1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Без разлика какви обрски има свекрвата Џои. И дали работи или не. Затоа и реков не за само твојата, туку за секоја дека си има право да си го организира својот живот. Тоа е. Па кога се јавија феминки па тогаш да оди, па тој месец можела па овој, нит ја знаат, нит тебе те знаат, на друг човек планерот му го поплнија како лични секретарки. Не е битно и не треба да се нејзините одлуки правдаат. Без разлика велам. Никој не знае зошто тогаш сака/може па да и го организира животот и времето. Ти си најупатена од сите тука за ситуацијата, зошто, кога, како, каде...ама едниствен дел од приказната е што тебе те има разочарано што е баш сега решила да оди кога тебе ти треба. А да и кажеш како се чувствуваш?

    Тоа е целата поента. Не е напаѓање. Не е бранење.
     
    На tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    А само доколку работи свекрвата заслужува одмор?
    И не сме овде бранители на свекрвите,туку ти рековме да не се потресуваш многу ако таа е на одмор,а ти на пороѓај.
    Секој има право на личен избор,без разлика дали станува збор за мајка или свекрва и тоа право никој никому не може да му го скрати.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Навистина некогаш луѓево како да имаат нескротлива потреба да ги извртуваат работите. Од најнормална секојдевна ситуација за која и тие би се осетиле лошо на твое место, пробаа да паметуваат како биле жените зависни од свекрвата. Абе ајде, тогаш зашто не живееме сите сами, зашто да имаме и маж и деца, зашто да зависиме од некого и да му угодуваме на некого?? Ајде ќе бидеме вукови самотњаци, ние ќе растураме и ние ќе средуваме по дома и ние ќе бидеме успешните самостални жени. Па жената ќе стане баба по втор пат бе ало, мала среќа ли е тоа? Живеат заедно, ако во вакви ситуации не се едни покрај други не знам во какви треба да бидат. И госпоѓата нејќела да троши пари за мекици, немам коментар. Секој ден нејзе ѝ се раѓаат внучиња. Е тоа е себично однесување, таа жена не заслужила почит од домашните, а не да напаѓате збунета бремена жена. Таа е човек за разлика од свекрва ѝ и затоа чувствува потреба да се грижи за свекорот и деверот додека таа не е тука, се согласувам секој да има свои обврски, ама женска рака е женска рака, факт е. Значи само кога ќе ја замислувам ситуацијава во глава, пробувам и не можам да сфатам. Па уште сама на одмор ќе оди? Па маж ѝ барем има право да ѝ каже дека е себично нејзиното однесување. Викате бабите и дедовците не биле должни да се грижат за внучињата постојано. Се согласувам со ова, и тие треба да имаат свој живот, ама ова е друг момент. Млади луѓе се со мало дете и наскоро и новороденче, мажот постојано оди на работа, зар не е најчовечки во овие моменти да им помогнат токму луѓето со кои живеат? И тоа се работи за нејзина крв. И да, има пари за одмор а нема за мекици? Луда жено, тоа е еднаш во живот, после оди на одмор секоја година ако сакаш, дури и два пати годишно. Сте се фатиле за тоа како снаите им живееле дома уште барале помош. Па добро, божем не знаете дека е тешко да купиш стан, дури и невоможно за повеќето, па и старите не можат да сфатат бегање на младите ако се има услови. Зашто да се комплицираат работите? И зашто да не им се помогне на младите кога им е потребно? Комшии мои живеат сами, на сите кога им се роди бебе им ги гледав родителите секој ден во влез, а оваа живее со нив па не требало да помогне. Да сме не знам која држава и да имаме сите јаки услови за одвојување да критикувате исклучоци, ама при цела Македонија што живее така, не можам да сфатам. Цитирајте ме колку сакате, јас си го кажав своето мислење. Слепи размислувања не можам да сфатам. Во ред е да имаш свој став, ама биди објективен и спрема реалната ситуација што владее и види што е пореално. Секој може сака да се одвои, ама секој не може. Ова е веќе оф топик, ама не го наметнав јас.
    Значи, таа за снаоѓање ќе се снајде. Ама нечовечкото однесување на свекрвата е очигледно. Што кажа феминка погоре, комшика да замолиш ќе ти излезе во пресрет за ваква несекојдневна ситуација. А да не збориме што треба самата да има осет и мерак да ѝ биде.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Abe strav me faka da prodiskutiram na temava :x da ne me raspnat na krst ko Joy :lol: Oladete malce! Zenickata sakase samo da si ja olesni dusickata tuka na forumot,a za vozvrat dobi lavina kritiki!
     
    На fairy90, joy1 и Lovely93 им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    [​IMG]
     
    На tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.026
    Лајви, што е толку нечовечко во ситуацијава? Ја тепа, не и дава да јаде, ја тера бремена килими да дига? Џој треба да се породи дури при крај на август, жената сто пати ќе се врати до тогаш. И срамота е толку да се плука по свекрвата а во ред е да ги штедиме свекорот, деверот и сопругот? Или тие се машки па е оправдано да не помогнат со помалото дете и што чекаат трудна жена да ги храни и да чисти по нив?
     
    На tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    За срамота сама на одмор :o
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Па да, само таа како да има потреба од одмор баш во овој момент, малце е себично да ти кажам. И Џој кажа дека во август таа ќе оди на одмор, близу нејзиниот термин. И не се правдам за мојот пост, си кажав се што имам, напаѓајте колку сакате ако ви е мило, ама не може сите исто да размислуваме, мене не ми се расправа и правда само зашто не размислувам како вас, тоа е тоа. :hai:
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Убаво пиша Имелда.А да и кажеш како се чувствуваш?

    Но не.Ние поправо на комшивката ќе и кажаме отколку на домашните.

    Може жената сака да биде замолена на фин и културен начин и во овој случај тоа треба да го стори синот а не само снаата.
    Толку е едноставно.
    Мамо можеш ли да го одложиш одморот?
    Ни требаш дома?
    Знаете веќе......но за жал ние сме нација која дури и домашните проблеми ѓи решава речиси секогаш на потешкиот начин.Дури кога ќе избие конфликт.
     
    На poenta, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    WOT???
    Куп парови одат на викенди со пријателите, другарките, САМИ! АКо е свекрва, никој не и забранува да си отиде на одмор со пријателка. Сигурно нема бремена да се врати :)
    Многу ми е жал што има толку конзервативни сфаќања.
    Ужасно е што мајките очекуваат свекрвите да им помагаат, а сами со сопругот не можат ништо. Претпоставувам не е далеку отидена, за 5-6 саати ке се врати ако треба. Ужасно е што возрасен маж што склепал 2 деца треба уште жена му да му готви. Е тука е крива свекрвата што не успеала да изгради самостоен чевек, туку зависен од жена му.
    А за перење, ке се снајдат. Колку е тешко еден маж да ја однесе жената на порагај и во мегувреме да го чува првото дете, а потоа да се јави и да порача мекици кои ке ги земе? Ама нели, свекрвата мора да е тука 2 месеци порано, да го мисли рецептот.
    Јакс.

    Бејби, знам дека има иронија во твојот цитат, ама ми дојде прикладно во моментот да ти цитирам :) Те сфаќам комплетно :)
     
    На imelda, tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    Сама на одмор ми е напишано во позитивен контекст,бидејќи многу се притресија за тоа. Инаку јас немам проблем со тоа свекрвата да оди на одмор,дали сама или со друштво. ;)
     
    На tessie и Cka им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Точно е дека во бракот двајца стануваат едно. На некој начин, не ко сијамски близнаци. За да функционира успешно една заедница мора да се има и личен/индивидуален покрај живот во колективитет. Мора секој да си развие своја индивидуалност и самостојност. После дали ќе му ја мислиме дали умее да си намачка кремче на лепчето дури иаме ние обврски... :D
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    3.620
    од овие свекрви више :tmi: знаете ли што ми се случи, јас додека се борев за бебе правев операции и се мачев она една вечер во двор со комшии околу што ми рече..имаме маче едно и се омачи пред некое време и сега брзо пак се омачи и јас си викам леле мачево кога се омачи прв пат кога сега пак ептен брзо и она ни две ни три таква окезена целата со иронијае од мачево неможеш ти на ред да дојдеш трудна да останеш :o срека мм беше со мене па кога и свика еднаш што тресе глупости, и ја замразив од тогаш нејкам да ја видам, сега сум трудна ама не и кажавме кога ке почне стомакот да ми се познава тогаш ке види.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Joy потполно те разбирам. Оние кои цело време ги бранат свекрвите или не се омажени или живеат во некакви Европски услови. Никој не им брани на свекрвите да одат на одмор или да си го живеат животот ама сепак ова е Балканот. Јас кога се породив на првото дете свекрва ми не ми се ни јави на телефон а не па да ме посети. Не дека мораше ама сепак живееме врата до врата. Ај си реков било поминало ама сега пред четири месеци се породив на второто дете а на мм му дозволија само еден слободен ден. Останатите 4 дена поголемото детето го чуваа мајка ми и татко ми. Свекрва ми не ни прашала за него или пак за мене. Се однесува како да не се познаваме. Кога си отидов дома останав сосема сама и едвај го кревав бебушот од креветче (се породив со царски рез и едваај се опоравив после вториот пораѓај), а таа си оди од кафе на кафе кај комшивките. Ете помина и тоа. Дури и ручек спремав така подвиткана Не дека мораше да доаѓа ама сепак на странец ќе му помогнеш а не па на некој кој ти родил внук. Заради тоа што мм работи по 12 сати немаше кој да ми оди на продавница, па гледав навечер да го пуштам да купи се што ми е потребно. Бебушот имаше 2 недели кога снема вода повеќе од 6 саати. И сега ја чекам да дојде да ја замолам да оди да купи вода и она ми вика „Да го направам ручекот и да ручаме и ќе одам“. Јас и викам немам вода вештачко да направам, таа пак „Аха да ручаме и ќе одам“. Почекав половина час, си го завиткав бебушот во две ќебиња и си отидов сама. Не дека требаше да оди и да купи ама тоа е човечност. Било која од вас да живее во моја близина би тргнала бидејќи станува збор за бебе од 2 недели. И што е најтрагично пред два месеци ја примија на болница заради дехидрираност заради стомачен вирус и уште ми вика „Ти па не дојде ни сокче да ми донесиш“. Си се изнасмеав на глас. Ќе :@ од мака ама тоа е тоа морав да се насмеам за да и кажам дека кој што си послолил тоа ќе си срка.
     
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ве читам сите и едно знам јас би се радувала во ваква ситуација.дури ако може ич нека не се враќа.од моево свекрвиште ништо не сакам.дава/плаќа иако веќе откако си најдов раб.можам се и сама да придонесувам сега поскромно но мој допринос е.така да јој душо уживај бре не ти треба да зависиш од таму си некоја бре организирај си се да ти помогнат блиски луѓе а не никакво ми ти свекрвиште нека ти се тргне од пред очи.јас бога молам и мојава да беше полиберте ко твојава да отиде сама на одмор а не со мене,маж ми и маж и да сака.фала богу што сум тазе вработена и не ми следи одмор со неа на плажа не можам да замислам.наместо одмор замор.инаку секое утро додека си полнам гезве со вода на лабаво неможе да не се воздржи од зад грб да ми дојде да измие раце бре што може и во вц да направи и да ме опколи ама нели мора да докаже/покаже кој е газда у куќата особено у кујната па ти снашке рибај/утепуј се од чистење у кујна има кој да владее у кујна и да ја гнаси до бескрај. :@ одвратна жена е во погледана домашна хигиена така да ако треба да се пораѓам иќ не би се бунела да е она на па и подолг одмор.колку ми е подалеку од очи помила мислам би ми била на душа(повеќе би ја трпела вака ми е :@ )
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Тие Европски услови кога се работи за деца гледање се многу потешки. Вас ако свекрвата не сака да ви помогне го имате свекорот. Ако не сака ни тој, имате браќа, сестри околу. Родителите ви се близу, па и 100 или 200 километри да се оддалечени не е многу. Тука немаме никој, освен градинка, која малку ако е болно ти ѕвони да го земеш, и не ги интересира дали си на работа, дали ќе те пуштат и сл. Нема каде да го оставиш ни на половина час не па на повеќе. Ако најдеш некој да го причува за пари, треба да договориш термин однапред, кога каде, дали се слободни. Ти излезе ли нешто изненадно, со тебе ќе си го носиш, каде и да одиш. По болници навечер со нас идело. И додека едниот е на преглед другиот пред врата со успано дете во раце чека.
    Фала Богу, не се случува тоа постојано, но кога треба ќе правиш тоа што можеш.
    Не сака свекрвата близина, не ти помага? Добро, имате многу други луѓе околу себе иако верувам можете и сами, плус слобода имате во иднина да не чувствувате ама никаква обврска кон неа или барем минимална. Каква е таква е, за себе си е. Подобро таква отколку некоја која ќе ти се закачи на врат и ќе се чувствуваш како во некоја посесивна тинејџерска љубовна врска да си. Знам дека барате средина, да е тука кога ќе ви затреба, а да не ве гуши со нејзини проблеми и барања постојано, ама не мислете дека премногу барате?
     
    На green.eyes, SuperGirl24, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас пак овој дел ќе го цитирам :wasntme:
    Зошто го разбирам ова е Балканот, како, се знае што се очекува од свекрвата. Има да се прилагоди на дојдената снаа, да ја поштува како ќерка но и да застане настрана во своја куќа откако и пречекори снаата преку праг зошто сега таа е домаќинка која подобро и чисти и готви, да ги стави плановите на младите пред своите, има да се радува на внуците безусловно и едвај да чека да и ги остават на чување во секој момент, да не го гледа тоа како обврска или дека врши некому услуга, и да не очекува благодарност зошто сепак нејзин мерак е правен тука.
    Какво кафе по комшии, какви излети, какви одмори? :fubar: Што ако и притреба нешто на снаата? :^)

    И да ви кажам, во право сте! :!: Во право сте. Тотално сте во право. Не може свекрвата по еден ред да се води по балкански услови со што ги гнезди младите кај неа дома, со самото тоа се очекува да течат работите по оној патерн погоре, оти па и кај другите е така, а од друга страна да се дели од правилото и се однесува по европски услови кога и текне на неа да се стави на прво место, да не ги третира младите како несдорастени деца и да ги остави да си ја водат својата одговорност. Збунувачко е, како не е.
    [​IMG]
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Балкан е срце бидејќи јас морам да одам на работа за 8000мкд и тоа по две недели поручек кога градинките не работаат. Жена да плаќам за чување деца не можам, не сум во можност. ММ иако работи по цел ден не зема Бог знае колкава плата. Детето нон стоп ми го чуваат моите. Свекрва ми одбива а ако го почува тоа е онака колку рари реда. Ете демек го чував. Колку што знам во странство и со една плата на мажот убаво се живее. Не сум се вдомила кај никого бидејќи мајка ми и татко ми зеле кредит 10000евра, се задолжија до гуша за гаражата на свекрва ми да ја претворат во куќа каде ќе живееме јас и мм. И не сакам да не ме замара а јас да ја замарам. Или двете се почитуваме или не. Се обидувам да одржам дистанца ама тоа оди во нејзина корист а не во моја. Веќе пишав погоре: Купи леб кога ќе идаш од работа, Изгледа ќе врне а не сум дома па оди собери ги алиштата од жицата и еден куп такви случаи. Си ја зема колата која јас ја плаќам без да праша, зема пари на заем од мм без да ги врати и сл.
    И покрај тоа што имам и мајка и свекрва јас сум сама со петгодишно дете и пет месечно бебе. Имав работа во општина па отидов со двете, сметки плаќам со двете, компири и моркови сецкам од вечер за наредниот ден да направам ручек, чистам со бебето в раце, со двете бев вчера на именден, на вакцини одам со двајцата.
    Не велам јас да не го живее животот свој или да не пие кафе кај комшиите или да не оди на одмор. Точно е родила три деца и ги изгледала заедно со свекрва и. Не сакам и моите да и висат на врат. Зборувам за меѓучовечки односи. И да можда таква си е жената и сега што да и правиме? И јас си сум таква да ми иде да ја избркам од дома и да и забранам да ги гледа децата. И куќата и децата се мои, тоа е мое право, ама јас имам почит спрема неа пред се бидејќи е постара и е ипак мајка на мојот сопруг. А каде и е почитта спрема жената која и родила внучиња?????????????
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    37.482
    Пол:
    Женски
    Bridget кажала веќе се што сакав и јас да кажам :D
    :D :D
    Ве исчитав сите , некоја се жали немала помош иако се во иста куќа , друга чека бебе а свекрвица заминала на одмор....
    Епа драги мои секој се наоѓа во некоја за себе тешка ситуиација .
    И јас имам две годишно дете и бебе од три месеци , кога требаше да се породам не дојде свекрвами да чува дете него фино лепо си дојде мајками од МК. Зема одмор од месец дена и дојде да помогне. А ќе речеш имам и овде свекрва *мајка на мажми*
    Јас ни со првото ни со второто не очекував/очекувам помош или било што .И мене не ми беше лесно , пораѓајот не испадна по планирано , ме породија царски на моја жалост . За 4 дена ме испуштија од болница ... уште од доаѓање дома ме чекаа куп обврски . Немав време да одморам , да си дојдам при себе. Мајакми набрзо и си замина останав сама буквално да се снаоѓам како знам и умеам.
    Мм на работа од 8 до 17ч плус. Тоес излегува дома 7 ипол доаѓа 17-30 18ч дома .
    Европа и европско работно време :D
    Не е лесно со две мали деца , некогаш ми доаѓа усвета да фатам :lol: бебе вришти , големово си бара внимание ... јас раскрстена на сите страни .
    Почнав со полагање за возачка кога бев 3ти месец бремена , возев ..учев и еве после скоро година дена јас уште не сум завршила ... Кога да седнам да учам , кој да ги чува децата кога треба да возам . :^)
    Кој да го кривам сега, да ја ставам свеки на крст што не доаѓа да ги почува децата на пола саат/саат
    А немам никој друг близок на кој да ги доверам децата ,ете тие ми се овде најблиски . И не зборам да дојдат да ги чуваат додека јас одам да средувам нокти и да се фризирам него да положам кола .... нешто што е неизбежно за странство .
    Сепак вие сте во предност , некои од вас ги оставаат децата на свекрвите на чување , јас го немам тој лускуз ..моево оди во градинка , градинката не е и толки ефтина 200 евра месечно ја кеширам .
    Ама детево сака да оди , гледам е среќна, исполнета, си има другарчиња , сака да се дружи ... додека јас дома сум со малово .

    Секој со својата приказна :D
     
    На Bridget и duffi им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Не зборев од финансиски аспект ама ако веќе сакаш, и јас не можам да си дозволам тука жена да доаѓа кога ќе ми текне, туку само ептен во зорт затоа што тука ако градинките се скапи изгор, жените се уште повеќе, па затоа секаде се влечкаме.
    Дали сакаш да кажеш дека не само што треба да ги чуваат додека си на работа, туку и додека сецкаш компир, морков, да можеш на раат до општина да отидеш, сметки да платиш, до продавница, на мира да чистиш, сами по имиња и родендени да одите. И јас сакам, ама нема. Премногу примери имате околу себе на баби кои се 24 часовна беби служба па ве фрустрира фактот што вашата не е таква. Ко да е правило сите баби исти да се.
    Ќе пораснат кај и да е па ќе се ослободиш малку, неколку години се само во прашање, не е страшно, нема вечно така да си ни ти ни јас ни било која друга.

    Велиш твоите кредит зеле за да ја оспособат гаражата, а таа гаража сама од себе никна? Да купиш плац и да изградиш гаража отприлика толку ќе те кошта. И за тебе ако е Македонија и за неа е Македонија. Ако ти земаш 8000 и таа можеби земала 8000. Ако вие и двајцата работите па едвај стигаат пари зошто си очекувала од неа куќа да ти направи или гаража да ти реновира со тие плати?
    А ако е за меѓучовечки односи пак не е проблем, кој како се однесува кон тебе така и ти кон него, не и ја давај колата, не и прави услуги ако мислиш дека не заслужува.
     
    На baby-star и Glasna им се допаѓа ова.