1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    И Виши може малку претерала, ама па што свекрвиште ке беше оваа нејзинава. Сега тие ке рекле за развод. Па тогаш мама нека спие до него кога тој ке се разведе од Виши и мама нека му роди едно дете.
    Ментална.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.022
    Виши, а што викаш ти воопшто да не разговараш со свекрвата за интимни работи кои ве засегаат само тебе и маж ти? Ако почне да ти збори ти фино лепо извини се и излези од собата, не се спуштај на тоа ниво да тераш инает со стара и терсене жена, на себе само полошо си правиш!

    Ама да знаеш, твојот проблем не е до свекрвата, туку до маж ти! Ти него треба да го седнеш на маса и убаво и надолго за разговарате за вашите проблеми (бебе, развод, планови за иднина) а се додека мама му е портпарол, вие само си тапкате во место.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Виши имаш пишано дека родителите на маж ти живеат во странство. Кога ќе си отидат убаво седни го маж ти, разговарајте за се и со него договори се. Мислам свекрвати да може ќе легне и со вас да спие ама покажи дека ти си му жена ( животен сопатник), вие треба да решите како ќе дојдете ди бебе или дали ќе се разведувате или не ( не те побарала за жена свекрвати????).
    Како што кажаа и др.феминки- маж ти е крив, тргни од суќната на мајка му ( си почнала да работиш, значи не е дека зависите од нив- се сеќавам што имаш претходно пишувано), не мора толку да и ќути.
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.341
    Пол:
    Женски
    Ауууу Виши бе муабетов со свекрвати еј за семето на синот, одвратен муабетов :puke: Полека бе нејзе најде да и објаснуваш. Абе што помалку знае тоа подобро. Држи си дистанца бе. Мојата свекрва се труди многу да ми се доближи, ама не не, вака е подобро кога главниот наш муабет е за времето надвор.

    Па супа ми прави, па салата ми дроби. Не ти е добра работава. Па затоа ве рачуна за деца, затоа што ве гледа ко деца. Колку сака нека е фрик контрол, од утре си застануваш и си дробиш сама салата, си спремаш јадење и после јадење си раскреваш и миеш чинии. Вака ништо не постигнуваш.
     
    На Daydream, baby-star и SimonaTino им се допаѓа ова.
  5. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    иренче покрај ваква свекрва се што си правам за јадење јас сама лично е нездраво а нели треба да ослабам,се моето не чини,се јас незнам да измијам асално зеленчук,имало ешерихија после :@ се јас не знам да испржам месо како што треба,листерија иимало :@ она наутро додека доручкувам ми држи лекции како се лади кафето побрзо,како треба пешкири за раце да менувам секој ден бла бла уште да почне да ме учи паста за заби како се користи и влошки како се мнуваат :devil: .вие луѓе не разбирате или можеби разбирате какво е моево свекрвиште абре ако она не префати со свои раце било што ко да не е направено како треба.еве мм дипломираше вонредно и претходно ми кажа што да му купам за подарок откако го распрашав и и кажувам на тел. на мајка ми да провери за тоа што сакав да му купам и свеки слуша и и кажав ете така и така и дека планирам да купам ама да добијам плата,и еве ти ја утредента она го купила тој подарок :@ а мм убаво и рекол жена ми се накани да купи да не купи и она во меѓувреме па да добијам дупли подарок.следната недела викнавме поблиски пријатели да прославиме и она ми бира што да облечам од алиштата што на тони ми ги подарила досега,се убаво избра фала и но каде е тука што јас мислам???за многу нешта сама сум виновна знам,она си опипа терен со мене виде може на глава да ми се качи и сега ми е таму и ми скока,ама на старт кога се запознававме/договаравме за свадба мм,тогашен дечко само вака ми рече како мама ќе каже така прави не и се спротиставувај дека со срцето не е добра да не ја фати срцев удар и јас си запамтив и ја испоштував за се буквално,сега договаравме за некои ситници ама се беше нејзин план и многу згрешив што за се и угодив сега немам раат од неа,но проблемот е што она е таква и јас и мм сме на нејзина територија вотаканаречениот нивни стан што требаше да биде подарок за мене и мм.инаку искрено одвј чекам есен да дојде да се тргнат мама и тато на мм понастрана колку е можно и јас и мм да одлучиме до кај сме и на каде тераме.инаку вакава свекрва никому не посакувам дава пари,дарува подароци по нејзин кеиф фала и но ништо од ова не ми треба освен личен простор за слободно живеење и донесување слободно на одлуки за потомство и х теми а не во нашата фамилија се прави вака/онака нема како ти што мислиш/сакаш.ви се верува ли дека со цел памет ми има речено мило ми е што не си глупава инаку никогаш немаше да дозволам син ми со таква да се ожени демек неможе секаква да ни влезе во фамилија ццц :devil:
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.967
    Пол:
    Женски
    Искрено ако се прашувам јас Виши, муабетот со другиот донор (при здрав маж дома) не да ти е претеран, до немајкаде ... по пријавување на мт во полиција и после враќањето назад молечки после тоа, овој муабет ти е втора најголема грешка.
    Дали си свесна дека колку и да те сака(л) мт, правиш работи со кои страшно го ладиш и оддалечуваш од тебе? Дали си свесна дека ради твојата опсесија со што рекла или направила свекрва ти самата, да, добро прочита, самата (со помош на мт) си го направи бракот во нешто што се влече на сила како со клешти?
    Извадете кираџиите од станот твој и одете со мт таму. Зошто да не? Свекрвата да не е по некој закон должна да ти обезбеди сместување? Зошто воопшто и стави кираџии таму знаејќи ја каква е?

    Не ти се свиѓа што ти се меша? Ајде тогаш, вадете кираџиите и твој кров твои правила. Пошо без разлика каде се низ белиов свет, тоа е нивна куќа и си сакаат да си наметнат нивни правила.

    И мислам дека се плашиш да го прашаш маж ти што мисли за ова. Можеби тој едноставно сака дете да има на традиционалниот начин. Но, полесно е само свекрвата да е крива. Не смееш да ја игнорираш неговата желба. Не, ако планираш да седиш во станот на неговите (да, тоа е стан на неговите) и да му бидеш негова жена и утре тој да биде татко на тоа дете. Во спротивно, очекувај уште поголем пекол, што уште потешко се издржува со дете и го издржува дете.

    Kaмо да дискутираше со мт на тема фертилизација колку што разговараш и и` објаснуваш детално на свекрва ти...
     
    На Daydream, do-re-mi и bittersweet им се допаѓа ова.
  7. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    правиме муабет и со мм,он вели како сакаш ти иако он е повеке за да доиспробаме се на природен начин.а за инвитро проблем мене лично ми се финансиите,и ако се решиме ке треба барем пола средства неговите да ни дадат а тоа нема да се случи,бидејки се што му даваат од нив на мм он дава отчет каде одат и ако каже за инвитро тешко дека они ке дозволат :(
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.967
    Пол:
    Женски
    Нели земаше кирија од станот твој? Нели имаше лични финансии? Што треба они да ти даваат? Собери неколку кирии и готово. Сега ем ги напаѓаш неговите вакви такви биле, ем пак од нив бараш за фертилизација (па си им спомнала уште друг донор, по тоа, ко шо се традиционални, рачунај дека ќе ви дадат... на никогаш).

    Ете гледаш. И нему не му е сеедно. Размисли дали сакаш фамилија со човек со којшто имате различни сфаќања на темава. Со човек којшто би преферирал традиционална метода пред епрувета? Размисли. Затоа што и таткото треба да се праша за темава и неговата желба да се испочитува.

    Веќе втора година или повеќе помина откако си во брак и доволно е само да видиш на темава дека проблемите даааааааааааалеку имаат натежнато над убавите моменти. :worried: Бракот е забавиште во споредба со детно семејство. Ако сега ти е потешко, со таква комуникација, со маж зависен од родителите и не многу помалку традиционални гледишта од нив, ќе ти биде 100х потешко. Како го замислуваш мт како глава на семејство, кога главата на вашето семејство, се`уште дозволува да се неговите?
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.341
    Пол:
    Женски
    Виши скроз рабирам верувајми, една таква имав дома триесет години. Мојата мајка е фрик контрол дури и малку по екстремен од свекрвати. Се после нас ги преправаше работите. Твојата свекрва може вода да и носи. претходно неколку страни го имам ова пишувано. После мене ги препружуваже алиштата, е зошто, е гаќите ѕиркале, или штиплите не биле добро ставени, јас и викав како ти текнуваат вакви работи бе. А твојата свекрва го става зеленчукот во оцет да отстои, моја мама да. Од раце ни го земаше да го премие. Бришам прашина, она по мене пак поминува и ги преместува рамките за слики да бидат исто. Чистам со правосмукалка, ѕирка позади комодата дали е поминато. Дури кога се возевме во кола на татко ми му кажува како да вози и каде да се паркира, а замисли не е шофер. И милион други работи.
    Јас ја сакам најмногу на цел свет, ама многу е тежок живот со таков човек. И затоа после дував и на ладно. Односно несакав ни под разно да живеам со свекрва. А ја насетив и она дека е исто така контролор ко мојата. Па сега сме задолжена до гуша, ама сме многу среќа. И замисли ништо не ни фали ни нас ни на куќата и наранети и испрани, иако немаме контролор.
    Да се расправаш гласно не ти вреди, да се закануваш со развод (ако не го мислиш серизно) да блефираш како што направи, уште полошо, не те сфаќаат после сериозно.Ќе си го начекаш маж ти кога не е под влијание. Вас ви е бар лесно имате каде. Нему треба да му расчистиш во главата дека одлкуќите ќе ги носите вие ти и он, а не и она. Какви кирачии во твојот стан. Знам дека пишуваше да он несака да живеете кај тебе. Епа убеди го во прв време, само кога се неговите тука , вие да одите таму. Жали се дека ти се губи комодитетот, дека едноставно не си научена во гужви. Чекор по чекор
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.130
    Допаѓања:
    64.666
    Пол:
    Женски
    Мене лично па ми е мачно да ги следам постовите на Виши, толку ми се непрегледни, конфузни и недоследни, всушност не знам на крај ни што сака да каже авторот.

    Ово со маубетот со свекрвата за семето |( на сопругот (тоа дека две "високо" образовани жени не можат да го кажат зборот сперма) ми е толку мизерен што не знам ни што да кажам. :x
    Муабети за инсеминации, туѓи донори, викање оп пред да се скокне, по другите теми пишува дека сеуште ги нема направено ни основните прегледи ама со свекрвата разврзува муабети за туѓи донори и сега тоа не е брцање на свекрвата во џигер, кажувајќи и дека син и е стерилен иако и самата не знае дали е или не е?

    Инаку не, не е нормален муабет за со свекрва, тој муабет е за меѓу брачните другари и да има проблем пак се решава меѓу брачните другари а не се вклучува во муабетот целото семејство, тие на таа тема не треба да имаат било какво мислење.
    И мојот сопруг си е близок со родителите, посебно со мајка му а никогаш не и спомнал дека имам каша попара репродуктивни органи ниту пак таа прашала зошто немаме деца, пред да имаме. Тек сега кога го родив вториот син кога ме праша зошто не сум сакала со царски да се породам, зошто беше огромен и кажав за операциите пред тоа што сум ги имала и дека со царскиот ќе завршев со деца а сакав уште едно а скоро 8 години сме со сопругот.

    Мене ми се чини дека единствена причина зошто воопшто и сака дете е за да го добие конечно тој станот што толку многу го посакува демек да и ја исплатат маката што ја трпи а и е самонаметната.

    И во предходниот пост каде за јатрвата која 12 години нема деца и пишуваш фујјј (ме мрзи да цитирам) мислам која безосетност, безобзирност, од каде знаеш дали има мака жената или таков им е изборот, од такт ме вадат жени кој се потсмеваат на други жени затоа што немаат деца........мизерија жива. :swear:

    Сега видов за ин витрото, во Мк се испраќа на инвитро тек после три години пробување и со лекарско уверување за конкретен проблем за кои и впрочем и потребен ин витрото и првите 3 се бесплатни, нема потреба од финансии од свекрвата.
     
    На Daydream, mimiiiii, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.440
    Допаѓања:
    47.919
    Пол:
    Женски
    Виши како бе ваков муабет "како сакаш ти",па мајку му стара не праите муабет каква кола да купите или какви тапети у соба да стаите па да ти вика маж ти како сакаш ти така .За дете за човек станува збор а не за предмет.Како може да биде толку рамнодушен и да не го интересира.Абре маж што сака потомство ке разговара ке анализира ке дебатира ке ги проучува сите опции а нема да вика како сакаш ти.Јас сеуште сум убедена дека тој човек НЕ сака дете.Не сака. Уште ке им се мислам на неговите нејкеле да дадат пари за вештачко оплодување па тука е проблемот.Не е проблемот парата,пошто маж ти да сака ке ги седне па ако треба и со пиштол на глава ке ми ги изнуди тие пари.Пак за дете се работи а не за некој материјален хир па да нејкат да помогнат.А впрочем тука се и твоите ако они нејкат да помогнат не се само на маж ти старите должни финансиска потпора да пружаат. Ете тоа е најтешкиот проблем а не досадната свекрва.Тоа што маж ти е ладокрвен и незаинтересиран за тоа што се дешава околу него.Абе за дете да ми рече како сакаш ти ,жими се никад после тоа нема да посакам со него домашно милениче да имам а не па дете.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    SUPER имаш удрено во сржта на тоа што ме мачи,неговата па не толкава заинтересираност колку што јас би сакала да е заинтересиран :( .а и кога ете ќе реши да истапи чекор нанаоред на пример.крај на зимава ни предложија да почнеме со инсеминации за ако се 4неуспешни да добиеме ваучер од фондот за инвитро и он едвај се реши за инсеминациј се умешаа неговите и го премислија и јас се испоисрамив во очи на тогашната докторка која нормално не препушти по се ова на друг колега.овие стариве во се се мешаат а он ги слуша ко слеп за стап е за нив врзан дури и јас која одамна имам желба за дете покрај него ја снемувам.ме лади тотално затоа беше и кризата лани поради која бев на голема мака да ставам крај на браков.
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.341
    Пол:
    Женски
    Епа зошто сте кажале на старите, ах бре. Си тераш работа и си кутиш. Ќе си кутиш, а ќе го замолиш и сопругот на никој да не кажува, ни на мама, со оправдание непријатно ми е, незгодно ми, несакам да се зборува, ај кога ќе помине се ќе кажеме.
    биди паметна бре, немој за време на ручек вакви теми
     
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    во нивната фамилија ништо не се премолчува,инаку мајка му сама дозна дека имаме мака со природно зачнување откако чистејки низ станов налетала на мои хормонални анализи и ме праша и и кажав,потоа син и го распрашале и што да рече он кога јас сум и признала.сега знам дека згрешив,можев да ја излажам или да и приговорам не е твоја раб.ама ете мојата наивност како ја плаќам си помислив ко мајкa ми е ме сака бла бла и се опуштив.а за BITERSWEET јас не се потсмевам на жени што имаат проблем со зачнување,туку спомнав дека се грозам од тоа што жената на брат му 12 години е без деца и знам зошто оваа фамилија нема тајни ситна глупост е во прашање што вештачки се средува ама нели мама и тато не дозволуваат за тоа е фујјјјот за нејзината летаргичност сама да си помогне,неа исто ко на мм,мојот мм најважни им се мислењето на мама/тато.и јас ги слушам неговите не дека не,но не по секоја цена,и не се грижи семе пишав на форумот а со неа друг збор употребив,бре душебрижници како сум и рекла :@
    инаку иако не е твоја раб.кој се анализи ми се направени или не па да судиш дали сум за инвитро или не но ете да знаеш знаеме цела фамилија што е маката наша.дека син им е стерилен или друго јас не сум толку мизерна ко некој што тука се ќе изнапишат на форум,изнапаѓаат,изнавреѓаат без да прочитаат асално никогаш не сум им рекла и да е така не би рекла а ете не е,ок е мм.инаку не терба 3 години обиди во брак 2 се доволни со наод за проблем за да стекнеш право за прва инсеминација а треба 4 неуспешни за прв бесплатен ваучер за инвитро па BITERSWEET ако си писмена и разумна и добро ме читаш,или си ти конфузна па и јас сум ти зошто читам од другиве форумки и сфаќам дека добро се изразувам штом они ме сфаќаат дека проблемот е што неговите сметаат дека не треаба да дава син им сперма за било што,они чекаат GOSPOD да ни фрли дете од небото како кај другата снашка ама ета таа 12години чека и сакам од се срце да дочека ама мислам дека по се што знам и треба медицинска помош.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.967
    Пол:
    Женски
    Која и да е причината, не е твоја работа да се мешаш во животот на јатрва ти и да правиш споредби. Го правиш истото за што ја осудуваш свекрва ти ...
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    21.341
    Пол:
    Женски
    Полека бе Виши, не ја врти одма работата на карање. Си пишуваш ти реплицираме. Различни луѓе, различни ставови.
    Жената ко мајка неможе да те сака, она само синот ќе си го сака. Ако е скроз стерилен тогаш е друг муабетот. Ама и тоа не треба на памет да го збориш, дали е проверено. и пак со мајка му не треба да збориш, туку само со него. Ако она почне ќе кажеш извини не сакам да разговарам или ќе дадеш некој блед збунувачки одговор.
    Ева јас ќе ти кажам за мојата свекрва. Она е испотресена син и како се храни и да не случајно ослабе, зошто слаби луѓе за неа се болни. Инаку син и има вишок 10 кила и пивски стомак и му смета веќе килажата. И на секое наше гледање меѓу првите прашање е што ручавте денес. Мене ми вика што ручек направи? А инаку најчесто син и готви (и да имаме зготвено, он од мерак си чепка во кујна) е арно ама ова она не го знае. Ние манџи и месишта ретко јадеме. А за неа не е ручек ако нема манџа, или чувај боже нешто готово приготвено да се купи, ко што правиме. И на почетокот ко ќе кажев, одма следеше една грда фаца што ја прави, и предавање колку е важно ручекот да е ваков, таков, онаков, па крвта ќе му ослаби, па болен ќе биде. И се што збори е за него. Демек она и јас едно дете заеднички чуваме.
    Така ли така, решение. Што јадевте за ручек, мммм грашок, од вчера вечер го направив (а врска нема). Како го правиш, вака и вака, а месо, да да. Му имам објаснето на господинот да не писнал, ако не сака непријатни ситуации. И така сите среќни и задоволни. Па сега дури и он измислува. Виде дека така пократок е муабетот за неговото здравје.
    Биди паметна, снајди се бе. Прво со маж ти ќе се договориш никој ништо да не знае. Е така било во нивната фамилија, епа нема веќе, нови времиња. А она кога ќе праша ќе ја смоташ или излажеш.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.616
    Допаѓања:
    103.608
    Пол:
    Женски
    Вишши а наместо да се змараш со јатрва, со свекрва и остале родбине, да си го седнеш тоа мулето што го нарекуваш маж и да му кажеш што мислиш? Ако е од ние што секоја ваша одлука ја кажува на негоите и од нив чека амин за да прифати си го е**ла ежот. Во твојот брак не сте само ти и он туу ти и цела негова родбина. Додека си во стан на свекорот и свекрвати жал ми е ама ќе си ги трпиш. Он таа сака Мама и тате му се пред се. Си земала класично мамино синче, патолошки врзано за неговите. Е сега имаш опција да трпиш и гувееш или да пресечеш и да се спасиш. Трето нема.
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  18. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    NENA така е,лани сакав да пресечам,па и пресеков ама сама се вратив и си реков ќе се борам,ама болат боцките од ежот што на е*** ми се имаат набиено :lol: .затоа си пишувам од мака,вака побрзо ќе ми мине,ќе прочитам и нешто поучно,еве поискусниве убаво се снашле IRENA е мудра со тоа грашокот,јас само не сакав да почнам со бели лаги кажување на мајка му ама ќе морам :( .благодарам за советите,што си кажувате мислења инаку не ја осудувам јатрва ми ,нејзин живот само јас на нејзино место не би чекала амин од мама/тато за нешто рутински што се средува во болница ;) .сепак сите сме различни.а TESI свеки ја осудувам и ќе ја осудувам додека и она мене тоа ми го прави онака зошто она смета дека само она е во право не смеам јас ни да преречам зосшто треба да е друго еве и не по мое на пример друго да биде опција од нејзината,ама ај долга тема свеки моја еве читам не е единствена :lol:
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.616
    Допаѓања:
    103.608
    Пол:
    Женски
    Полесно ќе се избориш со швалерка отколку со мама тоа да ти кажам.
     
    На Li0ness, bittersweet, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    хахаха леле Нена последниов коментар хахахахахаххахахахахха

    ВИШИ мила, мораш мт да си го фатиш со арно или по потреба со лошо. Не е свекрвата крива се додека некој и дозволува тоа да го прави. А кога мт ке застане на твоја страна тогаш ке биде друга приказна. Мораш да најдеш начин како него да го приврзеш, наместо да пишуваш за борбите со свекрвати. Почни од барање совети како со мт да средиш работа за дете.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.