекор без разлика што му е крв, нема право да крене рака на вашето малечко, ни кога му бил татко нема право на такво нешто, кога е на таков начин и во мера која ја преминува границата. Разговор со вашиот сопруг и авторитетно да застани заштитнички кон вас и вашето дете, тој створил фамилија и вие детенцето и тоа малечко кое е на пат треба да му сте приоритет во животот, разговор темелен и да седне и да си разговара со родителите, на крај краева доколку сте во можност делба од нив, па макар и под кирија, најдете начин и пробајте да си го спасите бракот, не со бегање кај вашите, ако вашиот сопруг ве подржува подобро најдете си мир и спокојство подалеку од нив. Да сум на ваше место би го пратила малиот во градинка, кога немате доверба во неговите родители, не го оставајте покрај нив само. И не се секирајте за секој проблем има решение, решението е секогаш со убав разговор. Најдете го најдобриот начин за вас и вашите малечки и обезбете им хармоничен раст и развој, сигурна сум дека сите родители го посакуваат тоа за своите најмили и со добра ажурност се може да се успее.
Tи ова што го доживуваш ни од блиску не изгледа нормален живот,не пак брак.Bо страв да си ги поминуваш деновите и годините е многу,поготово во ваква блажена состојба,каде што не е добро нит за тебе,нит за бебето што пристига,нит за веќе роденото дете,немој да чекаш додека отидеш на породилно,до тогаш можат да произлезат уште повеќе проблеми и нервози,некако луѓево ми изгледаат како да живеат во дисфункционална средина,не дозволувај и тебе да те повлечат да мораш да живееш така,биди присебна и разумна и одиграј најдобро што можеш за доброто за тебе и веќе двете деца.
Упорно ме убедуваат дека тие се во право, дека и да го удрат тоа не било ништо, и други деца биле тепани, ама сега ветуваат дека нема да се повтори. За се нешто тврдат дека нивното мислење е поправилно од моето, мажот ми ги подржува некогаш, ме прават сосила будала. Оправдание му е цело време дека они никогаш не се скарале со никој , фини се со другите луѓе, ама мене тоа не ме убедува дака јас погрешно размислувам. Еве и вие не го оправдувате тепањето. Се борам да го зачувам бракот, имав убава врска, вложив и во бракот, не живееме со нив заедно , но идат и го чуваат малиот, и за се нешто се мешаат , бетер и од тоа да живееме заедно. не сакам м толкава близина, но сенаметнуваат луѓето и сопругот тоа му го дозволува, не сакал да биде оддалечен од фамилијтам,не знам што.
Сопругот нека дозволува блискост, а ти одвои се. Мислам одвои се од чуствата, биди ладна, резервирана и воздржана пред нив. Да, детето треба да се воспитува, но не дедото да го плеска, па уште и шамар.
Cо самото тоа што трпиш насилство од сопругот,докажува дека самиот тој го оправдува таквиот начин на живот,понатаму све ти е јасно...
Прво тргни го детето од нив-веднаш во градинка! Запиши го, ќе се навикне, дури и подобро ќе му биде кога ќе бидеш ти дома со бебето, тоа да си игра со деца во градинка, ти ќе си на раат и нема да се мислиш дали некој ќе го удри крвнички... Јас мислам дека во таква ситуација би изреагирала многу побурно, не дај Боже да ми се стемни, па јас би му ја треснала една на тој што ќе ми крене рака на дете, посебно на толку мало дете. Од друга страна-гледаш дека тие се семејно сите насилници-и свекор ти, и маж ти, сите покажуваат сила удирајќи послаби од себе. Не ќе е на арно тоа, а и тешко да се смени. Со насилството нема играње. Почнува со еден шамар, а стигнува до тешки трауми, болници, полиција итн. Ако ти си се помирила со тоа сопругот да те тепа (А не смееш да се помириш со тоа, ама НИКОГАШ), зарем ќе дозволиш и децата да ти го трпат истото. И нормално дека ќе ветат „нема веќе“. Па тоа ти е шаблон на секој насилник-удира, па „нема веќе“, па следува „ама ти ме натера да те удрам“, па потоа пак инцидент-пак удар и од почеток сѐ- ама „не сакав, извини“, ама „ти ме изнервира, инаку јас не би те удрил“ итн. до перење мозок кај жртвата дека таа самата е виновна што е тепана, па се труди да не направи ништо да не си го добие пак, оти ја убедиле дека во неа е вината, не во крвникот... Тоа е стандарден шаблон, посебно во семејното насилство. Не наседнувај.