Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Јас да ви раскажам од какви болесници се спасив нема да Ви се верува.

    Пред две години преку пријатели се запознавам со еден дечко. Просечен изглед, образован и фин. Почнавме да излегуваме и се случи првиот бакнеж. Продолживме и нашето прерасна во врска, сериозна врска. Се гледавме месец два три. Заедно бевме на свадба во странство. За сето тоа време јас незнам кои се неговите, што се, зошто се. Која е мајка му , татко му, сестра му. И не се оптеретував, претпоставував некој нормални и фини луѓе. Симптоматично во целава ситуација беше тоа што на 32 годишен маж барем во тие 3-4 часа додека сме заедно мајка му и сестра му се јавуваа минимум 4 пати. Небитно за мене нели? :)
    И така помина време но цело време чустував тензија. Прв пат ја запознав мајка му кога во 23 часот го натера да ја однесе во Маврово. Е тогаш ми стана јасно со кого јас ќе си имам работа. Од памет се извадив. Кратка коса во боцки офарбана во црвено, бела хеланка и некоја поима немам јакна како за тинејџерка. Културата ми е дадена од моите родители па и без тоа што не ми рече "добровечер" на нашата прва средба, час пред полноќ јас не се налутив.

    ...После 4 месеци врска тој ме побара за сопруга и негова сопатничка и во лошо и во добро. Прифатив. Се некако ми згледаше како во бајка. Го шрашував Господ со што јас заслужив ваков благослов. Ама тоа да не ти било така. Тука почнаа моите маки и тортури.

    По просењето во еден прекрасен манастир, добив порака од неговата сестра дека јас нема да успеам во моите намери. Не ми беше јасно. Потоа за Архангел Михаил 21.11. не бев примена во нивниот дом на слава. Но за воља на вистината се што се случуваше, мојот иден сопруг сето тоа го прифаќаше како нормално, како да има страв да се спротистави. Пред нова година подигна кредит до 7000 евра за да ја спаси сестра му од долговите во кои тонеше како титаник, поради изигравање на Џет Сет. Дечкото ја остави, се ожени веднаш со друга девојка па сета фрустрација ја истури на мене. До Март секој ден и ноќ ми стигаа пораки од Неа ( сестра мУ) со секакви навреди и психопатски содржини.

    И повторно мојот иден сопруг велеше само игнорирај. Поминуваше времето ние ни С од свадба. Само ме лажеше дека сега ќе се договориме, да средел со имотот во една од нашиве скопски населби итн. За сето тоа време ми се насади кај мене дома и секој ден преспиваше. Од дома како да беше избркан, а секако неговата сестра се пресели во гарсоњерата која била наменета за него. Мајка му ме мразеше од дно на душа.

    Да објаснам Јас сум со високо образование, се сметам за убава девојка и сум од фино ситуирана фамилија. :)

    И помина година дена од нашата како да ја кажам веридба. Мајак му не сакаше да дојде да се запознае со моите. Нели таков е редот. И така еден ден јас седам и работам и ми звони телефонот. Ете ја мајак му нели мојата идна свекрва. Ако ви кажам со какви се не навреди ми се обрати нема да верувате. И секако да ја цитирам: "Нема да дозволам да ги разделиш братот и сестрата. (се мисли на мојот иден сопруг и сестра му) Ако треба јас ќе те уништам. Они ќе се земат МИСЛАМ ОНИ ЌЕ СЕ ЗЕМЕЛЕ БРАТ И СЕСТРА????? И тука спуштив, видно вознемирена се напив нешто за смирување. Се јавив кај мојот иден сопруг и раскрстив. ГОТОВО!!! СИ РЕКОВ ЗАВРШИ ОВАА АГОНИЈА. Но не... тој почна после месец дена од оваа случка да доаѓа пред врата кај мене, потоа демек заврши во болница на операција и слични работи на типична жртва....ПОПУШТИВ.

    Се исели од дома и почна да живее под кирија со еден студент. Ајде ... Веројатно му станало јасно дека си има проблем во семејството и дека мајка му и сестра му се болни жени. (татко му е безгласна буква затоа и не го споменувам) И помина време, јас отворив сопствен бизнис. Тој ми помагаше во мојот јас во неговиот. Тензиите не престануваа од мајка му и сестра му. Повторно се врати дома. Кај стигнеше вештерката збореше против мене. Одела по оџи и што ти ја знам таму какви не врачови. Ма невидена работа. Сестра му со женети мажи се гледаше, но тоа за нив беше сосема ок. Јас почнав да тонам. Не ми се веруваше во каков зачаран круг бев влезена со какви психопати.

    И дојде денот X кога јас веќе неможев да издржам.Му реков или ќе се земеме и ќе закажеме свадба или готово е ... Моите ме притиснаа за цело време гледаа што се случува. Јас не дозволував да се мешаат. Мислев дека можам сама да се справам со овие психопати но згрешив.

    После 2 години врска и мачење веќе немаше љубов. Морав да направам рез....Скоро се оболев, анксиозност, гастритис и слични проблеми. Му реков твоите да дојдат и да се договорат со моите ако навистина мислиш да се случи таа свадба. Ако не готово е. Блефирав... Знаев дека е готово.... и еве ...го снема :lol:

    После се јас станав многу силна личност. Од сега бидејки сум сеуште многу млада ќе бирам со кого и кафе ќе испијам а не ЖИВОТОТ ДА ГО ПОМИНАМ ... Да знаете болесници има низ Скопјево...Јас замалцќе заглавев со еден таков. Поздрав женски....
     
    На Rose96, Taccka, jb82 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    151.242
    Пол:
    Женски
    Виц на темата

    Една баба продавала јаболка на пазар:
    - Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобил…
    Поминува некој човек и и вика:
    -Бабо, ти си луда бре, не викај така – кој ќе ти купи радиоактивни јаболка?
    А бабата му вели:
    - Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Многу ме трогна приказната на Бејби, леллеле знам дека разни ги има ама ова. :?:
    Брат и сестра да се земат, чудо невидено. Абе парите од братот да одат кај сестрата, леле бре до кога ова парите ќе решаваат во животни состојби. По цена да се уништи нечиј живот пари па пари АМАН.
     
    На BabyStyle и girl-miri им се допаѓа ова.
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Se pridruzuvam do pozdravot,da ne go zaboravime i Dimi:)
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    BabyStyle, добро е што овие работи се кажуваат (штета што човек не може па и јавно да ги закачи на бандера по Скопје, заедно со слика и име и презиме) :D , само сме ја утнале темата за вакви дискусии.
    А дефинитивно тоа психопатите, поради кои има и доста убиства и самоубиства низ Скопјево, понатаму си бараат друга жртва за да и го загорчат животот.
     
    На BabyStyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Те жалам BabyStyle што си изгубила цели 2 год. во таква врска, но според напишаново изгледа си многу млада. Бидејќи уште на почетокот се гледало дека нема да биде ништо од таа врска, со самото тоа што те побарал за 4 месеци врска, а неговите не те ни запознале. Има чудни луѓе, страшни, пореметани, отворајте очи каде и во која фамилија влегувате. Не е само да се омажиш/ожениш.
     
    На Nausicaa, BabyStyle и tessie им се допаѓа ова.
  7. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Многу вистинито кажано. Загубено време да, ама ако ви кажам дека ова искуство не се купува со ниедна пара. Верувајте ми зрелоста ја добив токму во овие две години. Очите да се отвараат и те како. Секакви болесници има низ градов. И по секоја цена влетување во брак никако. :puke: Жалосно е какви све не мајки има. За мене ЛЕКЦИЈА ЖИВОТА. :)
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Абе вакви свекрви и мајки не знам зошто земјата ги држи.
    Ах Хитлер кај си?
    Душо тој штом после 4 месеци те побарал (што не мора да значи, ама воглавном), дали се запраша зошто? Ова прашање поставете си го сите пред да влетате во брак по толку кратко време.
    Знам ќе кажете љубов е во прашање, ама не е секогаш така. Почетна треска на една врска е тоа, за да по некое време се симнеме на земја.
    Офф сум малку знам. :$
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Мислам дека времето нема улога за убав и успешен брак.До карактерот на луѓето е :nod: .
     
    На SV1911, kala21, fighter и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    и јас мислам така. нема формула за успешен брак базирана врз времетраењето на предбрачната врска. еве 2 реченици. едната ептен проста, другата малку по проширена. кој ме разбра разбра кој не назад во основно :lol: . се шалам со ова оф топиков ;) .
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.569
    Допаѓања:
    108.776
    Пол:
    Женски
    Виши ама стварно ја претера девојко, пола форум ти кажува дека замараш со твоите постови без точка и голема буква и кај шуто па и боде, демек се зезаш со нас, демек ние сме тие со кои треба да се зезаш.... Не ти врати се во основно, ние сите овде пишуваме како што треба, ти си таа која не пишува како што треба. Правопис девојко, правопис. Но добро кога ќе видиш, не ти се погоди свекрвата, не ти се погоди мажот, не ти се погоди чинам и станот еднаш, сега не ти сме погодени и ние и правилта на форумов, шта речи коју поруку послати е муабетов.

    Ајде да не ја должам не планирам со Виши да се расправам, јас дојдов да ве посмеам малце. :rofl:

    Во сообраќајна несреќа мажот останал без дел од кожата на лицето, а неговата жена се понудила да му пресадат дел од нејзината кожа. Меѓутоа единственото место од каде лекарите можеле да извадат кожа бил нејзиниот задник.
    Мажот и жената се договориле дека нема на никого да кажуваат од каде е земен “материјалот“ за операција и ги замолиле лекарите да ја чуваат нивната тајна. Сепак станувало збор за мошне деликатно прашање.
    Откако излегол од болница луѓето не можеле да се изначудат од изгледот на неговото ново лице. Изгледал дури поубаво од претходно. Сите пријатели и роднини ја фалеле неговата младалачка убавина.
    Еден ден кога мажот останал насамо со својата жена и кога го преплавиле емоции поради нејзината жртва, и рекол: Драга моја, сакам само да ти се заблагодарам за се што направи за мене. Како можам да ти се одолжам – ја запрашал.
    Драг мој, одговорила жената: Мене ми е доволно тоа што секој пат гледам како твојата мајка те бакнува во образ….“
     
    На sweet-bebufce, BunnyGirl, a.c.k.a и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Понекогаш проблемите во врската се гледаат уште на почетокот, но во фазата на заљубеност тешко е тоа да се види. Не мора да значи дека секаде е така.
     
  13. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    И јас ја читав темата и сакав да пишам како мојата свекрва е лоша, многу себична жена и не ја сакам.
    Сега кога ја нема, а чекам бебе, сакам да ја прашам толку многу работи за маж ми каков бил мал, да ми даде совет или бар да промрчи како слабо сум облечена, како треба да јадам, да се пазам, да ми досаѓа на телефон секој ден да ме прашува што има ново...
    Сега кога свекор ми е сам, нема ништо за јадење во куќата, мириса лошо, не е исчистено и уште повеќе нема поддршка, разбирам каква била свекрва ми и дека сме имале колку-толку љубов, чувство дека има семејство и грижа. Мене не ме сакаше, но за синот нејзин даваше се'!
     
    На elena.mak, mimiiiii, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека брак склопен по 1 месец и по 10 години може да биде со ист квалитет.
    Проблеми секогаш и секаде има,само до карактерот на луѓето дали ќе ги разрешат или ќе дозволат тие да им го разрешат бракот.
    Пак сме оф топик Далерон. :D
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    BabyStyle ситуацијата во која си се нашла е навистина необјаслива и чудна. Очигледно дека мајка му и сестра му на твојот вереник имале психички проблеми, која нормална мајка би посакала нејзините две деца син и ќерка да се земаат?? Башка без причина ти испраќале пораки со вознемирувачка содржина за кои твојот вереник не изреагирал никако. Неговиот татко бил слика без тон, И баш ми е мило оти си се спасила од такви луѓе. Мајка му и сестра му немам намера да ги навредувам оти очигледно се работи за психички проблеми ама што е со твојот вереник? Да сакал да имате заедничка иднина ќе поработел на тоа немало само да игнорира. Ама тој очигледно немал сериозни намери. Затоа и е многу важно пред брак да го запознаеш неговото семејство. Некој ќе ти рече не е важно ти нема да живееш со нив ама важно е и те како е важно. Што ако си се венчала со него тој финансиски бил нестабилен колку што сфатив така да сигурно со неговите ќе сте живееле. Ако тие две жени те малтретирале со такви пораки па размисли каков ќе ти бил животот во заедница со нив, а сопругот сигурно ќе продолжил да игнорира и тебе да те советува истото. Мислам дека си изгубила неколку години за џабе. Од друга страна тие му биле мајка и сестра но ако сакал ќе се спротиставел и ќе сте биле заедно. Ама тој не направил ништо работите ги прифатил такви какви што се. Какви и да биле неговите мајка и сестра сепак за секоја таква личност си пости соодветна институција како што за секој проблем си има свое решение.
     
    На fairy90 и BabyStyle им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Нели мајката на мм секаде за мене збори се негативно,ме избрка и ми украдоа се што си имав од кај мајками и после се дека не сакале ништо со мене повеке ни да ме виделе ништо ајде на мм на тел демек ги повлекуваме зборовите и да си имаме есно одење идење на гости.
    Денес мм вика за мене ке го направиш да дојдеш кај моите да одиме само на кратко и ке видиш дека не сакат повеке лутење да си бидеме пак ок (така му рекле него) јас пак му викам нема шанси тоа и несакав да одам бидејки си реков нема да дозволан да ме викат секако и на сите се и сешто за мене,ама мм ако ме сакаш и ајде реков ке одам.
    Одам и сите едни фаци :doh: ок си викам мое е да се поздравам и како си што и тоа,ама тука имаше и роднини на мм а ова мајкава на мм(оти женава не е ништо веке со мене) снава моја само спиеше кога беа тука јадеше како за сите ништо не работи она има инаат како коза,она е никаква,она е да ја немаш дома бла бла па и збор два за мајками фрли.
    Го гледам мм и ни А не кажа само си чути,јас си молчам оти имаше и други гости не сакав да испадна некоја распуштена што ке крене галам и му викам на мм ајде на малава е се спие и си отидовме.

    Повеке не им одам а наскоро ке дојделе тие кај нас ех тогаш има она да слуша и да и накажам се па да види како се работите и на крај ако и одговара да виде баба на мојата ќерка има да ме почитува и малце да и биде ако како што ми вика мене(од денот кога отидов како снаа кај нив ако ти одговара ако не вратана ја гледаш) истото ке им го кажам...
    :devil:
    Стварно премина се а и јас не ни очекував дека сакат да имаме некој однос ама со гие што те мразат и делат од сопругот со нив така и оди тоа,само уште еднаш нека спомене развод на мм и ке го добие она нејзиниот!.
    Девојки ме полудеа бре стварно сакат да ми уништат брак и семејство,mora da im go pokazam nivmoto mesto pa da svatat kaj treba da si stojat,mm vika ostavi nema nisto da ni napravat ama ona uporna i uporna da me napravela pred siot narod mene nikakvica demek na kraj jas sum bila kucka kurva i sesto.....
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^Не е виновна толку свекрвати колку што е мажот ти! Зошто не те одбранил и не и се спротивставил на нејзините навреди кон тебе, туку молчел како теле?
    И никој не може да ви растури брак разберете се додека до вас има стабилна личност!
    И престанете постојано да ги напаѓате родителите на вашите мажи, а да ги браните мамините мажиња кои пред вас изигруваат силни мажи, а пред мајките не смеат ни збор да кажат!
     
    На Hipica, Daydream, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    А не луничка овојпат не се согласувам со тебе. Како може да биде со ист квалитет, никако...Како прво после 1 месец гледање со некој не можеш да знаеш ни која му е омилена боја, а тек па карактерот да му го процениш. За толку кратко време не можеш да запознаеш некој и да се вљубиш, па уште и да стапиш во брак, треба да поминеш извесен период со него за добро да го запознаеш, да видиш каква му е фамилијата, какви луѓе го израснале итн. Позадината на човекот е многу битна и влијае врз вашата врска/брак и тоа како. Карактерот на човекот е најбитен и пред се, но не смее никако да се занемари и неговото опкружување. За успешен брак треба да се поклопат многу работи, пред се од 100% себе познавање до барем приближно толку познавање на партнерот...многу треба да се пишува на оваа тема а ние забегавме не сме на вистинското место.
     
    На Hipica и Daleron им се допаѓа ова.
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    151.242
    Пол:
    Женски
    може и свекрва ти не чини ама ти имаш проблем со мм.
    свекрвата те напага со погрдни зборови пред други а тој молчи...мене тоа ми е проблем.вистински маж ке скокне и ке те одбрани или ке те одведе од таму.....не ти го уништуваат само тие бракот од ова што го пишуваш.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.398
    Допаѓања:
    179.855
    Прво види му го умот на маж ти уште коа со сила те терал да одиш кај неговите и после сите глупости а второ ти се чудам на паметот како си отишла пак ти .Гледај си го мажот и детето а нив избриши ги он ако сака нека контактира со нив ако нема достоинство набркан од дома и пак да контактира со нив,и да проблемот ти е со него
    Читајки низ постот очекував да пишеш дека после вреѓањето сте станале и заминале или дека он се замешал во твоја одбрана ,ама баш ме чуди што вие сте си седеле како ништо да не се дешава и со тоа сте и дале зелено светло да меле брашно госпожата
    Земи разговар со маж ти разјасните некои работи ова вака не е убаво воопшто и најбитно ова е затишје пред бура слушај ми го зборот