Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Доколку ме прашаа на фин и културен начин јас сигурно немаше да казам дека не мозе да спие,ама ете работење позади грб тоа е што толку ме инзервира не мора да значи дека ако јас сум отишла со мазот ми во германија,кој не шиша веке се работи и за почит исто така,јас не сум толку бездушна,а и свекрвата сама каза дека има место за сите доколку ми рекоа пред да ја реновирам собата дека планираат таму да го сместат братот на мм кога мм нема да е тука јас сигурно нема да го направам сето оваа а и не значи дека ние вечно ке остаме во герм.таму зивееме под кирија и само мазот ми работи,утре не дај бозе мозе се да тргне наопаку и да се вратиме тука тогаш они што ке прават,ке се факаат за глава,а кога сме веке кај тоа и вереницата на брат му има кука на 2 спрата во која зивее само нејзиниот татко,па како би им пресудиле на нив,а тие зивеат кај свекрва ми што она е вереница а јас сум зена на нивниот син,ама ете со тоа што си заминав кај моите отстапив соба за да имаат кај да спијат,иако јас и мазот ми нема да спиеме заедно кога ке сме во мк,a и мислам дека треба да ми се заблагодарат за тоа i за реновирањето на собата а не да се лутат затоа што сум си заминала.
     
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Значи сте се фатиле ко слеп за стап ко само две апсолутни вистини да има, собата па собата.
    Не е проблемот собата, не е проблемот петоседот, не е проблемот лустерот или братот.
    И не е проблемот непочитувањето или правењето работи зад грб.
    Сама велиш да знаеше немаше да ја реновираш.
    Треба да разберете, некои работи ги правите да уживате во нив, и ако и други уживаат а не сте вие во можност, тогаш радувајте се, не се јадете.
    Ама не, нема ни вие да уживате кога ќе сте тука по цена само некој друг да не ужива. :^)
    Ако тие околку мене не се среќни, да се посерам на мојата среќа.
    Утре и во добро и лошо треба да сте заедно.

    И не е во ред што не прашале, и апсолутно не е во ред што и покрај тоа ти не си се понудила кога веќе не си тука.
    Задоволството на другите е мое задоволство, посебно ако јас сум им го овозможила, и очекувам и така да се однесуваат.
    Јас го мразам тоа мое твое, да дадено е на користење, и е ваше, се сложувам, ама па сега, да делам и да создавам проблеми каде што реално ги нема, е премногу.
    Значи тоа не е некој проблем. Точка.
    А за други работи утре што ќе правите? Маста ќе си ја извадите со вакви самоиницирачки кавги.

    А тоа дека има долна облека, нека ти е памет за друг пат, облека не се остава (освен јас би со задна намера :devil: :devil: )
    Еднаш имав прерастурена соба, од шминки, алишта, се ми беше на хаос, и јас си излегувам фино лепо, и кога се враќам поплава. Морав да го викам комшијата пошто за толку кратко време немаше кој да дојде да ми помогне, и трпев срам невиден од мојата соба.
    Мала бев, може и не примети човекот и тој беше пустиот во паника, но не е тоа поентата. :tmi:
    Се' се случува, затоа без долна облека на ачик, бричени мишки, не се искача од дома :D :D
     
    На kate21 и Hipster им се допаѓа ова.
  3. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Сите работи ги испомеша, веќе не се знае кој е кој, кој каде легнал, што направил, само некои нови работи додаваш.
    Ете не прашале, па и тоа е местото кај свекрва ти, како ве собира сите таму не знам, ти наместо како човек да ги сватиш работите дигаш прашина и сега веројатно сите го имаат мислењето за тебе сменето(не кон поубаво) оти со ова ти верувај не постигна нешто за свекрва ти сега да гледа на тебе со почит, туку гледа како апсолутно не зрела личност.
    И како можиш ти место да му бараш на братот на мм.
    Нели ти имаш куќа на 3 спрата кај мајка ти, кој е проблемот сега со нив, убаво така да пишиш за јатрвата што имала и кај да оделе, ако е вереница па и жена ќе му биди.
    На свекрва ти не треба да и се лутиш, ете има три машки деца, а пак ве собрала сите кај неа во куќата.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ете го ова турското, шо го спомнав вчера.
    абе ако си мајка не си роб на децата.
    нека си бараат чаре, ако се слепи и не гледаат каква е куќата отворете му ги очите и готово.
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не си знаела дека братот ке спиел во кујна, не знаеше колку соби има и колку сте внатре? Па што ќе правеле ако вие решите да се вратите назад, ќе се фаќале за глава :D Ти треба да се фаќаш за глава не тие да ти мислат каде ќе спиеш.
    Па зошто не ја прашале, ќе ја дадеше собата ако те прашаа, немаше тогаш да ти смета влегување во приватност и се друго на што се правдаш сега? Принцези без круна.
     
    На imelda, Glasna, drugarka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Девојко ти имаш проблем со многу слободно време.
    Наместо да изиграваш судија и геодет да делиш земјиште и соби, земи работи, да не бидеш цел живот на туѓ терет.
    Нема што да правиш затоа мислиш само на глупости, па мажот ја подржувал, да те подржува како што треба нема да те остави да се караш со сите, туку на маса ќе ве седна и да го расчистите проблемот.
    21 век сме, проблемите со разговор се решаваат.
    Бренете ја колку сакате, ама мене не ми е нормално млада здрава права девојка по цел ден само на тоа да мисли и да се кара и расправа како бабине на чешма кои немаат попаметна работа цел ден. Така ти испаѓаш како нив, наместо да испаднеш попаметна и покултурна.

    Rise above и работете и заработувајте, ви посакувам да си купите нешто свое, не кај мајки и татковци и бидете сами свои газди. Доста со тие делења, кавги, ги напунивте пари адвокатине со вакви смотани кавги за кој што треба да земе или да не земе.
    Една третина од куќата утре он ќе си добие, дали ти ја заклучила собата или не, пак ќе има наследство, нека не се секира.


    А за онаа што кажа ќе се омажите па ќе ве видам, да ви кажам не ми паѓа на памет да барам ништо што не е мое и да заклучувам вака соби и да се карам со золви и свекрви. Вие велите немање култура, ама ја викам јас имам достинство.
    Не планирам никого ни да го издржувам ама ни да ме издржува. Млади сме, ако сега не работиме и заработуваме за иднината, кога?
     
    На tessie, imelda, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Hipster, јас кажав како функционира моето семејство. И да, татко ми премногу ретко влегува во мојата соба. Не знам зошто тoа ве чуди. Нема ни што воопшто да бара таму. Кога сакаме да седиме сите заедно седиме во дневна, ручаме во кујна, гледаме телевизија заедно во дневна и толку. Во соба се знае што се прави, или спијам, или читам книга, или се пресоблекувам, се спремам за некаде или си гледам телевизија сама, или учам или едноставно сакам мир. И не знам што татко ми би правел до мене во тие моменти во мојата соба. Исто е и во спалната на моите. Ако сакаме да сме заедно седиме во дневна, штом некој си влезе во своја соба тоа значи дека си сака приватност. Да, лични докумeнти стојат во спалната на моите ама затоа и реков дека влегувам само ако нешто навистина ми затреба. Писмено барање не ми треба.

    Не знам зошто приватноста веднаш ја поврзувате со нечија злобна скриена желба за превземање на нечија куќа, одма се фаќате за таа работа, дека некој одма ќе дели куќи, станови или не знам што, одма за тоа мисли некој, одма муабети од типот заработете сами. Од каде знаете дека не работат? Од каде знаете дали некој е на туѓ грб или сам си средува? Девојкава колку што прочитав кажа дека таа плаќала сметки во таа куќа, епа кој на чив грб бил во случајов? Нит па прочитав дека треба куќата на неа да се препише, многу одите од крајност во крајност, а работата е многу едноставна.

    Можеле како луѓе да седнат и културно да објаснат и да прашаат дали може додека не се тука, собата да ја користи најмалиот брат. Еве јас лично ви кажувам дека доколку мене културно ме прашаат веднаш ќе ја отстапам. Ќе сфатам дека ете, тесно е, тој е млад, му треба повеќе простор и не сака со неговите да седи во дневната цело време. Најискрено си кажувам. Нема да превртувам очи, АМА ќе си знам што треба да извадам од таа соба пред да одам, што треба да средам и што не сакам да се гледа па ќе си однесам кај моите на пример, и толку. Па слободно после нека си ја користи собата без проблем додека не сме тука. (Иако јас лично никогаш не би се осмелила ни да прашам некој за такво нешто. Знам дека таа соба не е моја и тука завршува се'.) Ама како и да е, толку ли е лошо и чудно ако некој не сака да му се мешаат во интиматата.

    И друга работа што не ми е јасна, ајде малиов брат што не е женет ја користел зашто нема своја соба, ок, ајде, седел цело време во кујна, таму спиел, тесно му било, некако, ајде ќе речам некако да сфатам, а постариов брат со жена му што има своја сопствена соба што бара да спие во собата на неговиот брат и снаата? Тој нели си има своја соба во истата куќа? Епа што барале да се преместуваат? Јас пак ќе кажам дека во таа куќа нема ред, во таа куќа уште важат правилата од пред 15 години кога браќава биле мали па морале се' да делат. Штом малиов си зема за право со сукало да крши лустери, тогаш што да се коментира понатака, тоа апсолутно се' кажува за нив. Ејјјј со сукало лустери да крши, не можам да се изначудам, цело време си мислам со какви неандарталци си има работа девојкава.

    Доколку се преселиле за постојано во Германија тогаш не е во ред да држат соба, да, за тоа се согласувам ама јас никаде не прочитав дека тие се преселиле таму, јас колку што сфатив тие таму биле на определено време со план да се вратат што побрзо зашто ќе прават свадба, самата напиша дека личните работи им се се' уште во таа соба, кој се сели за стално без своите лични ствари?

    Сите знаеме како е во странство ама исто така знаеме и дека не можеме да се споредуваме со нив. Така што тој муабет овде е вишок.

    Инаку, ако тоа за чистењето се однесуваше за мене, откако знам и паметам за себе сама си ја чистам собата. Не дозволувам мајка ми ни да допре. А последниве 3, 4 години не само собата туку и цела куќа (освен спалната) е на мене и сестра ми, мајка ми гледаме да ја поштедиме најмногу што можеме, доволно чистела додека сме биле мали, сега е наш ред.
     
    На pikolino, butterfly.mk, jovanovska94 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Фино од тебе што ја раскажа вашата ситуација и односи дома, ама прво нешто што треба да го научиш кога излегуваш од дома и одиш да живееш под туѓ кров каде патем делиш вц и кујна со 5 или 6 мина други, е дека таму важат други правила. Треба да се прилагодуваш. Ако сите си одат по тоа што го научиле од дома и никој не сака отстапки да прави, веројатно ќе има ситуации како кршење лустери и растурање на односи со браќа и сестри. Очигледно е нели? Ајде да речеме дека е во право, што ќе постигне таа? Ќе се испокара маж и со браќата и родителите, само што на неа тоа сега не и е проблем. Кога ќе помине време, кога ќе се оженат сите, ќе имаат деца, како ќе му биде него да заради една соба не може внуците да си ги види? Можеби малку драмам, ама натаму оди, вака се почнува. Примери има многу и знаеме сите како завршиле.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас и претходно кажав дека не го оправдувам нејзиното однесување. Ама гледам сте го прескокнале тој дел. Кажав и дека јас не би изреагирала така ама гледам и тоа сте го прескокнале.

    Како и да е, не знам што потреба имаш мене директно да ме напаѓаш. Тука јас не сум тема на муабет. А и не ни знаеш каква личност сум јас, дали се прилагодувам или не се прилагодувам и какво ми е воопшто размислувањето во врска со тоа. Така што, советов ти е вишок. Ниту пак ти требаше ироничниот коментар за изнесувањето на мојата ситуација дома, за тоа дискутиравме со Hipster, така што имав потреба само да се дообјаснам.
     
  10. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Досега не сум имала никаков проблем со свекрва ми, но ете се случи еден несакан инцидент и тоа баш за Велигеден. Ден пред Велигден, т.е. вечерта во саботата, мм се слушна со свекрва ми и таа му рече (барем мене така ми беше пренесено) дека ручекот се одложува за во 18, а бевме договорени во 14 да одиме кај нив. Брат му и жена му живеат со свекрва ми, а јас и мм сами. И јас прашав нормално зошто?и одговорот беше дека брат му го викнале на работа и морал да оди ќе се врати во 17:30-18. Бидејќи вечерта бевме договорени кај моите на благо после ручекот, јас го прашав мм дали сака за да не бидеме сами за празникот да одиме првин кај моите, па после секако до 18 пак ќе огладниме па кај неговите или па да седиме дома ќе направам јас некој ручек и тој ништо не кажува некое време, бидејќи му се скрши филмот.После му предложив 3 опции. 1. Да одиме кај нив и да седиме, мезиме, разговараме додека го чекаме брат му да се врати, 2. да останеме дома. 3. да одиме кај моите на ручек, па на вечера кај нив. И јас можеби избрзам, но бидејќи не ми одговори некое време јас се јавив кај мајка ми и ја прашав дали да ќе смета да дојдеме, со оглед на фактот дека не знаев дали има зготвено плус месо за нас. Моите живеат со снаа ми и брат ми. Секако мајка ми рече нема проблем. Вечерта јас рано си легнав и не знам што се дешавало, но мм се слушнал со мајка му и по телефон и преписки по смс и као многу се налутила, бидејќи таа спремала цела недела и јас така сум направила. Одма сум се јавила кај мајка ми и не сум ги испочитувала. Многу се навредила и цел ден плачела. Јас сабајлето направив пита и спремив јајца за кај нив да однесеме и мм рече дека ќе одиме после и таа пак се јавила додека бевме кај моите и пак се карала со него и не отидовме. Тој беше многу нервозен и мене ми се скара, бидејќи и според него не сум постапила правилно. На прапањето како требаше да постапам, одговорот беше не сум требала да договорам со моите. Јас му велам, па кај моите можевме одма да откажеме тие немаше да се налутат ни ако 5 пати им презакажам, но тој вечерта не ме спречи и јас мислев и него му се допаѓа идеата.Што требаше да направам старно не знам. Моите не се толку традиционални типови и не замераат баш, ако дојдеме дојдеме ако не нема да се налутат. Како и да сега веќе готово се заврши, враќање нема, знам дека избрзав со одлуката, може требаше да почекам. Многу ми е криво што така испадна, бидејќи мене не ми беше намерата да навредам некого, а поготово не нејзе, но ете се случи недоразбирање. Но мораше ли и таа таков испад и таква нервоза да му направи на мм и да направи да се караме ради нејзе. Имам прекрасен брак и досега ваква лутина кај него немам видено. Сабајлево му се извинив и му реков дека е недоразбирање, но дека мајка му непотребно издраматизира. И сега таа е многу лута, а јас не знам баш како да постапам, бидејќи се уште баш не ми е јасно што е толку биг дил дали ќе одиме во 14 кај нив и ќе чекаме до 18 за да јадеме или ќе одиме во 18 па ќе си останеме подолго. Практично само го сменив распоредот за доаѓање кај родителите, за да ги испочитуваме сите.Ете, извинете за долгиов пост, но морав детално да објаснам.
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    На луѓето никако не им се погодува. Според мене си нашла соодветно решение, за да стигнеш и кај твоите и кај неговите.
    Ништо.. пробај со убаво да и објасниш, дека секако си сакала да отидеш и тамо. И доколку свати ок, ако не здравје. Мислам дека немаш потреба за извинување, но доколку мислиш дека тоа ќе ја смири извини и се (секако доколку сакаш да сте во ок односи). :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    LusySkyDiamonds и јас мислам дека добро си постапила, си сакала денот да го поминеш и со двете фамилии и секако да ги испочитуваш, да го честиташ празникот, а свекрва ти си го протолкувала поинаку, да не речам како нејзе и одговарало, сметам дека нема потреба ти да се извинуваш, не си згрешила и не си направила нешто лошо, па и намерно, можеш само со убаво да и ја објасниш ситуацијата од твојата гледна точка, ако те разбере во ред, ако не, неможеш сосила да ја натераш да го смени мислењето :)
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Луси колку ми е ова познато. И мојов е таков. Во моментот кога треба да се одлучи и ако незнае што да прави едноставно си преќутува. Абе можеш сто пати да препрашаш он кул. И ќе решиш што ќе решиш, зошто некој мора да пресече нели како ќе биде. И покасно ако има проблеми јас испаѓам крива. Пак е до мажот. После телефонскиот разговор да ти рекол да да јави се кај твоите ќе одиме на ручек, или не немој сепак во 17 ќе ручаме кај моите ти така ќе си направела.

    А за случајот на fairy90 морам да го кажам следново. Тој што треба да спие во кујна е осуден, без разлика кој е .При опремувањето на станот силом прилике спиевме во дневна која е поврзана со кујна, луѓе мој поодвратно нема. Абе ако дента е нешто готвено си се осеќа мирисот па колку сакаш луфтирај. мислам дека на манџа мирисав. Ама нешто да запржиш и после аромата си лебди во воздух а ти легни таму да спиеш. Старите се виновни што дозволиле детето таму да им спие. Па уште за сите синови има место. Е НЕМА ДА МИ ИЗВИНИТЕ. Нека ги мотивираат синовите секој џаре да си бара. Ова требало да биде разговарано пред реновирањето на собата. Зошто реално и 20 год да си во брак, имотно правен газда пред закон е свекорот. А ти fairy90 биди доблесна, нека спие детето во таа соба кога сте во странство, а тоа што ти е интимно тргни си го. Јас те разбирам, ако нешто мразам е некој да ми нарушува приватност, ама тоа правило си го терам во домот што сами си го заработивме. Ни кај мајка ми не се правам газда. а и смилувај се на детето, нека си спие башка кога не сте таму.
     
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.181
    Kолку што можам да разберам ,сопругот твој впрочем не ни имал некаков проблем со одењето на гости кај твоите родители,проблемот е во свекрва ти што изреагирала на таков начин,па познавајќи си го сопственото дете колку нејзината драма влијае на неговиот карактер/темперамент,пробала на некој начин да го тормози и изманипулира на тактички начин(со љутење,мрштење и итн.),ете кога веќе не сте поминале време само за кај нејзе(муабетот е зошто и кај твоите,без разлика колку претек на време сте имале,тој ден само за кај нејзе резервиран бил),па бидејќи не може на магарето ,удира по самарот,и дошло до тоа што дошло,за да вие двајца си го упропастите празникот,све е тактички :!:
     
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Abe aman za kavi stnici ovie svekrvive se fajkaat znaci more belja rabota eden rucek a tek kakvi pooozbilni raboti ima so ima vrska kaj tvojte ili kaj mjakamu jas da sum ne pram zamerka za takva rabota ail toa e karakteri.
     
  16. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    I jas si ja sakav svekI AMA ete nekoj slucki krajno me iznerviraa.Tocno mn svatovci se nemaat,pa edni od niv se I moite.Nebaram da se sakaat ama mi e krivo koga moite kupuvaat nesto na deteto a tie ili go kinat ili go krsat I se nesakajki bilo.De molam kako moze se igrackite I alistata od moite da se skinati I skrseni a od niv sto se da se zdravi?!Sinoka otidovme da cestitame praznik kaj moite I kaj kumovcite I koga se vrativme jajceto za sin mi od moite bese zdravo. I kaza deka ke go cuvame dolgo zosto e od kineska kokoska I e vapcano v zori.Stoese zaedno so jajcata od kumovcite I sega koga stanav op skrseno jajceto od moite prasuvam koj go. Skreil velat nesakajki seskrsilo e kako da ne kako has. Toa jajce teeee rano rano se iznervirav.izvinete za lat od mob sum.
     
  17. Quetsya

    Quetsya Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Мили мои,

    кај нас проблемот е што стариве мислат дека тие се главни, тие наредуваат, само нив треба да ги слушаме и ред други работи и тоа што никој со никого незнае да седне и да направи муабет. Јас немам никаков проблем со свекрва ми, како најдобра другарка ми е. Ниту пак со мајка ми. Никој не ни прерава ни на мене ни на мм.

    Едноставно е барајте си чаре или разговарајте меѓу себе, СИТЕ проблеми можат да се решат.

    Битно е вие и вашиот маж да се сакате да разговарате и да сте сложни, а за другите да не ви е гајле. Кој на кого што рекол, зошто, како? ТОА НЕ Е ВАШ ПРОБЛЕМ!

    Научете се да живеете, а не да созревате со оговарања и кавги!
     
    На captivating, butterfly.mk, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    секогаш треба да се има почит и разбирање нема веза снаи свекрви золви или јатрви
     
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    врти сучи до мажите е.
     
    На girl-miri и dushiche им се допаѓа ова.
  20. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Јас еве тазе невеста, немам проблеми со свекрвата.Се знаевме и претходно, ништо не е сменето откако сум кај нив.Едноставно муабетот е отворен, маж ми е стабилен ме поддржува, јас не се оптоварувам со секакви муабети.Золвата е постара од мене имаме пријателски однос.Како да кажам, со свесни и обзирни луѓе ќе си имаш живеачка.Ако почнат кавги, неподнесување и слично, јас како изграден и самосвесен човек а исто и сопругот, нормално дека ќе си одиме.Но не кај мајка ми или да одам нонстоп да се жалам, ќе си стегнам заби и ќе се борам за нас двајца и нашето семејство.Ние секако се подготвуваме за наше самостојно живеалиште, бидејќи работам во Скопје, а доаѓам од друг град.Но додека да биде тоа, во заедница сме и функционираме ок. Свекрва ми, како и повеќето постари луѓе сака да и направиш муабет, да испиете по едно кафе, да се насмеете, зошто сепак како и нашите родиели и таа сака да биде присутна во нашиот живот и да даде некој совет. Секој си има простор за својата индивидуалност, никој на никого не му се наметнува.Ама тоа е одамна така поставено а не сега. Додека одевме со маж ми, не сум била заслепена дека се само од себе ќе се среди, знаев дека ќе живеам во заедница, ги познавав луѓето.Едноставно не очекував ни повеќе ни помалку, само почитување. Но ќе кажам пак, соберете сили и борете се да станете независни во секоја смисла пред да се омажите.Ќе знаете како подобро да се справувате со разните животни ситуации.Родителите за жал нема секогаш да бидат до нас.
     
    На SuperGirl24 и butterfly.mk им се допаѓа ова.