1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.007
    Пол:
    Женски
    Од искуство кажувам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Ок прво прочитај си го целиот пост уште еднаш и кажи дали јас сум конфузна или ти си, сериозно со пост кој има само две точки и ниту една голема буква освен никот мој се сомневаш во мојата писменост? :D
    И да не сум многу писмена јас барем имам оправдување, колку ме научиле дома да читам и пишувам, толку знам ама ти цело време пишуваш како си високо образована а постовите твои сликаат комплетно спротивна слика од таа што сакаш да ја кажеш.

    Како не и кажуваш на свекрва ти дека син и е стерилен кога спомнуваш можност за туѓ донор, туѓ донор се користи кога нема никаква или слаба подвижност на сперматозоидите на мажот а ете и самата кажуваш дека се нема проверено, не гледам на гравчиња јас, што пишуваш тоа читам.

    Мене сериозно не ми е јасно зошто сте сеуште во брак, ти го оставаш си одиш за секоја ситница кај мама и тато, му викаш безвезе полиции, тој и покрај тоа сеуште те трпи, ниту едниот, ниту другиот не водите сметка за домаќинството туку се ослонувате за се на мама и тато а доволно сте возрасни и сега па и од свекрвата ќе чекам амин за инсеминации, пари за ин витро.........глупости живи, разведете се спасете се и едниот и другиот, ово вашето е се само брак не е.
     
    На Bozica1980 и imelda им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Извини вака што се мешам непоканета. Ама јас не сум високо образована и некои работи не ми се јасни. Ако маж ти не е стерилен, зошто би размислувала за донор на сперма? Или само ја провоцираш свекрвата со тоа? Ако провоцираш тогаш очигледно очекуваш кавга, ја добиваш па тогаш ти смета. Епа што очекуваш?

    ОК. Вичи, ако во меѓувреме го избриша твоето мислење, нека си стои моето, оти сепак има прашање на место.
     
    На mimiiiii и bittersweet им се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.068
    Допаѓања:
    143.151
    Пол:
    Женски
    што се случи со коментарот на биттерсвит.го избришаа или ја банираа?!
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Нееее не ме банира, не беше вулгарен постот, малку навредлив ама во одбрана, го избриша Виши нејзиниот кај што ме изнавреѓа па мојот ќе си стоеше така без везе. :lol:

    Да не пишувам уште еден пост, да редактирам.

    Едниот јајник ми е изваден на 20 години поради малигнен тумор, примав и радиотерапија превентивно за да не се рашири, на 25 ми е правена втора операција повторно поради тумор на другиот јајник па и дел од тој јајник ми е отстранет само овој пат беше бенигнен а не малигнен тумор, шансите за дете скоро никакви....и сеуште мислиш дека сум гаталец а не паталец?
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    го избришав мислењето зошто не сакав да се осети некој навреден иако мене судете ми за се искрено гајле ми е и не реагирам на неконструктивни совети кои некој ги пишува чисто да потсети дека го има.инаку ете да разјаснам за оние што не разбираат никако мм не е стерилен проверено е,но неговите не сакаат да дава сперма за вештачко да ме оплодат со неа зошто поголема е веројатноста да добиеме дефектно дете и ред други проблеми/компликации би можеле да настанат.ете толку.BITERSWEET ти пишав лична порака дека ти се пожали и тоа само ти дека сум ти конфузна инаку честито што ја сподечуваш тајната за успешен брак и многудетно семејство,секој сака тоа што го имаш,но стави се во кожа и на мене и другите ко мене и пушти срце и разум опушти се за да разбереш а ако не не разбираш ок твоја работа,само остави простор да советуваат паталци а не ко тебе гаталци. ;)
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.416
    Пол:
    Женски
    А колку време се обидувате да имате дете по природен пат?можеби си пишала ама не прочитав
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.881
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    А што е толку тешко да се напише прегледен пост??? Искрено виши се заморувам кога те читам.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    се извинувам за брзоплетиот одговор :| .
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Браво бе битер, секоја чест на силата, надежта и непоколебливоста. Ме трогна. :bow: Дури и се засрамв од сопственото паничарење и неправедно барање на идеално. Да си имаш спокоен остаток од бременост дај Боже и ти и твоето семејство да си се живи и здрави. Храброст и љубов е во рани триесетти веќе да имаш повеќедетно семејство.

    Виши, помалку песимизирање, повеќе оптимизам и надеж. Стрес, нервози и препукувања непотребни и те како си влијаат врз успешното зачнување. Колку парови здрави, прави ради пусти стресови чекаат подолго за детенце...
     
    На senza.parole, Daydream, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    пола година пред брак и 2 во брак,сепак на старт на брак имав големи стресови на работно поле и уште работата ми е променлива категорија во животов и ми носи многу неизвесност и непотребни нервози :( .
     
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Виши ако сакаш да имаш коректен однос со свекрвата треба да направиш селекција на темите на кои би требало и не би требало да разговарате.
    Јас ја разбирам твојата желба да имаш детенце, но борбата што ја водиш треба да биде ВАША борба (твоја и на твојот сопруг)
    Свекрвата не мора да знае што планирате, до каде сте на таа тема, кои чекори планирате да ги превземете и т.н. Оваа тема според мене е доста интимна и чувствителна.
    Јас сум мајка, имам син и искрено ти кажувам, утре-задутре да доживеам еден таков муабет од снаата ќе ми одмили во истиот момент и тоа чувство ќе остане за век и навек.
    Донор? Што ти требало тоа да го спомнуваш? Ете и ако го имате како алтернатива, тоа е муабет кој ве засега тебе и твојот сопруг. Утре - задутре и да ја реализирате таа работа, твојот сопруг е оној кој треба да им објасни на родителите која е причината поради која сте се одлучиле за една таква алтернатива.
    Бесот и незадоволството него нека му го истурат, ти нема да имаш ништо со тоа.
    Не ми се познати останатите проблеми кои ги имаш со свекрва ти, ама најдобронамерно те советувам што малку контакти со жената. Строга и паметна селекција на темите на кои ќе муабетите. Се што ти пречи отворено да и го кажеш, на културен и фин начин.
    Внимавај со каков речник и се обраќаш и потруди се да не ја навредиш. Биди мирна, сталожена и смирена, да не почувствува нервоза и лутина во твојот глас. И биди отворена, точно кажи и што ти пречи. Кога таа започнува тема која е чувствителна и интимна, извини и се и кажи и дека не сакаш да разговарате бидејќи тоа е приватна тема на која треба да разговарате ти и твојот сопруг.

    Јас живеам во заедница со свекор и свекрва, неполна година. На почетокот барав помош од сопругот кога наидував на недоразбирања со свекрва ми. Имав поддршка од него, но што ако? Проблемите не се решаваа на тој начин, жената си тераше по старо.
    Видов - невидов си ги превземав работите во свои раце и за се што ми пречи почнав отворено да разговарам со нејзе.
    На почетокот се лутеше, беше и доста збунета, му кажала на сопругот дека е изненадена од мене, но барем успеав да си ги решам проблемите, па сега да видиш како внимава, убаво ќе размисли пред било што да направи и каже.
    Внимавам и јас, бидејќи добриот однос треба да го градиме двете.
    Лесно е да се каже лош збор, многу е лесно да се сруши се што се градело долго време, но верувај еднаш кога ќе се влошат работите, така остануваат засекогаш.
    Потоа дури и да си го поправите односот, тоа што се случило засекогаш ќе лебди во воздух.
     
    На fairy90, Bozica1980, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    ^^Еве ќе пробам да бидам разумна и да ти одговорам на некои работи, тоа дека имам малку слободно време, сопругот со децата е кај неговите се обидуваме да го одвикниме малиот од цицање пред да стигне новово, да не се тепаат за цице а прерано ми е да одам кај моиве на кафенце утринско. :)

    Кај тебе проблемот е што бракот е помеѓу тебе, сопругот и мајка му, од тоа не бива брак и тебе ти е јасно тоа ама тој не се откажува од тоа да мајка му има последен збор за се а ти не прифаќаш дека не само битката туку и војната е изгубена.

    Мислиш мене лесно ми било кога морав на сопругот тогаш дечко иако ми беше совршен во секој поглед да му кажам дека највероватно нема да можам да имам деца, дека ако сака семејство кое јас нема да можам да му го пружам дека ќе ме остави?
    Кога цело време се мислиш дали ќе можеме да имаме деца и од страв не ни пробувавме да не се разочараме ама сопругот мој не отрча кај мајка му да и кажува што и каков проблем имам туку мене ми рече дека ме сака и дека ако имаме деца добро ако немаме ќе си посвоиме.
    И ден денес верувам дека и да не сме можеле да имаме деца дека сопругот не би им кажал на неговите до кого е проблемот ќе си останело помеѓу нас двајцата.

    Ако не сакаш да бидеш третирана како дете кое сега си од страна на свекрвата тогаш со сопругот пораснете, престанете да чекате за се и сешто од неговите, кога не чекаш од никој ништо немат ни право да се мешаат, тоа ти е рецепт за успешен брак а за многудетното семејство сеуште му се заблагодарувам секој ден на Господ за моите мали Божји чуда.
     
    На Daydream, mal.ecka, do-re-mi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Vichy после полноќ е...сега не е време за по форуми...ти реков до "машните" е,а такви машни најдобро се врзуваат во кревет.И навистина незнам како на крај ќе излезеш со мт....него во целава ситуаација не го ни спомнуваш,како ништо да не кажал и не направил. ти посакувам среќа,но ако не оди ,тогаш не се измачувај.
     
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    Вишице,овај муабет не го сфатив,сакаш да кажеш дека свекрвица ве подбркнува сега од нејзината дома или што?
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не, туку индиректно и кажува дека ако не се поправи, ке го натера синот да ја остави. А исто и кажува дека веке нема да видат пара од нив, пошто ете сега двајцата работеле.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Значи вака феминки мои,ке се обидам да ја доловам целата ситуација на кратко.Верена сум скоро еден месец и живеам со мм,но не замислував дека работите ке одат вака,првото нешто што ми забоде во очи од страна на свекрвата е одењето на свекрвата по мене и гасењето на струјата во вц,значи влегувам во вц и најнормално си палам струја и тааа оп по мене ми ја изгаси и ми вели ''зар не ти се виде што па да не везеш''излегов од вц си претрајав,уште од првиот ден ми кажа закон ВО ОВАА КУЌАСЕ ДОРУЧКУВА ВО 10 А СЕ РУЧА ВО 7,и кога си дојдеш од работа не мислиш за јадење прво ке спиеш па потоа ке мислиш што и како,на ова неможев да претраам и фино лепо и одговорив дека кај мене тие закони ги нема и кој кога си дојде од работа може слободно да јаде,и на тоа повторно ми одговори НЕ КАЈ НАС СИ ИМА ЗАКОН,си велам добро ајде така нека е,вчера излегува да пазарува и ми вели А ТИ ИМАШ ЛИ ПАРИ и јас и велам ДА само 500 ден,и ми вели ајде дај ми ги да не носам јас толку пари во мене
    7000 ден
    ,и се надевав дека кога ке се врне од пазарење ке ми ги врати,но џабе се надевав изгледа.Пошто сега сме на одмор не сме на работа страшно ме иритира да станувам во 6 а да доручкувам во 10 а некогаш се случува во 11 или 12 но нема врска кажав дека овие 2 месеца ке издржам се и ке претраам на се.Друго што ме нервира е тоа што сестра му е постојано овде сабајле во 10 за доручек и од 5 доага веќе за ручек а е мажена жена со дете,ниту еднаш како жена не е направила ручек и да си руча дома со мажот и се чека од мајка и да и зготви за таа на готово да си се најади,еден ручек бил голем трошок за неа а и неможела од детето да постаса да направи,и синоке му велам на мм брат ми ме прашуваше дали ке одиме во кафеана пошто викенд е да излеземе малку,од ко се веривме не сме излегле никаде,и ми вели ИМАШ ЛИ ПАРИ,и му велам имав 500 ден. Но и ги дадов на мајкати за пазарење денеска И ми вели,па што да не сакаш да ти ги вратам јас тие пари ТИ КАКО СЕДЕШ КАЈ НАС ЈАДЕШ ПИЕШ,и уште да ми рече а не си дала пари за ништо,јас само се обрнав и му реков ако си реален биди до крај СЕСТРА ТИ е прва што треба да остава пари овде за јадење и се,точно е дека не сум дала пари за ништо до сега само по некогаш излезам и јас купам леб или било што.но ако веќе гледаме вака на работите треба таа да остава овде пари за јадење пошто нон стоп е овде.Но не навлегувам бо овие работи и не сум го кажала ова на никој бидејќи несакам кавги уште од сега си ветив на самата себе дека ке си претраам на се,но после свадбата не ќе да е вака,ке си се одделам и ке си доричкувам кога сакам и ке си правам ручек кога сакам а не уште сега закони.Ви кажав дека ке биде краток постот но изгледа ве излажав ИЗВИНЕТЕ.И сакав да знам како би реагирале на ваков однос некој совет ако може
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ова е претерано. Па и за јадење да ти кажува кога да јадеш мислам нема смисла. А кога треба да се земете? Ќе живеете одделно? Ако живеете одделно баш убаво а ако продолжите заедно ќе мора да поразговараш со сопругот за ова и да си направите некој договор кој што и како ќе плаќа. До некаде се во право во таа куќа си и мораш и ти за нешто да да дадеш пари. Во меѓувреме спомни му на маж ти за оваа ситуација. И чим си на одмор одморот нема да ти трае вечно туку 2/3 недели незнам колку даваат. Гледај да се зближиш со неа отиди ти по леб, на пазарење, до аптека ако и треба нешто свари и кафе напијте се заедно создади пријателски однос кон неа. И тоа во врска со ќерка им не го спомнувај оти пред се со неа ќе си направиш проблем а верувај ако дојде до тоа да се бира мешу тебе и неа сепак таа е ќерка во тоа семејство ќе ја одберат неа и за тебе ќе биде полошо. Како и да е таа се што прави на своја глава си прави. И знам дека сега мислиш дека е невозможно да се подобри односот кон свекрва ти но јас верувам дека е. Само треба да се потрудиш малку повеќе. Направи ручек некој ден ти ти кажав. Нека има добро мислење за тебе, дека ќе бидеш добра сопруга. И нема потреба ти нејзе да и полагаш сметка колку пари имаш. Ти кажав седнете и договопрете се една третина од трошоците да плаќате ти и маж ти така нема да ти префрлуваат за тоа. КОга пазарувате пазарувајте за цел месец. Знам дека секоја недела треба да се оди на пазар по овошје и зеленчук ама можете да се договорите една недела таа една недела вие за да нема проблем. Ама мора да направите некаков договор посебно ако останувате таму. И за почеток обиди се со свекрва ти да пристапиш на фин начин ако не прифати разговарај со мажот ти тој мора да знае за овие "закони". Грев е така да ти бранат јадење. Жив човек си кога ќе ти се пријаде тогаш ќе си јадеш. Само не се нервирај, се ќе се среди се ќе биде ок. :)
     
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Си кажав јас дека за ова на никој ништо нема да спомнам ниту за керка и ниту за ништо,но страшно ме нервираат овие закони,брат ми е верен 6 месецапа за ништо не са дале пари за дома со снаата сите трошоци ги сносуваат моите родители,точно е дека ке живееме во иста куќа но на различни спратови ,и јас сум самата свесна дека треба и ние со мм да пазаруваме и да даваме пари за струја.вода или било што но додека сум на одмор секој си гинпланира парите за до плата тие ми беа последните пари и кога ке тргнам јас на работа ке немам пари ни за храна да си купам,пред ручек секогаш правам салати еднаш двапати зедов да правам ручек и ми рече епа како ке излезе сега ова што и како ке биде и незнам што,и јас и велам епа сега какво ке излезе такво ке го јадеме.и потоа ми вели еее ова навистина било убаво,тоа јас си го сватив како нема ти што во моја куќа да правиш се додека сум јас со вас.а кога ке се симнам јас вие што сакате правете,јас убаво го прашав мм пред веридбата јасно му поставив две прашања ДАЛИ ПОСЛЕ ВЕРИДБАТА КЕ ОСТАНАМ КАЈ ТЕБЕ ДА ЖИВЕАМ И ДАЛИ ПОСЛЕ СВАДБАТА КЕ СЕ ДЕЛИМЕ.А тој ми одговори ти ако еднаш си заминеш после тоа јас не довагам да те барам,а за делењето не ми одговори ништо,е друго што ме изнервира е тоа што сестра му секогаш ме пресконува мене се прави ко да е домакинка овде а не дома,кога станам сабајле за доручек не смеам да спомнам чекам 10ч да дојде па потоа ако ми речат да доручкуваме ке доручкувам ако не нема.и сетра му е главна одма зема прави доручек мене не ме ни прашуваат исто ко да не сум во куќата,таа спрема а јас си седам на страна ко 13 то прасе.ајде и преку тоа поминав не е проблем си кажав ке истрпам 2 месеца
     
  20. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Aцка,а да те прашам што бараш во таква куќа и таква фамилија ????
    уште имаш време(пред официјално да озаконите) да си се вратиш од каде си си дошла,дека вака како што тргнала работава со вереникот твој и фамилијата негова..богами тешко..услови,пред услови,закони бе :lol: ..забегана работа...
     
    На jb82, Nausicaa и Daydream им се допаѓа ова.