Анина верувај дека знам како е кога така се делат децата или внуците. Моите баба и дедо кои инаку живеат со вујко ми во иста куќа ( мајка ми има уште една сестра мажена) освен братучедка ми ( ќерка на вујко ми кој е разведен и има друга жена сега) како други внуци да нема така се однесува. Кај нас не се сеќавам баба ми кога последен пат дошла а ниту пак кај тетка ми не оди. Кога јас последен пат бев кај неа ми кажуваше дека на братучедка ми и дала 100 денари за влошки и 100 за кафе на базентот а мене едвај собра 20 денари да ми даде и тоа железни како од црква собирани повеќе немала. На братучедка ми за роденден илјада и кусур денари мене само петсто. Не ми е се за парите ама на некој начин не дели а за неа треба сите да бидеме исти. На братучедка ми од црквата и купувала маици, гаки, чорапи и дури гордо се фали и го кажува тоа на мајка ми. А освен таа братучедка има уште 4 внуци. Во село лани цело лето 2 декари тутун береа и таа и дедо ми ем луѓе во години се по 65/66 години сите пари на вујко ми. Зошто? За тој да си прави забави по кафани ваму таму за џабе. Во село имаат кромид лук такви работи садено ветуваше веруваше демек на мајка ми и тетка ми ќе дала по некое кило демек да не купувале на крај вујко ми целиот го продал и априте во џеб си ги ставил. И ред други работи да не набројувам. Се однесува како да има еден син и една внука. Дури што летото многу пари тутунот го нижеа на тетка ми на машината кај неа дома на нејзина сметка струја дури ни затоа не и даде пари. Инаку ти не ќе биде лошо некогаш д аи го плеснеш така кога ќе ти спомне дека освен децата на девер ти таа има и други деца. Сега се сеуште мали ама верувај по 10 години и тие ќе почнат да сфаќаат некои работи и ќе им биде јасно. Чим куќата ви е лепенка ептен сте блиску по 10/15 години вашите деца заедно ќе растат и ќе пораснат и ако свекрва ти продолжи со ваков однос да ги дели па твоите и децата на девер ти меѓусебно нема да се поднесуваат од таа причина. И тие и се внуци и твоите и се внуци. Може затоа што девер ти прв се оженил може затоа нив повеќе ги "сака" ама сеедно тоа се деца по некое време ќе станат почуствителни вакви делби не се убави.
Анина верувај дека знам како е кога така се делат децата или внуците. Моите баба и дедо кои инаку живеат со вујко ми во иста куќа ( мајка ми има уште една сестра мажена) освен братучедка ми ( ќерка на вујко ми кој е разведен и има друга жена сега) како други внуци да нема така се однесува. Кај нас не се сеќавам баба ми кога последен пат дошла а ниту пак кај тетка ми не оди. Кога јас последен пат бев кај неа ми кажуваше дека на братучедка ми и дала 100 денари за влошки и 100 за кафе на базентот а мене едвај собра 20 денари да ми даде и тоа железни како од црква собирани повеќе немала. На братучедка ми за роденден илјада и кусур денари мене само петсто. Не ми е се за парите ама на некој начин не дели а за неа треба сите да бидеме исти. На братучедка ми од црквата и купувала маици, гаки, чорапи и дури гордо се фали и го кажува тоа на мајка ми. А освен таа братучедка има уште 4 внуци. Во село лани цело лето 2 декари тутун береа и таа и дедо ми ем луѓе во години се по 65/66 години сите пари на вујко ми. Зошто? За тој да си прави забави по кафани ваму таму за џабе. Во село имаат кромид лук такви работи садено ветуваше веруваше демек на мајка ми и тетка ми ќе дала по некое кило демек да не купувале на крај вујко ми целиот го продал и априте во џеб си ги ставил. И ред други работи да не набројувам. Се однесува како да има еден син и една внука. Дури што летото многу пари тутунот го нижеа на тетка ми на машината кај неа дома на нејзина сметка струја дури ни затоа не и даде пари. Инаку ти не ќе биде лошо некогаш д аи го плеснеш така кога ќе ти спомне дека освен децата на девер ти таа има и други деца. Сега се сеуште мали ама верувај по 10 години и тие ќе почнат да сфаќаат некои работи и ќе им биде јасно. Чим куќата ви е лепенка ептен сте блиску по 10/15 години вашите деца заедно ќе растат и ќе пораснат и ако свекрва ти продолжи со ваков однос да ги дели па твоите и децата на девер ти меѓусебно нема да се поднесуваат од таа причина. И тие и се внуци и твоите и се внуци. Може затоа што девер ти прв се оженил може затоа нив повеќе ги "сака" ама сеедно тоа се деца по некое време ќе станат почуствителни вакви делби не се убави.
Па ти си среќница. Не и се замарај, поарно за тебе. Што мислиш да почне да ти се меша во сите манџи како кај другите феминки. Опстануваш сама? Гајле ти е. Некои родители не ги делат децата ама некои да. Ако јатрва ти е прва снаа најверојатно така ја издресирала. Дали купила смоки или не помалку важно, ти гледај со мажот да ти е во ред, ионака сте делени.Ако ти направи муабет направи и ако не врви си по патот. Не велам дека е така, ама ова кај тебе ми изгледа малку како завист. Не можам да отценам дали таа тоа го прави за инает, или толку и сече. Најверојатно се врзала повеќе за првите внуци и мисли дека тоа е доволно, не размислувајќи дека со нејзиниот однос повредува некого. Штом не ви се меша во животот да ви прави кавги, немаш потреба да се нервираш за глупости (барем за мене се глупости).
Анина далерон има право, знам дека боли што ве двои, посебно за децата ама верувај ако почне да ти се меша во се дури тогаш потешко ќе ти биде. Замисли да почне да се занимава со тебе, па да ти кажува како се чуваат деца, како се готви итн. И така барем си знаеш дека се што имате сами сте го створиле, сама си ги гледаш децата, фамилијата- и ние се што имаме сами сме си обезбедиле па нема да се осеќам должна на некој некогаш. Така и вие, штом е нон стоп со нив и кога ќе има потреба од нешто они нека и помагаат, ама секако тоа маж ти ќе и го каже ако дојде ред, ние снаите мирни ќе бидеме. Да не пишувам многу, знам дека е тешко и боли ( твоите дечиња нели се внучиња) ама поарно, иако ова е проблем реално ( тоа беше прашањето). Ситуацијата може само маж ти да ја смени или барем да проба ама па со сила убавина не бива. По твоите постови заклучив дека си паметна и јака жена, ќе излезеш на крај.поздрав.
Анина двоењето на внуци никогаш нема да се смени. Не знам зошто бабите постапуваат на таков начин и двојат, меѓутоа знам пример каде тоа се случуваше на блиска личност од страна на баба и`, а веќе сме возрасни и знае да ми раскаже кога и да ја прашам. Случајот е горе - долу сличен на твојот. Мајка со двајца синови ги дели своите внуци со пари, внимание или поклони. Мојата кума често знае да рече дека и е криво што гледала како нејзината баба им подарува чоколада на браучедите со кои живее, а ним што живеат на друго место не ги ни погледнувала. Така остана до денес. Од страна на татко и`, бабата си остана таква каква што е, од страна на мајка и дури и со повеќе деца тие посветија на сите внуци внимание. Како три деца, кумата моја заврши факултет на еден од најтешките на уким, заедно со нејзиниот брат и сестра. Другите што беа повеќе размазени останаа на село со баба им и чоколадцата и смоките. Се` што можеш да сториш е да го ублажиш двоењето лично ти како што гледам дека правиш. Значи со смоките и со чекањето пред продавница. На децата за жал ќе им остане како белег тоа. Тука неможеш да направиш интервенција и да исчезне. Децата гледаат, гледаат многу повеќе и впиваат како мали од самите возрасни. Сепак, не значи дека истото ќе им влијае како личности или ќе им набие комплекси. Единствено е што ќе ја паметат како лошата баба што на матури, дипломски и битни животни прашања нема да е тука од срце да се израдува. Поздрав
Имам една другарка која мака мачи со свекрвата, горе доле слични проблеми како повеќето постови што ги прочитав (живеат заедно, ама таа-свекрвата е многу скржава -векорот веројатно или умрел или е безгласна буква штом не се секавам дека ми го спомнала- како и да е, се запрепастив кога ми кажа случка како свеки и префрлила дека многу трошела влошки кога имала мензис, пошто она проверила на влошката и имало (пре)малку крв за да се смени....Ми се згрози душава ама ете, и тоа има. Другарката е во фаза на барање работа, се надева дека само така ке се променат работите.
Само да прашам а сверква и после неа влегува во веце, брка во кантата за отпадоци и проверува колку крв имало на влошката? Мислам од такви жени аман. Ако не ја смени влошката ќе си ги извалка и гакичките и тренерките. Подобро да потроши 2 влошки повеќе отколку секој ден да пере гаки и тренерки.
Да, така било. И тоа ова се има мислам случено после породувањето, ама ај не сакав да навлегувам. Дегутантен пример е. Буквално, ја прегледувала влошката а потоа и тупосала дека се расфрла со улошки без потреба!!!!
Ако улошките беа без потреба никој немаше да ги користи. Мислам сеедно што е претерано претерано е ама има секакви луѓе.
Другарка ти под хитно треба ново место за живеење да бара, не само работа. И ајде свекорот, а мажот? Каде е тој во приказната?
Кога бев помала со брат ми еден период сакавме баба ми и дедо ми од село да живеат со нас. ( од на татко ми страната ) Мајка ми не разубедуваше дека ако дојдат тие ние ќе немаме наша соба ќе треба да им ја дадеме ним и со тек на време и не го ни спомнувавме тоа со брат ми. Така сме размислувале затоа што многу деца седеа со бабите и дедовците а јас и брат ми требаше сами да седиме немаше кој да не чува. Не седевме некој долг период смаи ама мајка ми одеше во смени и 2/3 саата додека дојде татко ми сами седевме. Дури денес ја разбирам вистинската причина зошто мајка ми и татко ми несакале да живеат со нас и зошто уште тогаш кога се зеле си сакале и направиле своја куќа. Многу е подобро. Ние порасневме јас и помагам на мајка ми колку што можам. Едноставно како да објаснам друго е кога имаш своја куќа, совј дом свој спокој и мир. А ако живееме со баба ми таа некогаш сто псото за нешто ќе и префрлаше на мајка ми или нешто. Таква е жената. Вака во своја куќа кој може да и пререче нешто? КОга си дојде од работа некогаш е уморна и сака да одмори, некогаш пак пере, чисти и така натаму. А со свекрва животот е многу поразличен секаде ќе ти се меша. Ретки се тие свекрви што снаите ги прифатиле како ќерки. Нема снаи кои не се пожалиле од свекрвите. Вака подобро е одделно и доволно е барем еднаш неделно да се видите па и немора.
и ова ли го има по светов?А јас мислев мојата претерува кога ке ми даде пари влошки да и купам Како не и е гад да чепка во корпа со отпадоци па уште и влошки да отвара Друг пат другаркати нека стави нешто друго внатре па кога ке отвори свекрва и да се потресе малце повекје
денес мојава свеки ми го по... ручекот .по се на се можам да пишам само одвратна жена.лани имавме тешка брачна криза,јас бев разочарана од многу нешта во животот,меѓу кои најболно ми дојде разочарувањето од реалноста каков е маж ми,а воопшто не гледав во врска дека е таков нестабилен за сопствен став и главно финансиски и психички зависен од мама и тато(иако се менува постепено во последно време ама навиките тешко се менуваат )и сакав да се разведеме.он одма им кажа на неговите се нацртаа кај нас и од зимата до сега со мали паузи од недела-две ни се мешаат буквално во се.зимата останав без работа и без финансии даваа ама за се да се замерело па кај си цел ден (јас или кај моите или на муабет со некој другарка зошто не ја трпам свеки да ми прави ретроспективи на нејзината младост)па зошто со другарка имаш сега маж трбеба да го переш,чистиш бла бла просто неподносливо и барав работа во меѓувреме не дека не,ама не ми беше целта да работам било што,ама откако ме побудале оваа свекивово арно што најдов нешто со редовна плата и осигурање пролетва да ми се отараси од финансиската контрола нејзина(иако сфаќам кога сум дошла да зависам од нејзини пари има право да си прави со мене што сака ).е сега што ме изнервира си седнав по работа да ручам ај она готви се и преубаво стави супа да ми грее си земав јас по нешто и ми дроби салата зборови ти снао вака/така еве работиш,син ми исто(ама ко да не работи,иако за пофалба е месецов зема диплома од факултет вонредно барем неговиве го присилија да доучи му треба за на работа да напредува па ќе видиме дали ќе има и плус на плата)и сега нас ни требаат нашите пари вие живејте со вашите и ти се да му правиш на мм како што треба и ако се пожали он на тебе готово е,лани ти викаше за развод ама сега ние ќе речеме развод и така ќе биде .вчера и викам другарка моја роди близначки и успеа инвитрото она ние во наша фамилија не сакаме деца вештачки правени(имам пишувано на оваа тема имам проблем со зачнување спонтано и советувана сум да допробам спонтано ама да примам лекови и да преполовам килажа или во краен случај да започнам со инвитра па ако фати фати ).јас и викам ако сакм да бидам мајка ќе бидам, она вика син ми нема шанси да дава семе јас и викам ако треба од друг маж донор ќе биде семето сакам да родам,она вика тоа нема да е дете на син ми,јас и викам зарем ако он го гледа ко татко не ли му е татко?она вика ако господ не ви даде природно па и така живеј те си(инаку другат снаа 12години така си ѓивеат бездетно фујјјј)демек и тоа бил исполнет живот,јас и викам за мене не е и ќе пробам се да родам било како барем на старост да си речам ете се пробав па ако не може ќе си посвоиме и и се дигна коса на глава кај нив во фамилија немало така туѓи деца и ај што со ваков олдтајмер?????ми се гади од неа
Виши, маж ти подбери го. Доволно е возрасен да носи свои одлуки! Свекрва ти ќе ти се меша се додека маж ти и дозволува. Ептен го разлигавиле па за се бара амин од родителите. Моj совет ти е да не и дозволуваш на свекрва ти да ти готви, ништо, сама прави си сѐ што ти треба. И не и се правдаj што мислиш, како мислиш да заберемениш, туку игнорираj jа кога ќе почне со такви муабети. Прави што ти кажува гинекологот, ако треба да ослабиш, слабеj, тераj си по свое, а она може само да збори и толку. Се додека и обрнуваш внимание, она мисли дека е интересна. И моjата знае да ме изнервира, ама jа и врќам веднаш, па кога нема аргументи менува тема. На почетокот се нервирав, ама веќе ич или барем така ми се чини.
Многу си ја чепнала кај што не треба. Кај и се застарени сваќањата, уште си и рекла дека ќе се остваришп како мајка па и по цена да земеш сперма од друг донор. Тие работи не одат така. Јас ЦЕЛОСНО ТЕ РАЗБИРАМ И ПОДРЖУВАМ во желбата и намерата да станеш мајка, но немој тие работи на свеки така да и ги кажуваш.Вака само галамиш, а во спротивно „тивка река брег рони“. Сепак и мајка му свати ја, мислам стави се во ситуација ти да имаш снаа и да ти рече дека ќе живее со син ти ама ќе роди дете од друг.Не иде тоа. И земи го тој маминиот син, кој што очигледно бракот го препуштил на тебе и мајка му , и направете нешто. Тој се додека е под притисок на родителите, нема да се одлучи на дете со инсеминација или инвитро, пошто тие неговите имаат бубачки во главата, да не им се подметне нешто туѓо. Мислам да престанеш со таа свеките да зборуваш освен службено и фати го мт под свое, но не со кавги туку со арно односно „врзување машни“, иначе...отиде све у џавола.
Се мислам сите оние кои денес за се` ги криват свекрвите, еден ден кога нив ќе ги нема како ќе ги решаваат проблемите со сопствениот маж? Генерациски се наследуе кривицата (свекрва - девер/золва - нивните деца/внуци)? Јас знам мажите и децата на сите ни` се најдобри ... не за друго, ние сме ги избрале (мажите де). Ама, малце одговорност напрајте да почувствуваат... за ваше добро ви зборам. Ако утре немате доволно авторитет над мажот за една почит да заслужите, џабе ви е се`.
Дефинитивно може свекрвата на темата да збори што сака, ама мажот е тој што треба да се реши дали ќе оди на вештачко оплодување или не. Таа не игра никаква улога, и на ниедно испитување не бараат документ од свекрвата Затоа и тука единственото решение е нему да му се делува. На крај на краиштата и за оплодување со друг донор или посвојување, тој е тој што се прашува.
Виши ептен си ја спотерала работата со свекрвати до бескрај. Такви разговори никогаш не водат до позитивен исход. Немало потреба ама баш ич да споменуваш туѓ донор, така ти не добиваш ништо позитивно, туку напротив уште повеќе ја вжештуваш ситуацијата. На крај краева, каде е мажот ти во целата оваа ситуација, како и во сите други препукувања? Разговарајте со мажите за сите одлуки и планови, зашто не се свекрвите ваши животни сопатници!