1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    300
    Може јас да кажам дека и јас еден период од бременоста морав да лежам (на почетокот имав некои крварења, примав инекции и апчиња) ама искрено, на почеток ми носеа реучек, ќе заседнат, муабети некои и мене тоа страшно ми сметаше.
    Еве искрено јас му реков на мм да престанат. Сакав мир, па макар јадела само макарони (интегрални има штом има проблем со исхраната пеперутка). Си седев сама цел ден, станував само до вц, ама па се изначитав книги и се изнагледав филмови на лаптоп.
    Он ќе купеше леб сабајле пред да оди на работа, нешто ќе купи од говена храна од Тинекс и супер теравме.
    Искрено колку повеќе ти помагаат толку повеќе ќе си земаат за право да се мешаат.
    Така да се е до филмот во главата.
    Јас барам само од мојот маж и само од него и очекувам нешто и само него му се љутам ако нешто не штима. И тој оди по 10 саати на работа, понекогаш на службен пат е по 2-3 дена, ама јас тогаш правам се сама!!!! Нит сакам мешање нит помагање.
    Ама па за тоа никој не може да си земе за право да ми се меша и да ми соли памет. Доволно сум нормална и способна и сама да си земам за јадење и сама да си размислувам и одлучувам.
    На крајот јас се омажив со маж ми а не со мајка му. Јас од мајка ми не барам помош, не па од мајка му.
    Ако бев неспособна немаше да се мажам, за друг да ми ги гледа децата и да ми говти. За тоа ќе си останев кај мама!
     
    На bittersweet, SV1911, eloves и 10 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Жени и` се случија на темава, луничке, драга. :rofl:

    [​IMG]
     
    На nena2010 и lunicka им се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Јас се соочувам со проблемот, па што сака нека е. НО, немам намера него душата да му ја извадам, а на неа утредента лице да и правам и да и се смешкам. Мислам дека постојаните проблеми со свекрвите произлегуваат баш од тоа, те пецкала пред мажот или те срамела ред комшиката, а ти си кутиш, епа утре пак ќе пецка и се се врти во круг.
    Кажувам на него, кажуван пред неа, и на неа. нека се љути, ако и чини друг ден пак, па пак ќе следи иста бура.
    Мене ако ме прашате треба да си завземете јасен став и позиција, што смее она , а што не. Преде сите да биде јасно.
    Имав јас ситуација, не бевме уште официјални, значи дечко и девојка бевме. Мајка ми се запознала случајно со моја колешка. И терале муабети и оваа од што сакала да се прави паметна и многу искусна зборела и зборела, младите вака, младите онака, неубави работи. Е ама мене колешката ми пренесе за тебе збореше овака, онака. И јас на дечкоми и она тука им реков со висок тон, ако немаш убави работи да кажуваш за мене не е проблем, немора бе, ама во уста не ме ставај, не ме срами пред колешки, цел колектив трачари сега. Она вика ама јас не сум рекла така, извртеле. Можно е не викам не, ама ти си им дала материјал за зборење и сега не трачарат ко да сме први сељанки. Затоа ако немаш убави работи за мене, не ме спомнувај ич. И така бидна дискусијата. Додуша и на либете малку душата му ја извадив од филозофии, па он нервозен со денови, а она го жалела. И така од тогаш нема пецкање, паметни правење пред други луѓе, пред други само во суперлативи се спомнуваме, и јас неа што е право.
    Затоа дај до знаење, кажи, завземи став ок кој не мрдаш, ти сама, и пред сопругот но и пред свекрвата.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Абе што убави совети давам, мм да ти е милина да ме читаш. :lol:
    Сакам да поделам нешто за мојата свекрва (бог да ја прости ни гроот не и го знам), оти нели и јас си имав свекрва.
    Отидов да живеам со нив (свекрва и золва) јас млада нееста (не толку млада де) и шо ќе видам :swear:
    Прво едно подебелко женче (свекрва) седи на седмосед и плете, а другото (золва) седнато на фотеља со кренати нозе на столче пие кафе и пуши цигара.
    Нејсе, влегувам во кујната, абе дамла ме ури, со стап да рипнеш во тенџере ќе паднеш, оти кај нив се миеле садови кога сите чисти ќе се потрошат во кујната. :x
    Ај неестава среди де. Поминаа некоку дена, а иста слика секој ден. Две женички во иста положба(погоре објаснета). Перам пердиња, а бабулево се мршти....НЕЕЕ не ги пери ќе се искинат. :?: и така при секое перење, ама и сите комшии дознаа оти завесите сум и ги искинала. :fubar: Море и манџи почнав да правам, абе еднаш да им се погодеше! солена, ќисела, многу запршка.Еден ден правам колчи од оние Очи (како ли се вика) со смоква внатре и обвалкани со мелени ореви. Ставив на маса и викам, мамичке(мајчината) земи ама само едно(шеќераш, а по цел бел леб јадеше на ден), ја гледам јаде ли јаде и и викам Немој де толку, а таа пак: Па ти ми рече ИИИИИИИИи уште ќе рече оти сум и кажала да јаде за да умре.
    Помина и тоа гледам бабулево никако да се избањња, а поминаа 3 месеци, бог да чува ако седнеш до неа, море не! од врата не се влегува. И нели јас онака вопитано и велам: МАМО (мачки да ја дерат) дај бре избањај се, а таа мене : Е зошто нема со маж да спијам(вдовица). Золвичето по цел ден напрчена и кафе секогаш во исто ѓезве и ист филџан, оти трошок е ако се измијат, море пуста мрза. Мажот не го ни спомнувам оти никогаш не беше дома. Епа драги мои видов не видов за 6 месеци пат под нозе торбулето и Ау фидерзен. Ами сеа на мажулето шо да му правам, одше не одеше, ене му ги парталите пред врата.
    Ете снаи свекрви што и да сте ова е мојата вистинска сторија, фала богу одамна заврши.
    Чекам да фрлате дрва и камења по мене сеа. :rofl:
     
    На calliope, Doozy, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    јас со свекрвами не зборам,значи си гледам патот,не ја чепкам,она упорно плука по мене,и низ местото каде што живееме и секаде,ама ај си велам ке престане, мм ви велам слабо и враќа,јас па ич, ај него да не го нервирам,ама ке морам,таа жена толку ја има навредено мојата мајка и татко што немам зборови, се наканувам да се сменам, малку да се заложам за себе, молчев ја сметав за постара но ... некои работи излегуваат од контрола.
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Како си издржала 6 месеци до смрдеш да седиш и до смрдеш да јадеш. Јас сум многу гадлива. Како цверата ти издржале алал да ти е.
    Завеси се кинеле од перење? Па добро де таа завесите по 20 години ги чува?
    Кај мене завеси секој 2 недела се перат ( а ако има навала на пушачи и секоја недела).
    Уф како не фатила некоја болест тамо доле.
    Ме згади а само што јадев. Срам да ти е.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Епа сеа сите кажувате за свекрвите, па мерак ми беше и јас да се пофалам. :lol:
    Морав да редактирам. А што мислиш зошто често перев завеси???????????
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Да ама од жениве научив и каква НЕ ТРЕБА да бидам.Се разбира ако дочекам,ако не полесно ќе и е на снаата. :D
    Значи спремна сум да бидам свекрва!
     
    На Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  9. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776

    јас само неможам да ја сватам потребата проблемите од дома да се искажуваат надвор.. и од страна на свекрвата и од страна на снаата мислам дема нема потреба комшии, роднини, далечни пријатели, познаници итн. да дознаат дека не се сложуваат меѓусебно, да кажуваат како не работела, како не помагала, незнаела да готви, не ми ги чува децата и ред други работи затоа што никој нема да те жали и фали, секој ќе те направи будала и ќе си игра мајтап за ситуацијата во вашиот дом.... од друга страна имам видено и свекрви во поодминати години ги фалат снаите по комшии по роднини а бе секаде (а до вчера истите тие свекрви се полошо за снаите) само затоа што се плашат дека утре задутре ќе паднат болни во постела да имало кој да им помага (да им дава лекови да ги бања итн).
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Игнорирајте ги свекрвите најубаво е, јас со мојата раскрстив некни еднаш засекогаш, и покажав дека Мила може да биде и јака мајка и жена а не глупа снаа што ни збор не и пререкуваше. Подржана од мм и кажавме се што си заслужуваше жената бидејќи жена во жалост нема време за сплетки да прави одоколу. Ние и кажавме дека ако направи уште една глупост си одиме под кирија па што сака нека прави сама. Ако сакате нападнете ме ама не не сум јас бесчуствителна и не е она ожалостена жена, сум видела што значи да жалиш вистински. Жена што прави сплетки закачки, што секој ден си се шета и си се смее не е ожалостена жена, а дома синот и снаата се нервираат за пари а внучето трпи поради неа. Ја знаете мојата приказна да не се повторувам пак. Само да кажам дека парите 30 000 од пензиско вчера ги земавме и одма ги дадовме на човекот кој што ќе го прави споменикот од 1300е ни помалку ни повеќе впрочем имаме ние пари ако на некој му треба слободно нека дојде а јас ако немам 1пар гаќи да купам. И даа саканиот зет си ја зема фамозната кола и тоа беше малку, туку некни зема и гратис 100е од бабаму која само што беше земала мочана плата од 10 000 а на зетот 6 му недостасувале да ја регистрира колата и сега бабаму како ќе вади 40дена на својот маж со 4000ден незнам, ама знам дека од нас нема да добие ни 1денар. На нас ни остана долг од 200е кој свекор ми ги земал на заем а зошто е заемот немаме врска, а за друго како знае нека се снаоѓа ние немаме. Од кого ќе зема каќо ќе враќа не ни е гајле штом има пари за поклони регистрации и сл тогаш нека си се снајде да си вади трпези и да си доплаќа споменик уште 800е, она си го бираше без ничија согласност она нека си го плаќа. И не ова не се зборови на една размазена изреволтирана снаа, повеќето зборови се од нејзиниот син на кој што се му дојде преку глава.
     
    На bumbi, SexiLy, hello-kitty.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    леле и јас се чудам како издржала толку долг период,потполно се согласувам со тебе окцензи.
    Јас ке ви раскажам една случка со пријателка на мајка ми која живее во странство.
    Женава ме викна милиони пати на гости да сум и пошла,и ок јас и мм бидејки никогаш ја немавме посетено таа држава решивме да одиме,да напоменам јас сакам се да ми е чисто,средено,никако прашина,дезинфекцирам мн работи,кујна,веце плус во бременост уште повеке имав страв од бактерии,а женава ајде ајде идете,ја ве чекам средим се,ви средив соба бла бла бла .
    ОККККК појдовме не чекаше на железничка,одиме дома,куќата мн поразлична од опишаната,си велам ок не е битно.
    Ми вика женава ајде ке одиме горе да се сместиш во собата ваша и јас ајде,се качуваме горе,ај што куката е направена целата од дрво,стара стара смрди па и НЕЧИСТА а дома мајка и ќерка возрасна живеат.
    идеме во собата „спремена„ за нас ми отвара врата и мене буквално удар ме фаќа,мало собче,преполно со триста глупости,место само еден метар колку да се стигне до двоседот,останатото се преполно,ај ок што е мало не ми пречи ама барем чисто да беше,остаив моите раб и излагам веднаш :lol:
    Дојде време за вечера а да напоменам пред да стигнеме дома појдовме во маркет да си пазариме ш
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Пих што се 6 месеци наспрема цел живот. Знам луѓе цел живот живеат така и ич не им смета.
    Туку сега ме подзамисливте малку. Стварно како издржав!?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Виц (сеа го прочитав од една шпанска фб страна за споделување смешки).

    Има попис и службениците во една куќа ги прашуваат станарите

    - Како се викате?

    - Ева.

    - А сопругот како се вика?

    - Адам.

    - Немојте да ми кажете дека и змијата живее тукa?

    - О, да како не. Свеки, дојди изгледа тебе те бараат.
     
    На Dory, jb82, girl-miri и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ај нека се осуди некој да напише нешто. :lol:
     
    На fairy90 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Нешто :lol: :lol: :lol: :rofl:
     
    На fighter, Daleron, butterfly.mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Хахахха абе некој проблем со свекрвата! Одма ќе се фатиме за коса и секоја ќе корне колку што може повеќе, како жени на селска чешма.
     
    На fairy90 и fighter им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Преку викенд се со ираат материјали и о работуваат податоци.
    Од понеделник се собираме на
    Код:
    чешма
    .
     
    На butterfly.mk и fairy90 им се допаѓа ова.
  18. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    Прво здраво на сите :hai:
    Не ми се верува дека се приклучувам на темава :lol:

    Епа жени, и ја си добив свекрва. Се веривме пред некое време и сега баш средуваме место каде самите би живееле. Тоа е кука до куката на свеки. Со посебен влез, двор.

    Ја додека бевме дечко и девојка немам преспивано таму, нити некоја посебна блискост со жената. И се немам мешано во кујна ич, нити со било која домакинска работа. Собата на дечко ми се случувало да ја средам ама тоа е тоа.

    Е сега, кукичката ја приспособивме да може да се живее :) Се реновиравме, се ни е ново ама ништо мебел немаме. Кујна имаме ама апарати немаме. Спална имаме- плакар немаме...итн.... АМА нас ни е убаво што си миеме садови у вц, што си спиеме на неговиот стар кревет, што алишта висат по столови. Сега тоа е. Никој ни една шајка не ни купи а ни помогне, сами со кредит средивме се, е сега тоа што ни фали...ке се среди.

    А.....ја почнав да си останувам на преспивање чат пат. :)

    И нормално - време за проблеми со свеки 8)

    Незнам дали е проблем, ама ја го гледам како аларм за реакција. Значи, вака изгледа кога она доага кај нас- звони на врата, отварам , ајде повели и имаш-
    1. се наведнува у ходникот и почнува да реди обувки ( значи ходникот е празен, нема шкавче за обувки, и нормално дека не се под конеч 3-те пара обувки што стојат тука).
    2. пред да продолжи во дневната соба, ја затвара вратата од спалната.
    3. влегува во дневна и ондак- овие чаши за миење се , ке ги измијам. Аааа....оваа храна ви останала од вчера, ке ви ја фрлам ја.
    4. излегува на тераса- ааа...си ги испрала маиците, ама суви ти се, да ги соберам.

    итн...итн..итн....

    Ај на почетокот викам сака да помогне, ама почна од такт да ме вади. Мислам ако мене не ми смета неизмиен филџан од кафе, ке ми стои и цел ден. Ако си дошла на гости, седи ако ти е убаво. Мислам и ја идев на гости кај неа, па никогаш не влегов во кујна и да речам, а не си измила садови, дај да ти измијам . Остави ме жено да си уживам во хаосот што сами си го правиме. Помошта која ти ја нудиш, па и не ни е нешто многу потребна. Ке преживееме и без тоа.

    И така..... последен пат кога дојде и кога рече, чекај ова да го направам, реков , седи си де, нас не ни смета, ке си го средиме ние тоа после. Па за нешто рече, ова види кај сте го ставиле, а ја и реков-сакаш кафе? :lol:

    Борба за превласт у прав смисол на зборот. Ја имам осет дека сака да се наметне, да не створи зависни од неа, а ја па сакам да си направам дом зависен само од нас двајцата. :)

    Поздрав жени ;)
     
    На Hipica и kikav им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не сака да се наметне, едноставно до сега се грижела за синот и навиките не можеш да и ги промениш за миг. Епа сеа тебе ти смета, ама понекогаш не е на одмет и да ти помага полесно за тебе.
    Полека полека ќе се одвикне, трпение само и убаво постапуваш со замајување со кафето.
     
    На RajskataPtica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    и јас имав таков проблем на почетокот кога се зедовме со маж ми, ама маж ми разговара со неа, и жената не влезе веќе кај нас во собата да ми чисти, и мене тоа многу ме нервираше, бидејќи јас сакам како е оставено нешто така да остане... кажи му и ти на маж ти дека ти пречи, или пак уште поубаво разговрај ти со неа лично, кажи и јас сум млада, сакам да се учам, јас сакам да си средувам и би требало да се повлече :)