Да ме навредува некој пред сопственото дете пред се, па пред сопругот, па пред негови роднини....?? а господинот да се понаша како ништо да не се дешава?! Ах бре жени....зашто дозволувате така? Во продолжение на постот очекував да пишеш како лом си го направила одкако сте си заминале.... Мој совет ти е - пред нив да им го покажеш местото како што ти викаш (што сметам и дека нема потреба ти да го правиш), да си го доведеш у ред сопругот. Како бе ке кути додека некој те навредува? каков маж е тоа? Ок, имаш проблем со неговите, АМА уште побитно - имаш проблем дома, со сопругот. Ако он те сака, се грижи за тебе, те подржува...никој неможе да ти го расипе семејството и домот. Пред да почнеш да ги решаваш надворешните проблеми, реши си ги внатрешните. Ја бар така мислам...
Он многу паtи им кажал да не го прават тоа,на мајкаму и таткому им кажа дека не е во ред тоа да го прават да навредуват и да брукат секако. Да мм е малце што знам како да се плаши од нив или неможе да стане маж пред нив,тие го мислат како дете од 10год и така се однесуват кога се заедно. Колку пати сме зблреле и плус дома кога се вративме му зборев дека не застана на страна моја дека си молчеше како kутре мало и сешто само ми вика оставиги оставиги од едно уше да влегло од др излегло. Он е таков не знае да се брани ни сам а не мене,ама јас му кажав дека беше последен пат да го налравам тоа и дека веке сама ке се бранам од нив ако тој вака молчи. За мајкаму она сите ја знаат дека е госини наназад и сака само да ги меша лугето и кара да ги разделува. За браков да,женава зема сила јас не сум била за него јас не сум била за дома да сум им била јас не сум била мајка,он бил млад можел секоја да ја има,можел деца да има колку сакал. Ова се зборови од мајкаму и ке види таа рекла (за мене) демек ке ми го уништела животов со нивното дете што го имам они го растеле нивни бил тој јас сум го земела така..... Овие проблеми се одамно уште верени а мм секогаш ми вика оставија нека збори не ја слушај ама да и јас сакам да имам одбрана од нсго пред нив ама он не е подготвен како мало дете е пред нив. Јас му кажав знам да се бранам сама ако несака и тој а со нив немам работа нареден пат ке и м кажам како се однесува со мене и почитува а доколку продолжат ја гледат вратата(јас не им.одам веке) и да мм никогаш нема да биде маж пред нив ете така си го вртат они иако секогаш вика он не е така, си прават секако со него ама веке нема така да е и да се пикат во моето семејство.
Girl miri , не го оправдувај мажот ти за неговото молчење како теле. Ако тој како твој сопруг не те брани и подржува, па не знам што очекуваш од некој друг. И бракот не може да ти го растури свекрвати, доколку тој што е до тебе е вистински маж!
Само сакам да споделам свое мислење ...незнам дали и на друго место ги има ваквите работи или само кај нас на балканот сеуште е типично ваквото однесување од страна на мајките на машкото со исклучок на ретките случаеви...сметам дека доколку се има подршка од мажот тогаш секако дека ќе опстои тој брак,еве јас лично како мала дур сеуште моите живееа со баба ми и дедо сум осетила како изгледа тоа,како дете што се нашло во таква ситуација тврдам дека ваквите ситуации и те како можат да се одразат на децата,трауматично и те како е за среќа што мајка ми имаше подршка од татко ми па некако се ублажуваа работите незнам точно колку години имав меѓутоа ќе го памтам мн добро денот кога имаше таква кавга дома предизвикана од моите баба и дедо ние заминавме од дома на месец дена кај другите мои баба и дедо,станав молчалива,еднаш го сретнав дедо ми дур се враќав од школо и толку бев исплашена неможам ни да ви опишам,можеби малку застранив од темата меѓутоа поентата ми беше секогаш да гледате онака како што е најдобро за вашите деца било да се мали големи тие чувствуваат што се случува...имам случај на блиска роднина која се дур не се зема со сопругот и тој беше злато и мајка му злато,тие неколку месеци дур се породи увиде дека исто како да не го познава од мајка му тортури а тој нема гајле ни да каже нешто ни па да ја одбрани,се породи немаше два дена си се врати дома,се разведе па ете детенцето е прво оделение сега,на почетокот беше разочарана мн од се,ама полека се врати на стариот пат...не е убаво ни да бидеш дете на разведени родители меѓутоа ако нема каде подобро тоа отколку цел живот да трпиш...нема да ми замерите се надевам што се вмешав во вашиот разговор иако не сум во брак и ако си немам уште свекрвиче позз и се надевам дека секоја од вас ќе го реши проблемот онака како што е најправилно
Жени знам дека си имате мака, ама дајте бе ставајте точки, запирки, делете реченици. Не може човек пост да прочита. Гирл мини ако мене маж ми утре така се постави како твојот нема да и се дерам натаа мајка му туку НЕГО има да го решам. Пицајзла бе. Те навредуваат најдолна те прават од се и си молчи?? Нема оправдување. Твојот е за никаде, и треба да си го седнеш. А за таа мајка му нема што да се расправаш и да паѓаш на нејзино ниво. Таа тоа го чека!
Очигледно, денешно време најлесно било младоженец да бидеш. Од семејни проблеми, повеќе и од самите деца ги заштитуваат.
Извинете за пишувањето од тел пишам и покасно ми излегуваат буквите. Јас значи потполно се согласувам со вас и си го знам тоа дека мојот сопруг треба да разговара со нив и да не им.дозволи вакви грди зборови да кажуваат. Ама он го има направено на некој начин тоа,викам на некој начин со мирен разговор ама они пак си тераат така,они и на него му викат куче едно друго па не се брани он а не пак мене ке ме одбрани. Никогаш не знаел пред неговите да излезе и да ги реши работите еднаш за секогаш, таткому го има научено така и пак ке го завртат и сменат со мислење. Минатиот пат бил кај нив им кажал многу работи и се скарал и ми вика сега нека сватат дека веке грешат и да мислат како возрасни,вика ме избрка мене син и после многу работи јас пак им правам како сакат и после овој разговор нека дојдат и нека сватат што и како,хм ете го на тел зборува со нив и се смее и вика ее тоа добро ова добро и таткому му баара нешто он да да ке го направам тоа еве сега идам.... Така да мм неможе да биде на едно и да ги начи нив како и што треба. Родителите му се години наназад,сната да не излегува од дома,да чИсти мети пере храна,сната да не купува ништо,сната да молчи и свек да одлучуват за неа шТО ке носи сната,што ке јаде,каде ке оди дали ке оди...... Јас веке не се мешам со нив на мм исто му кажав за последно некои работи и немам веке ништо со нив,он нека си прави што сака за мене не се ништо тие. Кога ке ми дојдат ке им качам мене вака и вака не ако сакате да дојдете кај синот ако сакате да ме врејгате немојте да ми идете,почит ако имаш и ке си добиеш ако не тоа што ке прават тоа ке си добиат. Во право сте и јас си знам дека е така и сум била на тоа ете мм ме замоли за него да го направам тоа да одиме кај нив,дека ги повлекувале сите зборови ама ете тие не знат да повлечат туку да направат повеке,од мене нема повеке. Мм нека си прави што сака со нив негови се родители ама мене не ми се ништо,ако не ме почитуват јас нималку. Имам бебе и тоа ми е најважно,мм вика од едно уво нека влегува од др излегува он не ги слуша воопшто и вика нека прават што сакат јас си гледам нас да ни е убаво,ама јас несакам некој да ме врејга а тој и тоа го прескокнува иако му кажав дека не треба да им.молчи за тоа,ете така е се. Идам јас да си ја заспијам принцезата мамина.
Од друг поглед на проблемот на Грл-мири да дадам мое мислење. Значи прво, честито на правиот избор кога маж ти те замолил да појдете, да одиш заради него, убаво е да го испочитуваш што си му ја исполнила желбата. Не е тој виновен воопшто за однесувањето на свекрвата. Очекувал мирна вода. Му рекле да одите, повлекуваат лоши зборови, да одите да се смирите. Ама за жал, свекрвата не да ја закопала секирата туку те дочекала со секирата на врата. Не си одржала збор. За друг пат знаеш и ти, и маж ти знае веќе, дека пак ако ве викне пак ќе е така. Таа не те вика тебе очигледно за мирење, туку син и, и друг пат да вика на гости сам прати го(ако и нему му се оди после ова). Ако сака вам да ви дојде на гости, ќе си најдеш работа и ќе му ја оставиш на син и да и пригаѓа. Ама ако под твој кров те напаѓа, без разлика дали си дома или не, и под твој кров не ја сакаш да ти доаѓа да ти шири отров. Не од во уво од уво, подалеку од тебе па она мегафон нека земе и нека врека каква е лоша снаата, ич да не ја чуеш. Јас не би го напаѓала маж ти. Не те бранил пред неа. Не треба да биде ставен во ситуација никој никого да брани. Некои сме растени да не се спротиставуваме на родител, и кога сме возрасни не ни е природно да се свртиме со збор против. Но, без разлика на тоа, како што реков, не треба да дојде до ситуација да брани. Ни тој тебе, ни ти сама. Не зависите од нив па да ги трпите. До кој степен треба маж да ја брани жената? Ајде брани ја, пцувај, ескалира кавга, со секира ќе ги тепа родителите? Сте им отишле на гости, да се смирите. Или има разбирање или нема, свекрвата да не е разбрана па што има вие меѓу вас очи да си вадите за нешто придонесено од трета особа која можеби и рачуна на тоа да ве испокара еден друг и постигнала некоја победа, и се полни егото. Тој завршил со битки водење и патетични победи од мајка му во однос на вас двајца кога сте се тргнале од кај нив, крај со малтретирања, и колку се сеќавам и во кола преспивавте само за да се тргнете, мамина маза тоа не го прави. Не те прифаќаат, и после се немаат намера да се смират со тебе и помират со фактот дека ти си им снаата која син им ја избрал и сторено е веќе.
Мене не ми ни била намера да му зборувам фрлам отрув да буде против нив они се родители но би сакала едно јасно кажано МАЈКО ТАА МИ Е СОПРУГА И МАЈКА НА МОЕТО ДЕТЕ ТАКА ДА НЕ ТЕ СЛУСНАМ ДА ЗБОРУВАш ЗА НЕА. Да не избрка и преспивавме во кола цела недела дена и додека најдевме стан па без струја цел месец и без храна доста време а јас први месец бремена,бидна што бидна и ете уште пеодолжува. Како што кажа имелда она не ме привајка мене а исто и со девојката на помалиот син уште не ја ни знае добро а ја нарекува курва и секако........ Многумина им викаат дека не се спремни за да имат снаа и габе им било што ме навредувале кога тие биле тие што се проблематични,го знам и јас тоа ама ете без ништо да те навредуват и напајгат не е убаво и јас лично веке не го ни слушам тоа повеке не. Да отидовме со намера дека лугето повлекуват се и имат внука па да да бидат во добар однос со нас ама не е така и нема да биде. Нареден пат гирл мири јасно ке и каже без разлика каде сме дека повеке со мене така не ако сака добро ако не цао пријатно не те знам повеке. Ете така,веке нема од мене повеке ни атер ни бутур за нив и мм кажа дека нареден пат не ми вели да одам таму а исто и него не му се оди многу после ова,сам ми рече нека биде шанса последна ама за мене направија бидејки не одев јас. Тоа сега си гледам ќерката и мм нас ни е убаво заедно само едно што кога се слушат или сакат да се видат секогаш се тие навреди и на сите што ги гледам снаата е никаквица е нека бидам кога веке сум ке и го покажам местото и .
А бе кој ја врти свекрва ти грл мири. Ако сака нека оди тм кај неа, ти раскрсти со неа. Ќе ме вреѓа, ќе ми праи заврзлами и јас треба да си нарушувам мир и спокој. Гледај си го детето и мажот и неа заборави ја. Како да не постои. Каква и да е мајка е на тм и сигурно не му е сеедно. Колку помалку ја гледаш, ја спомнуваш во дискусија со тм, поубаво за тебе. Ауууу јас ова да го имам, до сега ќе сум и кажела кај и е местото и толку од мене. Ти сепак толерантна си и покрај се.
Мила, мене ми требаа 15 години отсуство од фамилијарниот дом во кој израснав, плус психолошка терапија, да можам да се свртам со збор кон сопствениот татко и да му кажам што мислам за него. Не дека тој не знаел за што го рачунам, крај краева тоа му била поентата, не дека јас не сум му покажала, со самите мои постапки од тргање од домот со бегање во буквална смисла, со избегнување контакт со години, ама да ме чуе да прозборам, друго ниво е тоа. Тој збор де, кој е најболен, но и најважен некогаш потешко излегува од уста дури и од спиење на улица ако е нож до коска. Затоа ти викам, веќе знаеш дека маж ти не конфронтира на нив, не му отежнувај. Актот на заштита го направил, сте се одделиле. Не ти треба друго од него. Пушти ги, нека улавеат. Еден ден и самите ќе видат што пропуштиле со нивниот инат. Не им дозволувај да ви влезат дома, во смисла на вашата интима. Ти, маж ти и детето сте се што си требате.
Денеска на кратко излегнав до град.Требаше да купам роденденски подарок за поголемата.Бебето го оставив со свекрва ми бидејки е вакцинирано и не сакав да се тормози низ град.Кога дојдов дома се шлогирав.Бебето лежи на кревет а на перницата НОЖ.Голем остар нож за сечење.Кога ја прашав што е ова,ми рече за истерување на стравот додека бебето спие :О Сите веруваме во нешто но да доведеш бебешки живот во опасност заради бабини деветини ми е неприфатливо .Да сте на мое место како би изреагирале во ситуацијава?
Joy ne znam sto da recam...da se karas i raspravas so nea,dzabe e.Da i objasnuvas isto taka ne vredi,dzabe ke si trosis zborovi.Taa sto e naumila i zamislila toa ke go pravi,nisto nema da gi promeni nejzinite srednovekovni sfakanja.Napomeni i deka ti ne veruvas vo takvi raboti i deka ne sakas da gi pravi.Mirno povleci se i stavi ja na ignor,nema fajde od prepiranje i nadmudruvanje.Ako prodolzi da tupi,razgovaraj so mm i objasni mu ja denesnava situacija,pa toj neka prezede merki.
добро, сверва ти има ли 2 грама мозок? цццц како може тоа да го стори, каков страв, какви ножеви, боже боже... јас сфаќам да имаш суеверија и да веруваш во нешто и да го направиш, ама да направиш нешто такво, не знам што треба да си, боже сачувај... кажи и јасно на сверва ти дека ти не веруваш во бабини деветини и уште еднаш тоа да не се повтори, што ако бебето се заврте, што може да се случи тогаш? кажи и на мажот, да си знае, нека и каже и тој, ако се повтори уште нешто такво или нешто слично, јас не би го оставала детето само со неа...
Би и го рокнала ножот во срцето се зезам, би и кажала ,,пу пу пу да те серат кокошките,, и толку, а тоа ,,толку,, значи дека никогаш повеќе нема да и го оставам на чување и тоа прашање е затворено.
И кажав веке дека не верувам во вакви раб. А и самата го знае тоа верувам но ете..кога ја прашав што ако се случило незгода,ми вика:еее јас и со првото вака праев па се испадна ок.Дџабе е јас во било што да ја убедувам.Верувајте моите зборови не влијаат на неа.Едино маж ми да поразговара со неа.
joy не е само свекрвати мојата е бетер, кога си дојдовме од болница земала нож, метла, кибритчиња и не се сеќавам што друго за да ставела под главата на син ми дА не се плаши ама јас тие реквизити одма ги вратив од таму од кај што ги земала. Недај боже неможам ни да замислам што може да се случи кога има нож под глава. Јас на мојата никогаш не сум и го оставила синот да го чува а нема ни да и го оставам затоа што е нестабилна личност. На 2месечно бебе сакаше да му дава банана и чоколадо машко било греота да не гледало. Тоа пред мене се дрзна да му даде а не пак да и го оставам само може манџа грав ќе му надроби да срка. Би ти препорачала колку можеш да избегнуваш да го оставаш само со неа