И после 16 години брак во заедница свекрвата се уште знае да боцне,навреди исто така силно како првите години од заедничкото живеење.Голема одбивност чувствував кон неа додека му бев девојка на маж ми,но воспитувана на патријахалност убедена бев дека треба да молчам и да не правам кавги.Така ми велеа моите,така ми велеше маж ми.Но ,тоа беше најголема грешка ,јас добив само нерви и многу пролеани солзи,свекрата и золвата беа вештици и денес се ...Чистев,перев,гледав дете,седев дома и пак не бев домакинка,несмеев да одам кај мајка ми на кафе бидејки се плашев кога ке се вратам КОЛКУ МНОГУ КЕ БИДИ НАЉУТЕНА свекрвата(сега золвата е мажена и нормално можи кога што сака да дојди ,тоа повеке не е проблем )Најтешко беше што пред другите луѓе свекрата беше совршена(дволична до господ )Маж ми никогаш не најде доволно сила отворено да и се спротивстави велејки дека само кавга тој можи да напрај со неа,никогаш ништо не решил и до ден денес ние сме под нејзин режим,нејзината негативна енергија ја чувствуваат и децата,поврзана е само со ќерка и и најсреќни сме кога е кај неа на поседок.Можам цел ден па пишувам за незините навреди,провокации но,ВАЖНО Е ДЕКА ЈАС СЕ ИЗБОРИВ,И ЈА НАДВЛАДЕАВ НЕЈЗИНАТА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА.Позрела,сум,постара со израснати деца и се борам сама за мир во куќата,децата тоа го гледаат и се поврзани многу со мене.Многу ретко сега до мене допира нејзиниот отров.
Енца голема поддршка и од мене...нема многу да коментирам поради една причина што ме вади од кожа ...а тоа е дека ни е скратено правото да се изјасниме и да дадеме свое мислење...поточно кажано ќе искоментираш нешто и одма те деградираат и напаѓаат со контра мислења ...во ред е и не се лутам ако на некој не му се допаѓа моето мислење...битно не копирам никој какво и да е макар и грешно,мое си е...а со такви навреди (Пирамида) неможеш да кажеш кој е писмен кој не...патем форумов е за тоа колку што знам да размениш искуство,да побараш помош и сл. а не некој да се прави нон-стоп паметен и да ги понижува сите останати... А за свекрвиве што да кажам ни сама незнам хехе,за среќа моја после се што претрпев,чекајќи го принцот на бел коњ,упорно ми доаѓаше коњот со бело бмв ....и оп ете ти една вечер гледам коњ пред врата се паркирал...ааа си викам еве после толку мачни денови дојде тој среќниот...Сега си живееме хеппи ли евер афтер и немам лош збор за свекрвата ме сака како ќерка...а таа претходната ме доведе до степен да раскинам со синчето нејзино и успеа во тоа ...само се чудам уште дали имаше некоја причина што го направи тоа...сигурно и сметало што и миев садови секој пат кога ќе отидев што го средував нередот во собата на син и...и ред други работи..Девојчиња тоа е нашата сурова вистина колку си добар толку повеќе те газат...Вие пак бидете си добри но само кон добрите многу е лошо да немаш поддршка од родителите на саканиот,таквите врски ретко успеваат...барајте си вие добра свекрва,сеуште ги има уверена сум во тоа. П.с. реков нема да коментирам многу,ама пак се изнадрдорев ...сорри
Ах снаи,снаи... А знаете има многу примери...каква свекрва таква снаа. Немам свекрва,не сум снаа ама ова кажувам од многу блиски примери во моето опкружување.Мора да признаеме..ние модерниве жени сме размазени,навикнати се да ни е сервирано, да биде по наше,мажите да ни одат по кејфот...итн.Нормално ништо не ни е по токму. А пак нашите мајки,баби живееле во многу поскромни услови и не барале повеќе, а сепак почитувале други.Па колку и да им било тешко. Различни генерации и различно воспитани и навикнати на различен живот жени не можат да живеат совршено во една заедница.Знам има свекриви кои ни Господ не може да ги среди, а знам има и снаии ооо даа снаии ни Ѓаволот не може да ги прејде. Затоа најдобро е да се живее секој на своја страна во свое семејно гнездо и секој(а) да си биде господар(ка) во својот свет.Е тогаш ќе има почит. А тркалото се врти...денес тие се свекриви утре вие... Само немој да заборавите на почитта кон себе и кон други,полесно се живее така...А за "лошите луѓе" секако ќе се погрижи кармата.
И јас имам исто искуство. Заради МАМА негова раскинав. Сега го чекам вистинскиот!!! Се надевам ќе ме снајде твојата среќа
Читајки овде јас стварно незнам дали јас имам некаков проблем или пак родителите на мојот вереник... Ќе се запрашате зошто??? Епа бидејки јас после цела една година заеднички живот, односно последниве 7 месеци интензивно значи без да си одам дома, јас со нив не сум имала никаков проблем. Они ме прифатија како свое дете и често свекрва ми знае да ми каже “Не е нормално да те сакам како свое дете зашто не си ми, но јас сепак те сакам скоро исто како син ми ’’ со насмевка на лицето и да дојде и да ме бакне. Искрено на почетокот не ми се веруваше дека тоа може да биде така, бидејки ретко сум сретнала снаа и свекрва што имаат таква комуникација но ете се случи, јас со неа знам да се смееам и да се забавувам како што не сум разговарала ни со мајка ми. Отворена комуникација имам и со двајцата никогаш за ништо не сум преќутела а и нема тоа да се случи едноставно јас сум си таква личност и не планирам да се менувам заради некој, иако до сега немало конфликтна ситуација туку само некои шеги, они си знаат дека од мене неможе да очекуваат јас да наведнам глава и да преќутам. ИМам и подршка од вереникот, он секогаш нагласува дека нетреба за ништо да ќутам туку да си го кажам своето без разлика пред кој сме и а и јас сум си таква. На почетокот мислев дека тешко ќе ме прифатат зошто вереникот е син единец и од секогаш мислев дека мајките се многу поврзани токму со единствените деца кои ги родиле но се излажав, она ми вели ’’Бил мој и он си е мое дете, но сега е твој додека живеете со нас јас ќе се грижам за се, твоја обврска како и негова е само да учите и да го завшите факултетот кога ќе се преселите и ќе живеете сами ама баш нема да ми биде гајле дали имаш ручек или не, дали ти е средено воопшто не ми е гајле, јас само сакам кога ќе дојдам да ме пречекаш со насмевка и да останеш ваква како до сега искрена’’. И тоа е така додека живееме заедно никогаш не ми рекла зашто нема ручек, зашто не е чисто, или зашто спиеш...само ќе се насмее и ќе ми рече ма гајле ти е уживај додека можеш. Ние живееме со нив и ќе живееме уште некое време додека го завршиме факултетот и се вработиме а потоа они имаат обезбедено и ќе си бидеме сами. Чудно ми е како може да имате проблеми и кога вие се плаќате, а они пак ви кажуваат кога што да се користи јас и моево верениче ни денар не даваме а секогаш имаме слобода за се и за бојлерот, храна, излегувања, одмори и сл. а притоа они не финансираат ние сме си студенти. Знам дека чудно би изгледало и доколку кажам дека мене ми е попријатно овде одколку кај мајка ми, но незнам едноставно уживам во нивното друштво, секогаш се насмеани, расположени и чуствувам дека ме прифаќаат и сакаат онаква каква што сум.
^Најубава, твоите свекор и свекрва се од оние што го користат мозокот правилно. И секоја им чест за тоа. Свесни се за проблемите кои би можеле да настанат ако тие водат инат или ви одат на вас(тебе) контра, па затоа одлучиле се што си имате да си кажете, без забрани. Од друга страна, тие најверојатно се финансиски стабилни и моќни да ве издржуваат и вас. Додека се е така мед и млеко, продолжите така и не дозволувајте никој да ви го расипе односот.
Јауајз! Жени! Повеќе пати беше спомнато моето форумско име па само колку да ви реплицирам. Значи колку погрешно се интерпретираат понекогаш некои работи, чудо! Енца, па добро, само ме изненади дека си рекла дека свекрва ти е дебил. Боже мој. Ме изненади ете толку. Ти и понатаму викај си ја како сакаш, твое право. Ситуацијата те изнервирала Не го прикажав тоа толку многу страшно, ниту пак сакав, или навистина толку страшно звучеше? Само сакав да ја спомнам мајка ми како контрапример која како што веќе забележа премногу ја почитувам како жена за тоа како се справила со претешки ситуации во животот, меѓу другото и со свекрва и која и правеше зулуми и најподли работи. И не знам не видов тука некое големо несогласување, ниту пак ароганција (а ако ја имало може не сум ја ни приметила, што значи не е ни важно и онака). Се дискутира на темава за свекрви. Секој си го кажува своето искуство. Јас можам да ви кажам дека на пример не ми се допаѓа како ги прикажувате вашите свекрви и дека не секогаш работите се црно-бели. Вие може да ми кажете дека не сум во право. Или ќе го смените моето мислење или ќе ме утврдите во него. И никому ништо, боже мој, затоа си е ова форум, за да дискутираме И да, патем Навреди?! Да кажам кој е писмен? А? Чекај, тебе те навредив и спомнав некаде?! Е не знам, јас се изгубив во преводот по се изгледа Навредив некого? Додуше не знам со што и како, ама извинете Ај сега чао, не ми се реплицира повеќе а уште помалку ми се кара. Ако некој погрешно ме разбрал - жал ми е, ама целта не ми беше никого да навредам. Или пак јас сум изгубена во муабетов и веќе не разбирам кој што и како Онда и во тој случај - повторно извинете, таков ми е денот, успорен снимак, што би рекле наши брача Срби
Најубава,немој погрешно да ме сватиш,но јас ова вака го рабрав..Значи имаш многу добар однос и чувствуваш голема блискост со свекрвата,па да и ги кажеш дури и најголемите тајни што ги криеш во себе...се е тоа ок...мило ми е и продолжи така,меѓутоа напоменуваш дека се од нивни џеб живеете,спиеш до кога сакаш додека ручекот ќе ти го направи свекрвица и после наготово седни си и налапај се ...јес да сте студенти,но ти очигледно имаш златна свекрва и мислам дека вреди малку да се потрудиш да и вратиш на тој начин што ќе и помагаш не само со насмевка, или без разлика можеш на пример да најдеш некоја не многу напорна работичка па и финансиски да придонесеш за уште повеќе да те засака...Респект за твојата свекрвичка,сакајте си се,почитувајте си се ... а за мојот совет без разлика дали ќе го прифатиш или не,можеш барем да го размотраш малку... ...и уште нешто земи подбери го тој твојот господин нека се фати и он за работа ако не друго за тебе нека го направи тоа... Поздравче
Ајде конкретен проблем и барам решение. Имено јас сум во заедница, ние сме 5 -ца (1 дете), само маж ми работи, јас за жал сега за сега невработена, двајца стечајци. Проблем- ручек. Значи од 7 дена во неделата, 4 јас готвам, таа 2 (сабота или недела на ручек сме кај моите). Најискрено готвењето не ми е проблем, сакам да готвам, ама ако кажам дека финансиите не се ќе излажам, сите знаеме дека храната е најскапа во денешницава,( ние трошиме дупло повеќе од нив, и кога ќе спомнеме колку сме потрошиле-ау па кај ви се парите-не прави будали при здрав разум). Друго, не сакам повеќе да ме прави будала и да ме искористува, во смисла кога таа ќе зготви без разлика колку е лом кујната јас секогаш мијам и ја средувам, а не е така кога јас готвам, се очекува и јас да си измијам. Исто така кога и да излезе, кога ќе се врати секогаш имам направено ручек, ама не и обратно, да нагласам многу ретко излегувам од дома само кога имам итна работа да завршам, а кога ќе дојдам и тоа летам да стигнам, нема ручек и се јаде било што ќе се најде по дома. Маж ми е запознаен со сето ова и ми вика -не готви и ти, не миј, што ти е гајле, не се замарај. Ајде еднаш, двапати така ќе направам, ама жени мои, оваа е без исав, ептен мува не ја лази. Ајде дајте ми решение, сепак мора да се јаде... дајте совет.
јас во товојата ситуација вака би сменила: Ќе правам ручек, ќе си сурередам после мене, она ќе готви јас само ќе си станам од маса и правац соба. Кога ќе е излегувам НЕМА да трчам како луда дома, ако можам ќе си го земам и детето па некој пат ќе го почестам ручек надвор и кога ќе се вратиш и да има и да нема ти си сита. Ти е гајле. А она нека мисли син и дали ќе јаде. Се разбира прво би му кажала на мажот дека планирам надвор да јадам па ако сака да му земеш и него нешто. Ако не он кога ќе дојде нека си јаде. Кога она ќе излегува ќе ја прашам дали планира да се врати дома за да знам дали да направам ручек за сите или не планира. Ако ми рече дека планира, и јас зготвам а она не дојде на ручек, ќе и го оставам и за другиот ден истото јадење. Нека си подгрее. А ако рече дека не планра, јас ќе си направам само за мене, маж ми свекорот и детето. А она ако дојде како падобранец мртва ладна ќе и речам, па нели ти немаше да доаѓаш на ручек. Не можам јас да гледам на грав кога ќе дојдеш. Храната кошта и се што се фрла е фрлена пара. Затоа јас од сега ќе си готвам само за тие што ќе јадат. Така да ти нема да си лоша, за се ќе и обрниш внимание. Ама нема да изиграваш дома слугинка и да и миеш после неа во кујна. И мој совет ти е практикувајте сисо мажот некогаш надвор да си седнте сами да јадете, да сте си сами. Не мора да е луксуз. Ама намаса да сте само ти, мажот и детето. Поздрав и со среќа
Вивафоревер значи јас не се доискажав за да постот не ми е астрономски, значи јас не легачам по цел ден со лаптопот во скут, често( значи поголем дел од деновите )они додека се на работа јас ја средувам цела куќа, некој ручек ќе направам, ќе пуштам машина, испеглам и сл. Но сакав да кажам дека тоа мене не ми е обврска, значи јас тоа го правам од добра волја зашто не ми е убаво она кога ќе се врати од работа да средува по дома, кога јас цел ден сум се излежавала. Меѓутоа некогаш кога ми е некој од оние денови кога ме мрзи да мрднам од кревет никогаш не ми пререкле за нешто, туку кога се е средено знае да ми рече " Посреќна ќе бидам ако видам положен испит во индекс одколку средена куќа, јас и онака цел ден седам во канцеларија работата по дома ми е разонода". Што се однесува на работата они ни велат дека додека не го завршиме факултетот нема потреба од тоа, патем јас летово работев една хонорарна работа и кога купив нешто за дома они ми рекоа " Оди да си купиш гардероба и поднови си се нешто, полнењето фрижидери не ти бега" . Значи далеку од тоа дека сум неблагодарна и не го ценам тоа , но и двајцата имаат поприлично или така речи одлични примања за наши стандарди па јас и вереников мој како што кажав треба само да си учиме и уживаме
Во тој случај јавно ти се извинувам...требаше и ова да го напомениш,за некој да не те свати погрешно Што друго да ти кажам,освен што си голема среќлика...браво и за свекрвати и за тебе Јадни оние девојки како Лолита...стварно незнам што да кажам,свашта по народов...еве Нена дала убав совет...Пак ќе повторам..убаво рекле некои ,,Денес се бира свекрва,не маж''
Благодарам Нена на советот, само да се надоврзам, маж ми работи до покасно и обично не е дома за време на ручек така што кога излегуваме најчесто тоа е вечера, имам и со ќерка ми сами излезено па сме сити...за маж ми не е проблем него и набрзинка нешто да му направам нема да се буни. Проблемот ми е тоа што навистина не сакам да му готвам и на свекор ми, да му местам маси и да мијам по него затоа што си има жена и тоа млада г-ѓата има 51 год. Кога ќе се врати од шетња неа не и е проблем и да си намачка нешто и да поткасне, и тоа ќе си земе само за себе, ај за мене баш и е гајле, ама маж и (свекор ми) не знам како може така себична и без осет да биде, очекува јас да му зготвам и да му принесам на стариот....демек она не била дома...свашта...а најмногу ме нервира тоа што не може женава никако да сфати дека тие и се фамилија...маж и син, па внуче..ако не за мене барем за нив да зготви... А и уште нешто вика мене ми е послатко кога друг ќе направи -како поговоркана -ти кажувам мајко, сети се снао... До душа маж ми цело време и префрла и ја боцка, на шала на шала ама ќе и го плесне..па после како навредена фаци прави, се мурти.. Ај сега што да правам никако не бива, знам дека џабе само се замарам, мојава " Госпоѓа" ептен си се внела во улогата дека снашка треба да ја одмени..тоа ти е ..живот..је*и га.
Јас како што видов по пишуваното со свекор ти немаш проблем. Што ќе ти е тешко па и ти за еден човек да му направиш едно јадење. Јас и би му додавала на секое со насмевка реченици во стилот : Еве снашка да ти зготви и ти да се најадиш!! кажи сега кој подобро готви,а?? И сме со осмех!!! Па да видиш после неа како ќе ја заболи кога ќе му зготви и он ќе и речи: Снашката ова подбро го прави ) Или ај направи ми од тоа снашката што ми прави ) Само тактика !! Само со осмех и реди си ја работата. Со нервоза ништо не постигнуваш! И искрено според мене, не се лути, за глупости се нервираш. Глеј си маж и дете а неа како мебел гледај ја. И не очекувај ништо од неа!! Кога не очекуваш нема да се разочараш!!! Другарка ми имаше олош свекрва, а супер свекор. И со тактика доведе свекорот да и се раздере на свекрвата пред гости за да ја одбрани снаата. Сега оваа старава три пати премерува пред да каже нешто. Инаку и јас бев сведок на лекцијата
Ох среќо моја, мува не ја лази злато мое, не се замара она со коментари од таков вид, после му држи воспитна на стариот и пак постаро. Едноставно е сонце, кажав сакам да готвам ама не да бидам будала, не ми е проблем едно тањирче, две, начинот не ми се допаѓа. Сепак фала ќе пробам и од твоите тактики па да видиме што ќе биде
Извини Лолита ама што ќе ти е тешко некогаш да зготвиш за сите?Па во една куќа сте.Ако свекрвата ти е таква "себична" како што кажуваш па немој ти да се угледаш на неа...Никој не сака себични, сепак на крај сите им признаваат на луѓето кои несебично се однесуваат."Убиј ја" свекрвата со твојата несебичност
И јас би ти кажала со добрина да пробаш. Можеби свекорот ќе се свести дека тој нејзе треба да и држи воспитна а не таа нему. Ти почни да готвиш за него само, кога таа е на прошетка, за да може свекорот да и се пофали и да бара од неа да готви. Прави така некое време, и ако видиш дека таа не реагира тогаш престани па можеби на свекор ти ќе му пукне филмот од тој лежи-лебец и ќе почне тебе да те подржува. Мене свекрва ти по описот ми делува како инаетчика (ала Џеврие) а со таквите треба да правиш се спротивно
Ах,со добрина не верувам дека ќе ја биде работава.Ако е добра ќе ја згазнат,ако е лоша ќе ја разбери цел град и таков е тој магичен круг.Јас би ти рекла душо само гледај ако имаш и најмала можност да се одделите,и сами да сте со тм и малото ете тоа е решение за твојот проблем
Ние ја спомнавме добрината како можна тактика да постигне нешто, а не да дозволи да ја згазат. Инаку да се одделат од старите тоа сите знаеме дека е најдобро, но не секој има можности да живее сам.