1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    [/quote]
    Тогаш не знаеш, јас имам брат и не ја оправдувам мајка ми во однесувањето со снаа ми.
    Мајка ми е вештерка во односот со неа, иако ми е мајка не ја оправдувам, грозна е.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    битно се средиле пеперутче овер анд аут :clap:
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    Kако се средиле? Живо ме интересира. Се разведе?
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Хехехе да бе разведена е и се е средено. :$
     
  5. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    ? :o :o :o
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не знам бе се шалам само ;)
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам само едн работа?!
    Дали вака размислувате за вашите мајки?
    Немојте Ве молам, сите сме нечии чеда. Ставете ја вашата мајка на место на свекрва, уффф ама таа е МАМА не е свекрва. ама и свекрвата е нечија мајка Ве молам почитувајте.[/quote]


    Па нели нашите родители не воспитале на свој начин. Ние сме до некаде нивен производ. И оп се мажиме за принцот од соништата и тој има приколка. Е мама не ја гледаме секој ден или ако ја гледаме, ќе дојде жената ќе се напие едно кафе и ајт чао. А другата мама е се уште газдарица во куќата каде живее синот. Иако не е нејзина куќата, ама ти си жена на нејзиниот син, така да таа е Величенствената. Треба ем да се почитува ем грбот да ти го врти. Така е бидејќи ти си тука „дојдена“. Иако не и си дома таа е таа единствената чие презиме го носиш ти.
    Како ли воопшто смеам да помислам дека јас сум поголема домаќинка или родител од неа? :x Никако. Молчи си и трпи си. Кога мм ќе и каже на мајка ми дека јас поубаво готвам од неа, таа се гордее. Ама ако тоа и го каже на својата мама, таа ке го ископа Југословенскиот кувар и ќе го чита секоја вечер пред заспивање. Тоа можеби е краен случај ама првенствено доаѓа муртење, негодување или некој одговор како „таа фурни леб треба да изеде додека ме стигне“.
    Снашката е неспособна бидејќи ќерка и е поспособна. Ама снашката секоја вечер си го капи бебето сама без ничива помош а таа трча кај ќерката бидејќи не можела сама да ја крева водата. Била породена со царски рез. Леле, мајко мила, па зарем на снашката и правеа специјален царски рез кој не боли???????
    Керката била глупава што ја трпела свекрвата. А зарем јас не сум нечива ќерка. А зарем ти не си нечива свекрва. Шуш буш со ќеркица како да го превоспитаат зетот а снашката крива оти се карала за своите пари. Снашката крива е што синот се искарал со неа ама кога зетот ќе се искара со мама е тоа не е лошо. Убаво и се стори на сваќата.
    „Тој е мој син, јас сум го израснала сум го школовала па не е страшно да земам нешто што е негово“. А мене ѓубреџиите ме раснеа??? Е ај сега јас на мама и тато ќе давам пари. Ама не чини така. Ако се дадат пари кај мама и тато тогаш срам да им е, од внучињата лебот го земаат. А ако се дадат пари кај Величенствената, тогаш се плаќа данок. Обврска е.
    Ако мене ме боли раката неа мора во истиот момент да ја боли главата. Кутрата таа. А мајка ми ќе ми даде Аналгин
    Ако јас се пожалам дека денар немам, таа нема ни леб да јаде. А мајка ми ке ми ги даде последните 500 денари.
    Ако јас одам на одмор, не чини бре. Не знам зошто ама не чини. „Некој на одмор, некој пари за леб нема“. Ама ако оди ќеркица тогаш со полна уста „На одмор ќе одат. Ако нека шетаат додека се млади“
    Ако немам пари не сум домаќинка, ако имам па не дај Боже, зошто таа да нема.
    Ако ми е кујната лом цел комшилук ќе ме разбера а мајка ми ќе ги измие кришум никој да не види.
    Ако јас не сум спиеле три ноќи со детето ќе дојде мајка ми додека е мм на работа за да преспијам некој саат. А ни на памет не ми паѓа да и се пожалам неа, бидејќи 3 саати ќе слушам колку таа се мачела со децата.

    Немам брат за да ја видам мајка ми како свекрва ама ова е само капка во морето со име Свекрва. Ова се само дел од тие работи кои ги делат свекрвите од мајките. Таа е моја МАЈКА како што свекрва ми е мајка на својата ќерка.
     
    На fairy90, Glasna, Rose96 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    10.894
    ^ Истото што мајка ти го прави за тебе, свекрва ти го прави за ќерка и.
    Не знам зошто се чувствуваш обесправена и запоставена, кога си свесна дека свекрва ти не ти е мајка, па да ти ги удоволува сите работи кои и ги прави на ќерка и!
    Просто и едноставно ;)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Јас не се жалам :) . Сакам само го да објаснам она што често го читам на оваа тема „Дали вака зборувате и за својата мајка“ или „Не зборувајте за свекрвите и таа е нечива мајка“. Да и таа е мајка ама не моја. Ете тоа е целиот муабет.
    Со мајката и да се искараме, ќе помине како на куте. За 5 минути забораваме. Ама со свеки, не се заборава. Цел живот се памети.
    И јас имам и син и ќерка. И мене можеби дома ќе ми дојде снашка која е спротивна на мене. Мене на живци ми оди валкан под. Некогаш смукам и прашина бришам и по два пати во ден. Може цел мијалник да е полн со чинии ама јас да се нервирам за две трошки на тепихот. Е ако ми дојде снашка која го занемарува подот а се друго е цакум пакум, тогаш ќе се давиме :rofl: А ќерка ми ќе е најдобра бидејќи мама ја научила дека е најважно да нема прашина, пајажина или влакна по тепихот. А чинии, алишта, пеглање, готвење - кога како ќе се стигне :emo: .
    Инаку јас често се жалам на други особини на свекрва ми а не на нејзиниот однос со золва ми.
    Најбитно е свекрвите да не ја изгубат човечноста. Сепак и снашката е нечиво дете и е човечко суштество на кое треба од време на време да му се пружи рака. Не сме ние, само, дојдени. Со самото газење на снаите ги газат и сопствените синови. Не знам колку им е тоа јасно на овие Балкански свекрви а не знам колку ќе ми биде и мене јасно, кога ќе станам свекрва.
    Сепак свекрва не може да се сака. Зошто би ја сакала? Ниту пак мојата снаа ќе ме сака. Ама и почитта не доаѓа туку така. Ниту мојата ниту нејзината. Се се плаќа, се се враќа
    Делба на внучиња, мешање во бракот на синот, не чување деца, не помагање кога е потребна најголема помош, губење на чуваството за родителство спрема синот, искористување на децата, поделба на финансиска помош измеѓу децата - е од тоа ми се :puke: Тоа не го одобрувам ни како мајка, ни како снаа, ни како свекрва. Инаку секој збор е речен за себе во одреден момент. И се ќе биде и помине. Најбитна е човечноста.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не треба да се генерализира. Секој си е приказна за себе, и мајка и свекрва.
    Јас да сум и снаа на мајка ми ќе ја решам за 3 секунди, гледајќи го нејзиниот однос спрема снаа ми, иако не живеат заедно.
    Да се разбереме, разлика во генерации, 3 генерации под еден кров не бива, секој си тегне на своја страна, затоа најдобро е подалеку и од мајки и од свекрви, па к.. ми е двор ми е.
     
    На Dentina и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.008
    Пол:
    Женски
    јас не знам зашто толку Делерон се најде во мојот коментар. Било да е мајка ми свекрва или моја свекрва нема право да тестира, да формира, да се однесува како да е снаата опитен глушец опитен глушец. Привикнување на едни и други трае повеќе време, кај некој ќе клине за месец дена кај некој за година дена, ама психички тортури не прифаќам и точка. Тоа примитивното да се навикне снаата на нас не поминува кај мене. Умре тоа. Нека се навикнат и они на неа, она доаѓа во друга куќа, неа се и е ново. Треба да ја прифатат со арно а не да ја тестираат.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    ???????????
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.399
    Допаѓања:
    108.008
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      63,7 KB
      Прегледи:
      216
  14. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    не реплицирав да тоа она што го пишала , дека се одвоеле.
    пишува во претходните постови.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.574
    Допаѓања:
    128.772
    М? :^) :^)
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Разговарала со мажот и се договориле за преселба во другиот спрат.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Со останатото се согласувам ама со ова не.

    Зошто да не може да се сака свекрвата? Само затоа што го носи називот "свекрва"? Зошто тоа како правило го кажувате? Секој човек можеш да го засакаш ако заслужил, небитно каква улога, назив или роднинска врска има во нашиот живот. Ако на темава читаме секакви сценарија и свекрви излезени од пеколот не значи дека секаде е така. Има луѓе и нелуѓе. А и не заборавајте дека овде ја читаме само едната страна.

    Како и да е, јас никогаш не би влегла во односот снаа-свекрва со мислата дека јас неа нема никогаш да ја сакам, тоа е невозможно и толку. Ако се однесува добро со мене, ако ме почитува, ако не ми се меша во бракот, ми нуди помош, ме гледа како ќерка итн.? Зошто да не ја сакам? А верувајте дека ова го има, сум гледала и слушала снаи кои зборат за свекрвите подобро отколку за сопствените мајки. Има луѓе кои знаат за човечност, не секаде е вака како на темава. Би ја сакала како мајка на мојот маж, како жена која ме почитува, ми помогнала некогаш за нешто или се понудила (пример), како личност чии гени се во моите деца... Ако можам комшиката да ја сакам, ако можам колешката на работа да ја засакам, ако можам другарка да засакам зошто да не можам свекрвата? Тоа сакање не е туку-така, секако дека би било заслужено. Јас со никој не се ограничувам на ваков начин дека не можам да засакам некого. Зборам за било која личност во мојот живот.

    Никој не е совршен, секој може да згреши. И јас ќе и' згрешам може некогаш на неа. Ама доколку се' тоа е без злобна намера и е несвесно, а притоа секој си ја признае грешката и се извини зошто да и' мерам на кантар. Кога некоја друга личност во вашиот живот ќе ви згреши нешто одма мерите на кантар и викате дека никогаш повеќе не сакате да ја видите и дека никогаш нема да ја сакате? Сигурна сум дека не. Ама овде е свекрва во прашање па мора да биде лоша, злобна, подмукла... И најмала ситница чекате да ја ставите во редот на вообичаени свекрви од Балканот кои знаат само да се мешаат. Јас повеќе држам до она дека мажот е секогаш кривец за се', а не свекрвите, ама тоа е веќе друг муабет.
    Да напоменам, зборам за нормални човечки грешки кои сите ги правиме и кои повеќе се несвесно направени. Не зборам за злобни постапки, буцкање, двоење на деца, внуци и многу приказни што сме ги прочитале во темава. Зборам за еден нормален човечки однос помеѓу две возрасни, зрели личности кои се почитуваат меѓусебно и си помагаат.
     
    На Nausicaa, Dentina и Lovely93 им се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ма што е битно! Битно е е дека „преку ноќ“ ништо не се решава.
    Дека судирот на генереции како и обидите „жената да газдари“ у куќа, секогаш водат кон кавги и недоразбирања.
    Како што реков и претходно, двете се во право.
    Тоа го реков затоа што, на крајот од краиштата, свекрва и е домаќинката и газдарицата на таа куќа и става некаков ред.Е сега, друг е муабетото што редот и правилата на свекрвата се премногу крути, од типот на временски ограничување на служење појадок и ред други работи.тоа со ќерка и што доаѓа да јаде дома кај нив, тоа е нејзино право, бидејќи тоа е домот од кај што е излезена.
    Од друга страна и снашката е во право. Сепак таму се готви за многу повеќе луѓе и секој треба финансиски да придонесува кон јадењето, а не само едната страна и тие некои налудничави временски ограничувања се доказ дека се осеќа неприфатено и тешко и е сигурно. Плус за делење на сметките и трошоците заеднички со свеки, муабет се прави уште пред да влезеш у куќа.Тој муабет ќе и го каже маж и, тој ќе и каже кој колку од совите пари ќе двои за да го поддржи животот во заедница.
     
  19. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    716
    Сигурна сум дека не си мажена и немаш свекрва.
    Не знам зошто во темава пишуваат немажени кои не осетиле ништо на своја кожа- тогаш лесно е да советуваш :) ,ќе ве читаме во иднина но со поинакво мислење :lol:
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш дека не сум мажена?

    Знаев дека мојот пост ќе се изврти на ваков начин. Џабе внимавав на зборовите. Суштината не ми е сфатена. Ок. Секој со можностите. :)