Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    да во врска бевме точно 4 ри год. и на тој ден ни беше веридбата,значи вака јас си стојам на ставот дека ке ги почитувам правилата во нивната куќа и дека нема да се мешам и да се карам и да се расправам ко што кажа една феминка да кревам востание,најмногу од се што мразам се кавги и расправии,сакам се на мирен и фин начин да се решат сите проблеми,јас убаво му кжувам на мојот вереник дека после свадбата сакам да се делиме и што и како ке си правиме ке си правиме сами за себе и колку можеме толку ке средиме,со еден збор колку ни е чергата толку ке се истргнеме,а тој само ке климне глава и толку,сега за сега реновираат на долниот спрат и затоа е вака,се надевам дека после свадбата нема да биде исто НАДЕЖ секогаш се надевам јас на подобро утре,а најголемата грешка е тоа што овој мојов за секој проблем си преќутува а мене тоа страшно ме нервира мразам да ми се трупат проблемиве еден врз друг сакам да се реши во истиот ден,
    и да одговорам на феминката за парите да носела 7 000ден и и биле се по 1 000 ден и да не ги носела сите од мене побара,а кога се врати од пазарење не ми изгледаше дека е потрошила само 500 ден туку 1 500 али нема врска не ги штедам јас моите пари и уште еднаш ке кажам свесна сум за сите трошоци и свесна сум дека треба да ги делиме трошоците
    ,и па ке кажам нема да ја чепкам керка и но таа самата треба да е свесна дека сега има снаа во куќа и дека треба барем за некој работи таа да си мисли,само незнам како ке и биде на золвата ако нејзината золва дојде кај неа дома и земе да и прави доручоци ручоци а неа да ја исфрли на страна како таа да не е таму,значи на се треба да си има граници барем ова е моево размислување можеби грешам незнам,еве пример ке кажам од како се вери брат ми јас ако отидам кај мајка ми и татко ми на гости и ако тие не ме викнат да се качам кај нив јас не се качувам а не па да и претурам на снаата по работите и да се правам главна да правам ручек,брат ми веднаш ке ми префрли,а овој мојов глава крши атар не крши си трае за се тој незнае да префрлува за да немало кавги
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Ацка, мислам дека и по свадбата, ќе присуствуваш уште долго во темава.. :|

    Ако идниот твој сопруг, не биде на твоја страна, и не зборува со мајка му да не напнува, џабе.
    И што ако се преселете на другиот спрат? Пак сте под тој кров.
    И при секој проблем со свекрвата што ќе го имаш, тој ќе го преќутува. Ти само ќе трпеш и ќе се нервираш, и се така до недоглед.

    А молчењето и 'недигањето востание', не мора да значи дека е контрапродуктивно.

    А свекрвата твоја, се уште работи, или е во пензија?

    Ако е вработена, а ти моментално си дома, на пример би можела да направиш ручек за сите до 4,5 часот попладне. Неколку дена по ред така, може ќе се смени времето за ручекот. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Нема аер од оваа работа со климање глава. Ти ке си патиш мила и тоа многу. Само не можам да сфатам како не го гледаш ти тоа самата. Па како можеш да оставиш таков разговор не довршен и без гаранција? Ти си зборуваш ама како канти да тропаат, а мт само си клима со главата и во себе си вика, да да надевај се. Ах бе мила и спратот да ви го дадат се исто е, кога ке треба пак да живееш како поединец, а тие како чопор. Уф многу ми се одбивни вакви мажи.
    Знам дека се 4 години во прашање, но за тоа време ништо не сте решиле со мт. Пред свадбата треба да се решат овие работи и едноставно ке знаеш на што си. Јас не велам дека треба да го оставиш, но овој твојов изгледа уште ја нема пресечено папочната врвца. Ако не се промени за овој период, подобро ке ти биде да ги фрлиш тие 4 год во вода ( со искуство добиено) отколку наредните 4 да добиеш болно срце и чир. А еден ден ке имаш и деца, а со вков човек ќе чекаш свекрвата да ти одреди кога да им дадеш да јадат, да ги бањаш, дали да им купиш сируп или не итн..

    Јас не ти ја обвинувам свекрвата и се може и забегува со паметот, но мт е крив што незнае како маж да си ги реши работите. Ти и тој ке треба да бидете семејство, а не тој и неговите, а ти само приколица. Треба дададеш и ВИЕ ( ти и мт) некој денар во таа куќа, а не само тебе да ти се префрла. Мила тебе цела плата ке ти ја зема мт или свекрват, ке видиш. Денар нема да останува за тебе а и за влошки ке бараш пари.

    Еве јас веке година ипол како одам кај идното ми семејство ( иако го рачунам и за сегашно) и нкогаш никој нема преречено длаи треба да дадам пари или да ми каже кога да јадам или било што, напротив, кога одам ( а одам со денови) гледаат дами угодат. Свеки ми е душа од човек ( имам и предходно пишувано) а свекоров си е исто ок, само си е понервозен човекот со стеднови и чуда на него и кога гледам дека го фака нервоза се повлекувам на страна. Имам само еден голем проблем со свеки моја и не можам да се разубедувам дека ако ме тера толку да јадам ке ме напраи 100 кг, а не дазема мои пари и да пазарува за дома. Ете мм е вработен и тој си плака пола за сметки, а мене нема што некој да ми бара. Ако некој ми побара тоа е мм, за да го делиме нашиот трошок. И уште ова, ние цела зима се греевме со греалица, а старите на дрва ( кои сами си ги платија), и сметките за струја од по 5-6000 ден, се делеа на пола иако релно тие не трошат ни по 1000 ден.
    Е сега за ќерката нивна немаш право да се буниш, но ако бараат и сметките за храна да ви се на пола, тогаш тие нека си даваат поголем дел, штом и некој трет ке троши. Секако ти ова не смееш да им го речеш, затоа што ке си ги сбереш стварите и ке си одиш но, реално така е правилно. И ова ке ви трае така долго време се додека не си ги изгубиш нервите или додека не се разведеш. Дај Боже да грешам, но не.

    И јас имам брат и јас знам дека секогаш ќе можам да отидам кај моите и да јадам и да седам колку сакам, но само на терет на моите, а не на братот и снаата.

    Мене не ми изгледа работава како тие да ќе ви го остават спратот за ти да живееш како сакаш. Сигурно ке ти се меша и за мебел и за спиење итн. Гледај колку феминки што живеат на посебни спратови или пак во ист двор имаат мака и никогаш не се на раат. Тоа твое чекање за после свадба ти е најголема грешка. Работите се средуваат пред свадба. И венчалниот лист не ти е гаранција за ништо, а најмалку за мирен брак, дека како што ти размислуваш исто и мт твој така си мисли. Според мене во главата кај него е ; нека влезе во куќава па ке види после дали ке биде по нејзино и дали ке се дели. Да да да така е.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    потполно си во право и не само ти и другите феминки,но јас како јас кажав дека сега за сега не сакам проблеми и ке се потрудам сето ова да го решам на фин и мирен начин,затоа што не сакам кавги,,ке речат ете ја вчера дојде и сега ке ми се петли овде таа ке ми кажува закони затоа сум си воздржана се пазам од се и гледам да се придржувам до нивните „закони„ за да нема кавги,а за мебелот си имам јас маж треба да се договараме ние како и што а не некој друг да ми соли памет ,не за џабе се вели не ми давај акл дај ми пари ако имаш па знам јас како и што да се средам,таа сега си реновира доле на долниот спрат и јас за ништо и се немам умешано само и помогнав во бутањето на зидот и во собирањето на губрето,е сега како таа што кажа нејкам никој да ми се меша така и јас си планирам на фин и културен начин да си кажам дека нема потреба никој да се меша како ке си направеме така ке си седиме,а немам намери да водам инает туку се сакам да биде мирно и на фин и културен начин
     
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    144.574
    Пол:
    Женски
    после свадбата или ако му родам дете ке се смени!

    во ваквите размислуванја и постапки лежи проблемот на многу бракови кај нас.сите некако нереално очекувате дека со потписот во матично- нешто или некој- магично ке се промени.

    прави што ке правиш дури не си влезена во таа кука .расчисти сметки со мм ,разјаснете каде и како ке живеете прво насамо а после јавно на маса со неговите.ако гледаш дека нема дискусија поарно сега стави крај отколку покасно.

    морав да редактирам,како мислиш дека ако молчиш ке ги промениш работите во твоја корист.нема да дозволиш да ти се меша жена што диктира што и кога ке јадете.дај боже да грешам ама во таа кука нема да имате спокој .
    отвори си ги очите за да не ти ги отворат.
     
    На bittersweet, Lovely93, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  6. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Не коментирам кој како зашто,туку ке кажам,за последниов случај колку толку сум сведок, не верувајте во невини искази на ,,маченички,,.
    Кога некого држиш до себе на сила,нормално само ке клима со главата. Поздрав.
     
  7. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    морав да те цитирам на што мила ти си сведок кој познаваш ти?
    кој кого држи на сила до себе? де изјасни се се знаеме се познаваме па коментираш за некој и судиш а ни го познаваш ниту го знаеш
     
  8. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    нема потреба да се изјаснувам ниту да напаѓам,само ми се смешни оние кои пробуваат да ти помогнат, но секако нели не се знаеме кои сме и што сме, не може човек да има тотална контрола на се,никој не може да контролира туѓ живот, не може цела твоја фамилија да контролира што прави твојот свршеник,не може да искористуваш парично,па да се жалиш од идната свкрва. Кој има вистински проблем може да се жали такви како тебе не,ова е мој последен пост во врска со тебе,и не се ни надевам дека ке сватиш каде ти е местото,по сите сплетки кои му ги имаш направено.

    секое добро. В.
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.899
    Acka многу ме иритира фактот што уште невлезена дома, како званична сопруга веднаш почнуваш со битки против сестрата на вереникот.
    Па Боже мој, таа му е сестра на мажот ти и ќерка на твојата свекрва и тебе не треба да те засега фактот што таа си оди дома кај сопствените родители.
    Во однос на трошоците, секако дека ќе даваш пари и нема да очекуваш истите да ти ги враќаат, бидејќи и ти учествуваш во трошоците за храна и сметки.
    Најголема грешка е што прво не знаете да се прилагодувате на новонастанатата ситуација и очекувате дека веднаш по вашето доаѓање сите ќе се прилагодат на вашите желби и потреби, а второ веднаш почнувате со битки против золви и девери.
    Е со таков негативен пристап од сам старт, ќе се соочувате со секојдневни кавги и препирки.
     
    На mimiiiii, Lovely93, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  10. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Aх, a.c.k.a жал ми е што, наместо да се радуваш и уживаш во подготовките за свадбата, се полниш со нервози и стискаш јазик зад заби, само да нема кавги. Не пропагирам расправии (мислам бев јасна и во претходниот пост), туку зборувам за разговор со отворени карти - од двете страни. За жал, вереникот твој може допрво ќе си го покаже вистинското лице. Како тоа глава крши, атар не крши, само да нема префрлувања... И не треба да ги има, ама треба секој да знае на што е.

    Може сум досадна со ова разговор, па разговор, ама не зборам теоретски и напамет. Не сакам на јавен форум да споделувам туѓи животни приказни, но во блиското семејство имам сличен случај. Разврската: развод после долги години агонија и проблеми криени под чергиче.

    Затоа земи ги работите во свои раце и искрено сама на себе одговори си дали тој е човекот кој го сакаш за свој животен сопатник. Ако одговорот е потврден, седнете и разрешете ги работите навреме. Само вие двајца - свекрви и золви не мешајте.

    Среќно и да те читаме во поубави теми.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    95.626
    Не можам повеќе да се сложам со болдираното, за жал сеуште постојат такви луѓе со сфаќања типични за турско време , така да а.ц.к.а најсрдечно ти кажувам со твоето ќутење и чекање да после свадба се решат работите ништо нема да добиеш. Работите само уште повеќе ќе се комплицираат. Па сега вие немате никаков документ со кој сте ''обврзани'' и со кој официјално ти си дел од нивната фамилија на некој начин а они веќе командаат на велико, мислиш дека после ќе траат и ќе ве остават да си терате како што вие сакате? НЕ, НЕМА. Јас те разбирам дека ти имаш осет и дека не сакаш кавги, ама погледни ја другата страна ... Повеќе од очигледно е дека они тоа чувство го немаат и немој да очекуваш дека ќе го добијат, а твоето идно маже штом само со глава климнува, ептен ќе ја наредиш работава со таков.
    Сето ова што ти го пишуваш за тоа што и како планираш за вселување во нов спрат, го пишуваш планираМ, а логично е да биде планираМЕ. Дали си се запрашала што тие планираат? Мажот ти и неговите? Седни разговарај си уште вечерва со вереникот твој и ако не ти даде сигурен и цврст одговор дека ДА, вие ќе живеете на посебен спрат , среден по ваше, во кој ќе владеат ваши ''закони'', тогаш мила жално е да се каже тоа, ама собирај куферите и назад дома . Не дозволувај да се најдеш во ситуација каде само ќе веднеш глава и ќе биде ако ти одговара вака седи, ако не оди си! И ова ти го кажувам од лично искуство, оти и ако евентуално преминете на другиот спрат тоа не е гаранција дека мешањата нивни ќе престанат. После може ќе биде па НЕМА ШТО ДА ГО ЗАКЛУЧУВАТЕ СПРАТОТ КОГА ИЗЛЕГУВАТЕ, ОВА Е ЕДНА КУЌА! Е, така беше кај мене...
    А за сестра му, па што да кажам... Така ти е тоа најчесто, на моето нека му е арно, туѓото кој го врти.
     
  12. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    чекајте малку :D ко што разбрав феминката butterfly.mk ја познава a.c.k.a и вели дека е сплеткарка и го држи вереникот со сила. т.е испага работава ко тој да не ја сака али ради сплетките е со неа :?:
    што ке кажеш на ова a.c.k.a :wasntme:
    :^)
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.345
    Пол:
    Женски
    Полека бре луѓе, одма со лошо, одма со остави го. Многумина самите кажувате дека во бракот, посебно низ првите години сте поминале низ сито и решето, па сте успеале да си ги одржите браковите. Не е заеднички живот лесна работа. Самиот почеток на живот со партнерот е голема промена и за едниот и за другиот, па треба период да се адаптираш. Тргнувам од себе, првите месеци ми беа потешки, дур да фатиш ритам, кој какви обврски има, што каде како, планови, компромиси, негов однос кон твоја фамилија, твој кон негова, финансии, кој што плаќа, нема време, има време, кој што јаде, кога јаде, компромиси, договарања, преговори, надмудрувања. Ама како поминава време влегуваш во шема, се олеснуваат работите, а ние двајца тешки индивидуалисти. А можем да замислам сето тоа па во заедница. И на домаќините им е сменет животот, не се прилагодени. Таа свекрвата жена ко жена брани територија, сака да се покаже и истакне дека нејзиниот збор држи.
    Па либето на АЦКА е исто ненавикнат, сега има и жена, па треба да ја заштити. ДА ДА ТРЕБА, ама него уште не му е бистро во главата, ама има начин и за тоа. Ќе му објасниш, и не само да клима со глава, ќе бараш став негов да чуеш, ќе збориш, па нека се љути, ќе збориш пак, јасно и гласно што ти смета, и пак и пак.Па ќе предложиш пример ај бе ние сами, или јас мислам затоа што ние сме двајца, а они четворица дека треба да покриеме 30 % од тришоците за јадење (сега лупам на памет примери),па ќе се мршти, нека го, нека се намршти, утре пак ќе си кажеш, па он ќе испланира нешто и така ќе се најдете на пола пат. Па тој нема да сака да биде магаре меѓу коњи. АМА АКО ЌУТИШ, ПА МАКАР И 2 МЕСЕЦИ, Е ТОАГАШ ЌЕ ТИ БИДЕ ПЕКОЛ ДА ЗНАЕШ.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    А да не си се препознаа снаата и золвата во темава? :tmi: :D
     
    На mimiiiii, Lovely93, feminium и 2 други им се допаѓа ова.
  15. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Феминки ви благодарам за советите на сите и се надевам дека ке се читаме во поубавите теми,а на пеперутчето ке му посакам се најубаво :* и гледај си го маженцето и детенцето оти убаво се секаваш како ги доби и кој ти помогна за се :*
    Поздрав .М.
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Да пишам да непишам ама ај барем да олеснам :^)
    Ова родителиве на мм пак не нападна и тоа сега кога сме претрупани со обврски и новиот дом,нели имавме кавги и после година не избрка од кај нив еве друга година помина и пак исто.
    Со мм една година живееме сами а мм плајка кредит од таткому 4години треба да плајка инаку таткому ке завршише во затрвор.
    Со мм почнавме од -0.се од почерок од купувањње на чаши и лажици што се вика.
    Ајде рековме ке заборавиме на кавгите ама небива бидејки за овие две години сите околу знаат дека јас сум некоја су ороспија а мм копиле и сето тоа благодарение на неговите родители,сите знаат дека неговите родители немат псрче леб а ние се фрламе со пари и дг глупости кои не се вистина.
    Родителите негови ми го украдоа накиодот кој гк и го имав поклон и успомен од мама и тато.
    На малава ниту 10денари не и дадоа иако знат дека ме со мала плата и со бебе што трошак има.

    И после се ова јас никогаш не им пререков или да им кажам некои зборови во очи,патив многу заради нив и две недели во кола спиевме со мм и цел.месец без струја во стан и 3месеци без доволно храна а јас бремена се зарадив нив оти се ни зема не оставија без ништо.
    Сега ми требат пари а они не ми го врајкат мојот дел од таткоми и решив веке нема да им молчам исто и мм,првин ке им кажам со до ро ако не сакат ке видат којаа сум јас ке ги пријавам за кражба а потоа ке видат како боли и тоа кај саканата личност е па да нема веке да им молчам,имам доволно докази и луге на моја страна.

    Извинете ама морав да се олеснам,небидува веке.
     
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    малку си грешка, односно многу си грешка,малку сети се кој ти помогна за олеснувањето кое инаку ке ти тежеше 9м.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.652
    Допаѓања:
    129.801
    Not okay. Ako si I pomognala da abortira, toa vecno se kuti, ne na forum da se kaze. Sto I da se sluci vo zivotot. A ako si zxolvata, barem sega znaes deka smetas koga jades tamu, a ne davas pari :) Vakva snaa I jas ne bi sakala, a ni zolva :); b

    Sorry za latininca (sto bi rekla edna bivsa feminka - latinskiov) ama mobilen jbg :)
     
    На Bozica1980, jb82, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Уште ова од мене и толку.не сакам да коментирам за небитни личности во мојот живот,ниту е золвата ниту пак ми е помогнала да абортирам,туку јас и помогнав на неа за се и не сум го спомнала тоа на никого ниту пак на анонимен форум,ама некој за да се искаже како прле пред магаре сам ке си се навлече во проблем.Ниту сум ја коментирала ниту пак сакам да ја коментирам секој за себе.Се одалечивме многу од темата затоа повеќе нема да ја коментирам позз до сите.и ви благодарам уште еднаш :*
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561

    Мила добро е нека ти олесни, ајде и едно кафенце да се напиеш на раат и да се опуштиш.
    Штом си решила да ги пријавиш за кражба, тогаш пријави ги. Ич да не се секираш кој што ке каже. Не си ти должна да скратиш од твојата уста и од устето на твоето бебе, за нив да им плаќаш долгови и уште да те бркат. Како може родители да го остават своето дете да спие во кола? Да го бркаат од дома? Да не му купат ништо на внучето, па уште згора и да му земаат се.

    Сега за кражбава за накитот незнам дали ке успееш да докажеш, затоа што можеби го продале или стопиле за замена. Но битно е дека ке ги избрукаш и ке знаат дека веке од вас нема да добијат ништо. И не треба да добијат ништо.

    Знам дека не бараше совет, тку само сакаше да си олесниш, но морав да пишам дека мн се изнервирав. :* :* :*
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.