Каде отиде темава, типично македонски менталитет- дури не се испотепаат постарите меѓу себе, нема детска игра . Не знам зошто ја обвинувате женава каде била таа кога детето си играло... За почеток, како што сфатив, бремена е и тешко дека може да клечи до мало дете додека си игра. Од друга страна, треба да го надгледува детето, секако, ама тоа не значи од рака да не го пушти. И она што најмногу ми пречи-мешањето на взорасните во играта, па и во конфликтите на децата. Тоа е толку погрешно што е тешко да се објасни во неколку зборови. Децата учат за реалниот свет преку контактите со други деца. И сите психолози ќе ви кажат дека е најНАјнормално децата и да се затегнат за иста играчка, и да пробаат да си ја земат, и да се изборат за себе. И возрасните НЕ СМЕАТ да им се мешаат во „штипките“ сѐ додека не дојде ситуација опасна за децата. За другото-тие сами ќе си најдат решение. Децата треба да ги искусат сите нормални и човечки емоции за да научат како да се справат со нив во животот. А тоа се и бес и агресија и плачење и тага и збунетост... Тоа е процес на емотивно растење и созревање. И треба да научат дека мама, тато, баба, дедо нема секогаш да бидат во близина да ги бијат нивните битки. И после ќе се чудите на темава зошто мајката/таткото им се мешаат во животот на децата кога овие се веќе пораснати? Е па тоа е тој шаблон- „детето не знае само, морам јас“-ептен македонски, да не речам балкански. За шамаров ич да не се повторувам, тоа едноставно НЕ СМЕЕ да се случува, па макар стопати да земе играчка од друго дете! Ова стариве помалку ум имаат од децава. Децата ќе си ја средат работата после 2 минути, АКО не им се замешаат постарите. Јас дури и на моите деца дома им велам да си го решат проблемот меѓу себе-како знаат. Јас ќе се вмешам ако видам дека ситуацијата излегува од контрола, нормално, ама тие треба да научат да функционираат без судија и без помошници од страна. Тоа е вложување во иднината. едит-сега видов и Koritsaki пишувала во исто време Мојов одговор е за претходните постови, не за неа, со нејзините напишани ставови ептен се согласувам
Вчера имав прилика да присуствувам на една детска собиранка, во градинката на внука ми имаа дружење со родители и со оглед на тоа што сестра ми не можеше, зет ми беше на работа, јас излегов во пресрет. Имаше куп дечиња, внука ми си стави во главата дека мора да ги собере сите ножички од цела градинка и да си игра со нив, да си ги сортира по бои, да си прави “букетчиња“ од нив. Во една таква игра и пристапи едно девојченце и и побара едни ножички, внука ми не и даде, не и е од сој давањето, дури и го подбутна девојчето, демек не давам ма макни ми се таму. Нит мајката на девојчето изреагира нит пак јас, нормално јас седнав до внука ми, ја смирив и и најдов други розеви ножички на другарката на малата. Нејсе, видов куп деца, играат, трчаат, скокаат, се удираат, сами паѓаат, сешто прават, никој тоа за зло не го зима. Немојте бре жене да зимате за зло на мало дете, тоа дете додека да стигне до возраст во која неговиот “криминален“ ум би размислувал за да повреди и нападне ќе ја заборави оваа случка, дури и шамарот можеби, не велам учи го детето да ги тепа другарчињата ама не и да биде мутле да не знае да се избори за играчка, за место во друштвото. Јас како мала имам изедено сличен ваков шамар од дедо ми, затоа што сум се пуштила да земам јаболче од маса пред другарката која седеше на иста маса со мене, гостинка иначе, она требала прво да земе. И знаете што, можеби имав некои си 3-4 годинки ама уште памтам, ко да било денес. Мајка ми нормално никако не изреагира, никогаш не изреагирала за да не речат нешто. Да дојде ден мое дете да биде удрено, ма раката ќе му ја исечам, поготово со таа силина како Гоцевска што кажува, да му биде обравчето црвенко. Гоцевска, под итно детето во градника, местото му е таму, а не покрај такви насилници. И малку памет во глава, гледам си изреагирала, ама не е тоа доволно, се додека им го оставаш на чување.
Ова заборави да го болдираш, можеби ќе има поинаква смисла твоето мислење ,,А ова моето оди по нив и ги гушка,,
Не дозволувај да ти го тепаат детето, ни сега, ни никогаш. Малецко е, што треба да научи, со разговор ќе му се објасни. А што со тоа дека маж ти крева рака на тебе? Јас ни минута не би седела со таков човек. Знам дека од страна се` изгледа полесно, ама пак тоа не ја менува реалноста, ниту пак последиците. Свекор ти е насилник, маж ти исто... сакаш децата во страв да растат? Насилниците секогаш наоѓаат причина и оправдување за своите постапки, за нив секогаш жртвата ќе биде виновникот, биле испровоцирани. Не наседнувај на такви муабети, не наседнувај на тоа што семејството на маж ти се угледни во очите на другите луѓе. Не наседнувај на тоа што ќе речат роднините, комшиите. Сите тие нема да живеат со вас за да те одбранат од следната тупаница. Образована си, не дозволувај да паднеш толку ниско. Не си го троши времето со луѓе кои што не те заслужуваат, ни тебе, ни твоите деца. Подобро живеј скромно, труди се колку можеш и повеќе од тоа, но не биди нечија боксерска вреќа.
Да ви кажам право,малку неубаво се чувстувам,бидејќи најверојатно моите не ме воспитале така да се однесувам спрема постари ,ама ми пукна филмот па не се препознав Инаку беше засрамена,со наведната глава. Да ви кажам и дека денес ми се јави свекор ми да ми честита празник и беше како лут,и ми вика-да знаеш дека онојпат ништо не те оговарав,незнам откаде така мислиш. Бидејќи он покасно влезе во собата и откако се деси тоа,ја прашувал нејзе,а типкава му викала дека тоа што сум се дерела важело и за него-бидејќи наводно за да се извади,му рекла дека сум и викала дека сум слушнала како они двајцата ме оговараат а не со ќерка и ! И мораше да ми го расипе денот и на него му кажав све фино лепо,ама многу убави зборови избрав за да се замисли малку и успеав да ви кажам. На крај му додадов дека јас не сум од улица најдена и никој не смее да се однесува така со мене и го замолив ако малку од малку го сакаат син им да не го нервираат,бидејќи мене ова ништо не ми значи ами си го нервираат син им.Човекот е осетлив и ова го повреди знам ама гајле ми е Многупати си мислам дека ако имав татко немаше да прават вакви глупости,т.е. барем да го имав него и да застанеше и да им кажеше јасно и гласно.Мајка ми сака да се јави ама не и давам,зошто ќе се нервира и таа,а не вреди за таква глупачка!!!!!!! Ама да беше татко ми жив,мојот татко,немаше да се чувствувам вака грдо
Колку свекрви се потребни за да сменат светилка? Една таа станува држеќи ја светилката и чека светот да почне да се врти околу неа.
Пред неколку време несакајки го наслушнав разговорот на свеки и мм.Слушнав како свеки му вели на мм да ми направи уште едно дете а ова само 4 ипол месеци ми е. ММ и одговори дека несакм уште едно дете бидејки ова е уште мало . Но свеки му одговори дека требало да сврши во мене без јас да знам и на тоа да ми каже дека несакајки свршил не се осетил. ММ не и одговори ништо . Јас се напраив дека не сум ги слушнала и по некое време им реков дека ако недајбоже останам бремена во скоро време ке Абортирам. Свеки на тоа ми вели „ Како смееш да кажеш такво нешто роди си го јас ке останам ке го гледам„. Замислете мм молчеше како риба.Никој не мисли на последиците кој ги имав од порагајот ниту пак на тоа дека матката ми е мн назад дека несмеам да останам бремена во следните 18 месеци. А мм веке 4 ипол месеци не ме почитува не ми обрака внимание. Повеке време е со свеки орколку со мене
Сериозно ли постојат вакви работи? Па каде живеам јас? двм ова што го кажуваш е страшно, па ти само машина за деца правење ли си? Како може да си дозволи маж ти да зборува со неа за тоа, па уште и го учи како да свршел во тебе?????? Мислам дека треба сериозно да разговараш со него, не знам каков ти е бракот, ама јас да имам 4 месечно бебе а тој да сака да ми направи друго не му давам воопшто да ме моли за секс!!! Па нека мисли сам дали може ќе се фати или не... Во кој век живееме па вака да се однесува некој... не ми се верува...
Извини dvm јас мислам дека тука лежи проблемот на тоа што не те почитуваат. Зошто бре да се направиш дека не си слушнала, зошто? Проблемите во овој живот ги решавам со дирекно соочување и смирен разговор во кој го изнесувам мојот став. Си требала да им речеш или бар на маж ти да му кажеш " Го слушнав цел разговор да знаете, незрело од тебе е што за правење деца разговараш со мајка ти, а не со мене (божем со неа ќе ги правиш) а второ дете ќе родам јас кога ќе бидам спремна т.е моето тело" и толку. Па побогу зашто да ќутиш ако муабетот се однесува лично на тебе, нека знаат дека не си безгласна буква. И пак не викам да земеш да се расправаш, туку да си кажеш.
Ај да не се изразувам ама оваа е стварно кучка.Како може да се меша во работи на еден брак??Ако сакате вие и 15 деца ќе направите ама што има таа да кажува кога што и како да се направат????????До толку ли и се зел умот? Незнам навистина.Ти ако сакаш да ги земеш конците во твои раце и тие да ја играат твојата игра кажи му на мажот ти дека се си слушнала и дека не си до толку глупава каква што тие те замислуваат.Кажи му дека е сеуште дете додека слуша вакви глупости од мајка му.Човечеее неверојатно.Како што кажаа погоре ти не си машина за правење деца.Ако мајка му толку многу сака деца со извинение нека си направи сама едно ако е толку способна и моќна па нека направи уште едно 1 месец после пораѓај.Не се нервирај не вреди .Никаде не се видело свекрвите да ги сакаат снаите или обратно.А тоа што ти се меша во животот треба под итно да го прекинеш ти сама.Разговарај и со неа кажи и да не се меша (барем јас да сум така би направила неможе некој да ми го диктира животот ).Кажи му на маж ти дека ти си таа што треба да кажеш дали си спремна за деца или не и дека ти си таа со која треба да разговаара на таа тема..со мајка му сигурно нема да прави бебе.А ако не е свесен тогаш повтори му ги поточно НАГЛАСИ му ги повторно последиците од пораѓајот и кажи му дека најмалку уште 18 месеци не смеете да помислите ни на Б од бебе.Ако те сака и почитува сигурна сум дека ќе го надминете овој проблем.Поздрав
Ти немаш проблем со свекрва ти, туку со маж ти. Тој да имал трошка почит кон тебе, со мајка му не би дискутирал вакви лични теми, а поготово без твое присуство. Џабе им ќутиш, ти ќе си го кркаш на крајот. Покажи заби малку, се работи за твојот живот!
Site sto imaat problem so svekrvite neka go vidat prvin prblemot vo mazot. dokolku toj ja stiti soprugata ne bi se javuvale vakvi ekstremni pobemi, do kaj otide svetov svekrvata da kazuva koga da pravat deca... izvini vaka ama maz ti e golemo ligle stom na toa nisto ne i odgovori , najmalku sto treba da i kaze da brka rabota i da ne go pika nosot kaj sto ne i e mestoto... od vakvi mazi mi se gadi izvini vaka. inaku prostete za fontov od mob sum.
и јас отсекогаш сум се гадела од такви мажи,ама ете тоа ми се врати,така се воспитани уште од мали како речат мама-тато,не се свесни дека се во брак,дека оформиле ново семејство со жена,додуша мм последниот пат им пререче на неговите да не ни се мешаат во обидите за зачнување,и мајка му одма коментира ете гледаш колку те сака он нас никогаш не ни пререкува ама ете за тебе пререкува ,ненормална жена,а што да и се пикне под сукња треба за она да му каже кога и како да и се направи внуче инаку кај се наканија заминаа,ама мм нешто се разболе и одма долета пак со нас (додоша поштувам што му се подршка)ама ете ја неа одма си почна со чепкање по плакари,и денес на ред фрижидерот и дојде,нашла подотворени сирење и кашкавал и и лепеле бре и ги фрлила одам да доручкувам и ми коментира ај денес фрижидерот ќе го средуваме еве јас почнав фрлив сирењето,кашкавалот и викам добри беа не лепеле,стари биле и одам до кантата си велам фрлила веќе ама поарно на маалските мачки ќе дадам и што да видам сирењето го здробила,а кашкавалот на резанки до последно го искела им спремила доручек на бездомниците ако налетаат на дробениците нејзини,значи неподнослива е,се си прави како и е по ќеиф е само браво што откако ќе направи ќе те извести,ај што ме окапа од муабети па не го храниш син ми и затоа се разболе (не сфаќа пораснал син и маж толкав може сам за себе да се грижи)ама тоа е само проблеми со вакви забегани свекрви
Убаво кажаа феминките погоре... мажите се криви,а не свекрвите и тоа е тоа Да си ги преваспитате мажите Јас немам проблем со свекрва ми ,и неа на почетокот и беше тешко да прифати дека друг се грижи за син и и го милува Проба да го врти и да го држи до себе на почетокот,(како и секоја мајка )но мм си повлече линија и кажа: ти си ми мајка и една е мајка,а оваа ми е жена и сега сме семејство Жената се освести и си го гледа нејзиниот маж и внучињата кои и ги подаривме,а син и пак и е син ( не и го изедов ) Последно се поткаравме во кујна за руска салата(две жени во кујна не бива,мм се изнасмеја) Стави волку не онолку...епа и викам еве повели прави...а не не да не згрешиш Не и замеравам дошла некоја снаа и го превзема синот сега и кујната хехехе
двм, не знам зошто и ние така сме научени да си ќутиме цело време... одвратни се овие свекрвиштава! мојата дур да се одселиме од нивната барака, ќе станеше сабајле пред сите нас и во кујна ќе ги миеше чиниите, ама крвнички. Нормално се се слушаше зошто преку кујната се идеше во спалната, и проблемот беше што само мене ме будеше овој звук... И што да кажам, абе мајкати мие чинии сабајле во 6 ? А јас од 8 на работа ама нормално пробудена уште од 6 И пфф колку беше прљава, тоа уште порано кога бевме само дечко и девојка и одев на гости секој пат сапунот имаше влакна на него хаххахах сега ми е дури смешно и папучите за по дома смрдеа на оцет !!! Имам око за детаљи што да правам
Сори на оффтопик,ама неможам да замислам на детска собиранка ножички да дозволат да остават. Па деца се ќе се повредат нели?! Каде се тука заштитните мерки?
Da celosno plasticni koi secat isklucivo hartija, inaku decata na 3-4 godini mozat sami da rakuvaat so shkolski pribor, za godina dve veke i ke pocnat sami da rakuvaat. Inaku jas celo vreme bev do nea, osven ednas shishkite za malce, nishto drugo n nastrada.
Боже ме прости ама читајќи ја темава, заклучувам дека многу мутави и нестабилни мажи влегуваат во брак.Не знам кој е покрив, дали жениве што ги земаат или маживе што не можат да сфатат дека бракот носи и обврски.Леле колку мразам недоквакани и неизживеани мажи, фууј, ми иде да им бапнам една па не една сто мајки да си избројат.Жени бре дај свестете се, се додека не се сакаш и почитуваш себеси, никој нема да ве почитува.
Работата е што во една врска неможе само едниот партнер да е крв. Повеќето не ги отвараат очите пред брак, мислат дека се` така самото по себе ќе се среди и ете ти, веднаш се трупаат проблеми, кои што доколку не се разрешуваат водат до многу сериозни последици. Ама пак, не сфаќам зошто некоја „паметна“ госпоЖа ќе биде со некој тип кој што ја млати за добро утро.