редактирав зошто видов што си напишала,дека си ме помешала со друга,и јас сум пишувала на форумов не се секирај, а тоа дали тешко на тие околу мене тие си знаат.
Имало македонска и скопска пеперутка ,сега приметив. Се извинувам кога би можела би ги избришала постовите. И простете,станувам сенилна ,можеби веќе заличувам на свекрва.
Абе имате вие мајки? И тие се или ќе бидат нечии свекрви, ама за мама има оправдување нели!? Од кал да е мајка да е. Или тие се светици, како и мојата . Тууууу бреееееее. И ај сеа убаво ни кажаа, да си бркаме работа.
ко не чини нешто не чини било да е мајка или свекрва. Aма мајката секогаш гледа за своедо чедо повеќе. Nе може туѓа жена да ти е мајка. ај сите зачистете по дома
Имаш долгогодишно искуство да, ама не и доволно информираност. Не дека чувствувам обврска да ти појаснувам чисто онака да ти појаснам да излезеш од тој розов свет каде што луѓето немаат проблеми. Се сомневам дека ќе ти биде јасно тоа што ќе го пишам, сигурно не си ни чула за него до сега. Ќе отидам тотално офф топик и надвор до темата, но стварно ме изритира фактот што одредени особи не веруваат на туѓата мака само поради тоа што не ја искусиле. До 5-6 месец од бременоста ( зависно од резултатот) морам да примам метформин ( антидиабетик) затоа што сум со покачен инсулин и инсулинска резистенција. Доколку не го примам има големи шанси за спонтан, инсулинот ќе рипне до плафон, шансите за гестациски дијабетес се доста големи. За исхрана не правам муабет скоро се ми е забрането, радо би каснала нешто суво и купено ама не смеам. Мојата исхрана се сведува на посни манџи кои не сум во состојба сама да си ги приготвам секогаш. Метформинот е проклето гаден лек кој животот ми го загорчува. Дава ужасни нус појави кои сега во бременоста се тродупло изразени. Пред да забременам бев со покачен пролактин, за кој примав соодветна терапија, со лек кој супер го поднесував но бидејќи не се прима во бременост ми го сменија со Бромергон кој мора да се прима до 3 месец ( фала богу при крај сум со него) па така уште едно ѓаволско бонбонче ми го ремети . секојдневието. Доколку не го примам пролактинот исто така ќе рипне до плафон и тоа е проблем. Се прима за да се одржи нормалното ниво, се додека организмот не почне сам да го произведува во поголеми количини заради лактацијата. Навистина драга bittersweet не си чула за Утрогестан, Дабростон, лекови за поддршка на бременоста? М? Не си чула за аспирин, декортин, естрофем, и сл. што жени зачнати по вештачки пат ги примаат? Но, не ме чуди воошто твојата неинформираност. Моите постови се извртеа до максимум. Не спомнав дека имам патолошка бременост, само малку покомплицирана и дека не се чувствувам добро поради тоа сум на боловање кое ми е доделено затоа што ми е потребно , а не со врски кои патем ги немам. За бебето ако треба ќе напуштам и работа а не да зимам боловање од што ми прднало Ти не живееш во Мк а се знаеш за тука како што е, види го ти тоа Во врска со моите фамозни ќеси за кои се испишаа еден куп страници, да кажам дека за ќесите имам пишувано и пред да ги имам проблемите во бременоста, како и за споредувањето со мачки , ама за тоа никој не обрна внимание, ниту па пиша некој нешто,ама кога треба да се направи снаата монструм а свекрвата светица, сите се тука. И да тоа утро искочивме со мм да прошетаме, морам да се движам, затоа што мојот организам не го распоредува инсулинот како што треба. Ама можеби искочивме и за на лекар да идеме , вие тоа не го знаевте? Ама сепак го искористивте да правите шеги на моја сметка. А, таа , дотичната моја свекрва искочи од внатре, дрска, изнервирана, каде тоа ќе идеме ние, зашто не сме и кажале. Ама па што пишувам јас, се што доаѓа од устата на свекрвата за вас е возвишено и нормално. Бидејќи јас ја почнав да ја завршам дискусијава како што е ред. До следно читање на некоја "лажлива,лигава снаа" за нејзиното патешествие со "кутрата, напатена" свекрва.
Не ги критикуваме сите снаи и не ги возвишуваме сите свекрви, туку тебе во моментот и напишано ти е зошто. За тоа што ти го рекла порано нека е крива (мада не знам што значи точно реченицата што ти ја кажала и дали е толкава навреда или некоја изрека, небитно), и ако си ти толку навредена од неа нема да сакаш ништо повеќе од добар ден со неа да имаш. Вистина мислете дека ние пишуваме тука оти сме злобни, лоши, љубоморни што немаме кој да ни помага по дома и слични работи кажани од некои членки овде? Дај кажи ми ти, дали од многуте совети кои ги доби овде ти влезе нешто во глава, дали си стави малку прст на глава и рече дека можеби за една, две или три работи можеби и сме во право? И дека можеби ќе имаш повеќе мир, спокој доколку примениш некој совет? Или едноставно мислиш дека сме злобници кои уживаат да нервираат трудници? Ако јас сакам да имаш повеќе проблеми од тие што ги имаш, ќе ти кажувам финти како да ја зафркнеш свекрвата, како да го свртиш мажот против неа па да си пука од мака, како да ја пецкаш постојано што нема обзир према тебе и како да и ствараш вина што спрема ќерката се однесува подобро отколку со тебе или сопругот, па психички да ја отепаш. Од тие да се пазиш со вакви совети, не од нас.
ее не се прајте дека не разбирате изрека било жими ... изрека. и се смеела оти неможи трудна да остани, и рекла од мачето што само се омачува ти неможиш на ред да дојдиш трудна да останиш. Мојава така да ми кажи има да ја стрелам Човечки е да помогниш на некој што му треба помош, ама таја свеклрва не е човек, оти ако е немала да збори така, а не вервам и дека и е гајле за внучето . Ако и било ке и помага колку толку. Ама да е внуче од ќерката аии пиле од млеко ке се донеси ако треба така било секогаш и така ке остани. Затоа батерфлајск уживај во бременоста, не се замарај за никој и ништо. како таја со тебе така ти со неа понатаму. Само период ти е ова ке помини, после сама ке си можиш се. Ајде без нервози гушки до мешето, незнаеш колку си срекна што го имаш
Морам да искоментирам за ситуацијата на butterflysk. Значи се замислувам на нејзино место. Јас како човекк кој е многу директен и ги сече проблемите во корен. Да ми рече или пререче свекрвата зошто не останувам трудна, па уште да ме подебава пред комшиката, крај, ама крај, ја ставам на столбот на срамот пред маж ми и маж и. Јасно и гласно прераскажувам што кажала. Па друг пат нека збори пак да ја видам и лице да прави. Да ми коментира што носам во кеси, колку пари било, од каде, не сакам, лоша добра, не сакам. Мајка ми ја имаше таа навика и стално тоа беше тема на дискусија. Не сакам бре, работам, заработувамм и си купувам, и неморам да се објаснувам и правдам. Јас не живеам заедно со свекрвата и на два три пати се случи да правиме поголем шопинг, и кесите да ги оставиме таму уз пат ако одиме на некое друго место. И на враќање имав, ова што е, колку пари е, е ова го видов, го видов ама се мислев што е. И сфаќаш дека попис е направен. Така ли, веќе не оставам ништо. Дури требаше ии нарачка од странство да правам и вереникот вика пиши кај моите адреса, дека куќа сигурно ќе стигне, ааааа викам нека фала, таму ми попишуваат. И си замислувам колку она ќе се заинтересира пошто тоа ќе биде спакувано во кутивче, па залепено, и нема да може да ѕирне. Значи проблем решен, не носам таму работи. Можеби јас имам лоши карактерни особини, што повеќе ќутам и несакам да споделувам, не само со неа, туку и со мајка ми и со други луѓе, ама таква сум, си се знам. Затоа си се тргам на страна. Не прифатив да живееме во иста куќа, во прв ред познавајќи се себе и познавајќи ја неа. За помош низ дома чекам и те како, и тоа сега кога не сум трудна. Ама од партнерот, ние сме рамноправни. Двајцата работиме, двајцата создадовме дом, и заедно го одржаваме, не ме интересира. Тој е уморен, ама богами и јас. Незнам зошто генерално на форумов мажињата се поштедуваат од домаќинска работа. Така butterflysk маж ти ќе си го подбереш. работел, па што. Викенд, попладне. може да ти помага, ич да не го штедиш. НА свекрвата биди и благодарна и за едниот оброк навечер. Јас одам еднаш неделно кај мојата, и сто пати викам фала за принесеното, зошто тој ден сме поминале без готвење дома, јас го рачунам тоа за голема помош. И со маж ти отворено и дирекно ќе разговараш.
Маж ми секако дека ми помага кога може, но тој е по 12-13 часа на пат по цел ден не е дома. Таква му е работата. И јас во тие моменти сум сосема сама, па ми се лошело не лошело сама на себе сум оставена. Немам кој да ми помогне, мајка ми работи по цел ден , сите си се со обврски (мислам на другарки) а она е во пензија и се вртка по цел ден дома и ти прави само нервози( да не пишувам пак имам пишувано пред некое време). Ама кога е некој злобен тогаш нема ни осет ни жал за никого. А, за оброкот навечер, тој оброк не е даден за да ми помогне. Туку само да се направи добра спрема маж ми , бидејќи е лицемерна. После 12 часа надвор од дома тој кога ќе дојде од работа воопшто не е гладен, јадел веќе некаде надвор или од умор нема апетит. Ама важно она трча со танирот штом го види, што не е истото и за мене. Туку кога ќе подразмислам што па и јас да очекувам од некој што ми се ситеше. Ќе се снаоѓам како знам, ако треба ќе платам и женичка некоја да ми помага. Нејсе, фала на сите за советите
Епа уште подобо бе, штом не е дома и нема апетит, нема готвење. Не е дека само за себе манџи правиш. Еднаш ќе си подготвиш нешто малку, два пати ќе го јадеш, некогаш готово нешто, некогап само салатичка. Инаку ако ви се нарушени односите со свекрвата и знаеш дека не те сака, тогаш не ни очекувај од неа. И на крај краева ако сум во нарушени односи, јас рака не пуштам да земам од нејзиното, бљак ќе ми биде. И да ми нуди нема да и јадам, пред синот, па нека свети ко сијалица. Што работа е па таа по 12 часа. а знае ли он ти низ што поминуваш и за твојата здравствена состојба? п.с ова не е наменете за тебе. Генерално пишувам. Абе стално на форумов се жалат од свекрвите, и на прашањето кај е маж ти, ааааа он работи цел ден, по 10-12-15 саати. некако не ми влага во глава што знам, можеби грешам, но Добро има период кога се запнува и заглавува на работа. И мојот вереник има некогаш крајни рокови па останувал и до вечер, па и јас имам работено и прекувремено, и дежурства и по 24 саати. Ама дека тоа може да ти биде животен стил неко не ми иде во глава. Дека маживе запнуваат и по цели години работат по 15 саати, па јас мислам дека да е краток би им бил векот. ај опрајте ме. Дали е стварно така, па јас не сфаќам, дали мажите лажат и бегаат од дома и проблемите домашни досадни според нив, или пак женичките само така ги правдаат и си се тешат? Не тврдам, само прашувам.
Секако дека знае ама мора да работи со една плата тешко. Носи роба низ повеќе градови, само за викенд е дома Има денови кога искача во 7 сабајле, доаѓа во 10 навечер. Прво оди по набавка на роба па потоа од град во град, си има фирмата кај што работи стални муштерии и определени денови во кој град ќе се иде.Не доаѓа секој ден толку касно обично западна мк кога иде заглавува, но воглавно тоа е времето.Зимно време заради условите на пат секогаш повеќе се задржува. Ниту јас во друг случај не би сакала нешто од некој што не ме сака, но кога ќе има човек мака не бира.
Ирена јас пак тврдам дека женичкиве така си се тешат, со 24 часовната работа на мажињата и на крајот од денот задолжително се виновни свекрвата и золвата за незадоволството на снаата
Јас пак сум си зацртала во животот дека од никој не очекувам помош- освен од сопругот. Никој не е должен да ме помага финансиски, морално, хранливо, духовно...А се што ќе добијам е добредојдено, и секако не би одбила... Можеби заради ваквиот став и немам конфронтација ниту со свекор/свекрва ниту со мајка ми. Ама можеби и затоа што знам да бидам благодарна на зготвениот ручек, на земањето на детето од градинка, па и на почитта што јас како снаа ја имам од нив. Затоа што не ми е тешко да им направам кафе, да ги понудам, па и сама да избегам набрзинка од дома и да пијам со нив. Да дадам комлимент за убавото зготвено... да ја светнам кујната, да зготвам, да подарам без повод, а од срце.... Можеби затоа што не очекувам- добивам. Можеби затоа што на подареното, подаденото не му ги гледам забите... И најважно...и кога сето тоа би запрело во моментов...помошта...јас би била повеќе од благодарна за се до сега.Фала и за ова. Можеби затоа што не живееме заедно? Можеби затоа што ако сакам да најдам маани во однесувањето, зборувањето, готвеното, па и премолченото...не можам ли да најдам? И таа сака да гледа по ќеси и сака да знае за цени.Ама јас поинаку си го толкувам, а и така се покажало како точно. Ќе ми каже каде е поефтино и попресно...каде има акција на тоа сирење или сл.....Ама нејќу едноставно. Вака е добро.Ако сакаш- и патецот на лево ќе ти смета. Не мислете дека мед и млеко е. Ама е културно, со почит, ко за свои родители...јас сум дете од стара мајка....не дека нешто посебно совети сум примала....ама така треба. Не сме до толку да изгледа формално и официјално....на просто е се.Само желба имајте. А можеби и затоа што реално лошо не сум видела. Но има и будали свекрви и будали снаи. Па нај на крај не мора да помагаат- само да не одмагаат, зар не, и едните и другите? И уште по за на крај. Мажот не треба да ти помага, демек тој е како чирак а ти главен мајстор.....(туку така и нема да научи занает да стане главен мајстор ) туку треба да е содружник во компанијата основана од две или повеќе лица (а за повеќе лица ваму би ги ставила децата а не трети лица однадвор- да се разбереме) БРАК.Семејство ДОО,.а оттаму и управување и работа и основачки влогови и прекувремени саатови. СЕ за да не пропадне фирмата....зарем не?
Не ми се верува колку голема важност им давате на свекрвите,оставете ги на мира и тие ке ве остават вас,живеете со вашето семејство мажот и децата,а не со нив.Мажето ваше може да ви помогне ако сака па и мојов иде на работа од 6 до 5 па денеска дојде дома испржи нешто и ги изми садовите.Не е секој ден вака да се разбереме(добив денес и ме болеше стомакот) ама во бракот треба да постои договор,тој е задолжен за алиштата и за време на викенд ја пушта машината, готви понекогаш за викенд,а другото е мое.Дали затоа што сме сами во странство или не ама договор жени кука гради ама не со свекрва туку со мажот.Вие имате семејство сега во кое што не спага ниту свекрвата нити золвата нити мајка ви.Терајте по ваше и живејте како на вас што ви одговара и не давајте голема важност на луге кои што не ви значат што зборуваати што кажале.
Еден добар чичко од моето окружување има навика да рече „Синко, на човек најлесно е туѓите маани да ги најдеш. Ама запомни, со секоја пронајдена туѓа маана, пронаоѓаш и една своја. И што си направил? Не се чувствуваш исполнето. Да се трудевме сите само доблестите да ги бараме во луѓето, ќе бевме задоволни и од другите и од нас самите.“
оооо кој нашол совети да дава, во други теми се жали од золви и јатрви еј јатрви, а тука ни кажува кој го сочунувал бракот. ами ти во брак со јатрвата ли си што и даваш важност за презимето исто што го зела кој стигнал совети да дава комична стана темава веке од сега за разнода ке си ја отварам секој ден
Јас не се замарам со јатрва ми само напишав дека не ми прави муабет и јас не ја знам причината за тоа и дека ме копира,прочитај го мислењето ако не ти е јасно уште еднаш.