1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Прекрасна поучна приказна,само нема кој да ја прочита,за жал :!: .Да се разбереме и јас сум снаа,не сум цвеќе за мирисање,ниту пак безгрешна,ама таа Свекрвата е мајка на вашиот сакан,како што сакате и вашиот маж да ја почитува вашата мајка,така исто треба и вие да се однесувате со нејзиното височество-Свекривата :lol: И јас отпочеток живеев во заедница,во иста куќа,се ни сметаше на двете,два карактери,две генерации,абе стегање,цело време на штрек да не згрешиш нешто и колку и да внимаваш ќе си замерите и ќе пукне нешто.Маж ми дојдиси од работа јас мајка ти вака,она на маж ми женати вака онака и маж ми сирот си го кркаше стапот и кај уморен од работа уште ние му фалевме(тоа време студирав,не одев на раб).И еден ден му пукна филм не седна двете и ни одржа убава лекција,дека не сака двете и дека таа ситуација меѓу нас многу го гуши и да го решиме сето тоа меѓу нас со убав разговор и се што имаме да му кажеме на него, да си го кажеме во очи и постепено да го решиме јас и она,а не да замараме и други.И немате појма колку се смени ситуацијата после,ама си направивме и цел спрат над куќата,се средивме,ни помогнаа доста и сеуште ми се од голема помош,за се се тука,ама наместо да го речам лошо,ќе го речам арно(не сме лицемерни,туку што ни смета во лице,нема љутиш).Коректен однос си имаме,за децата мои душа даваат,во секое време да им побараме нешто тука се,не мислам само материјално,ете да речеме во врска за децата,а верувајте тоа ми е најголема помош,кај сакаме со маж ми можеме да одиме,знаеме дека во сигурни раце се.Што ни смета и ако мислими не е исправно така,во очи си кажуваме и така си решаваме се.Инаку имам млада свекрва,шетана и доста интелегентна(не се фалам,туку со таквите викаат потешко било да се најде компромис,ама ете случај од искуство :) )
    Порака до сите млади невести немојте за глупости и за се да се нервирате.Неможе вчера сте отишле одма се да е по ваше или одма пола куќа е ваша,малку трпение зашто како правите вие,утре така и на вас ќе ви праат.И размислете дали тоа што и го правите или мислите на вашата свекрва,дали истото би го направиле или мислиле на вашата Мајка.

    п.с. Лелелеле ова испадна како да ги китам и фалам свекрвите дека се нешто најдобри,само снаите нечинат,ама не е така,животот што ме научи до сега во овие 10 год брак,дека самите си го правиме што она ни се случува,не велам дека нема исклучоци,ама повеќето така е.Размислете,со најдобра мисла ви го пишувам ова,од искуство! :hai:
     
    На SimonaTino, Dentina, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    некогаш,со некои луѓе муабетот е едноставно НЕВОЗМОЖЕН :)
     
    На Nati.P и joy1 им се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Како да ја решам љупобитноста која е одговорна за преголемата слобода која си ја зема свекрва ми ?
    Навистина ми пречи кога некој ми ја нарушува бариерата која ја имам поставено. Јас седам до мојот телефон, телефонот ѕвони а таа трча, го зема, го анализира екранот ми чита кој ме бара па после ми го дава телефонот. Не дека имам нешто да скријам, едноставно таквиот гест ми е крајно некултурен и непотребен. Од непознати причини ако се потрудам дрско да одговорам на ваквото однесување, како на пример пред малку го фатив телефонот побрзо од неа, ме гледа и стои над мене дури не и кажам кој е. Ова не е од сега, од поодамна е ама последно почна многу да ме нервира. Повредена сум и навредена од нејзинот љубопитен поглед полн осудување кога пред малку ѕвонеше другарка ми и исклучив. Напишав порака дека ќе ја побарам подоцна. Ме прекори со поглед како да извршив обљуба. Ваквото однесување со ништо не сум го поттикнала. Не сакав да разговарам со другарка ми затоа што ми вети дека ќе ме побара да разговараме на деликатна тема од сексуална природа. Поконкретно, дечко и пред 2 недели ејакулирал во неа без заштита. Не сакав да го разговарам тоа во присуство на свекрва ми, глупаво ми е да експонирам туѓа приватност кога нештото ми е кажано во доверба.

    Ова не почнало и не завршува тука. Маж ми има сестра. Родендените ни се блиску. Зетов и вујкото не се во најдобри односи. Вујкото прати ситен поклон во плик како поздрав одделно за мене и золва ми. Свекрва ми само што стигнав ми го даде пликот и ме натера да го отворам да види колку пари ми пратил. Во честитката имаше дупло пари од во онаа на золва ми и пишуваше дека се за мене И за маж ми. Разбирливо е што не пратил толку и кај ќерка и, затоа што јасно нема намера да го поздрави зетот кој не го сака, па пратил пари само за внуката.
    Почна и за тоа да се лути, зошто незнам. Мислам дека не е правилно што ме праша колку се, некултурно е. Јас ни самата немав намера да коментирам околу тоа кој колку земал, спротивно од неа. Битен ми е гестот, колку се добредојдени се. Инаку навистина станува збор за занемарлива сума, ситна пара, смешни 2000 денари.

    Како да ја одучам ?
     
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Нема да ја одучиш, таа е таква и таква ќе остане.Само можеш да бидеш уште потаинствена и да не и покажуваш нервоза од нејзината љубопитност.Гледај што помалце да има увид во твојата приватност.
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Како да ја одучиш? Сакаш да и го одземеш најсуштинскиот дел од нејзиниот карактер? Што ќе остане од неа тогаш, исто како душата да си и ја земала. Ќе имаш еден блед болесник без желба за живот ако и ја зедеш љубопитноста која веројатно и била ѕвезда водилка во животот. Зошто си толку лоша? :D
     
    На imelda, artemidis и XstrongerX им се допаѓа ова.
  6. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас би и кажала па нема круната од глава да и падне ако и кажам,ке и кажам те молам немој да ми го чепкаш телефонот јас твојот не го ни погледнувам и тн за секоја ситница би и кажала,мене мајка ми не ми го чепка па која е она,ако ме праша за парите колку ми дале ке и кажам парите се наменети за мене да биле за тебе ке знаеш колку е и што е(инаку оваа за парите и не е толку битно колку мобилниот).
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јас претходно имам супер односи тоа мн.пати сум го кажала.
    Но откако се земавме, нормално е кога живееш во заедница луѓето да ги запознаваш мн.подобро.
    Имам голема помош од неа - немам зборови. Доста е реална и знае да застане и на моја страна кога сум во право (според неа).
    Но понекогаш, периодично се чувствува негативност, коментари кои се кажуваат во моменти точно кога маж ми не е тука. А јас пак не сум тип што ќе отидам и ќе му кажам. Едноставно си велам со мајка дома ќе сум се поткачела а не пак сега да ми пречи некој коментар или др. Се си велам Сноу издржи не нарушувај односи, да си остане се така додека да се одвоиме.
    И јас имам син, и јас утре ќе бидам свекрва и се надевам искрено дека нема да имам проблеми со снаата.
    Ама коментари од типот како што ги добив, пример: се осеќала како кираџија во свој дом,...или оди мм во купатило, и наместо ако има нешто да му рече да рече пред него, она од кога ќе влезе вели-со цел јас да чујам. Ухххх, несакам да се карам, неќам него да му зборам да го нервирам - таа жена му е првенствено мајка. Само си се тешам дека набрзо ќе се одвоиме, и дека не треба да замерувам за некој коментар кој може бил и несвесно кажан - и може не ни бил со зла намера, зошто сепак доста помош на секаков начин ни пружила.
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ох сноу, тоа реалноста на животот во заедница.
     
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Многу паметно што имаш трпение и терај така додека можеш, трпението се исплати и со убаво се враќа, а поготово кога знаеш дека ќе се одвоиш..... И со прераскажување на мажот ништо не се постигнува навистина, само и кај него и кај свекрвата се ствара контра ефект. Вака и нејзе може да ѝ послужи за памет кога ќе види колку паметно играш. :)

    И мајка ми колку пати знае да ме изнервира, ама знаеш дека мајка не може да ти мисли лошо и брзо забораваш и се гледаш со поинакви очи, додека пак туѓо е туѓо, никогаш не знаеш нешто дали е кажано со добра или лоша намера, колку и да се фини луѓето сепак.

    Си се вмешав јас непланирано во темава, само зашто морав да искоментирам, се воодушевувам на луѓе кои имаат трпение каде што треба да се има, бидејќи со бес и инат ништо не се постигнува. :)
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    поправка немA стара жена ќе превоспитуваш??? :P и јас имам ист проблем,и мојава секаде пика нос е сега не толку забележливо,на пример лани додека чистеше ми ги најде анализите од хормони(инаку имам хормонален дисбаланс на стресна основа и тоа ми смета да затруднам природно,со инф можно е)па ај бевме поблиски и ме боцкаше онака пријателско-мајчински настроена и јас будалетинка и признав се,е сега за награда секое идење на гости само повторува што да пијам лекови,што да јадам за здравје итн.мене мајка ми толку не ми досаѓа,ама тоа е,друго што ја имам приметено кога сме надвор со мм она знае да влезе во спална ко демек да му остави на мм перени алишта и снима дали сум наместила постелнина итн.па после пререкува,досада е жива,ама тоа е што е,да ја сменам неможам,да ја трпам исто едвај ми оди и најдов решение во она муабети јас клатам глава :lol: инаку се што си кукаме не си кукаме од свеки,криви ни се мм,мојот е мекуш и да и пререче на мами она ќе му свика и ќе го свитка на 2дела,глумица,уценувач невиден е,со сила го тера често да јаде на пример нешто што он несака,ај и јас ќе му речам јади го за да затне муцка оваа,инаку многу е досадна,и јас зборам ама оваа уста уста не затвора и не дека нешто ново кажува туку истото го повторува по 10пати дневно,и мм одбива да ја слуша и вика сам си знам што да јадам што не,и она одма како не јас сум ти мајка најдобро ти знам од мене си излегол,уценува и мм ќе си проголта се,така да за сите проблеми со свеки одговорен е односот жена-сопруг,јас со тешко срце/разум сум сфатила дека во мојов брак не сме јас и мм туку ние 2ца со неговите 2ца+неговиве ни ги мешаат и брат му и жена му во бракот,се за секој се знае од нас,што јаде,носи,сака,несака(иако ова е небитно битно е свеки што сака/несака),семеен чопор,инаку многу живеат вака не велам не,но јас дома ова не сум го гледала,нит мајка ми мешала родители и сестрите свои нит татко ми,да им се наоѓале на бабиве/дедовциве ама си имало дистанца/граница со кој член од семејството докаде,како и да е јас мислам врска со дечко и брак понатаму со него не е исто иако јас додека бев во врска неможев да видам со што негови родители ќе си имам работа во иднина од проста причина што киснеа во странство кај другиот син,инаку да знаев што ме чека многу поинаку ќе се поставев и спрема идниот сопруг и према неговите,вака поминало време си се опуштиле луѓето и многу е потешко да им се долови дека неможе веќе онака како правеле од вчера,така совет откажи си се со време од намерата дека ќе ја смениш,ти смени се додека не ти поминале златне 5минути :!:
     
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    На многу едноставен начин,ако и покажеш дека ама баш воопшто не те тангира нејзиното однесување...Кога следниот пат ќе се обиде да го допре твојот телефон,на убав начин ќе и кажеш кратко и јасно:,, Ова да не ти се повтори,,доколку ќе се обиде да се жали на мажотти тогаш,прашај пред него...кој е твојот проблем?
    Тотално не и давај никакво значење,едноставно како да не постои...ќе забележиш како ќе ти биде тебе подобро...
    Инаку таа што тоа го прави тоа се нарекува доминација-демек преку неа се!!!
    Но заборава дека власта е на младите....
    XstrongerX-ни под разно не се замарај со твојата свеќи...не е вредна
    Живеј си го животот убаво,тој е многу краток...Биди ми среќна
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    ete jas sekogas imam problem koga idam kaj moite so kavga izlagam od kuka . Te zosto sum go nosela deteto ke go razbolam,pa gladno ke bilo ccc .Abeee mi idi da puknam nekogas ama pak si ja sakam
     
  13. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    малку ќе бидам оф топик ама главно прашање за феминките кои живеат во заедница постојано со родителите на мм-околу што ви се врти муабетот со свеки?еве јас да се пожалам/пофалам :lol: иако не живеат родителите на мм со нас оваа зима најдолго сотанаа 4месеци и летово изгледа од јули-септември ќе ни се напикаат и со неа ама секој муабет се врти околу тоа како се готви/пере/пегла ама секој ден истото го слушам и при тоа те учи да готвиш на следниов начин она го запоседнува шпоретот и ти и зиракаш од зад грб а она си збори и збори само е настан на годината и е на секој 2ден идење на пазар кадешто пред сите пазарџии се ми се обраќа со мама ова ќе купи/мама она ќе купи по пат ќе се расправа со некој пазарџија па после да смири ситуација им купува се а овие од инат и набиваат цена :@ .јас еве посакувам свеки што ќе знае да каже што убаво прочитала,еве што убаво чула кога излегла со пријателките нешто лесно,занимливо за муабет а не само за домакинство и купување и истото секој ден,во право сум или многу барам ;)
     
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Се додека си бегаш кај мама и тато до тогаш и лошо има да ти биде, доколку не си била спремна за брак и заеднички живот си требала дома да си седиш,а не на секој проблем да трчаш кај твоите.

    За тебе само едно, ти на нив дома им се имаш упикано, а тие ќе си дојдат во својата куќа.
     
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ако знаеш нешто паметно да советуваш пиши ако не отстапи простор за некој што знае :@ кој кај се напикал не е тема за расправање јас прашав на што теми ви се муабетите со свеки на поискусните а ти нит сфаќаш нит разбираш иди тролај на др.теми ако немаш попаметна работа.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.571
    Допаѓања:
    39.986
    Пол:
    Женски
    Ова многу боде очи. Она им се нема никаде упикано, тоа е сега нејзин дом. А и искрено не е убаво некој на толку долго време да дојде, секој со свој живот е и сваког госта три дана доста! А девојката праша за соодветен совет, на место и е прашањето, сака нормален муабет да направи со жената, не прашува она како да ја избрка и ако некој може да ја посоветува тоа нека го прави, не да и кажува дали се упикала или не!
     
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Ја советуваа на широко неа, наврати се наназад и ќе видиш. Многу девојки немаат каде да одат со своите мажи па мораат се да трпат, а некој што има свое ( на свои родители) немора да седи со родителите на мажот. Има каде да отиде и да се тргне, има финансии и за под кирија, ама поитересно и е да се жали од свекрвата и како таа си дошла во својот дом кој самата таа свекрва си го створила мачејќи се со години. Инаку вици што треба да разбирам?? Гледај од друга страна, твоите да се во странство а брат ти со жена му живее во семејната куќа/стан, твоите решаваат да се вратат во Мк а снашка ти е целата лута бидејќи си доаѓаат дома. Доколку на снашка ти не и е убаво со твоите родители како би реагирала ти??

    А за девојката што кажа дека кога и да се скара дома си оди кај родителите, тоа во ред ли е?? Така ли треба?? Кога ќе се скарате со својата мајка каде бегате?? Така ли треба?? Пред секој проблем патот под нозе и кај мамичка, потоа ќе се молиме и ајде повторно љубов на сите страни и се така во круг.
     
  18. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    душичке напатена писмена(ама повеќе ко неписмена)јас прашав на која тема им се вртат муабетите со свекрвите на феминките кој цел живот се во брак во заедница со родители на мм и ај истај се отука остај простор да пише некој искусен на друг биди му архивар што некогаш пишал и му кажале или најдобронамерен совет и за тебе и за сите престани да мешаш баби и жаби илиако немаш попаметна работа ај пиши си ете кој кога што ми рекол(бог да чува од неписмен народ нит совет барав барав мислење,кога ќе подразмислам арно што свекрвами барем зборува за домакинство вакава ко оваа душичкава да ми беше што извртува зборови :tmi: )
     
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Леле стасавме 21-век, 2014 година и сеуште некои традиционални закоравени сфаќања и принципи го владеат нашиот ум! :o
    Ама тоа е, кога живееме на Балканов ни наш убав. :)

    Иначе јас имам да кажам неколку ствари на темава!

    Значи ако веќе гледате со партнерот дека си ги имате годините, а немате остварено доволно приходи за стан или куќа, не се венчавајте! :| Подобро почекајте уште година, две, три ако треба... Само не се доведувајте во ситуација да одите дури ни на привремено кај неговите родители или вашите.
    Бидејќи голема е веројатноста дека ќе се судрите со проблеми поради генерациска разлика, и ќе се соочите со толку клише банални работи кои безпотребно ќе ве извадат од контекст и ќе се преиспитувате по илјада пати, што значи ќе ја ставите на тест вашата личност. Како резултат на тоа можно е во своите очи да испаднете неморални само поради некоја глупава расправија која ќе ги навреди квалитетите кои ги поседувате!

    Знам дека некогаш одите предолго како дечко и девојка и пак не успевате да се снајдете финансиски, ама почекајте. Верувајте вреди! И патем имајте на ум дека вашите/неговите не се должни да ве издржуваат. Што значи вие сами треба да си изградите цврсто тло како предуслов за добра иднина.
    Плус, ако ништо повеќе секоја вечер ќе си легнувате со ладна глава без некој да ве вознемирува. ;)

    Секако ова не важи ако сте сигурни дека вашите/неговите родители се питоми и добродушни луѓе подготвени да ви помогнат во кризните ситуации и да ве примат во својот дом без притоа да ви приговараат и еден ден да ви го набијат тоа на нос.
     
    На fairy90, Hipster, a.c.k.a и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Без навреда ама нема никаква врска векот со ова... Да беше така лесно, никој немаше ни да помислува на заедница, ни младите, ни родителите, па секој си сака комоција и ладна глава. Ама не 2-3 години, луѓе за 20-30 години не успеваат да стапнат на нешто свое, секако зборам по своја заслуга, не наследено. Единствена опција е да се оди под кирија, а млад брачен пар и плус во многу случаи со бебче на пат, не верувам дека би се одлучил да дава една плата за кирија за само да не дојде до заедница. Ако не се луѓето проблематични, не гледам зашто да не се направи еден добар компромис и да се има трпение со цел за подобро за сите и за подобра иднина. И јас до скоро викав дека кога ќе решам да формирам сопствено семејство, не сакам да барам помош од родителите. Ама зарем е тоа можно во оваа наша држава? Па и секој родител сака да му помогне на своето дете, не е тоа ништо лошо, доколку може и погрешно е ако не му помогне. Сето тоа еден ден ќе остане и на нашите деца. Ова многу америчко размислување твоево, само уште стандардите да беа исти. :D
     
    На Emotional123 и SimonaTino им се допаѓа ова.