мојата свекрва од ден на ден ги преминува сите граници и незнам до кога ќе издржам вака. Само како од инает да ми иде, досега неколку пати ми го зема синми буквално од гради кога го дојам ама сега веќе ќе и се обратам дека не е нацицан и ќе си ја свитка опашката, па како не и е грев тоа невино суштество да го прекинува на сред јадење и со кој памет го прави тоа јас незнам. Бидејќи несакам да го учам во раце го оставам во релаксатор си претка јас си работам она ќе се качи на 5мин и ќе го земе во раце и кога ќе се расплаче го остава и си се симнува доле и буквално го остава на цел глас да вришти а она си бега, ако толку сака да си игра нека си игра така а не да го зема во раце и да го расплакува и потоа да си оди и јас морам да ја оставам работата за да го смирувам, сношти си дојде од работа а јас легната на спална и го дојам синми кој веќе речиси беше заспал она се качи виде дека спие и го откри и го штипна за ножето и синми почна да плаче се исплаши и потоа едвај сум го смирила и сум го успивала уште 1саат, денеска истата приказна го избањав го надоив и го оставив да спие и земав да правам појадок она се качи и го гледа дека спие и се раздрала на цел глас пази снао да не те исплашам и синми се разбуди па потоа се правда демек ги ставал рачињата во уста и затоа станал. Навистина незнам веќе како да постапам се тргнав на дистанца, ни лошо ни арно со неа туку една почит како мајка која го родила и исчувала мојот маж ама она од ден на ден ги преминува сите граници, кај и да одиме јас и мм она мора прва да е и она да оди до нас, некна кога ми поминаа деновите се спремавме да одиме кај моите родители на гости и она сама си се стокмила и си дојде со нас а никој ниту ја покани ни дај боже, па уште на мажми му солела памет зошто ќе сум останела неколку дена кај моите на гости да ми се јавел и да сум си дошла ќе ми иделе гости на повојница, она ќе се секира за моите гости ко демек, туку неа ја копкаше тоа што ќе седам неколку дена а не дека гости ќе иделе, како и да е јас ниту сум и згрешила а незнам до кога ќе издржам да не и згрешам ако продолжи вака а на неа сите гревови што ги направила кон мене и кога бев трудна и сега со синми господ нека гледа па нека и враќа
Да си ја кажам мојата нова МАКА ако не барем ќе ми олесни. Прифаќам и совети и критики од вас. 3 години сум во брак со мм , но откако сум дојдена во куќава како да има некоја тања меѓу нив што јас до неа и не смеам да стигнам. Штом легнам да спијам слушам шепотење , станувам глас нема од нив . Го прашувам мм што шепотат ми вели збориме тивко за работа да не те разбудиме. Јас горе тие доле.Пред 1 месец подигнавме кредит за да купиме свое возило. Ние подигнавме 4800 евра а возилото излезе 7000евра. Од каде тие 2200? До пред два дена се жалеа немаа пари за јадење, за пиење. Пошто не сум на работа т.с сум невработена немам никаква поврзаност со финансиите во домот.(зошто така свеки вели така требало да биде а мм како мама вели така ние правиме). Прашувам од каде тие пари за доплата ми вели мм „На адвокатот и на нотар не платив„ ??? Како документи зимаш без да платиш?Откако сум дојдена мн работи ми се нејасни. Имаат пред неколку години земено пари 180000 евра Спојлер како оштета за загубен член во сообракајка ама тоа мене не ми се кажува се одбива дека се земени. А јас барајки документ во штедна книшка 2 год по смрта гледам земени пари . Во муабет се напраив демек некој ми кажали тогаш ми велат „ Ние не сме зеле туку убиецот зеде од државата 180000 евра„ Спојлер демек парите што тие ги зеле ги зел тој . Штом се земени парите се купувало се скапи работи кој денес ги кажуваат но велат со кредити.Мене ми е криво што тоа од мене го кријат како да сум туѓинка во куќа. Гледајки очи слепа ме прават. Незнам како да постапам се осеќам како жена и снаа на број. За во куќа знам што се случува само кога нешто е неопходно. Претходно ви пишав дел од маките, и дека нешто се среди ама ете пак исто почна.
Те разбирам што ти е проблемот ама со ова не се согласувам во целост. Не знам на која Европска држава мислиш ама еве јас кај што сум можиш да сонуваш да пратиш дете во градинка. Цела плата не им стигнува за градинка и за да можат да си дозволат платата треба да им е најмалку 2000 фунти па за да им се исплати. А до ваква плата е не баш толку лесно ниту секој ја има. Имав пријателка што мораше да си го прати детето во нејзината матична земја иако и двајцата беа вработени. Знам како се платите во Македонија но со поголеми плати тука и стандардот е поголем.
Мојата свеки е пак спротивно од реалноста на животот. Се сака да е како што таа мисли дека е најубаво.Па дури и да раководи со нашиот син. Како да таа го родила па ние незнаеме ништо а она знае се. Која е таа баба и дедо што при здрав разум на бебе би му удрило шамар и пола саат да му се знаат прсти на лице?Кои се тие баба и дедо што на бебе би удирале во тил на главата? Зошто? Затоа што се расплакало.Па бебе е бре коа ке знае шо сака нема да плаче.Сакам да кажам дека има и полоши свеки и свекори од некој што проблем го стават некоја ситница.
ааа свеки моја само бц бц на мажот,сеа се буни што не и го давам син ми,па нема да го давам,не е баба додека го држи да се чуди што ке направи фатмаџул уште додека имаше 2 месеци,да не го држи убаво,не е баба само да е контра мене,да се заканува дека ке ме брка,а да чека детето да и го дадам ко да тоа е без мајка и татко. Ми пука филмот веке,и маж ми го разболе,а она се прави демек болна,само устата не и е боллна за збрење.
Епа и мојава се лути коа не и го давам и со оправдани причини не и го давам. Ти на толку мало дете да маваш во глава т.с тил или да удираш шамари детето од болка и страв да рипа и се тресе ааа мало морген. Како шо велиш фатмагул или друг филм да епобитен од внук или сон. Да заспиеш а детето да падне од кревет охооо мало морген шо ке го остаам да о гледа нека ми ломи нека растура ама на неа не и го давам па нека пукни. Оти бе моите знаат се да остаат и да му посветат внимание, оти тие не маваат по тил или шамари. Не дека се мои ама реалноста е таква.
и мојте знаат како со мало дете,ама некој треба да јаде и серии да гледа,и да оговара која родила која се оставила,а не си ја гледаат својата фамилија.
Е за жал така си е. Вчера ја кажува свеки некоја снаа како се понашала по дома и дека не било убаво. Арно ама и свекрва и била лоша и ми вели „Абе сеа коа се млади свеки душа им вадат на снааите а коа ке остарат газ ке им бацат„.И велам арно си знајш. Абе ... Тешко е да си оделен од цел свет ама таа е
Да му удри шамар????? Само на слика би и дозволила да го гледа. Мојата е мирна жена ( не живееме заедно) и кога беше на гости а синко мој вистина претера и она му викна само, и одма ме заболе, и реков дека не смее да му вика оти ретко се гледаат и нека го истрпи малку. И син ми одма и рече да си оди сметам дека воспитувањето треба да е од родителите, они веќе еднаш се докажале како родители.
аро била свекрва и да ги воспита нејзините оти мојава свеки се на пат со сопругот и била. Па сеа моево ке го тепат еееј дете од неполан годинка е тоа.
Стварно не сфакам зашто се вакви свекрвиве абе една немам чуено да каже си живеам со свекрвата јас не и правам муабет само од култура и прозборувам откако ми кажа дека од мачката неможам на ред да дојдам јас да останам бремена тоа ме здоболе до душа и ја мразам баш ја мразам од тогаш. Сега нека пукне ама не и кажувам дека сум бремена. Пред некој ден брзав за работа и стварно не ја видов, иначе и прозборувам колку од култура , и му зборела на мажми, дека ке сум ја згазела а здраво не сум и кажала и кој знае уште што па мажми цел ден лут ми беше А, идеме од негде не чуе дека доагаме само го вика него да иде кај неа доле како љубоморна да е Порано глава ме болеше од нејзните прашања, кај сме биле, кај ке одиме, што сме купувале, срека сега не прашува толку. А и раат ми е душава бе, порано а ме чуеше дека сум станата ке ми се домкнеше на прсти одев да не ме чуе, си влагаше ако е отворена вратата и ме гњавеше со глупости, сега не ми доага и раат сум. Ама ете ми е страв мажми да не му ја пуно главата со глупости. Он па ми вика стара жена е , не мислела ништо лошо со тоа, сакала да се пошегува да се пошегува со тоа? со најболното нешто? жив човек да споредува со мачка? море од мака би ја истепала
Му викнала малку и тебе те здоболело тоа? Навистина ја претерувате. И што ако му звикала? Не го претепала. И самата кажуваш дека син ти претерал. Така им давате на децата слобода да никој, ништо не може да им рече зашто мама одма интервенира, па "утре" ништо живо нема да почитуваат. Всушност по смајлињава што си ги ставила гледам дека се гордееш со тоа што син ти и' рекол да си оди, а тоа многу збори за тебе. Браво, навистина за гордост е, многу убава постапка. Денеска на неа и' збори да си оди, "утре" тебе ќе те избрка, не се чуди после од каде го научил тоа. Да остане човек без зборови.
Гледај ти тебе да не те избркаат, не се секирај за мене. Кога реков дека син ми претера ( немам време долго да пишувам) мислев на играта, ја тераше да си играат уште а она не сакаше и му се развика, е па кога за тоа се развика замисли нешто друго да направи. Инаку имам супер воспитано дете кое се разбира со збор и затоа така изреагира на дерење, да му кажеше дека не може ќе ја разбереше, кај нас ЌОТЕКОТ не е воспитна мерка, повеќе напишав заради претходниот пост каде бабата го удрила детето.
Јас не реков дека ќотекот треба да биде воспитна мерка. Сум строго против тоа. Ама исто така сум најстрого и за она да му се дава неограничена слобода на детето и да си зацрта во главчето дека мама стои позади него и никој не смее збор да му каже. Затоа и детето се осмелило да и' рече да си оди. Сигурно ова не е прв пат. Не знам дали ќе ти биде сеедно утре и на твоите родители да им го рече истото. Ама тие нема ни тонот да му го повишат нели? Свекрва ти е лоша, твоите се душички и внукот го сакаат најмногу на цел свет и нема ни "а" да му речат. Најмногу нешто што ме иритира е кога возрасните индиректно си ги водат војните преку децата. Тебе не ти е по кејф свекрва ти па раснеш како квасец кога син ти и' рекол да си оди. Јас не знам колку е син ти супер воспитан и јас не зборам колку е твоето дете воспитано, зашто тоа е дете, тек треба да се развива умствено и физички, јас тоа дете не го осудувам, зборам за твојата постапка и твоето воспитување кое се гледа како влијае на твоето дете. Ама секој со својата глава и своето размислување.
^^Како се изврте приказната. Од што сакате да им удоволите се на децата, да имаат повеќе, да не бидат карани и тепани, нивниот глас да се слуша, стварно многу родители одат надвор од границите на нормалата. Детето од мало се учи на почитување, а ако не му се укажува дека згрешило (без тепање и викање), тогаш како ќе разбере дека не треба да прави така? Секое дете е олицетворение на своите родители, на средината во која расте.
Моето дете во градинка оди, она само другите внуци си ги чува. Денес на пауза од работа отидов во супермаркет за да не морам со детето да одам после и кога ја гледам неа со внуците на каса. Се сокрив и не ги ни поздравив. Инстинктивно така изреагирав ама многу сум лута што ми го третира детето како туѓинче па и јас неа ја третирам како туѓинка. На маж ми не му кажувам, срам ми е.
Јас не реков дека ќотекот треба да биде воспитна мерка. Сум строго против тоа. Ама исто така сум најстрого и за она да му се дава неограничена слобода на детето и да си зацрта во главчето дека мама стои позади него и никој не смее збор да му каже. Затоа и детето се осмелило да и' рече да си оди. Сигурно ова не е прв пат. Не знам дали ќе ти биде сеедно утре и на твоите родители да им го рече истото. Ама тие нема ни тонот да му го повишат нели? Свекрва ти е лоша, твоите се душички и внукот го сакаат најмногу на цел свет и нема ни "а" да му речат. Најмногу нешто што ме иритира е кога возрасните индиректно си ги водат војните преку децата. Тебе не ти е по кејф свекрва ти па раснеш како квасец кога син ти и' рекол да си оди. Не бе душо, разбирам што сакаш да кажеш, признавам дека неубаво изреагирав тогаш, јас немам никакив проблем со свекрвата ( она живее во странство и мнооогу ретко го гледа и заради глупост му викна), , најмалку сакам дете кое ќе знае дека мајка му стои позади него, само си викам како може така да изреагира а малку го гледа......инаку секогаш исто се поставувам и за моите и за неговите. Не ме разбравте, нема врска....
Нив им купува, на нејзиното не У парите е маката Мислам дека премногу очекувате и барате и сте им напикани во животот на свекрвите, и затоа ви сметаат. Никој не е самостоен. Свекрвата не чини, а што снаите ги сметаат како да им е обврска да им ги чуваат децата...Никој не зборува. Не знам како сфаќате, ама свекрвата не ви е семејство. Сопругот е семесјтво.