1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила :) и совет и мислење се добри дојдени а може и нешто ке ми помогне :)
    Е така се ни зема а сега и од бебето е веке неможам да дозволам да ни земат парче леб а тие да уживат и јадат и патуват секаде и се што сакат со нашите пари.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И не смееш да дозволиш.

    :* :*
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    a.c.k.a а свекор ти како е сега со тебе? Дека имаш пишано на почетокот несакал ни добар ден да ти каже ни рака да ти пружи. И прочитав дека вереников твој тогаш ти се испонашал, кога си прашала за свекорот.
    И уште ова, ако имате вие 2 куќи и ако неможеш да ја поднесеш свекрвата и золвата, најдобро ке ти биде да му предложиш на мт да се преселите кај тебе, така ке бидеш раат.
    Ке мораш да си најдеш работа и ке можете да си средите по ваше, без некој да ти го гасне светлото и да ти кажува кога се јаде.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    Се е во ред со свекорот сега.да имаме 2 куќи само што во едната живеат брат ми и снаата,а во другата мајка ми и татко ми со баба ми и дедо ми пошто се болни баба ми е со удар,пишав погоре дека работам незнам зошто ми велиш да барам работа,и да кажам уште нешто дека синоќе го расчистивме проблемот со делењето и со средувањето дека ке си останеме сами на спратот т.е ке се делеме и дека ке си средеме по наш вкус,а и за доручекот мора да се пофалам беше во 9,и ручекот вчера беше во 4. :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    некако работиве преку ноќ сите се средија :?: :?:
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    Koga zolvata vide se I prenese doma :)
     
    На Glasna, mila25ve, anneyy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Сум го испуштила делот за работата извини. Ете одлично што и двајцата заработувате и што со време си ја средила работата. Е сега свекрвата и да мрчи, кога ке бидеш на твој спрат подруго ке е. Едноставно кога ке се спомене штедење ке имаш како да и затвоиш уста, исто и за јадење.
    Золавата ке си оди кај нејзините и така нема што да си сметате една на друга. Кафе може и 1 неделно да се напиете.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не и е золва
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    Ами?
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ И јас се зачудив, по толку напнатите коментари на двете (во кои очигледно беше дека е во тек со се пеперутката), убедена бев дека таа е золвата. :lol:

    Ацка, немам што да додадам на твојот проблем, феминките пред мене се кажале, јас подоцна се приклучувам. Само ќе кажам ете гледаш дека пополека може да се реши се, во неколку наврати не било во ред однесувањето на свекрвата се согласувам, меѓутоа јас мислам дека сите сте нови во ситуацијава (секако и маж ти) и сеуште збунети и исплашени како што ќе биде од сега. Никако да не избрзуваш со непотребни одлуки (како заминување, некои од феминките што ти предложија), поготово ако го сакаш бидејќи од неполн месец живеење заедно не можеш да заклучиш каков живот ќе имате, можеби ќе се навикнете еден на друг и ќе стане подобро нема правило. А ти кога ќе фрлиш четиригодишна врска во вода и веридба и подготовки за свадба, после и да има смирување нема да е исто.

    Мислам дека маж ти се осеќа растргнат и притиснат од двете страни и сепак не е навикнат сеуште дека вие сте едно а неговите друго, затоа така реагирал. Да бил лош човек ќе си сфатела досега, 4 години не се воопшто малку. Ние со дечко ми кога ќе отидеме на одмор па знаат да ни пречат некои различни навики, а не истото дома со сите проблеми и обврски и зачин на се тоа и живот во заедница. Се може да се надмине со малку трпение и многу љубов. Поздрав и секое добро, ти посакувам како што се решило за ручекот и се останато да се реши пополека. :* Трпение и опуштена душичка, без полнење со револт и омраза. Па вие треба сега медот да си го сркате, не дозволувај да ви преседне и свадба и се. :)

    П.С. Да додадам за золвата, не викам дека треба да се мешаш и не е твоја работа, но не ми е јасно ни мене секој ден мажена жена да оди кај мајка и. Тоа секогаш безвезе ми делувало. Едно е посета, друго е секојдневно ручање и дремење таму, како дом да нема. Но тоа ти не можеш и не треба да го менуваш, ова беше мој конкретен став. Не е точно дека и е тоа дом, откако се омажила таа има нов дом, а ова сега е твојот дом. А за таа да руча кај мајка и секако дека нема пари да дава.
     
    На a.c.k.a и Cka им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    незнам и не е битно, ама веројатно се бивши пријателки, а за золва не и е бидејки пеперутката кажа.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.087
    Пол:
    Женски
    За а.c.k.a. ги прочитав скоро пола мислења. И сите едно те исто, ама јас да те прашам нешто.
    Дали мислиш, дека свекрвата го подбуцнала мт да ти каже така за парите, т.е. тебе да те ставиле на тест? Да видат дали ќе му бидеш достојна сопруга и дали ќе ги испочитуваш нив со нивните така наречени правила?
    Самата кажа дека мт не ги кажува правилата, што значи дека од кога си дошла ти тамо се вовеле.
    Гарант те ставиле на тест.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се верува толку да се без осет..... :?: Тоа би било безобразно според мене. Поготово од негова страна, саканата со која е со години да ја става на таков тест зад грб, како би се осетил тој на нејзино место? Ако е така, воопшто не е во ред.
     
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ништо чудно. и јас поминав многу тестови без да знам и претпоставувам дека постојано ме тестираат.инаку еднаш на муабет со свеки јавно и реков ај кажи ми што ми сметаш како доблест а што ти пречи кај мене и одма ми кажа дека ме истестирала за нешто да не должам сега многу текст и демек и се допаднало како сум постапила,демек исто како другата снашка(значи и на неа истото и го прави/правела) и тогаш сфатив дека женава ќе ме тестира до крај на животот нејзин :lol: .некој едноставно се такви жени :@ .
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Виши јас мислам дека ако се смина серија каде главен лик ке е свекрвати, ке биде најгледана, а ние снаите подобро ич да не се мажиме.
     
    На jb82, Dentina и Lovely93 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.008
    Пол:
    Женски
    И мене мојата фалабогу нсудена свекрва сакаше да ме тестира и синчето нејзино си се водеше по нејзин памет и јас фала богу се спасив. Сама ама среќна подобро отколку да се расправам со писхијатриски случаи. Извинете ама сите си имате дома свекрви зрели за на психијатрија кога си дозволуваат да ве тестираат. Што сте бе вие оптини глувци? Болести.
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    [/quote]
    Да ве прашам само едн работа?!
    Дали вака размислувате за вашите мајки?
    Немојте Ве молам, сите сме нечии чеда. Ставете ја вашата мајка на место на свекрва, уффф ама таа е МАМА не е свекрва. ама и свекрвата е нечија мајка Ве молам почитувајте.
     
    На LUCERKA и eloves им се допаѓа ова.
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Речиси сите кои ме познаваат ми се чудат на трпението и толеранцијата неисцрппна. Едно ќе ве советувам, нема да се разболите ако преќутите, или подобро ако не чуете што зборува воопшто. Второ, грешката е речиси секогаш во маж ви. Мојот сопруг е моја најголема поддршка без да го побарам тоа воопшто, без да му посочам конкретни примери и случувања на кои не бил присутен. Затоа што ја знае вистината, не познава и двете и прави реални проценки за тоа кој е виновникот.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.008
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам само едн работа?!
    Дали вака размислувате за вашите мајки?
    Немојте Ве молам, сите сме нечии чеда. Ставете ја вашата мајка на место на свекрва, уффф ама таа е МАМА не е свекрва. ама и свекрвата е нечија мајка Ве молам почитувајте.[/quote]

    Не зборувам за сите, туку за оние кои си дозволуваат да си играат со снаите како со опитни глувци. Мајка ми нема да биде свекрва зашто нема син, ама нема да и преќутам ако нешто приметам во односот кон мојот сопруг.
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе (без иронија).
    Почитувај ја мајка ти ама и нечија друга мајка.
    Трпението нема цена кој може да издржи.