Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. butterfly2

    butterfly2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Навистина ви благодарам за советите, точно е криво ми е и љубоморна сум оти така да биди, ама во право сте мора на страна од она змијско дувло инаку ќе се изгубиме во преводот, нервите ми попуштаат и верувајте не се издржува таму, сaмо барем еден од нас да има постојана работа се ќе бeше во ред, не сте свесни колку ми олесна се што си кажав и сватив дека од друг аспект е поинаку, согледав дека сум навистина љубоморна за некои работи ама криво ми е тоа е и тука ми се нервозите. Уште еднаш Ви благодарам за советите и конечно се одлучив не седам со нив па што сака нека биде, што побрзо ќе се регистрираме и в црква сами со моите само, да се договориме па ќе ве известам кога ќе биде, бидете ми поздравени, и да од Прилеп сум :), Луѓе ,ме направивте среќна жими се, конечно и јас да се израдувам, Ви посакувам се најдобро, се што ќе посакате да ви се исполни Поздрав

    Маца 99 жалам за смртта на татко ти и за тоа како се однесувал со Вас твојот чичко, знам дека и моите деца еден ден нема да ги фермаат ни да ги погледнат овие негови родители и негов брат, знам дека исто ќе биди ама здравјето е најважно, цела година сме по уреди и не е битно,Ќе видиме дали некогаш ќе сакаат да си ги видат внучињата, ама за тоа потоа здравје господ само се да биди по ред, па не ми треба ни нивна помош во право сте се сам што ќе постигниш повеќе ќе го цениш. Ви благодарам на сите
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам нешто да споделам со вас, што во последно време многу почна да ме нервира. Не знам дали сум во право што мислам така, или пак сето тоа е без потребно.
    Идната свекрва е некако попроста жена да речам, никогаш не одела на работа, ни до вград не излегува, само до продавница тука низ маалото и тоа е. Кога ќе разговараме сама си го признава тоа, вика јас не знам ова, не знам она. Биејќи сум тазе верена пред некое време ме зачудуваше нејзиното однесување, си велев како ќе се вклопам јас со неа, но сега сум го тргнала тоа од главата итака кога ќе се земеме со вереникот нема да живееме со нив.
    Сакам да кажам дека кога ќе дојдат нејзините ќерки на гости (мажени се и имаат деца) таа се по нив. Се случи скоро и јас бев тука и едната нејзина ќерка. Идната свекрва колку беше радосна, јас како да не постојам, почна да ми раскажува золвати еве дојде и одма се фати за работа, ќе ми поседат,( кога ќе дојдат со недели се случувало да седат) потоа почна за децата вака, децата така, ова им купив... само за нив збори. Потоа дојде и свекор ми и тој ни да се поздрави буквално не ме ни погледна, а друг пат ќе рече како си што правиш снао, тогаш ништо, одма по децата. А ќерките не живеат далеку, често се гледаат. Се почувствував глупаво, како да сум вишок тука. Не знам дали сум во право или на некој начин сум љубоморна. Што мислите за ова, дали сте биле во ваква ситуација? , некогаш не знам ни како да постапам
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ;( мило ми е што така одлучи,а љубомората ти ја наметнале они самите со тоа понашање,не се секирај ќе видиш како ќе ви биде подобро сами двајцата :*
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Савана, мислам дека малку и љубомората ти проработила овде. Секако и мене не би ми било сеедно, но сепак тие им се ќерки,а ти снаа и тоа мораш да го сфатиш! Иако се гледат често како што кажуваш, сепак секое видување за старите е радосно, особено и што имаат и внучиња од нив. Ова го знам бидејќи гледам како моите родители се однесуваат кон мене откако јас се верив.
    Плус, не дека не те сакаат тебе, туку симпл ас дет, ти си снаата и точка.
    На крај краева, ако ти толку смета ова нивно однесување, разговарај со некоја од золвите (ако сте доволно отворени) или пак со сопругот. А ако не сакаш од ова да правиш нешто по сериозно, тогаш кога ќе дојдат тие на гости, замини си и ти некаде на гости или повикај си свои гости, најди си нешто работа и сл.
    Сепак најдобро би било да пробаш да ја сфатиш таквата ситуација и да се однесуваш како глува ако толку многу ти пречи тоа.
    И ти не си вишок во таа куќа, тоа е сега и твој дом.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Savana им дошла ќерката со внучињата и нормално е цело време да се околу нив и да зборат за нив :) . Мислам дека нема потреба да се лутиш или секираш. Јас кога ќе се вратам од кај братучетка ми цело време по дома зборам за дечињата и не ги фермам другите :lol: , едноставно од што ми е преголем мерак и што ги обожавам, па после цел ден сум опседната со нив и само нив ги зборам, а камо ли они за внучињата од својата ќерка. Така да мислам дека е нормално тоа однесување на свекрвати и свекорот, љубовта кон внуците е неизмерна и мислам дека не треба да им замеруваш за тоа.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.339
    Допаѓања:
    114.057
    Пол:
    Женски
    хахаха да ме видиш мене кога ќе ми доаѓаат внуците :D Родена мајка не фермам, одма по нив, се залетувам. А кога ми доаѓаат се спремам божем кралско семејство иде :lol: Аман те молам од ова не прави проблем и не се оптоварувај. Какви проблеми има ти за ова се нервираш. Уживај , се е тоа нормално!!!! Па и вие кога ќе и доаѓате со внучиња исто ќе биде и со вас така ќе се радува. Јас мислам женичката од што си се радува дека идоаѓаат ќерките и внуците така се однесува. радувај се и ти со неа. Така уште повеќе ќе те почитува!!!
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Савана, јас кај моите кога одам не ме фермаат, веднаш по внуците :) . Нормално е тоа, не си прави проблем каде што го нема. :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    Свекрва ми сака се по нејзино да биде и како ќе каже таа така мора да биде. На пример таа решава колку гости ќе имаме за веселби, каде да правиме и кој да поканиме. Сега се ближат младенци и таа ми кажува на мене кој ќе викне, кај ќе правиме и сл. Како ми иде да и кажам да не се меша, ама не можам, ќе треба да се карам со сопругот заради неа. Ужасно ја мраааааааазааааааам...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Речиси сите овде ги имаме сличните проблеми. На смирен начин разговарај со сопругот. Јас разговарав со него и му кажав речиси се, пуштив и некоја солзичка, од што навистинами беше тешко, и резултатот беше добар :) Ги расчистивме проблемите во врска со неговите. Е сега друго е тоа што тие пак си тераат по старо, но кога е овде мажулето, ги става во ред. Јас не можам и не ми доликува да се расправам со нив. Они можат, па секоја им чест за тоа.
     
  10. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ние жените сме многу глупави (несакам никого да навредам),трпи ги неговите, трпи го него; па ај божем ќе разговараме за да го подобриме односот и пак ништо не си направил.Факт е дека ако живееш во заедница си го заебал животот.Простете на изразите но, многу сум бесна. :@ Живеам со свекрва која е крајно себична. Си гледа само за нејзе. Има 68 години а, како се држи само да знаете. Секоја година си оди на бања;пролет,есен си прави терапии, си чува пари итн. Е а, јас и сопругот се расправаме еден со друг, немаме пари за сметки, бидејќи неможела да плаќа и било многу скапо,немам да го прехранам детето и на крај кога ќе ти се качи на глава што се таа работела ти иде да попиздиш. Уште ми вика дека ние сме требале да ја молиме да ни го чува детето, море нека оду у ..... Едвај го зема од градинка и што ќе го почува 2-3 саати додека да дојдеме од работа низ нос ќе ми го извади. Остај тоа, туку и не знаела да го нарани, го остава така мене ме чека и да задоцнам не е важно ќе поседи малку гладно. Невиден ликсур е,секој ден пред ручек мава по една чашка ракиичка бидејќи била многу изморена. А да не кажувам колку моето дете и паѓало од раце, од парно (уште има лузна), му ги фати рацете на машина за шиење бидејќи го учеше да шие и да не ви кажувам коса ќе ви се крене.
    Да имав храброст да се спротивставам на време можеби немаше да биде вака скоро сум сигурна во тоа, ќути да не го навредиш него, ајде сепак мајка му е но, верувајте ништо не заслужуваат.Целиот живот ми е сменет, целиот однос со сопругот ми е сменет ја немаме веќе таа блискост што сме ја имале некогаш, веќе неможам ништо да му кажам. Накратко тој е сменет а и јас сум сменета. Веќе не чувствувам сигурност во него како порано, некако се е со резерва.Трпението ми при крајни граници и за последиците нема да одговарам макар и да се разделам барем ќе живеам нормален живот и детето ќе ми биде посреќно и посмирено. ЗАОТА МЛАДИ ДЕВОЈКИ ПО НИЕДНА ЦЕНА НЕ ПРИФАЌАЈТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ЗАЕДНИЦА ЌЕ ВИ СЕ РАСИПЕ ЖИВОТОТ МА КОЛКУ И ДА СЕ ДОБРИ ОД ДРУГАТА СТРАНА. СЛУШАЈТЕ ПАТАЛЕЦ Е НЕ ГАТАЛЕЦ. :(
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Жална е твојата ситуација... И знам како ти е, еве и јас почнав да ја осеќам оддалеченоста од сопругот поради проблемите со неговите, немањето интимност...
     
  12. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас да се умешам малце,целосно ве подржувам некогаш кога сакам за нешто да се налутам на маж ми одма тука се они за подршка и тебе кој те шиша сам си,да живееш сам и тој да ја нема таа подршка од нив ќе се игра друго оро,оти ќе се привикне на заеднички живот и заеднички правила,а така секој се меша ,и да блонд што рече се губи и интимноста заради нив,затоа што нон стоп си под стрес
     
    На Anyshka и blond им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Секаде е иста ситуација, не се нервирај и не се расправај. Само културно кажи си го твоето мислење. Нас во почетокот за се ни се мешаа, каде крштевка, колку гости, ајде сега роденден, па зошто во игротека, поевтино е дома..за празниците-Прочка, Велигден, Божиќ и др. знаеше да си даде право да ни го организира денот и др. ситници и глупости кои ме иритираа. :@
    Прво седнав и разговарав со маж ми дека ние сме тие кои си имаме мало посебно семејство кое не зависи од никого, сами се издржуваме, не бараме од никого, колку имаме толку, затоа НИЕ и само НИЕ донесуваме одлуки, никој нема право да ни се меша и да ни соли памет..му реков дека сега јас сум му жена, дека нема веќе мама-тато, ако јас можам да се одделам од моите духовно може и тој..Требаше време ама успеавме, повеќе ништо не наредува, ако има нешто да каже вика-деца да ви кажам нешто ама немој да се лутите, јас мислам дека...(и ќе си каже што мисли)
    Една постра пријателка ми рече-ако имаш нешто да го "набоцкаш" маж ти направи го тоа во кревет, нежно, милно, тивко и со гушкање.. :angel:
    Само сфатив дека треба да се биде храбар, да се чува сопственото достоинство, јасно да се каже сопственото мислење,понекогаш да се наведне главата и да се молчи, а понекогаш и да се покажат заби..само никогаш, никогаш да не се изгуби љубовта и интимноста заради старците..Сепак ние сме си најважни :)
     
    На missperfect и stilas7 им се допаѓа ова.
  14. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    Немој ич да ја ставаш на памет, се што имаш кажи и во очи, ич не се замарај, па ако те сака сопругот ќе биде на твоја страна, а ако е по мајкаму тогаш ништо, таков и ќе си остане.

    lolita 777 знам, ама колку пати сум направила така и со добро и со карање, како-така од страна пак ќе искочи по нејзино, се она сака да биде прва, сега ми кажува и кој ќе дојде на младенци, што ќе спремаме ми кажува. Ако толку сака нека си права сама, јас не можам веќе да се нервирам, плачам и да се карам со сопругот.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Прво ке си се насмеам малце....хахахах
    Мајката на дечко ми секогаш ми вика две жени во куќа не опстануваат, а две снаи па ич..
    Рано ми е за мажачка ама јас уште сега си имам зацртано, ако не живеам сама со мажот(па во некоја гаража)-не се мажам!!! Колку и да ме почитува, колку и да ја почитувам секогаш ке бидеме за нешто против.. така да со свекрва живеачка НЕ ФАЛА!! :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Вака, ако јас и маж ми плаќаме за некој настан-младенци, роденден и сл. тогаш ЈАС ќе кажам кој дојде, ако они плаќаат ама баш ми е гајле..ако сака и папата од Ватикан нека го викне...што сака нека прави, што сака нека спрема, дури намерно баш тој ден ќе излезам и ќе ја оставам сама да си спрема и да си сервира и ќе си дојдам како гостинка, и нема да служам, само ќе си седам со гостите и ако ме викне да и помогнам ќе и речам еве сега да го довршам муабетот и нема да отидам...намерно ќе ја игнорирам.
    Ако толку сакаш да биде по твое јасно кажи и да не ти се меша,кажи и дека сега тебе ти е редот да се докажеш и да ги организираш работите.. малку ќе и го повредиш егото ама ќе си легне на брашно...само полека и смирено..биди итрица (така ми вика пријателката спомната во претходниот пост)и терај си по твое..Да нагласам мора да имаш подршка од сопругот, мора тој да биде на твоја страна или да биде неутрален, ама никако на нејзина, значи ти преку маж ти треба да ја средиш, треба пракса..мене ми требаа две-три год., немој да мислиш дека не сум плачела и не сум се карала, ехе хе колку пати сме спиеле свртени со грб по цела недела..сега кога ќе се сетам си викам будала за што сум се нервирала..
    Поинтересно е кога на пр. ќе ни дојдат гости и свекрвица се прчка, се прави важна, а јас и маж ми со очите си правиме ишарет и си се смешкаме..па потоа обавезно следи коментар од маж ми и заплескување на лице место.. :lol:
    Не вреди нервоза, не за џабе се рекло-удри бригу на весеље..не се замарај...се на игнор :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Лангида многу добар совет ти даде лолита 777.Јас бев во иста ситуација како твојата па дури и за истиот празник.Постојано не прашуваа дали планираме да правиме младенци а јас и маж ми само велевме дека не планираме бидејки немавме пари.Тие двајцата сами си решиле (мислам на свекор ми и свекрва ми) да се прават маледнци.Епа добро тогаш штом сакат нека прават.Јас и маж ми се договоривме да не даваме ни денар,сами нека купуваат што треба.Цел ден си го шетав детето и си наогав нешто работа само за да не и помагав.Вечерта кога дојдоа гостите си седнав јас на маса, а тие двајцата местеа и пренесуваа.Да ти кажам ама ич не ми беше гајле.Штом сакаа да се прават младенци сами нека си организираат се.И ти така направи ама ич не и се замарај,најди си некоја работа и избегнувај ги сами нека купуваат и местат штом толку многу сакаат да наредуваат.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Бидејќи секогаш откако сум овде они одлучуваа во врска со младенци да се надоврзам дека фама голема се дигна и реков не сакам тоа да го правам, мене многу друго ми фали до тоа не ми е дојдено. Стариве се договориле без мене. Маж ми наравно прифатил, али се изборив до кра,ј не сакам и готово, да ми доаѓаат некои луѓе и само на нив да е добро, е не може свекрва ми она да се покаже со тие нејните селски навики реков не и крај, толку просто не сум видела и непедантно никаде на овој бел свет.....
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Изгледа во секое семејство свекрвите сакаат да доминираат и да бидат главни во се :lol:
    Сакам да кажам дека и мојата идна свекрва сака да се меша. Уште сега си планира се за свадбата, кого ќе покани, што ќе облече, ( некои викаат дека се радува па затоа се си планира и само зборува за тоа). И деверот го одредија. Некогаш кога ќе фати да ми објаснува за обичаите како треба, што треба јас да правам, што другите. Јас и велам дека има време, се ќе биде. И навистина има време, нема да правиме скоро свадба, а таа се возбудила како утре да е свадбата :lol:
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Кај и да е во скоро време чекам да се одделат моите свекор и свекрва-пак ќе бидеме во еден двор но не заедно. Чекам веќе една година да се реновира делот кај што тие треба да бидат, МАЛКУ се бавни, но ќе си почекам јас... :) На почеток многу се нервирав затоа што беше типична свекрва-јас сум овде главна за се а ти ќе си бидеш како гостинка, освен за домашните работи :) И нормално немаш право на глас...се додека не си ги покажав забите т.е. престанав да ја слушам, таа си збори јас по мое си терам, од едно уво влегува од друго излегува, не се карам не се расправам-едноставно не се замарам, не ја ставам ни под разно...на почеток не можеше да свати како можам да се однесувам така со неа па пробуваше да реагира кај сопругот. Фала Богу тој си е на моја страна...и на крај се откажа. Сега ретко разговараме онака на дистанца, НИКАКО не се меша во ниедна наша работа и добро знае каде и е местото. Ако продолжев да ќутам и да се правам фина досега ке бев на нервно, затоа што жива ќе ме изедеше :devil: Но најбитна од се е подршката на вашиот партнер ако е тој на нејзина страна би било многу тешко...
     
    На Anyshka, lolyta777 и Lady-PinkHeart им се допаѓа ова.