1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    Мојот свекор кој беше вдовец донесе веке 2 жена откако сум дојдена како снаа ..... онаа првата ми беше многу арна ама оваа само маани наоѓа лелеее ....
     
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Hе треба тебе да ти се арни,не го на свекор ти :D ...а и колку што ме држи меморијава нели негде се изјасни дека ти и јатрва ти како жени сте биле многу почитувани од свекор ви ,како единствени жени во куќата :?:
     
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    143.163
    Пол:
    Женски
    не ми е јасно како не сфакаш дека сите увидоа дека само лупеташ и ги полниш темите со измислици.и овде и во темата бебе.
    не се мачи залудно да измислуваш приказни никој не ти верува.
     
    На girl-miri и Glasna им се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    143.163
    Пол:
    Женски
    за да видите дека сум во право прочитајта што пишала вчера во тема брачни неверства. :o
    па толку бурен живот нема ни во шпанските серии.
    не знам за вас ама јас не дозволувам некој да ме прави будала. :swear:
     
    На imelda и fighter им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да и јас го прочитав тоа мислење....ЧУДЕСИИ
     
  6. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Таман си се погодени со свекорот :puke:
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.527
    Проблеми со свекрви - колку сакаш. Додека живеевме во заедница, животот ми беше хаос! Се селев во 9-ти месец трудна, во 37 недела голема ко брод, со проблематична бременост. Мешав малтер со мајстори само побрзо да биде! Сега откако сум тука, може да ме изнервира кога ќе дојде да ми соли памет, да ме учи како се варат компири, или колку лоша мајка сум и сл. Веќе не се нервирам, затоа што не ја гледам! Кога ќе се мавнете од кај нив, заборавете ги. Посветете си го животот на убавините на самостојниот брак. ако ми верувате, после 10 и пол години откако се преселивме сами заедно, повеќе го сакам маж ми! после 11, уште повеќе! Штом имате шанса да се мавнете од кај нив, гитла. Тогаш ништо веќе не е тешко. Свекор ми најде работа колку за да преживеат, ние им помагаме со нешто ситно, преживуваат и они, и ние. :inlove:
     
    На joy1, girl-miri, dushiche и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Со свекрва ми големи проблеми. Таа си е домаќинка со години и сега на мене не ми дава да правам јадење, воопшто не разговара со мене кога треба нешто да се планира и да се работи.. Таа е СЕЗНАЈКО. и ме третира како дете. Сакаше и улогата на мајка да ја преземе за нашето бебе ама навреме поставив граници.Откако дојдов тука се за нешто ме критикува и не ме прашува за ништо. Не третира како деца и мене и мм а тој на на то си молчи. Тој не сака да се одделиме иако јас страдам. Таа знае да ми се извика и да не ми дозволува да се дружам со некого бидејќи смета дека таа личност не ми одговара за дружба.Таа ЛАЖЕ луѓе, ме обвинува за глупости за кои не сум виновна и тоа го прави пред други луѓе. Ме посрамува чето. Се случува да каже детето неможе да го водите на гости :o
    Да каже дека сум и затворила врата пред нос, да каже дека сум јас лоша и несакам гости кога претходно цел ден ме нервирала и сака да сум насмеана..... Јас станав никаква, бебето ми пати, мислам дека таа ми е најголемиот проблем во животов. Одкакко ја познавам не и се допаѓа ништо што ќе напрвам и сметам дека требе што поскоро да го решам ово проблем. Со мажми често се караме заради ова што сум нерасположена а таа ми ја наполни главата дека не треба се да му кажувам за да не се нервира тој...... Ми вели дека моите не ме сакаат дека не се заинтересирани за мене. На секаков моожен начин ме нервира. Брат ми кога имаше девојка ми велеше ете сега тој веќе не те сака тебе си има девојка.... На каква личност ви личи??? Еве кажете до сега немам кажано никому си молчам и се преправа м дека ми е се мед и млеко за мм да не се нервира...
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    A зошто во целата ситуација,сопругот твој го штедиш..да не се нервира :?: ...кога тоа се негови родители,тој таму те донел да живееш,па редно би било и да ги реши некои куршлуси што избиваат помеѓу тебе и мајка му.Hе е работата ,те истоварил кај неговите,па прави што ќе правиш ти,остај ме мене :emo: Tолку ли не приметува дека некој некого рогови набива??? Eдинствено најдобро решение ми е одвоеност..преселба..никако заедница,заедницата ништо добро не носи,ама лошо да..во бракот...
     
  10. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Зошто на ова не и одговориш дека и неа синот не ја сака штом те оженил тебе. Ц.ц.ц. болна нација :^)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Мислам дека ќе се спасиш само ако се исселите од кај нив.Па да ти кажам право подобро би живеела и под кирија отколку секој ден здравјето да си го фрлам поради таа жена.На крај краева барем ќе си бидете мирни со маж ти и детето.А не џабе велат кај има слога има и бога.Веднаш кажи му ја на маж ти оваа ситуација и деф да ве нема.
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    И јас да ви се пофалам со мојата свекрва to be, можеби :D
    Начнавме некој муабет снаа свекрва и ми вели, мене снаата за се ќе ме прашува, што да купи за по дома, за јадење, за сервирање за одредени настани мене ќе ме слуша, на празници прво кај мене ќе доаѓа, а не да ја гледам кога ќе помине да оди кај мајка и :D после ќе оди на друго место, прво кај мене. И ми вели, нели е така? Само си се насмевнав и ништо не одговорив. Што и стана на женава си помислив :^) ме зачуди.
    Јас знам дека по некое непишано правило ќе одиш прво кај родителите на мажот, од почит (иако не секогаш е вака). Ама ова испадна како наредба :D
     
  13. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Аха.....исто беше и со мене. Покажи заби одпочеток да не патиш ако таа ту би свекрва навистина ти биде. Иста и мојава беше.....
     
  14. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    66
    Незнам крајно време е да преземам нешто, сите се среќни освен мене. Одпочеток ни се меша во се. Кога ние се расправавме таа се мешаше и секогаш ама баш секогаш мм и таа беа во право. И јас од образована личност со дипломи и факултет станав - незнам немам збор да го најдам. Ова на психичко малтретирање ми личи веќе.....
     
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    Мажот ти го штедиш да не се нервира,а ти?
     
  16. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    па е психичко малтретирање,кое ќе трае се додека сте во заедница.Cопругот твој очигледно некои работи ги немал разграничено пред и после брак.Cо брачниот партнер нормално дека некогаш и од досада ќе се поскараш,некогаш жута минута,некогаш навистина имало причина за кавга иии??? Hа мајка му на секое и дозволува да се меша во кавга???што му е таа дрвен судија??? подбери си го сопругот убаво ,да почне да се однесува како вистински фамилијарен маж,а не да го штедиш!!! постави му услов и под тој услов води се и ти ако сакаш воденицата да ја истераш на твоја страна...работете на случајот за на страна.
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.527
    Yeats, и мене свеки истото ми го правесе додека бев таму, ама има една мала разлика, маж ми беше за се известен, и сам си ги тераше борбите со неа. Јас можев да и одбрусам нешто, да се скарам и се, ама во главно, он и кажуваше каде и е местото. Сега ми доаѓа дома да ми кажува колку лоша мајка сум, маж ми и вика ако не ти се свиѓа нешто, знаеш вратата каде се наоѓа! Ние така знаеме, и така се снаоѓаме. Фала Богу дете здраво и право, свети кукла на мајка, ама има такви купови жени што се наоѓаат за маани. И тоа ај да каже на пр. снао грешиш таму и таму, и треба вака и вака. Не, туку тоа не чини, вака не чини, зошто ова тука, зошто ова вака. Во моментот ќе се изнервирам, нормално, ама маж ми во секундаа си решава и крај. Кажи му се, а ако е мамино синче и покрај се оди против тебе, е тогаш имаш друг проблем.
     
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Одговор: Не, нема. :)

    Просто и едноставно. Не знам што си подголтнуваш така, не треба драма да правиш, ама не мора ни пак да се правиш фина, добра, покорна, кога веќе ти смета. Јас барем така мислам. :?:
     
  19. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатиш погрешно, ама изгледа жената не те гледа тебе како снаа to be... мене така ми личи работава. Не вика дека ти треба да ја прашуваш, туку снаата, која и да е таа. Тука не гледам дека навива за тебе. Е сега решението не е раскини му на дечко ти, мајка му не те сака, туку не се зблжиувај со неа. По она што го имаш пишувано ти веќе се чувствуваш како дел од таа фамилија и веќе имаш некаков поблизок однос со сите нив, ама мој совет би ти било да почнеш со време да се дистанцираш. Не да бегаш од нив или да ги игнорираш, туку едноставно да се фокусираш на тебе и на дечко ти, за да можат и они да видат дека имате свој живот и своја приватност каде што нема место за цела фамилија.
    Муабетот ми е крајно непристоен посебно што уште сега се става во надредена позиција, не само кон снаата туку и кон нејзините родители. Уште еднаш ако ти спомне таков муабет, фино и културно кажи и (ама гледај тоа да биде пред дечко ти) дека ти ќе се мажиш за маж, а не за свекрва и за се што треба да се договараш (а не да прашуваш) ќе се договараш со него, а не со цела потесна и поширока фамилија.
     
    На senza.parole, Loly77, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    143.163
    Пол:
    Женски

    подобар совет не можеше да добиеш.потполно се согласувам.