1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.575
    Допаѓања:
    128.776
    Валерин е 100% во право. Семејството е мајка, татко, дете. Не мајка, татко дете, баба, дедо, тета, чичо, стирна, братучедите, и се што можело да собере во двособен стан.
    Генерациски ке се судриш секако. Младите понекогаш сакаат да седат до подоцна, старите стануваат во 5. Никој не е наспан. Снаата договорила женска вечер, и се враќа во 5, свекрвата ја гледа наопаку. И снаата не смее да мрдне после тоа, оти ке се труди низ дома дека е срамота мажена жена да се враќа во 5. Затоа, помало станче под кирија, барем 5 км подалеку од свекрвата, да мора да се помачи да дојде и да има снаата време да си ги крене гаќите од сексот, наместо во двособно станче каде сите се затвореници во сопственото семејство а никој не може да има секс. Мене уште ми е чудно како млад брачен пат има секс кога живее соба до соба со свекорот и свекрвата?!
    Ке си намалиш на скапи парфеми, на 2 пара чевли, на се што можеш, ама барем слободата нема некој да ти ја скрати. Подобро своја, ама сиромашна, отколку свекрвата да ми кажува кога да легнам, кога да станам и да ја чекам да отиде до пазар за да имам секс дома, а да ја трпам оти не ми се плаќа за кирија.
    Моите другарки цел живот си го адаптираа према свекрвите и мајките. Иако се вработени и двајцата, заради 150 евра месечно со сметки, наведнуваат глава пред сите. Другарка ми не можела да отиде на пораѓај од гости на свекрввата. Не можела да се избања и среди, а почнале болките. Оти во двособно станче мора да помине пред гостите за да стаса до тоалетот. Со пукнат водењак си седела. Свекорот и пререкувал оти толку моча?! и пушта вода, сметките биле високи, и дали имала швалер што секој ден се бањала?!
    Па јас под Камен мост повеќе би уживала отколку на нејзино место. Нејзе побитни и се парите. На некој слободата.
    Сето ова е производ на немањето навика да се иселат младите од дома по 18 години. Во странство им било полесно, имало работа. Кај нас ке се вработи и уште кај мајка му е, а после и невестата си ја чува таму.
    Како и да е, преширока тема, ама човек треба да си обезбеди слобода, макар и со пари. Ако за ништо друго, барем да има редовен секс.
     
    На Bozica1980, thinkerbell, fairy90 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    48.155
    Пол:
    Женски
    Кога веке солиш памет за писменоќа се надевам свесна си дека една реченица освен што содржи зборови и букви ,содржи и интерпукциски знаци. Прочитај си го постот уште еднаш и воочи си ги грешките пред повторно да се дрзнеш некого да го нарекуваш неписмен пошто испаѓа дека магарето на зајакот му вели дека има големи уши. ;)

    На тема муабет со свекрвата имаш милион топици на кои што можеш да разговараш.Она на пример со мене стално зборува за тоа што и се случува на работа ,за работните обврски,понатака ситуации од младоста и приказни од нивно време кои ми се доста интересни и смешни,за серии бидејки сите ја глеаме Game of thrones колективно па ја коментираме,за книги ,за шопинг што кај нас што во Солун,згоди и незгоди на мојот што му се случувале кога бил дете ... Не дека има некоја посебна тема на разговор ко на седница да си,едноставно сите разговори природно ни доагаат .
     
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    за неписменоста не мислев буквално па интерпукциски сите грешиме главно од брзање мислам,целев на тоа дека јас поставувам прашање за нешто а она одговара сосем нешто друго.инаку блазе тебе штом имате широк спектар на теми за муабет ете и јас посакувам нешто такво ама за работа не зборува,во пензија е,плус нема убаво работно искуство и ако спомне и е се во наше време друго беше,за попусти-шопинг немаме муабет зошто она поима нема кај нас како/каде има зошто се од странство влечка/купува,за минатото со децата врти исти смешки и кога да се наврати на детството нивно се ситото го повторува,е мерак е да ти раскажува за сите роднини нејзини до 6колено дур мислам понекогаш оди :tmi: ама нит ја следам од што многу нафрла наеднаш имиња настани а врска немам кој се тоа роднини(физички не ги знам) и најглавни муабети исе домакинските.
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Така е, целосно се согласувам. Навиката е проблемот. Кај нас да каже некој дека сака сам да живее под кирија (мислам на млад/а дечко/девојка, се' уште неженет/немажена) дома ќе припаднат во несвест, шок за сите. Триста проблеми и филмови ќе направат, па како сам/а ќе седиш, па што ти фали дома, па што ќе јадеш... И дури и да се реши, секој ден по 100 пати ќе ѕвонат да не заборавил/а нешто уклучено дома. Родителите си ги лигават децата, ги третираат како да имаат пет години, не ги пуштаат да се помачат, да се изборат за своето и да созреат на вистинскиот начин.

    Тие што се решаваат да живеат сами се премногу ретки (не зборам за тие што студираат во друг град), повеќето си седат дома, им е гајле, родителите плаќаат сметки, купуваат храна, платата само за него си ја троши, не му ја мисли за ништо и после кога ќе треба да се жени ете ти проблем. Не сака да се оддели зашто дома си има се', тука му е комотно, не се помачил за ништо, сега треба сам се' да прави и тоа е многу одеднаш. Па жена му ќе го тера две години да се тргнат настрана, а наместо тој како маж да превземе иницијатива. Вакви има милион случаеви во Македонија. Не може да сфати дека е женет и дека тој е тој што ќе треба да плаќа сметки сега. Според мене, родителите си ги прават такви децата. Се' е до нив. Со "мил на мама седи си тука кај мама и ич да не се замараш" не може да се изгради во зрела личност. А ова лично јас го имам слушнато преку илјада пати. Има машки кои не знаат една чаша да си измијат, ќе трпи за јадење ако мама не му направи или ќе јаде само од Вили, го мрзи една чаша вода да си земе, а да не збориме за средување, чистење низ дома, тоа е научна фантастика... И сето тоа е од родителите така научен и таков некој не очекувајте да се реши сам да живее. Тоа е невозможно. Зошто да ги дава 100 евра за кирија кога може секој месец нови патики најк да има, а дома што собата му е хаос и без мама не може да живее тоа нема врска, битно надвор е фраер. И вакви примери сум видела милион. Затоа јас секогаш велам, гледајте каква личност имате до вас, како размислува, што збори во врска со овие работи, сака да биде самостоен или не. Денеска тоа што ви изгледа симпатично од негова страна и се смеете на истото, "утре" исто ќе биде само тоа нема да ви биде така симпатично.
     
    На fairy90, Doozy, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Ама кој ги терал да прават бебе бре? :^)
    Особено кога знаат дека поради околностите не се способни да се наранат и да обезбедат топол дом, па уште потомство им фали.
    Ама сфаќам, ова е Балкан!
    Мора да се омажи момата и да раѓа деца, во спротивно ќе подлежи на морална санкција. :nod:
    Тоа се тие примитивни сфаќања кои ја ограничуваат слободата, и од кои искрено ми се гади. :puke:
    Сепак, не велам не, исклучок е кога ќе дојде до непланирана бременост, е тогаш за жал ќе мора да се искористи оваа опција.

    Велиш, многу америчко ти е моево размислување..
    Епа извини, ама американците не се глупи, барем не по ова прашање. И секој паметен би сфатил дека е ова најдобро.
    На крај краева нема да се мажам и да стварам деца па и нив да ги мачам ако не можам да си дозволам да ги платам основните трошоци. Колку и да ти се чини неверојатно, тоа еден ден ќе се одрази на децата, и те како!
    Знаеш ли колку е тешко да бидеш член на дисфункционално семесјтво, каде родителите постојано се навредуваат и си префрлуваат заради недостаток на пари?
    Згора на тоа, да ги гледаш мнозината од врсниците среќни бидејќи ако не друго се материјално обезбедени?
    Тука и те како се ствара комплекс на пониска вредност во раните години. Зошто не знам како ќе му објасниш на детето дека не можеш да му купиш нешто, или да го одведеш на одмор кога е бомбардирано од куп слики од своите врсници кои си поминале незаборавно за летниот распуст.
    Ај кога ќе потпораснат ако се случи семејството да западне во криза што е нормално, полесно ќе можат да се справат, но во младите години малце потешко. :!:
    И, кој сака нека каже, парите го владеат светот! Без оглед на тоа, колку ти очајно се обидуваш да се апстрахираш од материјалното, те влече во својата ѓаволска мамка.
    Не зборувам сега ти да имаш милијарда долари и да не знаеш што да правиш со нив, туку зборувам за пристојни плати, од 20-30 илјади, чисто да можете со партнерот да си овозможите еден фин мирен и пристоен живот без многу луксузи.

    И ако гледам дека јас не можам да се снајдам во животот или мојот сопруг, па не сум луда бре да правам деца, и да се надам дека по 10 години парите ќе ми паднат од небо! :!: То ти е ко руски рулет да си играш.
    Па, да ги мачам кутрите? И утре кога ќе ми побараат за фармерчиња, да не можам да им дадам да си купат?
    Мислам, ми ја сфаќаш поентата.. :)

    Се извинувам што заминав офф топик, ама овие проблеми се во толку тесна врска што просто не можев да не прокоментирам.

    И патем, не знам дали прочита, но јас пишав подолу..Секоја чест на исклучоците, односно на оние кои можат да најдат компромис со свекрвата/свекорот и одлично функционираат. Иако тоа релано изгледа како научна фантастика на балканов, и сами гледаме по темава, што се сториле 600 и кусур страници од жалби и поплаки на млади мажени жени кои едвај крај со крај крпат.
     
    На thinkerbell, fairy90, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Разбирам што сакаш да кажеш и американците се паметни да, но ние немаме такви плати како нивните или богата држава која се грижи за нас. Не е за што ќе кажат луѓето, и јас сакам дечиња, зар никогаш да ги немам ако не успеам да купам стан? И верувај, не сум јас од функционално семејство, далеку ми е од мед и млеко, ама ја прифаќам реалноста и сепак имам соништа за иднината. Јас кога ќе се омажам имаме каде да живееме, ама знам дека и да не е така сепак би се омажила. Не размислуваме сите исто, ама сакав да кажам дека знам како е да си од дисфункционално семејство, а сепак да имаш соништа за свое семејство, дури може да се каже и дека тоа ми е причина плус...

    Брат ми е чист пример за ова дека не е навикнат да функционира сам, затоа решивме да се поделиме, еве баш пред неколку дена го огласивме станот за да купиме два помали, мислам дека е веќе редно.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.575
    Допаѓања:
    128.776
    Во западните државни, какви што сакаме и ние да станеме, децата не спијат до 4 поручек и не чекаат мајка им да зготви. Расчепкај низ темиве, ке видиш дека младите освен факултетот немаат друга обврска. Јас имав цимерки кои се одвоија од своите дома на 18, некои и на 15 (средно школо во друг град). И работеа додека студираа, келнерки, продавачки, презентерки, интернет кафеа. Не дека беа многу пари тоа, но 3000 денари плаќавме за студентски дом, и 3000 за јадење. Тие пари сами ги вадеа. Од дома праќаа понекогаш јадење, понекогаш за некоја книга ако мора да се купи, инаку си ги позајмувавме книгите или ги копиравме. Така што независност одма се добива. И нормално дека на сите ни беше незамисливо после 4 години самостоен живот да се вратиме кај мајките и да речеме, дај сега испери ми гаќи и напрај ми манџа. Моите пак, инсистираа да не работам додека студирам, од страв дека ке имам пари и ке речам, не ми треба факултет. Чудна логика, ама морав да послушам, што уште се кајам, можев да не бидам толку без пари тие 4 години.
    Треба целта да биде самостојност, и за мажите и за жените. Мажот, да има свој став независен од мајка му, жената да има свој став независен од мажот. Тажно е живеењето со родителите на 30 години, а уште потажно живеењето со свекор и свекрва и маж кој е неспособен да се избори за своето јас, а жената да зависи од туѓи пари за да си купи тампони.
    Затоа и се сите проблеми со свекрвата и постоењево на тамава. Да е далеку од вас и да мора да се најави за да дојде, нема еден проблем да има. Ама кога во иста машина ви се перат гаќите, не очекувајте мир.
     
    На mama31, Doozy, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Потполно иста ситуација и кај мене Cka! :!:
    Само летово има да стегнам заби и да барам работа, па што сака нека биде. :)
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Понекогаш мислам дека на млади девојки кои се сеуште далеку од брак треба да им се забрани пристап на темиве. Озбилно. Никој со проблеми не сака да слуша младелачки идеали од некој кој ни приближно не бил во иста каша па да знае правилно да одговори. Нека се отвори тема -Кои се вашите очекувања во иднина за брак и семејство, па таму олеснете си. Уште кога ќе видиш споредби македонци и американци, јасно е. Или темава онака за сеир ви е?
     
    На mila89, butterfly.mk и Silver.E им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.575
    Допаѓања:
    128.776
    Ау извини. Ние младите што се бориме да имаме свое катче за живеење и вие старите што чекате пензија од свекорот и ручек од свекрвата и не стенкате за време на секс, да се поделиме во различни форуми?
    Оти вас ви е тешко што на 23 сте се омажиле оти сте останале трудни, а ние на 30 години сме глупи што прво обезбебедуваме гнездо па сакаме да имаме брак?
    Па и птиците прво прават гнездо па носат јајца, а не па луѓето. Или како врапците, укради туѓо гнездо и неси.
    Мислам дека сме на повисоко ниво од врапци. Треба свој дом, ако треба со пот, крв и мака, отколку заробеништво во туѓ дом.
    И пак наречи ме глупава. Јас сеир ке ви мавам, ако не.
     
    На Valerin и Glasna им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Темава ни била терапија бе. |(
    Мое право е да го изнесам своето мислење, ако сметаш дека било што пишано овде е погрешно слободно аргументирај и образложи зошто мислиш така а не напаѓај како оса на месо.

    Од каде да знам јас бе Bridget дека нема да ме стрефи истава судбина за 2-3-10 години?
    На крај краева, сега имам 20 години и според тебе практично и јас сум детиште.
    Па, оттука произлегува и тоа дека немам никаква гаранција за тоа дека нема да ме снајдат вакви немили настани во животот, или дека нема да се најдам во иста или слична ситуација да зависам од некого.
    Но, тоа сигурно нема да значи дека нема да останам достојна, и дека својот став од старт го фрлам во вода. Па, сешто претходно е наведено ќе се покоси, т.е. ќе биде контрадикторно на она претходното.
    Животот можеби е игра на судбината, или погрешна/правилна раскрница по која ќе почнеме да одиме, независно дали зависи од нас или не.

    Зборот ми беше, до некаде ние сами си го нижиме грозјето.
    Можеби не во потполност, но барем до некаде. Бидејќи ние сме оние кои треба реално да си ги согледаме можностите и трезвено да размислиме што треба да сториме според нив.
    Значи ти не можеш, (давам само пример), да немаш стабилна финансиска ситуација а да раѓаш деца и ствараш фамилија, и оп одненадеж како резултат на тоа да се трупнеш во туѓа куќа и да наложуваш некои твои правила за твојот свекор/свекрва неприфатливи, и да очекуваш да не ти покажат заби колку год си била во право.

    Значи да се разбереме! Јас никого не осудувам ни под разно. Напротив!
    Се сметам себе си за пречувствителна личност, со емпатија иако на луѓето честопати мојот строг став им остава поинаков впечаток.
    И ова не го пишувам од свое искуство, туку од искуството на моите родители кои 92 година биле во истава ситуација. И јас сум била сведок како дете на настани од секаква природа.
    Значи не можеш да навредуваш според годините како единствено мерило. Бидејќи и јас немаштијата ја имам почувствувано на своја кожа, и верувам многу феминки од форумов.

    И да не заборавам.
    Како да не фураме западен стил? Кога и самата влада има дволичен пристап кон проблемите.
    Еве ти и примери:

    * Затегнато образование до срж, читај: според западни стандарди, а работа ни за лек!

    * Желба за многудетно семејство од страв поради котење на малцинството, а недоволна финансиска поддршка.

    * Современи проекти на кои се потрошени којзнае колку милиони евра, наместо истите пари да бидат дадени во рацете на граѓаните на кои им се најмногу потребни.

    И уште мноштво други на кои моментално не можам да се сетам а се одраз на живо лицемерие.

    Епа и ние младите си имаме свои барања и потреби наложени според недостатоците.
    Незадоволни сме и имаме право на тоа. Само кој да реагира. |(
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кога ќе прочитам - не чекајте од дома, па не смееш да чекаш од свекор, свекрва, ми се наткрева...!!!
    Во која земја живеат некои од вас ???
    Па, за еден потквас, за една една секира одите по комшии, позајмувате, па од своите ништо не смееш да бараш???
    Такво е времето, скоро никој не може да е целосно независен, платите се мали, трошоците се големи, и нормално е во семејството да си помагаме.
    Татко ми ми дал мене, јас ќе му дадам на моето дете, итн. Кој колку може, не со сила.
    Сите сакаме да сме сами свои газди, ама немаме сите над 30 000 плата !!!
    Со по 12 000 плата што попрво да се направи?
    И што е тука страшно ако татко ми има голема пензија па ми рече- ќерко ти немаш, од мене сакам парно во станот да ставите, ќеф ми е.
    Па, нему ќеф му е да помогне.
    И јас кога сум земала голема плата ќеф ми беше на брат ми да му дадам, кој тогаш одвај работеше. И сметката за мобилен му ја плаќав. Ама никој не му рекол се драпаш од сестра ти. Туку си помагавме.
    И сега тој е во странство, зема огромна плата и ми потпомага мене.
    Што ќе му се нему толку пари, ако најблиските му немаат.
    Барем ние дома не гледаме мои-твои пари, се е заедничко и кој колку може дава и се помага.

    **

    И друго, досадно е веќе споменување години !!!
    Некој на 30 е зелен, а на 20 е созреан. Се зависи од човекот.
    Има девојки кои на 20 години знаат да исперат, измесат, гости да пречекаат, торти да прават, и жени на 35 кои знаат да направат само помија и ништо повеќе.
    Годините не се репер !
    Исто има машки кои на 25 год. вредно работаат, и мажи кои на 40 дремат по шанковите и се живи мрзи и надвор и дома.
     
    На Lovely93 и butterfly4 им се допаѓа ова.
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    едно е од ќеиф да дадеш (кога и колку), а друго е да се очекува некој некого да издржава.
     
    На butterfly.mk, Doozy и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Ама види..Едно е да сакаат да ти помогнат и тоа да го направат од милост, а друго е целосно да се потпреш на нивната помош, без да мрднеш со прст за да ја промениш ситуацијата.
    Тоа се две различни ствари и нема споредба.
    А тоа дека платите се мали, државата е крива, да. Ама веќе кога гледате дека е крива не мора да и го терате ќефот па да се водите според нејзините принципи.
    Гледајте што вас ви годи, и тоа при разумска мера, а не само бидејќи срцето вели така.

    Постојат и такви кои се мажат од љубов мислејќи дека во бракот се ќе им биде идеално сервирано на тацна, па и блефираат на судбината. Е, таквите најмногу се зафркнале.
    Бидејќи само во врската може љубовта да биде доволна, но за брак е потребно малку повеќе.
    Ама на кому да кажеш, кога во нашата ни државичка кулминација, или јаготка на шлагот кај младата популација е да се стави прст на раката со што е можно по блескав дијамант и да се родат деца. |(
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па ако децата со сила бараат и родителите со сила даваат, виновни се родителите што така ги воспитале децата и што сепак им даваат.
    Секој ден слушам родители кои се жалат од децата и пак ги оставаат да им се качат на глава.
     
  16. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Абе темава е "Свекрвите и снаите-проблеми" или "Mажените и немажените и нивните фантазии,илузии и соништа во некој розов свет"???!!!! :rock: :fubar: :devil:

    OMG!!!! :swear:
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    "Mажените и немажените и нивните фантазии,илузии и соништа во некој розов свет" за жал и се сродни со темава и до некаде овде им е местото.
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.575
    Допаѓања:
    128.776
    Да беа сегашните мажени кои плачат од свекрвите со кои живеат соба до соба, барем малку како нас немажените со фантазии, илузии и соништа во розов свет, денес ке имаа свое катче.
    На темата, снаите и свекрвите немаше да имаат проблеми и многи ке си се сакаа и немаше да постои темава ако снаите не чекаа да им капне од свекрвата. Те има во раце, ти си непособна за самостоен живот и ке те заебава.
    Причините кои и да се, какви и да се, кога некој те одржува во живот, и ке ти кажува како да го тераш животот.
    Како кога мајка ви ве издржувала и ви кажувала како да живеете, сега, кога свекрвата ве издржува ке ви кажува што да правите. Фактот дека сте се омажиле, не менува ништо, се додека сте издржувано лице од свекор, свекрва. Бракот е помеѓу маж и жена, а во овие служаи, и помегу свекор, свекрва и девер и золва, јатрва. Сериозно, може ли д се отвори тема, сексот на мажените жени во заедница? Не знам како се сексаат кога 3ца им седат на 30 см оддалеченост?
    Според мене, мораш прво да станеш свој човек, па потоа да влезеш во брак. Слободата пред се. Не двајца невработени да живеат со сите на куп, само оти биле паметни и се омажиле.
    Бракот не е заедница со свекрва. И по закон, бракот е заедница меѓу маж и жена. Тоа што некој не може да живее без свекрвата, е тажно. Уште потажно да кука на форум како онаа што ја издржува е лоша жена.
     
    На baby-star, WORRIED.BT и Glasna им се допаѓа ова.
  19. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Mене последнава реченица ми забоде очи, независно дали издржува некој некого или не лош човек си е лош ко што добар си е добар,ако некој те издржува тоа не го менува фактот дека ако лошо се понаша е лош. јас едно 6месеци како сум останата без работа и барам,е сега од х причини што не успаев да најдам досега мој проблем е и знам безвезно испадна така што ете мора мм да ме издржува,а него 50%го финансираат неговите,значи индиректно и мене но тоа не му дава право на некого лошо да се однесува бидејќи сум зависна,несамостална ете утре ќе опаднат неговите и фала богу нема да ги фрлам во дом ќе се грижиме со мм за нив и што бидејќи они ќе зависат за основни нешта од мене треба и јас лошо да се понашам во стилот она не може да мрдне за до вц а јас да си правам маникир и да и се иживувам чекај бре ко она што мене ме малтретира додека главно врти теми за домакинство кои веќе сум и ги чула и и искрено не ми се при срце да ги слушам постојано?
     
  20. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Cka мислам дека премногу фантазираш и си влезена во некој филм.Имаш повеќе од 30 години,а леташ во облаци како млада тинејџерка,како да живееш на некој друг континент,а не во нашата мала напатена државичка Македонија.Секој посакува да има се на тацна,да му се подредат коцките и замислите,ама добро знаеме дека плановите се едно,а реалноста друго :!: .Многу ги има овде што не живеат со свекривите,па пак не се сложуваат меѓусебе. Ти си запнала прво сопствен стан(мало морген со овдешните плати),сигурна работа(ама ајде,кој ти гарантира)слобода пред се(кој како ке си ја нареди) ;) .Бракот е заедница меѓу маж и жена да,ама тука се и они како родители и некој кој најдобро им мисли на своите деца и секогаш сака да помогне.Јас живеам со свекрва,поточно јас сум на втор спрат,она е под мене и замисли ни вика сакам да ви помогнам барем карабината од нас,другото вие.И така беше,ама јас да и се свртам аааа не неможе така,чувај си ги парите,ќе ги носиш со тебе во гроб,таму ќе ти требаат :x .Па за кого бре они живеат,за кого творат,се мачат(се ставам јас како родител сега,утре баба),па за нив(нас) се разбира,тоа мислам секој ќе се сложи.И си запнала со тој секс,како ќе се е*ат и каде,па еве ќе ти кажам,јас сум сама како што кажав на втор спрат,што сакам праам,гола се шетам ако сакам,никој не ми се меша во запршка,ама живеам со нив,ми помогнале,ми помагаат и секогаш се тука за нас и знаеш што е најтрагично во сево ова-сето тоа го стекнавме во брак заедно со маж ми куќа од 80 квадрати,покуќнина се по ред,прекрасни деца,работев и студирав,се сами заедно во слога и мир,а пред се љубов,постепено едно по едно,наместо да ги вложував парите во кирија(како што викаш ти во друга тема),јас си купував се за дома,а и моите и неговите беа тука за помош и секогаш се тука,без да молам и кукам.И знаеш што,иако планирав и јас како тебе,не ми испадна планот,ама па да ти кажам искрено и не се каам за ништо,повторно би избрала така.А тебе само едно ќе ти кажам ПРВО РИПНИ,ПА КАЖИ ОП!!! :call: :hai:
     
    На Silver.E, SimonaTino, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.