1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Супер за тебе и браво штом 4 члено семејство може да живее од една плата.
    Сигурно мажот ти има големи приходи, ама кај сите не е така лесно.
    Никој од нас не им е дома ( да ја слушне и другата страна) за да знае колкави се приходите и дали нешто останува за останати потреби освен за сметки и лапачка. По форумов можеме да шкрткаме колку сакаме и се од наша гледна точка.
    Е не можам бре Зеленоока да те разберам, велиш се вие плаќате тие ништо, па што не заминете сами да живеете. Ете Анина сама си живее и нема потреба од работа, плус раат си се сами.
    Можеби пак мажето не може да се одвои од сукњата на мама, а ти не си моќна да го убедиш.
     
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    И јас сум поминала низ брда и планини две години откако се мажив. Живеев со една плата од 15000 и кредити од скоро 6000, со мало бебе. Пелени, ад, кашички... Ништо не ми изгледаше лесно. Детето ми има плачено за Чоколино а јас имав само 50 денари за леб Од една страна закрпи од друга распарај се. Земав пари од моите, кога имаа- имаа, кога не - снајди се па живеј. Мм најде друга работа со 3000 поголема плата, јас почнав да работам + мм работи после ручек кај пријател кој се занимава со местење плочки, кнауф, паркет. Некогаш ич, некогаш 500 денари некогаш 100 евра, неделно, ќе земе. Добредојдени се. Ете купивме кола и пак со кредит. И неа ја плаќаме ама не се живее без кола во денешницава поготово со мало дете. Кога се роди ќерка ми, знаете, види ја еден друг собрав 300 евра и ги чувам за крштевка и прв роденден. Мора, тоа е тоа... И дрва сами купуваме, 10 кубици не се малку. Сега се плашам како ќе биде откако нема да одам на работа ама ме теши тоа што од платата 3 години тргав по 2000 денари и + парите од породилното веќе 5 месеци ги немам ни допрено. Моите патем знаат да ме однесат во некој маркет и да ми ги купат сите намирници за дома. Еднаш на 3-4 месеци ама и тоа е добредојдено.
    Се се може ако се сака. На никого не му е лесно во денешно време. Впрочем мојата секојдневна трпеза и нее така богата. Често готвам без месо. Машина и бојлер на ефтина. Готвење на плин. Има фризерки кои шишаат за 300 ден ама јас одам кај тие од 150. Патики Најк немам туку си купив од Мат стар итн.
    Извинете забегав многу од темата.
     
    На gjoker4e, okcenzi, katalina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Се случува свекрва ми да ми упропасти, утро, претпладне, попладне, вечер ама денес го сруши својот рекорд - ми го сјеба цел ден. А бе женава, не да сум делена од неа, и на Марс да одам и ако еднаш во животот ја видам на 5 минути и тие по вода ќе ми ги фрли.
    Станувам сабајлето, онака наспана, расположена, па кафенце, доручек/млекце за децата и излегувам надвор да ги обесам алиштата да се сушат. Гледам алиштата на жицата недосушени а нема место за други. Ја прашувам фино лепо, дали може да ги ставам кај неа бидејќи ми се се од бебушот па ми требаат. Одговор - супер. Да, да како не. Излегувам после еден час и ги гледам алиштата ставени на еден стол надвор во дворот и половината наземи. Таа кај нејзе си обесила други алишта. Добро бе жено, ете ти текнало дека имаш и ти алишта за сушење. Па викни ме, ќе си ги соберам. Ако не сакаш да ме викнеш и кога веќе си ги донела, стави по малку на сите 4 столови, барем да не паѓаат. Алиштата онака водени, цели направени лом, ги вратив во машината. :|
    Во 2 требаше да го земам мм од работа за да одиме кај тетка му на слава, денес даваат ручек. Излегувам надвор и колата ја нема. По 100-ти пат ми го прави истото. И се јавувам да ја прашам каде е, а таа ни мува да ја полази ми кажува дека веќе заминала кај золва и за да и помогне. :fubar: Прашај бре човече, па две мали деца имам. Јас за тоа ја купив колата а не за ти да се шеткараш горе-долу. Ајде дадов 300 денари за такси и мм го зедов и одиме на ручек. Мм, веќе нервозен за колата, влезе ама помолчи пред луѓето.
    Е, ајде, сега го чекааме ручекот, ама ќерка ми требаше да јаде кашичка. Ајде таа ќе и давала. Таа ја нема во раце кренато 5 месеци откако е родена, не па кашичка ќе и дава. Таа чудна, ќерка ми уште почудна. Не отвара усте. Ја чека мама. Свекрва ми со сила и турка, демек пред луѓето, еве видете јас се грижам за внучето. Јас се нервирам, мм гризе заби, трагедии, комедии, драми... На крај врв - го лижна лажичето од ќерка ми. Јас и мм скокање па дирекно лажичето на миење. Таа го крена носот.
    Цели два сати го чекавме ручекот бидејќи ете чекаа некои роднини да дојдат. Ќерка ми почна да плачкара за спиење. Чекам јас со млекото за да ја заспијам ама баба не ја дава. Сака пред луѓето да ја заспие за да речат колку добра баба и го нарани и го заспа бебето. Ќерка ми се опира, турка... Кај сака бебе од 5,5 месеци да заспие кај непознат. Јас и викам дај ми ја нема да заспие без млеко, таа - и јас изгледав три деца. Мм пак трагедии, комедии и на крај со сила и ја заде. :headbang:
    Конечно си заминуваме и Величенствената трча (буквално) за да седне напред. Господе Боже, јас секако седам назад со децата. :x
    По пат за дома - кавга измеѓу Величенствената и мм, за колата, за глумењето пред народот со детето , бла бла бла
    И конечно дома во мир и тишина ама главата ме заболе. :(
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ах anina како да ја раскажуваш баба ми. Секогаш пред луѓе не ранела мене и брет ми, ама кога сме биле сами да сме цркнеле за леб нејзе немало да и биде гајле.
    Добра работа кај тебе е што мт те поддржува и тој се расправа, така да ти бар нема да си трошиш зборови. Татко ми молчел на вакви работи.

    Мојава свеки, кога и да одиме некаде таа секогаш позади седнува, а јас колку пати ете од кејф ке и речам да седне напред, таа никако несака вика“вие сте млади за напред-а јас веке голема лепота па да се прчам“ цепки ми е срцката.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    anina, од напишаново се гледа дека ти си навистина трпелива и добра личност, би рекла пред се добро воспитана. Особини кои се толку ретки денес, ретки како некоја исчезната штица или билка. После вакви да речам, ексцентрични однесувања од страна на Валиде Султан, и да не влезеш
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А зошто си ти невработена? Ако имате мало дете за кое никој неможе да се грижи те разбирам. Ама детето ќе си порасне и ако тогаш останеш невработена срамота. Илмеда убаво ти кажала ти си невработена и по цел ден си дома мислам дека имаш доволно слободно време кога ќе треба нешто да се плати не и дозволувај на свекрва ти таа да оди демек е постара треба да се одмара успат имаш и ти демек некоја работа и оди ти. Освен тоа ти си му сопруга таа му е мајка ако вие две се скарате за нешто тој ќе биде на средина ниту таму ниту ваму а тоа е доста непријатна работа. Сепак мора да се јаде а мора и сметките да се плаќаат а најдобро ќе биде ако се делите пола-пола. Само не сфатив дали свекор ти и свекрва ти работат? Е сега ако и тие работат проблем ќе ти биде тоа што детето ќе нема кој да ти го чува. А твоите родители? Ако можат пак тие нека го чуваат после работа ќе си го земаш. Верувај ако работиш ќе имаш право на глас ем повеќе пари ќе ви остануваат. Вака и да сакаш да се побуниш за нешто со 2 збора ќе ти ја затворат устата оти ништо не придонесуваш.
     
  7. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    А како би го протолкувале ова: свекрва ви ви праќа поклон по роднина, (не живееме во исто место) и поклонот завиткан а на него пишува: за (само името на маж ми) од мама и тато . А внатре украс , а украсот порцеланска желка кој според неа носи пари незнам што според фенг шуи. :D :D
     
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски

    Вака не сум мажена ниту имам вакви проблеми но јас сум веке 17 и уште малку 18 години истото баба ми и го правеше на мајка ми дури и полошо се додека мајка ми не го седна татко ми и не му рече бирај помеѓу мене и мајка ти навистина можеби беше сурово од страна на мајка ми што му постави на татко ми такво нешто но кога му рече така тој веднаш купи куќа се преселивме и баба ми веке не досадуваше и мајка ми има многу маки претрпувано од баба ми пред мои очи се случуваше се бевме скратени од се за само на баба ми да и се удоволи но тоа е сега си живееме одвоено и немаме такви проблеми (можеби ке речеш од клинка ли ке учам но јас би сакала да го споделам тоа со сите а посебно со тебе зошто претпоставувам колку ти е тешко и сите слики од мајка ми кога плачеше и се нервираше ми се вракаат во глава и и се мотаат како филм и затоа го напишав тоа)исто можеби ке речеш во добра финансиска состојба сте биле па сте купиле куќа но не беше така и мајка ми и татко ми почнаа да работат и кредит земаа само да си заминеме од кај баба ми навистина беше искомплицирана ситуацијата...
    поразговарај со сопругот за такво нешто па можеби ке се спасиш од твојата свекрва чудовиште се најдобро позз
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата дома е тензична. Се дефинираат детали околу заминувањето од тука. Било која алтернатива е подобар избор од психичката тортура на која сум изложена секојдневно.
    Се жали на недостаток на внимание, во оправдано отсуство од дома некој ден ќе сме ја најделе мртва или полошо крива та клета што ќе сме ја чинеле. А мене на мои 20 што ќе ме чинат ? Во животот поминат на секретарската столица најтешко што воопшто дигнала е телефонската слушалка. Дневно зема витамиска доза за "притисокот". Мене денот не ми поминува без таблека Хелекс, Еутирокс, Лорсилан, Пароксетин, Фор Вита анти стрес, Белмиран дан, аспирин и по нешто за главоболка. Денес турив дел од овие во една фиока без намера да ја отворам ако немам неодолива потреба од истото, и помина лошо како и нејзиното расположение. Тактички осмислено напаѓа, преку потсмев и индирекни сугестии, сосема невини. Има вишок слободно време на располагање кое "продуктивно' го користи, мене ме има на репертоар како секојдневна вежба за мозок и имагинација. Арно си решаваше судоку.

    По совет на мајка ми одбегнувам директна конфронтација со нејзините смешни и измислени аргументи, умешно се дистанцирам без да упаѓам во монологот која го води самата со себе. Но насобраниот бес се таложи и не успевам да најдам правилен начин да се ослободам од него бидејќи се чувствувам истоштено и немоќно. Од големо значење ми е безрезервната поддршка која ја добивам од маж ми кој има реален увид на целата ситуација без мое филување да не речам, по пример на некои. Сочувствува со мене и води мои битки, се со цел да ме заштити од безмилосните удари на нејзинот безсрамен јазик.

    Има денови кога немам воља за ништо, утринава залакот ми застана во грло и мирно ја напуштив трпезата, во обид да го игнорирам нападот, тивко кажав дека изгубив апетит и негативното расположение ме обзеде во текот на целиот ден. Затоа фино завртев грб и културно и незабележително одбегнував било каков контакт со неа.
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ќе сфатам дека поклонот не е за мене туку за маж ми. Доколку претходно сте имале недоразбирања ова го сфаќам како директна, детска буцка за тебе. Демек небитна си. :D А доколку сте во најдобри односи тогаш можеби е само некој вид на навика или пак ненамерно. Ама се сомневам дека е ненамерно. Како и да е, мене лично би ми било смешно. Детска работа. :D Ич не би ме засекирало. Ако сака и името на комшијата нека го пише.
     
  11. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    ^
    Односот ни е службен . Туку ова со поклонот не ми се чини ненамерно туку баш е намерно и со цел!
    Пази ова: пред некој ден мм и се јавил на свеки да и каже да му ги прати парите што ни ги должи не е голема сума зашто стварно ни требаа да не не бевме во моменталната состојба што сме немаше да и ги бара зашто како што напоменав мала сума е. Ама она е сватила дека сме во ситуација дојдени до баш за тие пари, му ги пратила на сметка. И нели поклонот како што кажав што е според неа носи пари и срека незнам што според фен шуи. Тоа со други зборови вака: "Сине ова е поклон за тебе ке ти треба пари и срека со таква жена ( нели како мене) Што јас моментално не работам туку дополагам испити и курсеви и маж ми ме финансира а барам работа неколлу месеци. Да не бидам злобна и да нагодувам можеби и била со добра намера , туку и на мм му стана незгодно. Како и да е свекрва не може да мисли за тебе како мајка, јас ја почитувам дека му е мајка на мојот сопруг и така ке остане од моја страна.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Иако е далеку, сака да доминира.
    Буцкало, демек сине еве ти ги парите и те поздравуваме со желкава, да не ја слушаш многу снаата, што те натера да ни ги бараш парите, оти ти никогаш немаше да ги побараш.
    Не земај при срце и онака се подалеку, а за вакви ситни работи ќе прави, за да ве потсети дека е присутна.
     
  13. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Абе нели спомна дека го пратила по роднина? Па можеби затоа го пишала името на маж ти, демек да се знае до кого треба да стигне. И да не е така, полагај си и учи си и ич уво да не ти чуе, добро те советуваа дека ова се детски буцки
     
  14. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    652
    ^ ха ха дааа роднината е сестра и која живее во нашево место и и беше на гости неколку дена, така дааа :lol: осечам е правено детална анализа на тема : Снајка :D
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    21.336
    Пол:
    Женски
    А тебе што ти е гајле што сакала, што мислела. Која и да и била намерата, затоа што ти не си ја сфатила, не допрело до тебе. Што значи 1-0 за тебе. Не се замарај. Правеле анализа, немале попаметна работа. Штом не ја гледаш не паѓај на вакви провокации.
    И мојата свекрва стално знае да каже и да направи нешто демек мудра мисла во завиена форма, јас изигравам глупи август и на крај испаѓа што сакаше таа да каже :lol:
    На оваа твоја ситуација јас вака би играла. Значи немој да и се јавуваш или ја бараш или било што. Ама кога ќе ја видиш речи леле што убаво украсчето, кај ти текна бе, викаш и пари носи е фала ти. И дубарата со непишување на твоето име, со поклонот демек пари немате ќе и биде неуспешна.
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ај барем вас ви пуштила поклон. Мене мојата ми донесе една чинија грав (само за мм). Го оперирав прастот пред 2 години и нормално дента умирав од болка. Ручек имав, не побарав ама мојата свекрвица дојде со чинијата, за да јадел мм. Леле мили Боже, ам син ми? Ако веќе се грижиш, погрижи се иако немам потреба од тебе.
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам да ја објаснам ситуацијата со свекрва ми и очекувам да ми кажете дали е тоа проблем или не и ако воопшто го сметате за проблем, како би реагирале вие.
    Свекрва ми прави премногу делба измеѓу мм и девер ми а со тоа и измеѓу мене и јатрвами и што е најтрагичо ни ги дели децата.
    Во девер ми се крсти. Кога тој доаѓа од работа трча да му свари кафе, па бла бла 300 муабети како поминал на работа и сл. Му помогнаа да го среди вториот спрат од куќата за да можат да живеат одделно. Му помогна и свадба да направи. Не велам дака ја платија цела ама сигурно некој дел дадоа, пошто се жали дека паримногу потрошила тогаш. Го жали дека работел и сл. ММ пак го присилија (да не објаснувам детално) да се исели од куќата и тоа со изговор „Ако имаш пари напрви куќа кај што е гаражата, ако не, незнам што да речам.“ или „Едвај чекам да се земите и да се преселите“. А каде да одиме бре жено? Мм работи по 14-15 саати на ден и ни еднаш не го прашала како е. Кога се правеше свадбата наша верувајте и кифлите му ги наплати. Буквално.
    Јатрва ми е „кутра, со две деца“. И ги збира алиштата. Ги мие чиниите. Ги чува децата за таа да се одмори зошто главата ја болела. Ако јатрва ми кивне, 5 пати ќе и се јави за да ја праша како е. Јас - не постојам во ни една смисла. Се породив со царски и не ме ни праша дали ми треба нешто.
    Децата на девер ми се исчувани до немајкаде. Ги чува за да одат на работа, за да одат на роденден, за да се измијат садовите, за да се искапат родителите, за да го испијат кафет и сл.
    Моите деца не ги ни гледа. Значи ако не излезам надвор со децата, цел месец нема да дојде да ги види. Ако децата на јатрвами настинат додека одат овие на доктор 10 пати ќе звони на телефон да праша што и каде. Ако моите настинат, не ни прашува. Оди до продавница со двете деца на девер ми а моето седи надвор и ги чека. Кога ќе дојдат децата јадат смоки а моето ги гледа па морам да одам да купам. Кога се породи јатрва ми одеше да носи влошки, портокали, сокови за млекото итн а кога се породив јас не ни дојде.
    Делени сме сите со таа разлика што тие живеат во иста куќа на два спрата а ние одма до нив направивме куќа т.е. куќите ни се лепенки. Јас никогаш не сум се искарала со свекрва ми. Ни еден единствен крив збор во 6 години брак. Ја толерирам до крајот на моите нерви. Ајде да речам ја почитувам. ММ многу често се кара со неа ама јас и децата не сме криви. Ипак тој се кара заради оваа поделба. Ете не барам во ни една ситуација да ми ги чува дацата или да ми изиграва слугинка ама па ме боли што во 5 месеци откако е родена ќерка ми вкупно, не знам, дали половина час ја има држено во раце. Не од што мора туку од што и е мило, внуче. Кога се омажив јас едното од јатрва ми имаше 2 годинки и нонстоп трчаше по него. За второто да не кажувам, го додржа в раце.
    Најтрагичното се случи денеска. И кажувам како на човек дека бебушот го извади првото запче и таа ми вика „Сега? Муце мало. Мала не е? Еве моите двете извадија на 8-9 месеци. И *** и *** (читај имињата на децата на девер ми)“
    Твоите двете????????? А моите чиви се??????????? Како со комшика да прави муабет па си кажуваат за децата. Не знам дали ова го прави намерно или не е свесна. Не знам ни воопшто како да изреагирам.
     
  18. dimitrijce

    dimitrijce Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Prvo zdravo na site normalni Feminki ,oti gledam tuka ima i za zal nenormalni! Samo ke kazam : kako ne vi e stram ,i do kade mozi da odi toj zabegan vas mozok ,tesko toj sto ve ima vo kuka so gospod na pomos ! Otvarate bezbroj profili ,poigruvajki si so makata i broblemite na onie luge koj navistina imaat potreba da se iskazat za svojata maka ,bidejki za toa se otvoreni ovie temi besramnici nedodelkani .I dodeka nekoj ceka nekoj sovet da dobie ili mislenje ke zadocni da slusni ,bideki nekoj od drugata strana brza za vas idioti da vi odgovori i islusa !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
  20. dimitrijce

    dimitrijce Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    IZVINI ANINA ova ne bese za tebe nameneto ,ova bese za site onie sto otvaraat poveke profili so izmisleni prikazni ,i pritoa kikotejki se pozadi monitorot ,na greska mesto stisnav kopce soryyy i pozdrav
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.