1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.930
    Допаѓања:
    66.460
    Значи вау! Исто како што свекрва ти неможе да знае што и носи утре, така и ти, затоа припази малку со таквите изjави.

    Фала се вика за наjситна љубезност од непознат човек, а не пак на некој свој што ти го чува детето цел ден.
    Искрено, ни jас не би се трудела да нахранам такво дете, ако е гладно ќе jаде. Вие сте го научиле така, па чудете се после кога ќе покажува агресивност при секој неисполнет каприц.

    Да дополнам, и маж ми е по 12 саати на работа, 6 дена во неделата, па дома добивам помош во сѐ апсолутно откако ќе си дојде. Иначе, jас сум невработена. ;)
     
    На jb82, Glasna и imelda им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    322.831
    Пол:
    Женски
    И мојата керка е проблематична со јаденје т.с чека некој да трча по неа или да ја моли.Ама ич не се потресувам околу тоа ниту и угодувам.Јас кога ставам на маса ручек ги викам сите кој иде иде кој не после сам нека си зема.и истото важи и за малата.неколку пати се бунеше и бараше да ја хранам пред тв ама не попуштав и полека си се научи на ред.и на свекрва ми истото и го имам речено да го прави дали ке ме послуша или не нејзино е.ако не ја мрзи да оди 40 мин по неа со танјир и лажица нека оди.инаку реткоооо се бунам за нешто додека сум јас на работа а таа ја чува.верувам дека не би наштетила намерно на внуката не би добила ништо од тоа.дури мислам она повекје се нервира од мене кога керками не јаде :)
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека сите имаме свој карактер и дека одредени нешта што ми пречат мене не ви пречат вас и обратно. Детето воопшто не ми плачи ако не му е погодено нешто. Никаде не реков дека нема да ја гледам свекрва ми или нешто слично. Алал да им е на жените кои добиваат било каква помош од своите сопружници ;)
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.673
    Допаѓања:
    165.183
    Тоа значи дека кај ти го гледаат детето ти маани наоѓаш.Седни си дома и трчи цел ден со тањирот по него ако сакаш да е се како што тебе ти одговара и јас да сум на место на свекрва ти не би трчела по него да го молам да јади не од што ме мрзи или од што не сакам него заради тоа да научи како се јаде ако ти не си способна да го научиш ке го научи свекрвати
    Се претрсле мајки како да само они имаат деца примал 6 пати ферумлек чудо големо моете и трансфузиај примасе па не трчав по него Не му прави лоша услуга на детето научи го на ред оти во спротивно ти ке си тргаш маки со него цел живот денес за јаденје утре за школо после за изпагане ,друштво брак
     
    На Cka, Glasna, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Анина не е работа дали ќе дојде ден свекрва да чуваш или не, туку како семејните вредности/односи ги засноваш на плати па клати. Ако свекрва ти ја рокне инфаркт во 3 сабајле и си помине во сонот, еден ден нема да ја чуваш, нема ли да се осеќаш должна по овој принцип кој го водиш?
    Друго прашање е колкава наплата очекуваш од твоето дете еден ден за инвестицијата на твоето време во трчање со чинија по него. :^)
     
    На tessie, jb82 и Glasna им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ќе мора да седи на гроб по 8 часа на ден за да си го отплати долгот :tmi: :D
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Тоа што трчам да си го нахранам детето не е инвестиција туку моја обврска како мајка. Мајчинството сите изгледа го сваќаме различно. Инаку имам пишано на друга тема дека моето дете е супер, јас немам никакви проблеми во однос на недоразбирања помеѓу мене како мајка и него. Детенце кое на 2 години си ги дипли пижамите. Ете ги надминавме проблемите, сега си јаде нормално ама на 4 години имаше 11 кг. Значи за три годинки качило само 2 кг и тоа воопшто не е здраво. Сите педијатри ми препорачуваа по 6 оброци на ден. Ете тоа ми беше муабетот а не кој колку му должи на свекорот или свекрвата или кој колку должник ќе остане. Ако вие имате потреба да одите некаде а детето треба да се напие антибиотик па се вратите дома и свекрвата или мајката ви каже дека едноставно не сакало да го испие сирупот се едно ќе ви е? Како што мора да го испие антибиотикот со плачење или не така и јас морав да му буткам јадење во уста за да преживее а не за да расте. :(
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Те разбираме, и ако детето не сака да јаде ти ќе мора на таков начин, но и сама кажа дека свекрвата е таква неодговорна и со другите внуци. Значи отприлика си знаела што те чека со неа. Гледај да и го оставаш поретко и ќе немаш проблем.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.673
    Допаѓања:
    165.183
    Па кога ти е таква ситуацијата седни си дома и чувај си го детето ,некогаш тоа е е единственото решение
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Добро Анина, еве во бес си рекла нема што јас фала на свекрвата да и кажувам што ќе го причува син ми 8 саата недело. Ако си искрена со себе, ќе си признаеш во случајов кога не го намолила детето да јаде, свекрва ти не е виновна дека детето то е џимрија. Кога ти како мајка не успеваш да му турнеш доволно храна во уста секој ден, нема од нејзиниот неуспех да го нахрани еден ден со сите потребни оброци да ти е детето неухрането.
    Како што ти рекоа и другите. Доколку му е до толку потребно посебно внимание и посвета, треба да донесеш некои одлуки за да му ја пружиш таа грижа на друг начин, дали ќе ти трпи работата па сама, дали ти и само другата баба која може да му најде крај некако, а не да кривиш некој кој се потрудил да ти помогне.
     
    На Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Јас на ова велам кешки никој никому да не падне во раце. Секој да си го заврши животот, способен да се грижи за себе и да помага и на другите. Овие две, особено второво воодушевувачки исполнуваат. :l: Затоа што повеќе ги жалам оние на кои им се менуваат пелените отколку другиве. Јас не сум сигурна во себе утре на моиве стари (и за моите и за на мм родителите зборувам) колку ќе можам да ги гледам и лично директно да им помагам. Чување на возрасен човек не е исто како чување мало дете. Си носи свои специфичности со кои не може секој да излезе на крај. Според мене, носење во дом не е знак на занемарување. Почнаа да се отвораат кај нас современи, убави установи.

    1) Прво, им се нуди стручна нега.

    2) Второ, се социјализираат како што не би можеле дома заглавени во една соба (имаат разни активности, друштво со луѓе на нивни години и со заеднички интереси),

    3) Трето, никој не ти брани активно да се интересираш за негата и вниманието што ги добива таа личност и никој не ти брани повремени посети (колку што ти дозволуваат обврските и локацијата) со еве пример нешто од дома зготвено (што мириса на домот којшто сте го делеле). Значи, ставање во дом, никако не значи и заборавање во секој случај. Од друга страна пак, може иста куќа да делите, а ти да треснеш врата и да си се затвориш во соба од што не ти се замaра. Да смениш две-три пелени, а да си шепотиш „аман веќе“. И личноста која ја гледаш ја казнуваш со тоа. Таа чувствува. Како да не и` е доволна нејзината болка.

    Со други зборови, не е битна сменетата пелена или потпората додека да излезеш на балконче. Битна е грижата, помислата и она што го носиме во главата и пред се` срцето пред да постапиме.


    Уште нешто. Бабите и дедовците немаат АПСОЛУТНО никаква обврска да ни` ги чуваат, причувуваат, дочувуваат децата. Некои не сакаат бре и готово. Обврската е на мајката и на таткото и да го чуваат (оние коишто го создале и донеле на овој свет), или пак, ако не можат, да го доверат на некој за кој знаат дека ќе ги чува онака како што замислиле родителите, а не при искуство и знаење што резултат може да се очекува, упорно да се остава кај бабата, колку да и` се бројат грешките на свекрвата. Не е грев бре да не и` се чува внук.
     
    На jb82, imelda, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не е грев да не си го чува внучето ако немате финансиски никаква врска. Тоа е мое мислење и не го наметнувам на никого. Како си иде дома и си ја зема колата од пред врата и ја нема цел ден и тоа без да ми каже? Јас цела моја плата ја давам за да ја исплатам колата. И уште паметна ми се прави демек му се јавила на мм. Колата не е кај мм туку пред врата кај мене, па можеби сакам да одам некаде а тој не знае. Се јавува кога идам од работа купи ова купи она и пари никаде. И еден куп слични работи. Колку пати зела пари од мм и демек ќе му ги врати и на крај се прави како ништо да не се случило. Јас пари земам од мајка ми и татко ми кога немам, детето ми го чуваат 90% моите и не барам ништо од неа и сега ако треба да го почува 8 сати неделно треба да е проблем?
    П.С. клучевите на колата стојат постојано преку ден бидејќи затворен ни е просторот и колата наша, на девер ми и на двајца комшии се паркирани една после друга. За да не слегуваме постојано си ги тргаме сами по потреба :D Знам дека ќе искоментирате да ја заклучиме колата :rofl:
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.653
    Допаѓања:
    129.825
    Двајца вработени немате пари за градинка?
    Ако детето е џимрија и не јаде од јадењето на баба му, зготви му и да остави му за утре.
    Децата кај бабата се чувани, колку што сфаќам, не се тепани,не ти вика сама чувај си, туку едноставно, твоето дете е галено. Ако свекрва ти чува деца и од двајцата синови, значи сака да помогне, ама не може се да им угоди. Ако не си задоволна од тоа како го чува син ти, нека оди во градинка. Зошто се должни бабите да ги гледаат? И бабите имаата свој живот, пријателки, комшики, сопрузи, пензионерски собиранки. Зошто да чуваат деца? Тие своите си ги изгледале. Внуците ако сакаат ке ги чуваат. Единствена обврска за децата имаат родителите. Затоа има и одземање на родителското право кога се лоши родителите, а не одземање на бабинското право! Мајка ти и свекрва ти не се обврзани да ви го гледаат детето, кое има двајца живи и здрави родители! Разбрам дека треба помош, како на секоја млада мајка, но секој ден, никој не сака да чува дете.
    Кај мене дома, мајка ми никогаш не молела никој од нас да јаде. Ако ти се јаде, јади. Ако не, ке јадеш леб и маргарин, кои сам ке си ги направиш. Затоа кога ке видиме на маса, седнуваме и јадеме. Нормално, кога бевме болни, седеше со нас во кревет и ни даваше да јадеме во уста. И земаше боледување и седеше дома.
    Затоа, мислам дека треба да бидеш посамостојна и да не чекаш од никој. Секоја жена е сосема способна сама да одгледа дете, не па уште да има и мајка и сестра и свекрва и маж. Па тоа е само едно дете. Што ако имате 4?!
    За колата у право си.
     
    На tessie, Glasna, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Точно,бабите и дедовците не се должни да ни ги гледаат децата.Ок,слободно можат да не одбијат дека не се слободни,напорно им е,изморени се и сл.Не е за лутење.

    Но,во конкретниот случај веќе кога се нафатила бабата да го причува(како што сватив поретко го чува),јас мислам дека треба да се потруди барем детето да е колку -толку најадено нешто.
    9 часа не јадело?!Па што,толку и тешко и да потрчи малку,ви се молам,плус знае дека како малечко имало здравствени проблеми со тежината????
    Сепак мислам дека неодговорноста кај некои луѓе е голема.Можеби и намерно ти прави така,за почесто кај мајка ти да го носиш(само претпоставка).Како и да е ,ако сте во можност најдобро е уште мали правац у градинка.И јас сум била болникава ,па години скапав во градинката и се навикнав.
    А за колата,колку и да не сакам да споредувам на ти-дај ми,во право си.Си стискаш од плата да си ја плаќаш,па право ти е и да си речеш.Барем да те прашува веќе кога ја користи.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    322.831
    Пол:
    Женски
    Јас сум при крај со бременоста и мојата свеки одлучи да си оди на одмор .покрај маж ми и керка ми за грижа ке ги имам девер ми и свекор ми со меше до заби.не ми пречи што ке оди на одмор само се плашам да не се породам порано малата нема кој да ја чува.кукните сите на раб си одат,мајками исто плус она живее 200 км подалеку од мене .
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Свекор ти и девер ти не се деца па ти да ги чуваш . Гледај си ја бременоста , тие треба тебе да ти помагаат а не ти нив да ги чуваш ... мислам ако сакаат де , а никаква обврска немаш 2 ца возрасни мажи да ги чуваш како бебиња...
     
    На imelda, Glasna и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    е добро де срцка, а да немаше свекрва?
    Ти гледај да си останеш смирена и без нервози до крајот. Да си се породиш лесно и бебушот да ти е најубав на свет. :* :* :* :* :*
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Колку и да не треба да ги чува ќе треба да им готви, пере....а и керќичката би и ја чувала ако била дома. Ама не е страшно, како што кажаа др.феминки не мора да се замараш толку со нив.
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.930
    Допаѓања:
    66.460
    Зашто мора па она да ги пере? Што, немаат раце самите да уклучат машина кога им треба? Да зготват кога гледаат дека снаа им неможе? Стварно не ми е jасно како така може да чекаат сѐ на готово и снаите ова да го прифаќаат како нормална работа. Па не си ти слугинка во таа куќа бре.
     
    На mimiiiii и Daydream им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    322.831
    Пол:
    Женски
    Да тоа е најголем проблем што она си ги има научено се на готово.Девер ми иако има 24 год може цел ден да не јаде ако нема кој да му принесе на маса..ова е само еден ситен пример од многуте.кажав векје не ми пречат тие двајца туку стравувам за керками.друго ке беше да е она тука дур сум во болница .дете ко дете ке ме бара ке тагува ке бев и јас посмирена кога знам дека малата е со свекрвами.додатно ме плаши што во ск ке се порагјам а од др град сум..маж ми ке треба да патува,може првиот ден да го помине ск па не би сакала детето да се мрвцвари по болници.ама како што вели маж ми ке најдеме решение.само ете си кажав што ми лежи на душа :)