1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Да знаете дека х бабаи и дедовци се грижат повеќе за нив отколку ние самите родители. Јас немам против тоа да моето дете спие со нив , па што како може да го гледа дур сум на работа па сега за спиење неможело.
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.838
    Пол:
    Женски
    Е па тамам по можност 24/7 да бидат со бабите и дедовците пошто у спротивно тие се незаинтересирани за внуците.Не само додека сте на работа и дома коа сте да ги чуваат па како тоа да не можат вие идете на работа уморни се вракате,сакате со мажот време за себе ...Старите и дадилки и шетачи и се. Зошто да го чува? Повекето од старите уште одат на работа и они како вас се вракаат папсани од работа,и они сакаат да здивнат дома коа ке дојдат,и они сакаат да отспијат една партија попладне,и они сакаат да излезат на воздух да се прошетаат да седнат негде на по едно пиво или сок.Ама НЕМА.Баби и дедовци се и МОРААТ да трчаат од околу своите внуци.А бе мајка ми убаво вика-Да можела баба на 50 години да раѓа ке раѓала,ама не може. Кој сфати-сфати,кој не Господ да му ги отвори очите дека бабите и дедовците не се родители на внуците тука се сосема нешто трето.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Баш така.. познавам доста луге кои тупни детето кај родителите и удри на шетање. Што ќе правеле бабата и дедото ако не го чувале внучето. Ќе одмараат!!! Кога требало не чувале нас, трчале по нас. Сега на 50-60 години не е исто, нит се млади, нит витални. Јасно е дека им е мерак, ама па и претерување не е добро.
    Немам дете сеуште, здравје кога ќе дојде, не планирам ни едната ни другата баба да ги замарам. На детето местото му е со родителите.
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Е затоа на многу проблеми во секојдневието, основата им лежи во преголемите очекувања од страна на околината.
    Очекувања од страна на свекор и свекрва и исто нивно немешање во бракот, но активно учествување од нивна страна за куќа, стан, автомобил, пари, баба сервис 24/7.
    Преголеми очекувања од страна на золви, јатрви, девери и остала родбина исклучиво и единствено од страната на мажот.
    Кога многу снаи ќе сватат, дека не може да си играат топло ладно со нивните свекрви, од една страна очи несакаат да си видат, а од друга страна бабата е увек должна да го пази и мази внучето, е тек тогаш можеби проблемите не би биле од големи размери.
    Ама е прашање на време, совест и култура!
     
    На Daydream, butterfly4 и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена ама и кога ќе бидам никогаш нема да оставам дете на свекорот или свекрвата или пак моите родители за јас да се мавам со сопругот лево десно да излегувам како тинејџери. Затоа и викаат дека за бракот треба да си подготвен. Некои не прават разлика меѓу брак и врска викаат ќе си се земеме и онака се е исто, ама не е. Се знае по бракот следат деца, едно, друго, трето трошоци и ретко кој може да си дозволи излегувања, вечери и слично. Не дека децата не треба да се гледаат со бабите и дедовците, и во ред е еднаш во неделата ми се случило било важно сум морала да излезам на саат два па свекрвата да ми го почува детето ама постојано секоја вечер или секоја втора вечер за јас да излегувам не. Брак како брак пред се си има свои обврски кои мора да се завршат. ОД сабајле на работа, перење, чистење, готвење едно друго трето и коа да видиш ниту пари ниту време не ти останува за излегување. И да остануваат некогаш тоа е дете си бара внимание подобро ќе си го земам детето и ќе излеземе во парк отколку да го оставам кај баба му и дедо му а јас да сум излезена.
     
    На pikolino, Mimi123, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Може не е баш соодветна темава за прашањево, ама имаат ист контекст. Сакам да напишам сценарио за драмска претстава со тема на дејството снаа и свекрва. Некоја идеја? Фала на сите :)
     
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    И јас ќе коментирам тотално офф- топик, ама убедена сум дека за сценарио, инспирација ке најдеш во 7312 мислења. :lol:
    Па дури можеш и некое да го препишеш од збор до збор, и да наведеш дека од безбедносни причини имињата на ликовите се сменети. ;)
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ти ова сериозно?!
    На толку странци на оваа тема....па ова ти е извор непресушен...што реалност што фикција.
     
    На mimiiiii, kukla21 и Dentina им се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Има тука доста материјал ама тебе очигледно не ти се бара. Имаш толку страници врати наназад препиши нешто и готова прича.
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    само дA ми олесни маката....умоболна одвратна жена...ај кај се наканивме со мм на гости во куќата да им отидеме да ги испоштуваме за празников она настинала па ни глуми на сите оф леле.отрчавме вчера до аптека и купивме лекови она што рече и сируп за кашлицата не го ни мирисна а не да пие,ама нели болна е па ај да помогнам низ кујна ама а влезам јас она оп од кревет и одма зошто ножот вака оставен?кој остави чашава вака?кој купи или недокупи она/ова вчера? :@ уште утринава за доручек ми вика снаке многу јадеш знаеш пак ќе накачиш не ќе те собираат алиштата што ги купив :@ (сега во право е за килажата не велам не ама остај ме бре жено мерак ми е душава да си ја почастам/наранам со ете некоја храна мерак што ми чини).со вакава свеки и лоша и добра секако исто ми е јас сум според неа најлоша :( .
     
  11. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    А да си тераш ти по твое со мажето,премногу и се замараш јас мислам,ајде бе од едно уво нека влезе од друго нека излезе.Неи обрнувај толку внимание,чим ти прави проблеми не е вредно да се нервираш поради неа,остај ја нека си зборува ти само одговарај со да,не и добро и си терај по свое и така кога идеш таму на гости си и така однесувај се ако те послужи со нешто добро ако не барај си сама или сама земи си.
     
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.160
    леле не можам веке од она лицемерие на мојана свеки мака ми пага па и сега во бременоста од хормониве само си плачам ;( Ми иде да ја треснам една :devil: Лице прави пред маж ми и мм не ми верува на мене она била добрата јас лошата. По цел ден ми е лошо од бременоста еднаш не ме праша како ми е, сама седам дома на боловање еднаш јадење не ми направи сама смогнувам сили од кревет и си правам, а на мм му вика не сум сакала божем јас. Цело време си прави јадење за нив доле , а кога ке дојде керка и и кокошки и прасиња пече, а на нас ке ни фрли малку ради лице да направи на мм :devil:
    И ако речам дека нема потреба добра сум денес сама ке си направам он се лути и вика по мене.

    Сабајлево ме извади од такт, излегуваме од дома наутро имавме нешто работа, она искача целата налутена, а кај ке идете, зашто не кажувате :o И мене ми прекипа викам па зар се треба да ти кажуваме на тебе? И она, а па не јас само така прашав дека појадок спремам , кути ма појадок спремаш на нас сигурно не, на керка ти и спремаш |( Радознало створење на секое искачање и на секоја купена кеса прашува што е како е. Не можам да ја смислам. Може и не е некој проблем ова ама морав да пишам да ми олесни :x
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Душо трудна си, уживај, и така сте на различен спрат. Пази кај се олеснуваш, овде колку че добиеш утеха толку и ќе бидеш нападната, а ние не ги знаеме сите факти.
    Тактички спрема неа треба, сега додека си бремена ти е шансата да ги изгладите односите, директно побарај и помош и пред маж ти и без него и види како ќе се однесува, и на мирен начин со сопругот ќе му објасниш дали исто се однесува без него и со него.
    Ма уживај во бременоста и биди среќна што ете не сте скрос во заедница.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бидам првата што ќе ја нападнам. ;)
    Не се грижи ти што спрема за ќерка и, гледај си ти да не се замараш. Штом си оддвоена накриви капата, колку можеш спремај, ако не можеш нешто лесно од нога што се вели.
    Јас живеам со мајка ми, па кога ќе дојде брат ми сам или со снаа ми уште вол печен и фали на масата.
    Треба да се лутам, НЕ. Така да чувајте си се вие двајца, а наскоро и тројца и ич да не ти е гајле.
     
    На imelda, Hipica и butterflysk им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^^^^
    Не е никаков проблем, ти како и многу други снаи овде, веќе може и јас досадна сум цело време едно исто го пишувам, ама сами си ги правите проблемите.
    Таа гледала што имаш во кесите и ве прашала кај ќе одите(и заради тоа те извади од такт???), ти евиденција и водиш што готви за нив и за ќерка и. Исти сте. Да сте на ист спрат, да ти замириса јадење а да не ти даде ајде да разберам, трудна си. Ама вака, што? Не си болна скраја да е, едно јадење ли е проблем да се направи? Или љубомора голема што не те тинтраат како ќерката. Ќерка е, секогаш ќе биде помила од тебе. Засукај си ги ракавите, семејство ствараш, дете ќе раѓаш и воспитуваш а омраза имаш кон некој оти за јадење не те викал. Уозбили се.
     
    На mimiiiii, imelda, Daydream и 10 други им се допаѓа ова.
  16. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    де де одма напаѓање ,а што ако зготви за трудна снаа рака ќе и падни? А утре ден кога ќе остари ќе сака да ја чува нема грешка што ќерка и ќе дојди да ја чува пак од снаите ќе побараат помош. И не бидете дрски не знаете каква бременост има можи женичката е со патолошка бременост.
    И што има да ја прашува каде ќе иди и што купила, што им се меша воопшто?
    Пеперутче не и се замарај чим си одвоено се се врти во животот ќе и треба помош твоја еден ден ;)
    Викни ја мајка ти , сестра, другарка да ти помогни некогаш за нешто ако неможиш ти сама и гушкај го мешето, немој да се нервираш благослов носиш во себе :inlove: :*
     
    На okcenzi и butterflysk им се допаѓа ова.
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.160
    Епа ако си читала на темава ќе видеше дека таа омраза не е од јадењето, туку од оној момент кога јас се лечев од стерилитет и тазе дојдена од операција она ми рече од мачето што се омачува само не можеш ти да дојдеш на ред да затрудниш таа жена нема никаков осет, а прави лице пред маж ми. Да, на различен спрат сме ама се мириса кога готви она, куќата не е висока а некогаш готви и на тараса и се што готви мене ми мириса и ми се пријадува :worried:
    Јас не сакам секој ден да ми готви, реков, кога можам сама си готвам, ама ни оние денови кога не можам не готви. А лице прави до немај каде, ќе дојде маж ми од работа касно навечер накај 9 саат и трча јадење да му донесе што правела, а каде беше мене да ме понуди цел ден? :|
    И сабајлево кога не праша беше дрска до немај каде, каде ќе сме иделе, зашто не сме и кажале истрча од дома по пижами. Не знаев дека треба рапорт да и давам . Нека и е помила ќерка и ако, јас не сум и мила ок, ама внучето? А, утре ден здравје боже кога ќе се роди ќе се лигави пред роднини и комшии :swear: како она не сакала бла бла :tmi:
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Да, јас на сите проблемите напамет треба да ви ги знам на темава па да поврзувам што си кажала порано.
    Навечер кога носи јадење кога маж ти ќе си дојде, само тој јади или двајцата? Или треба да ти мисли тебе и за ручек и плус за вечера за двајцата? Си и рекла дека не сакаш секој ден да ти готви само кога не можеш, а и кажуваш кога не можеш? И велиш тешко ми е денес да зготвам ако може зготви и за мене па таа те одбива, или треба сама да си знае кога ти можеш а кога не можеш?
    Што ти значи ова јас ако не сум и мила, ама внучето? Што внучето, уште неродено е, како му штети, што изводиш?
     
    На imelda, Daydream, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.160
    Па самата си кажа дека нонстоп си на темава гледам на секоја реплика и даваш во одбрана на свекрвите ;) И по дифолт тие се светици а снаите грешници :P |( А, да јас седам цел ден гладна и чекам во 9 да јадам тоа сигурно :rofl: ај ок, претера малце, не знам свекрва си или што па те погаѓа тоа што така бурно реагираш. И на секој човек ќе му штети да не јаде, а па не на трудна жена |(
    Една настинка ќе го фати човек па едвај станува од кревет, а не па мачнини, притисок, повраќање :|
    И не сум и рекла да ми готви, самата треба да биде свесна да ме види дека едвај на нозе стојам, јас не сакам мене она слуѓинка да ми е и да ме тинтри да зготви тогаш кога не можам а кога можам сама си готвам и секогаш ама секогаш им и сум им симнувала на нив доле , било јадење било благо..
    Највеќе ме иритира како што кажав тоа што прави лице на мм. Како она е грижлива свекрвица :wasntme:
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Па очигледно чекаш некој да ти донесе, прочитај си ги постовите.
    Не си само ти трудна, сме биле и знаеме како е, не е така драматично како што сакаш да претставиш, а гледам со тоа постојано се вадиш и сакаш да се оправдаш. Ајде да земат на раце да те носат сите околу тебе и да ти пеат пред заспивање оти трудна си.
     
    На imelda, Daydream, duffi и 3 други им се допаѓа ова.