мојава свекрва е супер ништо не ми наредува воглавно она си работи е сега ако не е дома она јас презимам и во мојот дел јас си чистам.........а свекорот понекогаш ме нервира секогаш се меши во се па дури и во женски работи и се се прави он да знае не се покорува се он е во право и кога не е така..........али не се замарам
Мажена сум од 5 месеца. Да, има ги и такви, какви што велиш, ама тија са добри луѓе, ги гледам по нивнијот карактер, не само во односот до мен. Воспитани се и не мислат никому лошо, ги сакам како мои мајка и тато, иако што уште им немам речено вака...ама и на тоа ќе му дојде времето...
сеуште не си им кажала мамо и тате и јас кога дојдов овде не им кажав три месеци и свекорот право ми кажа како ќе ни се обраќаш како ќе не викаш.........ме нервираше за тоа нон стоп мораше да го употреби тоа замисли кога сме оделе на сабалје кај нив на секој посебно да кажувам доброутро мамо добро утро тате малку глупо и не го послушав дека се видело на секој посебно да се кажува добро утро кога има повеќе особи во собата....... е сега понекогаш им викам мамо тате кога ми е најпотребно......не е дека не сакам некако неможам
Јас исто, не дека не сакам, само некако неможам засега. Сум си навикната да имам една мајка и един тато и ако им речам на свекор ми и свекрва ми мамо-тато како да изневерувам на моите, така го усеќавам. То не е така, ама јас така се усеќавам....Ке се навикнам, ќе му дојде времето, во кое ќе ми се сврти јазикот и ќе им кажам мамо и тато А ти не се разбираш со твојте свекор и свекрва?
По принцип свекрвите са такви, повекето, во све се мешаат, ама сеа тоа е. Труди се да има мир и љубов помеѓу вас во фамилијата, другото не е битно
Да во принцип свекрвите се такви,но лошо е кога имаат склучено сојуз свекорот и свекрвата , а замислете си бев за викенд кај моите , излеговме на едно кафе со мојата сестра и сопругот и останав кај моите цел викенд , и кога се врајкам синојка дома ,(ТЕМНИ ОБЛАЦИ), замислете им смета тоа што ке останам кај моите , како моите да не се родители па и они сакаат да ме видат нели , и свекорот дури и не разговара со мене од синојка , па така решив и јас да не разговарам со него ,порано плацев на ваквите ситуации,ама сега кој ги шиша , можи и сега малце ми паѓа тешко но фала му на ГОСПОД више непа колку повеќе се замарас толку повејеќе не едобро за тебе! ЖЕНСКИ живејте си го животот оти никогаш нема да им погодиме нив!
е кај мене беа ујдисани свекрвата и золвата,сега золвата се вери и малце нема со кој да прави сојуз,инаку тешка работа е тоа кога на секој начин гледат да те провоцират и нервират и по луѓето зборат се и сешто,јас кај моите одам секој ден и тоа никој не може да ми го забрани живеат преку пат и нема шанси да не одам да ги видам,јас кога еден пат не отидов тие дојдоа кај мене,е сега кога ќе се роди бебчето првите 40 дена ќе ме посетуват тие инаку подоцна пак ке си се шетам јас до нив
Eх драги мои....со причина американциве си имаат термин parents in law,mother in law,мајка по закон,што си ја наследуваш кога ќе стапиш во брак! Ама една е мајка!Како и да е,ќе си глумиш дека се е ок,некогаш ќе се изнервираш,и ќе си поќутиш,и ќе си се надеваш дека кога тогаш ќе си заминеш на страна,барем така е кај мене!И секогаш си викам,ај за малку да не правам проблеми,и така си функционираме супер,не е идеално,ама добро е!Па си велам ни дома не беше иделано,ама тоа е....Тие се некови родители,и викам фала им што го направиле таков човек,што го воспитале и ни овозможиле многу работи! Само трпение спасение!Поздрав до сите!
Морам да се пофалам дека со свекрвами сега засега имаме феноменален однос пу пу пу поплукајте да не се урочам не за друго може би ете уште не сум целосно преселена таму идам само на неколку денови и си се враќам но времето додека сум таму ми е ок. дали знае дека сум растена без мајка па дава се од срце да ме задоволи ме сака како ќерка. абе што и да ми се пријаде ми прави пред работа знае дека пијам чај ми вари обавезно и кога ќе станам ме чека чај и такви некој ситници кој ми значат. си се согласуваме колку толку едната готви (почесто она ) а јас пак после јадење ќе замијам садови мора да се има почитување. Ете последен пат бевме заедно на фризер инсистираше да и правам друштво и двете да се фенираме ајде морав да и го направам кеифот и било мерак (ова е најтазе )
При првата караница ќе застане на страната на сопругот, и ... тогаш ќе ги видат канџите на „мајката“. Мајка е една и единствена. Сопствената. Отишло пилето кај својата мајка и ја запрашало:мамо оти таа тетка ми рече иш грдо пиле? Оти не ти е мајка, му одговорила мајката.
леле феминки, кога ги читам вашите проблеми со свекрвите, золвите, деверите, сафра ме фака најискрено а од тоа што како мала гледав како постапуваа дедо ми и баба ми со мајка ми беше хорор филм во вистина , ама памет за мене дека не треба да бидам безгласна буква туку да се изјаснам јасно и гласно па не свекор и свекрва туку незнам што да се не за џабе јас еден милион пати сум рекла дека не се мажам, ама никогаш не се вели никогаш тоа знам (како што вели мајка ми-плукни си во пазувата) оти она што не го сакаш , на глава ке ти дојде ппп скраја да е
vo pocetokot svekrvite se pravat paneti srnicki, a potoa gi pokazuvaat zabite!!! Ne slusaat nicie mislenje, tie se najdorri vo se!!! Ti gi citaat pismata i ti slucajno gi naogas po pet meseci!!! Te prasuvaat koj te bara na telefon, ti proveruvaat vo tasna sto nosis koga si otisla do wc, gi prisluskuvaat tvoite razgovori, te ogovaraat so komsivkite, ti ja planiraat svadbata, se natprevaruvaat so tebe vo se!!! Toa e SINDROM SVEKRVA i e dokazano zasto tie mislat deka nie im gi zemame decata, a ne gledaat deka i nie sme necie dete, i zaedno so mazot sakame da stoime na svoi noze!!! Se potsmevaat na tvoite roditeli i sakaat i so niv da se natprevaruvaat!!! Se potsmevaat na vasata bolka a gi boli vasata sreka...Samo baraat pricina da ve skaraat so mazot i se sitat!!! [mod-kirilica:3nn3yv7d][/mod-kirilica:3nn3yv7d]
Сигурно сте ја слушнале онаа реченица - син на мајка, е тоа кажува се. Само треба малку да си умен и да си ја тераш работа со мажот како ти одговара и правилно да ја играш свекрвата . Ако во старт си го издефинираш односот со неа потоа е полесно. Врската на релација мајка-син ја сватиш кога имаш свое дете и потоа молиш Бога да и на тебе не ти одлета паметот кога станеш свекрва.
Точно така, додека не се осети на своја кожа сешто може да се зборува. Јас полека, полека си почнав да осеќам на своја кожа и искрено да ви кажам не е се така како што си замислував. Секој од нас си мечтае како се ќе биде убаво, односот со свекрвата прекрасен бла бла... но кога ќе видиш ни пола од тоа нема. Јас сум личност која не може да се вколи во сечиј карактер, свекрва ми значи си има таков карактер каков што од секогаш не сум сакала. Едноставно таква си е жената. И како да се вколам со неа, како што велат некои ќе ја сакам како мајка, многу сме блиски и не знам што уште не, просто тоа за мене е неизводливо. Или пак таа ќе те сака како ќерка, некогаш кога ќе ме нарече ќерко толку ми паѓа тешко на душава, и си велам една е мајката кој што сака нека рече. Верувам дека има исклучоци и навистина им завидувам. Како што велат уште на почетокот да си изградиш свој став и да не дозволуваш да те газат, тоа и почнав да го правам. Тоа што не ми одговара -не ми одговара, ќе и го кажам. Морам да признаам дека во некои ситуации сум многу наивна, но во однос со свекорот и со свекрвата се трудам и ќе се трудам да го сменам тоа.