Или сте многу осетливи или сте стрвни за карање. Нема друго. Не дека не сте во право. Тотално сте во право, но некои работи не се решаваат така. Еве стазата,пример, не си можела да ја кренеш, кажи му, ок, ти се развика, насмеј се, речи, дека ти си посилен, затоа мислев ти да го направиш тоа. Со комплимент. За ручек, дека ти поубаво го правиш,ептен те бива, да сакам не можам со тебе, алал да ти е. За чистење, дека јас не можам како тебе добро и темелно да исчистам. За пегање, како ги пеглаш така перфектно, се трудам јас, дај покажи ми да научам, и оп сите кошули испеглани. Јас во последно време применувам тактика на комплименти. Немам свекрва, но со сите околу мене. И мене некој да ми каже дека на пример правам најубава мусака и да ми го исфилма тоа така слатко, па ќејф ќе ми е да му направам. Не се расправам со никој, и да сум ифрит лута, само се смеаам и комплиментче, бап, и одма некој се крева во облаци, ем работата завршена, ем јас мирна. И разбирам навреди, неправда, кавги секој ден, ама ништо не постои што не може итро да се реши и мудро. И кога ќе имам свекрва, планирам да ја воздигнам до небо, па да ми оди по газот. (Кога ќе бидеме заедно) Може и јас грешам.
дај боже и кога ќе имаш свекрва да размислуваш вака ама не ми се верува, сите ние сме имале поинакво размислување кога сме биле на твое место и сите сме се однесувале поинаку со другарки, другари, родители, роднини, плус ќе видиме кога ќе бидеш бремена кога хормоните ќе ти лудуваат и кога некој крвнички ќе ти се развика (уште фалеше да замавне и да ме удри) ќе видиме колку ќе ти биде до смеење. Уште еднаш велам дај боже иста да останеш и кога ќе имаш свекрва плус и ако сте во иста куќа ама чисто се сомневам
Накратко кажано „ Деградирај се себе си за мир во куќа“. Не сум во брак ама сигурно не би се понижила (не знам да готвам, чистам, гледам деца итн) само за да избегнам кавги. Секоја чест на некој ако може да поднесе такво нешто. Јас не би дефинитивно.
Низ се што минав и поминав само можам да κажам деκа ние младите сме лоши што си тρпиме,пρво и пρво аκо сме со мамини синчиња тρпиме цела фамилија а и доκолκу не сме туκа е дамата ни свеκρва со своите пρоповеди да не напρави домаκини.Да не го изоставиме свеκоρот бидејκи тој долго вρеме си го κρиел своето пρаво ЈАС под κапата.Значи остајте што читам и слушам за пρоблеми со домашните на момчето и сведоκ сум на едни од тие пρоблеми.Стаρите се сеκогаш во пρаво ние младите немаме појма од ништо таκа си живееме пρости и мн ни е убаво κога не вρегаат,потценуваат и сл.А дали им е јасно на стаρите аκо синчето нивно било добρо воспитано и толκу мн аρно κе е нашло аρна снашκа.Па таа снаа не е на дρво ниκната и таа има ρодители κои вложиле тρуд да ја испρават бρе.Лошо е κога госпоѓа свеκρва забоρава κога била снаа....ај да не κоментиρам оти се повеκе се неρвиρам од тоа што слушам и читам и поминувам низ доста тешκа фаза што ни ѓаволот не ја знае ама свеκоρот и свеκρвата ја знаат.ДИПЛОМИΡАНИ ΚАВГАЏИИ!!!
.[/quote] Накратко кажано „ Деградирај се себе си за мир во куќа“. Не сум во брак ама сигурно не би се понижила (не знам да готвам, чистам, гледам деца итн) само за да избегнам кавги. Секоја чест на некој ако може да поднесе такво нешто. Јас не би дефинитивно.[/quote] дада ги има пример е една моја братучеда која е најдобрата снаа на светов,знаете зошто бидејки таа се прави како што ке и кажаат свекарот и свекрвата па дури се облекува како да има 50 години а не 25. колку е поразлична от тоа кога беше девојка,беше млада во тренд со секоја мода и се,а сега е сосема поинаква,тие и викат ја понижуват а она само за да биде најдобра снаа пред другиве таа само молчи нема никаква приватнос и свое јас сосема е друга од кога се мажи,па да ме стретне некаде нема како порано да се прегрнеме ке чека да и каже свекрваиии што да направи мене искрено ми е жал за нејзе бидејки јас не можам така и затоа сум си лоша снаа и најсакана и најдобра сопруга и мајка затоа секој нека си гледа да му оди добро со мт а за друго ако сака а ако нејјќе со сила убавина небива
Да да колку само погрешно, Не се секирајте, јас нема да се деградирам себе, кога можам јас да си шетам со мажот и децата или да правам нешто што сакам, а некој да не ми префрла со тоа, и работите да ми се завршени, никој да не биде гладен,жеден или нешто, ич не ми чуе. И тоа воопшто не е деградирање. Јас не велам, дека ќе ги слушам, тужку да си направм тие да ме слушаат. Со кавги тоа не се постигнува, тоа ми е муабетот. Ама ако сте запнале да се карате, и да кукате, кукајте, карај те се,колете се, плачете, што да ви кажам, кога не сакате да ја послушате совет, ни барем да пробате поинаку. Политикате не е деградирање, туку итрост, или народно кажано, тапшање по рамо. Ама ај што знам јас, нели, вие знаете. Си ги извртувате работите за да се оправдате...
мила ти убаво си викаш,арно е така ама верувај секогаш не етака,колку и да се труди снаата да се биде во ред во домот ако свекрвата е обратно се контра и контра,се прави да испадне снаата лоша и недомаќинка па дури и да се кара со сопругот е верувај тогаш е сосема друга ситуација,па сакаш нејќеш ке мора да си се браниш. јас те разбрав што сакаш да кажиш и арно си викаш ама не е ден два туку години и живот така да ке видиш како и што и ке мора да се завртиш за доброто на своето семејство ко е е својот сопруг и децата да биде подобро
Некогаш треба здраво да се искараш, некогаш треба да се браниш, некогаш да поќутиш а повеќето денови да си тераш по свое, сам себе да си го направиш животот поубав. Ова не беше наменето на феминики со сериозни проблеми, туку општо зборувам зошто за едно нешто што не ви чини, вие плачете, се карате со свекрвите, се карате со сопругот, се јадете бе луѓе. Па жално е да се чита нешто што сами си го правите. Сами си отежнувате. Верувајте. И правела контра, ја знаете каква е, ако не научете ја, најдете и ја играта, свртете ја вие по свое. Проблемот е поголем кога мажот не е на ваша страна, јасно ми е тоа. Си барате од ништо кавга, многу многу примери такви. Некои работи не се зборуваат, туку се прават, и се прекратуваат. Ако сакате да се искарате, искарајте се, што да ви кажам, ама кога ќе чукне некој поголем проблем на врата, а ќе има, животот ќе ви стане карање. Милиони и милиони страници со истите проблеми, еден минијатурен, во ручек се замешала или кажала нешто за пеглањето, па оп жалења, кавги, завери. Па за такви работи нема да нервирам, излишно е. Тоа е од многу слободно време. Не го оправдувам тоа, за дерењето, нигде не реков `па што има врска`, туку срамота е за него,сериозно, ама не паѓајте под тоа, изиграјте го подобро. И што ако се нервирате? Полошо, притисокот ќе ви се качи, поготово во таква ситуација, безпотребно е. И вие пак ќе речете, не мажена, не знае, ама луѓето се тие, ги има секакви, ама се кројат по свое. Мене некој да ми `згреши`, да ми префрла постојано за небитни ствари, па ќе му се смешкам па нека се склетисува и јадосува колку не се нервирам. Спојлер Муабетот ми е, за поназад спонат проблем, со мочката што му давала на дете, па за ѕид ќе ја залепам, е тоа е проблем, а не цело време што се вртат муабетите. Без никого да навредам или спомнам конкретно, само општо зборувам. Има проблеми и проблеми, тие од полесна категорија, така би им пристапила.
Накратко кажано „ Деградирај се себе си за мир во куќа“. Не сум во брак ама сигурно не би се понижила (не знам да готвам, чистам, гледам деца итн) само за да избегнам кавги. Секоја чест на некој ако може да поднесе такво нешто. Јас не би дефинитивно.[/quote] дада ги има пример е една моја братучеда која е најдобрата снаа на светов,знаете зошто бидејки таа се прави како што ке и кажаат свекарот и свекрвата па дури се облекува како да има 50 години а не 25. колку е поразлична от тоа кога беше девојка,беше млада во тренд со секоја мода и се,а сега е сосема поинаква,тие и викат ја понижуват а она само за да биде најдобра снаа пред другиве таа само молчи нема никаква приватнос и свое јас сосема е друга од кога се мажи,па да ме стретне некаде нема како порано да се прегрнеме ке чека да и каже свекрваиии што да направи мене искрено ми е жал за нејзе бидејки јас не можам така и затоа сум си лоша снаа и најсакана и најдобра сопруга и мајка затоа секој нека си гледа да му оди добро со мт а за друго ако сака а ако нејјќе со сила убавина небива [/quot Страшна работа... Зарем во бракот треба да се претопи сопствената личност во онаа на свекрвата? Еве гледам форумџикиве почнале да смислуваат тактики за мир во куќа. А најголемата тактика, според мене, е целосна поддршка од мажот и не директно расправање со свеки туку искрени поплаки во спалната соба. Ако сте итри нема да се карате со никој , мажот ќе реши се Така и ќе си го зачуваме своето ЈАС.
Не можам да сфатам кога немажена девојка ќе се запне за својот став како да знае најмногу и крај, никој не може да ја разубеди. И јас не сум мажена, и јас имам свое мислење може ама можам само да го искажам, а не да се запнам дека сум во право и крај, кога ни сум искусила такво нешто, а уште помалку знам како би реагирала јас. Не џабе рекле, и 100 стапа по туѓ грб не болат. И јас сакам да не живеам во кавги и се да биде во ред и кога ќе можам би прогледала кроз прсти, ама има ситуации кога не можеш, во денешниов тежок живот полн со обврски и трчања уште некој да ти префрла стално нешто иритира страшно, свесна сум за тоа. Јас сум чувствителна и знам колку се нервирам моиве дома ако ми префрлат нешто, а не па во туѓ дом и постојано да бидеш нападната за глупости. Само тие си знаат што маки си кркаат, не можеш да му кажеш на никој да има трпение ако не знаеш како е во неговата кожа.
Муабет во празно, а никој не ја разбра поентата. Ама ej, што, ќе се караме сите за безвезе работи, што ни е живот. Ќешки да се погоди поитра од мене, и многу поумна, па ни двете да не се секираме една за друга. Затоа што мене, ќе ми биде, ептен гајле дали ми рекла дека не ми чини јадењето.
Добро си напиша другарка, ако игнорираш, имаш подршка од сопругот и не си земаш ништо лично, тогаш ќе е многу полесно. Ќе бидете тим со сопругот и може само да се смеете на нивните обиди за сплетки. Само за жал ова не може да трае долго кога си на ист спрат и делиш неколку соби со нив. Со тек на време те истоштува, и кога ќе имаш дополнителни реални проблеми тоа нивното ќе е капката која ја прелева чашата.
Арно да е само мешање во тоа еве мојава е ваква-ве нарекува кучка,курва,магарица и тоа без причина,ви кажува за ваште родители демек се никакви,ве бркат од домот кај што живевте сите заедно(заедница), и сега и во твојот дом пак иссто не вака не така ви наредува кога иде на гости и најважно не само што на вашиот сопруг му збори дека сте како курва,никаква,дека можеби не го сакате бла бла Му ПОлНИ ум дека вие не сте жена за него и дека дане било подбро да сменел живот исто и мешање околу бебето... Е што би правеле вие тука????
Види сега да ти кажам од мој аспект. За тоа кучка, курва,магарица да сум на твое место искрено ќе си го земам детето и ќе си одам кај моите. Ама да знам дека моите нема да го наречат зетот кретен,идиот, ѓубре итн. Мада разговарањето со сопругот нема да ми донесе многу шанси сепак ти му се родители и нормално дека ќе му бидат најважни. Ама работата е дека тој сам треба да ги реши комплексите на мајкаму. Мајкаму дефинитивно сака да те отера од куќата. Не те сакаат, штом те потценуваат. Но, гледај тој да те цени и почитува. Ако е така нема да дозволи да бидеш навредувана. Разбирам дека не сакаш да ти се мешаат во се и околу бебето ама за тоа требало да мислат кога синот им рекол дека ќе те земе за жена, а не после тоа. И таа имала свекрва и била под ваков притисок. И тоа го разбирам, но сега неможе синот да биде мамино галенче и да слуша што ќе каже мама. E јас да сум на твое место не би ги викала и на гости. Нити да им одам нити да ми дојдат. Таа ќе те рани со грди зборови а ти неа лебот ќе и го даваш. А не, имам и јас граници и почитување. Како тие на мене така јас на нив.
мојата свекрва имала злато од свекрва,сите ја знаеле а ова мојава на тоа време тазе мажена на мажот го убедила дека ја мачела свеки и си заминале сами тие,не како нас што не избрка немавме каде да одиме со денови... За бебето нема ни збор да се слушне,таков ми е случајот порано се роди и треба посебна нега. Мм и јас живеме сами,од како не избрка потоа забременив и сега имаме бебе ние сме ок,се сакаме почитуваме ама таа од секогаш не кара нас,уште верени кога бевме само што јас не знаев дека таа е причина за наште каавги... Само сакав да кажам освен мешање во храна,чистење и тие ситници има многу полошо
Да мила и јас така си реков од како ме избрка, видов дека каде и да сме беше поубаво од таму. И сега пак кажувам дека се е поубаво од тој живот(неживот) таму господ ме награди со чедо, а таму и во интимата ми се меша. Се ке помина само мт да е со тебе, па каде и да сте заедно ке надминете се.
Секакви свекрви има, снаи исто...мој совет е да не се зближувате многу со нив, што помалку знаат за вас дома, тоа подобро. Од почит слушнете се 1-2 неделно, чисто од култура, добар ден, како сте што правите. Ако имате детенце раскажете некоја дешавка и ајде со здравје. Не им се жалете, не им кажувајте ништо за вашиот брак и односите со мажот. Тоа само на мајка ви, свекрвите ако ви се „ќумур„ прајте се наудрени, кажете и добро во ред, а дома пак направете си по ваше.