1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Конечно ме разбра некој, јас немав никакви проблеми со неа ( за два пати во годината по една недела две не ни стасавме да се караме), еве и претх.година беше ама не беше таква со детето или не сум видела. Не е важно, така и решивме со мм, нема да ги оставаме децата со неа. Инаку , што фајде ќе имам ако почнам да се филмам по форумов, не ми е јасно, ниту се познаваме, ниту реално ќе ми помогне некој.....јас сум на фемина додека е бебчето во раце, кога ќе заврши породилното тешко дека со две деца ќе имам толку време.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Мила леона правити си со мт како е најдобро а деца во луге што немаш доверба не оставај,те разбирам потполно.
    Никој нема да ти дојдеме дома и поправиме работите така е,затоа ти си живееш таму и знаеш како е.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Ајде вака да ви одговорам не сите о една порака. Јас не зависам од никого, имам свој стан, свој бизнис зачи над просечно ситуирана. Не се фалам но некој ме праша па ред е да одговорам. Проблемот на сите вас млади мајки е што сте не принципиелни, никоја од вас не ја спомна мајката во негативен контекст, дали само свекрвите имаат проблем со живците или пак вашите мајки се идеални?

    Јас не го спорам тоа да вие иматер комфликт со свекрвата, тоа е сосема нормално, но ми оди на живци кога по секоја цена гледате да ги набедите свекрвите тоа ми е крајно мизерно и доколку сте верници правите огромен грев. Најголем грев е да набедиш некого на правдина посебно дека лошо се однесва со своето внуче. Знаете ли дека нема ништо помило од внуче? Да, знаете но пуста таа доминација што сакате да ја остварите не бирате средства па го злоупотребувате дури и детето.
    Посакував една од вас да беше реална и да речеше некој лош збор и за сопствената мајка, а не само да удирате по свекрвите.

    girl-miri не си толку млада но пишуваш како да имаш 5 години. Детето ќе имало трауми ако бабаму, таткому или бло кој го плеснел затоа што не било мирно, и каков ќе бил понатаму нивниот однос? Или уште повеќе ќе го избудалеле. Па како можеш воопшто тоа и да го помислиш, а камо ли да го напишеш.
    Ајде сети се ти колку пати си добила ќотек и не само како дете верувам и како тинејџерка, па тоа не значи дека имаш трауми или дека не го сакаш татко ти, мајка ти..... Подобро е сега ти да го удриш за да знае дека има и казна за лошо однесување, отколку утре да јаде ќотек по улици кога ќе се соочи со реални ситуации. Таму нема да го мазат како дома и ќе нема кој да го штити.

    Луге, оставете ги книгите кој некој ги напишал за да ви земе пари, животот не е роман и не се учи од книга. Детето треба да се научи на ред и дисциплина уште од мало, инаку потоа може многу лесно да застрани и сакајки да му направите добро му правите огромна штета. Не постои дете на светов кое не добило ќотек од татковци и затоа всушност имаат повеќе страв од татковците нели.
    Сигурно вие кога сте биле тинејџерки сте се враќале дома кога ќе ви кажеле родителите листо од почин кон нив а не од страв од казна нел?

    Сето тоа да стварате овде идеална слика за себе и своите родители е ок, многумина од вас имале желба да станат актери, но таа идеалнаслика никако нетреба да ја ствараш плукајки по нечии туги родители. А, знаеш зошто ќутат тие јадни родители? Затоа што синовите им се идиоти и ако недај боже ги остави таа што се нафатила да ги земе цел живот ќе одат како глуви кучиња. Ете затоа трпат и си викаат само да не се остават, а и од жал за внуичињата.
    Земете ги мажите 1 година да живеат со вашите родители па да видите дали и вашите родители се идеални. Лесно е еднаш неделно по 2-3 часа да бидат љубезни и фини ама ајде да ги видам по цел ден да се под ист покрив, дали тие нема да го плеснат внучето,. дали нема да му свикаат.....
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Извини Nezna28, ама тука би се вмешала и јас. Не е исто дете да плеснеш по газето зашто скршило нешто или вриштело (иако сум и против тоа, така повеќе ќе почне да вришти, со децата е подобро да пробаш да ги решиш работите со разговор, колку и да се мали повеќе ефект ќе има според мене), а друго е да го удираш по глава. Бог да чува, само глетката да си ја замислам мене ме боли срце, а не па да видам тоа некој да му го прави на моето дете. Абе за човек нема да го рачунам бе. И колку сака нека му се баба и дедо, не би сакала никој освен јас и маж ми (колку и да се сметаат блиски баба и дедо) да проба да се вмеша во начинот на воспитување, така само ќе го збуниш детето ќе не знае кој попрво да слуша.

    Викаш сите ги критикувале свекрвите, а никој мајките. Па таква е темата бе мила. Плус, колку и да не е фер ете тоа е правило на природата, на свое секој попрво ќе прости и смета дека негова крв не би му наштетила. Не секогаш е така, јас не размислувам така, ама еве и самава тема докажува колку девојки си имаат проблеми со свекрвите, многу од вас ги напаѓаат, а утре истите тие да им се во кожа нема еден ден да издржат. Мајка е мајка, и да претера ќе ѝ викнам ако треба, знам дека со тоа нема да ги расипам нашите односи, бидејќи мајка толерира и простува. Пак ќе кажам, има и добри свекрви, значи јас стојам на тоа дека карактерот има врска, познавам такви секако, секоја им чест. Еве за доказ дека сум објективна, искрено, мислам дека мојата идна свекрва би била подобра свекрва од мајка ми, ако судиме по карактер. Но, сепак мислам дека колку и да сум нервозна или сум во право, не би ѝ викнала, сепак не ми е мајка. Значи, има разлика и во тоа е разликата. Инаку не би ја делела на никој начин од мајка ми само бидејќи ми е свекрва, ако е коректна и добра со мене. Никој од овде не е монструм на добро со лошо да враќа, па пак вие мислете дека преувеличуваат, немаат попаметна работа со семејство и еден куп обврски.
     
    На leona83 и girl-miri им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.416
    Пол:
    Женски
    На темава секој секого подобро го познава од самиот себе ;) знаеме кој измислува,кој кого издржува во заедницата,кој бил тепан како дете ма баш све. :)
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Браво одлично напишано се сложувам во се, а и се изнаоѓам во живеењето со моите родители. Баба и дедо повеќе ги сакаат внуците од сопствените деца и мислам дека постовите можеби се реални ама со доза на претеризам.Иако постојат и екстремни случаеви (слаби нерви, а и кој ги има денес) кои што се издвојуваат од реалното.
     
    На Nezna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Lovely93 Сега кажа една голема вистина те цитирам „Плус, колку и да не е фер ете тоа е правило на природата, на свое секој попрво ќе прости и смета дека негова крв не би му наштетила“. Да си ми жива и здрава, но детето не е само твое, и тие родители се исто толку мили и значајни за мажот. Значи твоите родители се родители а неговите идиоти?
    Ајде да бидеме живи и здрави и да дочекаме да ни пишеш како ќе разговараш со дете од 1-2 години за неговото лошо однесвање. Ако скрчи чаша давај му нови се додека не му здосади? Само колку пати ќе изеде ќотек од вас ни криво ни должно само затоа што сте се скарале со маж ти, а камо ли за екои реални ситуации кога ќе напраи некоја беља.
    Ти си ок девојка, доста реална во твоите постови што го ценам многу, исто и во овој пост си многу реална освен во делот кога велиш, Сце ми се кине кога ќе помисам како некој удира дете по глава. Туку мислам дека премногу внесуваш драматургија сосема непотребно, никој не збори за претепување, и самата ќе се увериш како некогаш ќе го шлапнеш кога ќе ти згазне на живец иако после ќе ти биде жал.
    Исто така и за свекрвати, чекај да се омажиш прво па ќе видиш дали е се така идеално, веднаш после свадбата стапуваат на сцена борбата за доминација и подметнувања какви што овде можеме да ги прочитаме.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, само би надополнила дека не ми беше муабетот дека моите родители би ги толерирала а на маж ми не, туку дека како што тој не би кренал глас на мојата а може би го сторил тоа на неговата, веројатно не би и јас. Тоа ти е исто како што секој попрво би прифатил совет или замерка од свој родител него ли од било кој друг. Инаку јас уште сега ја почитувам и сакам многу мајка му (и секогаш му викам дека ако биде навистина вака добра, јас ќе си ја сакам еднакво како мајка, нема зашто да не, не делам јас според крв, друго сакав да кажам во претходниот пост), би сакала засекогаш да остане тоа така, но во право си, никогаш не можеш да знаеш. Здравје. :) Кај мене баш и не владеело слога, што значи јас обожавам да живеам во сложно семејство и со сите сакам да сум во добри односи како една крв да сме, со почит и се, што е до мене би се трудела да биде така. А за некој на добро со лошо да ти врати, навистина треба да е лош и негативен човек, тоа сакав да кажам. Ти благодарам на комплиментот. :)

    П.С. Да се надоврзам, доколку свекрвата ја гледаш секојдневно а се сложувате и ти дава добри совети, може да стане и повеќе од мајка, со тоа што мајката ја гледаш поретко на пример, а гледаш дека свекрвата ти е добронамерна кон тебе, можеш многу да ја засакаш. Се зближува човек. Што значи, навистина се` е до карактерот на свекрвата и снаата. Ако имаш кул свекрва, нема зашто да не ја гледаш и како другарка дури. :D
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.245
    Пол:
    Женски
    Со тепањево неодамна на една ФБ страница расправавме. Јас имам еден ваков случај, дете кое е редовно мавано по газе за грешки се деси крвнички да исшутира чаша со сок од чиста мира, дома, додека мајка му средуваше по дневна таа дојде и со ногата ја клоцна чашата ко мислиш клоца жив човек. Мајката доаѓа и ја крши од мавање, затоа што таа дотогаш чистела, бришела, ја светнала цела куќа а детево ноншалантно прави лом по бел тепих. Детето не пушта ни солза, туку кога во еден момент мајката застанува да ја праша дали сега пак ќе прави така ја прашува дали завршила со мавање да продолжи да си игра. Ова девојче од мајка му е редовно потчукнувано, и ако направи беља голема како планина и ако само несакајќи нешто истури, ако му се спие и е ќенкаво наместо да го однесат во кревет е удрено воспитна. Тоа дете џабе му е ќотекот според мене. Тоа дете има револт спрема родителите кои вака се обидуваат да го воспитуваат.
    Е сеа вака ќе ви кажам. Удирање по газе за секое едно според мене не е решение, затоа што ако го удираме детето постојано тоа нема да може да расуди што е право а што не, ние многу добро знаеме како народ и од милост да плеснеме по газе, онака од милост што се вели, ај на тетка убавата и заплескај ја по газ, самите шириме насилије како мерка, сами сме си криви. Не велам дека внука ми ако направи како ова девојче нема да ја исплескам по газето, ама она не прави ништо такво бидејќи не осеќа револт спрема мене и нејзините родители, туку ќе дојде и покрај тоа што не збори наоѓа начин да објасни. Ниедна баба нема право да го тепа детето, јас и верувам на оваа мајка дека бабата го истепала детето, затоа што и ние сме биле тепани од баба ни па до ден денес срцето не ми заиграло за неа како што ми заиграло за дедо ми кој рака не кренал на нас. Мене дома моите не ме тепале и фала богу сум научила вредности во животот, и покрај тоа што не ме натепале пред да одам по вода во секој случај за да не ги скршам стомните, ме разбирате нели. Право на воспитување на децата имаат само родителите и никој друг. Дете се воспитува со зборење, устата пена да ти фати, па ако ти речеш 300, 3 ќе му влезат во глава, ама денешните родители се преразмазени, зафатени со некои си глупави обврски и немаат време да ги воспитуваат децата. Здравје не велам не, може и мене живците ќе ми се истенчат па друга ќе биде песната која ќе ја пеам за моите деца, ама во секој случај ќе се потрудам децата да не ги научам дека насилството е начин да се добие и да се покаже нешто.
    А дека децата ќе заборават, не забораваат, јас не сум заборавила ништо, ни еден момент кога баба ми насила не легнувала и кога седела прачката покрај нозе за да не мрднеме, затоа што на неа и се спиело а на нас не, или затоа што сме се задржале подолго на улица. Исто така ги паметам и сите психички тортури низ кои сум поминала од најрано детство, не се заборава тоа. Дете кое растело со тепање така ќе се однесува засекогаш низ животот, за него насилството е начин на изразување. Детето е како сунѓер, ама буквално сфатете го тоа. Пример внука ми, од три дена гледање Бушава азбука почна да повторува се, а не ни зборува сеуште, еве ви најпрост пример, епа вие замислете што ќе направи дете кое е тепано за добро утро во животот во иднина. Психологијата на сите треба да ни е малце појака за да расудиме реално, нажалост таа е вистината.
     
    На Mishela, elena.mak, pufi-cufi и 12 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.416
    Пол:
    Женски
    Angel amin ..тоа е она што цел ден го кажувам во себе а ме мрзи да го напишам дека знам залудно е
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Многу ме занима од каде ја најде оваа статистика. Не, немам добиено ќотек ниту од мајка ми ниту од татко ми. Да, сум се враќала дома не ради почит, туку ради страв од казна, но таа никогаш не била физичка, ниту кон мене, ниту кон брат ми. И апсолутно немам ниту сум имала страв од татко ми (ако ништо друго, мајка ми секогаш била построга). Мојот сопруг исто нема јадено ќотек од ниту еден родител, иако неговите родители биле и построги од моите и имал повеќе ограничувања како мал. Токму од тие причини за мене не е нормално дете да се тепа, и ако јас не го тепам, апсолутно нема да дозволам некој друг тоа да го прави. Сакам да имам авторитет кај него, но нејќам да се плаши од мене.
     
    На Sky-butterfly, bittersweet, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.578
    Допаѓања:
    99.245
    Пол:
    Женски
    Децата кои се тепани во детството од родителите не значи дека ќе бидат успешни под дифолт да се разбереме. Ете имам братучедка која е кршена од ќотек дома, па пак на 18 остана трудна и избега за да се омажи, значи ќотекот не им помогнал на тетка ми и тетин ми ама ич, напротив го оддалечиле детето од нив, тоа е општо позната работа ;)
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Не само тоа, туку и тие што се како мали тепани (или дури и во тинејџерски години - се запрепастив) сметаат дека тоа е единствениот можен начин за воспитување на деца - не се тие криви, не виделе дека може и поинаку.
     
    На joy1 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.068
    Допаѓања:
    143.151
    Пол:
    Женски



    да можев стопати лајк ке ставев! :clap: :clap:
     
    На girl-miri и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Nezna28 од кај знаеш ти дека тупа не пишува некоја снаа а ќерката на таа свекрва чита тука без да знае дека е нејзината мајка?
    И сама си се пофали дека си имаш бизнис и успешен живот е не сите имаме таква среќа да нашите родители се ботаги и ни остават бизниси туку за парче леб мора да работиме.
    Да и мене ме каралем мајками и таткоми ама никогаш не ме тепале на чуствителни места главаи сл...
    што туку тврдиш ти обратно од тоа што е?
    Да не беше таму па виде како свекрвата на леона го тепа детето?небев ни јас али мајката видела.
    Ниедна мајка не тепа дете на таков начин и нормално нема да дозволи никој дс го тепа детето,за воспитување не мора да биде чотек и сила употребување.
    Можеби ти звуча ко дете ама мајката за своето дете е подготвена на се.

    ОДИ МИЛА СО НЕКОЈА СВЕКРВА ДА жИВЕЕш ОД ФЕМИНКИТЕ шТО ИМАТ ПИшУВАНО И КЕ ВИДИш КАКО Е,ДА НЕ ПИшУВАш ПОСЛЕ И ТИ ТУКА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ.
    Со човек што помунал низ се неможеш да му кажуваш како и што бидејки си уживаш со бизнисот и си имас се,некој се мачи за да има половина од тоа.
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.484
    Допаѓања:
    162.799
    И сега ти тука ги вртиш одоколу значи изкажи се дали според тебе тепањето на детето е нормална работа ???? ке ве молам без многу објаснување и политика да или не
    Значи тука збориме за конкретниов случај детедто е тепано зошто одбило храна?
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.416
    Пол:
    Женски
    onoj koj ne ja osetil majcinskata strana zboruva na prazno .Tek otkako ke stanete roditeli ke pocnete na mn rab okolu vas poinaku da gledate.I smetam deka za onoj za kogo kjotekot e normalna pojava pri vospituvanje na decata,i samiot bil tepan kako dete.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Токму ова и јас се обидувам цело време да го кажам. Психологијата на детето е многу покомплицирана од што ја сфаќаме. Не е само теп теп по газето и готово. За жал сите возрасни мислат дека детето не може да ги разбере и дека има многу пониска интелигенција од нив. Но не, интелигенцијата е нешто со што се раѓаш, само се надоградуваш после. Има луѓе што и како возрасни само со насилство се разбираат. Не ги потценувајте децата, дури и многу психолози викаат најдобро е децата да се третираат како возрасни. Ни нагалено зборење како „доди мама да ти обече пижамки“, ниту пак ќотек.
     
  19. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Као сега треба да бидеш паметна и фина нели? Ова што ти го пишуваш е она што го пишува во оние дебилни книги од областа на психологијата, демек насилството има длабоки корени во нашето минато, што е тотален апсурд, јас мислам насилници стануваат оние деца кои уште од мали нозе не почитувале авторитети. Да ти појаснам, дури и во животинскиот свет се знае хиерархијата кој коси а кој вода носи. Без да се воспостави таа хиерархија и во семејниот живот тоа семејство неможе да функционира. На детето му е потребен авторитет, а не тоа да прави што сака, и да добие одма и сега што него ќе му прдне на памет.
    Дете кое е растено без да има авторитет пред себе е повеќе склоно да стане насилник отколку некое кое е растено по јасни правила и авторитети.
    Мислам дека е во прашање или кратко памтење или глума, или пак родителите те излажале дека никогаш не си јадела ќотек. Нај лошата услуга што можеш да му ја направиш на едно дете е да дозволиш да тоа биде авторитет, страв и трепат за тебе. Да, намерно или случајно веднаш банализирате и одите во крајности, но нели, форумов е место каде треба да оставите убав впечаток за себе иако никој не ве знае. Убаво делува кога ќе добиеш аплауз баре тука ако не си го добила во реалниот живот.
    Јас да глумам немам намера, не патам од ми се допага, цвеќенца и слично. Кажувам личен став а тоа што некој се обидува да ги банализира работите и да ги отера во крајности тоа е негов пролем.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Тие психологии за гледање на дете ќе си ги применувате сами како родители. Ако оставате деца по цел ден да ги гледаат стари луѓе и да драмите затоа што го поттчукнале по задник или му се раздрале, тогаш седете дома и по цел ден гледајте си ги. По една рака апчиња пијат за шеќери, притисоци, за смирување и што ли уште не, па полиции и социјални служби ќе викале оти цел ден детето на глава им се качува а тие го потчукнале. Ако гледате дека немаат нерви за деца гледање (а требаат многу нерви) ќе гледате што помалку или воопшто да не им ги оставате сами на чување. Бабата на Ангел е растена во друго време, тоа се стари генерации за кои донекаде нормално било повремено да ставиш дете во ред со еден шамар или со прачка. Денешните баби и дедовци се други, не дека нема и такви кои тепаат, но мојот коментар кон bunny беше таков затоа што таа претходно имаше кажано како свекрва и била мирна жена, и сега одеднаш таа мирна жена која еднаш годишно си го гледа внучето станува монструм кој тепа дете кај ќе стигне. Добро, да верувам дека не е преувеличено.
     
    На mimiiiii и baby-star им се допаѓа ова.