Точно така девојки за одење од тука нема шанси, 2 год. бев под кирија и никад више, тука почнавме и да инвестираме, да реновираме, а со Џеврие ќе си живееме и ќе се трпиме
па ти земи на џеврие сварии чај катран црн,и ако те праша оти е таков речи и дека од карамелата е таков ,или земи искршии ги очилата после самата ќе сака да замине . п.с.се шалам,малку шега колку да те расположам позз се најдобро.
ТоЧно е тоа дека сите имаме разлицни карактери.Но кога мејкат и несто ке ти прафрли нема да го сватис како навреда ама од свекрвати ке те боцне таму каде сто највеке боли.Не е исто ке се скарас со мајкат и и после 5мин.ке ви помине и пак ке е исто.Никогас не било така нема ни да биде.Мене ми се слуци ме удри еднас свекрвами така по полекс а јас само се свртев и и реков прибери си ги рацете да не ти ги приберам јас,мене таткоми ме нема удрено ти ке ме удира,и потоа не ми зборесе една недела за ова.Замисли место јас да не и зборам она не ми зборесе.Мајка ми ме има удирано(како помала нормално) и тоа повеке па и посилно но тоа не го ставам ни накрај памете,ама ова ке го паметам од свекрвами додека сум жива.За тоа немозес да казес дека ке има разбиранје како сто си сега со мајка ти и татко ти.Мозеби ти ке сакас така да е ама они ке несакат. пс.нека дисат никој не им забранува ама нека остават и друг да диса.Воздух има за сите
Ја отворив темава а во неа хорор Леле бе жени, вие се омаживте за вашите свекрви или за вашите мажи. Работава излага барам добра свекрва , а маж ... Јбг гурајте свој живот , додека се замарате со дотичната свекрва што рекла, напревила, каква била , што била и што уште не , нервози кавги и така секој ден, младоста ќе ви летне. Еден ден ќе се видите себеси во 50 те а вие ништо не сте виделе од животот со саканата личност освен што сте се замарале со проблемите со свекрвите. И тогаш иста песна вие сте свекрва на некоја снаа и пак нешто не оди, и така животот ви поминал. Животот брзо лета , уживајте во него... затоа што некогаш ќе ви биде криво како ви поминале најубавите години .Некогаш пробајте да немате слух за некои нивни лоши зборови, нешто и подголтнете не се може секогаш што на ум то на друм, ако веќе се мора да се живее во заедница. Сите знаеме дека најубаво е да се живее посебно но кога тоа не е можно мора да се има донекаде разбирање, сепак во прашање се генерациски разлики и степен на човечка култура. Ако вешите свекрви се под тој степен зашто вие се спуштате на нивно ниво. Бидете помудри и најдете средина. Пред извесно време разговарав на оваа тема со една внука која е брачен советник и од неа ги добив овие податоци. Голем дел од растурените нови бракови се токму поради несогласувањата на снаите и свекрвите. Многу жени ги изгубиле своите мажи или живеат сеуште со нив а тие веќе тргнале по лош пат разочарани од ситуацијата во домот, во таа војна помеѓу две жени , немоќни побарале друга опција. Ова е само пример од испитаниците. Ако веќе не оди во една заедница постојат делби , овие домови од тие делби и настанале. Е сега млади сте и ќе речете на оваа се токму и е и... затоа така зборува. И јас сум снаа и добар дел од животот го поминав со свекрва но верувале или не никогаш во мојот живот не и се обратив со навредливи зборови ниту пак се надгледував кој што сработил за мир во домот секој си ја тераше својата работа онолку колу што можеше . Е сега секогаш не било се така сјајно , сите понекогаш имаме понекој лош ден , но тогаш треба да се воздржиме . Мајка и ќерка ќе се искараат , замерат а не снаа и свекрва но за мир треба некаде да се попушт. На оваа тема има многу да се зборува многу од помладите поинаку ќе гледаат на напишаново . Но едно треба да се знае , вие сте креатори на вашиот живот, истиот ќе ви биде онаков каков што вие самите ќе успеет да го водите . Поздрав девојки , жени
Ние сме во врска 5 години и пред 1 година со дечкото одлучивме да се земиме, ама единствен проблем беше мајка му.. ништо живо не сака да бидиме заедно па уште и свадба. кога почнав да одам кај нив на почетокот се си беше супер, се сјајно ама не е се така како што изгледа. мислев дека се супер луѓе па одев им помагав секогаш и кога варосуваа и било кога ако им требаше помош одев, после некој период наеднаш жената почна да ме игнорира, ајде да имаше причина ајде, само кога дечкото и кажа дека ќе се земаме женава скроз се оддели, не скаа да слушни за свадба по 1 година молење. не знајме што да правиме, најпрво мислев да одиме под кирија и да правиме без нив свадба ама ајде да не биди на лошо, можеби и така ќе направиме ако не сака нека не сака, нервите ми попуштија од тие молења... веќе не знам ни што да праам... скроз се разочарав
Ти не треба да молиш никого, тој нека си реши со неговите. Па ако не сакаат, не мора свадба да правите, венчајте се и готово. И моите кога се земале родителите на татко ми (значи, баба ми и дедо ми) биле против тоа да се жени, затоа што имал постар брат неженет, па демек, ќе му го земел редот и овој ќе останел неженет (мислам, пази ја причинава...). Па моите си се венчале, ама свадба не правеле, си отишле под кирија и баба ми и дедо ми си легнале на брашното . Ама во ниту еден момент татко ми не ја ставил мајка ми во ситуација таа да ги моли или да се расправа со неговите родители, тој си ја средил ситуацијата, како знаел, така. Ти со него зборувај дали е спремен да бидете заедно и покрај противењето на мајка му. Ако е-терајте работа, не молете никого, ако не е, бегај од него, не ти ни треба такво мамино синче.
Исти случај сум и јас,веќе една година и повеќе ќе направам откако сум верена ,моите свекор и свекрва не сакаа да правиме свадба и моите беа одлучени чим они не сакат мојата стана да си направи свадба,зошто мојот татко нема правено свадба мајка му има починато и сака на мене и на брат ми да ни направи,останав бремена па некако свекрвата попушти да се прави свадба,и сега друга ситуација золвата живееше со нас и таа беше против свадба и нон стоп тоа ми го збореше само да ме нервира,колку пати имам плачено од нив и јас самата не знам,дојде момент таа пред неколку дена се вери и мојата свекрва доаѓа и ми вели леле оваа година ќе имаме две свадба,не знам кога ќе закажат ама вие на пролет они ќе се на лето или есен,е тоа е тоа,што некој ќе ми правда свекор и свекрва,сега збор не изустува за нејзината свадба,вели кога ќе речат тогаш ќе правиме,а јас и син и како некој од улица да сме ,како никој и ништо да сме ,и така нервози колку сакаш,само мирен да не си ,поздрав4е
Бидејќи еден ден здравје боже и јас ќе бидам нечија свекрва ,многупати ми дошло на памет Што ако заради х -причина не ми се допаѓа избраницата на мојот син .Прво што ми паѓа на памет е па јас го сакам мојот син.Но не има секакви карактери и сите имаме по некоја мана .Мојот став е дека јас би ја прифатила и би ја почитувала како избор на синот и длабоко во себе би им посакувала се најдобро.Би контактирала со нејзе онолку колку што ќе биде потребно,би и(им )се наоѓала во одредени ситуации и би направила се за таа да не се почувствува непожелна ( и се заради љубов и среќа на мојот син).Тоа би било само мој проблем и моја тајна која не би ја поделила со никого .
Исто и јас мислам,мене никој не ми се мешаше д моја страна што како за мојот вереник,ниту пак сакам во животот да им се мешам на други во нивниот избор ,секој си има свое право да си одлучува,имам пример дома каде што мојот тетин не сака братучет ми да зема за жена девојка од село,па дури го советува и мојот брат да си ја остави девојка му ,а мојот татко му има речено така он си сака,јас сум гледал сум си зимал,ниту со мене ќе живее,ниту на мене деца ќе рага,а мојот тетин нон стоп ми збори како советувај ѓи да си земат градски жени,јас воопшто не гледам разлика град село и некако ми пречат такви муабети,исто и кога мајките бират жени за нивните синовци,за на крај нивните синовци да се сами,имав таков пример во маало,од бирање на крај си остана сам,затоа секој на своја страна,кога било нивно време тие требало да си гледат,сега е нашо ние ќе си гледаме,после нас другите ќе си гледат
Ви благодарам за советите Да напоменам дека "идната свекрва" е многу наклонета на братот на мојот дечко, значи тој имаше врска од само 5 месеци (а ние одиме веќе 5 години) и во 2 месеци му направија збор, веридба од 100 гости и голема свадба, значи без никаков приговор му го дадоа и горниот спрат, наредија се што требаше нови ламинати, шанкови, спална му зедоја значи се што треба, снаата в раце си ја држеа ни работа ни сабота, со прст не мрдаше и башка фирма му отворија, кредити зедоја во борч до гуша за нив и сега лани се разведоја. Како нема да ве иритира ова да го прави за едниот син а за другиот само бара изговори за да не се ожени. Најтрагично беше кога рече дека срамота било да се земаме оти брат му се разведил, како ние да сме криви за тоа, и милиони причини, после беше изговор да дозавршам факултет а имав уште одбрана на дипломска кога решивме да се земаме, страв му беше да не го платат факултетот а се беше платено, фала богу завршив факултет уште лани и не скаат тоа е. Ако почни дечкото разговор за свадба неќат да слушнат, голем трошок било. Не сум ни од село, ниту пак сум сиромашна ни необразована, ниту некултурна, напоменав дека се за нив праев не само физичка работа туку било што со цел да ме почитуваат барем. Од вакви луѓе да не знај човек како да се однесува значи се ако правиш за нив не чиниш оти одиш со синот што не им е на кеф или нз, а ако бидиш сопруга на синот што го сакаат е тогаш и да не работиш се ќе добиваш на тацна. Вакви луѓе ни на најголемиот непријател не му посакувам за свекор и свекрва. а братот негов како втора свекрва е, се го интересира, сеуште си го држи горниот спрат сам си се шири, а и заборавив да кажам дека и ако се земиме ќе сме седеле долу во една малечка соба, оти спратот бил од брат му....тоа е мојата судбина, ама многу си го сакам и покрај тоа што знам дека таму ќе биде пеколно
А мислиш дека си повеќе од тие од село, од некоја сиромашна и да речеме без факултет???????????реченицава воопшто не ти е на место....можеби за нив некоја од село и сиромашна повеќе би вредела, можеби премногу високо леташ????????????тие од село, без факултет и сиромашни не треба да се омажат или ти вредиш повеќе од некоја таква мислиш??????????какви девојки има од село, па какви паметни има и без факултет, а какви торлови со факултет, денес секој идиот може да заврши факултет....реченицава многу кажува за тебе, твојот карактер и личност....
Фала многу за навредите јас ги споделувам маките овде и не ми беше намерата да навредам никого, ама претходниот член напиша дека чичкото нејзин не сакал да земи снаа од село па мислев дека така ме има разбрано, секако дека сега секој идиот можи да заврши факултет, а и нема врска дали имаш факултет или не ама нив му беше битно да го завршам тој факултет.. сепак фала според твоите постови забележувам дека имаш студирано, и тоа те прави поважна од другите? не чупе не те прави исто како и мене, ако гледаш на некој дека му е тешко помогни му ако можеш а не да се фаќаш за сламка и да му ја отежнуваш ситуацијата... Уште еднаш да напоменам дека немав никаква намера да навредам некого, се извинувам само сакав да опишам нешто за мене за да не мислевте дека некоја од тие е причина за нејзиното однесување, да можам барем да дознаам што е проблемот,немам храброст да ја прашам, ама голем е господ се ќе си дојди на свое место, барем така се надевам, на никој му немав ни кажано колку ми е тешко на душава освен овде.. благодарам. МОДЕРАТОР: Ве молиме не пишувајте две или повеќе мислења едно под друго. Наместо тоа, доколку не е поминато времето за редактирање, користете ја опцијата „Редактирај“ во горниот дел на мислењето, лево од опцијата „Цитирај“.
Не се правам јас со факултетот поважна од другите, туку ти, а како треба некоја од село или без факултет да ги сфати твоиве коментари, или некоја сиромашна....според тебе таквите можат да не ги сакаат за снаи....така да види ти кој се расфрла со факултет тука....јас застанав во одбрана на реалниот живот, на многу девојки кои се сиромашни, и без факултет и од село а многу вредат, а не ко тебе кажуваш дека не си од село, а не те сакаат, не си сиромашна а пак не те сакаат, имаш факултет а не те сакаат, а според тебе треба за ова да те сакаат, што значи автоматски кажуваш дека тие без овие перформанси може да не ги сакаат, ама тебе не....и види тука кој кого навредува...дали јас тебе или ти сите девојки, од село, или сиромашни или без факултет, и наместо да се извиниш за коментарот ти уште продолжуваш да си го покажуваш карактерот....а совет за такви како тебе немам, за сите останати да... поздрав и толку од мене....нема повеќе да комуницирам со тебе, штом не сфаќаш што си напишала, не очекувам ни да сфатиш што ти зборувам и кого бранам јас во ситуацијава..........
А да те прашам, кај беше твојот вереник да дигне глас кога они спремаа спрат за брат му и свадби и се по ред??? Зашто ТОЈ не се запраша зошто вака го делат едниот од другиот син??? Не драга моја, ти си немаш проблем со свекор и свекрва и со девер, ти си имаш вереник кој НИКОГАШ за ништо нема да се заложи ни за тебе, ни за вашите деца. Тоа е мое мислење!! И нема што да го кривиш деверот, си можел си добил. Тоа што си го сакал да го има си го има. Он си ужива, твојот не мрда со прст, а ти се нервираш.
Твојот дечко е тој кој треба да ги среди работите.што стои на старна како некоја кукавица?има да им каже и точка мора да заземе став. после кога ќе дојдат деца ќе биде потешко,затоа сега мора да се расчистат работите да се биде на чисто да се изјаснат и тие .ама разговорот мора дечко ти да го потикне и да ја заврши работата.
Потполно сте во право и нена и маца99 , си начекал си ужива, а дечкото мој за жив не го сметаат, бадијала им вели, си доби чир на дванаесетпалачно од нервозите што му ги задаваат тие што треба најмногу да го сакат-родителите. и како да очекувам јас мене да ме почитуваат кога и нивниот син како воздух го сметаат,Тој само си вика си лае по нашки, и јас се нервирам секако оти го сакам премногу, никој не е на негова страна никогаш, тие тројцата се тандем. Не мора да ме сака не ни очекувам ама барем да ме почитува мене и моите родители што само ги лажам како таа што ме лажи мене.Кога прв пат им рековме дека ќе се земаме беа изненадени а одевме 4 години значи лани и ни рече ајде за 3 месеци да исплатиме кредит ќе биди, и јас дома им кажав така од кај ја знаам дека не била сериозна. оттогаш точно година помина и со прст не се занишуваат, само некој изговор, со прст не мрдаат за него и покрај то со не го фермаат и јас ќе страдам, било која да му е жена на брат му в раце ќе биди држена оти го сакаат, а јас ништо настрана збор му немам речено и не чинам затоа ми е најмногу криво, со што заслужив онака се со тешко, сето со сила:Криво ми е колку сум трчала за нив, не сакам да прекарувам то што сум правела за нив како услуга, ама на никој начин не го заслузив ова по се што праев за нив и јас и дечко ми. Замислете татко му имаше мозочен удар и дечкото мој по цел ден со него на болница, а синчето друго не можело да седи му мирисало, одевме заедно скопје за инвалидска пензија да аплицира, сме чекале со саати по то ладното и тоа ништо не му бев и не му сум , а снаата и синот дома на топло, секој ден дечко ми го масираше него оти ногата му беше здрвена и не е битно и на крајот му рече брат ти се за мене праеше а ти со си напраил за мене?? мене ме повредуваат неправди, жими се тоа најмногу мразам кога човек не е реален кога се упорно прави само да те повреди и пиокрај се арно што му правиш, мајка му кола ја турна ногата и беше скршена пред 2 години, и се дечкото мој, лопатка и носеше тој ваганите и ги мијаше јас кога одев помагав се што треба оти не смееше жената да станува, и на крајот вика дека снаа му се и помагала. Зеде пари од осигурување за ногата и сите на снаата и синот, и секој што ќе дојдеше му велеше дека тие трчале за нив. Значи бадијала вика тој кога се зад грб се прај, тој вика за свадба овие не сакаат демек немале пари, а во меѓувреме наоѓа сметка од кредит нов земен, значи сето а упм
Ако толку се сакате и сакате свадба одете регистрирајте се и готово. Големи сте не ви требаат они да ви дадат одобрение, немора луксузна свадба како на братот да правите, може после црква со ручек да си се почастите и готово. Друго ако тие за дечкоти ништо не се заложуваат и не му даваат одете под кирија немора во куќата да живеете. Јас сепак мислам дека од тебе збори љубомората и зависта зошто на братот му направиле спрат му дале се, а вас ништо не ви дале и несакаат да ви помогнат. Епа не ви дале и готово, изборете се и пробајте сами да створите нешто. Ќе биде потешко, ќе се испотите повеќе ама на крај ќе знаете дека е само ваше и само вие сте го створиле. Договори се со дечко ти договорете си датум за регистрација и црква и кажете им и ете ти решен проблем. Велиш дека имаш подршка од твоите, тие нека ви помогнат малку околу финансиите и готово. Нема потреба ни од љубомора, споредување, ништо.
само што сакав истото да го напишам И јас плус би си отишла од таму. Ако треба да седам во соба ќе си одам под кирија и чао. Па нека ги гледа синот кој се добил. По дијалектот гледам дека си во Битола или Прилеп и ако живееш таму не е толку скапа киријата па едно гарсонијерче за почеток можи да си земите и да сте си на раат. И јас се согласувам дека љубомората зборува од тебе. Земи си го животот во свои раце.
Значи одма да расчистите со нив.уште сте млади а авакви нервози никако,допрва идат нервозите во животот . нека седна тој и нека им каже-на што личи ова .јас што сум ви,кја е приочината за ваквото понашање,што сме ви згрешиле и нека се изнесат тие нека кажат во лице што и како мислат не вака само да прават.ако продужат по старо-кажете им добро ние се одделуваме од вас,да не ви сметаме еви ви го синот итн итн...ако имате работа најдете си нешто за седење некоја собичка ко за почеток или побарајте работа нешто сигурно ќе се најде.ама пак реков ,дечко ти мора да ги расчисти работите.еве јас ова го кажувам од искуство-исти случај кај татко ми,само помалиот син на него и куќа и работа и све.нас ни на ручек не не викаа,ни 100ден не ни даваа од пензија ама буквално ништо.а тато,скромен све сам си постигна работеше по 2смени си направи куќа,зема кредит ,кола нас се ни овозможи алал да му е.а овиецелиот имот на помалиот го поклонија ,за да не може тато да бара дел ,и тоа без негово знаење му поклонија све .и сето тоа зашто-зашт тато беше предобааар,цело време ќутеше,кога беа болни тој ги носеше на лекар не помалиот син, и еве пред 3години почина и од негова страна немаме ништо имот,не ми е затоа туку што тој доцна сфати како требало со нив.и денес го нема брат му свеќа да му запали,а не да праша дали сме живи и здрави,не нема видено 3госини,а нити сме се карале нити ништо..итн долга приказна ,извинете за оф топикот,ете така ми дојде да си ја испразнам душата и да и кажам на девојката да си ги бараат правата на време.позз и секое добро,само без нервоза,здравјето пред се
Butterfly, ни први ни последни ќе бидете што почнале од ништо. Убави совети ти дадоа девојкиве, послушај ги. Вака само се нервирате и здравјето си го губите, а не вреди за ништо, најмалку за некој што не знае да цени нешто. Знам дека условите кај нас во Македонијава не се баш идеални, ама додека дочекаме подобри времиња не вреди вие двајца да си го изгубите здравјето од нервозите. Колку што можете толку, гарсоњера, собичка, што било, да сте сами, ќе се најде работа некаде. Повеќе ќе си го цените тоа што сами сте го стекнале отколку некој друг да ви го даде.