Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    zdr znaci stvarno ne imalo mnogu a jas se plasev deka sum sama,veruvajte potpolno ve svajkam kako vi e i jas sum vo ista situacija ,ziveam so svekor, svekrva, jatrva ,dever,i nivnite deca ;( :puke: ne znam dali mozite i d azamislite ,jas si ziveev sosema normalen zivot se dodeka ne dodjov tuka veruvajte imaat oni pari za da ziveeme odelmno no svekrvata ke nema koj d ai cisti koj da i gi izvrsuva nejzinite obvrski , zamislete jas izigravam baba po doma jas vardam tujgi deca jas pravma ruccek jas mijam sadovi, a na ssabalje da ne vi praam i muabet sto e ko ke ziveat 9 dusi u 6 sobi pa veruvajte covek da polude ,nikoj ne si gi zema svoite raboti ,sekoj si prae so saka , iako imam podrska od soprugot isto kako da ja nemam, on nema rabota zavisime od niv a oni imaat privaten biznis i mojot soprug gi izvrsuva site raboti i nemu davaat nikakov prinos a ne ostavaat da se vraboti zatoa sto ke nema koj da raboti po doma oti se mojot soprug sredva , vejke neznam i so d apravam, rabotam vo nivniot objekt i edvaj mi davaat plata ,znaci LUJGE NE MOZETE NI DA ZAMISLITE KOLKU SEBICNI RODITELI IMA PO SVETOV mojot soprug sega treba da raboti za niv celi 8 meseci za d amu kupat na drugiot nekoi stvari, a on si ja klava platickata u dzep i nikomu galje si pravat oni so sakaat a za nas ponekogas se somnevam i dali im e galje neznam pojke so da pravam :'(

    [mod-kirilica:9friwqh6][/mod-kirilica:9friwqh6]
     
    На Anyshka и afroditaa им се допаѓа ова.
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ве жалам со таквите свекрви ;(
    мојата е душичка во секоја смисла на зборот :inlove:
    п.с можеби е плус тоа што не живееме заеднo, мислам сме во иста кука, на различен спрат, си пиеме кафенце заедно, ми прави ручек и ми носи горе, поубо здравје :rofl: :rofl:
     
  3. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    И јас исто така од кога почнав да пишувам на форумов ми олеснува некако. И јас сум во потполно иста ситуација, тоа не дека се љубоморни што на другиот брат и неговото семејство му сервираат се на тацна, пошто заедно живееме, али брате мили тоа не е љубомора, те боли тоа што се правиш за нив и они не мрдаат со прст за мене и мојот сопруг.Апсолутно се он работи и парите одат кај свекрвиштето(сори за изразот), а јас верувајте со 100ден во џеб одам на лекар, да не ви се верува, а мојот сопруг преку цела летна сезона што работи за нив му носи принос од над 10 000 евра, а од тоа ни цент за нас, па луѓе верувајте ми, не можам ни основните потреби да ги купам, али не се они виновни, мојот сопруг е, затоа што тој треба да стави крај на тоа. А и што велиш, само Господ да ми помогне, се сами ќе направиме, да ни даде Господ дете, ја велам дека нема да дозволам да му се доближат, не сакам покрај такви сурови луѓе да е. Они се сомневам и дека ќе им бидат како на другите мили моите ко ќе дојдат,

    Замислете една ноќ, лето беше и сопругот беше толку уморен од работата, затоа што работеше по 12 саати дневно, а некогаш и повеќе, и пак кај нив сите пари. И не му беше добро, доби тахикардија, па ај на лекар во 2 саат ноќта и ај се среди некако и јас ќе го носам дома, тоа ви кажувам уште порано, додека бевме во врска, и идеме кај мајка му и она спие, гајле нема, а јас плачам, загрижена. Она ладна станува и вика, абе ај нема гајле, како на куче ќе му помине ;( И вика, ај носи ја дома, за мене, и нема гајле. Јас целата прашалници, си одам дома и тогаш уште пред да се земеме сфатив што жена е кога не се грижи ни за сопствениот син за здравјето, а не дали му треба некаква помош :puke:
     
    На butterfly2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sunymoon

    sunymoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Најпрво да кажам дека ова е многу интересна тема за разговор. Мое мислење е дека помеѓу свекрвите и снаите треба да има почит, како од едната така и од другата страна. Родителите, особено свекрвите, треба да знаат до каде е нивната граница. Ниту еден брак нема да постои доколку постои мешање. Бракот според мене е свето нешто, кое не дозволува мешање на други лица. Да застанеш меѓу двајца што се сакаат и што се споени од Бога мислам дека е голем грев. Но сепак, верувам деја се уште постојат свекрви кои во себе имаат човечност и што ги почитуваат своите снаи. Не сакам да помислувам на спротивното, затоа што ќе паднам во депресија.
     
  5. kiki3047

    kiki3047 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    24
    Не сум била доста време на форумот, мислам на оваа тема. Ја избегнував од проста причина ај да не се замарам многу и да не си стварам непотребна нервоза, ама не бидува не е лесно. Јас и порано пишував за мојот однос во заедница. Заедно сме од април, мислам живееме заедно, а во брак од август. Толку во последно време ме иритира страшно, значи толку непедантно суштество немам сретнато, Боже прости ми, мајка ми велеше тоа што го мразиш тоа и ќе ти дојде на глава, значи од секогаш сум мразела нечиста жена, она и еден ручек да направи тоа ќе го каже на сто комшии, јас и тоа го правам и чистам и на никој не кажувам. Лесно е само тоа да го правиш а после тебе неред да оставиш, па крајот не можам од неа да го фатам, маж ми знае каква е, ама он си е на нивна страна, значи подобро нешто лошо направи му, ама за неа не смее лошо да се прозбори, некој никаков речник, некултура страшно, али тоа само со мене иначе кога разговара со другата и снаа не е таква како на нивоу, али другиот и син скренал пажња и и рекол како да се понаша, а јас мирна и фина уште од првиот ден ај велам ќе прифатам се, не сакам кавги.

    Другиот и син не сакам да го именувам, девер, зошто ништо не ми значи, е еден мамин син бетер од маж ми кој кажува дури и кога спие со жена му, наводно многу приврзан, темелно размислувал и длабоко, тоа е нејзиното образложение сите конци се кај неа се она знае и не смееш лошо да и кажеш, да не се повторувам се едно исто зошто и порано имам пишано за тоа се не какви ситуации и сцени од госпоѓата.

    Али маж ми не е делен никогаш од неа и не ни помислува во никој случај, нема шанси ние да живееме посебно, а јас сакала нејќела морам да одам кај неа зашто заедно сме и спремаме јадење. Она е ко царина, ако нешто се купи, мора она прво се да прегледа. Пред некој ден влошки си имав купено и тоа го виде, Боже само дете да ми даде да можам малку да се средам, иначе во тешка депресија сум, бев полна со живот, а сега сум 100% различна. На маж ми не можеш да му докажеш, он си е за нив и за брат му и за сите.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Најубаво што подалеку едни од други и што поретко гледање, е тоа е убав живот со свекор и свекрва. Најмногу ке се сакате! Мојата идна свекрва, секогаш е со најдобри намери поради нејзините намери, ние се каравме нон стоп! Така да, само дистанца е лекот и поретко гледање!!! :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.199
    Допаѓања:
    139.522
    Ова односот со свекрвите, од сегашен аспект многу ме потсетува на односот кон родителите во пубертет. Што и да направи, мислиш дека не е во право, дека намерно ти прави така, и слично :D

    После некое време ја сфаќаш и другата страна. Можеби не се согласуваш со неа, ама ја сфаќаш, и се оди многу полесно.

    Чудни сме ние жените. Што желба ќе беше за доминација, па која и генерација и која и страна да е во прашање!
     
    На julie77, Annath и baby.90 им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Кики, извини вака не ми е намера да се возбудиш, само сакам да те прашам. Што мислеше кога се омажи со тој човек? Нели знаеше дека е мамин син и нели ги знаеше последиците? Зошто бе луѓе не гледате пред да се омажите со кој го правите тоа? Па бракот не е шала, треба да се живее цел живот. Сега очекувам да ми речеш, не беше таква порано. Всушност сите така се оправдуваат. Јас не велам дека не постојат такви што подоцна си го покажуваат лицето. Ама ова веќе нема смисла. Самите си правите грешки, после барате сожалување. Пак ќе речам несакам да те навредам/повредам.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офи за тоа си во право треба добро да се обрне внимание кога се бира брачен партнер, но поинаку ја доловуваш ситуацијата кога не си кај него дома со мајка му по 24 часа. Кога му се јавува по 20пати дневно си мислиш дека се грижи за него, мајка му е, нормално е. Но тоа е сосем поинаку кога цел ден ќе го поминуваш во нивно друштво.
    Ако треба и од спиење ќе стане само на синчето да му намачка паштета ко уште да има 3 години па незнае-сепак она го има најдобриот син :^) , а тој пак спие на штрек мама ако се закашла вода да и даде-таа е единствената совршена жена на овој свет :worried:И нормално е дека после ова следува дека никоја жена не е доволно добра за да му биде жена на мојот син, и мама знае добро да ги оцени луѓето а и паметна е како ќе каже таа така нека биде :headbang:
    Сето она што претходно ти изгледало нормален однос сфаќаш дека е нешто повеќе од тоа, дека тој што си го избрал за човекот на твојот живот всушност е мамино мажуле кое неможе без мама. :doh:

    Незнам можеби грешам, затоа што немам такво искуство и мојов вереник си е разгален, нормално единец но во никој случај не е мамина маза ниту пак тој е претерано зависен од неа, па имаат односно сите дома имаме поприлично хармоничен и нормален однос. ;)

    Ова што го пишав ми е извлечено од туѓите искуства кои морам да напоменам ги има премногу, за жал ;(
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.339
    Допаѓања:
    114.058
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Девојки, симнете си ги розевите очила пред да се мажите и убаво видете во која фамилија влегувате. Особено ако треба да живеете во заедница. Бракот не е како сцена од реклама за Маги сочно од рерна, каде што сите сложно и насмеано седнуваат да јадат и се смешкаат. Реалноста е сурова, но тука е. А и што брзате бре да се мажите на 20, 22 години. Алоооо, најубавите години си ги трошите на нервози, место да си уживате во животот. Па се знае дека од 20 до 30 години се гради човекот.
     
    На missperfect и Doozy им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.339
    Допаѓања:
    114.058
    Пол:
    Женски
    Najubava2010 ова тебе ти е нормално!!!! Душо, јас од ова побегнав!!!!! 20 пати на ден да му се јавува па не е нормално бе !! Возрасен човек е. И за спиењето на штрек и со водата и уште мнооогу други работи, буквално истото го поминав. И си реков овде за мене нема живот. Кога почнав да го гледам реално, ми се одмили и он и сите чувства кон него избледоа. А инаку бевме пред земање.
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Епа ова ми беше зборот. Мамин син не се менува преку ноќ. Тој е таков и таков ќе остане, ма колку сака тоа вас нека ви смета! Милиони пати имам делено совети и во љубовни проблеми, дека ако гледате оти имате чести кавги, дека е мамин син дека трча повеќе по другарите, бегајте од таква врска. Ќе стапите во брак, е после нема само ние двајца, ќе има и деца кои ќе го јадат најдебелиот крај. Епа жени, сте сакале да живеете во илузија, ете ви ги последиците. Нена, секоја чест за тебе, што си побегнала од таква врска. Навреме си ставила крај на сопствените маки и барем сега не трпиш последици! И запомнете, никој не ве терал да се мажите со сила, сами сте си одбрале, баш со тој човек, баш со тој мамин син кој бил истиот мамин син и пред да стапите во брак!
     
    На delvi и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Поука од сево ова погоре наведеното е, да живеете само со својот маж и да се обитите да изградите ваш семен живот и брак, без мајки татковци, девери и золви.....многу работи тогаш би биле поинакви, и сега следува немаат сите пари за тоа, според мене никогаш нема да се омажам додека немам свој дом со мажот ми побрзо би била девојка одколку да живеам со свекрва па и најдобра да се ќе има нешто што ќе ни смета на двете....ова е мојот заклучок :hai:
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Не се виновни свекрвите за ваквиот однос, мислам дека 100 % зависи и од мажот. Тој треба да сфати многу работи, дека се жени и дека треба да стави граница на одредени работи. Мајката секогаш ќе му остане мајка, но жената е негов избор и со тоа негова одговорност и негово ново семејство. Најнормално е мажот да се оддели од своите родители и да се приврзе кон жената и да станат едно тело. Ако не постои таа приврзаност ништо од работата. Родителите не може да ги смени, но жената мора да ја заштити бидејќи таа е мајката на неговите деца. И мојот сопруг е навикнат на зборовите дека е најдобар,најубав и итн. а сега јас го критикувам (позитивно му давам фидбек) и му укажувам дека никој не е совршен. Ние живееме сами и верувајте нема ништо поубаво од тоа да имате мир во куќата. Но секогаш кога одам кај родителите на сопругот во мене чувствувам немир,свекрвата и свекорот имаат однос како маче и куче и владее негативна атмосфера и после тоа ме боли главата.Се чудам како маж ми живеел во таква атмосфера 32 години.Ептен сум срекна што негова беше иницијативата да живееме сами и што е свесен за ситуацијата,ме заштити.
    Многу е важно партнерите да разговараат и да не дозволат друг да се меша,бидејќи бракот е света тајна и е најголем грев да се растури тоа што Господ го споил.Човек треба да се бори за тоа што го сака.
     
    На delvi, st-el и ljubicicaa им се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со претходниве мислења и сметам дека мажот треба да и биде постојана поддршка на жената а и обратно. :!:
    Се разбира дека е најубаво да се живее без свекор и свекрва, но секаде е различно секој има различни можности и сфаќања за тоа. Имам слушано за свекрви кои велеле дека било страмота ако синот веднаш откако ќе се ожени се оддели од родителите, луѓето ќе рекле ете дојде снаата и одма се тргнаа на страна и триста други глупости. Затоа велам има секакви карактери и секој различно гледа на работите.
    За среќа можам да се пофалам дека мојот иден сопруг не е мамина маза. Јас дури и се чудам на некои негови реакции спрема родителите. Порано сум мислела дека е многу приврзан кон неговите бидејќи познавам такви машки, но тој навистина секој ден се повеќе ме изненадува со неговите постапки.Тој има изграден став спрема нив, кај него нема многу попуштање. Посебно спрема мајка му, тој ако и рече дека не може така таа веднаш вели добро. Смета дека тие не мора се да знаат. Утре што се вели ќе живееме заедно и тие треба да знаат каде им е границата. Навистина имам голема поддршка од него и разбирање а тоа е најважно. :)
     
  16. butterfly2

    butterfly2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    И кај нас е истото напоменав дека дечкото мој од тие нервози со родителите си доби чир на дванаесетпалачно црево, и згора на сето тоа тој не работеше никаде и не му даваа пари за лекарства скапи му биле, а неговиот брат и тој не работеше а секој ден по 2 кутии цигари му купуваа, тоа е кога не им е грев за тој што го родиле па ќе им биде гајле за снаите.
     
  17. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Еве мене што ми се случи синоќа. Маж ми работи во странска фирма и зема доста солидна плата, ама повеке е надвор од државава одколку дома, а свекор ми работи во голема фирма во нашиот град. Вчера му се јавил на маж ми и му рекол дека се отворило слободно место таму ако сакал да оди да работи и овој му рекол ке размисли и ке му каже. ПО заедничка консултација тој реши да си го задрзи сегасното раб место зашто сегашната плата што ја зема е дупло поголема,е жртва нека оде секојдневното спиење дома. Да бевме станбено обезбедени јас ке му речев да ја прифати таа работа зашто ни едни пари на светот не го купуваат неговото присуство, ама ситуацијата не ни е таква. Синока си идам од работа јас и свекор ми кога ми се дигна кога почна да ми се дере зошто маж ми не ја прифатил работата(јас сум го натерала да не ја прифаќа оти ми било поубаво кога не бил дома)па да ме пцуе и на крајот тој наутен да излезе... АААА така веке неможе, кај со нивната сеичност животот ни го упропастија , па уште ми се закани кога ке си дошол мажми ке го седнел да му кажел дека требало свекор ми да го слушал, јас сум била гостин таму.... Немам зборови... Сега нема да правеме муабет и не ми е јасно како ке иседам јас уште 15дена сама.. Совет? било каков..
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.339
    Допаѓања:
    114.058
    Пол:
    Женски
    Ич да не му се секираш. Ако пак стариот ти спомне само речи му: Еве ти телефон, јави му се на син ти кажи му што мислиш. И веќе не се замарај.
     
    На ljubicicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Нена2010, јас би му рекла така, но тој е многу расипан човек страв ми е на некој подмолен начин да не ни го расипе бракот. Од него се може да се очекува, затоа ми е и страв од него..
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Навистина не можам да се изначудам какви луѓе има, и моиве не се цвеќе за мирисање, ама никогаш не ме пцуеле ниту пак се дереле на мене, а уште помалку смеат да се мешаат во одлуки кои јас и мојот сопруг ги носиме заеднички, може тие свое мислење да дадат ададли ќе прифатиме од нас зависи.
    Немој воопшто да се замараш со него, зошто се плашиш од него, како може тој да ви го расипе бракот, што е етој толку моќен и зошто те третира како гостин, зарем не му е јасно дека сега си дел од семејството...(смајли што се крсти). Ако почне да те провицира и да бара одговори од тебе, биди си културна и одговори му-добро не се нервирај, почекај син ти да дојде од работа па ќе разговарате, ќе му кажеш што сакаш.
    Ти тргни се на страна овие 15-тина дена, колку што можеш биди смирена и трпелива, и игнорирај го, ако имаш свое катче повлечи се во него.
    Немој да се плашиш од него, ако вашата љубов е доволно силна еден стар вампир не може да ја униишти(извини за вампирот)