1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Конечно некој да свати што сакам да кажам
     
    На Lovely93 и artemidis им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Ама ако оди септември, првите месеци се најтешки, најмногу треба помош... секогаш ќе се најде причина зошто свекрвата да не оди на одмор. Ставете се малку и на нивно место, не ги ставајте на исто со 20/30 годишни, ни ние нема да бидеме вечно млади. Ни ние нема да можеме вечно да си дозволуваме одење на плажа. Која притисок, која ова, која она... Сака да си ги наполни батериите жената, си знае што ја чека. Башка и намерно ПРЕД термин заминала. E сеа предвреме можно е да се породиш, ама можно е и после терминот да се породиш.

    Што стана со темава, де на свекрвата не требало да и` се кажува фала што го чувала внучето, де не треба да оди на одмор, де ова, де она... не ме сфаќајте погрешно, само обидете се да се ставите на нивно место, они биле на вашето, вие на нивното допрва ќе дојдете. Ако ништо друго, барем вие со синчиња што сте, обидете се за момент да се замислите на нивно место.

    Можело да се разговара човечки и да се направи организација на нештата во тој период, тоа признавам дека е грешка и неодговорност и пропуст, но чудење зашто свекрвата ова лето си дозволила да оди на одмор наместо внучето кое се`уште не е ни родено да и` е центар на внимание ми е несфатливо.
     
    На jb82, imelda, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    И јас се пораѓав во Скопје а сум од валандовско.И золва ми се породи во скопје дур јас бев бремена па детето го остави кај сестра и да и го причува . Нашава свеки одеше на раб. Авбе нели сме снаии и ќе наоѓаме вина во свеки да се караме се сме ние прави. Па и таа жена си планирала сигурно. Не гледајте што зборуват гледајте што ќе прават. А зошто па не го земат поголемото со нив на одмор?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.246
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека претерувате со ослонување на свекрвите. Како прво разбирам сопругот да е до тебе кога ќе се пораѓаш или слично, секако тоа не е секогаш минута време, тоа може да биде и саат, два па и 12, ама нема потреба, а и нема да му дозволат, да биде цело време до тебе. Ако е таа баба и мајка ти е баба па може да дојде и да ти помогне во периодот кога ќе се пораѓаш, ако веќе имаш индиции дека порано ќе се пораѓаш нека го земе одморот ако работи во тој период. Мислам дека е побитно во тој период мајка ти да биде таму отколку свекрва ти, ете и мајка ми е на 200 км па кога се пораѓаше сестра ми мајка ми следниот ден беше тука. Детето е најубаво да си биде со татко му, така да и свекрва ти да е дома она ако тажи ќе тажи по тебе, а кој ќе утеши дете повеќе од родител, никој. Мислам да не си ја тупиш главата туку да си се изорганизираш сама, верувај во тој период кога ќе се привикнуваш со приновата ич нема да ти требаат учители околу тебе ;) Мој совет, ти како сакаш. Јас сметам дека кога со мм сум направила фамилија треба да знам и да се изорганизирам заедно со него околу тоа. Знам дека иритира да знаеш дека имаш дома човек од кој можеш да имаш помош а немаш, ама ќе се изрелаксираш, ќе се смириш и ќе си се снајдеш со она што ти останало, еден ден ни свекрва, ни свекор ни никој нема да има, а пак ќе треба да е снајдете ;)
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Ми го испревртевте цел пост..испаднав најлоша снаа на свет.А всушност никаде не ја навредив свекрвата ниту напишав жалопојки или уште помалце побарав од неа да остане до мене.Прв пат кога се порагјав знам колку пати се онесвестив колку маки видов после порагјај а знае и она.Неможев од кревет да станам примав крвна плазма и бла бла бла...затоа сум загрижена овој пат .Не сум мало дете ниту разгалена снаа и лани она беше на одмор па збор не реков се супер беше.7 god сум во брак фала богу знам и машина да пуштам и ручеци правам и се поред.Но тоа воопшто и не ми беше поентата.Што се однесува до мајками не реков дека нема да дојде на посета.Беше првиот пат ке биде и сега.А дека свекрвами ке долета од одмор штом ке слушне дека сум се породила верувајте дека нема.Имаше случка мн лоша кога исто беше на одмор и кога мажми низ солзи ја молеше тогаш да се врати-онА не дојде.јас и маж ми сме и те како независни,сметките дома ние ги подмируваме со години иако девер ми зема од две места плата,кола своја отплакјаме ние двајца кои сите ја возат а само ние ја полниме со гориво,детето во градинка си идеше до два после два јас си го чував.Значи не сме паразити ниту живееме на тугј грб.И никогаш не сум пререкла ни збор никому.Може затоа сега очекував некој и мене да ми се најде кога ке имам потреба ама испадна ко животот да и побарав
     
    На SV1911, Sky-butterfly и leona83 им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.246
    Пол:
    Женски
    Џој, ја потполно те разбирам, затоа и реков, иритира фактот да знаеш дека дома имаш чоек а ко да го немаш. Да не зборам да ширам да не излезе еве се правдам, сакав да ти кажам лично ти да си се смириш. А за свекрва ти, се разбира нејзино е да оди на одмор, ама така како што она тебе ти помага тебе и ти на неа ќе и помагаш кога ќе треба, што се сеќираш. Глеј ти детето и сопругот опраи ги, и ова што доаѓа на свет, па за другите малку битно. Свекорот и деверот, мислам дека редно време е да ги оставиш сами да се снајдат, како што впрочем и ти си оставена сама на себе. Познавам и овде и во животов икс млади брачни парови кои живеат заедно и кои се снашле сами за се, баба и дедо дошле на гости, да го видат бебето и толку. Јас тоа го сфаќам како услуга еден вид, ми даваат до знаење како сакаат јас да се понашам со нив. Ти ја сфаќам положбата, јас се преселив кај сестра ми за да и помогнам кога требаше да се породи со малата, тогаш живееа сами, јас дојдов како помош, но сестра ми имаше мака за која освен мајка ми никој не можеше да и помогне, значи ни јас, но јас и се најдов па за детето, а свекрва и буквално идеше на гости, да поседи малце, дури ни детето во раце не го зимаше. Верувај јасно ми е како бел ден, може не на моја кожа ама сум гледала во живо што се вика како изгледа тоа. Ко што ти кажал сопругот, ќе се снајдете, замоли ја мајка ти да земе одмор, ако работи, околу датумот за пораѓање, или ако може да натемпира да дојде во моментот кога ќе треба, иако се 200 км, разбирам јас затоа што знам што значи да се крене на толкав пат изненадно или додека сопругот се снајде ќе остане со детето. Се се средува и се останува за ум ;) Без нервози, овој месец ти е потребно да ја чуваш силата, ти не си лоша снаа, ти си само жена која за еден месец ја чека бебе и која веројатно и хормоните ја направиле уште толку почувствителна :*
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е лошото, не си и` рекла да не оди. Неорганизираност од сечија страна има тука. А и да има, не може се` да испланирате, Божја работа си е, кога ќе треба ќе се роди.

    Јас искрено многу повеќе ќе почитувам ако уште пред да одам ми се каже „Теси, дај да се организираме вака и вака.“ отколку ништо да не рече и можеби да се намурти и превртува со очи и после среде одмор „Ај враќај се.“ Не е во ред. Па она таа недела ја чекала цела година и финансиски и секако вложила за да се одмори малку и сега „ај враќај се“. Јас штом тргам на одмор, не смета никој дека сум залепена до телефонот. И да треба помош, не може да се викне некој комшија, што е поблиску или некој роднина тука во околина, мора ли, ама баш МОРА ли свекрвата да се откажува од одмор?

    Не сакам да мислиш дека сакам да кажам дека ти си лоша, туку голем проблем е што во вакви заедници не постои отвореност од старт, се преќутуваат работи што пречат и после од страна гледано, пак снашките се криви, без беља-бељи сто „па што и` стана, свекрва и` шо и` напраи?“
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.246
    Пол:
    Женски
    Иначе табиетот на свекрвата се покажува уште во фактот кај што иде на одмор без свекорот, сама на море, ко девојка бре. Извинете ама такви работи покажуваат на табиетот на луѓето. Сепак некои работи си имаат ред, некој претходен поредок, ко што би рекол Балашевич, нажалост живееме на Брдовитом Балкану ;)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    ^ Можно е. :lol: Таа ради маж и` не се откажуе од одмор, не па ради внуче и снашка. :rofl:

    Едноставно мора да се помири човек со фактот дека ... како што не сите жени ги ставаат децата на прво место, туку кариера, самите себе, ти реков ми рече, така има и баби на кои внучињата не им се најголемата радост у животот. Се`уште поголема радост им е да си се сончаат на некое бајно местенце. Не е тоа нешто злонамерно или не знам какво, едноставно такви се. И мене ми се чудни, затоа што сум немала такви во окружување, мислам сите баби кои ги знам внучињата више им стануваат цел на постоење, на деца толку не се радуваат. :rofl: Ама ете, сигурно ги има и такви, не сме сите исти.
     
  10. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Joy,а зошто детето не го однесете кај мајка ти (пред твојот термин) малку на поседок???
     
    На kokino, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако свекрвата е тука не чинела. Ако не е тука, пак не чинело. |(

    А, деверот, нека си тера свој живот, вие си имате маж, не сте мажени за деверот. И какви се тие муабети, на 24 годишен девер, ако не му дадеш да јаде, не ќе му текне ?
    Ма немој... Ти треба него и мајка да си му ?
    И, ај вистина не давајте му храна, по 2 дена сам ќе отвори фрижидер. А, кога скита надвор главата не заборава да си ја земе со себе ? Глупости.
    Само со сила да се комплицирало.. :x
     
    На jb82 и tessie им се допаѓа ова.
  12. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Како бре џабе пари би фалала?На одмор сама да оди на море има пари,а за едни мекици нема.
    Бог да чува,свашта.По ова ќе заклучиш за каква себична особа се работи.И после младите снаи биле размазани и се жалеле,овие стариве некогаш бетер се.Па и зошто се пожалила на форумов ќе ја напаѓаме.
    Како и да е,си знаеш и како таа така и ти.Гледај организирајте си се со сопругот и батали другите.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. saraaaa12

    saraaaa12 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    сум немала вакви проблеми бидејки сум мала за мажене ама сакам да ти помогна
    показиси ги малце забите развикај се веќе ако те подрзува твојот сопруг не и чути кажи и се што досега не и си рекла ќе видеш дека се ќе биде подруго
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    ^ Се извинувам пак шо ќе се умешам, ама ова е најлошата стратегија, најлесниот начин за снаата да се претстави како страшна и лоша што ти ја знам каква. По толку време непишување на темава, еве на оваа страна по трет пат пишувам, да ве предупредам сите идни и млади снаи.

    Од прв ден отворени карти за се` што пречи или forever hold your peace коа си решил више да ќутиш. Не зборам на памет, многу така се зезнале пошо мислат ако сега се искажат, некој ќе им го смета времето што го премолчеле. Никој не им го смета после такво нешто. Само нивните нерви и нивното здравје им го паметат премолченото.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Ако остане мајками на одмор ке ја разгледам и таа варијанта.Она раб во конфекција и таму неможеш да земеш одмор кога сакаш туку колективно земаат сите кога газдата ке одобри.И она и татко ми до три работат.Направив фама на темава неочекувано .Само да се надоврзам на постот на tessy на кратко.Велиш го планирала одморот цела год ..исто и дека ке се породам во август знаеше од пред 8 месеци значи не е изненадување тоа за неа.Дали морало да биде покрај мене?Не мора-но со оглед на тоа дека сме најблиско семејство сметав дека она ке ми се најде тие денови не комшивката.И ајде нека се јави некоја друга да се жали од свекрвата :) мене срам ме фати за прашината која ја кренав на темава
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.246
    Пол:
    Женски
    Длабок наклон Тесичке, нажалост на моја кожа имам искусено и тек ќе искусувам навелико, така да женчиња само отворено, само така работите ќе се средат. Јас сакам на сите да погодам, сакам на сите да им направам добро а на крај јас сум таа која е лоша. На страна од односи свекор, свекрва и ти, со сите треба така.
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Сакаш верувај сакаш не но таков е..постојано мамоооо испеглај ме,мамооо стави ми нешто ладно за пиенје и така натаму :)и маж ми беше таков ама се промени со тек на време..девер ми си остана бебенце
     
  18. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Joy1 нема зашто да се срамиш од твојот пост, баш напротив мислам дека на твојот проблем најцивилизирано се разменуваат мислења, за разлика од претходните, а како што читам богами и на целиот форум. Почитувам друго мислење и баш ме радува тоа што сите што си го кажаа мислењето и ги испочитуваа претходните без препукувања и без навреди (или јас го сфатив тоа така :tmi: ) За снаоѓање нормално дека ќе се снајдете, ќе си се наредат работите како што треба.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Ангелче, нажалост, речиси и да нема млада снаа која не ја утнала работата на тој начин на почеток. Дури и јас, среќа ја увидов опасноста од тоа мое угодување кога не е за угодување и премолчување кога не е за премолчување на време и сменив лента пред да ми дојде преку глава и да експлодирам. Почит, обавезно. Збор да нема, сепак ние сме жени кои ќе им родиме и воспитаме внуци, треба да се види дека од некого ќе земат пример. Ама не на сметка на отвореноста, во иста куќа живееме, не можеме цел живот да си угодуваме како да сме на гости. Од тој момент делиме добро, лошо, вакво, такво.
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    Joy,мислам дека не си фер и стварно не те разбирам,што сакаш да докажеш со тоа да се муртиш или лутиш доколку свекрвати оде на одмор.
    Како прво ти ниту си во термин и не можеш да очекуваш дека некој ќе се обврзи и цел свој живот и навики промени бидејќи уште едно бебе е на пат.
    Чим велиш дека сте независни со мажот ти за самостоен живот,тогаш не разбирам зошто имаш очекувања дека свекрва ти е таа која е должна да се врзе околу тебе и твите деца.
    Луѓе сватете дека секој си има свој живот со свои навики и секој сам си одлучува за истиот.
    Значи според тебе оваа година свекрва ти не смее да оде на одмор,бидејќи сега очекуваш да се породиш,па потоа следните месеци ќе ти треба помош,па и тогаш ќе се муртиш зошто баш сега?!
    За девер ти немој да му ја мислиш многу како се грижи мајка му за него,затоа што немаш право на тоа,таа му е мајка и како сака ќе го разгалува.
    Но да те прашам,дали ти би го откажала одморот со твојот маж и твоите деца,доколку на пример свекрва ти ја скрши раката? :wasntme:
    Само беспотребно ги комплицирате и отежнувате работите и на секоја постапка барате мана :x
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.