1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    9 месеци дур бев трудна сама готвев,и од ко се породов исто. за мене е глупо да ми готви жена која не ме почитува. ако дента не можев да зготвам со мм суво јадевме.

    свој леб јадам,свое гајле берам.

    д енд.
     
    На Dentina, bittersweet и tessie им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Напрај и Ајс бакет челинџ на свекрва ти :emo:
     
    На Hipica, katalina, kikav и 5 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    И тоа изненаден. :rofl: Ме изнасмеа бе, царице една. Диги ако не разведри атмосфера, нема кој. Кај ви се мажите, невести? Каде се тие да ве тинтраат, да ви угодуваат, да отидат да ви направат нешто или кога одат кај мама по јадење да земат и чинија за вас? Не е изговор „не знае да готви“.
    Еднаш додека јас работев, а мм бараше работа, од комшиите ми замириса од едно јадење и си реков речиси како за себе како ми се пријало тоа. И заборавив дека воопшто го кажав. По некој ден, после работа го наоѓам јадењето на маса. Мм вртел рецепти, прашувал тетки како што и го направил. Така што знам дека ако сум бремена и имам иштаф за нешто, за среќа не ќе морам да зависам од свеки иако и таа никогаш не ми правела проблем за такво нешто.

    Не сте се мажеле за свекрвата, ете може да се погоди нечовечна и затуцана или едноставно да сте и` антипатични, ама мажот сте си го бирале и од него ПРВО треба да очекувате. Мажот активно треба да учествува во решавање на проблемите и конфликтите во домаќинството, така созрева еден маж во рамките на бракот и утре нема да има потреба друг да го потсетува дека тој е тој којшто треба да заштитува.

    Постојат многу мажи коишто длабоко во себе сакаат да бидат онаа потпора, каква што жената треба да ја има, но никогаш немале шанса да осознаат што значи растење во бракот. Мајката го тинтра, жената не сака да го нервира, не се спрема дечко за војска со лежење на мек душек. Сте забележале кај некои луѓе со два брака зад себе, некогаш, нели има ситуации кога мажот со едната од жените како друг човек да е (пример), ја застапува, ја брани, ја поддржува, а со другата бил безгласна буква, велејќи и` „добро бе злато, знам ама што да правам?“ Што е разлика меѓу овие две сопруги? Едната помалку ја сакал? Не. Едната од тие жени едноставно му дозволила да созрева и да учи во рамките на самиот брак. Процес е тоа и ние и сите други сме почнале од фразата „е добро, што да правам, родители ми се“ па сме дошле до онаа во којашто двајцата, на мудар начин, без расправии и непочитување сме се труделе да ја свртиме водата на нашата воденица. ;) Свекрвите немаат толкава важност во бракот меѓу двајца, снаите им ја даваат. Не оставајте да се прават важни. ;)

    И не го потценувајте советот само затоа што доаѓа од немажена. Од искуство ви кажувам. ;) Ние што се мажевме, не дека Америка ја откривме па не остана од другите нешто паметно да се научи.
     
    На bittersweet, lunicka, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    :rock: :bow: и да се налути ке и каеш дека е у мода и треба да донира! :fubar:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Замисли ти имаш дете и незнаеш кај ги троши парите ?!?! И пази, на тебе ти ги вади очите зашто ти си прашала кај му се парите :|
     
    На butterfly.mk и tessie им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    А замисли за една кеса од ТИНЕКС да ме праша шо сум купила и шо има во незе сигурно е нешто потребно не е дрога или оружје. :D :D
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    А ко да е многу тешко да одговориш со ништо посебно и да си продолжиш по патот. Или полесно е да добиваш нервни напади заради тоа и очи некому да вадиш? :D Претпоставувам мала си па затоа ти е таков коментарот, ама кога се работи за возрасни не е воопшто смешно.

    Инаку за ајс бакет мислам дека fail ќе биде од причина што ќе чекаат на свекрвата да и текне дека треба кофа со мраз да им качи горе за да после они ја полијат :D
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    22 imam ako ti znaci nesto ama sepak mislam deka e se do karakterot nekoj pomirno reagira nekoj burno(na primer jaas ) i toa e :D
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Да се надоврзам на муабетов.

    Се' си има граница. Во ред е некогаш да ме прашаат ама не да одиме во детали и екстремности. Секој си има приватност и истата треба да се почитува. Може кондоми сум купила. Тоа значи дека треба пред сите на маса дома да ги извадам и мора ама мора да се каже дека сум ги купила? Или пак сум си купила некоја чипкана танга, лубрикант итн. Барем јас не одам до тој степен на мајка ми да и' покажувам каков лубрикант користиме со дечко ми или каков секси долен веш сум купила. Крај краева не сме 14 годишни па да ми водат контрола што сум купувала или па да не знам каде трошам пари. Плус и сама заработував до пред некое време. Мои пари - мои одлуки. Додека сме мали е во ред, кај веќе возрасни личности прашување, испрашување, детални анализи за тоа што се купило па макар се работело и за едно обично чоколадо, јас не оправдувам. Треба да се знае до каде може да се оди.

    Утре ќе се омажам, и тогаш ли ќе ме потпрашува мајка ми што сум купила кога ќе ме види со кесата? А тоа си останува навика, немојте да мислите дека тогаш преку ноќ ќе се променат работите. Од каде инаку имаме свекрви кои одма во кесите ѕиркаат штом ги видат снаата и синот?
     
    На okcenzi и kikav им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јаки им се проблемиве со кесиве :)

    А сте помислиле дека ве прашуваат колку да се најдат во муабет не толку колку што ги интересира во кесите што носите?
     
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    NE e nikakov problem cisto si diskutirame :P
    Ако сакат да се најдат во муабет можи да прашаат како си помина кај шо си била а не шо носиш во кесите :D нели е така подобро и покултурно
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Дали сме свесни за што развиваме дискусија, не прашале што сме купиле и филозофираме на кој начин треба да одговориме. Дејдрим, мене комшивки на улица ме прашувале што си купи кога сум идела со кесите во раце, навика е тоа што многу од постарите ја имаат, и сама кажа, и не треба да се сфаќа толку сериозно. Што е битно дали си вработена или не, зар самостојнст ќе покажуваме со од денес јас сум вработена, свои пари, што сакам купувам, никој не смее да ме праша. Смешно е, и од мама да ми се, ако сакам ќе и кажам ако не сакам никому ништо, направивте ко да полиција застанува и те присилува да извадиш се што имаш. Зошто се комплицираат банални работи?
    kikav
    И тоа прашање кај си била и како си помина е премногу лично и навредливо, зар не прочита?
     
    На baby-star и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас некаде пишав дека не би можела во заедница затоа што не сум толерантна. Си признавам.
    Ама па за кесиве прашале и они опа! Мислам проблемите се други и ова со кесиве само е капак..
    И мене мајка ми знае да ме праша каде беше, си купи нешто - дај да видам..
    А кога свеки ме прашува од радозналост знам ништо да и одговорам - ако не и е срам пак нек праша, јас пак си ќутам :)
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.838
    Пол:
    Женски
    Ја на пример коа ќе ги видам моите со ќеси у рака редовно им праам распит што купиле од проста причина да проверам дали им текнало благо да земат и да ме израдуваат. Никад не ми паднало на памет дека ете може со таа моја постапка им ја нарушувам интимата и безпотребно го бутам носот кај што не му е место . :(
     
    На Bozica1980 и marama им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Мисли му ја :lol:
     
    На mal.ecka и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    пОУБО МИ Е Д АМИ ПРАША КАЈ СУМ БИЛА ОД КОЛКУ ШО ИМАМ ВО КЕСАТА ХАХАХАХАХАХ :D
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Стварно се лутите за такви работи?
    Ние по дома не се договараме што ќе пазариме, каде, колку итн. Најчесто тоа го правам јас, понекогаш со сестра ми и кога ќе си дојдеме мајка ми се распрашува за цени, за колку сме зеле, па зошто тоа или она не сме земале итн итн.
    Јас исто кога ќе си дојде некоја од нив едвај чекам да видам што донеле, особено ако сум гладна или па ко што сум стрвна и љубопитна.
    Или кога некоја ќе купи гардероба, чевли нормално е да станеш, ѕирнеш па и во ќеса.
    Јас не мислам дека било кој што би купил кондоми би ги оставил во ќеса што пазарел за дома. Нормално тоа иде во чанта. :wasntme:

    Многу некако чудно се однесувате. Сите имаме потреба да си ја зачуваме приватноста, но некои работи и не се така страшни како што ги правите.

    За трудницана, што свекрвата не и готви и носи само за синот. Ништо страшно. Направи си муабет со маж ти, ако толку ти пречи што него му носи, да и каже да не го прави тоа. Тоа што мириса, е добро де, ќе поминеш и по пат, па ќе ти замириса.
    Така една блиска трудница, на сите ни се качи на глава кога беше трудна. Па и по комшии правеше бељи зошто не и дале, или зошто и дале ама само за еден, а она јадела за двајца.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Многу сте смешни бе! :rofl:
    Еден куп мислења за кесите.
    Прво беа манџите, па кесите и што е следно А!?
    Ај сеа, грабнете сите по една кеса и директ кај свекрва и за да ја убие радозналоста, да не ѕирка повеќе во туѓи ќеси. Морав да споменам СВЕКРиВА за да не забравиме која е темата.
     
    На tessie, SimonaTino и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    da imav sverkva rado bi posla :P
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Леле што убаво кажа, просто зеленеам од мака, од завидлук, браво за тебе, како ме откри. :clap:

    Не дека има некакво фајде од пишување и објаснување со вакви личности, интелегенција и култура за форумска дискусија ти е 0, освен со неартикулираниот психолошки профил дека тие што пишуваме сме злобни, завидливи и да, најдобрата е дека дремиме по цел ден на форумот, немајќи што да правиме по дома |( дискусија со вакви нема, затоа што за жал и не знаете да дискутирате како возрасни личности.

    Прво таа самата напиша дека биле излезени на шетање и кога се вратиле свекрвата и гледала по кесите и прашувала што купиле, тоа не е 2 минути прошетка до тераса а за боловањето што да кажам во Мк доволно е да имаш пријател, познаник доктор и да си преседиш цела бременост дома.

    Онака најсериозно како доаѓаш до закључок дека некоја непозната на форум ти завидува, можеби јас сум глупава па не те сфаќам, на што уствари ти завидувам. :?:
    И ако ме прави злобна и огорчена :rofl: тоа што мислам дека секоја кога се одлучила да се мажи и формира семејство треба да биде заедно со сопругот способна сама да се грижи за истото, без жалопојки за свекрвите, so be it. ]:)

    Што да кажам просто ќе си приумрам од мака дека немам помош од свекрвата, дека како возрасна личност треба да чекам од свекрвата да ми зготви, да ме испере, да исчисти, наполни фрижидерот, плати сметките и да се жалам тука дека не ми го држи бебето за да спијам, да се избањам, јас па глупава мислев дека бракот е измеѓу мене и сопругот и тие работи треба да ги очекувам од него а не од мајка му, моја грешка. :D

    Од една страна напаѓаш дека немам што да правим по дома па цел ден дремам на форумот а од друга дека ми е криво дека немам помош од свекрвата, приметуваш дека си контрадикторна сама на себеси. :?:

    И бидејќи ниту ме знаеш ниту ме познаваш невкусно е да пишуваш дали сум забременила, плукни, залепи и дали ми биле или не школски бременостите и така без мака сум си ги родила децата, доволно е тоа што јас си знам низ што поминав додека дојдов до моите прекрасни деца и додека ги родив и едниот и другиот, првиот беше 4.150 а вториот беше 4.585, јас си знам колку без мака си ги носев во стомакот и колку без мака си ги родив и двајцата природно, така да и ти послушај си го сопствениот совет и скокни па викај оп. :!:

    Е сега разликата измеѓу мене и вие што се жалите од свекрвите е што јас си знам дека сопругот е тој што треба да ми ја олесни работата додека сум бремена, да превземе поголем дел од секојдневните обврски околу домот и децата, дека за два месеци кога повторно ќе се породам знам дека сопругот ќе земе породилно за да помогне околу бебето и дека свекрвата ако сака ќе дојде само да си ги види внуците а не да ми ги превзема обврските околу децата и домот, затоа што и децата и домот се мои и на сопругот а не на мајка му.

    И за крај зборам од долгогодишно искуство освен примање на магнезиум за спречување на контракции и мирување 24/7 друга терапија за одржување на бременост не знам, примање на терапија за веќе постоечки болести да ама пиење една рака таблети за одржување на бременост не сум сретнала до сега. :?:

    П.С кај мене моментално е 5 часот наутро можеби свекрвата ми е виновна за тоа дека не можам да спијам бидејќи бебето си игра фудбал со моите органи, сега ќе го разбудам сопругот да му се жалам дека мајка му е виновна за се`. :rofl:
     
    На green.eyes, duffi, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.