1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.776
    Не разликувате еднократна помош, ко повели стан, живејте, и паразит што не сака да работи, уште раѓа дете, чека кеш од свекрвата за јадење за неа и бебето, секојдневно, па уште и ваква- наква била свекрвата.
    За мене, не се грижете, кога ке се омажам, ке можам без страв да живеам, дали ке ми тропне на врата некој додека имам секс или дали ке ми замерат дека многу или малку јадам. Ако немам услови, НЕ СЕ МАЖАМ.
    Не викам не треба да прифатите помош, прифатете, еднаш, два пати, ако е од срце, ама да живеете на туѓ грб со месеци, некогаш и години, на иста софра, во две соби, да одите у исто веце, и на крај да речете, свекрвата не чини, е срамота. Дно.
    Таа жена ве одгледува.Ве храни. Живеете во нејзин дом, и дом на свекорот. Ако сте се омажиле, не значи дека можете да располагате со се таму. Јас тоа повеќе ко на гости ке го рачунам, додека не се иселам од таму.
    Имаше една песна, кога се мажеше што ти се чинеше. Баш ме интересира, како е можно двајца возрасни, невработени, да посакаат да живеат со брак со свекор, свекрва, девер, во две соби, и да очекуваат дека ке им биде убаво?! И на крај, свекрвата не чини.Хм.
    Бракот не е цел, туку начин на живот. АКо сте одлучиле да се омажите со дечкото, мајка му, татко му, брат му, снаата, двете внучиња и да зависите од нивната милост кон вас, океј. Ама не се жалите од свекрвите. Вие сте одлучиле да живеете со нив.
    Јас не ја трампам слободата да бидам што сум, со тоа да бидам во брак со гореневедените. Има еден кој може да е во брак со мене, маж ми. Сите други се непотребни во бракот. АКо не сум способна за брак и ми треба секојдневна донација од некој, не се мажам.
     
    На Valerin и Glasna им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    48.154
    Пол:
    Женски
    Се додека родителите од страната на мажот/дечкото градат куќи на 3 спрата за да не бидат сами на стари години наместо тие пари да ги вложат на страна во некоја гарсоњера во најмала рака за да се одвои синот од нив кога ке му дојде времето за женачка , ке има вакви проблеми во животот во заедница. Исто така се додека девојката /жената смета дека со влегувањето во брак автоматски стекнува се што тие луѓе со години граделе од свој труд и пот и тргале од своја уста и од устата на децата ке има проблеми. А за жал нашата балканштина и македонштина таква е .Така било и уште долго така ке биде .Жената доага во куќата на мажот,а всушност таа куќа не е ни негова туку на неговите родители. Ама ајде куќа ке кажеш ако ништо друго барем на друг спрат си ако имаш повеке среќа. Но што правиме со оние кои се стискаат во 2 собен стан ?!? Па уште ако мажот има брат или сестра . Колку што им е тешко на новопечените снаи толку им е тешко и на староседелците,особено на браќата и сестрите кои треба да напуштат своја територија за да ослободат простор на младенците. Мислите лесно е во дневна да се спие ,или постојано некоја снајка да те гледате попреку и секој ден потајно да те колне во себе зошто си уште таму што чекаш зошто не се омажиш/ожениш. Мислите лесно е кога некој друг го крои твојот љубовен живот и ги прекорува твоите постапки зошто шеташ или зошто носиш друштво дома и галамиш до касно.Мислите лесно е да се устручаваш во сопствена кука да влезеш во дневна ако некој таму спие да не случајно го разбудиш бидејки сред ноќ ти се пријало или вода ти се припило?!?

    Јас лично никогаш не би можела некој да бркам од сопствена соба само затоа што сум решила да се мажам .Имам многу примери во мојата околина каде во буквално двособен стан се тискаат 2 фамилии,а дечиња кога ке дојдат ич муабет да не праиме. Другар мој е во ваква ситуација .Брат му донесе жена дома му ја зема собата за да има приватност ,овој остана да спие во дневна на кауч.Па сеа чека да присобере некој денар за да иде под кирија пошто вика не можам веке вака да издржам кичма ме боли секој ден од тоа што виткам на троседот . Зарем во ред е некому тоа да му го сторите и по секоја цена да му се тутнете дома .Или он е крив што не се оженил пред брат му па да донесе и он дома невеста и другиот да мора да си замине ако сака да се жени.

    Свесна сум дека во Македонија тешко е .Тешко е и за млади и за стари .Не викам дека не би прифатила помош ама како што кажаа еднократна помош.Дали тоа ке биде учество за стан некој од двете страни,дали тоа ке биде еден брачен кревет или една кујна ако им е мерак,ама секој месец да барам пари за да ги платам сметките и другите домашни работи НЕ. Тоа веке не е помош него повторно издржавање од мајката и таткото а во случајот тоа се на мажот бидејки ти си кај нив дома . Епа такви луге не се спремни за брак и само си бараат оправдување за својата избрзана одлука и неспособност сами да си оформат семејство.Бракот не е само љубов иако љубовта е најважна состојка за успешен брак.Кога конечно на старите ке им дојде време да земат оддишка од нас испага дека кај од нас неможат да се оттарасат туку добиваат уште еден евентуално 2 члена за издржување.Епа не е фер тоа према нив и тие се луге една година да отидат на одмор,на зимување,на викенд,да си купат кола и да си приуштат луксуз некој кој не можеле да си го приуштат додека имале деца за одгледување и за раснење. И нормално е тие луге да ги фака во одредени моменти и нервоза и таа нервоза да ја истурат и над син и над снаа и над било кој . А родител ко родител секогаш од своја уста ке тргне само за да даде на детето . И тука настануваат сите проблеми и караници во тоа домакинство бидејки најчесто снаата ја гледаат како дополнителен теретет и како личност која им го узурпира просторот.А од друга страна да бидеме реални и искрени има многу дрски и безобразни снаи кои гледаат сите да ги избркаат од таа куќа или стан само за да можат да се шират и да имаат комодитет.Секако има и исклучоци и оние кои успеале да постигнат таква хармонија во неколку метри квадратни се навистина за восхит.
     
    На SV1911, do-re-mi, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кај се бе тие жени, јас ни една не познавам таква????? :?:
    Колку што гледам околу мене сите работаат, некои подработуваат периодично како ќе најдат работа, па дури и оние кои не одат на работа ги знам како вредни домаќинки, куќа, деца, градина, ама мажот зема поголема плата и си живеат така.
    Ниту една свекрва досега не сум слушнала како рекла дека снаата чека наготово и ја цица.

    А, дури и под услов да е паразит, нивна работа. Кој како сака нека живее. Па и вие правите други работи со кои не сте најсјани лица.
    Но, и тие стари лица нема вечно да се живи, за некој да ги користи цел живот.

    *А, поготово кога некој се вработал на убаво место, лесно му е да соли памет. А, пред тоа се криеа...

    Јас живеам во куќа (додека сум била во странство имам живеено во стан) и разликата е неспоредлива. Во куќата имаш поголем мир, имаш градина, дворче за уживање и е неспоредливо побогато живеењето (поголем комфорт, поголемо уживање).
    Е, сега кај нас мојот прв братучет се лиши од куќата и замина во гарсоњера со жената.
    И што правеше ?
    Секој ден трчаше во куќата зошто старите мајка и татко не можеа да се справат кога нешто капело, пукнало, градината била за копање, тревата да се искосела, со кола на болница да ги префрлел, на мртва сабота до на гробишта.
    А, бе се скина човекот начисто.
    А, ним во станот не им беше лесно, зошто им беше претесно !
    И се решија да се вратат, се делија во куќата, си дадоа некои услови да не се мешаат во животите и кој за што е задолжен.
    Сега си живеат многу посреќно.
    Во куќата им е поефтино (делат трошоци), а и многу покомфортно и поопуштено.
    За децата да не кажувам колку уживаат со двор.
     
  4. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Sекоја фамилија ја утепуваат лаги,да ги прашам немажените , доколку пред да се мажите ви тече мед и млеко а ко ке се омажите да се сменат улогите и да ви речат давај пари сме го гледале ние синот што ке правиш?
    Zар мене мајка ми не ме гледала па морам само ана родителите од мм да плаќам па да не можам да обезбедам за стан? или свекрвата да дава на јетрвата а од мене да зема? има разни ситуации,во право сте ко велите дека ако немаш обезбедено што се мажиш,ама ја со магистратура кога тогаш ке имам,ама некои постапки од старите не се добри и крај.Nе дај боже да се најдете во таква ситуација,не е работата дали ти ке обезбедиш,работата е што калибар фамилија ке ти се падне.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    99.266
    Пол:
    Женски
    Боже, боже... што се не прочитав овде еј :tmi: Море на темава итекако треба ограничувања. Што ви е на вас бре :fubar:

    Прво ми падна за очи девојката што напиша ако не можеш нема да се мажиш и да раѓаш. Девојко да ти даде Бог се, и пари, ама пред се, и памет. Според тебе пола држава треба да остане сам во животот. Кога последен пат вести си погледнала, си отворила весник да прочиташ во која вукојебина ни е отидена државава. Нит сме држава која ќе ги подржи младите кои ќе отворат бизнис, нит сме држава која ќе им даде на младите можност да си купат едно гарсоњерче за да се одвојат од своите. Како за илустрација, во таа ветена земја за која зборите, Америка, ништо не е бајно, нит платата е нешто поразлична од кај нас. Како? Е така кога за да извадиш еден заб или недајбоже да го лечиш треба да подигнеш кредит со хипотека, кошта неверојатни две плати тамошни, од искуство на многу блисок ви кажувам, за операција на умник плати неверојатни 14 илјади долари, тоа биле нејзини две плати. Додека ние безгрижно ја пиеме најдобрата вода во Европа они за да измијат заби мора да купат шише вода бидејќи пијат вода од реката Хадсон три пати погнасна од Вардар наш. Јадат овошје и зеленчук скапо колку кило месо кај нас. Забегав, нејсе, сакав да кажам не толку летајте по таа ветена земја. И на крај децата на 18 кидаат од дома, епа кидаат ама на 18 и почнуваат да го виткаат грбот по локални кафичи, сендвичари, работат како маскоти на познати брендови на среде плоштади, делат флаери, мијат чаши по ресторани... Која од вас на 18 години се пикнала во кујна да мие чаши, која од вас на 40 степени би облекла костум на Хотдог и би застанала на плоштад да дели флаери, која од вас би работела ноќна смена во пицерија додека другарките се забављале во Театро, или пак на исто место кај што вашите другарки излегуваат вие да работите позади шанк... ма сачувај боже, подалеку од вас тоа зар не. Секоја чест на исклучоците, ама на прсти се бројат овде такви кои на 18 почнале да работат за да си заработат за викен излегувањата, а да не зборам за киријата и сметките. Епа драги мои јас почнав на мои 16 да работам, како келнерка во кафич за бедни 250 денари дневница, потоа делев флаери, правев анкети за маркетинг агенција, внесував податоци после направените анкети до 12 навечер... и сето тоа само за да и помогнам на мајка ми во мојот буџет за на факултет, да си го дополнам џепарлакот, никогаш не заработив доволно за да си платам кирија и сметки и да ми остане за храна, а да не зборам да тргнам на страна нешто за да ми се најде еве сега кога замислете живеам со свекрва ми.

    Потоа ми запна за око 150 евра кирија сосе сметки, кај тоа живти мене има кирија со сметки за 150 евра кажи одма ќе се иселам, па во Ѓорче нема толку ефтина кирија. Да се разбереме, кирија за гарсоњера ви е најмалку 120 евра, и тоа во населби од типот на Ѓорче, Драчево, Бутел, зборам за оддалеченоста од Центарот на градот и нашите работни места кои повеќето се сконцентрирани во тој дел од градот. Сметки месечно достигаат и до 100 евра во пролет, лето и есен, во зима и до кај 250 евра. За храна мора да одвоиш бар 100 евра во месецот, ако сте само двајца и ако се откажете од сите можни земски задоволства од типот на вечери со пријатели кај вас дома со мезе и пивце, а ако плус имате и бебе со вас рачунајте уште најмалку 50 евра. До работа и од работа мора некако да се стигне, бензин или автобус. Еднаш во годината ќе ве задеси свадба, родендени, слава некаква. Работиш цела година душата ти сака еден одмор во Паралија на систем Балкан, со патлиџаните од Скопје и со фрижидерчето полно со сва и свашта. И сега почнете да минусирате од 300-400 евра плата, па макар и по 2, од 600-800 евра плата. Математиката не ми била одсекогаш најјака страна ама на оваа тема Питагора не ми е рамен.

    Ја напаѓате Виши, тој стан не бил нејзин, на свекрва и бил. Ај бе души мили колку од вас живеат кај мама и тато, зборам за немажените кои кренаа бунт овде, зошто се борите за своите права во тој стан кога тој стан не е ваш, не сте си го купиле вие па да делите и множите таму. Во моментот кога синот се оженил и родителите му рекле повели сине живеј си со жената во станот, кој патем ако се сеќавам е стан во кој мажот на Виши ергенлукот си го терал, родителите треба да бидат свесни дека таму други закони владеат сега, пред се на синот, и снаата што дошла и која го гледа синот кога родителите не се тука, нејзе и е оставена куќата на доверба. Не велам дека Виши е права, крива е колку што ни самата нејзина свекрва не е свесна. Ало жената и иде на пазар и и пазари, притоа не и бара ни денар за тоа, ја прашува што да и купи. Не велам па и дека тоа нејзинот јас знам се и никој друг не смее да знае нешто чини, скраја да е. Виши, ти си мила во длабока каша, ама каша која самата си ја забиберила.

    Немојте да скокате одма по мене со дрвја и камења да мавате, и јас скокав како вас, додека со еден муабет не ме симнаа на земја. Ништо не е исто на пазар и дома, па така и есапот излегува. Немојте и вие ко мене после да си ја поткасувате усната. Фантазиите се одлична работа, верувајте и јас мажена па си ги имам, на некој начин се обидувам да си ја разубавам моменталната состојба, кога ќе осетам дека лошо влијаат на истата за еден миг ми го прават животот пекол. Верувајте од фантазиите многу арно нема да видите, едноставно некогаш ве тераат во длабока депресија од која можете да излезете само ако имате искрено срце, према себе и према останатите со кои живеете. Реалноста мили мои е многу добра работа, речиси колку и фантазијата, ако успеете да извагате меѓу двете ќе сфатите колку е убав живтот.

    Да, јас живеам со свекрва ми и свекор ми и золва ми, придонесувам подеднакво за фамилијата како и што придонесуваат тие, би сакала да не мора да се вагаат средствата но тоа е што е. И знаете што фантазирам за мое гнездо, за мој дом, не барам да ми дадат, фала богу и мм е на тој ум. И уште само една работа ќе ви кажам, работам веќе 4 години, мм нешто повеќе од мене, немаме сеуште заштедено ни он ни јас ни за учество а камоли за да купиме стан, тоа е мили мои реалност. Некогаш сум пресреќна што сме големо семејство и што сме тука сите еден за друг, ама некогаш ми е потребно да бидам сама како што ми е потребен воздухот во беливе дробови, само јас си знам како ми е, затоа покроце со нападите кој одредени женчиња овде, сами они си знаат како им е, сами ние си знаеме како ни е. Понекогаш ќе дојдеме за совет, за муабет, да се пофалиме, да се пожалиме, ама за кудење и за фрлање со дрвја и камења не сме овде.
     
    На Forko, SV1911, Sky-butterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Добро, само јас ли ја разбрав Ојесил? Кога оди кај нејзините тогаш свекрва и прави кавги, а не кога ќе се скара со свекрвата веднаш трча кај нејзините.
    Ојесил, секаде го има тоа мила. На моја познаничка свекрва и велеше: Јас сум оригинал баба, твоите не се баба и дедо. Толку многу се соживуваат во улога на мајки ова бабиве :x Совет - ако ти рече ладно е, кажи и го облеков убаво. Ако ти рече гладно ќе било, кажи и земав млеко. Си има ред тоа дете, никој не знае подобро од мајка му. На крај, од едното ти влегло, од другото уво ти излегло :)
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    :rofl: епа јас затоа искоментирав дека многу неписмено душичево напатено.убаво е пишано кога иде на гости кај нејзините свекрвата замерува а не дека бега дома кај мама/тато.Jас прашувам што муабетите главно со свекрвите она одговара кој на кого му се напикал дома :tmi: ај ете нека се радува погоди ете јас и се напикав на свеки дома во станот кајшто синчето нивно ергенувал откако е купен а они избегани кај другиот син во странство бидејќи нели странство мед и млеко тече а убаво пиша Aнгел за здравствени услуги-заби поправка колку е изгор ама нив им е филмот во странство кај синот сме има сите комшии да ни завидуваат ете колку сме постигнале,а мене ми имаат признаено колку е мизерија во странство зошто ете бе и јас си имам фантазии да си створам свое што ако сум мажена(значи мое од мој труд не наследство од мама/тато нит имот од родители на мм-мое т.е.заедничко со сопругот NASE),бракот не ми го намалкува коефициентот на фантазирање/надевање/очекувања па мислејќи дека странство е стварно убавини сум ги прашувала како се живее/колку се заработува и знаете како се живее се станува во 6-7наутро се вози/превезува со бус/воз било што до работа што почнува од 9до 18-со еден саат ручек пауза,па по 18плус 2саати до дома доцна вечера легнување и пак исто од пон. до петок,среќен си ако сабота ти е неработен ден и недела,платите се минимални во однос на трошоците за живот,а ако купиш стан не дај боже куќа цел живот отплаќаш кредит и молиш бог да не изгубиш работа бидејќи една рата неплаќање одма ти го запленуваат имотот што го имаш да си наплатат остаток што должиш на банка а ти автоматски стануваш бескуќник,а данок за имот колкава сума е уххх,брза храна е ефтинија ама здрава зеленчук/овошје чисто/здраво е изгор ко што пиша Aнгел а вкусот ни од далеку не е ко нашево овошје/зеленчук плус многу е GMOхрана,инаку предност е што во долго постоечките фирми се почитуваат многу договорите за вработување,платата на кој си потпишал договор е таа што ти е дава е не ко кај нас што прават некој фирми осигуран на минималка а остаток ако сакат они на рака :( ,или не им одел бизнисот ко што планирале откако те вработиле па имале трошоци газдиве па мораат помалку да те плаќаат од договореното,а знаеме овде колку е тешко за наоѓање нова работа па многу си трпат си викаат колку-толку ме плаќаат нешто,а во странство има повеќе можности за работа и по струка и надвор од струка и ако си спремен на таа жртва од пон.-петок да си ко робот стани/јади/вози/работи/вози/вечерај па спиј и пак исто е сега викенд имаш одмор за да IMAш пристоен живот и плата и да речеш дека живееш надвор од државава оди надвор ама да се фантазира дека таму тече мед и млеко е бесмислено(ако грешно ми кажувала свеки и ако сама грешно размислувам ете отидениве во странство нека ме испарават :$ ).
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    А како бе златна ти мислиш дека се печали стан и куќа? Ти паѓа на лото или земаш богат маж? Честито ако ти се погоди. Како оние што на 30 год првпат се вработиле, 500 денари немаат заштедено и попуваат за независност, така и ти леташ во облаци. Што ви е бе луѓе. Години и години работа, труд и многу откажувања бара станот или куќата кои ги зборите, и единствено тогаш ќе можете да кажете како сте многу самостојни и силни, ако сте тргнале единствено по тој пат. А мамини и татини принцези, спонзоруши и фантазери стварно не се за во темава.
     
    На Lovely93 и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    BRIDGET муабетот ми беше за странство дека таму многу повисоки се цени на недвижнини отколку кај нас,кај нас ај пак можеш да купиш мало станче и 5еве максимум10години ќе го отплатиш под услов 2та да работите,редовна и повисочка плата над 20 000,барем ова имам видено дека вака функционира во случај на поранешна колешка.Iнаку нормално не сум од марс падната да верувам дек од небо ќе ми падне куќа е за стан верувам дека од министерство за финансии може да ми падне ако ми ги извлечат фискалните во бело плико :lol: и ако ме прочита погоре убаво си пишав дека бракот не ми ги убива фантазиите/надежите и јас и сопругот да си заработиме/направиме нешто наше,а за тоа принцезите,спонзорушите што планираат/сакаат не знам јас сум ти во фантазери и не е грев да фантазирам за нешто мое,е сега и дај боже да ми се оствари во иднина бидејчи сега за сега неможе. :P
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Драга AngelofArh, ако ти и твојот сопруг не сте успеале да си обезбедите свој дом, не е толку крива државата, колку што било тоа првенствено ваша, и ничија друга одлука.
    Што значи дека за ситуацијата во која се наоѓате сами сте придонеле.
    Патем, никој не ја спомена Америка како ,,ветената земја'' каде е се идеално, само потенцирав дека кога станува збор за ваквите проблеми таа нуди решение.
    Таму нашите врсници не се преокупирани со мода и стил, туку чесно работат за своето парче леб.
    Не се журкаат у Колосеум, и не размислуваат какви џинџинки да си купат за ужина, или пијалок што мене многу ми се допаѓа.
    Само не им е толку тешко колку што ти се обидуваш да прикажеш бидејќи ако ништо друго на повеќето од нив условите и стандардите им се многу подобри за работа и образование, па доаѓаме до заклучок дека апсурдно е да се прави споредба со нашата земја.
    Таму ретко кој се жали на трајна криза, и дека нема за јадење. Колку и дебело да е стегнато јажење, it's fucking America, and they will find the way. Се извинувам на граматичките грешки ако ги има.
    Патем имам и јас роднини кои не известуваат. ;) И ако им беше толку лошо ќе се врадеа овде во оваа наша луда државичка каде не се знае кој пие а кој плаќа.

    Точно е тоа дека овдешните генерации се отидени по ѓаволите, а не е ни чудо со оглед на шансите кои ги нуди власта, кои изгледа заборавате дека ние ја одбравме.
    Можеби не јас, не ти но мнозината и те како им ги отворила портите за да се изживуваат врз нас.

    А тоа што за тебе и многумина претставува ,,розев'' нереален сон за некои од нас и те како може да стане реалност.
    Незалудно мои пријатели запишале по два факултета и работат секое лето. Иако едвај наоѓаат работа!
    Но, битното е дека не седат со скрстени раце и чекаат круната да им падне од небо, туку дејствуваат за промени.

    А тоа дека пола држава ќе си остане нескрасена, многу ме насмеа да ти кажам искрено.
    Како ова да е единствената крајна околност поради која може да се случи тоа. :D
    Некои можеби тоа ќе го сторат од причина што некои како мене ќе го отфрлат старото семе на вредностите и не го почитуваат бракот како институција, некои поради поинаква сексуална ориентација, трети поради тоа што не можат да си најдат добар сопатник итн итн.

    Пред се, вие мора да сфатите дека ние сме поинакви генерации, и за повеќето од нас за среќа е многу побитно да бидеме финансиски потковани, и независни отколку да се омажиме!
    Што вели баба - ми, кој видел аир од маж? :rofl: Шала. :)

    Згора на тоа што мислиш, зошто цела младина последниве 10 години се испозапиша на факултет? Сигурно не од што многу им се учи, со исклучок на поединци. :!:
    Тоа што дипломите можат слободно да ги летаат како змајови во пролет тоа е друга работа.
    Но, намерата е таа. Да не завршат еден ден во заедница чекајќи од свекорот и свекрвата. Да бидат невработени, или своите приходи да ги собираат на купче со останатите, каков што е случајот со вас.
    Тоа што ние немаме искуство не не прави помалку паметни за разлика од вас, туку просто си дејствуваме според можностите и реално.

    И пак ќе кажам, никој не ве натерал на брак! Вие верувам и претходно сте знаеле дека ќе се најдете во ваква ситуација, епа кој ви е крив?
    Или заборавате за брак дека е малку повеќе потребно од љубов и добра волја?
    Освен ако не ви одговара, тоа е сосем друга приказна.

    И за крај, никој не ве напаѓа вас мажените и не е дека немаме разбирање за вашите проблеми и потреби, туку едноставно знаеме дека сте имале избор од типот да не се зимате следните 4-5-10 години да стиснете заби и да издржите, барем додека не зберете доволно финансии.
    А не вака да се мачите дупло повеќе или да одите на ризик се или ништо.

    На крај краева ти си знаеш дали ти било подобро кај мама и тато како стара мома или кај родителите на твојот сопруг.
    Но, исто така знаеш дека според можностите се има свои добивки и недостатоци кои мора гордо да ги сносиш на својот грб.
     
    На imelda и Glasna им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Па нормално дека ќе бидеш незадоволна од све на светот кога работите ги гледаш како да си Кинеска краљица и секој ден треба да јадеш ќебапи у Турист. Сакаш реалност? Еве ти реалност! :fubar:

    Ѓорче, 58 квадрата, двособен стан погоден за фамилија, 120 евра. Плус сметки ако живееш како човек, а не кинеска краљица, уште 80 за да заокружиме, 200 евра. Плус, цел стан ти е наместен, ти само испружи се... :emo:
    http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1204068

    Кинеска краљица, реков. :lol: Паралија? Паралија е срц за луѓе што имаат пари. Ти, како и грото Македонци, си спремна да живееш цела година ко роб со свекрва ти, за 10 дена да јадеш леб и маргарин у Паралија? Браос, математика дефинитивно ти е јака страна. :rock: И пошто знаеш да рачунаш, рачунај дека Питагора се крсти сеа со споредбава која ја дае, пошто ова со неговите агли по кои е познат, има поврзаност колку магаренце... едно слатко со ушиња и музика. 8) Се крсти иако бил безбожник и живеел пола милениум пред да се појави на сцена твојот Бог.

    Фантазирај и моли се на Семоќниот, посебно додека си во Паралија, таму на југ е поблиску до екваторот и посилно фаќа молитвата. Ако остаиш некое евро плус додека си на гости во Метеори, уште поверојатно ќе фати молитвата. :hai:
     
    На baby-star, Cka и Valerin им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    99.266
    Пол:
    Женски
    Додека живееш во утопија дека се ќе се среди и со два факултета ќе изградиш куќа нема да се смени ништо кај тебе. Наместо да упишеш втор факултет си можела да работиш нешто и да стекнеш искуство, а не да работиш едно лето, замисли едно лето, вауууууу, ако требало ќе работела и ова лето, замисли.... Девојче, животот продолжува, не се врти само околу дипломата и школото. Има нешто што се вика биолошки часовник, нешто што изминува, ако чекав куќа да изградам од две плати по 300 евра далеку ќе стигнев. Во животот постојат периоди кои сакале или не завршуваат, тинејџерство, адолесценција, младост, зрелост.... се поминува. Уживај си ти, запиши уште три факултета, ако тоа те прави среќна, јас и во брак можам да постигнам нешто што ти мислиш дека мора да го имам како предуслов за да стапам во брак, ама нема да чекам на 35 да раѓам и да се чудам на 50 зошто не го разбирам моето дете кое влегло во тинејџерските години.

    Капетане, олади ;)
     
    На Forko, Sky-butterfly, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    златна ти леташ со паметот ко змеј во облаци,имам две дипломи и пак не се излага на крај,ако чекај си ти да родиш до 40г,додека одплатиш стан,абе имаш 19г,промучкај малку тоа главата , сте имале избор точно сме имале,и сме се усрале и затоа коментираме тука,и не ми треба некои кои уште се во пелени и кои уште се кај мама и тато да ми солат памет, значи имаат жени проблеми и малку со критиките престанете.
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Извини драга, а што треба да правам?
    Аха, значи треба да не го завршам факултетот, и да се омажам чекајќи се магично да ми појде од рака како на тебе?
    Биолошкиот часовник за мене не постои драга, денес те има утре - не. Просто како грав. ;)

    Па ќе чекам, зошто да не чекам извини?
    Да не ќе ми се исуши половиот орган? :^)
    Бољр тоа, отколку да трчам да го напраам попара и животот на своето дете, па кај јас сум се зае*ала па и тоа да пати покрај мене.
    Драго ми е бар што признавате ако ништо друго. И да имате избор не би вие вака, би останале кај мама и тате, знам јас само боли да се признае. ;)
    И ме иритира тоа што со навредите паѓате толку ниско, а годините ви служат како основна аргументација.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Валерин, овие твои размислувања сме ги поминале и ние, и неколку генерации пред нас, ги знаеме како Оче наш, немој да мислиш дека нешто ново и револуционерно кажуваш. Како мало дете да слушам како ми кажува работи што вчера ги научило и мисли дека јас не ги знам па цело возбудено прераскажува.
    Нечии соништа ќе се исполнат, но многу ќе останат само соништа. Вие сега и ние тогаш не сме ништо поразлични, и тогаш и сега ти требаат исти работи за успех, дали ќе ги чекаш до 25, 35 или 50 твоја одлука, што и да одлучиш нешто добиваш а нешто губиш.

    И многу тука се со факултет, немој да го потенцираш постојано со оглед на тоа што и не ти е завршен, како аргумент дека си многу паметна.
     
    На Forko, Ethrnity, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  16. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    И мажот и жената да имаат по 2 факултета и да работат од јутра до сутра ке им требаат 20 години да направат своја кука или да купат и средат стан со нашиве бедни плати реално,а после 20 години како што рековте биолошкиот часовник чука и жената не е повеке во баш најдобра здравствена состојба за бебе.Животот во странство има свои предности и негативности,лугето се како роботи-машини за пари го нема тој живот како што го имаме тука.Станува оди на раб.доага легнува тоа е се и има плата од 1500 евра без факултет-со средно завршено електричар.Кириите за станови се огромни 1500 евра кауција за станот плус 500 евра кирија и 100 евра за трошоци+200 евра за храна за двајца месечно.(1500 евра ти ги вракаат кога ке решиш да се иселиш од станот ако нема ништо скршено).Значи да заокружиме 1000 евра од платата секој месец ти одат во кирија и тн.ако работи еден партнер останува 500 евра ,а ако работат двата повеке ама ке живееш под кирија цел живот и ке живееш како господ,е сега за свој стан треба мнооогу повеке да се вложи да се земе кредит оти нема шанси да заработиш 200 000 евра ке ти треба многу време и го отплакаш кредитот по 1000 евра од платата така се додека не го исплатиш едно 10 години од прилика.Така да се си има свои предности и слабости најубаво ке биде владата да ги покачи платите и да си зимаме плата по 1500 евра :D:D :D
     
    На girl-miri, butterfly.mk и vichy им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    со свекрвата се си остана по старо нејзиното дофрлување на глупави коментари си продолжи само што повеќе не се замарам и мм си се расправа со неа а јас не и поарно ми е, е денеска крајно непријатно се изненадив од свекорми за кој што рака во оган ставав дека на мравка нема да згази а он се дрсна да ми се развика на мене жена пред породување. Переле од сабајле некоја стаза и ја качиле на тераса да се суши но не ја наместиле добро и ветерот ја бутнал доле на земја а јас неможам да ја кренам премногу е тешка и го викнав свекор ми да ја крене тој ми се развика па ти не ли можеш да ја кренеш многу нежна си зошто ме замараш мене, јас се расплакав и си се качив горе, јас да му ја кревам глупавата стаза што не е ни моја, крајно непријатно изненадена и многу повредена од ваквото однесување кон мене само затоа што сум му го нарушила времето кога спие (а тој всушност нонстоп спие и со ништо не се замара дома се чека машките работи мм да ги работи)
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Воопшто не ти требало да се нафатиш да ја дигаш, ни со помош од свекор ни сама.
    Не се расправај со нив, само кажи му на маж ти.
     
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    не ни пробав да ја кренам моето здравје и здравјето на моето дете ми е поважно од нивните стази, само му кажав на него за он да ја крене ама штом на него му е гајле мене па уште повеќе не ме интересира, чекам мм да дојде од раб и ќе му кажам ова сигурно вака нема да остане