1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Што би ти кажала освен дека свекрва ти нашла ужасно време за да оди на одмор. Не ја разбирам, внуче ти е на пат, имаш друго мало внуче, еднаш се мали после ќе пораснат па ќе ги бараат. Сега ли дојде работата до одмор?? :x :^) :tmi:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    I jas 100 пати се прашав мораше ли сега?ама никому ништо неможам да забранам.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^
    А кога е правилно време да отиде на одмор, откако ќе се породиш? Тогаш пак ќе велиш -Мораше ли сега, со бебе и мало дете дома? Ќе се органзираш со сопругот, што и да работи сигурно ќе му дадат неколку дена одмор, бебе му се раѓа, па ќе се погрижи тој за поголемото.
    Во заедница кога си, или ќе живеете сите како едно големо семејство и ќе нема пререкувања за тоа кој пере, пегла, готви, кој колку децата ги почувал и слично, или од старт ќе си ставите граница со сопругот и ќе си се поделите во се. Тоа значи ниту очекувам некој да е одговорен за мои обврски, ниту превземам туѓи. Освен повремено по сопствена волја. Тоа значи дека ако очекуваш помош од свекрвата за детето, и таа има право да очекува да се погрижиш за свекорот додека ја нема, без разлика дали тој може сам или не.
    Опушти се и гледај си ги твоите работи, можете и сами, не ви треба армија околу себе да се справите со две деца.
     
    На mimiiiii, baby-star, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Ајде да го разгледаме случајот од друг аспект, без притоа да имам намера да негирам нечие мислење или став. А, што ако секрваи не беше жива или не живееше со нив? Таа не се мажела за свекрваи туку за мажот, што значи свекртвата нема ама баш никаква обврска кон снаата. Моите изгледале 2 деца сами, без ничија помош, и негледам што е толку страшно да си го гледаш сопственото дете без ничија помош. Породувањето не трае со месеци тоа се само неколку дена и негледам што е толку страшно. Се согласувам дека нема потреба посебно да се грижи за свекорот и деверот, тие се доволно возрасни и би се снашле и без неа. Ако готво за мажи и детето нормално е да стави малку повеќе храна и да има и за нив, бидејкио живее во нивна куќа нели? Простете ми но некако имам впечато дека невестиве сакаат ем да живеат во туга куќа, друг да им готви, друг да им чува деца и на крајот пак старите нечинат, е тоа го нема никаде.
    Секоја чест за свекрвата што не ви се тресе многу, ќе видите дека на долги стази оа е позитивен чекор, ќе ве ојача и ќе ве натера малку да се снаогате сами, а не се да ви е сервирано на тацна.
     
    На baby-star, imelda, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Не е работата дека нема да најдете решение или дека нема да се снајдете без нејзе, работата е што женава очигледно користи ситуација да си докаже себе си, а и на вас дека е „незаменлива“ и дека вие не можете без неа :!: Не дека таа нема право на одмор, ама можела и до сега да отиде или откако ќе се роди бебушот, ама не МОРА баш сега додека е потребно уште една жена во куќата. И сепак мислам дека ова не е само заговор против снаата, туку против сите домашни. Е сега, јас да сум нема да покажам ниту грам нервоза, ќе и докажам дека можам да функционирам и без неа и дека и во таква состојба можам да се грижам за домашните. Ќе ги ангажирам сите за било што да ми треба по дома, ама нема ни збор да речам да не оди на одмор, баш напротив ќе и се понудам за помош при пакување на куферот :lol: И така нема ништо да направиш ако се нервираш, сега можеш да ја свртиш работата во твоја корист. А за малата, откако ќе отиде свекрва ти, пробај да го замолиш свекор ти да земе неколку слободни денови да ја причува тој, ако не е во можност сигурно ќе се снајдете за ден два, ама свекрва ти засекогаш ќе падне во очите на синот.
     
    На Lovely93, stetoskop и joy1 им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ова е сигурно подобар пример за родителство од оној на мажот на виши. Не го научиле да не зависи за сенешто од нив и после бракот трпи. Ова го кажувам често, птицата кога ги учи малечките да летаат, немилосрдно ги турка и ги брка од гнездото. Но подарокот што им го дава (сигурни крилја) не може со ништо да се замени.
     
    На imelda и Pepelaska25 им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^^
    На кого да докажува дека е силна и дека може сама? На публика од која очекува аплауз, медал? Браво, се породи без помош од свекрвата. Зошто да ја користи ситуацијава за да покаже колку е таа подобра личност а свекрвата ќе паднела во очите на синот, па да, ако му труби жената како е безобразно што сега нашла да оди на одмор. Така се врти мајка против син, или жена против маж. Со ситни боцкања постојано кој што треба или не треба да прави. Зошто секоја ситуација да се користи како натпревар, докажување кој е подобар, кој заслужува аплауз, кој треба да го ставиме на ѕидот на срамот?
    Гледајте си ги вашите работи, толку е едноставно.
     
    На baby-star, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    Е ова е резултат на тоа што се укина служење војска. Мажите станаа мамини синчиња, кои не знаат на 24 години да си зготват сами јадење. Ич не му ја мисли. Ако не знае нека држи тримир. Ама нема да остане гладен. Не се секирај.
     
    На mimiiiii, Chokoholic25, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Како тоа за 8 часовно чување не треба да речеш „фала“? Па мене мајка ми кога ќе ми го причува по саат-два, ако ептен треба да одам некаде, СЕКОГАШ по 100 пати и се заблагодарувам. За секоја помош околу детето треба да речеш фала, без разлика дали станува збор за твоите или неговите, или било кој да ти помигне и ти го причува детето. Сепак е тоа твое дете, а не нивно.

    Општо за темава, да бевте како мене, без свекрва, ќе ве видев што ќе правевте. Ич немаше да се бунам дали попреку ќе ме погледне или ќе ми пререче, само да не го гледам мм како тагува по мајчичка. Еден ручек да има кој да ми го направи ми е од огромна помош, а не па нешто друго. Знам дека е најслатко и најубаво секој да е сам, ама let's face it, живееме во земја кадешто свое гнезденце е многу тешко да се свие, па сме приморани да се гнездиме во туѓи куќи. Е за убав живот во заедница треба да се знае што е почит и убав збор. јас на свекор ми до ден денес му се заблагодарувам што мм го израснал во толку прекрасен човек. А тој на тоа знае да ми се насмее и да ме гушне, затоа што гледа дека и јас нив ги почитувам и сакам исто колку и моите.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се живее во заедница секој има обврска према секого, а свекрвата е таа која треба да е среќна што станува баба и што треба баш тој период да биде дома (затоа што нели бебето ќе дојде во нејзината куќа) а не да бега од дома. Јас не очекувам помош од никого затоа што сме сами со сопругот, ама кога 360 дена во годината е дома, зошто тие 5 кога треба, ако ништо друго, барем да избрише прашина или да усиса дома, таа ќе оди на одмор. Нека оди, никој не и брани, ама тоа е моето мислење, дека женава сака да глуми незаменлива. И тоа не е боцкање од страна на снаата, баш напротив мајката сама паѓа во очите на синот затоа што не е таму кога НЕМУ му е потребна. Можеби приказната има и друга страна која ние тука не ја знаеме, можеби има причина за тоа што така сака да избега од дома, ама пак мислам дека ако причека додека да се роди бебето и тогаш оди на одмор, сигурно нема да и падне круната од глава
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Да тргнам од крајот, свекрвата ќе падне во очите на снаата? А, демек ако и се притресува многу ќе ја цени? Да сум на твое место ќе докажам дека можам да издржам и во ваква состојба? Каква состојба? Бременоста е сосема нормална состојба и природна, тоа не е посебна состоја. Посебна состојба би било да е болна или скршила нешто.
    Потоа, мора ли баш сега да оди на одмор можела порано. Да можела да оди на пример во Април, да се бања на море или езеро сеедно, нели? Ловели рече дека требало да се жртвува за внуите бидејки тие биле еднаш мали. А, свекрвата колку животи има 10, додека тие потпораснат таа веќе дали ќ
    ее може да се движи а не да оди на одмор. Јас сум за тоа да секој си го живее сопствениот живот а нр да се жртвува за другите, никој утре фала нема да и каже.
    А, како да и докаже дека не е незаменлива кога со самото кукање овде го докажува спротивното. Секоја жена која ќе влезе во брак треба прво да има способност да функционира сама, без оглед дали има некој да и помогне или не. Кога ќе влезеш во брак семејство го сметаш сопругот, ти и дете доколу имаш, и компромисот и функционирањето на бракот треба да се заснова на вас двајцата, а свекрвати дали ќе оди на одмор, дали во комшии на кафе тоа не би требало да те интересира. Единствена работа која треба секоја снаа посебно ако живее во заедница дека неможе се да биде подредено на неа.
    Мене се ми се чин дека снаата неможе да го свари тоа како таа да се поти овде и да рага деца а свекрваи да си ужива на одмор, мислам дека е тоа главната дилема.
     
    На baby-star, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Овде не се работи за тоа дали некој може или не може сам и кој во чии очи ќе падне. Секој може сам. Секој без секого може и ќе се снајде. Има и самохрани родители кои сами ги одгледуваат децата па никому ништо.

    Овде повеќе се работи за човечко однесување. Баба е, мене не ми е јасно како ја држи место да се спакува и да оди на одмор кога знае дека снаата секој момент ќе се породи и ќе добие уште едно внуче. Уште едно внуче ќе добие, зарем не сака да биде тука во тој момент, зарем не сака меѓу првите да отиде во болница да го види внучето, зарем не и' е мерак, па мекици ќе треба да спрема, треба да се прослави, би требало со нетрпение да го чека тој момент, а не да бега од дома. Таа се однесува како да ќе се пораѓа снаата на комшиите, а не нејзината со која живее и која на свет ќе донесе нејзина крв. Мене од тој аспект не ми е јасна ситуацијава. Ама има секакви луѓе. Како и да е, тоа си е нејзино право, кога сака нека оди, ама јас по ваква постапка не би очекувала понатака никаква помош, во врска со било што, не мора да биде за чување деца или ручек.

    А за тоа дали ќе се направи уште една чинија плус за јадење или кој ќе го причува поголемото дете не е ама никаков проблем. Кај комшии ако треба ќе ја оставам, ќе замолам комшии со кои добро се согласуваме, секој ќе те сфати и нема никој да рече "не". За два, три дена ќе се снајде.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Како ви се замара со ова свекрвиве ја стварно незнам. Место да го гледате мажот и децата што се замарате со свекрвите? Што сака нека прави сакала идела на одмор сакала неидела, а што се однесува до свекорот и деверот ако можеш дај им да јадат, а ако неможеш кажиим сигурно ќе те разберат, барем поголемиот дел од луѓето имаат разбирање спрема бремена жена.
     
    На duffi и tessie им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Жени бре! Снаава не е ни во терминот на пораѓај кога свекрвата сака на одмор. Еве, си планирала и таа, ќе оди и ќе се врати, и тука ќе е за мекици. Сама вели снаата, што ако се породам порано? :!:
    Арно вика Бриџит. Кога и да оди свекрвата на одмор ќе погреши. И да отишла во првите два три месеца од бремената снаа на која и се лоши а мора да готви и да и мириса на кромид, и таму ќе згрешила. :^)
     
    На Bozica1980, baby-star, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Девојки кој не осетил незнае како е. Од страна на сите ни е лесно да диригираме. Јас кога се породив не бев спиена 4 дена пред пораѓај и кога се породив уште 2 дена не спиев во болница вкупно 6 дена будна од кој можам да кажам 8 саати спиена сум била. Кога си дојдов дома мојава си ја грабна чантата и на работа отиде. Ниту ме праша дали знам како пелена да сменам , како да надојам , како да го успијам туку само си отиде ан работа. А јас ТЕЛЕ прво дете незнам шо се вели како да го држам во раце, тотално сама мм , свекорот и свеки на раб па ете го пораснав во 9 месечно дете и не умрев се снајдов. Секој ден готвев со кромид и повраќав ама ете помина. И сега свеки гордо вели на пријателките „ЈАС НА СНААТА И ПОМАГАВ МНОГУ , ГО ГЛЕДАВ ДЕТЕТО„. Иако не е така си кутам барам мир во куќа а јас си знам како го поминав тој тежок период. Крај краева никој не ги тера да готват нека јадат што ќе најдат.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^^ А јас па мислев дека веќе е во термин и секој момент чекаат. :tmi: Ова е веќе друго. Тогаш нема потреба да се жали снаава. Свекрвата сигурно има испланирано да се врати пред термин. Може и затоа иде сега зашто и самата е свесна дека после ќе треба да и' се најде низ дома на снаата, па да искористи сега да прошета. Ова е друга ситуација и нема потреба од филмови правење за тоа кога ќе се породела, па поголемото нема на кој да го остави, па каде ќе ја носи, па кој ќе ја чува, па да не требало по болници да ја влечат... На нероден Петко...

    Малку и ја сфаќам, сега е пред пораѓај па може малку и паника ја фаќа. А и некаде имам читано дека мајките кои се пораѓаат со второ најмногу мислат на поголемките дечиња, се грижат за нив како ќе го прифатат отсуството на мајката тие неколку дена. Така што, јас ќе речам, смирено. Се' ќе биде во ред. :)
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    За август е планиран одморот..мене терминот ми е 20 ти со тоа што имам индикација недела дена порано да ме породат од таму и целата паника произлегува.некој спомна нели сакала мекици да прави-нема да прави тоа го кажа уште трудна кога останав со изговор дека дџабе пари би фрлала.како и да е кој ми ја свати поентата на постот ок кој не пак ок.јас ви благодарам на сите за одговорите.ова беше прв пат да побарам мислење на тема свекрва можеби дека прв пат се најдов во ситуација да незнам како да изреаигирам тоа е се.
     
  18. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Бременоста не е сосема нормална состојба и никако не може да се споредува со болест или скршеница. Јас сум 8 месец, имам 6 недели до термин па ми е отежнато движењето и стоењето, а имам сосема нормална бременост (или што би рекла јас најубава :lol: ), па некогаш дури и ми треба помош од маж ми да станам или да се свртам, а женава е со мало дете, а сите дома се на работа. Не викам дека е неизводливо, ама е потешко. Не го сметам ова за себичност на снаата туку неодговорност на свекрвата. Ако некој се пожали тука не значи одма дека кука и дека е неспособна да се грижи за сопствената фамилија. Баш напротвив, убаво си кажа дека мажот и ја подржува и дека ќе и се наоѓа при рака. Да нема свекрва, да живеат сами е многу подруго, еве тргнувам од мене. Маж ми го планираше одморот пред терминот за пораѓај, надевајќи се нормално дека се ќе си тече како што треба. Јас не очекувам ниту мајка ми ниту свекрва ми дека ќе дојдат да ми цистат да ми перат или пеглаат за да имам помош пред пораѓајот, за сето тоа го имам маж ми кој ќе ми помогне околу се, НО тие се во заедница и сметам дека е крајно непристојно од нејзина старна да бега од дома баш во такви моменти. Не е дека не можела да отиде до сега на одмор или нема да може после. На море може и септември да иде слободно, не мора шпицот на сезоната да го фаќа. И не е жртва тоа да биде дома кога се случува таква промена во нивниот дом, доаѓање на нов член или припрема за доаѓање на нов член, тоа треба да е радост.
     
    На SV1911, Sky-butterfly и joy1 им се допаѓа ова.
  19. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    И да е во термин за пораѓај што се уплашила толку. Маш и зар неможе да ја причува поголемата дур мајка му се врати . Нај веројатно мајак му кога ке чуе дека има внук/а нема да остане на одмор.
     
    На Pepelaska25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Женава е од друг град а ќе се пораѓа во Скопје, маж и каде попрво да биде, да ја носи на пораѓај, да чека таму, да се врати ако и притреба нешто или да ја чува малата. Еве ги моментите кога фамилијата треба да биде заедно и да си помагаат едни на други. Во ситуацијава не и треба помош на joy1 нејзе само докторите и сестрите можат да и помогнат додека се пораѓа ;) , му треба помош на мажот и да се организира во целата таа ситуација.