1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Ајде цитирај ме каде искажувам гнев и лутина за нејзиното заминување на одмор?
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    ^Па тогаш не ти ја разбирам поентата за да пишуваш во темата дека она ќе одела на одмор и тоа пред да се породиш?!
     
  3. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.126
    Нека ми извинат сите што постот ќе го сфатат лично, немам таква намера ама од искуство на форумов морав да напоменам. Сите што не сте бремени или немате деца убаво ја испукавте Џој. Дај Боже кога ќе бидете на нејзино место, скоро истото да ве снајде, па дојдете да ве бодриме и вас како можете сами.

    Џој, ќе помине и ова, ќе се снајдете сами иако ќе биде стресно и ќе ти остане во сеќавање. Колку и да планираш, во тој момент пак ќе има пропусти ама ако нема малата кој да ти ја причува, кога ќе доаѓа маж ти во Скопје да се израдува што му се родило второ дете, нека ја земе и нејзе. Малтретирањето по патот е големо ама и тоа е решение. Свекрвата треба да поживее, ништо не е раѓање на внуче. ;)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Па темата фала богу не е наменета само за врегање некој и на културен начин знае да се 'пожали' :)
     
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    ^До тоа ќе да е изгледа,дека немаме деца,па имаме либерално мислење дека свекрвите се луѓе,а не роботи и заслужуваат 10 дена на одмор :hai:

    Joy не ми одговори дали ти би го откажала одморот,доколку свекрва ти си недај боже се повреди нешто?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.833
    Јас ја разбрав жената дека само фино си сподели она што во моментов ја загрижува, во соодветна тема. Не разбрав дека е љута и фрустрирана, ниту ми делува неразумна ко жена или снаа.

    Сите ние сме се нашле во слична ситуација, не мора со свекрва, со некој друг близок, каде сме ги имале нашите очекувања, а тие не биле исполнети па сме биле разочарани и загрижени.
    Мислам дека управо тоа е тука, неисполнети очекувања, кои ете ко што спомна Теси најмногу се случуваат поради недостиг на комуникација. За жал, ние како балкански народ генерално имаме тој проблем, каде сите треба да погодуваме што мисли и чувствува некој друг и што му е во главата, не знам што сме толку проклети па не знаеме основен ред на комуникацијата (ова мојата фрустрација во однос на темата - недоволна комуникација со која за жал се уште се борам насекаде).

    Joy, не си ставај многу на срце, посебно ниту девер ниту свекор, ете можеби и тие имаат очекувања од тебе, ама за да не дојдеш во ситуација да тие очекуваат нешто што ти не можеш и не треба да им исполнуваш, едноставно КОМУНИЦИРАЈ! Кажи им дека во деновите кога нема да се чувствуваш добро, или ќе ти е потребен додатен одмор, или што било, да не чекат на тебе, едноставно да не се ослонуват на тебе, бидејќи можеби ќе ти биде тешко да постигнеш. Можеби ќе те гледат чудно, (бидејќи во нашата култура оваков начин на комуницирање е рамно на дрско однесување за жал) ама со смирен и љубезен тон искомуницирај и верувај ќе се поштедиш од мака и нервози понатаму.
    Со малата секако ќе се организираш, не се грижи, знам дека сакаш се да биде ок и ќе биде, опушти се и ќе видиш дека се ќе дојде на свое. Сега уживај во последните недели од бременоста, не можеш сите работи да ги држиш под контрола, се ќе се среди и без ти да се грижиш, кога ќе дојде денот Д ќе се најде кој ќе ја чува и малата и мажот ти ќе се организира и се ќе помине во ред.
    Имај лесен пороѓај :)
     
    На fairy90, Bridget, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Sta bi bilo kad bi bilo прашање!Ке одговорам тогаш кога ке се најдам во дадената ситуација ,но познавајки го сопругот и себеси искрено ти кажувам дека болна не би ја оставиле никогаш сама.Додека дедото од маж ми беше тешко болен верувај дека за тие 6 месеци не појдовме никаде.Не бев ни моите да ги видам.Човекот имаше рак и не се знаеше кога ке биде судниот ден.
    Тој почина во октомври а јас кај моите отидов дури декември чекав да се стиши дома па да шетам
     
  8. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.126
    Џој повлечи се од темава, сега на долго и широко ќе бидат совршени каде што никогаш не очекувале некој близок да биде покрај нив во таков момент.


    Патем, свекрва и можела и во јуни да иде на одмор, најбезболно и најнормално би било.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Кај реков-кај се запустив :tmi:

    Каква е таа промена на животот ако го одложи одморот за кој патем никој не и вели да не оди барем додека да дојде новото бебенце? Никој не рече дека се свекрвата е должна да ги чува децата или да биде роб за домот, ама луѓе бре женава не се пожали на тоа дека не дај Боже не може да роди без неа или не може да си ги чува децата, нема да јаде ако не и зготви свекрвата.... Ама стварно иритира фактот дека женава е себична и мисли само на нејзе во моментов и на никој друг. Нормално дека домашните ќе се снајдат и без неа, ќе јадат и ќе спијат и кога joy1 ќе биде во болница, ама фактот дека терминот за пораѓај го знаела многу порано пред да го испланира одморот не ја става баш во поволна позиција. Како што кажа tessie во комуникацијата е спасот, ама искрено не сум сигурна дека во ситуацијава нешто ќе промени.
     
    На tessie и joy1 им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    Nova токму тоа ме изненади најмногу ,тоа што излезе дека овде се фер и совесни снаи сите демек никој не се замара со свекрвите а темата 600 и кусур страни од поплаки .Испаднав freak снаа ;)
     
  11. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.126
    Само си човек и сосема очекувана е твојата реакција. Не прочитав никаде дека правиш гужви дома туку како секој нормален човек ти е криво што оној што ти е дома е крајно себичен.
    Јас исто и за мајка би се осетила, не само дека е свекрва. Значи никој не рече ништо дека жената ќе превземе, ќе се снајдат и ќе преживеат, многу нормално штом е способна едно толкаво дете да исчува, не е некоја 16 годишна да не знае да се справи во животот ама муабетот е дека ваквите работи оставаат грутка во душата.

    Простети ми вие либералните, ние сме обични жени што понекогаш некои работи не доболуваат.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    А што беше толкав проблем и кој џој ја нарече фрик, лоша или како и да било, со која и да било навреда? Од мравка слон да се праело. Јас не се сеќавам, не прочитав такво нешто. Се согласувам со артемидис дека ова беше една од најсмирените дискусии на темава, немаше навреди од ничија страна, напротив и повеќето од оние со спротивно мислење се потрудија и нејзе да ја разберат. Џој културно се изјасни, е сега имаше и луѓе кои не мислат како неа па ај сеа, леле катастрофа. Па форум е. И тие кои советуваат секако дека не се безгрешни, од грешките и научиле да советуваат.

    А за тие што викаат судите пред да станете мајки, јас им велам „вие судите пред да станете свекрви“. ;)
    Нема двајца луѓе на планетава со сосема исти искуства во животот. Тоа не значи дека никој никого не треба да советува, особено ако не се согласува со другиот.
     
    На imelda и baby-star им се допаѓа ова.
  13. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.126
    Не Теси, проблемот е што направивте дека секрвата во овој случај е заштитен вид зошто сакала да отиде на одмор. Никој не и брани, ете можела овој или претходниот месец. Направивте како жената да има преголеми очекувања само зошто осетила потреба да сподели што и тежи, па дури и набија грижа на совест зошто посакала такво нешто.

    Ти секогаш имаш нормален пристап, не се сите такви и не останатите се обидоа да бидат солидарни со нејзините хормони и разочарувањето. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Јас у животов сфатив дека едноставно си постојат луѓе кои ни деца, ни внуци ни ништо нема да ги спречат во тоа личниот ќеф да си го стаат на прво место. И ја им се нервирав, коси кубев, ама на крајот си реков „шо фајде, нервите нит некој ќе ми ги даде назад, ни ќе ми плати за нив“. Сега и ги почитувам... ама само еден аспект... искреност. Не се ни замараат поинаку да се прикажат. Знаеш на што си со нив.

    И нејзе можда ја фатило паника, ако не сега, откако ќе се породи, првите месеци најтешки се. Знам една познаничка баш и` викаше на сестра и` (таа ни мајка ни свекрва немаше) „Оди сега на одмор, дури и да се случи нешто можам да се организирам, после ќе ми требаш повеќе.“ Затоа и викам организиацијата тука била многу битна. Но, кога некој нејќе да се замара, тоа е. Ама им праи огромна услуга. Многу полесно утре задутре ќе станат на нозе во одредена ситуација од оној деверот што две кришки не може да намачка. :D
     
    На imelda и Nova им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Ајде сега, нема потреба од потсмевање кон нас либералните, совршените и што знам уште.
    Никој не ја навреди, само совети добива да искулира малку и да си ја мавне свекрвата од ум. Значи установивме дека може и сама со сопругот да се организираат во случај таа да не е тука, ама зошто па да не е тука, зошто баш сега на одмор? Ете така, сега може, сега сака, ко да нас некој ни се меша во пресметки. Може одморот и значи многу повеќе отколку што ние мислиме. Пак ќе е тука за внучето, ако се во иста куќа цел живот ќе го гледа, ќе помага, не отишла за навек. Дај им на другите воздух да дишат, за да тие ти дадат тебе. Немој толку да се врзуваш, полесно ќе е за тебе. Не мислиме дека си лоша снаа, само се замараш за работи што не треба.
     
    На galapce, imelda, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Нема ништо либерално во мислењето дека свекрвата, не само на Џој, туку било која свекрва има апсолутно право да си го планира својот живот. Основно право е, не либерално некое. Ја мисли некој како и е додека работи? Ама, чекај, ќе отишла да се одмара кога на некој друг не му одговара. И од каде па знаете вие кога можел газдата да и даде одмор? Ете, пак, мислела не е во терминот за пораѓај, ама не чини и така. Затоа и се пошаливме некои, па кога ќе чини? А другата баба на 200км па не е во Австралија мајка му стара, ама таа не е свекрва и нејзините обврски/одмор не се туку така лесно калкулирани или зависат од друг некој, па...
    Инаку при тројца мажи дома ако не можат да се снајдат да почуваат мало дете додека другата му баба дојде, па што да рече човек за нив. Уште мама им трла грб кога се бањаат? |(

    Арно рече една феминка, војска само, војска :!:
     
    На MacenceEna, mimiiiii, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  17. kokino

    kokino Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    istoto i go kazav i jas ili kaj sestra ako imas
     
  18. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Хехехе, добро прашање, ама изгледа и мајкаи е на одмор. Ама нели тоа е своја крв, и не се напага а се удира секогаш по свекрвата. За одморот се шалев, но се поставува прашањето зошто мајкаи не го причува детето?
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.417
    Пол:
    Женски
    А каде виде дека свекрва ми работи?не е вработена со години.или мислиш дома се растура седејки над шпорет и со крпата во рака?зошто осудувате веднаш без да прашате како стои ситуацијата од таа страна?Далдисавте веке со тоа како сум и забранила да оди на одмор ...возрасна е ке одлучи нормално сама дали треба или не треба да оди.и не ја бранам мајками зошто ми е мајка туку затоа што рмба по 12 саати на машина кај приватњак и да сака неможе одмор да земе кога ке и кејфне на душа.и незнам ни зошто се правдам толку ...заклучивме сите сте свекрвини бранителки темава не би ни требало да постои ...толку мн напагање од жена на жена не постои во ниедна др тема
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    пролистај две-три страни наназад,убаво е објаснето :)