1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Стварно некогаш незнаеме дали сакат да помогнат или да не направат демек ние сме неуредни па јас ке ви суредувм,кај некои тоа е навистина помош од свекрвата ако навистина сака да помогне ама нели ви треба друга помош како што кажа да наместите во домот па може во тоа да ви помогнат малце.
    Мојата така почна демек да ти помогнам и потоа на комшивки лелеее јас и ги мијам садовите јас и ги местам облеката и сл.... Не дека јас не сум собра во тие работи рве ме без неа и куќа и маж и дете сама јас...ги перам пеглам јадење чистејње и секогаш домот ми е наместен,ама ете сакам да кажам ако сака да помогне пуштија нека помогне а ако сака само да се прави тоа демек ти не си направила јас ке направам и да почнуват некои сплетки тогаш подобро кажии дека кога иде на кафе кафе да се пие а ти ке си средуваш потоа.
     
    На leona83 и fairy90 им се допаѓа ова.
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    нова форумке па ти си имаш асли SVEKRIVISTE,иста ко мојана...се она знае и веруј ич нема да се смени.ќе почне демек од добрина они душичките свекрвски добри и додека чисти по фиокаи да брца и да ти чита резултати од хормноски анализи ко мојава за да открива зошто не можеш да имаш деца,до кога не ќе можеш и како не можеш,ќе ти го буцка мм-то мило да те остаи ако не раѓаш итн.
    и еве почнува мојов проблем.одиме кај нив на гости за празников а плус и на дипломска бевме поканети кај внуката на комшија на родителите на мм која бтњ не ја познавам јас,ама со сестра и дружеле/растеле како дечиња од иста улица со мм и брат му.брзаме по дождовите да стигнеме и мене ме убива нервоза и напнатост од брзање и се останато па сфаќам дека планираната гардероба сум пропуштила да ја ставам со останатите алишта ама нели мама има ќе ти зајми од нејзиното мм така вели и ај да не се враќаме за еден обичен фустан по невремето.(инаку кај мама-му си имав оставено од минатиот пат една многу убава туника ама не бев сигурна дали и панталоните ми останаа таму и културно ја баравме мама да ни каже дали се таму да знам дали тоа ќе носам или еден па и не толку свечен фустан кој го понесов за онака на кафе-муабет излегување и мама-му окапа од проверки за панталониве ама никако да се јави да рече дали ги нашла или не ама и на последниот муабет ми вика мило ако се тука тука се(милата таа свекрвица моја) :@ ).јас нервозна не знам на што сум и се закаравме нешто со мм и неповрзано од негова уста оди муабетов ти жено ако не планираш да ми раѓаш дај да се разведеме блабла бла(ова мама му го напика откако ги сфати резултатите мои и јас и го протумачив лани цело мое репродуктивно здравје мислејќи дека нели блага е ко мама,добрата таа свекрвица моја :@ е од тогаш од јавно пеколно е нејзиното понашање кон мене и бракот со син и мој,никаков, :( зошто нели мама се знае како се прават деца и како син и мене треба да ми направи бла бала безвезни муабети што страм ми е на форум да ги пишам).и стигаме цели изналутени,нервозни еден на друг а свеки цвета цела напудрена опрчена ко кокона и јас одам да видам нема панталона уххх :@ а фустанов за белја :@ бил исфлекан и не го личи и велам не идам јас и онака не сум расположена.промрчи мами како син и толку брзал а јас не идам.толку беше.утредента муабет врти леле како си поминавме убавини и таа мајка ми на девојчето рече е мори кокшике ни растеа децата заедно големиот син ти го ожени, и малиов еве го ожени а јас ти го меркав за моево керкиче што по толку години сега дипломираше бла бла муабети.па фати да ми збори за братучедка и како имала син ко глумец убав ама оженил некоја во полиција што работела од ист град од јас кај што сум ама ете таа не можела деца да раѓа.ми лепи вербални шамари ухууу.и јас и велам добро ок од овие муабети и буцки кој раѓал кој не ние вчера со мм така убаво со испокаравме и развод се спомна ете слободно најдете си 2ра жена ама после да не биде првата беше светица а аоваа 2рава низ нос ми вади разведен што ме омажи и олош невиден е ама ја трпам да не се разведувам по 2пат.и одма она ама не за развод,ама како друга да жени син ми(а го буцка цело време она на оваа тема амене ми се прави не).после си работам јас нешто она гледа некоја си турска серија со некоја пеачка детето што и го украла некоја си таму нечија свекрвA и мене ми раскажува она додека гледа колку злобна била свекрвата и како јас да се радувам што оваа мојава свекрва злато е.удав жив.ете мила нова форумке од тоа мешање у штипки од кај иде свекрвината злоба/дрскост/бесчувствителност како ли да го напишам веќе еднаш??? :o
     
    На fighter и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Vichy, следниот пат на гости,стави си тампони за уши,фиксирај една насмевка и кулирај си.
     
  4. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека и нејзината свеки ке е таква,ти Вичи изгледа стварно имаш проблеми,ама наместо што ја гледаш свекрва ти што те подбуцнува и што зборува,ти гледај да си збремениш.Ти од сите овие проблеми што се замараш и нервираш неможеш да останеш трудна,поради свекрвата е,ама од тоа што ти работи психата.Гледај помалку контакт да имаш со неа и не и зборувај се и сешто не се спуштај на нејзино ниво да падаш на провокации.Гледај си го мажето и не биди кодош,не му кажувај и не му збори за неговата мајка каква и да е мајка му е и никогаш нема да застане на твоја страна доколку ја кудиш!За панталони,зарем немаш други,или друга хаљина,тоа не е причина да не одиш на гости!Наместо што размислуваш за свеки најди си некоја работа со која што нема да имаш време да ти текне за овие банални проблеми.
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    vichy, не знам како не може да разбереш дека ти имаш проблем со маж ти, не со мајка му! Од НЕГОВА уста излегло тоа дека ако неможеш да раѓаш да се разведете, без разлика дали свеки му ја полни главата или не. Ако тој беше човек на место и солиден сопруг тоа никогаш ама никогаш немаше да ти го каже, макар и во најголема расправија но твојот очигледно не е таков и јас ти се чудат зошто ти уште си со него.

    newring86, кај мене баба ми (мајка на мајка ми) е баш таква- ќе влезе во стан, ако една кондура е искривена за 3 цм, ќе се наведне да ја мести, ако во кујна види еден неизмиен филџан кафе, готово, фаќа сунѓер да го мие, иако е избришана прашината, ќе земе крпа и она да помине. Ова не е ненамерно и не е дека има потреба од таква помош, едноставно баба ми има таков терсене карактер. Дешавка од пред неколку години - она и дедо ми на гости, отвараме некој наполитанки да ги почастиме, јас го фрлам најлонот ама останало едно мало парченце и женава го зима, станува, излегува на тераса да го фрли и се враќа со изјава ` Лелеее, ама ви смрди ѓубрето!!!` а ѓубрето фрлено неколку часа пред она да дојде и во кесата беше само најлонот јас што претходно го фрлив... Ние на баба ми лек не и најдовме, едноставно станува збор за тешка жена. Не знам каква би била како свекрва зошто вујко ми не живее во Македонија но сигурна сум дека би била иста, како што нас ни се качува на глава, така би им се качувала и на нив. Не знам што да ти кажам и како да те посоветувам. Да можеш со убаво да и покажеш каде и е местото во твојот дом, би било супер. Да се караш, ако е како баба ми, џабе ќе ти биде, таков карактер е (јас знам подобро од вас +недомаќини сте). Меѓутоа, од друга страна, баба ми ме има исчувано, ме има носено и враќано од школо, има трчано со мене по доктори, кога бев болна она доаѓаше да седи со мене мајка ми кога беше втора смена, не можам да ти кажам колку она и дедо ми, господ да го прости, ни се имаат најдено на мене и мајка ми (Мајка ми е разведена, татко ми е име и презиме на изводот од матично).
    Времето ќе покаже како се ќе се одвива но сега засега немој да почнеш со карање и зборување против неа. Особено ако е некој сличен карактер како баба ми, и ти и маж ти во дует да и зборите- џабе ќе ви биде. Сите ние си имаме некој свои бубачки и немој уште сега да направиш тензии во односот со неа, утре може ќе ти биде криво.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да ви раскажам случка со мојата свекрва, па кажете ми како би постапиле, јас незнам што да правам. Вчера и се јавил нивни стар почитуван пријател да ги покани на веселба која ја прави неговиот син по одреден повод за денес вечер. Е арно ама свекрва ми и свекор ми денес одат на пат па нема да се тука. И она му рекла не е проблем син ми и снаа ми ќе дојдат. А ние малтене не ги ни познаваме, старите ги имаме видено еднаш, а младиот кој прави веселба исто така еднаш, и со мојов не баш се мирисаат. Но ајде добро. И она му дала наш телефон да ни се јават и да ни кажат каде и кога. Е арно ама луѓево не ни се јавија. Од која причина незнам. И сега ние не знаеме каде ќе биде настанот, а устварни не сме ни поканети. А она вика како нема да одите, и уште ни вика еве телефон од стариот (значи не од организаторот на славјето, туку од татко му) па прашајте си. Е како бе. Некако не ми иде. Прво она им дала наш телефон да ни се јават да не поканат, тие не се јавија, сега ние да ги бараме за да прашаме во која кафана. Некако не ми оди. Она малку го крена носот, стари пријатели биле. Вие што би направиле?
    Јас му викам на либето, ако се јават до вечер ќе отидеме, ама ако не, мене ми е глупаво, да свртам телефон и да речам, добар ден, ние сме тие и тие, син и снаа на таа и таа, вие вечер сте организирале забава па да дојдеме, ама каде ќе славите :^) некако ми е глупаво.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.645
    Допаѓања:
    140.750
    У право си, друг ден нека отидат старите да честитаат, што и да е.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Па во право си неканети каде ке одите,туку на свеки ја поканиле нека оди таа а не вас.
    Ништо ако ве поканат мислите одите или не бидејки ако и не толку се поднесуват со мт што барате а и тие сигурно затоа не се јавуват,што знам ама јас не би одела неканета и мт после ако сака добро ако не не.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Неканет гостин позади врата стои. Убаво ти кажаа феминките и јас се сложувам со истото. Ако не се тука утре нека одат на честитање, ете човекот не ви се јавил, сигурно постои некоја причина. Блиску до памет е таа твоја свеки јавете му се вие ја мајката, па ќе испадне се натурате.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    Штом вие не го ни знаете `славеникот`, не гледам причина воопшто да одите, вие не сте им портпароли ни заменици на свекорот и свекрвата. Господинот сакал успехот на синот да го прослави со своите стари пријатели а не со некој, реално за него, странци. Мислам, следејки ја логиката на свекрвата, следен пат кога ти ќе бидеш спречена да отидеш кај некоја другарка на роденден, прати ја мајка ти, или уште подобро- свеки :lol: Што да ти кажам, свекрвата ти е легенда :drunk:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно, ама неа не. Човекот се јавил да ги покани старите пријатели на славјето на неговиот син. И ќе одев како замена не е проблем нема да ме убие, доколку она договореше дека младите треба да дојдат таму и таму во толку саат. Вака она ни размени телефони и сега ќе мудрува од страна. и на човеков му е незгодно, како бре да се јави да кани некој што скоро не го познава, а на крај краева ние не му значиме ништо да присуствуваме, само порција плус. Ние сме од него триесет години помлади, а со син му не се баш сакаме, па можно е и за тоа да не ни се јавија. Може и дома ќе слават, ама не знаеме каде живеат, она знае, па проба да ни објасни, а и викам ако не е дома, вика епа прашајте си :^) Направи компликации за двете страни без потреба. Бог да чува од стариве луѓе, мислат ко во нивно време
     
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ич не се замарај.нема да одите и толку.чудо големо.да не нема да слават без вас?ете и јас не отидов на дипломската на внуката на комшиите кои се комшиски поврзани со мама и тато на мм(додуша поканата беша за фамилија таа и таа и во тек на муабет не подпрашаа млади сакате ли со нас и прифативме иако сега кога ќе размислам со кој ум прифатив да одам некаде кај некоја си комшивка што не ја ни познавам на дипломска од типот на мини свадба ко што прават во овој град? :^) ). и поубаво што не отидов дека на кантар мерење ќе бев ете ја жена му на комшијата што мамица на славеницата за избраник и го меркала цела младост(и немојте да мислите дека е ова муабет ради реда што се тера озбилини намери имале го потпрашав мојов и подзацрвене кутриот,кој ги знае што минато имаат може и затоа сцени по пат ми направи да ме дотолчи со глупи муабети зошто знае дека по такви муабети сум само за под јорган на релакс терапија во кревет).а ако толку на свеки твоја мерак и е да направи ќеиф на стари пријатели фино лепо кога ќе се врати од пат со свекор ти под рака нека си договорат видување со пријателите за едно честито.ти и мм уживајте и нема што да се натрупувате кај што не сте ни поканети. :lol:
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Irena.1 дури и да ви се јави човекот јас лично да сум на ваше место не одам. Вие нит ги знаете, нит ги познавате, плус па згора на сето тоа маж ти не се поднесува со синот нивни. Нема логика. Човекот и да ви се јави, верувај дека ќе го направи тоа само од култура. Свекрва ти ве ставила и вас, а и човекот во незгодна ситуација. Како да го приморала човекот да се јави, а тој очигледно не сака, а вас ве приморала да одите, а и вие не сакате. Целосно сте во право со маж ти и не треба да одите.

    Ова не е прв пат да слушнам ваква постапка од стариве. Не можеле старите да одат (било каде), и ајде младите нека одат, тие се млади. Чекај бе малку, ако сакал некој да ме покани ќе ме поканел како што треба со мое име и презиме на поканата, не сум јас златна резерва или па дете од пет години па ајде нека се порадува, дете е. Ова стариве се забегани, битно е да се дружиме, не е битно дали се знаеме. Мислат ова во нивно време е кога канеле 500 души на прослави, свадби па ајде и сега, а биле - а не биле плус - минус двајца чудо големо. Сега секој гледа до денар, а и никој од младиве сега не ти кани на прослава луѓе кои не ги ни знае.
     
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.385
    Vichy-це,мор ;) , од ова муабетиве што ги редиш, јас сфаќам дека свекрвица твоја се мафнале во некое ново живеалиште, значи не се во странство туку во мк ама во друга куќа , стан ли, што ли. Значи пола од проблемот го реши. Сами сте со мажето во станот, одјезди главниот солач на ум.
    Е сега за втората половина, табиетот на маж ти , неговата папочна врвца со мама, неговиот простотилак, суровост и неотраканост, што знам.Малку потешко ќе биде.Лоботомија.... :geek:
    Ако проблемот за неплодноста е кај тебе (а не дека е битно кај кого е, проблемите заеднички се решаваат), и тој така сурово ти треснува-ако не ми раѓаш дете ај да се разведиме, тогаш е трупец неизделкан и тенџере што многу тропа. (извини на искреноста) И плус нели мама брани на ин витро да одите или на инсеминација.
    Не знам што треба да се случи за да сватиш со кого си имаш работа..
     
    На WORRIED.BT, Glasna, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    Јас само да ви кажам браво на сите вас кои успевате да ја пратите Vichy :clap:

    Ја сакам.... :( ама кога ке ја видам реченицата од 50 реда, без точка и запирка..... :worried:
     
    На Hipica, senza.parole, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Абе остај да е тоа само проблем! Девојката има поголеми проблеми, ама ни самата не е свесна.
    Р*авом ку*цу и длаке сметају.
     
    На elena.mak, tessie и Dentina им се допаѓа ова.
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    епа не можеме сите исти да сме...некој се можат да следат,да се прилагодат на сечиј стил на пишување,некој не можат ни очигледното да го сфатат/прочитаат како треба...сепак и мојов и твојот коментар се офф топик па да не забегуваме и да оставиме простор за феминки со проблеми а не да тупиме со твојот проблем зошто свеки ми прередува по мене или мој зошто ми се меша у правење деца?епа мила нова форумке и јас и многу други ќе ни се мешаат док им дозволуваме. фала DENTINA за совет инаку да чекор по чекор се отарасува свеки од мене и мм затоа боцка со секакви глупости и провокации кои ги пишав онака да ми олесни а тука наидов на проценка на стилската форма на испишување моја. :lol:
     
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    151.226
    Пол:
    Женски
    долгометражна реченица не е стил на пишуванје туку е степен на описменетост. ;)
     
    На De-lovely, jb82, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Леле бре ме влечете за јазик аман. Не е до писменоста она сака на секое тенџерче капаче. Никогаш не се откажува, секому контрира. ОФФФ леле абе не е токму. Осудете ме бесете ако не е така.
    Женава има проблем на малоѓраѓанштина и точка.
    Можеби некој на форумов ќе ја оправда, ама не верувам, читајќи ги нејзините мислења.
    Абе се е негативно само таа е во право.
     
    На SimonaTino и duffi им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    Неколку мали добронамерни совети (реално научени уште во прво оделение ама ајде, и за тоа е крива свекрвата)

    Првиот збор од новата реченица секогаш почнува со голема буква.
    Во една сложена реченица, запирките служат да се одделат речениците една од друга.
    Пожелно е една сложена реченица да не е составена од повеќе од 3, 4 реченици, за да биде полесна за следење и разбирање!
    Кој е заинтересиран за повеќе, бујрум http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1% ... 0%B8%D0%BA

    (Голем поздрав до Живко и Људмил :bow: )
     
    На Hipica, katalina, Daleron и 4 други им се допаѓа ова.