Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Fairy,мислам дека многу ја претеруваш работата околу собата.
    Како прво ако ти со вереникот постојано место на живеење ви е странство,тогаш што си се запнала за таа една соба?
    Или по дифолт мора да ве следува соба или куќа од родителите?!
    Не разбирам кога сте веќе способни за фирмирање на семејство и брак,зошто очекувате дека родителите се должни да ве финансираат цел живот?!
    Не ја разбирам поентата собата да е затворена и нефункционална,бидејќи ете е ваша,а всушност вие ниту живеете во таа куќа!
    Многу галама си дигнала,па уште и извинување чекаш оти сопствениот брат спие во собата на другиот брат.
    Една недела одкако ќе се омажите веднаш се тепате за делби со кои вие лично немате допирна точка со истите и веднаш ги карате мажите од цела фамилија!
    И после очекувате почит,е со вакво однесување од страна на снаите,свекрвите не се ама ич виновни!
     
    На makedonkamak, Glasna и mimiiiii им се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.519
    Пол:
    Женски
    Ве читам и не ми се верува што читам. Мислам да влезат братот и јатрвата во соба што не е нивна, притоа да има оставено таму облека на оние чија е собата и да си спијат е навистина претерано :tmi: Побогу, и мажево мое кога уште не го имавме наместено спратот и сите живееја во заедница имавме една соба т.е маж ми имаше а јас како тогаш негова девојка доаѓав таму и таму си седевме цело време и ја сметавме за наша соба. Ниту брат му, ниту неговите , ни сестра му кога ќе дојдеше никогаш ама баш никогаш не влегле во соба без да тропнат, да без да тропнат немаа влезено, иако тоа е нивна куќа ,а не па да им текне да спијат таму кога ние ќе отидевме по две недели на одмор , а пазете , брат му спиеше цело време во дневна, комотно можеше да не се гужва во дневна туку да си се префрли во собава и да си спие таму. Ама не, се е прашање на култура и домашно воспитување, кое ете не сите го имаат :)
     
    На stefi23m и butterflysk им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    baby-star можеби не си прочитала се,значи девојката пиша дека они се привремено во Германија на печалба и ќе се вратат назад во татковината да си градат куќа,а таа соба им е привремено живеалиште.Свекрвата сама рекла дека во таа куќа имало место за сите и секој си имал соба.Не е фер,кога си реновирал си средил и никој да не те праша,па дури и да ти го искрши лустерот.Сега таа соба не е само на брат му,туку е на брат му и на снаа му,културно е барем да се праша ,а не само тупни се.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Имала свекрвата место за сите синови и снаи, како да не имала, една соба не е доволна за брачен пар, фамилија. Ама да не каже ,,гледате каква е работата, снаоѓајте се ако можете,, значи од човечност да не ги избрка и сами да си бараат чаре, им дала соба. За среќа снашкава наша ете се снашла некако, во Германија е, заминала од тесна куќа со десетина внатре, плус нејзините имале голема куќа, ама собата бе, собата, ми рекоа моја е и не ја давам. И сега тука ќе глуми принципиелност дека не и е до собата туку почитта. Дали ако тоа беше нејзина куќа со сите внатре како што се сега, ќе и беше право сопругот да бара соба да се заклучи? Или овие луѓе не и се крвно сродство и не ја боли?
    Можеби другите спијат во дневна, во некоја импровизирана соба, па искористиле ситуација да се раскомотат малку.Свекрвата можела да ги отстапи сите соби и да си скрати толку многу од комоција само да ги прибере снаите дома да не ги остави на улица, па уште и драми да и приредуваат.
     
    На SuperGirl24, Glasna и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    141.742
    малку е себично да си во друга држава, а да не може некој да ја користи собата. Да му држиш на некој заклучена соба, само оти не ја користиш, а на другите им треба, а тебе не, не ми е логично.
    Ако другите имаат свои соби, ама за инат не ја користат нивната туку вашата соба, разбирам. Ама да немаат кај да спијат, и снаата да им забрани да користат една соба...
    Абе срце широко отворете, креветот се менува, се купува, се ветрее воздухот, се пере тепихот. Себичноста останува. Затоа, што толку у несвест паѓање оти некој ви ја корител собата оти му требала. Очигледно не сте живееле со цимери, цимерки, браќа, сестри, братучеди...Или пак не сте делеле.
     
    На kate21, Bozica1980, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе што не кажавте бе , па јас кога ќе се омажам ќе си ја заклучам мојата соба а другите по дома нека се буткаат , битно јас да одбележам територија . |(

    Јас пак од дома сум научена дека мое е тоа што ќе си го купам , и во туѓа куќа не се поставуваат правила. Па мене би ми било срам да речам такво нешто ..
    Не ни одговори девојката дали ќе живеат таму или во Германија ? Ако не живеат таму крајно бесмислено ми е да се лути за детската соба на мажот .

    Барем јас никогаш не би се карала за соба во куќа каде што не живеам нити пак би барала такво нешто , доброволно би ја отстапила на користење.

    И јас сакам приватност и мразам да ми се чепка по ствари , затоа нема да се буткам по соби со свекрви , девери и јатрви .... А што е најтрагично девојката има каде да живее ама за собата и е бе . :D
     
    На Glasna, drugarka, missfortuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    За крај последниот збор го има свекорот и свекрвата тука, куќата е нивна. Не на мм.
    Муабетот ми е невестата да се смири и да не ја претерува бидејќи свекрвата и рекла дека не ја сака повеќе.
    Ако продолжи со ваква напнатост нажалост може да и се присака на свекрвата воопшто да не се враќаат во куќата, а собата да ја дадат на кого сакаат, па и на братот.
    Затоа смирено и без нервози, за глупости не се карајте.
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^^
    Лично мене што би ме изиритирало во ситуацијава е зашто бе да ме игнорираат? Зашто е толку тешко да се каже и да се праша,мене тоа не ми е јасно.Прашај,кажи уста имаш вака и вака може ли да седиме таму додека не сте тука и готово,зашто мора да биде ќути-бутај работава.

    @missfortuna
    Леле па и свекрвата свилена,се побуни ли снаата не ја сакала веќе,абе ајде драматизации.
     
    На pikolino, fairy90, butterflysk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Јас одма се ставам во таква ситуација, и замислувам дека се мажам, еве нема каде, идеме кај моиве да живееме, ни испаѓа прилика да одиме во странство, и зетов си ја заклучува собата, мојата соба, си го става клучот во џеб и чао пријатно. :rofl:

    Мајка ми и клуч и врата ќе ми мавне од земја, а веројатно и нас двајца успат. :rofl:

    Мореееее, златна Германија, во Икеа за 200 евра какви каучи има, |( што му го мислиш толку за петоседот на кој ќе седиш дали и две недели во цела година, фер е да си го побараш само скршеното/оштетеното, терајте си живеачката, шетајте таму низ Европа... Петоседот ќе го мислам што ми прави.
     
    На kate21, artemidis, LadyNN и 7 други им се допаѓа ова.
  10. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Драмата е веќе направена од страна на невестата што си ги собрала парталите и се вратила дома кај нејзините. Што треба да и речи свекрвата?

    [/quote] Fairy
    Они ми рекоа дека јас кога ке се вратам пак ке седам таму ке ја напуштиле собата,не е работа за една соба јас кај моите имам кука на 3 спрата и мозам на кој спрат сакам да сеедам битна е почитта на сопругата на нејзиниот син.Треба да ме почитуваат како што треба и ете јас утре заради љубовта што ја Чуствувам спрема мазот ми ке одам кај нив од лиЧна култура да им го Честитам празникот,не сакам веке да се карам со мазот ми заради ови работи.Искрено мислев дека тие треба први да се јават и да се извинат зошто погрешиле,ама ете заради празникот ке одам,се надевам дека нема да ме измаваат и да бидат некултурни спрема мене,иако на мазот ми свекрвата му рекла дека не сака да ме види,па ке видиме виш ме лак гирлс па ке ви казам ка0ко поминав.те, ете тоа е драма направена за глупости.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    А тек Дузи замисли сега кога нема да не има дома 5 месеци, и пример дојдат некои роднини од страна и сакаат да приспијат кај тебе и кај мене нас мајките да ни се јавуваат ваму на скајп да не прашаат дали може да спијат кај нас у кревет? А нема друга слободна соба, освен троседот у дневна, да се кичмат.

    :rofl:

    За мене некултура е и тоа што додека собата седи празната, братот, сестрата или било кој друг да се кичми у дневна, зашто само зашто собата не е негова, туку на брат роден и девојка му и жена да му е нејсе. Себичност до срџ.

    Како сакате да уживате во туѓа сопственост прикажувајќи ја како ваша не ми е јасно искрено.
    За мене нема ништо поубаво од тоа кога нешто ќе купам со сопствени пари од сопствен труд и пот.
    Не мајка ми, баба ми, маж ми, вереникот, јас самата ќе ги заработам.

    Башка зашто сте им робови на стварите бре, се скршило ќе ти купи ново, побарај си го и готово а не да се нервираш тука за глупости и ние да се правиме експерти за делење на соби,петоседи, лустери и домашно воспитање или не знам што.
     
    На kate21, Glasna, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    4.209
    ајде ке се омажите и вие па ке видиме тогаш дали се ке ви е сеедно ;) во вашиот брачен кревет каде споделувате интимност со сопругот да ви спие некој друг и истото да го прави ;) лесно е вака од страна да се кажува кога не сте го искусиле тоа, ама кога ке бидете на место на девојката подрукше ке размислувате :) да нацртам па може ке сфатите што значи поимот ТУЃО, сте се фатиле свекорот ја правел куката, па може не ја правел ни тој :D еве конкретно куката каде што сега живееме не ја правел свекор ми туку неговиот такто и што во вакви случаи чива е куката :angel:
    куката е заедничка колку што припага на братот на мажот на fairy толку и нему му припаѓа. таа соба е негова дадена му е , автоматски сега кога таа му е сопруга тоа е нивна заедничка соба плус девојкава си вложила во неа си ја средила, таму седеле, таму има нивна облека, што е битно дали заминале во Германија, Данска или тунгузија и која е целта на заминувањето тоа е пак нивната соба со нејзините гаки во фиока !! И човечки и културно е да се праша дали може да преспијат таму ако веке нема каде, ама сигурно има со оглед на тоа каде спиеле тие пред тоа кога она и маж и биле дома . А секој со осет нема ни да му текне да спие на брачниот кревет на снаата и братот а па не да го изреализира тоа. Ама луге без осет има многу :emo:
     
    На pikolino, stefi23m и fairy90 им се допаѓа ова.
  13. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Па јас мислам дека нема да изреагираат вака брзоплето, детски и без размислување.
    Прочитај што пишуваат.
    Секоја мисла има смисла.
    Не е само да се омажиш.
    Ако влегуваш во друга фамилија кај некого дома толеранција и разбирање треба.
    Ако се нема толеранција, со разбирање треба да го реши ова, на убав начин и со збор, а не да се кара и да бега дома како потполно незрела личност.
     
  14. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Да омазена сум,иначе тие знаеа дека јас не мозам да седам во германија повеке од 3 месеци и знаеја дека ке се вратам,и знаеја и дека ке дојде мазот ми од германија и дека ке седиме во мк 1 месец заради свадбата што е заказана на 15 август,јас не мозам да замислам да го делам креветот со друга личност освен со мазот ми искрено кај мене ситуацијата е слична како кај девочето што рече татко ми не ни влегува во мојата соба мозе само кога му треба нешто,ниту пак јас влегувам во неговата освен ако не ми треба нешто а камо ли да спијам таму,сепак тоа е негова соба,исто и како на сестра ми значи секој си има своја соба.Иначе куката на свекор ми има 4 соби од кои едната е на постариот другата е на мазот ми третата е нивна спална соба и дневна соба со кујна,каде што во кујната има 2 кревета на кој што едниот спиеше помалиот брат и во дневната двосед и тросед.Денеска не беа дома,па одлучив да се јавам на свекор ми и честитав празник иако не ме препозна по тел сигурно ми го избришал бројот,они се навредиле што јас не сум сакала да ја делам спалната и што сум заминала.Мазот ми ме подрзува во оваа и мисли дека требале да прашаат од лична култура,а и ме подрзува во тоа што сум си заминала и мисли дека нема потреба од извинување зошто не сум погрешила,искрено јас не сум ни влегла во нивната спална и мислев дека и тие ке го почитуваат тоа ама ете погрешно сум проценила.Не ми е мене за една соба,туку за почитта која што ја давав а не ми беше прузена.Моите рекоа дека ако сака мазот ми ке ни отстапат цел спрат и нема да го чепкаат моземе слободно да го заклучиме,но мазот ми не сака,не сакал домазет да станува гордоста негова ама тоа е.Тој ке дојде на 4-5 Август и ке седиме тука до септемви но одделено тој ке спие таму јас дома,јас треба да средам уште некои документи тука во мк и да заминам за гер.и после да се вратам со него.
     
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.198
    Fairy90, битно е дека маж ти те поддржува и имате исти погледи на работите, за другото не се замарај. Почитуваj ги во иста мера како што тие те почитуваат тебе.
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Е да ми извиниш Феири, ама греота е детето да спие во кујна кај што се јаде и кај што се готви, а да стои една празна соба заклучена. :x Чисто информативно, и јас имам спиено во кујна, еден период од две недели, и тоа многу свежи ми се сеќавањата, и воопшто не ми беше ни мене пријатно, ни па на тие што мораа да готват и да јадат таму. Под итна постапка бев преместена. :!:

    Кога веќе толку запнавте сите за приватност, замислете па на третиот брат како му е, собата да ти биде во кујна или во дневна. Е тоа е ич приватност, сите ти се мотаат тука, алишта немаш кај да си ставиш, телефонот ти стои тука каде што секој може да го фати, лаптоп, мириса постелнина на пржено, да не редам понатаму.

    Да, не сме мажени ние, ама сите сме во Македонија и свесни сме во колкави куќи се живее и кои се можностите. Братучед ми уште од сега е договорен да дојде да спие кај нас, чекаат јас да фатам штрафта, што да им речам, нека спие бре, не ми смета, јас кај нив со недели имам спиено и никој ми нема ништо речено.

    За некои работи, стварно..... ама стварно треба малце осет и компромис. :x
     
    На kate21, Vikica.cuci, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    И вредеа ли кавгите ? Прво очигледно братот штом спие во кујна :o сакал да се испружи , јас сама би му рекла да си спие таму штом не сум секако таму ... Моментот што треба да го разбереш е дека уствари вие сте на гости таму . Вие ќе си заминете во Германија зар е ок при празна соба братот да спие во кујна ?

    Сакале да те пречекаат убаво па отстапиле соба за вас ама не очекувале дека се закатанчиш за неа ко да е највредното нешто на свет .
    Луѓе бе како ви дава срце така некој да се тутка во сопствениот дом за да вие си имате празна соба а притоа имате куќа со посебен спрат на располагање . Кај ви отстапуваат при толку тесен простор па и се буните зошто седеле кога не сте тука .
    Ајде бе расправии за тривијалности што да кажам друго . И она шо ќе речат комшиите за домазет при празен спрат ќе се туткаме како сардини и ќе се караме за тросед или двосед.

    Јас искрено таму би се осеќала како гостин . А во твојот дом во Германија да навистина нема никој право да ти влегува а овде девојче каде условите не го дозволуваат тоа треба да се прилагодиш на нивниот ред, па и ти само што си влегла веднаш си се поставила како газдарица , не знам што да кажам. Па ќе стиснам заби штом некој си отстапува од комодитетот во својот дом за да ме прими па после во свој дом ќе си поставувам свои правила и ќе се ширам колку сакам.
    Карајте се и понатаму . Иако маж ти те подржува верувам дека не му е фина целата ситуација .
    А да си била малку поразумна верувам дека кога ќе сте биле таму никој немало да влегува во собата , ќе сте поседеле до свадбата сите среќни и весели ќе ве испрателе во Германија .

    И не знам зошто ти си си дозволила да излегуваш лошата ? Поарно ќе било штом толку ти смета маж ти да рече и немало да звучи толку страшно отколку новата снаа.Или да си отишла со изговор дека сакаш да поседиш со твоите место да се расправаш за една соба во куќа каде што реално нема место за сите членови .
     
    На kate21, Hipster, Bridget и 3 други им се допаѓа ова.
  18. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Зар не ти падна грев за помалиот брат, тој да спие во кујната на кревет, да се витка додека има слободна спална соба, а вие не сте дома месеци.
    Немаш никаков осет, кон никого.
     
  19. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    И еден длабок наклон за свекорот и свекрвата :bow:
    Ова драги мои е пример како НЕ треба да се постапува во заедница.
    Колку што сфатив едниот брат спиел во кујната. Не треба човек да е МЕНСА за да сфати дека причината е недостаток на спални соби.

    А на свекорот и свекрвата фатени им биле устите да ги седнат младите пред да отидат за Германија и со убаво да ги прашаат дали додека се отсутни ќе биде проблем братот да спие во нивната соба. На тој начин снаата ќе може да ги тргне сите оние работи што не би сакала да се гледаат - не е овде само долна облека во прашање, може си има дневници, медицински извештаи, интимни писма со сопругот итн. И нема да има нарушување на приватноста.
    И волкот сит и овците на број.
    Сигурна сум дека ако се седнело и со убаво се направел муабетот, повеќето снаи, колку и да се воспитани во духот на почитување на приватноста (еве поаѓам од самата себе), би се согласиле.
    И проблем решен.

    Ама не - зашто така разумно и кротко да се постават, со цел избегнување на конфликти, кога може она некултурното - позади грб. Ионака тој што би се бунел е на илјадници километри далеку. Па кој го тркала :^)
    За срамота на двајцата, не им личи на годините. :x Во заедница за проблемите се разговара заеднички - и за да се изнајде решение за нив, а особено да се спречат пред да настанат. Џабе им е животното искуство.

    Туку овде друг е проблемот. Јасен ми стана кога прочитав дека братот не само што се плеснал на туѓ кревет без прашање, туку и со сукало кршел лустер :fubar: Така и на мајка му лустерите ги крши? Или ај пошто снашка го купила нема гајле, можам бејсбол да вежбам на него :^)
     
    На tinkerbelll, wtff, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Тешко на брат му на мт.
    Покрај слободна соба,детето да се тутка на кревет во кујна и после ти ќе зборуваш за приватност. :fubar:
    Мене па ме интересира што си барала да им се тупкаш таму,знаејќи дека е мал простор,а вереникот твој не бил таму?! :wasntme:
    И аман со таа приватност или припаѓање некому нешто.Ти уште неофицијална снаа направи раздор,а камоли да си веќе официјализирана,можам да замислам дека заради тебе и твоите каприци,мт ќе се искара со сопствените браќа!!!
     
    На Bridget и mimiiiii им се допаѓа ова.