1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    И јас и мојата свеки си бевме квит арни до пред 2 дена додека не ми пукна филмот. Постојано се меша во се ,мисли дека таа треба да раководи со сите пари во куката што таа сака тоа да биде. Пред 2 дена ме изнервира ми рече дека плаќала долгови на моите родители :^) а за кој долгови зборува? Ми пукна филмот и пред мм застанав и се изнакажав што ми тежеше па така си ги решивме проблемите бар засега. Му реков на мм дека ако се секава секоја кавга мегу нас двајца е резултат на однесувањето на неговите. Оти од др причини не се караме? Кај моите дека не иди мм нема никаков проблем. Му реков да одбери со кого сака да го помине животот со мене и син ни или со неговите не одбра мене и син ни и така свеки си ја затна виде дека мм свати кој е крив а кој прав. И сега свеки со мене е како мед се чуди како да ми угоди оти знае дека пак ке обеладенам пред мм што ми прави дур тој е на пат.
     
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Со свекрвами сум имала еден милион недоразбирања кои заради недоволно храброст не можев да ги расчистам со неа па си се правам глува и слепа за се. Инаку живееме во иста куќа но со друг влез па исто како да сме комшии. Никогаш лично не сум се искарала ама па не ја гледам ни дека постои. Што и да било во нејзиниот живот ќе ми кажела а јас демек слушам само да, да... Она што ми се случува мене си го чувам само за себе. Знае да ми тера инает а јас само да си се насмеам. Се случило да не ми зборува цел месец и јас цел месец да и викам „Добар ден. Како си?“, и таа да си ја заварти главата. Во 6 години брак цело време се сметав за проста што не и враќам на ни една нејзина провокација. Пред 2 дена ја слушнав како и се жали на јатрва ми дека не ми помагала и не ми ги чувала децата бидејќи не сум ја сметала за мајка. Не сум ја гледала ни дека постои. Јас сум била арогантна „Онака насмеана ја гледаш нон стоп ама испод мира триста вира. Детето ми го смена, како мајка да не го родила“ :rofl: Си отидов дома и од срце си се изнасмеав. Всушност сфатив дека јас навистина се нервирам со неа ама тоа не се гледа, а таа па уште повеќе се нервира што мисли дека сум премногу ладна кон неа. Во целава ситуација добра страна е што мм е добро извозан од мене па на глава да застане таа и пак за него јас ќе бидам права
     
  3. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Деновиве имам премногу работа а и нервоза поради свеки. Пред 5 дена купивме камјон и нормално ни идеа пријателите на честито. Се здробив од трчање горе доле првите 2 дена. И ете 3ден ни идат мои роднини и нивни роднини ама младите горе старите долу. Додека да ги послужам прводојдените(младите) стигнале и старите . Замислете ниту станале да ги послужат гостите ни свеки ни свекорот + детето се посрало и 1 час во г... го држеле не го соблекле ниту пак ми викнаа да го соблечам. И кога го соблеков има што да видам (нежна кожа) сиот вцрвенет ,сиот рашлакан од г... страшно.Зборот ми беше дека свеки едно не ми помага барем кога гледа дека има мн гости мн работа друго ми дава непотребна неитна работа па и згора на се и детето не го соблекла . Па мајко мила не и се рацете и нозете в гас да ја мрзи толку тееее.
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ти си мајка на тоа дете, не свекрвати, ќе и речеш дека мора да го средиш детето а ти послужи ги гостите. Гостите за пет минути нема да пукнат непослужени, детето на прво место да биде. Честито камион:)
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав вие сте горе, а тие долу така? Поделени сте. Епа што бараш ти тогаш да трчаш доле и доле да ги послужуваш гостите? Мене ова не ми е јасно. Ако сте си посебно тогаш секој своите нека си ги послужува. Вас горе ви дошле гости? Ви дошле. Фино ќе си станеш ќе си извадиш на маса тоа што имаш и крај. Доле свекрва ти ќе си ги послужи нејзините гости и готово. Зошто ги комплицирате работиве јас не знам. Па јас и дома така правам. За слава кога мене ќе ми дојдат моите гости и се во моја соба, јас си ги послужувам и јас трчам, моите си ги послужуваат нивните гости и крај.

    И зошто детето во тој момент било кај нив? Зошто маж ти не го чувал и не го пресоблекол?

    leona83 она кажа дека не ни и' кажале дека детето треба да се пресоблече, а не дека таа го оставила детето за гостите да ги послужи.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    значи ова мое мислење кое ќе го напишам е општо,не кон ојесил или други.ако сте родиле имате 1,2,3итн деца тие се ваша одговорност со која треба да се носите.јас немам дете ама и кога ќе дојде тоа мило малечко во животов ич нит сакам/планирам итн.свекрвами да ми го почувува/расте/воспитува/чепка/пресоблекува итн.бидејќи ако не сум спремна сама да се справувам да си го израснам сопственото дете па и поарно да не замарам околина или ако ми помогнала околината замерки да и барам во помогнатото.значи гости ко гости си требала во план да имаш дека не ќе можеш се сама да постигнеш,свекрвати си ја знаеш што карактер е од неа не си требала помош да чекаш,а и по кој основ она да ти помага не си и ќерка ти она е само мајка на маж ти,ќе си викнеше мајка/сестра/блиска другарка на помош.и убаво ти пишала форумката пред мене детето е секогаш на прво место а гостите не ќе умрат ако одма не се послужени или друг пат одете во ресторан и бидете сите господа :) .
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Да, ама она треба да се сети да го провери, има пишувано и на други теми па затоа ми е таков коментарот.....
     
  8. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    ова ми беа ненајавени гости точно не бев спремна. Зарем имајки 2 човека дома кој седат туку така да викам др на помош. Тоа само мое дете е не е нивен внук?
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Детето е твое дете и твоја одговорност е! Лекција си добила ете. Друг пат детето не и го оставај на одговорност кога веќе го остава покакано да седи со саати. Знам татковци кои ги било гад(или не знаеле како) да сменат пелена па со какано дете ја чекале мајката од некаде да се врати и да ја заврши таа работа. Не можеш да очекуваш да ти е свеки Мери Попинс на твоето дете ако не е така марлива, и тоа е. Тоа што е мрза нејзино и е. Ако не послужи гости кои кај неа влегле, како ги гоштева така.
     
    На mimiiiii, joy1, leona83 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Абе види, тоа дете им е внук ама тие не се должни да го чуваат, пресоблекуваат, хранат итн. Бабата и дедото можат само доколку тие самите посакаат да го земат некој саат кај нив за ете да го видат, да го поиграат и толку. Се' останато е должност на мајката и таткото. Тука само не ги оправдувам нив што не ти кажале дека детето треба да се пресоблече, ајде што не го пресоблекле во ред, ама требало барем да те известат, ама веќе кога знаеш дека се такви немарливи ќе си го проверуваш почесто. Џабе се нервираш. Затоа ќе си знаеш друг пат дека не треба да го оставаш кај нив толку долго и готово.

    Има баби и дедовци кои со мерак ги чуваат внуците, ги шетаат, ги пресоблекуваат, се грижат за нив, децата можат целосно да се потпрат на нив, за нив живеат што се вика, а има пак баби и дедовци кои ги мрзи вода да му дадат на детето ако побара, се мрштат ако треба и 15 минути да го почуваат, а не па нешто друго. Ама јас не ги осудувам овие вториве, зашто тие не се должни да го чуваат детето, едноставно не сака и крај. Си имаат можеби други планови, сакаат нешто друго да прават тој ден итн. Нивниот социјален живот не застанува ако ние родиме деца. Јас и на моите им зборам за понатака дека нивна должност чување деца не е. Божем моите цел живот во шетање го поминале па ајде сега доста им е па ќе им ги тупосам децата по две недели на седење. Малку за мене се замарале, сега уште и со децата мои. Ако станале баби и дедовци не значи дека не сакаат да си излезат на прошетка за викенд, не значи дека не треба на одмор сами да одат, не значи дека не смеат во ресторан да си отидат, или со пријатели некаде... Не дека нема да ми притреба да ги почуваат, ако ми треба ќе ги замолам, ама ако ми речат "не", нема да се налутам, а ако ги причуваат дури и на пола саат јас ќе бидам благодарна. Се' тоа е нивна добра волја, а не обврска. Затоа не треба да се лутите ако било кој од бабите, дедовците ви речат дека не можат да ги причуваат или ако тоа чување не е по ваши правила.
     
    На Glasna, leona83, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Jас ќе те прашам,зарем поред уште еден родител(што бил присутен во тоа време дома,мт),не ли е срамота да не си го пофати детето(бидејќи тоа дете не е само твое,како што кажуваш погоре)....и големата работа гости дошле,па треба цела армија да се ангажира околу едно дете :emo: а кажи ми ти како ќе излезеш на крај со две или три деца,доколку би ги имала и кога би живеела во не заедница??? Kога тебе и со едно дете ти преставува терет.
     
    На imelda и jb82 им се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Кога сум на работа претежно детето ми го чуваат мајка ми и татко ми. Може и сестра ми да ми се најде од време на време. Е некогаш нормално има потреба и свекрвами да го почува (на пр. моите биле настинати или имале некакви обврски). Така еден ден се враќам од работа во 11 часот навечер и го седнувам детево и нормално прашувам дали си јадено, како помина и сл. Син ми ми вика не сум јаден денес од кога одеше ти на работа (цели 9 саати) Ми се слоши во моментот, ќе пукнев :@ Е сега јас не велам дека не го понудиле ама сепак син ми е малку комплициран за јадење, сака малку повеќе молби за да седне. Го чуваше 4 дена и секој ден јас му давав да јаде во 11 навечер. Едноставно жената на се потрудила да го седне и да го нарани. Како тоа не се случува кога е кај моите. Мајка ми се шета по цело маало со чинијата в раце за малиот да јаде. Јас не чекам некој да ми ја заврши работата ама сепак немаат никакво чувство како спрема внуче. Сепак тоа е до карактерот на човекот. Мојата е таква и со децата на јатрва ми и со децата на золва ми
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.775
    Настрана свекрва ти, ама да одиш со чиничето по детето и да го милиш е многу лоша навика која му ја ствара мајка ти. Детет треба да седне и да јаде кога егладно. Само знае да побара. Направи му навика кога ке огладне да побара јадење. Да седне со сите кога јадат и да јаде. Молено дете станува и молен возрасен човек на кој сите мора да му одат по газот.
    Исто и кај тебе, каде е твојот сопруг во приказнава? 24/7 не е дома? Ако е така, жал ми е што немаш помош од него. :(
     
    На mimiiiii, drugarka, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    ^ Cka, комплетно се согласувам со тебе. Јас сум мајка на 2 деца, од кои ниту едно не било молено, шетано, гњавено, тинтрано за да јаде.
    Ако му се јаде нека јаде, ако не, нема молење. Кога ќе огледнат големово ќе побара само, а малово оди во кујна и почнува да кенка таму.

    И тие си знаат. Едната има четири години, и ако не и допаѓа ручекот (пр. грашок) нема да го јаде за ручек, ама ќе ја чека за вечера.
    Некои немаат леб да јадат, и затоа со храната нема игра.
    Мене баба ми така ме молеше и на мајка ми и се креваше коса на глава.
    Јас ни на бабите и дедовците не им дозволувам да ги молат и ранат на прозор/улица/лулашли.

    И искрено јас да сум баба на твоето дете исто ќе го оставам гладно цел ден бидејќи не ми е нормално молење за јадење. Па после и мене вака снашката ќе ме пишува по форуми :D

    *Ова горекажаново е во исклучок кога се болни или со пролив. Тогаш ги молам да јадат и да пијат чај со електролити.
     
    На nene88, Doozy, Daydream и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^^^
    А ја праша свекрвата дали јадел, дали го понудила, молела, или само тоа синот што ти кажа?

    Јас бев бесна на воспитувачките кога моето тргна во градинка, тие нормално не молат, колку ти се јаде толку. Е моето си беше исто комплицирано за јадење па неколку пати првите недели ме бараа да го земам оти пребледнало или се изгубило. Од нејадење оти ништо не јадело. Но сфатив дека треба на себе да сум бесна што не сум го научила подобро, кај им е крајот ако со сите деца се молат по 10 минути за јадење. А и моето само неколку јадења јадеше па чекало тоа да му зготват во градинка за да јаде :( :D Сега нема што не јади и само си бара.
    Бабите се друга приказна, обично ги прејадуваат внуците, но твојата ете поинаква е.
    Со сила да ја натераш да трчи по него цел ден со тањирот не можеш, ќе си го најадеш пред и после работа, а во меѓувреме ќе ја замолиш ако може барем еднаш да го прелажи да стави нешто во уста.
    На бесплатно бебиситерство 8 часа на ден фала се вика, благодарност се покажува, а не правила и лутење како газда кој плата дава а работата не е перфектно завршена.
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сакаш да кажеш дека детето ти се „изгубило“ и пребледело од прескокнување еден оброк? :o Онда ја сум бил едно факинг жилаво дете пошто знаев и по ден и пол да не јадам и не е дека деновите ги поминував у спиење, туку напротив, не знам каде немам лузна од што бев палав.

    Комплетно се слагам со Jб82 и со Чка, не е детето робот и нема да умре ако не јаде ти кога сакаш. Исто е и со бабите, нема да рикнат ако послушаат еден добар совет за правилно воспитување.

    Работава ме потсети на оној вицот:

    - Синеее, ајде дома!!!
    - Зошто мамо, ладно ми е?
    - Не, гладен си.
     
    На jb82, Adina и tessie им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^
    Колку оброци треба да има едно дете до отприлика 3 часот попладне?
     
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Во 4 години син ми има примано 6 пати ферумлек. Нон стоп имавме проблем со јадењето. Го молам ако треба и на глава ќе застанам за да јаде бидејќи 100 пати сме биле на секакви испитувања и сите ми велеле само упорност со јадење. Еве син ми веќе една година јаде се најнормално и немам никакви проблеми со тоа дека треба уште да го молам. Ама ти да имаш внуче кое знаеш дека има проблеми со јадењето и да не се потрудиш??????????????????? Мм е 12 сати на работа и ги сфаќам дека кога ќе дојде буквално нема нерви за децата. Јас сум сосема сама без трошка помош околу ништо :) .
    П.С. Никој не знае што му следи во животот ама може болна да лежи со месеци па јас неа пелени да и менувам или да ја ранам. Затоа на 8 часовно чување на дете еднаш неделно не велам фала
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Mене нешто тука не ми е јасно,детето е свесно дека било гладно девет саати,значи свесно било дека не бил молен (одбил на првата молба за јадење),чекал да го молеле за да се најаде,за на крај да те чека тебе во 11 да се вратиш ,да ти пренесе дека сеуште е гладен,за да тебе ти текне да му дадеш да јаде :?: ..
     
    На imelda и jb82 им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    4.501
    Пол:
    Машки
    Еднаш веќе пишав, ќе пишам повторно, ми се гади кога ќе прочитам некоја снаа, да се фали дека нема да ја гледа свекрва си кога ќе остарела и изнемоштела. Никој не знае што ќе му се случи во животот, зашто може, да не даде Бог, да дојде ден кога свекрвата (или свекорот како што имаше еден случај) ќе ѝ ги менува пелените на снаата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.