1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    ептен големи претерувања имаше па затоа и толку многу пари потрошивме луѓето што ќе рекле, на сета таа болка и загуба она имаше време да мисли за другите што ќе кажале. Она нема пари за споменик ама веќе го нарачала да тој од црн мермер е и коштал некаде над 1 000евра ама човекот бидејќи им е познат и им намалил на толку, инаку ние друга кола имаме и затоа оваа само така стои не сме во можност да ја одржуваме и неа и затоа мм сака да ја продаде а она да ја подари. Мм проба да и се спротистави да не викаме многу народ за 7дена она најверојатно и од шок и народот ќе рекол срамота е требало достојно да го испратиме човекот, викна луѓе како божем свадба е. Како и да е ми олесна малку што ви кажав бидејќи заради син ми несакам да се нервирам. мм ги плати сите тие работи па ќе му кажам да оди во пензиско барем тие пари да ги земе ете ќе се најдат барем за почеток на споменик. А за нивниот зет тоа е друга приказна и несакам да го коментирам, золвами ништо несака вика вие ги исчувавте вие се трошкови снесувавте и тоа е ваше ама маж и сака а има куќа има кола и сега сака и делот од куќата кај што живееа свекор ми и свекрвата и цела кола. Свекрвами сега се повлече горе и спие во собата на син ми што почнавме да ја правиме а долниот спрат остана празен. Колата ние што ја имаме е моја родителите ми ја купија кога бев девојка ама беше помала па кога се породив мм ја трампаше таа и доплати уште пари и земавме поголема фамилијарна.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Значи најглупа нација на свет сме. Само кај нас има вакви трошици за ништо. Ручек за погреб бе. Па ти човек си изгубил или свадба прајш. Никогаш не сум можела да ги разберам овие наши глупави обичаи и традиции, кои бдв немаат врска со религијата.

    Него да те прашам, дали вас ви е потпишан горниот дел од куќата? Дали свекорот остави тестамент или не? Дали сте сигурни дека тоа е или ке биде ваше?
     
    На Mimi123 и Glasna им се допаѓа ова.
  3. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    не уште ништо немаме препишано свекорми викаше ќе ни препише ама ненадејно почина и така остана, ние фактички немаме ништо како гости сме тука несакам ни да помислам дека може без ништо да останеме на улица
     
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    нам да може да останете на улица.Имотот ќе треба да се дели на оставинска постапка, а мт има дел од тоа, или нужен дел.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Епа мило со ваква свекрва и треба да се замислиш.
    За трошошите што ги подмирува државава ти објаснија феминките, но можеби свеки твоја до сега си ги зела парите.
    Ти и мт да си и ставите јасно до знаење дека немате финансии за глупости и дека имате мало бебе. Мт да си и каже дека знае колку пари таа зема и дека тоа е и нејзин маж и дека обврска и е да плати, бидејки ете таа ке ја наследи пензијата. Но и да не ја зема, сепак таа си зема звбоја плата и може да си плати. Немој да дозволите да ве користи. Не сакам да почнам да пишувам за баба ми и татко ми, дека мн се нервирам.
    Ако си во добри односи со золва ти, тогаш зборувајте и со неа ако треба и споменете повеке пати во текот на разговот дека имате бебе и само една плата.

    Не се надевј наа тоа дека цела куќа ке ја добете. Можеби сега за сега золва ти така вика( може не сака да подмири трошоци за татко и или пак сака колата да ја земе па глуми)но, тоа незначи дека мн нема да ја премисли, а штом и тој сакал ке земе.

    Знам тешко е да се мисли на вакви работи во ваков период, но и ти имаш дете за кое треба да мислиш.

    Ете старта дошла горе кај вас, па може и ке ви пушти корени и ке ви заседи, а долниот спрат ке седи празен за зетко.

    Како и да е, очите отворени и никако расправање во овој период.

    Уш ова, штом свекорти не потпишал, тогаш тоа се дели на два дела (дел на свекорот, дела на свекрвата) и од неговиот дел вие имате право на третина, бидејки тука е и золвата и свеки.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    па она и си кажа дека затоа се качи горе, бидејќи после погребот некој си адет било се да се исчисти доле и исчистија и она рече демек ќе спиела горе во собата на синми и секако не ни е доправена цела и секако он уште мал бил па со нас можело да си спие уште неколку години додека да умрела она. Абе боже мој незнам веќе што да мислам, а долниот спрат да бил чист за кога ќе доаѓале золвами на викенд на чисто да си преспивале, и јас и мм си преќутевме не е наше немаме право да се мешаме и плус си викаме траума е голема па да не ја нервираме. А досега золвами ниту на викенд иделе ниту ништо ама изгледа од сега и тоа ќе има, незнам можеби им е испланирано пред време а ние со мм ништо да не знаеме несакам да грешам душа. А парите штом само тој што платил може да ги земе тогаш сигурно не ги зела бидејќи мм се плати. Со золвами добро стоиме и знам дека нема лоша душа и дека навистина несака ништо па затоа и ќе пробаме со неа да направиме муабет за да се реши ситуацијава некако оти вака сме ептен во ќорсокак
     
  7. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    716
    Не знам зошто на форумов секогаш сте настроени за карање ако некој напише нешто што не ви се допаѓа,само пишав дека работите се менуваат.Имаше членка која во почеток од бракот се фалеше и фалеше од свекрвата за да самата себе се демантира после одреден период поминат во заедница-нема да ја именувам ама ја потврди мојата теорија.
    Јас никогаш не напишав дека имам проблем со свекрвата,имам коректен однос колку што треба да имам,на свекрва не се доверуваш за лични работи и односот твој со твојот маж,тоа е негова мајка и немојте да мислите дека некогаш ќе застане на твоја страна против нејзиното дете,на свекрва не се објаснува односот со твоето семејство затоа што тоа е твое и нема што да ја интересира нејзе.
    За тебе Дејдрим пишав постара сум пошто те имам читано во други теми како на пр.Чекање на се па потоа брак и слични без никаква лоша намера.
    Поздрав
     
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    65.563
    Мила, со мт разговарајте отворено.
    Стварно нема смисла од погреб толкави трошоци да се прават, посебно кога немате пари.
    Да не ги повотрувам коментарите од другите феминики пред мене, се сложувам со нив во врска со ова.

    Конкретно за тоа што свекрва ти ви се пикнала кај вас, средете го додека е време. Мене ми мириса на тоа дека ќе ја трпиш ти долго на ваша територија.
    Верувам дека и е тешко иако можеби не го покажува тоа, ама треба да се има човечност.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Е таа веке нема да слезе доле, тоа е тоа. Да има некој таков адет дека треба да се исчисти, но не и да се напушти тоа место. А што ке правела ако сте живееле во две соби? Ке спиела со вас? Сигурно и тоа би го побарала.
    Јас да сум како тебе, штом толку нема осет, откако ке подзамине оваа тага, ке и го тупнам детето во соба со неа, па нека трпи. Безосет. Уствари незнам дали би направила нешто, туку онака си терам инает сега додека размислувам. Но ако почне да ти се меша за се нешто тогаш мт нека спомене судска делба.

    Немаше да ти пишам ништо од ова, ако не кажеше дека таа си има своја плата, а пак чека се од тазе родители. Срама да и е. Сепак вие и на суд да одите, дел од свекорот ке ви припадне, па така раат ке си бидете. А ако не си ги средите работиве со време, ке дојде ден кога ке треба и нејзините сметки да ги плаќате и храна да делите, а таа нема денар да даде.
    Како сте сега со плаќаљњ, или сеуште немате почнато поради случајов?
     
  10. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    напоменав во првиот пост ние треба да ги плаќаме сите сметки вода струја телефон, храна, и веќе плативме 1струја што им останала на нив, она од нејзината плата ќе си го плаќа кредитот 5000 за карта за на работа и нема ништо да и останува, незнам и јас веќе памет немам од нервоза, што би рекле старите ем шута ем се боде ама тоа е гледа да не заглави ептен па не ја интересира што имаме мало бебе, како и да е ви благодарам на сите подобро ми е што споделив со вас
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Смирете страсти малку.
    Колку лошо кога секогаш парата излие како проблем во смртни случаеви и кога најмногу си требаат човек на човек се сведе со кавги на кој што ќе дограба и очи вадење.

    Свекрвата останала млада вдовица. На колку и да ви се чини дека е стара, нема ни 50 години, млада жена е. Мила, неа и е страв да седи сама доле. Не страв од умрен човек, или во таква смисла, туку страв дека може ја чекаат 40 години плус, сама. Имам млада вдовица во комшии знам што зборувам.
    Од тој страв ви се гнезди горе. Да е со вас, да ве има до неа, буквално до неа. Долу не е далеку од вас, ама е посебно и е сама, празно, да ја потсеќа дека не се врти друг човек околу неа, исто како што и јас не сум била далеку од мојата комшика а пак одев да спијам кај неа, инаку не ни легнуваше. Нека ја некое време, како кога ви дошол некој на гости, истрпи малку. Не е идеално, ама сега најмногу и требате на жената. Муабетот со тука ќе останам толку години игнорирај го тоа. Уште не е навикната на загубата и стравот во неа зборува. Не го земај здраво за готово и толку при срце. Кога ти и маж ти рачунате дека веќе и е време да си спадне доле, не ти, не вие двајца, туку маж ти ќе ја седне и ќе и каже дека време е да ја опремите собата и да го местите детето, ви фали интимност. Па и да не планирате други деца може и да ја подбуцне онака колку да ја свести дека сте млади, ви се прават работи, а дека за неа сте тука и ден и ноќ, само едно скеле степеници, да викне по вас ќе ја чуете.

    Парата што сте ја дале, еве јас не знам, ама како што кажа Битерсвит, имате начин да вратите дел. Ајде да речеме и да нема начин. Погребни трошкови нека се 1000 евра. Споменик уште 1000. И тоа еднаш се плаќа. Куќа ви оставаат. Во најмала рака спрат. И тоа не е малку. Ега вреди за толку. Сега ќе се постискате ама снаоѓајте се. Кредит да земете додека се справите со овие трошкови - вреди. Без разлика математики дали золвата ќе бара спрат еден ден или не. Ако дојде еден ден до тие 1000 евра кои таа требало сега да ги даде, ако ја земе колата и за неа колку вреди, ако се дели имовина до влакно, барајте/одбијте и ги тогаш.
     
    На Doozy, Bozica1980, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за 2000 евра. Јас незнам вас како ви изгледаат 2000 евра, ама за просечно семејство тоа е многу, да не зборуваме за една плата и мало дете. Јас исплаќам кредит на 4 години од 48 000 денари - по 1000 денари месечно. :!:

    Плус куќата не е се остава само заради наследно право, се остава и доколку некој има документи дека одржувал, плаќал сметки, инвестирал итн. Така што тие не ја добиваат само зашто синот има право на тоа, туку и затоа што парично вложил. Ако реши да запне на суд, поголем дел нему ќе му припадне.

    Јас би ја советувала девојката да си ги земат парите што ги потрошиле за погреб, а споменикот да се подели на три еднакви дела за плаќање. Тоа значи дека ќе учествуваат сите - мајката, синот и ќерката. И толку, нема отспапување, преправање, додавање.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Па мене ми се шала 2000 евра да ти кажам искрено. Не ми е ни половина од што трошам на двонеделен годишен одмор за двајца.

    Без разлика на кој како му изгледаат. Се' си има своја цена. Се купува плац со 2000 евра? Или спрат? Куќа? :^)

    И под кирија да седиш ќе плаќаш сметки.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    ма не ги сакам тие пари назад уште одма кажав алал нека се ама повеќе да не не заглавува а она планира да не заглави, уште кредит ни фАли да земеме со 1плата за дете пари, за сметки пари, за дрва пред некое време искеширАвме пари, за храна и уште кредит и едно јаже друго ништо не ни преостанува, како и да е се нАдевам дека господ ќе и го врати паметот па ќе почне трезвено да размислува оти очигледно од преголема тага можеби го изгубила.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    ^^
    Добро, така ако гледаме една куќа е вредна 20 или 30 000 евра. Значи ли тоа дека таа може слободно без прашање еден мини мермерен замок од пример 10 или 15 000 евра да си нарача и да каже дека е заслужено? Нормални луѓе ќе седнат и ќе разговараат колку се има и како ќе се плаќа, фамилија се сепак, за вакви работи се разговара.
     
    На okcenzi и SexiLy им се допаѓа ова.
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Се купува и за поевтино при легализација. :)
    Околу цената точно е дека се` се плаќа, а ако плаќале сметки имаат право да утврдат сопственост на поголемиот дел од куќата при физичка делба.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не прави свекрвата замоци од мермер од илјадници евра. Избрала од поскапите споменици, и ајде отепајте ја, не прашала. |( Ја прашува ли некој како и е?

    Не знам, може јас не се разбирам оти не очекувам и рачунам на никакви оставнини и имање. Игнорирајте ме, правете си муабет.
     
    На Tomcia и tessie им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Не ја силите без везе со поделбите. :!:
    Само ли јас го знам законот за наследство иако не сум живеала никогаш во Мк?

    Сега не се ни оди преку суд, сите правни работи околу оставинските постапки одат преку нотар, на суд се оди доколку не може да се договорат спогодбено околу наследството.
    Никој не го интересира кој плаќал сметки за струја, туку на чие име е куќата.
    Во поделбата сега една идеална половина оди на свекрвата а другата идеална половина се дели на 3 дела, еден дел повторно на свекрвата, еден дел на ќерката и еден дел на сопругот на Мила.
    Така да на мила сопругот му следува една идеална шестина од куќата а не се што поседувал свекорот нејзин.

    И аман со спомениците ваков мермер онаков мермер, толку се, дали бел, дали црн, дали шарен горе долу цената им е таа околу 1000 евра, разликата измеѓу најскапиот мермер и најевтиниот е помалку од 100 евра.
     
    На baby-star и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    за сметките несакам да коментирам од како сме земени цело време плаќаме, само 2-3месеца не плаќавме бидејќи договорот беше они сметки а ние дрва (14кубика по 3000ден па сега видете колку пари ние сме искеширале) ама тоа е друга приказна а она од 2-3месеца пак успеала да остави да не плати сметка ама нема веза. А за делење и судови недај боже да стане таква работата тогаш со мм се ќе оставиме и ќе си замине под кирија а не да се влечеме по судови, ако не ни е дадено со алал несакаме ништо на сила преку суд да земеме. Како и да е несакам да се расправаме ниту некој да навредувам или да ме навредува како што напиша една феминка ама го избришаа. Јас само сакав маката да си ја споделам а не да поттикнам кавга меѓу феминките или некој со мене да се расправа, ви благодарам на сите што ме ислушавте и на советите, тука сме за совети а не да се навредуваме и караме
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Се оди на нотар ако се договорени претходно страните. За се` останато решава судот. За комплицирани имотно - правни односи и утврдување на сопственост поголема од наследниот нужен дел расправа судот.

    Да двојам од сопствено дете ради скап споменик е стварно за греота... ама за детето.

    Проблемот не е само за споменикот, проблемот е што купувањето паѓа на грб на синот. Починатиот е татко на уште една ќерка и воедно сопруг. Нормална фамилија во вакви ситуации ги дели трошоците и се договара, а не да се мисли веднаш на поклони, на карања, на непромислени работи и префрлување вина. Сте запнале со тој спрат како само синот да наследува, а каде е ќерката? Нели е таа е наследник, нели треба достоинствено да испрати татко и да ги презеде обврските и долговите со делот што и припаѓа?

    Многу еднострано гледање и напаѓање.