1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    716
    Искрено,99 % сум сигурна

    Не се лути веднаш,имам малку повеќе сопствено и туѓо искуство и повеќе години од тебе, сигурна сум.
    Едно само ќе ти кажам,свекрва не се сака,само може да се почитува ако заслужи и зад ова стојам 1000%
     
    На anggell и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    И еве го основниот проблем помеѓу снаа и свекрва.
    Кога свекрвата очекува снаата да биде иста како нејзе и затоа и споредбите непотребни со ќерката ама како што напиша анина, ќерката таа си ја воспитала а снаата мајка и си ја воспитала.

    Мене да ми каже свекрвата дека треба да чистам со правосмукалка два пати на ден а ручек ако имам време добро ако не не мора ќе ја погледнам како од Марс да паднала и секако нема да правам како она што ми кажува. За мене е најбитно да има јадење, да бидеме најадени а подот може и да почека, со мали деца ионака нонстоп нешто се истура и да ми приговара за тоа дали подот е чист или не или да давиме...ццц.

    На крај краеви чим сум доволно возрасна да одлучам да се мажам тогаш сум доволно возрасна да одлучувам како со сопругот ќе си го водиме домаќинството, нема што ни свекрвата да очекува дека ќе ја "слушам" или да ми кажува како и што треба да правам, ни да очекува дека ќе бидам иста како нејзе затоа што не сум, скроз посебна личност сум.
    Не значи дека сум лоша или нешто едноставно различни сме и треба да си ја почитуваме различоста и ни свекрвата да и наметнува ставови и закони на снаата, ни пак снаата да и го прави истото на свекрвата, секоја за себе е најубаво.

    Дедо ми на оваа секогаш одговара со:
    Ако имаше акл ќе имаше и пари. ;)
     
    На Glasna, mimiiiii, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не знам во кој контекст ме цитираше ама јас ова го дадов како пример. Не дека на снашката очи ќе и вадам ако не ја собере пајажината :rofl: :inlove: :*
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше и поентата, дека освен личните искуства и искуства на познаници постојат и искуства на луѓе кои не ги ни познаваме, кои пак може да имаат сосема спротивно искуство од нашето. Така? Не можеш да генерализираш и да мислиш дека ако ти имаш лошо искуство дека сите имаат. Затоа и пишав дека постојат луѓе и нелуѓе. Јас имав две колешки на работа кои се крстеа на свекрвите. Всушност на едната колешка жената и' беше веќе бивша свекрва, беше разведена. Ама знаеш што збореше? Дека подобра и пореална личност нема сретнато во животот. "Личност", а не "свекрва". Ми ја сфаќаш сега поентата? До човекот е, а не до називот. Иако не и' ни беше повеќе никаква роднинска врска, иако колешкава си беше веќе и мажена и си имаше друг маж, се слушаше често со жената, велеше за неа сум тука секогаш и во секое време. Другата колешка исто. Правеше се' за свекрвата, ама и свекрвата за неа. Сум се чудела каков однос имаат, почит и разбирање. Ајде вака ќе речеш глумат, зборат се најдобро, ама мене лично постапките повеќе ми зборат за луѓето, отколку зборовите. А имав колешка кај која отидов на гости и свекрва и' си седна со нас во соба да слуша муабети и ја буцкаше индиректно пред мене. И? Има ли нзс? Нема. Сакаш и друга страна на приказната да ти кажам? На моја другарка постара колешка од работа на која ќерката и' се омажи неодамна се фалела на работа како ќерка и' била многу итра и како смислувала изговори да ја одбегнува свекрвата зашто ете така и' била антипатична и не ја сакала на гости. Дури (види сега колку била паметна ќерка и' |( ) навечер го гасела светлото да мислела свекрва и' дека не е дома. И кој е тука забеган? Утре на истата таа ќе и' ја читаме овде нејзината страна од приказната и сите ќе се чудиме каква лоша свекрва има, а мајка и' е најдобрата. Секакви луѓе, секакви карактери. Затоа не сакам да се ограничувам и потпирам на туѓи искуства. Ова ми е исто како со муабетите: "Сите машки се исти"; "Сите женски се исти" па му доаѓа и ова - "Сите свекрви се исти". А всушност само има различни луѓе и карактери.

    А за моите искуства, мојот живот и години никогаш не можеш да бидеш сигурна, зашто овде јас можам што сакам да кажам како и сите останати, ама дали е тоа вистина никој не знае. Можеби сум и постара од тебе... не знаеш. :)
     
    На nena2010, Nausicaa, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Комплетно се согласувам со Daydream, ама целосно. И јас ги гледам луѓето на овој начин и мразам генерализирање. Исто така и не можам да разберам луѓе кои врз база на своето искуство судат општо. Сите сме виделе различни работи, а нашето сопствено искуство е лично наше. Нема тука споредби. Дедо ми Бог да го прости викаше од Господ е дадено свекрвите и снаите да не се сакаат. И многу логично, баба ми и мајка ми не се сакаа, но само поради баба ми. Дедо ми нормално си ја бранеше жена му и збореше така, а всушност беше за се таа крива. За секој однос (дали ќе биде добар или лош) се потребни двајца. И епитетите тука немаат улога, освен ако снаите не станат љубоморни зашто маж им за нешто ја послушал мајка му, или пак обратно. Ништо не е без причина, се почнува од ништо и после се трупа и расте и расте. Не е важно колку години има Daydream, тука е важно само колку зрело размислува (а тоа е и повеќе од очигледно), години не треба да не интересираат овде, и тоа е некој начин генерализирање. Има 20-годишни и 20-годишни, и 40-годишни и 40-годишни. Искуството влијае на зрелоста да, но годините не мора да значи. Може Daydream не е мажена, но сигурно е доволно зрела за да знае како ќе се постави, толку барем можеме да знаеме а понатамошното зависи од ситуација и однапред ништо не можеме да знаеме, затоа е прилагодувањето. И се враќаме на тоа дека не треба да се земаат нејзините години и статус со цел демантирање на нејзиното мислење, поготово ако таа не дозволила. Сите сме биле таму и ќе бидеме, не умира таа потреба на луѓето да се докажуваат пред некој што сметаат дека знае помалку (читај помлади). За нешто треба да земаме искуства од постарите, ама за нешто е сосема непотребно.
     
    На Taccka, Nausicaa, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    Мимоза еве јас имам свекрва па горе долу истото го мислам. Можеби олеснителна околност е што не живееме заедно , па немало многу прилики за драми. Имало период од неколку месеци кога жената дојде од својот град во мојот кога имав мало бебе и ми требаше помош, а мајка ми не можеше, ама ни тогаш немаше гадости меѓу нас. Не сме идеални ни јас ни таа, ниту па префини престрпливи суштества.Јас ценев она што остави своја куќа за НАМ да ни помогне со бебето , и ситни чарки или нешто што во наплив на хормони ми се чинеше како провокација, не давав да букне во војна.И маж ми исто.Исто и она е разбрана многу за тоа каде може да се меша а каде не.Се надевам и пробувам да и возвратам на добрината. Значи си остави маж и друго дете дома на неколку месеци.
    Ако лугето се цивилизирани и разбрани нема зошто работите да не течат.Ако не мазно,бар ќе се подмачкаат.Ама со неотесани луге,и снаи тука мислам и зетовци,и свекрви и свекори,и баби и дедовци и цела родбина да не бројам,едноставно ако се клетоштии од било која причина,нема аир.Со инат,злоба,подметнувања и омраза,не се стига далеку,до пукнувачка само.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Никој не се обидува да генерализира нешто. Значи темата е општо свекрви и снаи. Не зборуваме за зрелост или размислување туку за искуство. Со чест на исклучоците. И јас познавам некои жени кои се совршени свекрви и прават се за снашките ама сепак 90% ги имаат истите пигменти.
    Еве пример свекрва ми и јатрва ми се во одличен однос. Ако и кажеш нешто лошо на јатрва ми, за свекрвица, тоа е исто како да си ја отепала мајка и. Ама постои златното „ама“. Постојано и се улижува. Тоа е нешто што јас не можам. Подобро да не разговарам со неа отколку да и се лигавам по цел ден за да добијам ручек или да ми ги гледа децата додека сум на работа. И тој совршен однос се темели на мјаукање. Девер ми молчи а мм вика кога е во право. Јас не зависам од неа и мразам да и правам услуги. Зошто па сега јас сум лоша а таа е добра?
    Патем дедо ти ја бранел баба ти, а ти викаш дека таа била крива а мајка ти во право. Кој греши тука? Кој е во право, снаата или свекрвата? Тоа е исто како да прашаш што настанало прво, кокошката или јајцето.
    Dentina Вие ете сте се погодиле. И јас би ја ценела свекрва ми ако ми помогне барем кога ми е најтешко. Не зборувам за помош околу дете. Тоа е веќе луксуз во мојот случај. Уште кога дојдов како гостинка, на два саати, во куќата ,ме стана да ги мијам чиниите. Аман бре жено, само два саати ме знаеш, и не ти е срам. ММ не дозволи да станам и плус јас ги испревртев очите. Ете можеби жената сакала да ме ухода од одма во куќата, да се чувствувам како дома, ама мене ми беше глупаво и мизерно. Ете тука започна нашата омраза. Првите два часа. :) Не дека ја обвинувам или барам кривица во неа. Можеби со најдобра намера го направила тоа ама таа е СВЕКРВА. Ниту јас имав разбирање кога ми рече „*** ќе ги измиеш сега ти чиниите а јас ќе ставам кафе“, а ниту таа имаше разбирање за мојата младост и тоа дека сум во сосема нова средина.
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    ^Во тренажна машина одма те ставила,за до брак да си фул спремна цела куќа да двориш.Те разбирам што сакаш да кажеш ,и јас имам краток фитиљ за глупости.Но сепак,секогаш прво сами себе убаво да се погледнеме во огледало,пред да му скокниме на некој со "катаната".Се шалам.Сопрузите како баланс во вакви ситуации можат многу да помогнат,и мојот фаворит-да не се живее ако е било како возможно,воопшто заедно со стари.Ниту мои ,ниту негови.Ама овде читам причи од стилот-леле што фин зет имам ,секое утро во кревет на керка ми кафе и носи,е ама снашката не се погоди,кокошката го тера син ми кафе да и вари секое сабајле,па уште и во кревет да и сервира.Ама кажани во снаина верзија.Не сме ни ние снаите секогаш во право.Покрај свекрви од пеколот,познавам и снаи од пеколот :)
     
    На Nausicaa и anina им се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Па горе-долу и јас истото го реков, дека како и за се и за кавга и омраза се потребни двајца. Ништо не е без причина. Но ако едниот од сам старт се постави негативно без причина (во случајов баба ми), се знае дека конечниот резултат не може да биде позитивен. Дури и другата страна да влегла со позитивно однесување, кога ќе видиш дека некој не те сака и се однесува негативно кон тебе и ти прави разни сплетки, ај сакај го... Можеш одредено време да пробаш да го придобиеш, ама кога не бива не бива, креваш раце и си продолжуваш и ти со лошо, тоа е тоа...
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.026
    Сосем се согласувам со тебе! Колку од девојките што ги знаеме се злобни, тактичарки, лажги и кралици на драма? Утре тие ќе бидат ужасни снаи а еден ден и ужасни свекрви! Јас познавам женски персони со кои не сакам да застанам ни 5 мин на улица на направам муабет, а не па таква некоја во куќа да ми влезе :worried: буквално куќата ќе ја преврти главеечки. Јака им душа на идните нивни свекрви а уште појака им душа на нивните снаи, уште од сега можам да замислам како ќе им ја пијат крвта... Такви си се, едноставно се злобни и токсични и најдобро би било да си немаш работа со такви ама за жал, тоа е невозможно, сакал нејќел ќе ти се вкрсти патот со таква `вештерка`.

    Од друга страна, има девојки кои не се злобнички ама сами си бараат `рчки и се занимаваат со глупости- седнувам јас на кафе со една моја (не баш блиска) другарка и цело време морав да слушам за мајка му на дечко и. Девојкава живее со дечко и, не работи, нејзините финансиски помагаат по многу малку (толку можат) и најголемиот финансиски терет паѓа врз дечко и, кој излегува за да оди на работа во 7 сабалје а дома се враќа во 6 попладне.
    Ситуација бр.1- мајката имала работа во близина они каде живеат и навратила на едно кафе кај `снашката`. Било околу 4 и женава прашала што ќе имаат за ручек, другаркава одговорила `варени јајца` или нешто во тој контекст и женава и се понудила ако сака да и помогне да направат ручек заедно. Цурава смртно навредена, дрва и камена по `свекрвата`- што се занесува она, која е она мене да ми кажува дека треба јас да готвам, бла бла итн. Лепотицава нема никакви обврски, по цел ден се излежава дома, плаќаат жена да им чисти и како некој на нејзе да и спомне дека треба да готви? Каква навреда! Инаку, има 30 години.
    Ситуација бр. 2- мајката на дечкото, разведена жена одеднаш и сосем непланирано се нашла во тесна финансиска ситуација и син и и позајмил 2, 3 илјади денари ама девојкава се пени на уста `Што има ние да ја финансираме неа? Нека иде нека продава на пазар!` (Кажа девојката која и сама не работи и чека од дечко и да и даде за влошки)
    Се што ќе каже `свекрвата` нејзе не и чини, се што ќе направи не е добро (ако иде на гости жената - им се трупосува, ако не оди - ја избегнувала), нејзините се супер, имале завршено факултет, женава имала само средно, нејзините читале книги, мајкава гледала турски серии...

    Момент со друга другарка, исто не е верена - неговите живеат во друг град и на девојкава и текнало во петок вечер да идат наредниот ден на викенд кај неговите, се јавила кај мајка му да договори и жената и рекла дека ќерка и со мажот исто се имаат најавено за тој викенд и дека ќе нема место и за нив двајцата(двособен стан) ама обавезно да дојдат наредниот викенд. Другарка ми, лута ифрит ми се јавува, вреска по телефон и со цел памет и мртва озбилна објаснува дека, бидејќи ќерката и зетот почесто оделе да ги посетуваат, требале на нив да им откажат или да ги сместат по роднини со мажот за да направат место за неа и дечко и и следствено, всушност `свекрвата` неа не ја сака штом не и рекла на ќерката да не доаѓа...

    И во двата случаи, не станува збор за снаи од пеколот, туку за девојки кои мислат дека светот се врти околу нив, мама и тато од мали ги научиле дека се најубави, најпаметни и безгрешни ама во реалноста не е се баш толку бајно-ако нешто (или некој) не им оди по ќеифот, другите се дрски, безчувствителни и некоректни а тие самите се беспрекорни. Не верувам дека ќе се сменат, такви си се, егоисти и нарциси, и такви ќе си останат, за некој 20 и кусур години ќе ги служаме како се жалат на снаите `ете, знае дека јас повеќе сакам да јадам грав ама она намерно направи леќа за ручек, зошто ме мрзииии`.
     
    На dushiche, Bozica1980, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  11. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Првиот взаемен впечаток најчесто е пресуден за натамошниот однос. Особено ако станува збор за личности (зборам за двете страни, снаата и свекрвата се разбира) дијаметрално спротивни во поглед на образование, потекло, социјален статус, ставови, средина од која потекнуваат-тешко дека односот ќе биде гладок, без разумен компромис. Како јазот во години да не е препрека сам по себе. Но што е-тука е.
    Таа е мајка на сопругот и мора да се има должна почит кон неа. Под должна почит подразбирам еден култивиран однос од двете страни (често тоа е можно само од страна на снаата, како што подоцна ке се испостави, додека не и се истенчат нервите), однос без лигавење, мјаукање, лицемерие (ја и свеки демек сме као мајка и ќерка-а надвор-се плачат една од друга). За тоа најдобро е да не се живее во заедница, посетите да бидат што е можно попријатни, како за на гости, но и без взаеми очекувања. Зашто, ако веќе очекувате од некој да ви чува деца, помага, финансира-неминовмо влегувате во еден вплеткан однос во кој ќе мора да се покорувате и кој кога тогаш ќе биде извор на незадоволство и конфликти.
    Епа ако не е некој во состојба да биде самостоен од старт, да има свој покрив за кој ке си плаќа макар и кирја, мислам и дека не е зрел за семејство. Мислам, не можам да разберам, се земале, а живеат во заедница, и се жалат...Може ли две жени во една кујна??? Може ли повеќе табиети под еден покрив?
    И да, свекрвата никогаш не може да биде мама, ниту свекорот е тато. Тие се мајка и татко на сопругот, да, ги почитувам ама несфатливо ми е кога некоја жена во 21 век ги ословува со мама и тато родителите на сопругот, мајка е една, и штом ке расчисти човек со овие нешта од старт, навистина е полесно.
    :*
     
    На Glasna и anina им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561

    Се согласувам со целиот пост, но болдиранов дел е посебен. И да така е.
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    луѓе јас незнам како да постапам навистина сум и тажна за загубата и изреволтирана од однесувањето на свекрвами. Пред 2недели почина свекор ми и целиот трошок за погреб и 7дневен помен го снесовме јас и мм. Свекрвами ни денар не тргнала настрана туку даде само 5000ден толку имала а патем она работи зема 10 000ден плата и свекор ми бог да го прости земаше 14 000ден пензија и баш пред неколку дена пред да се случи тоа она земала плата и пензијата и од 24 000ден само 5000ден имала и толку даде. Ајде во ред ниту се противев ниту сега се противам свекорми беше душа човек сигурно така нема да го оставиме па мм сите пари што ги имавме тргнато настрана за да направиме детска соба на син ми (имавме купено само ламинат и абриб) сите пари ги потроши. И кога помина некој ден после тоа што се случи мм седна со нас двете и дА се договориме што како ќе биде за поната бидејќи и ние сме само на 1плата со мало дете, па реши колата што е нивната да ја продадат и од тоа да направат барем споменик па за другите трошоци ќе се снаоѓаме и паметнава свекрва кога се развика на мм какво продавање кола ќе ја дала колата на зетот и ќерката (кои имаат една кола ама стара била и плус не дадоа ни денар за погребот) а за трошоци ќе сме се снашле. Леле луѓе и сега ми се плаче кога пишувам ќе двојам од устата на детето за она да се прави јака баба и да се расфрла со подароци како божем лотарија ни падна а не сме изгубиле човек. И сега ние треба пари за памперси и све друго за детето, треба пари за сметки за струја, вода, телефон домашен, телефон мобилен, телевизија, храна за 2свињи, храна за нас дома и да тргаме за споменик и за трпези кога ќе се ставаат и се тоа од 1плата на мм а она од нејзината плата имаат кредит и ќе си плаќала 5000ден и карта за автобус и немало да и остануваат ништо пари. И незнам како да изреагирам заглавени сме до гуша а она се замислува дека е милијардерка. Вие како би постапиле на мое место оти јас веќе памет немам, и знам дека ќе рече некој дека сум без душа свекор ми починал а јас на ова мислам ама верувајте не е така од стрес и тага едвај успеав млекото да си го додржам, и јас не ни барам тие пари да ни се вратат алал нека се свекор ми беше душа човек туку за наредните трошоци да покриеме нешто од колата да не се заглавуваме бетер
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    ^Ако бил свекорот во пензија тогаш следуваат 30.000 денари од државата, тие сте ги земале или не?

    Сега за трошковите не знам што да ти кажам ако сопругот твој наследува поголем дел од наследството односно куќа не може да очекуваш од золвата да ги дели со вас трошоците, ако наследуваат еднакво тогаш треба да се делат и трошоците.

    Тоа со колата, па под претпоставка дека ќерката нема да земе дел од куќата тогаш сигурно свекрва ти сака барем нешто да има ќерката од таткото, не е ништо страшно тоа, впрочем споменик имате една година додека да треба да се направи.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Скромно ќе си поминете, не мора и тука да се претерува, ручеци за сите, после на 3 дена, на седум дена пак ручек, дарови и триста глупости. За основното, ковчег, поп, што уште треба не знам, од тие 30 000 денари што следуваат, уште нешто малку од вас и ќе помине. Споменик со тек на време, како и колку ќе имате така. Ако неа мува не ја лази ти што толку се потресуваш? Ако таа рече толку имам, тогаш и вие. Зар тие 30 000 плус нејзините 5 000 што ги дала не ги покриваат основните трошоци?
     
  16. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    не тие пари не сме ги земале ниту пак спомнал некој нешто за такви пари, само свекрвами кажа дека оди по социјално да среди документи за да ја наследи пензијата од свекор ми ама неможе бидејќи нема 50год а золвами наследува долниот дел од куќата и ете колата (золвами несака да ги земе бидејќи имала она кај мажи и се да остане на нас, а мажот и сака да ги земе, зетот) а на нас останува горниот дел во кој што живееме
    е скромно амА кај неа нема скромно се имаше алал нека е над 40 000 наши пари отидоа а веќе напоменав за тие 30 000 ние ништо не знаеме, т.е барем јас незнам баш ќе го прашам маж ми когА ќе дојде од работа. Да за споменик има време ама она веќе го нарачала сакала со време да се заврши со се, до 6месеци најкасно целиот да биде готов и сега ни бараат 400евра да почнат со работа и уште 450 кога ќе биде готов.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^
    Боже Господе, да не умре човек, трошок колку за свадби. Зошто толку скап споменик, сите ли се толку, една плоча мермерна нели е доволна, или покажувањето и претерувањето и на гробишта мора да се познава? Разговарај ти со сопругот може си имаат план со мајка му, очигледно прво нервозата гледаш некаде да ја истуриш, како инаку некој би нарачувал ако нема финансии?
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.026
    mila25ve, ако она има свои пари за да ги даде на споменик, тоа си е нејзино но ако планира со ваши да го прави, тогаш ваше е да ја предомислите. Имајте во предвид дека сега жената може и малку да не е во ред психички поради прераната загуба на мажот па може и да не размислува како што треба од болката, вие сте тие кои треба да внесете ред и стабилност во таа куќа. Ако моментално немате финансии, одложете го споменикот за тогаш кога подобро ќе стоите со пари, сепак живите доаѓаат на прво место, свекорот аир нема да има од споменикот, па макар и од злато да му го подигнете. Ако немате друга кола, старата во никој случај не ја продавајте и не ја давајте, имате мало дете, ќе ви биде од корист.

    едит:
    Bridget, знам луѓе кои понесени од очајот и загубата и желбата уште нешто да направат за покојникот а веќе ништо друго не останало, ги порачувале најскапите споменици (мислам дека тоа се оние од црн мермер)
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Во пензиско се оди за тие пари, се носи умреница и сметката од ковчегот и тие пропратни работи што се а парите може да ги подигне само тој што е потпишан на сметката од погребалната служба.
    Ако сопругот твој ги платил тие трошкови само он ќе може и да ги подигне ако свекрвата платила може она да си ги земе, мислам дека за 20-тина денови ги исплатуваат од кога ќе се поднесе барање.

    Ово го знам затоа што татко ми кога беше во Мк за погребот на татко му бидејќи он ги платил тие трошкови во погребалната служба после кога да ги земаат тие 30.000 мораше он од тука да им праќа полномошно за да ги подигнат тие пари.

    За споменикот нека и каже сопругот твој дека ако има она пари нека нарачува ако нема нека ќути и нека чека сите заедно да соберете пари, ако золвата не сака да земе дел без обзир што нејзиниот маж сака тогаш реално нема што да учествува во трошоците.
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мила,
    послушајте ги другите феминки.
    Парите за трошковите од погребот ќе ги повратите преку пензиско,и за тоа ако незнае свекрва ти, вие не и ни кажувајте.Штом вие сте ги платиле трошковите тогаш вие ќе ги вратите парите.
    Пензијата свекрва ти и да ја земе од свекор ти, таа нема да биде во цел износ, така да тоа си е нејзино што сака нека прави.
    И не се нервирај се ќе си дојде на свое место.