Хахах извинето за вампирот, барем да беше вампир ке го попрскав со света вода и ке онемеше. Воа очигледно некое друго створење е,без да те апне крвта ми ја пие
Кажи му на маж ти за случката за свекор ти да не може да ја изврти работата и скроз игнорирај го.Не се карај, како да не го слушаш.Од едно влегува, од друго излегува
Ти јави му се веднаш и кажи му што се случило. Не чекај да се врати, до тогаш може се и сешто свекор ти да смисли и да му каже, може да му направи секакви филмови. Вака ти прва изнакажи му се (вистината) и терај си работа. Не навлегувај во никакви дискусии со свекрот , молчи си и мудро чекај го мажот
Каков е тој родител ако сака на својот син да му го расипе бракот??? Како постар човек игнорирај го и не се замарај со него, само кажи му дека тоа е Ваша одлука и на дваицата а кога ќе му дојде синот нека се расправа со него. Ти неможеш никого со сила да задржиш на печалка, ако сака ќе оди ако не сака ќе си седи дома. И подсети го дека е женет син му кој има фамилија. Таквиот свекор- татко на маж ти е само љубоморен на парите што ги печали неговиот син и моооожеби малку се плаши дека парите ќе го изменат неговиот син.
Драга Пеперутка , Сакам само да прашам ..како реагираше ти кога свекор ти ти се дереше и те пцуеше???? Дали ти ,онака патем , во кавгата го праша зошто тој па толку инсистира да си дојде син му ,можда за да не спечали и да се осамостали и да биде свој човек ,можеби затоа што сака вечито свекор ти да се прави газда ??? Зошто не одговори свекор ти ,штом е толку силен, зошто не му обезбеди дом посебно на својот син ,туку живеете во заедница ?? Зошто ко бил толку јак за да може да вика и да пцуе не бил јак да спечали па сега секој да ужива , пак ќе прашам можеби затоа што сака да остане газда .... Хмммм ...не можам да сватам....Како си даваат за право ?? Па ти си му снаа ,туѓа жена ,туѓо дете ..што ти е тој на тебе ??? Ништо! Мој совет ти е контра од она „ игнорирај и прави се дека не се однесува на тебе“. Напротив! Ако уште еднаш си даде за право да крева глас , постави му ги овие ,горе наведени прашања ,а сигурно и ти имаш свои ,па нека се почеша и тој малку кај што НЕ го чеша.
Пеперутка имаш поддршка и од мене, немој да ќутиш на никој за ништо, така само ќе те газат. Се согласувам со Babyketi, нападот е најдобра одбрана. Нема што човекот да се меша во туѓ брак????? Што и да ти каже одговарај му смирено и биди ладна како уво да не те боли што он си има проблем. Всушност човекот си има проблем, не ти. Кажи му на маж ти се уште одма, (не чекај кога ке се врати да му кажеш) ама се што ти рекол. И да, ако маж ти има доверба во тебе, сигурно нема ни да помисли дека можеби го лажеш. Ако мислиш дека е можно да се случи тоа, снимај го на телефон свекор ти (биди спремна) ако (не дај Боже) ти се обрати пак со истото понашање, да не мораш да го убедуваш маж ти, во случај да не ти поверува. Кажи му на маж ти, и оди кај твоите или кај роднини неколку дена на гости да се смири ситуацијата. Јас би направила вака. Поздрав и се најдобро!!!
пеперутка супер совети ти дадоа. А тој ако е ГАД ти биди над него. Ако пак се дере а немаш сила да му вратиш (јас би го згазила па колку сака нека е постар појак и посилен од мене !!!) снимај го!!! Барем денеска има техника. И ако маж ти не ти верува покажи му. А за тоа дека може брак да ти расипе само едно ќе кажам. Стабилен брак никој не може да расипе, климав може и еден збор од било кого. И не му се плаши на свекор ти. Не е ништо повеќе од едно обично егоистично говедо што очигледно сака да има контрола над се!!!
леле пеперутка ова ме потсека на тоа како мојот покоен дедо ја навредуваше, и понижуваше мајка ми пред сите, а сведоци на тоа бевме и јас, брат ми, татко ми, а што е најтрагично ова се слушуваше и пред луге. Тогаш бевме мали и јас и брат ми ама сега тоа да се случува, незнам што би направила, сепак таа ми е мајка, и нема да дозволам некој да ја навредува и понижува а што е најтрагично од се на татко ми не му беше важно тоа, по цел ден не беше дома, или кога ке се вратеше од работа беше во пијана состојба немој да дозволиш некој си вампир (извини на изразот) да те деградира како личност со навреди и пцовки, и да се попречува во вашата срека, брани се, и разговарај со маж ти за однесувањето на татко му, и за сите други финансиски проблеми , а тоа што тој те понижува со вакво однесување значи дека не сака син му да биде срекен со тебе, убаво размисли што ке правиш понатаму
Ох бејбикети јас се скаменив во тој момент и А не зуцнав. Само му реков дека одлуката да не ја прифати работата е на сопругот и јас го подржувам, и он дека не треба да се меша кај што не му е местото. По ова он почна уште повеке да вреска(подиве-тоа е правиот збор) и ја очекував у секој момент да ми ја влепе една (пошто нема контрола). На маж ми му се јавив одма и му кажав што се случи, и кога сопругот му се јави на свекор ми, тој пред мене му тврдеше на сопругот дека не ме пцуел и не ми викал. ТОј само убаво ме прашал зошто маж ми несакал да работи кај него.. цццц Јас останав вака (добро е што маж ми ми верува а и го познава татко му колку е подол) И друго нешто вчера приметив. Додека се случуваше викањето свекрвата ништо не превзема за да ме заштити или одбрани (јас не и замерив на тоа) и вцера нормално и правев муабет како ништо да не било, исто и таа така се понашаше. Кога стигна свекорот од работа таа прекина да ми зборува бре.. А свекорот не ја игра ни керка ми. Немам зборови. Денеска заминувам кај мајка ми и останувам таму додека не си дојде сопругот од пат. Мислам дека така е најдобро.
Peperutkaa и јас мислам дека тоа е најправилно решение сега во моментов. А кога ќе си дојде маж ти тогаш под итно барајте стан под ќирија и тргнете се од таму. Нема ништо подобро од мир и раат. Ако нешто повеќе те интересира пиши ми лп ќе ти раскажам слична ситуација и до каде допре работата
Пеперутке, јас искрено мислам дека не треба да се повлечеш и да одиш кај твоите. Навистина би им покажала дека си гостинка, а тие токму тоа го посакуваат. Да те елиминираат од носење одлуки. Вие сте сепак две семејства, и едното на другото нема право да се меша во ниедна одлука. Колку и да те нервира ситуацијата, колку и да ти е тензично дома, излези над тоа, викендов посвети се на детето, шетајте, уживајте... Кај и да ке поминат тие 15-тина дена, а искрено сметам дека не секогаш е лесно во бракот. На тоа мајка ми вели: кога ти е најтешко да бидеш херој и да издржиш! Во право е, иако јас не сум во брак, можеби немам право да коментирам на тема од која немам лично искуство, сепак мислам дека не треба да им покажеш дека сето ова те допрело. Поздрав од мене и БИДИ СИЛНА!
А што ќар ако остане дома?Ќе се нервира, ќе ќутат сите и само напнатост ќе има.Да не случајно свекорот ќе ја пофали што е силна и ќе и се извини?Вака, кај мама на раат ќе си се одмориш, а кога ќе дојде сопругот ќе ги ставите во ред, логично е покрај него да си посилна, негови родители се
Неможам да седам таму, напнато е, а и неможам да го гледам свекорот како се понаша со малото. Плус и спијат во кујната, и ја гладна седам зашто ми е незгодно (а и не сакам) да влезам кај нив. Така да најубава опција ми е кај мајка ем и нема да мислам на тоа нон стоп, плус брат ми секогаш знае како да ме расположи.
здраво! јас ли`но на темава сум против.во брак сум веке две години и до сега немам никаков проблем од мојата свекрва,тоцно понекогас и јас ке и најдам замерка а сигурно и тааа мене но во поголема смисла се трудам да ја разберам и да најдам некоја подобра средина на разбирање! Но сепак тое е мое мислење едно од милион и секој гледа од своја гледна тоцка Пеперутке па ти имаш голем проблем во кој од моја страна голем плус за твојот сопруг за довербата и разбирањето со тоа тој ти показал колку си му важна ти во неговиот живот. Oд мене совет: немој да си ствараш стрес во брачниот живот поради човек кој нема ни карактер ни почит спрема својата снаа, гледајте си се со сопругот вам да ви биде добро, а другото само по себе ќе си дојде, само полека и без стрес, така ке се реши се.
Драга Пеперутка , Овде ,на форумов, доби различни совети и размислувања и тоа е добро. Меѓутоа старите рекле ..прашај патилец -не гаталец! Мое мислење е дека треба да заминеш на ден-два кај мајка ти, колку да се смириш и да си ги прибереш мислите, но после ден- два ОДМА да се вратиш и најбитното ...да се се заземеш или избориш за својот став. Ова битка е најтешка и најмакотрпна ,ама ако издржиш си победила СЕ! Значи мојот совет ти е иако не те познавам и не знам кој сензибилитет си да се СПРОТИСТАВИШ. Овде не мислам да се караш и да правиш војни ,ама отворено за се што ти смета да си кажеш. Пример : Ти смета што спијат во кујна и што седиш гладна ,отворено кажи им. Ако нема друго решение ,односно ако нема каде да спијат на друго место ,кажи им да ти кажат кога ке си легнуваат ,па да си земеш на послужавник храна за вечерта. Ти смета што не го земаат детето ,кажи им отворено ,дека треба да го вардат бидејќи имаш работа да завршиш.И остави им го. Покажи им дека ич ,ама ич не им се плашиш и дека нема да им ќутиш ,а ако почнат да викаат и да се караат ,па и ти еднаш пушти го гласот ,да видат дека имаат достоен противник во таа војна и дека со тебе „ нема лабаво“ Верувај ми ! Се дури ќутиш од почитување, од „што нема смисла“, од љубов према мажот ти ,се до тогаш никој нема да те почитува. За жал така - обратно пропорционално одат работите во животот. Кога сакаме да испаднеме добри и да отстапиме ,најчесто ни се удира од глава. За се треба човек да се избори,или на англиски ..To stand for yourself!!! Поздрав и ти посакувам многу успех во решавање на овој горак проблем.
Ке те послушам Бејбикети, викендот ке го минам кај мајка ми а потоа ке се вратам. само мислам дека е подобро да го почекам маж ми да стигне и заедно да разговараме со неговите. Се надевам се ке се среди..
Подршката од маж ми ја имам од секогаш, ама кога ке треба да му се спротистави на татко му тој онемува. И тоа не од почит спрема него туку од некој вид страв од него, чудно нешто незнам како да го објаснам. Секогаш ми вика злато јас те сваќам и знаеш дека сум со тебе , ама со татко ми ако влеземе во конфликт ништо добро нема да излезе.. Ке ме полуди, ама веке гледам почнува полека да си го бране ставот, така да има надеж сега кога ке си дојде да се разговара дали планираат да се симнуваат на долниот спрат или да си одеме од таа куќа каде не видовме ни малку арно. Само Бог да ми даде сила и малку помош..
Ќе ти даде Пеперутке ,драга! Господ ги сака храбрите. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет ,ама НЕ отстапувај. Се ќе помине ,ама ако сега не стекнеш авторитет ,цел век ќе те газат. Поздрав и се најубавона тебе и ќеркичката!
Пеперутке, можеби не се спротивставува бидејќи си го познава татко му каков е. А и се плаши дека можеби вие би останале на улица ако на татко му така му штракне во моментот. Јас верувам дека тоа ќе се смени ако се тргнете од таму. Ти раскажав во пораката и ти посакувам среќа