1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Ццц Ацка, во каква фамилија си западнала.. :x

    Бегај од таму, додека е време. Не верувам дека по свадбата и живеењето на друг спрат ќе ви се решат проблемите. Напротив, ќе се пролонгираат и задлабочат повеќе.

    Немам коментар. Мислам, не знам како издржуваш таму.
    Ручек во 7?!
    Побогу, па сите нормални семејства ручаат во 3,4 часот попладне.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Abe jas neznam do koga ke se odi so toa rucek vo tolku vecerva vo tolku koj koga mu se jadi ke jadi a ne po naredba od svekrvata ili bilo koj
    ako zakonot e da se pocituva toj mozi i da se krsi
    bog da cuva .......
    Најубо е да се има услови да се бега од куќата на свекрвата или евентуално во друг спрат
    како и да е да се има Мир баремм помеѓу мажот и и жената.
     
  3. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Знам разбирам се затоа си велам ке издржам уште овие два месеца и си ветив дека на ниту еден нема да префрлам и погрешам бидејќи несакам кавги и расправии уште сега,па за после тоа ке видиме дали ке е вака
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Девојки мислам дека по малку претерувате. Вратете се неколку страни наназад и ќе видите дека скоро на секоја феминка и давате ист или сличен совет да се раздели. Проблемот нема да се реши ако избегаш од него. Таа треба да седне пред се и на маж и да му каже што се случува. И јас верувам дека ако се преселат на 2 спрат проблемот со свекрвата ќе се реши барем малку. Во денешно време секоја втора жена си страда од свекрвата. Барем ќе си имаат своја приватност и кујна. Кога ќе дојде од работа макар и маргарин и леб да јаде на мира ќе го изеде тоа и ќе може да се одмори па после да стане да прави јадење. Така кога сака ќе јаде, кога што сака ќе прави. А сверкавата не верувам дека со неа ќе се замара многу многу оти како што прочитавме ќерка и висела цел ден таму така да ќе нема време.

    И не ја советувајте да го остави, ќе не прогласат за форум кој растура бракови и ги тера жените да се разведат. :D
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.007
    Пол:
    Женски
    А што ќе се случи ако доручкуваш пред 10? или ако ручаш пред 7? а бе не се потресувај јади си кога сакаш што ја вртиш. А за другото само разговор со вереникот. Мораш да го свртиш накај тебе и да му дадеш до знаење дека ќе бидете семејство и дека треба да си ги постави приоритетите. Не преќутувај зашто колку повеќе преќутуваш за тебе полошо, ама не почнувај ни кавги прва. А ако дојде до тоа да ти запрети со оставање или бркање заради тоа што си јадела пред 10 или 7 навечер сериозно запрашај се дали е тој човекот со кој сакаш да бидеш.
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Затоа јас сум рекла дека преселба кај вереникот дома после веридба,па уште и во заедница НИКАКО! Не само заради снаите,туку воопшто ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ.
    Не знам што да ти кажам освен и дека и двете сте во право.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    За свекрвата, арно ти рече Нена, не и` се замарај толку. Јас разбирам дека снаата треба да се прилагоди на редот во новото домаќинство, тоа си стои, но ако ти се јаде во 9 и јадеш во 9 што ќе ти се случи? Бомба да не ќе постави во кујна?

    А за золвата немаш право да се мешаш. Се` додека со мт не си создадете свој покрив над глава, таа ќе си седи кај мајка и` кога ќе посака и колку ќе посака.
     
    На Rose96 и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе се фатам за една работа. А.c.k.a колку време бевте во врска со маж ти? Немаше ли ти отидено кај него? Тогаш не гледаше ли дека сестра му е 24 часа таму? Не виде ли дека кај нив постојат "закони"? Не знам како може се' ова да не си го забележала и претходно. Не си разговарала со маж ти претходно за ова? На него во ред му се закониве што му ги поставува мајка му? Маж ти ни еднаш не ти спомна нешто па да сфатиш каква е ситуацијата таму? И тоа што го одбегнал одговорот за делењето треба многу да ти кажува. А начинот на размислување, "ако еднаш си заминеш јас после не доаѓам да те барам", не знам што да кажам, а да не излезе дека те навредувам.

    Е сега од друга страна пак, вие сте во нивна куќа и тоа е тоа. И мене лично дома кај моите сега не ми се допаѓаат некои правила, па никој не ме слуша, зашто тоа си е нивна куќа и крај. Така правеле и пред јас да се родам и после тоа и сега не може јас да и кажам на мајка ми од утре има да биде како јас ќе ти кажам, крпите од сега ќе стојат на таван (пример). Не може, тоа ни дома не може, а не пак во туѓа куќа. Така што, помири си се со фактот дека ќе мораш да ги почитуваш нејзините правила додека си под нејзин покрив. И уште нешто, сега вие живеете таму и јасно е дека ќе мора да си ги поделите трошоците. Тоа е најфер и најкоректно. Нема што тука лутење. Само не ми се допаѓа начинот на кој маж ти ти го рекол тоа. Божем ти таму живееш една година без денар да дадеш па ти пререкува. Плус, зошто ти збори само тебе лично? Како само ти да мора да дадеш. Сега вие двајца сте семејство, заедница и заеднички треба да ги планирате работите и финансиите. Ако даваш ти, дава и тој.

    Заклучок е дека таму со сите нив на купче нема да имаш мирен живот. Уште прв месец свекрвата не само што поставува закони, туку и таа самата е закон во таа куќа, како таа ќе каже така ќе биде. А и маж ти некако мене лично не ми ветува многу. Не ги напаѓај, не се карај, гледај да се инволвираш во домашните обврски, понуди се за помош ако прават ручек и слично, а во меѓувреме гледај да го убедиш маж ти веднаш после свадба да се делите.

    Мој најискрен совет ти е да гледаш тоа да го направиш до свадба, ако до свадба не направиш ништо и гледаш дека ќе треба да живеете заедно сите на куп тогаш размисли убаво дали сакаш да влезеш во таква куќа. Мене лично никогаш не би ме плашеле закони, устави, правила, буцкања, карања од страна на свекрва доколку маж ми реално ги гледа работите, не е пристрасен и приоритет му е семејството. Никој ништо не ти може ако маж ти е на твоја страна и гледа да си се осамостоите. Затоа проблемот и решението барај го во него.
     
    На jb82, Lovely93, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  9. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Мм ми не ги кажува законите туку таа,јас нсвистина не сум навикната на вакви закони и редови затоа што кај нас тоа го е немало,кој кога и да си дојде од работа си е ручал и потоа се е одмарало а овде е вака,како и да е јас го почитувам ова сега за сега па затоа несакам да правам проблеми 2 месеца ке издржам не сакам да се правам жртва но ке издржам па после ке си терам по мое,а сега за сега ке си кутам, утре е недела а и мм е дома кога ке станеме во 8-9ч баш ке му кажам да станеме и да доручкуваме па да видеме што ке се случи,ама сигурна сум дека ке се чека керката па да се доручкува
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    А од кого чекате доручек? Свекрвата ви прави јадење на сите? Испржи јајца таму, намачкај лепчиња и доручкувајте си со мт. Извини сега ама и во ресторан кога ќе нарачаш да ти се донесе јадење, не можеш готвачот да го брзаш кога ќе ти текне.

    Ако ќутиш два три месеци и после ги покажеш роговите ништо не си направила. Поголем пекол само и ситуација од којашто е потешко да се излезе на крај.

    Затоа сум против задолжителното селење одма после веридба. Почекајте де, не ви бега куќата на мажот за некој месец.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Вака може ама ако маж и' се согласува со ова. Ако и он ја чека сестра му и ако без неа никој не смее да се доближи до кујна тогаш не може вака.

    Како и да ја вртиме, се знае дека мажот е секогаш клучниот играч. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Eпа што да се прави, мора. Секоја куќа си има ред којшто треба да се почитува. И јас сум била во заедница и сум почитувала правила поразлични од кај мене дома што се, па ете некои од тие навики си ги користам во функционирање на домаќинство и откако се одделивме затоа што се покажаа навистина корисни. Не е можно сите правила да ни` се лоши на нас. Или тоа е тој инаетот, јас ќе им го сменам редот пошо ете ле снашката сум. А за тоа некому кога му се јаде, тоа е веќе друго. Кога и` се јаде, ќе си јаде, не го држат фрижидерот и шпоретот под клуч.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.007
    Пол:
    Женски
    Не се работт дека она сака да им смени редот ама се осеќа како во затвор ако под норма. Во 10 јадење и толку. И порано ни покасно , мадам сестра кога ќе дојде. Ма немој. Па не е затвоеник па да и одредува што ќе јаде и кога ќе јаде. И гледаш и во ВЦ и затвара сијалица. Ти тоа би го трпела??? Јас богами бунт би направила а ако господин сопруг не сака да биде со мене чао адио додека не дошле деца.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    нАВИСТИНА Е ТАКА а ако не мму се јади на чоек во 10ч
    уште да земи свекрвата да проверува колку тоалетнаа хартија троши и такви ги има бе...
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    @nena2010 После редактирав баш поради тоа што коментарот не се однесуваше на јадењето. Начинот на којшто настапила свекрвата не е добар ама ич, но за некои правила - тоа е, ќе се почитуваат. Повеќе сакав да кажам, да не отфрла се` од прва топка зошто е наметнат ред од свекрвата, знаат добри финти за добро функционирање на домаќинство. Не го праев муабетот за јадењето.

    Финтата е што не и` е ни сопруг, вереник и` е. И те како има време и простор да се предомисли без да се малтретираат по судови. Ете и нему му одговара таков начин на функционирање, тоа е лошото. Таа не ни размислува за тоа, вели два три месеци ќе поќутам па ќе почнам. Е тоа е проблемот бе невести, преќутените први 2-3 месеци. Недоумиците се средуваат на почетокот.
     
    На Nausicaa и do-re-mi им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.026
    a.c.k.a, а што мислиш што би се случило кога би си направила појадок за себе во она време кое тебе ти одговара? Ако некој нешто ти пререче, ти фино лепо ќе им одговориш дека ти се слошило од глад, ти паднал шеќерот и си морала да јадеш. Ако навистина ти промрчат нешто и вереникот не застане на твоја страна, размисли убаво за тоа каква ќе ти биде иднината со него и со тоа семејство. И направи отворен муабет каде ќе живеете после свадбата па ако испадне дека не сака да се дели од мама, тато и дада, биди искрена сама со себе и реши си дали ќе може ти тоа да го толерираш.
    Исто така, фер е да дадеш некој денар од твој џеб за храна и сметки, ако ништо друго барем ќе оставиш добар впечаток кај идните свекор и свекрва. Сестра му не ја чепкај, она си е сепак во своја куќа, не си го комплицирај животот непотребно.
     
    На duffi и tessie им се допаѓа ова.
  17. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Почетничка грешка. Ја разбирам комплетно добронамерноста на овој став и желбата да се вклопиш во новото семејство и не велам да креваш востание во таа куќа и менуваш нечии навики, но вереникот твој мора да знае како се чувствуваш. Претпоставувам доволно сте биле во врска и знаете отворено да разговарате за било каков проблем.

    Но, не разбрав како тоа свекрвата ти зела 500 ден., за да не носи во себе 7000 ден.? Колку што знам нема таква банкнота, па и тие 7 илјади најверојатно биле во 500ки или илјадарки... Ова ми личи на нешто друго...

    И уште нешто, како си сигурна дека по свадба ќе живеете одделно од неговото семејство, кога на твоето прашање пред веридба не си добила никаков одговор од вереникот. Сте разговарале ли сериозно на таа тема?

    Ако се имате договорено - одлично, но ако одговорот виси во воздух, а ти само се надеваш дека така ќе биде - може и да се изненадиш од развојот на настаните.

    Советот е: не го одложувај разговорот со вереникот. Нема ќе видиме потоа дали така ќе биде. Кога ќе излезе проблем се разговара без заобиколивање и се бара решение.
     
    На Dentina и tessie им се допаѓа ова.
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    јас ке кажам нешто од мое искуство,тешко е да се прилагоди на ваквите личности..се успева само до одредена точка со итрина и муабет.
    Јас живеев кај мој бивши дечко (долга приказна,да не ја должам) е сега неговата мајка,вака надвор ко ке ја запознаеш е мн фина и добра жена ама дома си има страшни навики..
    јас се ако чекав на неа ке си умревме за јадење :lol: .. јас поминав три години со тоа семејство а женава не се смени ни малку..значи кога и да миев садови она ги премиваше по мене,кога и да чистев она чистеше по мене,јас пружи алишта она пререди...
    на почеток ова премногу ме иритираше и често плачев за ваквите постапки нејзини,за се ова дечко ми знаеше ама не и викаше ништо ми викаше таква е она ти не и замерувај а додека татко му кога ке ме видеше дека нешто не е ок ме прашуваше што е проб.оти си ја знае жената и многу пати и викаше оти така прави.. таа не се смени ни по многубројните викања на мажот.. јас сменив тактика и и викав секогаш ако нешто не ти се допаѓа како е направено,исчистено,измиено.. дојди и кажи ми,викни ме и речи ова вака и вака не е измиено па тогаш премивај,прередувај,прави како сакаш.. таа секогаш викаше добро добро ама во три години дали три пати направи така.... си тераше по свое бе во тој период што бев таму успеав само малку да ја сменам..па почнав да си терам по мое,јас битно сум измила,исчистила па она ако нема друго работа нека премива,така си го сваќав.... ама сите знаеме дека возрасните луѓе ретко се менуваат,така се научени и тоа е тоа мора да се прифатат некои работи какви што се.
    Пак ке речам добра беше женава многу ми помогна,се грижеше за мене ама често напнуваше и си имаше свои навики.
    Сите што имаат проблем со секрвите пробајте со муабет со зближување и на тој начин ке ви се олесни комуникацијата со нив и ке можете да и кажете тоа што вам не ви се допаѓа онака низ муабет само со итрина треба да се праи штом веќе мажот не реагира.
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.345
    Пол:
    Женски
    А каков ти е планот за после тие два месеци?
    Чекај Ацка, колку што сум те читала по форумов ти и дечкото бевте заедно подолго време и од поодамна планиравте да се земате. Зар не седнавте ко возрасни од како решивте да се земете да се договорите како ќе биде? Незнам бре луѓе и јас бев долго време заедно со дечко ми, па кога веќе решивме дека ќе го тераме животот заедно се отворија сите карти, каде, дали башка или можеби во почетокот заедно дур се осамостоиме, па ако сме со неговите како? Дали би јаделе заедно, дали посебно. Животни трошоци како ќе се делат и слични работи. Неможеш се до танчина да се договараш, но дали ќе живееш самотојно или не МОЖЕШ.
    Тука вереникот е крив, како може НЕ МИ ОДГОВОРИ НИШТО, па и ти си крива, КАКО ТЕ ЗАДОВОЛИ ТОЈ ОДГОВОР.
    Од муабетот сфакам дека има уште еден спрат, ај лека полека повлечете се таму.
    Тоа со време на јадење е глупост. Никој на никој неможе да каже кога ќе јаде. Мене мајка ми моја во овој живот не успеа да ми постави ред, па не некој друг. Што правиме во ситуација кога човек работи на смени, оди на дежурства, пак ќе се држиме до 10 и 7. Си земаш и јадеш кога ти се јаде и фала, приетно. И најважно тоа што го спремаш културно нудиш и на другите.
    За пари, по мене ДА треба да давате. Ама многу лошо ти одговорил мажот, пак тој крив. Што сакаш да те раниме ти рекол. Чекај малку, вие двајца сте заедница во заедница и вие двајца треба да давате одреден процент за домашниот буџет. А не ти сама и они сите заедно. Па ти не им дојде како потстанар или сираче на издршка.
    Мислам дека и на твојот вереник не му се уште бистри работите.
    А жената нема да ја смениш, верувај ми. Мојата мајка е човек што се држи ко слеп за стап за навиките во домот и јас цел живот не устепав да ја сменам, а не па некој што не го познаваш добро. Она сака сега да покаже кој е главен и одговорен уредник во домот од старт, се докажува, спремна е за војна.
    Пак ќе ти речам ќе си го подбереш мажот ако имате спрат да си се приберете таму, со директен разговор со него лично. Ќутенката до свадба не ти е во корист.
     
    На Lovely93, Dentina, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Јас пак познавам повеќе млади што баш тој некој месец после веридба им се отвориле очите и на време раскинале се'.Подобро да се ракине веридба,него после свадба,пропратена со многу задолжувања,кредити,нервози па вака така сакале,па сваќата не и се свидело она и тнт....

    a.c.k.a почесто ги спомнуваш тие два месеца само,како ќе издржиш се само да нема нервози и кавги.Ама што мислиш после тие два месеци ќе се подобри нешто??Па најпрво ти немаш подршка како што читам од идниот сопруг,мене така да ми одвраќа со иронија на мое прашање,па колку и да го сакам би размислила два пати што и како понатака.Размисли девојче убаво,се гледа дека го сакаш премногу,стави си на вага сите добри и лоши моменти со него до сега,пред се он да е до тебе за се,немора никој друг,сопругот да ти биде десна рака,он треба да те брани пред сите,а најмногу пред неговите(нормално доколку си во право),да заземе свој став и само преку него,он да им каже за ти што сакаш преку него,зашто него нема да му замерат како на тебе. ;)
     
    На Glasna, okcenzi, WORRIED.BT и 1 друга личност им се допаѓа ова.