мојата свекрва почна да ја боли тоа што веќе не и изигрувам слугинка не и правам ручек секој ден, некна седевме со мажми и со неа и кога излезе мажми она тогаш почна да ми зборува како нејзината колешка кажувала дека ќерка и(се мажеше исто кога се земавме и јас и мм) конечно се научила и почнала да готви и за нив и за свекрваи, јас си се направив дека не слушнав. И дента беше благовец а во мојата куќа за благовец секогаш се месело блага погача па така и јас имав замесено, исеков на мали парчиња и послужив со кафето и паметнава ги допира парчињата да види дали е тврда и ми вели а не неможам да јадам јас што ја гледам ми се повраќа од неа и среќа дојде мажми и она како лисица одма смени друга тема а јас му викам на мажми земи месев блага погача благи да бидеме цела година само пази може ќе ти се повраќа од неа а мм само ме гледа и се чуди што му зборувам. Си зема фино лепо и си се најаде за ручек од што му била вкусна ручекот ми остана а на свекрвата нека и се повраќа од сега ништо готвено нема да види од мене, господ грев да не ми пише и кога готвам повеќе симнувам колку за свекорот да јаде бидејќи ми е жал за човекот а она и така кажува дека само на работа јаде нека си продолжи на работа нека си јаде ми е гајле мене
Не дека таа сакаше со тоа да ми каже нешто на мене,ја поучуваше нејзината познаничка која има проблеми со свекрва и и која маж и не и верува и не е од нејзина страна.Рече дека мажите се малку "смотани" и дека само жената( се знае со што ) може да го сврти во своја корист. И наместо да сме постојано нерасположени и намуртени пред нив,треба и ние да зборуваме со милозвучен глас и да имаме секогаш насмевка од уво до уво.Кога ние имаме позитивност во нас,а во меѓувреме се потрудиме вешто,тој самиот да дознае каква е мајкаму. И да таа на овој начин сосема несакајќи ми даде совет за во иднина ако имам потреба,а во глума па и не сум толку лоша.Се за доброто на семејството
да де да,те разбирам што сакаш да ми кажеш,ама јас ти кажувам да читаш меѓу редови ... убава порака ти дава...ако ,јас си играм со тебе!!! Aма за син ми ,пак ти треба многу да се трудиш(да не осети дека нешто се случува),ќе ќутиш,ќе голташ кнедли,надевајќи се ти дека еден ден,може и ќе го придобиеш(реално да гледа),а може и не,а според мене реално тој може и никогаш да не ги согледа работите како што се ,па макар бил и 60 годишен. и според ваков муабет што свртела уште пред време човек треба да си знае дека од таков брак само мрак ќе биде. убаво имелда се изјасни
Јас го разбрав нејзиниот совет но кога ке размислиме дали после сите проблеми ке имаме сила и Живци да глумиме??? Ретко кој маЖ ке го забелеЖи тоа ако ее мамин син не вреди ни филм да снимиш...
Игнорирањето е злато. Злато бе луѓе, чист благодет. И мојата си има навики . Мислам дека нема што да прави со животот па постојано сама си отвора "работа" и потоа се жали на тоа, како изговор и користи за тоа што никогаш не излегува, затоа како што спомнав нема ни една пријателка. Од почит, воспитание и култура ќе поседам еден дел од денот од неа, ама немав и немам намера да го одобрам нејзиното однесување на моменти. На пример признавам, имам мал проблем кој мене искрено не ми пречи. Не можам ни креветот да го наместам ако не ја исчистам цела соба детално. Буквално бришам прозори и прередувам плакари. Ама не го трошам остатокот од денот во негодување пред други луѓе по тој повод. Го правам заради вишок на слободно време и мотивација. Сите околу неа зборуваат за истото, сите родини и луѓе кои ја познаваат подолого време. Дека постојано се врти наоколу, се мотка секој ден а БУКВАЛНО нема ништо сработено. Ако не исчистам јас никогаш не би било исчистено како што треба, не дека префрлам за тоа, само барам помалку да се фали дека денес ја болела карлицата од на нозе и жуљњеви имала на стапалата затоа што цел ден го поминала во бришење на тв екранот Пред некој ден требаше да направи 4 паковки, и тоа за нас дома за мене за свекор ми и маж ми и внука и на свекрва и покојна за на гробишта. Ги спрема неколку дена пред тоа да не не останело време па нешто во нив се расипа. Касна и се разболи. Инаку постов го цитирав само за да спомнам дека заради тоа нејзино такво однесување, постојано под нос си расприкажува дека и таа да седела немало да ја боли ништо и таа да спиела до покасно ќе била поодморена. И таа да лежела како НЕКОЈ на каучот во моментов, немало да ја болат нозете. Тој некој сум јас, и таа тоа го зборува во мое присуство. Ама тој некој, си ја заврши работата одамна и ефикасно па нема сега потреба да стои на нозе. Не ги клавајте на газот со ваквите муабети и животот ќе ви е повесел.
Она што јас го сфатив е како што свекрвите нон стоп плачат,изиграваат жртви и ставаат маски на добрици пред синот,истото треба да го прават жените кои за несреќа се омажиле за мамини мази.Треба да сме полукави од свекрвиштата,па еднаш ќе излезе на виделина она за што се спремни тие со нивните милни фаци.Со постојано префрлање на мажот: Мајкати ми направи ова,ми кажа она.... ништо не правиме. На мажот е потребно само малку да му се отворат очите,за да прогледа,баш како во народните приказни. Работата не беше да се придобие само со п**** туку да види дека го сакате и дека постојано сте со него.Со постојано жалење не се постигнува ништо,само се создава прилика свекрвата да поентира како жртва.
Како бе уште немажени правите планови како ќе манипулирате со свекрвата, а богами и со мажот. Со таков пристап никогаш нема да има добри односи во ниту едно семејство. Да, сакале ние или не свекрвите ни се семејство Зошто наместо со финти и манипулации не влезете во тоа семејство со почит и да си ја гледате својата работа и мажот, а да ги оставите свекрвите да си ја гледаат својата работа. Се додека секој гест или секој збор се мери на кантар ( од двете страни) секогаш ќе има проблеми, било помеѓу снаа и свекрва или маж и жена или јатрви или золва и снаа....
Зарем треба да се стигне до брак па за да сфати дечкото дека е сакан? Тој ако претходно не увидел, во брак па ич нема. И, ако и претходно бил мамина маза, во брак џабе ти се сите тактики и мили зборови, тој нема да се промени. Истото што ти сега мислиш да го применуваш, можеби и свекрвата ќе го прави. И што ќе правиш? Тешко на маж ти во ваквата ситуација, нема да знае од која страна да се сврти. Ти наместо да мислиш како ќе го манипулираш, подобро ти е уште сега додека не сте официјализирани да гледаш каква личност имаш до тебе, а не како ќе глумиш пред него. Ццц... Е од вакви жени си патиме, и свекрвите и снаите. Е од вакви планови и тактики за увртување на некого од нечија страна. Е од вакви прљави игри. Доволно е едната (или свекрвата или снаата) ваква превртлива да се погоди и ете ти после расправии дома и паѓање во трансови. Бре, какви сте значи, само нешто да испревртите, само нешто со скриени планови работите... Како можеш за сопствениот дечко со кого си долго време заедно и со кого и сега да речеме делиш еден кревет да збориш дека ќе манипулираш со него? Па уште во претходниот пост си пишала дека не е тоа проблем за тебе, си знаела ти да глумиш... Јака работа, браво. Јас никогаш не би можела за дечко ми да кажам такво нешто, подобро да ме снема уште во истава секунда отколку да тропам такви глупости. Да речам дека ќе глумам за да го свртам од моја страна, а против неговите, никогаш. Никогаш не би сакала да е од моја страна како резултат на моите сплетки и мојата невина фацичка што ќе му ја правам кога ќе му кажувам некоја случка. Ццц... Не ми се верува што се нема да прочитам. Како бе не речете еднаш дека ќе бидете реални, дека достоинствено ќе се носите со сите проблеми што ќе дојдат, како не кажеш дека ќе разговараш искрено пред се', како не кажеш дека ќе играш со отворени карти, зошто крај краева уште сега мислиш на тоа, зошто не речеш дека ти во таа куќа ќе влезеш со чисти намери? Туку уште сега мислите како некој ќе прави, што ќе прави, како вие ќе зборите, кои ќе бидат вашите постапки, како ќе ги вртите мажите... Уште сега сте на индиректна, дискретна ратна нога со мајките на вашите дечковци... Мизерија... Да се срами човек што го носи називот жена. Само не знам кој ве учи на вакви муабети и размислувања? Да се чуди човек.
Јас не се согласувам со советите на свекрвата на hello-kitty.90. Искрено, советот и е од прошлиот век. Не е ни чудо што односите во многу заедници кај нас се закоравено патријахални, баш од ваквите филозофии. Демек да му угодуваш, да го излудуваш, да го сакаш, да не го напаѓаш и он ќе увиди и ќе биде на твоја страна. Ма немој молим те, па уште жртва да се правам. Важело ова некад во времето на свекрва ти. Сега ако се ставиш во позиција на жртва ќе те јаваат бре и ќе те користат сите по дома. Мој совет е уште пред да влезеш во куќата да си се избориш да те почитува мажот, зошто после е касно, отишол возот. Јас секогаш сум била за отворена дискусија очи во очи со партнерот, така и правам, кажувам се и што сака да слушне и што несака. Море и по два дена едно исто се дискутира дур не се најде решение. А ако одлучите да живеете во прошлиот век еве уште неколку интересни совети како продолжение на советите на свекрвата на hello па така во пакет за да биде среќно маминото синче а жената и нејзините чувства кој ја тркала.
Значи добив толку исцрпна анализа на личноста,да барав стручни лица да го направеа тоа немаше да биде толку добро изанализирано. 1. Реков тоа беа зборовите на идната свекрва која ја подучуваше својата познајничка дека треба да прави за да го добие мажот на своја страна,а не дека јас смислив таква тактика за мојот сеуште неоженет маж 2.Досега со неа сум имала сосема коректен однос така да не реков дека јас имам проблеми со неа,иако со тоа малку ме стави во мисла дека ако сака може доста далеку да отиде со нејзините подлости и сплетки.Врската ни трае скоро 7 год и затоа неа ја знам многу добро.На истипв начин успеала да го скара маж и со мајка му и сестра му,а неа ја сака најмногу на свет. Дечко ми досега не се покажа како мамино синче,ама секој е свесен дека баш од сплеткароши се растураат многу бракови,а со нејзиниот став сфатив дека е добар манипулатор.Но тоа не значи дека јас поради тоа треба да ја раскинам нашата врска и навреме да се заштитам од нешто што можеби ќе се случи а можеби и не. 3. Од оние кои се фалеа тука дека им тече мед и млеко со свекрвите и золвите,брзо слушнавме пукнала тиквата, така да се знае дека може само да постои фер и коректен однос,многу љубов не. 4. И за крај реков дека индиректниот совет кој го добив може и да ми помогне во иднина ако затреба,а се надевам и верувам дека нема да треба,за овие 7 год добро се познаваме со дечко ми. И стварно незнам од каде сега излегов јас онаа лоша која никоја свекрва не би ја посакала за снаа.Само кажав што ја советуваше таа познајничката.А и повеќето од оние кои пишуваа на форумов за проблемите со свекрвите,велеа дека нивните свекрви глумат и се пренамагаат пред синовите. Толку,уште не запловувам во брачните води,па можеби додека да стапам во брак ќе бидам снаа за пример.
Се согласувам со Ирена. Мене ми е тотално несватливо,глупаво и против сопствените убедувања се да правам за да го отргнам или на некој начин свртам мажот против сопствената мајка. Мислам хелоу,таа му е мајка и никој не може да ја замени. Да правам секакви жртви од типот излудување и одење по газот,без разлика дали е правилно или не,не би можела до толкави крајности да одам против самата себе. За да функционира еден брак или една заедница потребна е толеранција и почит пред се. Се друго е само губење време и нерви!
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: СНАА И СВЕКРВА Спојлер Девојката наречена Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека нема шанси да живее во мир со својата свекрва. Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата. Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал. На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто. Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот. Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила. “Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“ Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата. После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква. Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка. Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка. Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав. Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“ Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!
Bаквите типови на поучни приказни можат да пројдат само кај оние снаи што немаат никаков респект кон самите себе.
Ги читав мислењата на жените кои се во брак и имаат вистински проблеми. Лижењето кај свекрвата итн...не помага таа само можи повеќе сила да си земе, не сме во Кина ниту во 18 век.Сите сакаат доминација и тоа е факт во денешно, а се разбира снаите сакат да се самостални со сопругот,која не би сакала, според тоа што го прочитав се згадив од денешниве мажи (со исклучок се разбира).Мажот уште кога е пред брак со девојката треба да се однесува заштитнички кон неа, а не камоли кога се во брак.Лошо е да си препуштен сам на себе посебно тие што имаат деца, но тука е разводот, не се децата изговор, поубаво би било да растат во хармоничен дом одколку во расправии секој ден.Се надевам дека снаи ќе се извечете од оваа одвратна ситуација пред да го загубите паметот.
Мислам дека однос снаа свекрва треба да остане само со почит, кога ќе се видиш да имаш што да си зборниш и ако му затребаш или ти затреба да ти се најди во моментот, да помогнеш или да ти помогни. Јас не го разбирам тоа ,,му влегуваш во фамилија,, па треба вака или онака да се однесуваш. Како прво фамилија имаш ти со сопругот, со твоите деца, се додека не пораснат и не основаат своја фамилија. Многу сум против живеење заедно со свекрва, свекор. И не знам со кој памет правеле големи куќи, на спратови. Што очекуваат? Што сакаат? Му треба ли човек да ги догледува, затоа? Затоа ли те обврзуваат твојот живот да ти помини со нив заедно, секој ден, или секој втор. Да не можиш дома гол да си шеташ или ако те мрзи да суредиш и сакаш да си полежиш во викенд за да одмориш, а да не ти биди незгодно па да велиш чекај да не дојдат , можи ќе се качат и така ред по ред ситници до големи работи. Никогаш не си раат. Инаку дали свекрвата ќе ве сака и како ќе се однесува со вас мислам дека многу зависи од тоа каков живот таа поминала, кога била снаа. Како се однесувале со неа во времето ко била млада. Како била воспитувана кај нејзината мајка. Многу е битен карактерот на луѓето. Исто така во случај свекрвата да не ја сака снаата има гоооолема љубомора од страна на свекрвата. Не знам зошто тоа се случува. Ама ете оти со свекорот никогаш проблеми нема да имате. Ете тој му е татко, па како знае точно да ги одбери зборовите или да изреагира како што треба. Јас живеам одделено од свекрвата и свекорот, па и од мајка ми и татко ми. Не можам да ви опишам колку ми е прекрасно. Сами во домот без никој да ти наредува, навредува, без кавги, замерки и сите проблеми што обично се случуваат во многу домови. Често одиме на гости, вака сами некогаш и досадно ни е. Секогаш кога одам и носам по некое кафенце, ова она благичко Колку за чест. Што почнав да го правам секаде каде и да одам. Знаеме да си поседиме и да си помуабетиме. Искрено мојата свекрва можи сите свекрви на светот да ги надзборува, па морам со време да се припремам ко ќе одам. Многу често знае да не те слуша туку само таа да си зборува. А најмногу ме нервира ко ќе ја слушам за други да зборува. Тоа што го забележав уште на почеток е дека прај само лице. И се додека она си ги озборува другите блиски роднини, јас само си размислувам бооооо ова кизнај за мене што кажува. Како и да е, таа е жената не знам што можам да сменам кај неа, едноставно таков и е карактерот, ама подлабоко ко ќе погледнам сваќам дека е добра личност сепак. И го игнорирам сето тоа, се дури не ги премини сите граници, се има случено да ме навреди, за безпричина е тогаш реагирам. Пробувам да и објаснам која сум, што сум, која е она, што е, која и е улогата. После тоа и се лутам некое време, ја оставам да размисли. И доколку не живееш заедно може пак нешто да се најде, да ти смета. Ама полошо е заедно да живеете. Ем повеќе ќе се поштувате, ем повеќе ќе ти биди мило што се гледате.
Извини hello-kitty ако се навреди од мојот пост, немав намера. Не го коментирав твојот став, туку на свекрва ти потенцијалната, а вистина е дека голем дел од женичките кај нас (што постари, што помлади) така размислуваат. А по мое мислење голем дел од проблемите во фамилиите се поради ова, едно мислат, друго зборат. Какво раскинување со дечко ти, боже пази. Напротив, убаво си кажа, штом ја знаеш каков манипулатор е сега си еден чекор пред неа. Си знаеш со каков човек имаш работа, и брани се од далеку. Од старт инсистирај да си бидете башка сами. И ич да не ти е гајле како ќе те гледаат дали како лоша или добра снаа. Ти треба да бидеш добар партнер на сопругот, а не да се трудиш да ги задоволиш сите околу него, со нив треба да си корекна. А тоа со фалењето од свекрвата, и после ко ќе пукне тиквата со дрва и камења по неа, во право си, го видовме милион пати и тука и во секојдневен живот. Мене ми е доволен коректен однос на одредена дистанца и така правам со мојата, па така нема простор да направи било што. Неможе да зборува, предлага, пререкува, манипулира затоа што едноставно незнае што се случува, незнае како размислувам, што сме одлучиле и слично.
мојата свеки направила огромна грешка синоќа на братучед ми се жалела дека она ни ги плаќала сметките и сето тоа пред мм, јадниот он го слушнав како и се дере али не знаев што е работата, после тоа си се качи мм дома видно вознемирен и навреден и ми вели ти во право беше кога ми кажуваше дека мајками се променила јас и ти верував и не ама сега ме навредила како никогаш во животот и одсега секој проблем ќе го решавам јас со неа а ти да не се замараш повеќе. Ми е жал за мм што конечно виде каква мајка има пред него се во ред а кога ќе останев јас сама мене ме нервираше, дури се чудам како и се испуштило да рече такво нешто пред мм сега дефинитивно тој ја загуби целата доверба во неа. Па како не и е срам, 14метра дрва купивме она парното не ни го палеше само кога на неа и беше ладно а ние мрзневме горе, плус плаќавме сметки за струја до плафон и нет со тв и тел сето тоа на наш грб откако сме верени па еве до сега и она ќе се прави паметна она ги плаќала сметките срам да и е
Многу ми се допадна твоето искажување. Комплетно си во право.Сум имала многу кавги (бидејќи живееме во заедница) за кои мислам дека немаше да се случат ако бевме одделно. За скоро се надевам ќе не пуштат да си живееме на страна , а ќе ја заборават идејата за кревање на спрат. Мешање, зборување не бев лишена од ова. Дури и се карав со мажот заради тие нејзини постапки. Наместо на него ми кажуваше мене. Јас ќе отидев ќе му префрлев. И ми пукна филмот и кажав све на него да му кажува што има. Никако да се одвои од нас.Кај оди сака све со нас (прослави,родендени, слави,во село).Еден ден неможе да е сама.Нејзе све и е сведено на деца и внуци. Не оди никаде, се занимава со рекла-казала, не и е лесно и нејзе!